Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Најнови вести

7 год.
marihuana2

Кривична пријава за две лица поради „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против Б.Ј.(35) и Ј.П.(36) поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик. На 18-ти овој месец, со наредба од судија на претходна постапка, бил извршен претрес на дом кај лицето Ј.П. од Скопје, при што биле пронајдени и одземени околу 900 грама марихуана, хашиш масло, амфетамин, таблети и вага на која имало остатоци од хероин, кокаин и друга дрога.

пред 7 години

7 год.
heroin-111

Во домот на тетовец пронајдена хероин, а кај малолетник марихуана

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера 19.02.2019 извршиле претрес во домот и помошни простории на 32- годишниот тетовец И. Х. При претресот, реализиран со судска наредба, пронајден е хероин. И. Х. e лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.На 19.02.2019 околу 15 часот, на улица „Вонвардарска“ во Тетово лишени од слобода се 17-годишник од тетовското село Озормиште и 24- годишниот В. З. од Вешала. Прио преглед кај нив е пронајдена марихуана.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mon

МОН реагира на изјавата на градоначалникот на општина Гостивар

Реакција на изјава на градоначалникто на општина Гостивар. Во реакцијата на МОН се вели:Градоначалникот на Гостивар обврската за појаснување на неговите дејствија и активности спротивно на законот и процедурите ја заменува со дезинформации, шпекулации и со скандалозна злоупотреба на последните трагични настани.МОН изразува длабоко жалење за рецидивното незаконско однесување на градоначалникот на Гостивар, коешто континуирано ги оштетува учениците, наставниците, родителите и генерално граѓаните на Гостивар.Вистината е во тоа дека по извршените инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за образование во општина Гостивар, беа констатирани идентични неправилности, за коишто еднаш на Општина Гостивар и беа одземени надлежности во областа на образованието. Поради оваа причина, МОН е должна да ги преземе сите неопходни мерки коишто ги налага законот, во насока на привремено одземање на надлежностите на Општина Гостивар за именување и разрешување на директори на општински средни и основни училишта.Поточно, тоа што беше констатирано во оваа општина е следното: непочитување на законските одредби од страна на градоначалникот во постапките за назначување и разрешување на директорите на основните и средните училишта; разрешувањата на директорите, според она што е констатирано од страна на Државниот просветен инспекторат, биле извршени без процедури предвидени со закон, додека назначувањето на новите директори, кои не само што не ги исполниле условите и критериумите за овие позиции, туку биле извршени со непочитување на постапките предвидени со закон.Исто така, се констатираа состојби кога одредени директори беа разрешени дури во два наврати од страна на градоначалникот и тоа, првиот пат без да се почитуваат постапките и по забелешките на Инспекторатот, г. Таравари ги врати на должност за истите да ги разреши по шест дена, без почитување на постапката. По првото разрешување на директорите, Инспекторатот утврди дека се именувани директори кои не ги исполнуваат условите согласно законот и истите лица, кои што не ги исполнувале условите биле повторно именувани како директори дури и по второто разрешување на законски избраните директори.Со жалење можеме да констатираме дека сето ова е само повторување на состојбата од претходната година, кога на истата општина и беа одземени надлежностите од истите причини. Овие надлежности и беа вратени на Општина Гостивар од страна на МОН кога беа отстранети неправилностите. И, повторно, по враќање на надлежностите за образование во оваа општина и на нејзиниот градоначалник, имаме повторување на законски прекршоци.Сакаме да упатиме апел до Општина Гостивар, градоначалникот на оваа општина и до нејзиното раководство да не обвинуваат само заради нивните политички цели, да не ја вклучат политиката во воспитно-образовниот процес, бидејќи во оваа ситуација штета се нанесува единствено на учениците и на воспитно-образовниот процес.Преземените мерки од страна на МОН се со дефинирани рокови, во рамки на кои ќе се отстранат неправилностите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
taravari

Таравари до Заев: Тебе не те сакаат ниту Македонците, ниту Албанците

Функцијата премиер ти ја довери народот, не се поигрувај со неа! Особено сега е многу опасно за судбината на државата да се поигруваш со народот!, напиша на својот фејсбук профил поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.Писмото ви го пренесуваме во целост.Отворено писмо до г. Зоран Заев,Здраво Зоранe, посакувам моето писмо да те најде добро! Постојат две работи што сакам да ги нагласам уште на почетокот на моето писмо:Како прво, писмото е отворено бидејќи можеби нејзините редови ќе ги разбере целиот владин “блок” што е битно да разбере и, како второ, писмото ти го упатувам лично тебе, вон функцијата која ја вршиш, затоа што мислам дека има потреба да се вратиш кај Зоран. Само еден совесен Зоран може да го спречи распаѓањето на премиерот, функција која ти ја довери народот.Сега, со право ќе речеш – какво е ова писмо од Арбен?! Ми напишал можеби некоја поплака… нека се занимава со ДУИ! Што има со мене? Јас правам политика… Што да му правам на Невзат?! Тој се однесува како дете! Тера инает со градот што не го избра и сега им прави лошо на граѓаните!Зоране, како прво, до 27 април 2017 година се боревме против истите идеолошки непријатели, тие беа Груевски-Ахмети. Според твоите храбри пријави, до некаде сфативме дека биномот Ахмети-Груевски (не сакам да кажам ДУИ и ВМРО, бидејќи има невини луѓе на двете страни), значи сфативме дека овој бином не беше само идеолошки против нас, туку од “бомбите” што ги објави, сфтаивме дека тие се вмешани и во тешки злосторства против човештвото, инскенирајќи лажни судења, правејќи економски масакр!Така да, во страшната ноќ од 27 април, каде што претседателот на мојата партија Зијадин Села го ризикуваше животот покрај тебе, јас и илјадници Албанци бевме подготвени да ти излеземе во пресрет и тебе кој што беше исто така под закана!Значи, ти беше човек кој, без разлика на етничката припадност, Албанците се наредија на страната на добрите!Но, ти имаше ужасен услов да ја преземеш власта, требаше да соработуваш со еден од виновниците кои сам ги пријавуваше, со Ахмети! Ахмети и ДУИ кои што везден ги нарекуваше Виновници, за кои што велеше дека има прислушувани разговори кои лошо ги обвинуваат, токму нив!Тука, според тебе, започна Политиката, а според мене, тука започна Лицемерието!Ти ја делиш власта со оние кои учествуваа на политичкиот погреб на нивниот партнер, а сега почнуваат да го подготвуваат, според мене, твојот! Заев, Албанците не те сакаат! Ниту Македонците! Ниту Турците!Ова е тешка изјава и жалам за ова, но зборувам барем за 100 илјади луѓе од Гостивар!Според условите на маса, ДУИ бараше Бејта да победи во Гостивар. Но, народот не се согласи со ова барање на ДУИ, Бејта изгуби!Сега, почитуван Зоране, кажи ми:Се остава ли град со 100 илјади жители без буџет за атер на ДУИ?!Му се доделуваат ли на еден град вкупно 1000 евра за цела година за култура?! Дури и во Африка да се наоѓавме, ќе направеше нешто УНЕСКО и ќе бевме заштитени!Се давиш во диктаторски скандали, бе Заев! Едно време мислев дека си фер! Вака како ја тераш, создаваш 100 илјади непријатели?!Деновиве очекувам сите надлежности од областа на образованието, од Општина Гостивар да ги пренесеш на централната власт! Срам и брука! Што ќе им кажеш на Европа и Америка, што одиш против нивните стратегии?!Те зема на шија ДУИ!Знаеш што вели народот за тебе?!Вели дека си на добар пат да станеш нов Груевски! Но не си. Јас сум невролог и многу сум ја проучувал човечката личност и ти не си како Груевски, но опкружен си со погрешни луѓе и ризикуваш да станеш! Во моментов одиш само надолу и надолу!Зоране, те потсетувам дека работиш како премиер на државава, затоа стави прст на глава и немој да бидеш како Груевски! Што правиш вака? Ти како да играш оксан, а плочки се жителите на Гостивар! A воедно се земаш себеси на шија!И на крајот, почитуван Зоран:Функцијата премиер ти ја довери народот, не се поигрувај со неа! Особено сега е многу опасно за судбината на државата да се поигруваш со народот!Поздрав од Гостивар!Арбен ТаравариГрадоначалник на општина Гостиварhttps://www.facebook.com/arben.taravari/posts/10215365271586085 

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-3-1

Собраниска делегација на Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Собраниска делегација на Зимската сесија на ПС ОБСЕ Од 21 до 22 февруари 2019 година во Виена, Австрија, ќе се одржи Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, на која ќе учествуваат пратениците: Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата; Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили, членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.На агендата на ова заседание на трите генерални комитети на ПС на ОБСЕ, ќе се разгледуваат актуелните настани во ОБСЕ, следено со прашања и одговори и ќе биде дебатирано за Решавање на долготрајните конфликти: алатки и механизми на ОБСЕ (Прва Комисија), Добро владеење во областа на борбата против корупцијата, перењето пари и финансирањето на тероризмот во регионот на ОБСЕ (Втора Комисија), Обемот на легитимните ограничувања на човековите права во време на вонредна состојба (Трета Комисија) и за претстојната годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ што ќе се одржи од 4 до 8 јули 2019 година во Луксембург.Пратениците Шахпаска и Исмаили ќе учествуваат и на состанокот на „Групата за поддршка на Патот на свилата“ („Silk Road Support Group”) на ПС на ОБСЕ што ќе се одржи на 20 февруари 2019 година, во својство на членови на оваа група од Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПС на ОБСЕ.На учесниците на оваа сесија со поздравни говори ќе им се обрати Волфганг Соботка, претседател на Националниот совет на Австрија; Георге Церетели, претседател на ПС на ОБСЕ; Мирослав Лајчак, претседавач на ОБСЕ и министер за надворешни работи на Словачка и Томас Гремингер, генерален секретар на ОБСЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
reis-pasos

Поглаварот на ИВЗ на Македонија - Реисот Сулејман Реџепи, на ФБ се пофали дека има албански пасош

Првиот човек на Исламската верска заедница реисот Сулејман Реџепи ѝ се заблагодари на Албанија што му го остварила долгогодишниот сон и му издала албански пасош.Албанските власти, со посветеност и потпишување од претседателот на Република Албанија Илир Мета, денеска официјално го издадоа мојот албански пасош.Особено ми е чест и сум задоволен што тоа се случи со поддршка на претседателот Илир Мета, човекот кој се грижи за Албанците каде и да се. Одговорните власти на албанската држава ми дадоа албански пасош за кој мислам дека е од голема вредност, без разлика дали е симболична или практична. Овој пасош е моја радост и остварување на долгогодишна желба, бидејќи со тоа се чувствувам поконкретно дел од мојата мајка-држава. Бог да го благослови претседателот Мета, Бог да ја благослови Албанија, напиша реисот на Фејсбук за новиот пасош и новото државјанатво.https://www.facebook.com/sulejmanrexhepiofficial/photos/a.407122369465082/1126706370840008/?type=3&theater 

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-salivan

Телефонски разговор Заев - Саливан

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска оствари телефонски разговор со Заменикот Државен Секретар на Соединетите Американски Држави, Џон Саливан.Премиерот Заев во разговорот ја изрази благодарноста на Владата на РСМ за силната поддршка на САД за време на целиот процес на спроведување на Договорот од Преспа, и го запозна со активностите на Владата на Република Северна Македонија во врска со спроведувањето на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, односно од Договорот со Грција.Двајцата соговорници за време на телефонскиот разговор се согласија дека успешниот епилог на Договорот од Преспа, како и постапката на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, е од исклучително значење за двете земји, но и за регионот.Премиерот Заев истакна дека Република Северна Македонија останува на својот долгорочен и стратешки интерес за дополнително развивање и проширување на односите меѓу двете земји, особено во делот на економските релации.Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и Заменикот Државен Секретар на Соединетите Американски Држави Џон Саливан го споделија взаемниот интерес и определба двете земји да останат посветени на прашањата за мирот и стабилноста на земјата и на регионот и во таа насока, Заменикот Државен Секретар на САД, Саливан ја изрази неговата постојана поддршка за Преспанскиот Договор и истакна дека со нетрпение чека да ѝ посака добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на НАТО. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija

Во контрола кај Кичево кај пет автобуси биле констатирани технички неисправности, а еден веднаш е исклучен од сообраќај

Во периодот од 16 до 18 февруари оваа година, на подрачјето на СВР Охрид се реализираа повеќе сообраќајни акциски контроли. Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 314 патнички и други моторни возила (Охрид-83, Струга-89, Кичево-82 и Дебар-60), вкупно 144 возачи беа алкотестирани (Охрид-40, Струга-56, Кичево-28 и Дебар-20) пришто, кај вкупно 13 возачи на моторни возила беше констатирано присуство на алкохол во крвта (Охрид-3, Струга-1, Кичево-5 и Дебар-4). Тие веднаш се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи.На подрачјето на Кичево, беше извршена посебна контрола на возила кои вршат јавен превоз при што беа контролирани 34 автобуси и беа упатени во станиците за технички преглед. Кај пет автобуси биле констатирани одредени технички неисправности а еден автобус веднаш е исклучен од сообраќај.По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 24 мандатни платни налози и 14 барања за поведување прекршочна постапка.Акциските контроли беа спроведени со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Тие континуирано ќе се реализираат на целото подрачје, информираше Стефан Димоски, порпарол на СВР-Охрид  

Македонија | пред 7 години

7 год.
durmo-1

(ФОТО) Станицата за технички преглед на газда Дурмиш „трн в око“ на социјалните мрежи

Станицата за технички преглед на газда Дурмиш, се отворила на 03.11.2016 год. на социјалните мрежи се споделува фотографија од чинот на отворањет, на која меѓу другото пишува „Оставка Оли“, се однесува на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.Инаку Станицата за технички преглед, и превозникот Дурмо турс имаат исти сопственик. Опозициската ВМРО ДПМНЕ, веднаш по несреќата во која загинаа 15 лица, а над 30 се повредени побараа информации од МВР зошто станицата за технички преглед „Авто мото здружение Гостивар , која ги сервисирала автобусите на Дурмо турс, добила забрана за работа, но потоа забраната била поништена.Од МВР се правдаа дека ВМРО-ДПМНЕ изнела дезинформации. Од Министерството образложија дека во април минатата година била извршена редовна контрола над „Авто мото здружение Гостивар“ и биле утврдени недостатоци и пропусти во работењето, меѓутоа подоцна недостатокот бил отстранет.„Утврдено било дека не се обезбедува видео запис од возила кои извршиле технички преглед, па поради тоа од страна на МВР е донесено Решение за изречена мерка- Забрана да врши технички преглед на возила и неправилноста да ја отстрани во рок од 30 дена“, велат од МВР.Станицата за технички преглед го отстранила недостатокот и писмено го известило МВР дека тоа е направено, по што стручни лица од МВР извршиле повторен надзор и констатирале дека недостатокот е отстранет, за што се изготвени записник и службена белешка.„Откако е констатирано дека недостатокот е отстранет, на 15 август е донесено решение дека правното лице може да продолжи со работа, бидејќи ги исполнува законските услови.Апелираме до политичките партии да не шират дезинформации и шпекулации и да не се обидуваат да ја злоупотребат оваа трагедија и да остават институциите да ги утврдат причините за овој трагичен настан“, вели МВР во реакцијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
joci-111

Јоци: Силјановска го возврати ударот на ропачкиот дел од популацијата - со стил

Ми се свиѓа изјавава.Силјановска го возврати ударот на ропачкиот дел од популацијата - со стил.Мизогинијата, нападите за старост и изглед, не може никогаш да бидат оправдано политичко орудие. Се сложувале или не со нејзини ставови или со минатото политичко милје, напиша на својот фејсбук профил Јорданка Иваноска Јоци.Таа додава:Политичката кампања за Претседател на Македонија, Силјановска, ја почнува со стилска одбрана од машки шовинисти и грубијани. Не можеше подобра реклама да и` направат.Туку, за оние кои не ја познаваат, т.е не биле нејзини студенти, таа во 90-те, беше права дама. Имено, и уште е дама.Се сеќавам кога одговарав по предметот ,,Политички систем", читав од листот брзо за да изгуби концентрација и да не ме слуша. Некаде 1997. Гледаше низ прозорец додека читав, и на крај ми рече - ,,Колешке, нешто многу ви се брза на вас ?". И ми даде уште едно прашање. Јбг, излезе пола саат слушала се` 😃, напиша Јоци на ФБ.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
patarina1

АМСМ: Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, освен на осојничавите места каде коловозите се влажни.ИЗВЕСТУВАЊЕ: На ден 19.02.2019 и 20.02.2019 ќе се изведуваат градежни активности на регионален пат Р1102, делница Велес - Градско. Сообраќајот ќе се одвива наизменично во двата правци.ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.ЗИМСКА ОПРЕМА: Потсетување за возачите, дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15 март. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

Македонија | пред 7 години

7 год.
50407320_2037289269697107_8259573472892551168_n

Денеска во земјава сончево време

Времето денеска, сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер од северен правец. И за утре метеоролозите најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Македонија | пред 7 години

7 год.
najcevska

Најчевска до Силјаноска: Не си ти фикус драга моја, ти си дифенбахија

Професорката Мирјана Најчевска преку својот Фејсбук профил ја искритикува Гордана Силјаноска која е кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ"Ахахахаха, ќе пукнам. Била кактус. Ахахахахаха.Кого боцнала Гордана - кактусот кога била секогаш покрај некој моќник на кој му се упикувала?Дали се спротиставила отворено на било која неправда во општетсвото?Дали жртвувала било што во име на правдата и правичноста и оној легалитетот кој толку милува да го спомнува.Добро бре Горданче, за што си се борела и за што си се изборела до сега освен за себепромовирање и себепретставување?За повеќе права на жените? За правата на малцинствата? За правата на мигрантите? За правата на стечајците и внатрешно раселените и обесправените и понижените?Не си ти фикус драга моја. Ти си дифенбахија која е опасна по живот и покрај тоа што е толку посакувано собно цвеќе"  стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vlada

Вработување во Влада на Република Македонија

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавуваЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 39/2019за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Влада на Република Македонија - Генерален секретаријат за следните работни места1. УПР0101В01000 Советник за оперативна поддршка на ЗПВРМ за економски прашања, неговите кабинетски службеници и вработените во секторот, Одделение за стручно-оперативна поддршка на Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација со економските ресорси, Сектор за економски политики, структурни реформи и инвестиции(1) извршител(и)Општи услови- да е државјанин на Република Македонија,- активно да го користи македонскиот јазик,- да е полнолетен,- да има општа здравствена способност за работното место,- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.Посебни услови- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Социјална работа и социјална политика, Туризам и угостителство- најмалку 3 (три) години работно искуство во струкатаОпшти работни компетенции- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг- учење и развој- комуникација- остварување резултати- работење со други/тимска работа- стратешка свест- ориентираност кон странките/засегнати страни и- финансиско управувањеПосебни работни компетенции- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)Распоред на работно време- Работни денови понеделник-петок- Работни часови неделно 40- Работно време од 08:00 до 16:00- Опис за работното времеПаричен нето износ на плата: 25.023,00 денариНАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Македонец(ка) 1.Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.Фаза 1 - административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-za-kandidat

(ВИДЕО) Премиерот Заев отворено за фаворитите за кандидат за претседател

На прашањето какво е расположението, партиска или натпартиска личност за добри кандидати за Претседател премиерот вели:Имаме политички партии коишто на личностите кои се номинирани во јавноста гледаат како на добри или помалку добри кандидати за Претседател. Гледам дека не постои некое големо разграничување на партиски и натпартиски, повеќе се изјаснуваат за самите личности, но тоа се само мислења на лидери на партиите. Сите тие, вклучително и ние ќе се вратиме во органите и телата на политичките партии, кадешто со длабински анализи, веројатно со одговорноста за тоа какви пораки ни испраќаат граѓаните преку анкетите коишто ги имаме направено ќе значи и процесот на оформување на мислењето за сите со коишто разговаравме, истакна Заев и додаде:Со оние 22 - 23 коалициони партнери со коишто разговаравме во неделата, со ДУИ со Алијанса за Албанците, со Алтернатива на Африм Гаши и со другите, со Демократска Партија на Албанците, сите гледаат на кандидатот навистина да биде поддржан од огромно мнозинство на граѓани, да има еднакви поддршки од сите етнички заедници и по социјална и старосна структура генерално да има поддршка и од младите и од повозрасните и од средните категории на возраст. Важни им се сите тие аспекти, заради тоа што веројатно си имаат свои стандардни поддржувачи, си имаат свое членство за коешто е важно да изнајдат и мотивација за самата поддршка на претседателските избори, Рано е да кажеме за имиња, мене ми е драго што дел од кандидатите се секако и од СДСМ, си имаат одговорност за ваквиот концепт, но и за градење на единството. Се надевам дека процесот на пристап преку заеднички кандидат ќе даде добар плод, којшто ќе биде од интерес на сите граѓани и на Република Северна Македонија, истакна премиерот.Прашање:  Рејтинг листите на вашите четворица кандидати веќе се готови неофицијално, кој има најдобар рејтинг?Заев: Јас не би можел се уште да коментирам јавно истражување што го имаме добиено. Имаме сериозни фаворити, реков, од анкетираните, поголемиот дел се фаворити за победа на изборите, но тоа е само преку истражувањето, многу е значајно кој стои позади него, многу е значајно каква кампања ќе има, многу е значајно граѓаните како се изјаснуваат во конечноста на донесувањето на одлуките и многу е важно личниот настап на веќе селектиран кандидат, како тоа ќе биде сфатено од јавноста. Јас верувам дека вреди за внимание и за сериозност, но и за одговорност, секој чекор во една ваква постапка и затоа нема да коментирам но ми е драго што навистина имаме широка лепеза на добри луѓе кои што би биле одлични претседатели или претседателки на Република Северна Македонија.Прашање : Дали вие би прифатиле кандидат којшто нема да биде од вашата партија?Заев: Да, дел од разговорите ги разгледувавме темите дека дали треба да размислуваме само за личности коишто се во анкетите. На пример, не зборувам за 4-те, за 6-те, за 10-те кандидати или слично, зборувам за кандидатите за којшто имаме правено истражување, во такви околности ние рековме секое име кое што би имало свои амбиции, прво треба кандидатот да сака да биде претседател, да има свои амбиции а притоа да биде прифатлив, и секако дека секое име е за разгледување. Така што е многу рано да истрчуваме со одредени имиња кои е прво рангиран или кои е второ рангиран, па како е тоа низ кростабулациите низ етничкте заедници прифатлив, или помеѓу другите социјални структури или можеби партиски структури, но важно е што има амбиент за оваа работа. За мене тоа е сериозен исчекор, сега втората работа што е многу значајна, ајде да видиме која е таа личност, постои ли таква личност или личности коишто би не обединиле, сериозен процес е може да биде и неуспешен, но јас верувам дека ако направиме напори дека заради државата и граѓаните може да имаме успешен процес.Прашање: Јавниот повик ви завршува како ќе го реализирате сето тоа?Заев: Знаете дека ние во СДСМ прв пат идната седница ќе се собереме и затоа овој период додека траат јавниот повик, самокандидирањата, кандидирањето од нашите општински организации е процес којшто паралелно тече. СДСМ во својот процес на одлучување како партија се води токму од ваквите сугестии, ние полагаме надеж на нашето членство, нашите поддржувачи којшто исто така имаат свое право да номинираат свои кандидати, за да можеме после од нив да побараме поддршка, навистина преку тропање од врата на врата, преку разговори со граѓаните да дадат поддршка. Целиот овој процес паралелено се одвива и ќе се поклопат термините за донесување на соодветно и навремено на самите одлуки.

Македонија | пред 7 години

7 год.
seca

Бесправно сеча на букови дрва - кривична пријава за две лица од Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.С.(25) и З.С.(32), двајцата од село Падалиште, гостиварско, поради постоење снови на сомнение за сторени кривични дела ,,пустошење на шума“ и „кражба“. Во атар на село Падалиште, на место викано „Бериковски Рид“, од парцела сопственост на Ќ.А.(65) од село Падалиште, пријавените бесправно исекле букови дрва.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кривични пријави за лица од Шумско стопанство „Бабуна“, го оштетиле Буџетот на ЈП „Македонски Шуми”

СВР Велес поднесе кривична пријава против В.С.(36) од село Оморани, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против В.К.(54) од Велес - вработена во Шумско стопанство „Бабуна“ како шумски техничар - референт по превоз, Р.Х.(54) од село Бузалково вработена во Шумско стопанство „Бабуна“ како шумочувар, Н.П.(42) од Штип – вработен во ШС „Бабуна“ како референт по сеча и дотур поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против Г.Ц.(23) од село Ржаничино, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поттикнување“.Во текот на 2018 година првопријавениот, како самостоен техничар во ШС „Бабуна“, на петтопријавениот му издал две одобренија за сеча на вкупно 85 кубни метри огревно дрво од парцела во атар на село Џидимирци и покрај тоа што знаел дека на наведената парцела има околу 19 метри кубни огревно дрво. По ова, второ, трето и четвртопријавениот, со пропуштање на должен надзор при сеча, дотур и жигосување на огревно дрво од страна на петтопријавениот, му овозможиле на истиот да исече и превезе 56,65 кубни метри огревно дрво, со што се стекнал со противправна имотна корист на штета на Буџетот на ЈП „Македонски Шуми”.

Македонија | пред 7 години

7 год.
svr-ohrid

Кривична пријава за бивш градоначалник

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Т.(37) од село Ботун, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“. На 31.07.2013 година пријавениот, како градоначалник на општина Дебарца, спротивно на одлуката на општината, извршил распределба на 20.000 денари на здружение за едукација на жената во руралната средина од село Велмеј, во кое одговорни лица се неговата сестра В.А. и лицето С.А., и покрај тоа што здружението не го исполнувало условот за претходно спроведување на активности од најмалку шест месеци, со што им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист за наведениот износ, а на штета на Буџетот на општина Дебарца.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ubid-3

Шоферот од „Дурмо Турс“ е во домашен притвор - има закани по живот

По информациите дека шоферот на „автобусот на смртта“ со својт фамилија го напуштиле домот, се појави статус на социјалните мрежи во кој се наведува дека шоферот е во домшен притвор но во Скопје.Во продолжение статусот во целост:„Шоферот од „Дурмо турс“ е во домашен притвор . Ситуацијата е лоша. Полиција од Автокоманда има редовно кај нив дома. Дичкото е под силе притисок, од заканите дека ќе биде убиен заради жртвите и од другава страна, да не избега.Хаос им е по дома. Сестра му само плаче. дечково вчера прв пат заплакал. Колку треба да си психички јак за да го издржиш се ова? Се бориш со секундите кои ти се врежани во мозокот, за време на несреќата и во исто време, се бориш со реалноста од 15 жртви и повредени.Во куќта во Керамидница, слшаш како тивко се липа, пишув во објавата на социјалната мрежа фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr

Кривична за директор на основно училиште, го прекршил законот за јавни набавки

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(50) од село Облешево поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на 2016 година и 2017 година пријавената, како директор на основното училиште „Климент Охридски“ во село Облешево, во три наврати, спротивно на Законот за јавни набавки, ангажирала фирми за изведување на градежни активности на објектот на наведеното училиште, без претходно спроведена постапки за јавна набавка, со што им овозможиле да се стекнат со противправна имотна корист од 324.795 денари, а на штета на буџетот на општина Чешиново-Облешево.

Македонија | пред 7 години

7 год.
svr

СВР Битола регистрира низа неправилности во сообраќајот

На 18.02.2019 година полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, безбедносен ремен, светло и алкохол, при што биле контролирани 390 возила. При контролата било констатирано дека 21 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, 12 возачи управувале без возачка дозвола, кај пет возачи било откриено присуство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај.Пет возачи користеле мобилен телефон при управување на возилото, а тројца не користеле сигурносен појас. Девет возачи биле писмено предупредени, а на 50 возачи им биле изготвени мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така, биле изготвени и 26 прекршочни налози. При контролата откриени се и други 18 видови прекршоци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Проект на МВР „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“

Одделението за превенција при СВР Скопје утре (20.02.) во 12,00 часот пред трговскиот центар “Бисер“ (во населбата Аеродром) ќе започне со активности за реализација на проектот - “Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил”.Практично во наредните денови во текот на овој месец во соработка со Здружение на сопственици кои стопанисуваат со Трговскиот центар “Бисер” ќе се реализираат активности во рамки на оваа превентивно-информативна кампања. Основната цел на кампањата е подобрување на општата безбедност на граѓаните и нивниот имот, односно преземање на превентивни мерки и активности во насока на подигање на свеста кај граѓаните и споделување на одговорноста а во интерес на ефикасна превенција од тешки кражби во патничките моторни возила.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vlada-19.02-pak

Усвоен Предлог закон за Агенција на национална безбедност како замена за УБК

На денешната редовна, 122 седница, Владата разгледан и утврдeн е новиот текст на Предлог - законот за Агенција за национална безбедност. Донесувањето на Предлогот на закон за Агенција за национална безбедност ќе овозможи реформирање на Управата за безбедност и контраразузнавање, која нема повеќе да биде орган во состав на Министерството за внатрешни работи, односно се предлага основање на Агенција за национална безбедност како модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Северна Македонија.Целта на предложениот закон е надминување на недостатоците утврдени во извештаите за Република Северна Македонија на Европската комисија, преку воспоставување на модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем со кој Управата за безбедност и контраразузнавање нема повеќе да биде орган во состав на Министерството за внатрешни работи, туку се предлага основање на Агенција за национална безбедност со цел заштита на националната безбедност на државата, односно независноста, суверенитетот, уставното уредување, основните слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот на Република Северна Македонија, како и други работи од интерес на националната безбедност на државата.На оваа седница е утврден и новиот текст на Предлог - законот за координација на безбедносно - разузнавачката заедница во Република Северна Македонија.Со Предлог-Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија се предвидува формирање на посебно тело за координација на безбедносно-разузнавачката заедница со точно утврден делокруг на работа, состав, начин на работа и донесување на одлуки, како и конкретни аспекти во врска со неговата работа кои се предвидуваат во функција на спроведување ефикасна координација на безбедносно-разузнавачката заедница.Предлогот на закон за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија произлегува од усвоените заклучоци од Советот на Европската Унија од 26.06.2018 година, а потврдени од Европскиот Совет на 28.06.2018 година, во чии рамки е нагласена важноста да продолжи напредокот во имплементацијата на Итните реформски приоритети и испорачувањето дополнителни одржливи резултати во областа на: правосудството, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sreba-zaev

Консенсуален претседателски кандидат, неофицијално се размислува помеѓу Димитров, Шекеринска, Пендаровски и Спасовски

Лидерот на „Алтернатива“ Африм Гаши попладнево изјави дека денеска имале многу добра и плодна средба со премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев, а главна тема биле претседателските избори и обидот да се изнајде заеднички кандидат. По се изгледа владејачкото мнозинство е се поблиску до  договор за консензуален кандидат за претседател.Неофицијално на маса биле ставени четири имиња, Никола Димитров, Радмила Шекеринска, Стево Пендаровски и Оливер Спасовски. Организациските секретари на партиите во наредниот период ќе го испитуваат мислењето на членството по што ќе се донесе конечна одлука.И Мендух Тачи  вели дека има целосна доверба во Владата и  дека ќе го подрши заеднички кандидат.Заев утре ќе оствари средба со лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села, а во четврток со Билал Касмаи од Беса.

Македонија | пред 7 години

7 год.
lavina-svajcarija

(ВИДЕО) Снежна лавина во швајцарски ски-центар -има многу затрупани лица

Швајцарското скијачко одморалиште Кран-Монтана е зафатен со лавина соопштуваат швајцарските медиуми. Медиумите објавуваат дека лавината затрупала непознат број скијачи, а спасувачките тимови се на терен и трагаат по исчезнатите лица. Два хеликоптери се пристигнати на местото на настанот.Локалните медиуми известуваат дека лавината однела од 10 до 12 лица, но тој број би можел да биде поголем.Сликите од социјалните медиуми сугерираат дека лавината зафатила означена патека, но полицијата сè уште не ја потврди точната локација на спасувачката операција, пренесе Би-би-си.https://twitter.com/RTSinfo/status/1097889201117368320?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1097889201117368320&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fsnezhna-lavina-vo-shvajcarski-ski-centar-ima-zatrupani-lica-fotovideo https://twitter.com/LaureLugon/status/1097871191547805699?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1097871191547805699&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Farticles%2F366831%2Flavina-vo-najpoznatiot-shvajcarski-zimski-centar-ne-se-znae-brojot-na-zatrupani-skijachi-video

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања