2 нед.
media-libraryvg3apg7ibvsj1d5GqU5

Мицкоски: 300 компании ќе добијат грантови од 25 милиони евра за зелена трансформација

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави: „Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library51oi6iethcr934HFBl2

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Филипче како министер за здравство и Заев како премиер, ја искористувале државата за свои интереси, со тоа што преку ФЗО ја зголемиле сумата која ја добива болницата од државата.Од моментот кога доаѓаат на власт, за само три години, од 2017-2020 година, Филипче и Заев ја зголемиле сумата за болницата Жан Митрев во вредност од над 320 милиони денари, или околу 5 милиони евра, државни пари од ФЗО. Од 360 милиони денари вредноста достигнува 682 милиони денари.Намерите на Филипче и Заев биле далеку од чесни, а доказ за тоа е сведоштвото на др. Жан Митрев кој јасно кажа дека преку притисоци и уцени овие двајца сакале да му ја одземат болницата за далеку пониска цена од пазарната.Филипче и Заев не се штеделе и не бирале средства за да ги задоволат своите апетити. Ургирања во судството и обвинителството, искористување на ФЗО, и најважно, злоупотреба на парите на граѓаните за приватни интереси.ЈО да го истражи случајот, правда мора да има“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
rasadnik-kis-voda-3

Мицкоски: Реконструкцијата на спортската сала Расадник е при крај, следниот месец ќе се пушти во употреба

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што се случува со спортската сала во Расадник, до каде е реконструкцијата, бидејќи долго време беше запуштена, изјави:„Да благодарам, мислам дека е при крај. Мислам дека веќе следниот месец или месецот потоа најдоцна, треба и таа да се пушти во употреба, исто како што и салата во склоп на универзитетскиот кампус на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Кажа и министерката колку сѐ сали се прават. Знам дека уште три во Скопје имаме, имаме во Крушево и така натаму, сега да не навлегуваме во детали. Зборуваме за десетици нови објекти кои што се прават. Дали е тоа доволно, не е. Запуштено било долго време ништо не се правело. Дали треба уште? Да треба, и ќе правиме уште вакви проекти, бидејќи реков, најмладите, децата ни се најважни и тие ни се приоритет како Влада.“

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-library7v2lvv9q7drc9AvMfIi

(Видео) Се сруши потпорен ѕид во Штип: бетон и земја врз паркирани автомобили

На улицата „Љубен Иванов“ во Штип денеска се случи сериозен инцидент откако потпорен ѕид се сруши и падна врз паркирани автомобили.Според фотографиите од местото, големи бетонски блокови, земја и камења предизвикале значителна материјална штета врз најмалку два патнички возила.Срушената конструкција речиси целосно го покрила белиот автомобил „Шкода“, додека врз друго црно возило паднала метална ограда.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryanirg3rpcut99GGzyoZ

(Фото) Затворени училишта и блокирани патишта: Силна бура ја погоди Велика Британија

Поради силната бура Чандра што ја погоди Велика Британија, денеска се затворени стотици училишта, а бројни патишта се блокирани. Во сила е жолто предупредување поради ветер.„Вкупно 242 училишта денес се затворени во Северна Ирска поради тешките временски услови“, соопшти владата на својата веб-страница, пренесува Скај њуз.Жолтото ниво на предупредување поради ветер важи во Северна Ирска до 21 часот вечерва.Метеоролошката служба наведува дека бурјата ќе донесе многу силни ветрови, а летечкиот отпад може да предизвика повреди и опасност по животот.Силни ветрови од 97 до 113 километри на час ќе погодат источните и северните делови на Северна Ирска, а на неколку крајбрежни локации се очекува удар од 120 километри на час.Ширум Велика Британија се затворени повеќе главни патишта поради бурата, вклучувајќи ги патиштата во Девон, Самерсет и Дорсет.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
soobrakjajka-izletano-vozilo

Излетал од патот – возач фатен со 3,19 промили алкохол

На 26 јануари 2026 година, во 23:07 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода С.С. (38) од село Татомир, кратовско. Претходно, околу 22:45 часот, на регионалниот пат село Татомир – Кратово, во близина на село Туралево, возачот изгубил контрола и излетал од патот.При извршени проверки било утврдено дека С.С. управувал возило под дејство на алкохол, при што му биле измерени 3,19 промили алкохол во крвта.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
sestra

Сведоштво: Во ходникот на кардиологија, дознав дека инфарктот не убива – системот убива побавно

Скопјанецот Мартин Тасевски на социјалните мрежи ја споделува својата потресна приказна за корупцијата која вели ја видел во ходникот на болницата. Во објавата не се наведува за која кардиологија станува збор ниту се спомнуваат имиња на докторите.„Денес бев на кардиологија, па корупцијата не ја видов во некоја далечна канцеларија, туку пред мене во ходникот на болницата.Мајка ми со деменција, во тешка состојба, доживеа тежок инфаркт, инфаркт, со стент на кардиологија во многу тешка состојба. Јас и татко ми, очајни, само сакавме да ја видиме и да дознаеме нешто повеќе за состојбата на сопругата и мајката.Наместо збор, добивме студен ѕид. Арогантен одговор од доктор кој мисли дека е Богот Один, кој ни одговори на едно прашање само со „ДА и НЕ“ со свртен грб... Во одење, се разбира, нели, Один е во прашање.И додека се надвикувам со Один, кој исчезнува во далечините, пред нас влегува цело семејство. (чопор)Добро си викам, ништо повеќе и не очекував. Ние чекаме. Татко ми, културно, тивко. Понизно... (Прв пат го гледам таков, лицето никогаш не сум му го видел такво)Потоа ми приоѓа жена и ми шепнува: (Патем, ме гледа како р'жам и го губам трпението)„Во Жан Митрев однесете ја, фондот покрива. Ние сме презадоволни. Фала многу, си рековме пријатно, пријатно“И веднаш потоа, ја гледам како се јавува на телефон:„Здраво, тука комшиката од горе, пријателката ми е тука на кардиологија па сакав да прашам…“ (си бара врски)И тука сфаќаш...Ова не е само здравство. Ова е систем на „комшии од горе“, „некој што познава некого“, „јави се, среди, протуркај“(пошто ако оставиш на претпоставки од слепо црево ќе ти отиде човек)Ова е држава во која информацијата, вниманието и човечноста на Докторов или Богов Один, понекогаш не се право, туку привилегија...И потоа, се чудиме зошто луѓето се бесни. Зошто се расправаат. Зошто се случуваат инциденти. Не затоа што некој е роден лош, туку затоа што понижувањето со години се таложи во секој ходник, на секој шалтер, пред секоја врата што се отвора „за некој друг“.И на крај, најтешката мисла:Ние сакаме да покажуваме со прст кон „корупцијата“, а ретко се прашуваме колку пати и самите сме рекле:„Ајде, јави се кај некого.“„Знаеш ли некој внатре?“„Ќе се среди.“Можеби најголемата клетва што ја носиме не е од историјата, ни од империите, ни од Османлиите, туку од навиката да прифатиме дека редот мора да важи за сите еднакво.А, додека тоа го прифаќаме, секој од нас, ја одржува истата корупција што ја пцуе и вели: ,,ама на запад го нема ова.“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 седмици

2 нед.
uapsen

Лишен од слобода кумановец за издржување казна од 40 месеци

На 27.01.2026 година околу 00:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С. (28) од Куманово.Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години и четири месеци поради сторени кривични дела „тешка кражба“ според член 236 од Кривичниот законик.Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ за издржување на казната.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarysc4jem1gv5olaWAFtrd

Левица: Владејачкото мнозинство турка партиски активист како член на тело кое мора да биде стручно, независно и кредибилно,

Ја информираме јавноста дека на утрешната пленарна седница, при гласањето за составот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратеничката група на Левица ќе гласа ПРОТИВ предлогот, поради бруталната партизација на оваа институција и тоа со нестручни кадри, олицетворено преку кандидатурата на Џихан Ахмед – кадар предложен од ВРЕДИ аминуван од ДПМНЕ, велат од политичката партија Левица.„Станува збор за кандидат кој не ги исполнува законските услови за избор - нема минимум седум години работно искуство во областа на човековите права, нема релевантно искуство, а на јавната расправа демонстрираше елементарно непознавање дури ни на надлежностите на самата Комисија, како и на основни меѓународни документи како Истанбулската конвенција, иако магистерските студии ги завршила во насоката за меѓународно право и односи.И покрај ова, владејачкото мнозинство свесно турка партиски активист како член на тело кое мора да биде стручно, независно и кредибилно, бидејќи од неговите одлуки зависи статусот на најранливите категории граѓани. Дополнително брутално исмејување во очите на јавноста е и тоа што кандидатката иако треба да приложи изјава дека не е носител на партиски функции (чија цел е осигурување на непристрасноста), таа уште официјално неизбрана, јавно му се заблагодари за поддршката на лидерот на ВРЕДИ - Изет Меџити!Со ваквото однесување, уште пред формално да биде избрана, таа самата ја урнисува секоја илузија за независност и непристрасност, и јасно демонстрира дека не доаѓа во Комисијата како заштитник на човековите права, туку како партиски пратеник на коалициските договори меѓу ДПМНЕ и ВРЕДИ.Ова е класичен пример за институционално заробување - орган кој треба да биде коректив на власта и заштитник на дискриминираните, се претвора во партиска испостава, пополнета со лојални, а не со компетентни кадри. Наместо експерти со докажано искуство, се инсталираат политички послушници без основно познавање на материјата, со што директно се загрозува правната сигурност и заштитата на граѓаните.Одговорноста за оваа брутална деградација на Комисијата ја сноси ДПМНЕ, која со гласањето ја легитимира и спроведува оваа партиска поделба на независните институции, продолжувајќи ја праксата на клиентелизам, непотизам и политичка контрола врз телата кои треба да бидат автономни“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryo6tg4qehn5qvcyX0unY

Граѓански марш пред Владата во сабота поради загадениот воздух

Граѓанска иницијатива Стоп за усје најави марш што ќе се одржи оваа сабота, 31 јануари 2026 година, со почеток во 12:00 часот, како реакција на, како што наведуваат, долготрајниот молк на институциите и избегнувањето одговорност во однос на загадувањето на воздухот.Маршот ќе започне пред зградата на Владата, по што учесниците ќе се движат кон Собранието и Министерството за животна средина. Организаторите велат дека целта на протестот е да се побара право на чист воздух и конечно преземање конкретни мерки од надлежните институции.Според најавата, фокусот на маршот е ставен на загадувањето од индустриски капацитети, при што се посочува дека економскиот профит не смее да биде поважен од здравјето и животот на граѓаните. Како еден од симболите на протестот се споменува и загадувањето поврзано со работењето на УСЈЕ, за кое граѓаните бараат одговорност и построга контрола.„Излегуваме на улица затоа што здравјето на луѓето е поважно од било каков интерес“, порачуваат организаторите, повикувајќи ги граѓаните масовно да се приклучат на маршот.Маршот е најавен како мирен протест, а од организаторите апелираат до институциите да ја слушнат пораката на граѓаните и да започнат со итни и конкретни активности за намалување на загадувањето и заштита на јавното здравје.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-library5hcfs60jsruodlaE65U

(Видео) Стармер се пошегува со Макрон поради очилата за сонце, со реплика од филмот Топ Ган

Британскиот премиер Кир Стармер се пошегува на сметка на францускиот претседател Емануел Макрон за време на еден комичен настап во Лондон.Стармер на сцената стави пилотски очила за сонце, кои станаа препознатлив симбол на Макрон откако ги носеше минатата недела во Давос поради проблем со окото.Настанот се одржа во театарот „Dushess“, во рамки на емисијата „The Political Party Live“, каде премиерот учествуваше во интервју пред публика.Стармер го сподели видеото на својот TikTok профил, при што го означи и самиот Макрон, со коментар „Talk to me, Goose“, позната реплика од филмот Top Gun, која го популаризира токму овој стил на очила за сонце.Потегот на британскиот премиер предизвика смеа кај публиката, а тој додаде дека дури би размислил за носење такви очила и на идни средби. Сепак, се пошегува дека му се потребни неговите обични очила, бидејќи без нив не би можел ништо да види во парламентот.Макрон минатата недела ја изненади јавноста појавувајќи се на Светскиот економски форум во Швајцарија со очила за сонце, а француските медиуми подоцна известија дека ги носел за да го прикрие црвенилото на окото предизвикано од пукање на капилари.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
rusija-ukraina-678x381-1

Русија и Украина во активен дијалог за нова размена на затвореници

Русија и Украина моментално водат активен дијалог за бројот на лица кои ќе бидат вклучени во новата размена и за организациските детали, соопшти руската комесарка за човекови права Татјана Москалјкова.„Во моментов се води активен дијалог во врска со бројот на лица кои ќе учествуваат во размената и организациските прашања. Се надевам дека оваа размена на затвореници наскоро ќе се одржи“, изјави Москалјкова за новинарите, пренесува TASS.Таа предложи и да се испита можноста за отворање контролен пункт помеѓу Русија и Украина за спојување на семејства и враќање на лица со истечени пасоши.Минатата година, Русија и Украина одржаа низа состаноци во Истанбул на 16 мај, 2 јуни и 23 јули. По последниот состанок, страните се согласија да продолжат со размена на тешко повреден и болен персонал, затвореници, како и тела на загинати војници и цивили.Трилатералните преговори меѓу САД, Русија и Украина ќе продолжат в недела, на 1 февруари во Абу Даби, јави порталот Axios, повикувајќи се на изјава на американски официјален претставник.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
pusenje

Гинеколозите бараат предлог-законот за забрана на пушење и никотински производи да се усвои и доследно спроведува

Здружението на матични гинеколози денеска преку соопштение ја изразува својата силна и недвосмислена поддршка на предлог-законот за заштита од пушењето, со кој се предвидува целосна забрана за употреба на цигари и сите видови никотински производи во затворени простории, вклучително и електронски цигари и уреди за загревање тутун.– Како здравствени работници кои секојдневно работат со жени во репродуктивен период, бремени жени, родилки и парови кои се соочуваат со проблеми со плодноста, сметаме дека ваквата законска регулатива е неопходна, оправдана и во согласност со современите медицински докази. Научните податоци јасно укажуваат дека не постои безбедно ниво на изложеност на тутунски чад или аеросоли од никотински производи. Пасивното пушење претставува сериозен ризик по здравјето и е поврзано со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, како и со зголемен ризик од малигни болести. Според Светската здравствена организација, повеќе од 1,3 милиони луѓе годишно во светот умираат како последица на пасивна изложеност на тутунски чад, при што најранливи категории се жените и децата, се вели во соопштението.Според Здружението, од аспект на репродуктивното здравје, изложеноста на никотин и тутунски токсини има докажано негативно влијание врз плодноста и кај жените и кај мажите. Кај жените, пушењето и пасивното пушење се поврзани со нарушена овулација, намалена резерва на јајце-клетки, хормонски дисбаланс и зголемен ризик од неплодност. Кај мажите, бројни клинички и епидемиолошки студии потврдуваат намален број на сперматозоиди, намалена подвижност и нарушена морфологија на спермата, како и зголемено оштетување на ДНК на сперматозоидите, што директно ја намалува можноста за зачнување и го зголемува ризикот од репродуктивни компликации.Оттаму наведуваат дека за време на бременоста, изложеноста на тутунски чад и никотин е поврзана со зголемен ризик од предвремено породување, ниска родилна тежина, интраутерина ретардација на растот и зголемена перинатална морбидитет и морталитет.– Никотинот и другите штетни супстанции лесно ја преминуваат плацентата и имаат директно негативно влијание врз развојот на плодот. Дополнително, изложеноста на новороденчиња и мали деца на чад и аеросоли од никотински производи е поврзана со почеста појава на астма, респираторни инфекции, воспаленија на средното уво и зголемен ризик од синдром на ненадејна смрт кај доенчиња. Посебно загрижува фактот што одредени никотински производи, како електронските цигари и уредите за загревање тутун, често се претставуваат како побезбедна алтернатива. Современите научни истражувања укажуваат дека и овие производи ослободуваат никотин, ултрафини честички и хемиски соединенија со потенцијално штетно дејство врз респираторниот, кардиоваскуларниот и репродуктивниот систем, а нивната пасивна употреба во затворени простории претставува реален здравствен ризик, стои во соопштението.Здружението на матични гинеколози нагласува дека целосната, недискриминаторска забрана за употреба на сите форми на пушење и никотински производи во затворени простории е клучна мерка за заштита на јавното и репродуктивното здравје.– Здравјето на жените, мажите, децата и идните генерации мора да има апсолутен приоритет. Ги охрабруваме надлежните институции да го усвојат и доследно да го спроведуваат предлог-законот без исклучоци, а јавноста да ја препознае оваа мерка како инвестиција во здравјето, плодноста и иднината на нашето општество, се вели во соопштението од Здружението на матични гинеколози.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
timco-mucunski

Муцунски: Македонија сѐ уште не добила покана за Одборот за мир, анализираме дали е во наш интерес

Министерот за надворешна работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски синоќа истакна дека македонската владина делегација на Светскиот економски форум во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за развивање на домашната економија.-Целта на нас како владина делегација на овој настан беше насочена кон следење на најновите трендови и активна комуникација со компаниите кои можат да ни помогнат во насока на развивање на домашната економија. Јас ги следев овие соопштенија кои опозицијата ги лиферуваше – или не знаат што е Давос, или сакаат да ја манипулираат јавноста за каков настан се работи. Нашиот фокус беше економија, трговија, бизнис, инвестиции. И мислам дека многу успешни плодови од овој настан ќе имаме во следниот период, рече Муцунски на вечерашното гостување на „Тема на денот“ на ТВ Сител.Тој потенцира дека македонската владина делегација во Давос имале повеќе значајни средби со претсавници на престижни компании, од кои се надева дека ќе донесат конкретен плод за нашите граѓани.-Тоа што јавноста го гледаше како слика од Давос беше повеќе политички пораки. На пример говорите на претседателот Трамп, на претседателот Макрон, доста популарен беше и говорот на канадскиот премиер, но тоа беше заради моментот и случувањата околу Гренланд. Настанот во Давос носи назив Светски економски форум. Самиот настан е конципиран како најголемиот ЏитТуБи влада со бизнис и БиТуБи бизнис со бизнис настан во светот. Целта е да се дискутира за трговија, за економија, за енергетика, за да се слушнат најновите трендови, но исто така владите да имаат можност за непосреден контакт со деловната заедница. Ние имавме повеќе средби кои се надевам дека ќе донесат конкретен плод за нашите граѓани. Средбата со ФорАјЏи, средбата со раководството на мултинационалната корпорација Филипс. Врз основа на таа средба токму денеска имав фолоу-ап комуникација со еден од главните потпретседатели на корпирацијата Филипс. Претседателот Мицкоски беше панелист на еден од најзначајните панели за енергетика каде што заедно беше главен говорник со американскиот секретар за енергетика Врајт, рече тој.Во однос на прашањето за недобивање покана на нашата држава во Бордот за мир, Муцунски нагласи дека се уште прават анализа дали ние и би имале интерес да пристапиме кон ваква организација.-Јас не мислам дека надворешната политика треба да ја третираме низ призмата на симболика, туку треба да ја гледаме низ призмата на резултатите кои се постигнуваат. Се работи за Борд за мир за Газа. Ние и по однос на ова прашање комунициравме со администрацијата во Вашингтон. Но, ние исто така нашето позиционирање по сите овие прашања треба да го гледаме низ призмата не само кои се нашите права, односно сликата да се биде тука, туку и потенцијалните обврски што би се очекувале од земјите кои членуваат во овој Борд. Комуницираме со Вашингтон по ова прашање. Прашањето за Газа не е меѓу клучните приоритети на македонската надворешна политика по однос на партнерството со САД. Ние низ призмата на праксата докажавме што значи да се биде во стратешки односи со оваа администрација, изјави министерот за надворешни работи.На прашањето дали македонската Влада има изградено пристап дали би прифатиле доколку Македонија добие покана на Одборот за мир, Муцунски одговори дека не треба да брзаме по однос на оваа прашање. Потенцира дека едно е да добиете права, а друго е какви обврски ќе се преземаат.-Едно е да добиете права, но друго е ќе повторам и какви обврски ќе се преземаат не само финансиски обврски, туку и обврски и од друга гледна точка и кој е нашиот интерес да учествуваме ви мировниот процес во газа како мала држава во срцето на Балканот. Комуницираме со администрацијата во Вашингтон и доколку донесеме одлука во било која насока, секако македонската јавност ќе биде своевремено информирана. Но, да бидеме внимателни. Немаме интерес да избрзуваме ние како држава во вакви релации. Во ова сложено време приоритетот на надворешната политика треба да биде домашниот интерес. Тука ќе повторам, мислам на бизнисот, на граѓаните, на студентите, на сите кои што имаат некој интерес којшто надворешната политика помага да се реализира, рече Муцунски.Министерот Муцунски најави дека  владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на политички безбедносен форум во Минхен, каде што фокусот нема да биде толку многу економија и бизнис, туку политика и безбедност. Нагласи дека на овој форум приоритет ќе им бидат средбите од областа на политиката и безбедноста.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
04

ВЛЕН: Камерите „Безбеден град“ ќе имаат исти толеранции како полициските радари

ВЛЕН во денешното соопштение нагласува дека толеранциите на камерите од „Безбеден град“ ќе бидат исти како оние на полициските радари: 6 км/ч до 100 км/ч и 8 км/ч над 100 км/ч.Според владиниот коалициски партнер, ова докажува дека фокусот е на превенција, а не на казнување. Толеранцијата важи само за помали прекршоци, додека не важи за кривични сообраќајни прекршоци, додаваат од таму.„Во врска со имплементацијата на системот, нагласуваме дека толеранциите на камерите ќе бидат идентични со оние што веќе ги применуваат полициските радари: толеранција од 6 км/ч за брзини до 100 км/ч и 8 км/ч за брзини над 100 км/ч. Ова јасно покажува дека целта не е казнување, туку спречување на прекршоци што ги загрозуваат животите на луѓето. Толеранцијата се однесува само на помали прекршоци и не се однесува на случаи на кривични сообраќајни прекршоци“, велат од ВЛЕН.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarys1u1pn6ei1165HpUCZv

Муцунски: ЕУ е свесна дека постои проблем и работи на изнаоѓање решение, но не сме задоволни од динамиката

Говорејќи за протестите на превозниците кои втор ден по ред ги блокираат граничните премини во регионот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во емисијата „Тема на денот“ на Сител изјави дека проблемот е сериозен, но дека Владата веќе неколку месеци е во директна и активна комуникација со институциите во Брисел со цел изнаоѓање решение.„Овие правила не се насочени само кон нашата држава, туку се применуваат кон сите земји од Западен Балкан, земји кандидати и држави кои не се членки на ЕУ. Од септември активно комуницираме со Европската Унија по двете клучни прашања – и за превозниците и за тарифите за челикот“, истакна Муцунски. Тој нагласи дека Владата јасно укажала до институциите во Брисел дека евентуалната примена на овие мерки ќе има сериозни економски последици за државата и регионот. „Доколку се применат мерките за превозниците и тарифите за челичната индустрија, цената што ќе ја платиме ќе биде четири до шест пати повисока од средствата што би ги добиле од Планот за раст, дури и во најоптимални услови“, рече министерот.Муцунски оцени дека е неприфатливо земјите од регионот да бидат ставени во иста група со држави како Русија, Белорусија, Северна Кореја или Кина, кога станува збор за трговски рестрикции. Како што посочи, ова прашање е отворено и на највисоко политичко ниво, вклучително и преку директна комуникација со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Европската Унија е свесна дека постои проблем и работи на изнаоѓање решение, но не сме задоволни од динамиката. Нашата обврска е да продолжиме со притисок, да нудиме конкретни решенија и да настапуваме координирано како регион“, нагласи Муцунски.Министерот додаде дека постои редовна координација со министрите за надворешни работи од Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, со цел усогласен регионален пристап кон институциите во Брисел.„Доколку Европската Унија е искрена во намерата за интеграција на регионот, нема да дозволи примена на мерки кои толку сериозно ќе ја нарушат економијата и ќе предизвикаат колапс на транспортот и синџирите на снабдување“, порача Муцунски.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryn9g3fgkk3cer4q5WTIS

Герасимовски со ансамблот „Орце Николов“: Македонската традицијата е дел од нашата програма

По повод 80 години постоење на Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов“, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со раководството на културно-уметничкото друштво.На средбата се разговараше за тековните културни активности во општината и можностите за понатамошна соработка меѓу Општина Центар и ансамблот.„Со Ансамблот имаме одлична соработка. Во рамки на програмата за култура, ансамблот доби и финансиска поддршка за проектот „80 години волшебен свет на фолклорот“, со што продолжуваме да вложуваме во негувањето на народната уметност“, порача градоначалникот Герасимовски.Тој нагласи дека локалната самоуправа е силен поддржувач на културата и народното творештво.„Во изминатиот период значително ги зголемивме вложувањата во културата, а за 2026 година буџетот за култура изнесува 26 милиони денари. Преку бројни манифестации овозможуваме културни содржини што ги обединуваат граѓаните од сите возрасти. Културата е и ќе остане наш приоритет“, рече Герасимовски.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Песков: Грешка е што ја демонзираат Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека Полска и балтичките земји поради некои причини се плашат од Русија и ја демонзираат, што според него претставува голема грешка.Тој нагласи дека постојат земји со кои Русија со векови има „дефицит на пријателски чувства“.„Да ја земеме на пример, Полска. Навистина имаме проблеми со Полска. Навистина имаме проблеми со Балтикот. Од некоја причина, тие постојано се плашат од нас и не демонзираат. Секој што таму ќе дојде на власт започнува да ја мрази Русија и Русите“, рече Песков во коментар за новинарот на Лајф, Александар Јунашев, пренесува ТАСС.Според него, таквиот став кон Русија е голема грешка.„Овие земји би можеле многу да научат од руската култура и интеракција со Русија“, додаде Песков.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library7gtdr65gr0o635RUCYN

Ќе се тестират камерите на автопатот Охрид-Кичево

Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска, во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на Охрид, поточно на автопатската делница Охрид-Кичево, помеѓу селата Горенци и Требеништа и помеѓу Ботун и Ново Село, општина Дебрца. Предвидените активностите ќе се реализираат со почеток во 12 часот при што, на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае од 15 до 30 минути.Aпелираме до сите учесници во сообраќајот на овој патен потег, да покажат разбирање за неопходноста од планираните мерки, да ги почитуваат привремените ограничувања и насоките на полициските службеници со цел, безбедно реализирање на планираните активности.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

Тројца пешаци тешко повредени во три сообраќајни несреќи во Скопје, Куманово и Битола

На 26 јануари 2026 година, во три одделни сообраќајни несреќи во Скопје, Куманово и Битола, тројца пешаци се здобија со тешки телесни повреди.Околу 17:20 часот во Скопје, на крстосницата на ул. „Васил Ѓоргов“ и ул. „Шарски Одреди“, патничко возило „Фолксваген Фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А. (60) од Скопје, удрило во пешакот Б.К. (59) од Скопје. Поради ударот, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.Во Куманово, околу 19:25 часот, патничко возило „Даеву Тико“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј. (23), удрило во пешакот С.К. (67). Поради ударот, С.К. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Општата болница Куманово. Исто така, извршен е увид од екипа на СВР Куманово.Во Битола, околу 17:48 часот, мотоцикл удрил во пешакот С.Д. (76) на ул. „Смилевски конгрес“ и го напуштил местото на настанот. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Битола, а увид извршила екипа на СВР Битола.Сите случаи се под истрага и увидот продолжува, а повредените се на лекување.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања