2 нед.
media-libraryos8abgrvi4kn4uZP2Ct

Масовен штрајк на медицинските работници во Германија

Универзитетските болници во Германија денеска беа зафатени од серија штрајкови во рамки на најновиот бран синдикални активности поврзани со спорот за платите во јавниот сектор. Портпарол на синдикатот Верди информира дека штрајкови се одржуваат во 22 болници, додека протести има и во повеќе градови низ земјата.Од синдикатот нагласуваат дека итната медицинска помош и клучните здравствени услуги и понатаму се обезбедуваат за граѓаните. Во Универзитетската болница во Јена, во источната сојузна покраина Тирингија, околу 300 вработени стапиле во целодневен штрајк, а медицинските сестри, лабораторискиот и техничкиот кадар, како и други вработени, излегоа на улиците за да го изразат својот протест.Штрајковите се одвиваат во услови на заострување на несогласувањата околу платите на вработените во германските сојузни покраини. Верди и Германското здружение на државни службеници бараат зголемување на платите од седум проценти, со минимално покачување од 300 евра. Работодавачите ја одбија понудата, а синдикатите ги обвинуваат дека не изнеле алтернативен предлог.Синдикатот најави штрајк и на универзитетите за утре, при што вработените на универзитетите и во истражувачките институции ќе им се приклучат на протестните акции во повеќе од 60 германски градови. Најавени се и дополнителни предупредувачки штрајкови сè до третиот круг преговори, кој треба да се одржи од 11 до 13 февруари.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryk8g9svjj7tuo9TT1kKD

Велешанец се обидел да фрли пакетче со хероин пред полиција

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Т. (45) од Велес поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 27 мај 2025 година во Велес, полициски службеници го забележале пријавениот како се обидува да фрли пакување со хероин. Дрогата била пронајдена и одземена, по што против лицето е поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryuj1h4p7somd7b17zL46

Два автомобили опожарени синоќа во Скопје

Две патнички возила од марката „ауди“ биле опожарени изминатата ноќ на паркинг простори во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.Првиот случај бил пријавен на 27 јануари 2026 година околу 02:00 часот, кога во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на улицата „Христо Татарчев“ било запалено возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 20-годишниот Г.Ч. од Скопје. Во пожарот нема повредени лица, а огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. На местото бил извршен увид од полициска екипа.Околу час и половина подоцна, во 03:30 часот, полицијата добила уште една пријава за опожарување. На паркинг простор на улицата „Лазар Димитров“ било запалено патничко возило „ауди А4“ со скопски регистарски таблички, сопственост на 61-годишната Р.Л.Г. од Скопје. И во овој случај нема повредени, а пожарот бил изгаснат од противпожарната служба.Полицијата извршила увид на двете локации и презема мерки за утврдување на причините за пожарите.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Внуката на Трамп: „Мојот чичко има Алцхајмер, како и неговиот татко“

Внуката на американскиот претседател Доналд Трамп, Мери Трамп, изјави дека нејзиниот чичко можеби покажува симптоми кои асоцираат на Алцхајмерова болест, наведувајќи дека забележува промени во неговото однесување и израз на лицето. Таа за магазинот „Њујорк“ изјави дека кај него повремено се јавува дезориентација и дека понекогаш изгледа како да не е целосно свесен за времето и просторот.Трамп, кој годинава полни 80 години, неодамна се осврна и на болеста на својот татко, признавајќи дека накратко се збунил обидувајќи се да се сети на името на Алцхајмеровата болест, но истакна дека самиот не боледува од таква состојба и дека воопшто не размислува за семејната историја на болеста.Белата куќа и соработниците на претседателот ги отфрлаат сите шпекулации за неговото здравје, тврдејќи дека тој е целосно присебен, исклучително активен и во одлична физичка и ментална состојба.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryq44oa22m2ocef7hQ7hs

(Видео) Огромно лизгање на земјиштето го проголта градот Ничеми – 1.500 луѓе итно евакуирани

Најмалку 1.500 жители на градот Ничеми, на југот на Сицилија, беа итно евакуирани поради силна бура, предизвикана од циклонот Хари, која предизвика огромно лизгање на земјиштето. Лизгањето формираше расцеп долг околу четири километри на падината на брдото.Градоначалникот Масимилијано Конти изјави дека ситуацијата е критична, бидејќи голем дел од падината се урнал, оставајќи куќи опасно надвиснати над работ. Засега нема пријавени повредени, но има значителна материјална штета на домовите, патиштата и инфраструктурата.Лизгањето започнало во неделата, но брзо се проширило и сè уште расте, предизвикувајќи стравувања дека би можело да го проголта историското јадро на градот. Школите се затворени, а патот што ја поврзува Ничеми со приморскиот град Ѓело е блокиран.Многу од евакуираните се сместени кај роднини, додека неколку стотини луѓе ја поминале ноќта во локалната спортска сала. Градот Ничеми има околу 25.000 жители, а властите апелираат на граѓаните да останат дома и да се придржуваат до безбедносните упатства.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
Iran

Иран го повика Тајани да ги исправи своите непромислени пристапки

Иранското Министерство за надворешни работи го повика италијанскиот амбасадор во Техеран на разговор поради настојувањата на Рим да ја вклучи Иранската револуционерна гарда (IRGC) во регистарот на терористички организации на Европската Унија, објавија денеска иранските државни медиуми.Медиумите јавуваат дека Министерството за надворешни работи на Иран предупредило на „деструктивните последици“ од секое етикетирање на Иранската револуционерна гарда. Исто така, било побарано од италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, „да ги исправи своите непромислени пристапки кон Иран“, пренесува Ројтерс.Италија оваа недела ќе побара од партнерите во Европската Унија IRGC да биде внесена на списокот на терористички организации на ЕУ. Досега Италија беше меѓу земјите кои се спротивставуваа на ваквиот потег, но Тајани изјави дека иранскиот однос кон учесниците во протестите овој месец, при кој, според медиумите, биле убиени илјадници луѓе, не може да се игнорира.„Загубите што ги претрпе цивилното население за време на протестите бараат јасен одговор“, напиша Тајани на платформата X и додаде дека ова прашање ќе го покрене на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел во четврток.Тој истакна дека ќе предложи и индивидуални санкции против оние кои се одговорни за убиствата на демонстрантите.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
trendafilov

Ако ви се закануваат, не треба на никој да му се плашите: Трендафилов ги повика сите на протест за повисоки плати

28 јануари е денот кога работниците зборуваат, овој протест е за вашите плати кои не стигнуваат од први до први, овој протест е поради неправдата, затоа што тие земаат десет пати поголема плата од вашата, истакна денес на прес-конференција претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов.Трендафилов нагласи дека овој протест е за зголемување на сите плати и дека работодавачите и Власта не се грижат за приходите на работниците. Преседателот на ССМ ги повика сите работници да се придружат на утрешниот протест.– Ако ви се закануваат, не треба на никој да му се плашите, на никого ништо не му должите, им должите само на вашите семејства достоинствен и пристоен живот, нагласи Трендафилов, кој ги повика и пензионерите да се придружат на протестот.Трендафилов нагласи дека имало закани кон работници, но сите кои се заканувале на работници ќе бидат објавени со пораки, фотографии и детали.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
lukasenko-1

Украина може да покрене кривичен прогон против Лукашенко

Киевскиот режим би можел да покрене кривична постапка против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, јавува весникот „Европска правда“.Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретнал во Вилнус со претставничката на белоруската опозиција, Светлана Тихановска. Според медиумите, претходно избегнувал контакти со неа, но овој пат иницијативата дошла од украинска страна.„Договорите отидоа многу понатаму. Конкретно, беше разгледана можноста за покренување кривично гонење против Лукашенко“, се наведува во објавата.Белоруската страна се уште не дала официјален коментар за оваа тема. Лукашенко повеќепати изразувал подготвеност да помогне во решавањето на украинскиот конфликт, но во јануари минатата година изјавил дека по завршувањето на конфликтот, на Киев ќе му помогнат само Москва и Минск, додека Западот не бил заинтересиран.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Гостиварец со остар предмет се обидел да го нападне сопствениот син

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.Ш. (59) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.Според пријавата, на 27 ноември 2025 година, во семејниот дом, осомничениот со остар предмет се обидел да го нападне својот 35-годишен син. Настанот бил пријавен, по што полицијата презела соодветни мерки и активности, а против лицето е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library4cdcreotdiui31IfiRo

Акции во Струмица: Одземени 31 килограм бакар и казнети лица за согорување отпад на отворено

Инспекциските служби на Општина Струмица, односно инспекторката за животна средина и комуналните инспектори, во изминатите денови, во координација со полициски службеници од МВР Струмица, спроведоа засилени контроли на терен.„Во рамки на спроведените активности, од три физички лица одземен е бакар во вкупна количина од 31 килограм. За еден правен субјект кој управувал со отпад без соодветна дозвола, покрената е постапка за спогодување пред Комисија формирана од Министерството за животна средина и просторно планирање.Дополнително, од страна на комуналните инспектори на шест физички лица им се изречени прекршочни глоби во износ од 50 евра, согласно Одлуката за комунален ред. На уште четири физички лица, од страна на инспекторката за животна средина, им се изречени глоби во износ од 250 евра, согласно Законот за управување со отпад, поради согорување отпад на отворено.Сите преземени мерки се во согласност со важечките законски прописи.Засилените контроли во делот на загадувањето на воздухот предизвикано од согорување отпад и бакар на отворено ќе продолжат и во наредниот период, во координација со Министерството за внатрешни работи.Согласно Планот за работа на Секторот за инспекциски работи, во тек е вршење на редовни инспекциски надзори над правни субјекти кои поседуваат Б-интегрирана еколошка дозвола.Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, од надлежните служби очекува посветена, координирана и навремена работа, строго во рамките на законските надлежности и прописи.Воедно, Општина Струмица упатува апел до граѓаните за активна соработка и навремено пријавување на вакви појави, со цел заеднички да придонесеме кон заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на живот“, се вели во соопштението“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library2orpcsnqf7nv8q47Nur

Ѓорѓиевски: Скопското Кале ќе биде отворено за култура и уметност

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, проф. д-р Драги Митревски и претставник од Управата за заштита на културното наследство, извршија обиколка и детална процена на локалитетот Скопско Кале. Целта е јасно согледување на актуелната состојба и реалните можности за понатамошно активирање на Калето во рамки на визијата „Скопје – Европска престолнина на културата“.„Денес, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, проф. д-р Драги Митревски и претставник од Управата за заштита на културното наследство, извршив обиколка и детален увид на локалитетот Скопско Кале, со цел јасно да ја согледаме актуелната состојба и реалните можности за негово понатамошно активирање во рамки на визијата Скопје – Европска престолнина на културата.Како градоначалник на Град Скопје, имам јасна и недвосмислена цел која подразбира целосно отворање на просторот на Скопското Кале, негово внимателно, стручно и одговорно приспособување, и ставање во активна функција за културни и уметнички содржини, со апсолутно почитување на историските слоеви и автентичното културно наследство. Низ светот постојат бројни позитивни примери каде објекти со силна историска и симболична вредност се целосно интегрирани во современиот културен живот како сцени за театар, музика, изложби и современи уметнички перформанси. Тие се живи простори во кои се води постојан дијалог меѓу античкото наследство, османлискиот период и современите уметнички изрази.Токму ваквиот пристап овозможува не само заштита, туку и активна, смислена интерпретација на културното наследство.Просторот добива нова, современа културна улога во служба на граѓаните, уметниците и посетителите на нашиот град.Скопското Кале е еден од најзначајните културно-историски симболи на Скопје.Тоа е сведок на нашата цивилизациска историја и нашата колективна меморија. Неговата реафирмација е јавен интерес и обврска кон идните генерации, да им оставиме град кој го почитува минатото, а храбро ја гради својата културна иднина“, вели градоначалникот.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
sun-setting-silhouette-electricity-pylons

Германија нуди еден милион евра за информации за екстремистите што предизвикаа масовен прекин на струјата во Берлин

Германија објави награда од еден милион евра за информации што би довеле до апсење на осомничените крајно левичарски милитанти, чиј подметнат пожар на почетокот на овој месец предизвика масовен прекин на снабдувањето со електрична енергија во Берлин. Полицијата трага по членовите на групата „Vulkangruppe“, која ја презеде одговорноста за нападот, јавува Euronews.Поради пожарот околу 45.000 домаќинства и 2.200 компании на југозападот на германската престолнина останаа без струја речиси една недела, во средината на зимата. Тоа беше најдолгиот прекин на снабдувањето со електрична енергија во градот од крајот на Втората светска војна. Крајно левата „Vulkangruppe“ во повеќе интернет-објави истакна дека нивната цел била да нападнат индустрија на фосилни горива, а не да предизвикаат прекин на електрична енергија.Германскиот министер за внатрешни работи, најави решителен одговор при објавата на наградата. „Нашите безбедносни служби ќе бидат значително засилени во борбата против левиот екстремизам“, рече тој. „Сметам дека е соодветно да се истакне сериозноста на ситуацијата со награда од ваков размер.“Полицијата ќе започне јавна кампања за собирање информации и промовирање на наградата, вклучувајќи делење летоци и поставување постери во берлинскиот метро.Самопрокламираната Vulkangruppe е активна од 2011 година и извршила повеќе подметнувања на пожари во Берлин и околината.Групата е одговорна и за подметнатиот пожар во 2024 година, кој го запре производството во фабриката на „Тесла“ во Берлин. Прекинот на снабдувањето, предизвикан од пожарот што го погодил високонапонскиот кабелски сноп, откри безбедносни пропусти во клучната инфраструктура на германската престолнина.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
ahv

Повлечена формула за доенчиња АПТАМИЛ од пазарот во Македонија поради опасна контаминација!

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои АХВ вчера, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија доби известување за пласиран небезбеден производ на македионскиот пазар. Станува збор за производот APTAMIL AR 2, ENG 24×400 g, серија 2027.01.02, во вкупна количина од 912 парчиња со потекло од Ирска кај кој е утврдено присуство на Цереулид (cereulide), а како извор на контаминацијата, во нотификацијата наведено е маслото ARA.„Со контролатата утврдено е дека целокупнатата увезена количина е дистрибуирана на пазарт во Македонија, односно, производот не е пронајден во магацините на увозникот и дека, како што и самиот оператор ја известил Агенцијата и јавноста, веќе се врши итно повлекување на дистрибуираните количини од овој производ од пазарот.Апелираме до потрошувачите кои го имаат купено производот со наведениот лот и рок на употреба истиот да не го употребуваат, или да го вратат на местото каде што го купиле.Во однос на повлекувањето на неколку брендови формули за доенчиња од компанијата „Нестле“ во повеќе европски земји, АХВ проверува дали тие се увезени во земјава, иако засега за нив нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија. Како одговорна институција за безбедноста на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата и доколку се јави потреба навремено ќе реагира со преземање на соодветни мерки за заштита на животот и здравјето на бебињата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryi6qb5afqp6v93njhjwd

(Видео) Се омажи Даниела Димитровска: Црковната свадба ја одржаа во тајност

Водителката и топ модел Даниела Димитровска го изговори судбинското „да“ на својот партнер Јеврем КосниќСвадбата на Даниела Димитровска и Јеврем Косниќ се одржа во црква надвор од Белград, во кругот на семејството. Како што дознаваме, следната година парот ќе организира голема свадба на која ќе присуствуваат бројни пријатели, соработници и членови на поширокото семејство.Даниела на Инстаграм напиша: „Мое засекогаш да, 27.01.2026. Тивко, во мал круг. Уште наскоро ќе славиме сите заедно.“Инаку, Димитровска неодамна откри дека планира проширување на семејството со својот партнер. Таа вели дека да се биде мајка е најубавата работа на светот и дека ужива во секој момент од родителството, и покрај предизвиците.За потсетување, Даниела претходно беше во брак со водителот Огњен Амиџиќ, со кој го доби синот, Матија.

Магазин | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryjv98hcf9f872fl2KZEj

Јаневска најавува: 160 образовни објекти и 60 спортски сали оваа година

Почнуваме нов циклус на вложување во образовни инфраструктурни објекти, кои се еден од основните елементи за подигнување на квалитетот на образованието и за развој на психичкото и физичкото здравје на учениците. Лани вложивме 67 милиони за инфраструктурата. Годинава почнуваме нови 160 инвестиции, од кои 60 се спортски сали. Ова го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по поставувањето на камен-темелникот на новата спортска сала во ОУ „Григор Прличев“ во скопска Железара, каде присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.„Она што Владата, Министерството и општините го ветуваат, заеднички работејќи го исполнуваат. Почнуваме со изградба на нови 30 спортски сали и уште 30 се во процес на реновирање“, рече министерката Јаневска.Вкупната инвестиција во спортската сала во ОУ „Григор Прличев“ изнесува 39 милиони денари, а денес почнува со реализација првата фаза во вкупен износ од 20 милиони денари. Салата ќе ги има сите пропратни содржини со што учениците и младите ќе добијат современи услови за спорт и рекреација.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library3nk33jcvhqbo7XgvJDQ

Обилните врнежи предизвикаа хаос: Реката Тркања однесе стока и поплави земјоделско земјиште

На територијата на Република Македонија денеска продолжуваат да се чувствуваат последиците од обилните врнежи, а најголемите проблеми се регистрирани во струмичкиот и штипскиот регион.„Во Струмичкиот регион, поради излевање на реката Тркања во селата Сачево и Муртино, поплавени се големи површини земјоделско земјиште, пластеници и дворови на куќи. Најдраматично е кај месноста Шепово, каде водите однеле 120 овци и 100 јагниња, сопственост на жител од с. Костурино. Екипи со булдожери, камиони со песок и багер интервенираат на критичните локации.Во Штип, на улицата „Љубен Иванов“ се срушил потпорен ѕид, предизвикувајќи штета на две паркирани возила и блокирајќи една сообраќајна лента. Одрони и свлечишта се регистрирани и на патните правци Истибања – Делчево, Виница – Берово и Берово – Струмица, а ЈП „Македонија пат“ континуирано интервенира за одржување на патиштата проодни.Останатите региони се во стабилна состојба, без опасност од излевање на реките, со исклучок на Крушево каде нивото на реката Црна е покачено, но без ризик за населението. Во ридско-планинските делови на Кавадарци паѓа снег, а од браната „Мавровица“ се прелева вода 2 см над максималната кота, без опасност за околината.Според Центрите за управување со кризи, состојбата се следи континуирано, а екипите се подготвени за интервенции на критичните локации“, информираат од ЦУК.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
ucenici

Наставник од Ѓорче тепал ученик

На 26 јануари 2026 година во 15:30 часот, во СВР Скопје, С.С. (36) од селото Сарај, скопско, пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставник.Според пријавата, инцидентот се случил околу 12:40 часот во спортската сала на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, каде што, наводно, детето било нападнато од А.П. (48) од Скопје, кој е наставник во училиштето.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
protest-na-ssm

Утре масовен протест за повисоки плати во Скопје – се бара 600 евра минимална плата

Утре, 28 јануари, со почеток во 17:00 часот, работниците од сите сектори излегуваат на масовен протест во Скопје.Под мотото „Денот кога зборуваат работниците“, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), поддржан од синдикатите за образование, култура, полиција и медиуми, ќе го изрази незадоволството од ниските примања.Зборното место е пред зградата на ССМ, а главните барања се 600 евра минимална плата за секој работник и линеарно покачување од 100 евра на сите останати плати.„Овој протест е за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први. Ако не излеземе на улица, значи дека се согласуваме со сиромаштијата“, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.Кон протестот официјално се приклучува и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Од синдикатот велат дека одлуката е донесена поради континуираниот пад на приходите во медиумската индустрија. Според нивните податоци, повеќе од половина од медиумските работници заработуваат под просекот, а една третина се држат на минимална плата. ССНМ смета дека зголемувањето на минималецот е неопходно за да се ублажи инфлацискиот шок и да се зачува професионалното новинарство.На протестот се очекува масовно присуство на вработени од образованието, културата, полицијата, индустријата и трговијата, кои порачуваат дека економско-социјалната стабилност е заедничка борба на сите работници.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
dokumenti

Референтка се здружила со струмичанец и преку фалсификување на договор префрлиле имот спротивно на закон, вели МВР

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против К.Д. (55) од село Јосифово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против З.М. (51) од Струмица, осомничен за кривично дело „измама“.Според информациите од полицијата, второпријавениот З.М. во текот на 2022 година дал полномоштво на друго лице за продажба на негов недвижен имот, иако претходно имал дадено изјава дека истиот нема да го отуѓува, заложува или на кој било начин да го става на располагање без писмена согласност од ремитентот – кредитор.По даденото полномоштво, овластеното лице склучило договор за продажба на недвижниот имот со таткото на З.М., а договорот бил потврден, односно солемнизиран кај нотар и електронски спроведен во надлежното Одделение за катастар на недвижности, со цел запишување на промената.Дополнително, првопријавената К.Д., во својство на самостоен референт за геодетски работи, извршила промена во катастарската евиденција, при што спорната парцела била вратена на претходниот сопственик, односно на второпријавениот З.М.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
avtobus

Возач на приватен автобус натепал скопјанец

На 25 јануари 2026 година во 15:50 часот, во СВР Скопје, В.П. (29) од Скопје пријавил дека бил физички нападнат на паркинг простор на подрачјето на Карпош.Според пријавеното, инцидентот се случил по претходно недоразбирање во автобус во сопственост на приватна фирма, при што тој бил нападнат од возачот на автобусот и уште едно лице.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања