2 нед.
ahv

Повлечена формула за доенчиња АПТАМИЛ од пазарот во Македонија поради опасна контаминација!

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои АХВ вчера, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија доби известување за пласиран небезбеден производ на македионскиот пазар. Станува збор за производот APTAMIL AR 2, ENG 24×400 g, серија 2027.01.02, во вкупна количина од 912 парчиња со потекло од Ирска кај кој е утврдено присуство на Цереулид (cereulide), а како извор на контаминацијата, во нотификацијата наведено е маслото ARA.„Со контролатата утврдено е дека целокупнатата увезена количина е дистрибуирана на пазарт во Македонија, односно, производот не е пронајден во магацините на увозникот и дека, како што и самиот оператор ја известил Агенцијата и јавноста, веќе се врши итно повлекување на дистрибуираните количини од овој производ од пазарот.Апелираме до потрошувачите кои го имаат купено производот со наведениот лот и рок на употреба истиот да не го употребуваат, или да го вратат на местото каде што го купиле.Во однос на повлекувањето на неколку брендови формули за доенчиња од компанијата „Нестле“ во повеќе европски земји, АХВ проверува дали тие се увезени во земјава, иако засега за нив нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија. Како одговорна институција за безбедноста на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата и доколку се јави потреба навремено ќе реагира со преземање на соодветни мерки за заштита на животот и здравјето на бебињата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryi6qb5afqp6v93njhjwd

(Видео) Се омажи Даниела Димитровска: Црковната свадба ја одржаа во тајност

Водителката и топ модел Даниела Димитровска го изговори судбинското „да“ на својот партнер Јеврем КосниќСвадбата на Даниела Димитровска и Јеврем Косниќ се одржа во црква надвор од Белград, во кругот на семејството. Како што дознаваме, следната година парот ќе организира голема свадба на која ќе присуствуваат бројни пријатели, соработници и членови на поширокото семејство.Даниела на Инстаграм напиша: „Мое засекогаш да, 27.01.2026. Тивко, во мал круг. Уште наскоро ќе славиме сите заедно.“Инаку, Димитровска неодамна откри дека планира проширување на семејството со својот партнер. Таа вели дека да се биде мајка е најубавата работа на светот и дека ужива во секој момент од родителството, и покрај предизвиците.За потсетување, Даниела претходно беше во брак со водителот Огњен Амиџиќ, со кој го доби синот, Матија.

Магазин | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryjv98hcf9f872fl2KZEj

Јаневска најавува: 160 образовни објекти и 60 спортски сали оваа година

Почнуваме нов циклус на вложување во образовни инфраструктурни објекти, кои се еден од основните елементи за подигнување на квалитетот на образованието и за развој на психичкото и физичкото здравје на учениците. Лани вложивме 67 милиони за инфраструктурата. Годинава почнуваме нови 160 инвестиции, од кои 60 се спортски сали. Ова го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по поставувањето на камен-темелникот на новата спортска сала во ОУ „Григор Прличев“ во скопска Железара, каде присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.„Она што Владата, Министерството и општините го ветуваат, заеднички работејќи го исполнуваат. Почнуваме со изградба на нови 30 спортски сали и уште 30 се во процес на реновирање“, рече министерката Јаневска.Вкупната инвестиција во спортската сала во ОУ „Григор Прличев“ изнесува 39 милиони денари, а денес почнува со реализација првата фаза во вкупен износ од 20 милиони денари. Салата ќе ги има сите пропратни содржини со што учениците и младите ќе добијат современи услови за спорт и рекреација.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library3nk33jcvhqbo7XgvJDQ

Обилните врнежи предизвикаа хаос: Реката Тркања однесе стока и поплави земјоделско земјиште

На територијата на Република Македонија денеска продолжуваат да се чувствуваат последиците од обилните врнежи, а најголемите проблеми се регистрирани во струмичкиот и штипскиот регион.„Во Струмичкиот регион, поради излевање на реката Тркања во селата Сачево и Муртино, поплавени се големи површини земјоделско земјиште, пластеници и дворови на куќи. Најдраматично е кај месноста Шепово, каде водите однеле 120 овци и 100 јагниња, сопственост на жител од с. Костурино. Екипи со булдожери, камиони со песок и багер интервенираат на критичните локации.Во Штип, на улицата „Љубен Иванов“ се срушил потпорен ѕид, предизвикувајќи штета на две паркирани возила и блокирајќи една сообраќајна лента. Одрони и свлечишта се регистрирани и на патните правци Истибања – Делчево, Виница – Берово и Берово – Струмица, а ЈП „Македонија пат“ континуирано интервенира за одржување на патиштата проодни.Останатите региони се во стабилна состојба, без опасност од излевање на реките, со исклучок на Крушево каде нивото на реката Црна е покачено, но без ризик за населението. Во ридско-планинските делови на Кавадарци паѓа снег, а од браната „Мавровица“ се прелева вода 2 см над максималната кота, без опасност за околината.Според Центрите за управување со кризи, состојбата се следи континуирано, а екипите се подготвени за интервенции на критичните локации“, информираат од ЦУК.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
ucenici

Наставник од Ѓорче тепал ученик

На 26 јануари 2026 година во 15:30 часот, во СВР Скопје, С.С. (36) од селото Сарај, скопско, пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставник.Според пријавата, инцидентот се случил околу 12:40 часот во спортската сала на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, каде што, наводно, детето било нападнато од А.П. (48) од Скопје, кој е наставник во училиштето.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
protest-na-ssm

Утре масовен протест за повисоки плати во Скопје – се бара 600 евра минимална плата

Утре, 28 јануари, со почеток во 17:00 часот, работниците од сите сектори излегуваат на масовен протест во Скопје.Под мотото „Денот кога зборуваат работниците“, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), поддржан од синдикатите за образование, култура, полиција и медиуми, ќе го изрази незадоволството од ниските примања.Зборното место е пред зградата на ССМ, а главните барања се 600 евра минимална плата за секој работник и линеарно покачување од 100 евра на сите останати плати.„Овој протест е за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први. Ако не излеземе на улица, значи дека се согласуваме со сиромаштијата“, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.Кон протестот официјално се приклучува и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Од синдикатот велат дека одлуката е донесена поради континуираниот пад на приходите во медиумската индустрија. Според нивните податоци, повеќе од половина од медиумските работници заработуваат под просекот, а една третина се држат на минимална плата. ССНМ смета дека зголемувањето на минималецот е неопходно за да се ублажи инфлацискиот шок и да се зачува професионалното новинарство.На протестот се очекува масовно присуство на вработени од образованието, културата, полицијата, индустријата и трговијата, кои порачуваат дека економско-социјалната стабилност е заедничка борба на сите работници.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
dokumenti

Референтка се здружила со струмичанец и преку фалсификување на договор префрлиле имот спротивно на закон, вели МВР

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против К.Д. (55) од село Јосифово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против З.М. (51) од Струмица, осомничен за кривично дело „измама“.Според информациите од полицијата, второпријавениот З.М. во текот на 2022 година дал полномоштво на друго лице за продажба на негов недвижен имот, иако претходно имал дадено изјава дека истиот нема да го отуѓува, заложува или на кој било начин да го става на располагање без писмена согласност од ремитентот – кредитор.По даденото полномоштво, овластеното лице склучило договор за продажба на недвижниот имот со таткото на З.М., а договорот бил потврден, односно солемнизиран кај нотар и електронски спроведен во надлежното Одделение за катастар на недвижности, со цел запишување на промената.Дополнително, првопријавената К.Д., во својство на самостоен референт за геодетски работи, извршила промена во катастарската евиденција, при што спорната парцела била вратена на претходниот сопственик, односно на второпријавениот З.М.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
avtobus

Возач на приватен автобус натепал скопјанец

На 25 јануари 2026 година во 15:50 часот, во СВР Скопје, В.П. (29) од Скопје пријавил дека бил физички нападнат на паркинг простор на подрачјето на Карпош.Според пријавеното, инцидентот се случил по претходно недоразбирање во автобус во сопственост на приватна фирма, при што тој бил нападнат од возачот на автобусот и уште едно лице.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-library8rbk0brmvdnv4wziuyT

На поранешната девојка и се заканувал со компромитирачко видео од неа

На 26 јануари 2026 година во 11:30 часот, во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ќ. (32) од Скопје.Приведувањето било извршено по претходна пријава од неговата 34-годишна поранешна партнерка, која пријавила дека на 23 јануари 2026 година ѝ упатувал закани дека ќе објави компромитирачка видео-снимка од неа.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
dokumenti

Со лажни ветувања за документи измамил турски државјанин за 6.650 евра

На 26 јануари 2026 година во 13:40 часот, на кејот „Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода К.К. (30) од Република Турција.Тој се сомничи дека сторил кривично дело измама, при што оштетил друг турски државјанин за износ од 6.650 евра. Според пријавеното, во октомври 2025 година, преку социјална мрежа стапил во контакт со оштетениот и му ветил дека ќе посредува за добивање документи за работа и престој во државата. По тоа, оштетениот во повеќе наврати му префрлал пари преку трансакциска сметка.Откако осомничениот престанал да одговара на повиците и пораките, случајот бил пријавен во полициска станица. Полицијата презема мерки и активности за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
semejno-nasilstvo

Маж психички ја малтретирал сопругата, па потоа физички ја нападнал

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 54-годишен жител на Делчево, поради основано сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“.Според пријавата, осомничениот подолг временски период психички ја малтретирал својата 54-годишна сопруга, упатувајќи ѝ закани, а во периодот од 6 до 8 јануари 2026 година, во семејниот дом извршил и физички напад врз неа.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library9mfic5t8cgbl8fsPH2a

Мицкоски за Давос: Не бев статиста – моите говори беа проследени со аплауз

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, учеството на економскиот форум во Давос го оцени како историски успешно, нагласувајќи дека неговата улога била активна и суштинска. Тој потенцираше дека на форумот учествувал на три различни панели со луѓе од врвот на светскиот бизнис, чија вредност често се мери во трилиони долари.„Со мене на маса беше лавниот извршен директор на „Гленкор“, потоа господинот Џо Донован кој што беше поранешниот прв човек на „IT&T“ и сегашен член на бордот на „Локид Мартин“, австрискиот канцелар, директроката на Интерпол и така натаму.„На еден од панелите, говорници со мене, бидејќи јас не бев статиста таму, или по ходници да барам селфи со учесниците на Давос, туку бев активен учесник на три панели, и морам да кажам, штета што не можеме да ги објавиме моите говори, но сите беа проследени со аплауз од страна на присутните“, истакна премиерот.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
lekari-715x420

ФЗОМ најави ново покачување на платите во здравството од март

Просечната нето плата во здравството, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2025 година изнесува 50.327 денари, просечната плата на медицинските сестри со средно образование е 31.934 денари, а најниска плата во здравството е 21.158 денари.Овие податоци денеска ги соопшти Фондот за здравствено осигирување. Од таму истакнуваат дека платите во здравството не растат само номинално туку и реално и дека во март е планирано ново покачување.„Во јавноста се создаваат перцепции дека властите се спротивставуваат на зголемувањето на минималната плата. Сепак, примерот на здравството јасно покажува дека здравствените власти не само што не се пречка, туку активно го поддржуваат зголемувањето на платите во јавното здравство. Најниската основна плата во јавното здравство во 2025 година изнесува 27.158 денари нето и во однос на 2023 година бележи номинално зголемување од 22,2%, додека реалното зголемување изнесува 13,4%. Тоа значи дека растот на оваа плата е за толку повисок од инфлацијата во истиот период. Најниската плата во јавното здравство е за 11,4% повисока од минималната плата во државата. Основната нето плата за медицинските сестри со средна стручна спрема (ССС), согласно гранковиот колективен договор, во 2025 година изнесува 31.934 денари. Во однос на 2023 година, номиналното зголемување изнесува 24,5%, додека реалното зголемување е 15,6%“, соопшти ФЗОМ.Просечната нето плата во здравството, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2025 година изнесува 50.327 денари. Во однос на 2023 година, номиналното зголемување изнесува 15,8%, додека реалното зголемување е 7,5%. Во 2025 година, оваа плата е за околу 9,5% повисока од просечната нето плата во целокупната економија на земјата.Според ФЗОМ, овие податоци јасно укажуваат дека платите во здравството не растат само номинално, туку и реално.„Со постигнатиот договор со репрезентативните синдикати, во март 2026 година е предвидено дополнително зголемување на платите во јавното здравство од најмалку 5%, согласно спогодбата од 2025 година која предвидува раст на платите од 5 до 7 проценти. Постои јасна и континуирана посветеност кон соодветно вреднување на трудот на здравствените работници“, велат од Фондот за здравствено осигурување.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
272643859_231847399072949_1916634926903834340_n

ССНМ се приклучува на утрешниот протест за зголемување на минималната плата

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги поддржува актуелните барања на дел од поголемите синдикатите и ќе се вклучи на протестот закажан за утре, 28 јануари.„Оваа одлука беше донесена на состанок на Извршниот одбор со која истовремено ССНМ ги повикува своите членови да дадат полна поддршка на барањата за зголемување на минималната, но и сите плати на работниците во земјава. ССНМ смета дека приклучување на протестот на кој повикува Сојузот на синдикати и е закажан за среда од 17 часот е достоинствено демонстрирање на потребите на работниците“, смета синдикатот.Од таму велат дека аргументите за оваа одлука се повеќе од видливи особено во медиумската индустрија која во последните години доживува континуиран пад на висината на приходите на ангажираните медиумски работници, како и на условите за работа што, во продолжение се рефлектира, и врз целокупните општествени процеси во Македонија.Според анкетата на ССНМ и Институтот РЕСИС објавена во 2024 година, повеќе од половина од членовите на медиумската заедница заработуваат помалку од просечната месечна плата во земјава, а последните податоци говорат и дека голема е бројката (безмалку една третина) на новинари, камермани, креативни дизајнери, монтажери и останати кои од работодавачите се „држат“ на минималната плата. Со оглед на тоа дека голем дел од вработените во медиумскиот сектор се директно поврзани со оваа категорија, ССНМ бара итно зголемување на минималната плата.„Како најголема еснафска медиумска организација во Македонија, ССНМ смета дека оваа позиција на ниско ниво на минималната плата е недозволиво, дека законски предвиденото зголемување на истата е недоволно и дека со подигнување на сумата, голем дел од нејзините членови ќе дојдат до повисоки примања и делумно ќе го анулираат инфлацискиот шок што се случува во земјава“, велат од ССНМ.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
65717207620215fa45d0e545827251_v4_big

Северна Кореја лансираше проектил

Северна Кореја денеска лансираше проектил кон морето, соопшти јужнокорејската армија.Проектилот бил испален од источниот брег на земјата, а јужнокорејското Министерство за одбрана не даде детали дали станува збор за ракета или друго оружје, ниту колку далеку летал.Тензиите на Корејскиот Полуостров се зголемија откако Северна Кореја неодамна се закани со одмазда, обвинувајќи го јужниот сосед за лансирање дронови за набљудување преку границата. Јужна Кореја негираше употреба на дронови и започна истрага дали тие биле испратени од цивили.Лансирањето следи по пробните летови на хиперсонични ракети кои Северна Кореја ги изведе неодамна. Во тоа учествувал и лидерот Ким Џонг Ун, нагласувајќи ја потребата од зајакнување на одвраќањето од нуклеарен конфликт, пренесоа државните медиуми.Настанот се случи непосредно пред првиот конгрес на Радничката партија по пет години, каде што ќе се утврдуваат нови политички и економски приоритети.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
luka-doncic-696x437-1

Лука Дончиќ прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА-лигата, објавено е на официјалниот сајт на лигата.Минатата недела, Лејкерси забележаа две победи и еден пораз. Дончиќ просечно постигнуваше 34,3 поени, 10,7 скока, 9,7 асистенции и две украдени топки по натпревар.Словенечкиот кошаркар е прогласен за играч на неделата во НБА-лигата 16-ти пат во кариерата.Најдобар играч на Источната конференција е кошаркарот на Торонто, Имануел Квикли, кој просечно бележеше 25,3 поени, 6,8 скока, 6,8 асистенции и две украдени топки по натпревар. За Квикли ова е прв пат да ја добие оваа награда. Торонто минатата недела забележа четири победи на четири натпревари.

Спорт | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryue6eo9brb2d49qqTqsB

Годинава ќе пристигнат сите 42 борбени возила „Страјкер“, вели Мисајловски

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ја разгледа информацијата за потребата на доделување на амандаманот број 2 на договорот за техничка поддршка (Amendment 2 to TA 0206-23 050774402). Амандманот се однесува на договорот за набавка на 42 лесни оклопни возила на тркала STRYKER MK‑B‑UCE, склучен помеѓу владите на Република Северна Македонија и на Соединетите Американски Држави.Министерот за одбрана Владо Мисајловски при образложувањето на информацијата истакна дека се работи за технички амандман. Потенцира дека веќе 17 возила се на пристаништето во Грција и треба технички аранжман за да се помине по барање на САД како амандман за инсталација на целата опрема што стига.- Се работи за технички аранжман, односно ова е технички амандман бидејќи знаете дека е потпишан договор за 42 борбени возила од типот „Страјкер“ со САД. Оваа година сите стигаат. Веќе 17 се на пристаништето во Грција и треба технички аранжман за да се помине по барање на САД како амандман за инсталација на целата опрема што стига итн. Како краен корисник е Министерството за одбрана и треба да се направи целосна обука. Ова е технички (амандман), како што бараат САД, да се направи аранжман за сите потоа да ги примиме и целосно да останат на Армијата. Нема ништо дополнително, Договорот е во ред. Оваа година сите ќе пристигнат - рече Мисајловски.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryvg3apg7ibvsj1d5GqU5

Мицкоски: 300 компании ќе добијат грантови од 25 милиони евра за зелена трансформација

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави: „Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library51oi6iethcr934HFBl2

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Филипче како министер за здравство и Заев како премиер, ја искористувале државата за свои интереси, со тоа што преку ФЗО ја зголемиле сумата која ја добива болницата од државата.Од моментот кога доаѓаат на власт, за само три години, од 2017-2020 година, Филипче и Заев ја зголемиле сумата за болницата Жан Митрев во вредност од над 320 милиони денари, или околу 5 милиони евра, државни пари од ФЗО. Од 360 милиони денари вредноста достигнува 682 милиони денари.Намерите на Филипче и Заев биле далеку од чесни, а доказ за тоа е сведоштвото на др. Жан Митрев кој јасно кажа дека преку притисоци и уцени овие двајца сакале да му ја одземат болницата за далеку пониска цена од пазарната.Филипче и Заев не се штеделе и не бирале средства за да ги задоволат своите апетити. Ургирања во судството и обвинителството, искористување на ФЗО, и најважно, злоупотреба на парите на граѓаните за приватни интереси.ЈО да го истражи случајот, правда мора да има“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
rasadnik-kis-voda-3

Мицкоски: Реконструкцијата на спортската сала Расадник е при крај, следниот месец ќе се пушти во употреба

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што се случува со спортската сала во Расадник, до каде е реконструкцијата, бидејќи долго време беше запуштена, изјави:„Да благодарам, мислам дека е при крај. Мислам дека веќе следниот месец или месецот потоа најдоцна, треба и таа да се пушти во употреба, исто како што и салата во склоп на универзитетскиот кампус на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Кажа и министерката колку сѐ сали се прават. Знам дека уште три во Скопје имаме, имаме во Крушево и така натаму, сега да не навлегуваме во детали. Зборуваме за десетици нови објекти кои што се прават. Дали е тоа доволно, не е. Запуштено било долго време ништо не се правело. Дали треба уште? Да треба, и ќе правиме уште вакви проекти, бидејќи реков, најмладите, децата ни се најважни и тие ни се приоритет како Влада.“

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања