Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

Македонија | пред 7 години

7 год.
27-april

Под истрага организаторите на настаните во Собранието на Република Македонија

По спроведена сеопсежна предистражна постапка, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик.Наодите од предистражната постапка укажуваат дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Осомничените како организатори ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта и овозможиле континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите.Со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство. Воедно од седиштето на политичка партија континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови. Во исто време, еден од осомничените со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието на Република Македонија што биле наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Со овие активности осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничените

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

Мицкоски до Заев: Сети се на Чаушеску и Милошевиќ, и тие мислеа дека се недопирливи

Денес станаа јасни две работи. Првата е дека СДСМ предводена од деспотот Заев е во слободен пад и токму поради штетните политики нивниот рејтинг е во слободен пад, изјави Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.„Им следува крај и тежок пораз на претседателските и на предвремените парламентарни избори. Тие се свесни дека народот не ги поддржува. Свесни се дека паѓаат и дека губат и затоа одат на внесување на страв во општесвото и на нова тура политички прогон. Деспотот Заев го гледа својот крај, затоа апси врз основа на изјави на сомнителни лица без докази, на рекла казала муабет.Овие луѓе не се виновни, народот е разбуден и не се плаши. Зав запамети дека народот не ти се плаши. Ова што го правиш е лудило, ти отчукува часовникот, и да знаш Заев, готов си нема бегање. Апси, можеш и да нарачуваш убиства, нема да ти се исплашиме и ќе те поразиме.СДСМ знае дека паѓа и сакаат да внесат страв, да го деморализираат ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните. Тие сакаат да се збори за пртвори, апсења изживувања, за да не се збори за вакцините, за здравството на Филипче кое убива, за Кочо и Тевдовски кои го осиромашија народот, за очајните земјоделци и злажаните пензионери. Готов си и за тебе крајот ќе биде жесток.Втората работа која денес стана јасна е фактот дека единствено решение за да стави крај на ова деспотство е жескоко да го поразиме СДСМ на претседателските избори.Деспотот Заев сака да изпорвоцира реакција од нас, од ВМРО-ДПМНЕ од народот и граѓаните на Македонија. Реакција која значи да се откажеме од претсдателските избори за да избегне пораз.Знаеме дека овде не е проблемот ниту Спире, ниту Трајко, ниту Миле или пак Никола. Овде е проблемот Заев.Овде деспотот Заев си игра со судбини на луѓе уценувајќи ги. Овде нема добитници ниту поразени. Со ваква Кацарска судсво и Русковска обвинителство овде нема правда нит пак правдина.Решението до правда е едно, победа на претседателски и потоа на неминовните предвремени парланментарни избори.Ајде Заев нема бегање од поразот кој ти следи. Македонија на нозе и ќе ти врати за сите недела кои и ги направи. Притискај, апси, нарачувај убиства, вработувај роднини, но сепак спас ти нема, ќе те поразиме.За ова што го правиш еден ден, ќе одгвараш и ти твоите соработници. Се ќе се преиспита и ќе стане јасно. Многу високо си летнат, отсутен си од реалноста, ама драматично ќе паднеш.Сети се на Чаушеску и Милошевиќ, и тие мислеа дека се недопирливи, но знаеш како завршија“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pedofil

Родители внимавајте, мајка од Влае предупредува како маж ги терал децата да заминат со него

Мајка од Влае била сведок на страшна глетка. Во паркот каде си играле повеќе дечиња, се појавил маж кој, според нејзината објава, ги терал децата да заминат со него, објави Инфомакс.мк.Според неа, младиот човек кој шетал куче кога влегол во паркот, приоѓал на повеќе деца и започнувал разговор со нив..Од МВР посочуваат дека лицето е веќе пpиведено. Станува збор за лице со психички проблеми.По добиена пpијава лицето е пpиведено и извршен е разговор со него. Утврдено е дека станува збор за лице со психички проблеми. Известена е соодветна здравствена институција и јавен oбвинитeл, стои во одговорот од МВР.извор: Инфомакс.мк.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Велјаноски: „10 години сум бил претседател на Собрание, и јас да бидам организатор? Срамота“

„10 години сум бил претседател на Собрание, и јас да бидам организатор? Срамота“, кусо истакна Трајко Велјаноски по излегувањето од судот.Велјаноски инаку поранешниот претседател на Собранието предмалку излезе од зградата на судот по краткиот распит откако попладнево беше приведен како осомничен за организирање на настаните од 27 април во Собранието.Вељановски е актуелен пратеник и има пратенички имунитет, па за да се спроведе распит и потоа да има одлука дали ќе заврши во притвор или не, пратениците во Собранието треба да му го одземат имунитетот.Инку Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во 20:30 часот ќе одржи прес конференција по повод последните случувања со апсењата на Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Тие тројца, заедно со уште двајца кои се во бегство, се осомничени за организирање на упадот и насилството во Собранието на 27 април.

пред 7 години

7 год.
clipboard01-620x350-1

По приведувањето на Вељаноски, Ристовски и Јанакиески вечерва пресс конференција во ВМРО ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ ќе одржи пресс конференција во 20:30 мин. Тема приведувањето приведувањето на пет лица кои се сонничат како организатори на крвавиот упад во Собранието на 27 април 2017.

Македонија | пред 7 години

7 год.
premier-srbija

Партнерката на премиерката на Србија родила син

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ и нејзината партнерка Милица Ѓурѓиќ, добијa син. Ѓурѓиќ денеска се породила во Белград, ексклузивно дознава Блиц.ср.-Милица роди момче, а пороѓајот помина во најдобар ред, за Блиц кажале од кабинетот на премиерката.Блиц уште објаави дека момчето ќе се вика Игор.

Свет | пред 7 години

7 год.
Sveti-Kliment

Македонско-бугарска експертска комисија препорачува заедничка прослава на Свети Наум, цар Самуил и Свети Климент

Членовите на мешовитата македонско-бугарска експертска комисија се усогласија за заеднико чевствување на Свети Климент Охридски, Свети Наум Охридски и на цар Самоил."Заедничка се усогласивме во однос на чевствување на три личности од средновековите. Тоа се Свети Климент Охридски , свети Наум Охридски и цар Самоил. Околу овие три личности ние постигнавме согласност и до Владите ќе испратиме препорки со кои ќе им предложиме овие личности во иднина на значајни годишнини и јубилеи заедно да бидат прославувани од двете држави"изјави Директорот на Институтот за национална историја, професорот Драги Ѓоргиев .Остануваат уште отворени прашања на понатамошните средби од комисијата највија дека ќе се разговара за Гоце Делчев и Илинденското востание и други личности.Ова е договорот по дводневниот состанок во Скопје на Македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања која продолжува да работи и на таканаречените спорните точки во учебниците по историја во двете земји.Преставникот од бугарска страна Ангел Димитрив напомена дека денеска покрај постигнувањето договор за средновековната историја се случи и ратификацијата на договопрот од Преспа во буграскиот парламент.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ojo-1

Обвинителство се огласи за притворите на пет лица за настаните од 27 ми април

По спроведена сеопсежна предистражна постапка, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик.Наодите од предистражната постапка укажуваат дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Осомничените како организатори ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта и овозможиле континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите.Со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство. Воедно од седиштето на политичка партија континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови. Во исто време, еден од осомничените со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието на Република Македонија што биле наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Со овие активности осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничените.

пред 7 години

7 год.
Veljanovski-2-copy

Приведен Трајко Вељановски за настаните од 27 април

Поранешиот спикер Трајко Вељановски е приведен потврдуваат од Обвинителството. Вељановски беше осомничен како организатор на настаните од 27 април.Сепак тој вечерва не може да биде ставен во притвор бидејќи засега го штити пратеничкиот имунитет.На Вељановски во обвинителството ќе му се презентира што му се става на товар

Македонија | пред 7 години

7 год.
52859685_588182255011662_977134235552841728_n

(ФОТО) Повторно гори трската кај Калишта

Повторно гори трската на Охридското езеро на патот Струга - Калишта. Ова е трет случај во изминатата недела.Од Општина Струга апелираат да се запре криминалот врз појасот трски на Охридското Езеро. Тие велат палењето на појасот трски на заштитено подрачје е кривично дело. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Трамп испрати писмо до Заев

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска прими писмо од Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп кое ви го пренесуваме во целост:Писмото ви го пренесуваме во целост:Почитуван г. Премиер,Во име на американскиот народ, Ви честитам за ратификацијата и имплементацијата на Договорот од Преспа. Ова е најисториското достигнување на Балканот од Дејтонскиот договор и сведочи за Вашето храбро лидерство. Преку Вашите напори со Премиерот Ципрас, обезбедивте постабилна и попросперитетна иднина, не само за вашите две земји, туку и за целиот регион. Вашата земја сега ќе го заземе местото кое ѝ припаѓа во Северноатлантската алијанса како Република Северна Македонија.Се надевам дека Договорот од Преспа ќе послужи како инспирација за другите  држави во регионот. Тој ја потенцира суштинската вистина дека со политичка храброст и способност за фокусирање на долгорочна корист наспроти краткорочни ризици, лидерите може да направат тешки компромиси кои се неопходни за да ги насочат своите земји на пат кон посветла иднина.Уште еднаш Ви честитам за лидерството и посветеноста да го доведете овој процес до неговиот крај, од преговорите преку ратификацијата па сè до неговата целосна имплементација. Северна Македонија е голем партнер на Соединетите Американски Држави. Ние се радуваме што ќе можеме да ве пречекаме како наш 30-ти сојузник во Северноатлантската алијанса и да продолжиме со нашата заедничка работа со цел да обезбедиме мир и просперитет на Западен Балкан. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
3-5

ОМО Илинден стави вето на членството на ПОЕН во Европската Слободна Алијанса

„Ја информираме јавноста дека политичата партија за општествен и економски напредок ПОЕН нема да биде примена за придружна членка на Европската слободна алијанса (ЕФА) оваа година, поради вето од страна на ОМО- Илинден, политичка партија од Република Бугарија. ПОЕН требаше да стане придружна членка на ЕФА на Генералното Собрание на ЕФА што ќе се одржува од 6- 10 Март 2019 во Брисел.Ваквата реакција на ОМО Илинден,  доаѓа бидејќи ПОЕН го поддржува Преспанскиот договор,  а пратеникот Рубин Земон  гласаше за уставните имени кои произлегуваа од потпишувањето на Преспанскиот договор.Сметаме дека ваквото недоразбирање со ОМО Илинден и со ЕФА ќе се решат по спроведувањето на изборите за Европскиот парламент, кој ќе се одржи  меѓу 23 и 29 мај 2019 година, бидејќи сепак Преспанскиот договор е решение на спорот помеѓу двете соседни земји, а трета земја т.е граѓаните на Република Бугарија или политички партии од трета земја, не би требало да бидат засегнати со тоа, а поготово тоа да биде причина за запирање на зачленување и интегрирање во европски организации на политички партии од Република Северна Македонија.Инаку, делегација на ПОЕН предводена од претедателот д-р Рубин Земон,  на 4 декември 2018 година  во просториите на  Европската слободна алијанса во Брисел, имаше средба со делегација на ЕФА предводена од  Лорена Лопез, европратеничка и потпретседателка на Алијансата, со цел презентација на целите и активностите на ПОЕН и резгледување на можностите за соработка и зачленување во ЕФА“, се вели во соопштението на ПОЕН.

Македонија | пред 7 години

7 год.
20022019_ednatochkanauslugi-6

Промовиран системот „Една точка на услуги“: Повеќе електронски услуги и информации на едно место

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска во Скопје, го најавија отпочнувањето на проектот „Една точка на услуги“, што ќе овозможи на едно место да се добијат повеќе услуги од повеќе министерства и државни институции, со што значително ќе се намали времето на чекање на граѓаните при добивањето на услугите и ќе придонесе за создавање на јавна администрација како вистински сервис на граѓаните.„Овој настан не можеше да биде организиран во подобро време, бидејќи се случува во период кога нашата земја во наредните неколку месеци треба да испорача видливи резултати во реформите, меѓу кои се вклучени и реформските промени во јавната администрација. Во оваа просторија на граѓаните им се овозможува на едно место, на една локација, да добијат повеќе услуги, без потреба да одат од институција до институција а со тоа и  да имаат повеќе драгоцено време кое нема повеќе да го трошат непродуктивно“, рече премиерот Заев, кој самиот ја испроба постапката за вадење на уверение за државјанство, на еден шалтер, во постапка која траеше неколку минути.Премиерот Заев, пред граѓаните кои се затекнаа во просторијата, членови на Владата и претставници на државни институции, истакна дека Владата е посветена на заложбата за градење на сервисен систем на јавни услуги, на ефикасна јавна администрација, која во центарот на своето внимание секогаш го има интересот за овозможување на високо квалитетен сервис на граѓаните.„На оваа „Една точка на услуги“ треба да се гледа како на уште еден чекор повеќе кон трансформацијата на државниот бирократски апарат во сервис на граѓаните како стратегија на оваа Влада. Им благодариме на другите министерства и државни агенции кои напорно работеа за да се спои сето ова во еден модерен систем. Им посакувам успешна работа во понатамошната трансформација на што е можно повеќе вакви центри кои ќе ги доближат услугите до граѓаните, а не обратно“, порача премиерот Заев.Министерот Манчевски, информираше дека промовирањето на денешниот „Систем за услуги“ е само почеток на еден поголем проект за воспоставување на вакви канцеларии, во форма на „Една точка за услуги“  и во други градови во Северна Македонија.„Веќе имаме проектирано решение за „Една точка за услуги“ во другите градови. Таму одиме еден чекор понапред и целосно ги укинуваме шалтерите. Граѓаните ќе седат на иста маса со вработените во институциите и ќе разговараат. Без бариери и рамноправно, непосредно, со основна човечка комуникација. Дел од овие канцеларии ќе се отворат со редефинирање на Интернет клубовите што веќе постојат низ градовите, а таму каде што овие простории не ги исполнуваат потребните предуслови ќе биде обезбедено друго место“, рече Манчевски, кој подвлече дека со измените главната цел е да се смени лицето и имиџот на јавната администрација преку менување на начинот на кој граѓаните и фирмите ги добиваат услугите.„Шалтерот е првиот и најдиректниот контакт помеѓу граѓанинот и администрацијата. Затоа, инсистираме на непосреден контакт без добро познатите шалтерски бариери, кои постоеја помеѓу граѓаните и вработените во администрацијата. За таа цел ги отстранивме и стаклата на шалтерите. Сите се исти и сите се еднакви. Администрацијата е сервис за граѓаните, а и вработените на шалтерите се дел од граѓаните“, оцени Манчевски.Со системот „Една точка за услуги“, кој е сместен на улицата „Димитар Влахов бр. 4, во старата зграда на „Комерцијална банка“ зад Уставниот суд на Република Северна Македонија,  граѓаните на едно место ќе можат да добијат неколку десетици  услуги и информации и тоа од следните институции: Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Управата за јавни приходи, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика, Централниот регистар, Фондот за здравствено осигурување, Управата за водење матични книги, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Македонија | пред 7 години

7 год.
4-4

Започнуваат активностите за борба против пиратеријата и фалсификувањето

Денеска се одржа првата седница на Координативното тело за интелектуална сопственост, формирано според препораките од релевантните европски и меѓународни тела и институции. Започнуваат активностите за борба против пиратеријата и фалсификувањето.Согласно Акцискиот план, започнува реализацијата на координирани акции низ градовите во Република Северна Македонија, со цел ефикасна заштита на правата на интелектуална сопственост. Во соработка со надлежните институции, Координативното тело за интелектуална сопственост ќе учествува во организирација и спроведување јавно ништење на запленетите пиратски и фалсификувани предмети за кои има правосилни судски одлуки.Координативното тело за интелектуална сопственост е постојано тело за воспоставување на координација во спроведување на заштитата на правата од индустриска сопственост и на авторското право и сродните права. Ова тело ја овозможува неопходната соработка за постигнување ефикасна заштита на овие права, како основен предуслов за унапредување на креативниот потенцијал во државата. На овој начин се утврдува економскиот потенцијал на правата на интелектуална сопственост, но и негативното економско влијание од повредите на правата од интелектуална сопственост. Со своите активности, координативното тело ќе го поддржи процесот на законодавството и утврдување на мерки за јакнење на институционалниот и административниот капацитет за заштита на правата од интелектуална сопственост.Координатинатор на телото е заменик директорот на Заводот за индустриска сопственост Горан Герасимовски, а е составено од претставници на државните органи кои се директно или индиректно вклучени во спроведување и заштита на правата од интелектуална сопственост, и тоа: Државен завод за индустриска сопственост, Министерството за култура, Царинска Управа, Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Секретаријат за европски прашања, Министерството за правда и Управата за јавни приходи. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
52464410_409543789619975_424184950271508480_n

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Помор на кучиња во Пехчево, Анима Мунди бараат одговорност

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бара најитна истрага и кривична одговорност на сите инволвирани кои стојат зад монстурозноста во Пехчево, масовното организирано труење низ цел град, невидливо за полициските служби на градот и пред се општинската администрација на чело со градоначалникот Драган Тренчовски !https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/videos/249972232572231/„ Едното куче ми го отруја. Деца сакаа да го погалат, така приметив. Среќа што видов на време, можеа да се затрујат и децата“ ни изјави Марјанчо Димитров кој во поморот кој ги задеси животните во Пехчево ја загуби својата Лиска. Еден од многуте кои пред очи виде тетеравење кое најблиску личи до циклус силни епилептични напади и гушење во повраќаница до смрт на својот миленик.Одвратни, умоболни слики и снимки денес стигнаа до нас кои без дилема сведочат за масовно и организирано труење на животните во Пехчево. Цел град, животните, но и луѓето, а децата пред се се изложени на опасност по својот живот од отрови кои сотреа еден куп миленици и животни кои немаат дом.„Ажурни се само комуналното претпријатие кое уредно поминува со багери и ги собира мртвите но и се уште живи животни – бруталност каква што до сега немаме видено, при што живите животни душата си ја испуштаа во челуштите на багерот, фрлани како натрупано ѓубре. Срам ни е што живееме тука, срам ни е што овие слики и снимки допрва ќе ги види целиот свет! Бараме итна полициска истрага, истрага на сите надлежни институции и служби и најстрога казна за организаторите – нарачателите и спроведувачите на овој чин. Доколку уште молчи градоначалникот и итно не превземе мерки во соработка со полицијата и АХВ, чинот ќе го сметаме за директна инволвираност и одговорноста кај него ќе ја бараме, велат од Анима Мунди.„Пред повеќе од 5 месеци,поточно на ден 10.09.2018 година на официјалниот маил на Општината gradonacalnik@pehcevo.gov.mk и opstina_pehcevo@t.mk активисти од здружението ПроАнима - Берово се обратиле до Градоначалникот на општина Пехчево по повод труењата на територија на град Пехчево.„Претходно,градоначаникот вети дека ќе спроведе истрага со цел откривање и санкционирање на сторителот.Се остана само празно ветување...истрага за ваквите случаи немаше,одговорноста изостана.Случаи на труење на животни во Пехчево има скоро секоја недела.Продолжува и продолжува... Нас како Здружение не не удостои со одговор.Единствен чекор кој го превзема Општината во насока на решавање на овој проблем е дека склучи Договор со Тодор Велков,а ние кој малку ја познаваме оваа проблематика знаеме дека Тодор Велков, од досегашното искуство покажаа дека не само што не работат на решавање на проблемот,не го намалуваат,туку го дуплираат.“Би додале, и чија хуманост е длабоко компромитирана низ годините“, се додава во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_0116

Потпишан Меморандум за соработка со универзитетот на ЈИЕ

Потврдувајќи ја заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката во областа на едукацијата, обуката на кадри и организирањето кампањи за подигнување на свеста кај населението за креирање и оддржување на еколошки амбиент, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и Универзитетот на Југоисточна Европа, преку својот Институт за животна средина и здравје, денеска потпишаa Меморандум за соработка.Со потпишувањето на Меморандумот, Универзитетот на ЈИЕ и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје се обврзаа на меѓусебна соработка и заемна помош и поддршка, со цел размена на искуства, знаења, едукација, практична настава на студентите и усовршување на кадри од различни области, како и соработка во иновативни проекти за зачувување на хигиената и заштита на животната средина.Во рамките на настанот, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, како претставник на првата генерација дипломци на Универзитетот на ЈИЕ, пред студентите се претстави со презентација на работата и активностите на Претпријатието во изминатата 2018 година.Ректорот на Универзитетот на ЈИЕ, проф.д-р Абдулменаф Беџети, во оваа прилика ги истакна досегашните успеси на раководниот тим на Претпријатието, а на директорот Шабани му додели Благодарница, во знак на добра волја за понатамошните заеднички проекти и активности.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
bg-4

Џафери: Бугарија дава огромна поддршка за евроатлантските аспирации за Република Македонија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.На средбата, двајцата соговорници го изразија задоволството за ратификацијата на Протоколот за НАТО во Бугарскиот парламент. Нагласена  е одличната соработка меѓу Софија и Скопје во изминатите години, како и напорите на Бугарија за поддршка на нашата држава на европскиот пат и развој.Претседателот Талат Џафери нагласи дека Република Северна Македонија е на сигурен пат кон НАТО, а државата посветено работи за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ и исполнување на неопходните реформи и задачи.„Свесни сме дека ова не е лесен процес, но со сите сили и капацитети Собранието и Владата работат на постигнување на посакуваната цел“, рече претседателот Џафери.Тој ја нагласи неопходноста од соработка на сите политички чинители заради исполнување на обврските за добробит на граѓаните и на државата.Бугарскиот премиер Борисов истакна дека Бугарија е доследна во својата поддршка за Република Северна Македонија, како во 2017 година со потпишување на Договорот за добрососедство и за време на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ во 2018 година, така и денеска кога Бугарскиот парламент го ратификува Протоколот за НАТО.Во рамките на дводневната посета, претседателот на Собранието Талат Џафери се сретна и со заменик-претседателот на Владата на Република Бугарија и шеф на дипломатијата, Екатерина Захариева. На средбата се нагласени пријателските и добрососедски односи меѓу двете држави. Захариева го изрази задоволството бидејќи Република Бугарија е меѓу првите држави кои го ратификуваа Протоколот за НАТО. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов кој ќе работи против ЕУ и НАТО, Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ нека се подготват за пораз

Антизападниот Христијан Мицкоскки нема капацитет да разбере што значи демоктатска процедура за избор на кандидат, исто како што нема претства што значи вистински претседателски кандидат зад кого ќе застанат граѓаните, велат од СДСМ.„Затоа не му јасна демократската процедура во СДСМ, затоа не му е јасно зошто се прават широки консултации за избор на најсоодветен кандидат, кој ќе работи во интерес на граѓаните.СДСМ, како одговорна и државотворан партија, во демократска, отворена постапка бира претседател на сите граѓани на Република Северна Македонија, а не партиски послушник како ВМРО ДПМНЕ.Граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ можеа да видат уште една фарса од огласи, фарса од конвенција за на крај Мицкоски сам да си го избере својот послушник.Веројатно затоа Мицкоски има кандидатка која сама наметнува дебата дали е кактус, фикус или нешто друго.На Република Северна Македонија и нејзините граѓани не им е потребен партиски послушник кој како Мицкоски и Иванов ќе работи против НАТО, против ЕУ, против иднината и напредокот.Потребен е вистински претседател, партнер на граѓаните, партнер на иднината, кој ќе застане рамо до рамо со прогресивните сили и Владата во процесите кои значат напредок, иднина, економија, членство во НАТО и ЕУ.Граѓаните нема дозволат нов Ѓорге Иванов. Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ нека се подготват за пораз на претседателските избори“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_7392

Заев и Тевдовски: Со внимание ќе ги прифатиме и анализираме укажувањата за влијанието на објектите за игри на среќа на младите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска примија делегација на Движењето Анти коцкање од Тетово.Претставниците на Движењето Анти коцкање, поттикнати од грижата за младите и од близината на објектите за игри на среќа, доставија барања според кои обложувалниците и казината треба да бидат дислоцирани од непосредната  близина на образовните институции и станбените живеалишта, како и да се обезбеди начин со кој дел од приходите на објектите за игри на среќа би се намениле за поддршка на програмите на локалните заедници во кои стопанисуваат компаниите што организираат игри на среќа.Премиерот Заев и министерот Тевдовски на средбата нагласија дека Владата на РСМ со внимание ги следи дебатите на оваа тема и дека надлежните институции темелно ќе ги анализираат аргументите на Движењето Анти коцкање, особено заради фактот што грижата што произлегува од барањата на движењето се однесува на децата и младите. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
paridenari1

ВМРО-ДПМНЕ: Платите во државата растат, но само за роднините на функционерите од власта

Ако СДСМ продолжи со ова темпо да ги вработува ќерките, синовите, браќата, мајките, тетките, стрините и останатите роднини, на високи позиции во државната администрација, просечната плата веројатно ќе продолжи да расте, но право пропорционално со тоа ќе осиромашуваат граѓаните и државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Платите во државата растат, но само за роднините на функционерите од власта, за сите други паѓаат.Трошоците за живот од месец во месец се се повисоки, а граѓаните тоа го чувствуваат по нивниот џеб. Над 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај, а власта ништо не презема.Државата оди кон дното, власта само во последната година задолжи нови скоро половина милијарда евра, пари кои ќе треба да ги враќаат идните генерации. Со тоа јавниот долг надмина 50%.Заев и Тевдовски ја доведуваат под знак прашалник состојбата на државата да може навремено да го сервисира долгот.Во услови кога министерството за финансии рапидно ја задолжува државата, нивото на капитални инвестиции минатата година беше 65%, што е историско најниско ниво на реализација.Тевдовски се покажа како најнеуспешен министер за финансии. Тевдовски спроведува катастрофална финансиска политика, а ефектите од истата ќе се чувствуваат и по години од сега“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-17

Министерот Спасовски на Шестата министерска конференција од Будимпештанскиот процес

“Будимпештанскиот процес две и пол децении опстојува во формулирањето на меѓувладините дијалози, успевајќи да ги препознае и синтетизира различните миграциски политики на државите, надополнети со визијата и мисијата на десетина меѓународни организации кои што се блиски соработници во градењето заеднички миграциски стратегии. Да споменам само дел од спектрумот активности што се спроведуваат во рамки на овој процес: олеснување на размена на информации и најдобри пракси во легалната и илегалната миграција, азилот, визите и визните политики, граничното управување, трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, реадмисијата и уште многу други“. Ова меѓу другото ги истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето обраќање во рамки на Шестата министерска конференција од Будимпештанскиот процес, што се одржува во Истанбул, Турција.Министерот Спасовски посочувајќи го значењето на Будимпештанскиот процес како миграциски дијалог инициран во рамки на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики (ИЦМПД) во кој членуваат 53 земји од светот како и десетина релевантни невладини и други организации од областа на миграциите, чиј што претседавач годинава е токму Република Северна Македонија, ја потенцираше исклучителната важност на двата документи кои за време на Конференцијата беа разгледани и усвоени Министерска декларација под наслов ,,Заложбите од Истанбул,, како и ,,Повик за акција,,.Будимпештанскиот процес е мост меѓу Западот и Истокот и обезбедува блиски средби, размена на искуства и соработка меѓу претставници од различни географски локации, но кои се соочуваат со заеднички предизвици. Ова е прва министерска конференција одржана по шест години од претходната, на која што Декларацијата усвоена за време на истата има за цел да послужи за идно обликување на миграциските процеси и обезбедување цврста посветеност и соработка од страна на сите земји учеснички во Будимпештанскиот процес во нивното справување со предизвиците кои ги носи миграцијата.Учеството на министерот за внатрешни работи, г. Спасовски, е дотолку поважно во контекст на претседавањето на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија со Управната група на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики (ИЦМПД) во текот на 2019 година, кога ќе бидат одржани неколку состаноци во нашата земја на кои ќе присуствуваат експерти за миграција и високи делегации од сите земји членки на ИЦМПД.“Документите кои што денес ги усвојуваме – “Заложбите од Истанбул“ и “Повикот за акција“ – се конечно – вистинска можност за едно сеопфатно управување со миграцијата од сите нејзини аспекти, задржувајќи ја рамнотежата меѓу дијалогот и оперативните активности. Имено , Будимпештанскиот процес ја задржува „големата слика“ на сцената на миграцијата, обединувајќи различни миграциски реалности околу една заедничка цел – постојан миграциски дијалог, но тоа е и една од ретките организации финансиски и технички поддржана во сите области на миграцијата, не само во делот релевантен за прашања од безбедноста“, нагласи министерот Спасовски.На маргините од оваа дводневна министерска конференција, министерот Спасовски, оствари билатерална средба со домаќинот на собирот, министерот за внатрешни работи на Република Турција Сулејман Сојлу, на која двајцата министри ја потенцираа извонредната билатерална, партнерска соработка и меѓусебна поддршка не само на двете институции - министерствата за внатрешни работи, туку и меѓу двете земји во целина која што традиционално е на исклучително високо ниво. Министерот Спасовски оствари средби и со министерот за надворешни работи на Унгарија г. Петер Сијарто и со г. Михаил Шпинделегер ,Генералeн директор на Меѓународниот центар за разговор на миграциска политика (ИЦМПД) .

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Малолетници нападнати со остар предмет

На 19.02.2019 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.00 часот на улица „20“ во Сарај, двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од село Рашче биле физички нападнати од лицата А.А. и С.С., двајцата од с.Кондово, кои употребиле и остар предмет.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
1-1-2

Дескоска: Македонија ќе ги почитува пресудите на ЕСЧП и ќе ги вложи сите напори да ги имплементира препораките

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска се сретна со Катерина Недељковиќ и Фредрик Сандберг - експерти од Одделот за извршување на пресудите и одлуките на ЕСЧП.За време на состанокот беше истакнато дека Република Северна Македонија е една од земјите со највисока имплементација на препораките на Европскиот суд за човекови права.Заштитата на човековите права и градењето на капацитетите на институциите за заштита на човековите права се на врвот на владината агенда – истакна министерката Дескоска, која дополни дека нејзината посветеноста кон реформите во правосудството е последица на реалната потреба на граѓаните.Министерката информираше за реформската агенда на Министерството за правда, па во таа насока Дескоска ја потенцираше добрата соработка со Венецијанската комисија, Советот на Европа, мисијата на ОБСЕ и голем број странски експерти кои се вклучени во изготвувањето и чии препораки се имплементираат во законските решенија.Министерката за правда ги извести претставниците на Оделот за извршување на пресудите и одлуките на ЕСЧП, дека Република Северна Македонија ќе ги почитува пресудите на ЕСЧП и дека ќе ги вложи сите напори да ги имплементира препораките кои произлегуваат од пресудите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Исчезна 88-годишна жена од Скопје

На 19.02.2019 година во 20.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Ј.(62) пријавила дека од домот се оддалечила нејзината мајка Ц.Б.(88).Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања