Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Најнови вести

7 год.
filipce-cair

Од повредените пациенти 28 се на клиника, 5 мина критично, девојка може да остане без нога

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска ги  посети повредените во трагичната автобуска несреќа, Десетмина од повредените, се во тешка здравствена состојба, а двајца во критична. Министерот изјави дека од 28 повредени, шест ќе бидат пуштени на домашно лекување.– Четворицата пациенти кои се сместени во КАРИЛ се во тешка состојба. Овие пациенти имаат сериозни повреди кои зафаќаат повеќе системи на човековото тело. Кај една млада пациентка на возраст од 20-тина години ќе се прави хирушка интервенција. Конзилиум сега се одлучува како ќе продолжи третманот на нејзината нога која тешко повредена и згмечена и постои можност да и биде ампутирана. Останатите пациенти имаат повреди на локомоторниот систем, на градниот кош и на стомакот, вели министерот за здравство Филипче, кој денеска ги посети повредените пациенти.Според директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов, заради влошување на состојбата синоќа оперирани биле 15-годишното момче и 40-годишен пациент. Според директорт во моментов тие се стабилна состојба и се во Одделот за реанимација.истакна дека двајцата пациенти кои беа пренесени од Одделот за интензивно лекување, 15-годишното момче и 40-годишниот пациенти синоќа заради влошување на состојбата и губење на крв биле внесени во оперативниот протокол.    

Македонија | пред 7 години

7 год.
sutka-zatvor

Осуденик избегал од истражниот затвор во Шутка

Осуденик на возраст од 34 години вчера избегал од истражниот затвор во Шутка. Информацијата за бегството на затвореникот ја потврдија и од МВР и директорот на истражниот затвор во Шутка.Според информации од затворот се работи за осудено лице со либерален третман кој престојувал во полуотвореното одделение и бил ангажиран во затворската кантина. Издржувал казна затвор од три години за нелегална продажба на петарди. Од казната му останувале уште 10 месеци. 

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Демонтиран и украден дел од фонтаната на плоштадот Магнолија

Во текот на вчерашниот ден, во раните утрински часови во битолската полиција било пријавено дека три малолетни лица оштетуваат дел од фонтаната на плоштадот Магнолија. По брзата реакција на полицијата, сторителите избегале од местото во различни правци. Од страна на припадниците на полицијата во близина на фонтаната, во паркот кај Градскиот часовник, е пронајдена едната украдена бакарна лента од бордурата на штитот на фонтаната во должина од четири метри.[caption id="attachment_27065" align="alignnone" width="992"] dav[/caption]Општина Битола уште еднаш упатува апел до жителите на градот, да не ги оштетуваат јавните придобивки кои им служат на сите граѓани, а истовремено претставуваат слика и белег на Битола за секојдневните посетили. Воедно, општината ги поздравува пријавителите на вакви настани и ги охрабрува истото да го прават и во иднина, со што би се спречиле или намалиле штетите од ваквите девијантни појави на несовесните граѓани.Голема благодарност општината упатува и до припадниците на СВР Битола, кои веднаш реагирале и не дозволиле штетата да биде уште поголема, како и за постојаната взаемна соработка со цел да се сочуваат јавните добра и придобивки за сите граѓани.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ubistvo-viena

И пукал во глава, па се самоубил – причина љубомора

(52) Жељко Б, државјанин на Босна и Херцеговина, синоќа, на улица во Виена, ја застрелал во глава поранешната девојка, Виолета Ј.(48), која има српско потекло.Како што пренесува австриски „Нaute“, Србинката е во кома и многу е веројатно никогаш да не се разбуди.Според полицијата, мотовот за злосторството е љубомора бидејќи парот раскинал, а девојката имала ново момче. Виолета работела како келнерка во „Кафе Ребека“, каде нејзиниот поранешен се појавил, нарачал пијалок и според очевидците, бил смирен и не правел проблеми.Но, кога нејзината смена завршила, околу 21 часот, Виолета го напуштила локалот, а тој ја следел. По кратка расправија на улицата, Жељко извадил пиштол и пукал во главата на жената, а потоа се самоубил.Според медиумите кога ја видел како паѓа, го свртел пиштолот кон себеси. Минувачите повикале брза помош.Според австриските власти  овој инциденет е злосторство од страст. Појаснуваат дека ова е осмо злосторство од страст од почетокот на годинава. 

Свет | пред 7 години

7 год.
sud

Завршни зборови за „27 април“: Трајковски во Собранието влегол од радозналост

 На денешното рочиште за предметот „27 април“ на СЈО, повторно се даваа завршни зборови од дел од адвокатите на обвинетите во процесот.Обвинетиот Влатко Трајковски во Собранието на 27 април 2017 влегол од  радозналост, а не за да стори кривично дело, а пратениците и новинарите ги прскал со ПП апарат бидејќи бил исплашен и депресивно растроен,  рече адвокатката Билјана Стојановиќ во завршните зборови на денешното судско рочиште за „крвавиот четврток“.Според неа, за невиноста на Трајковски говореле и сведоците, а еден од нив посочил и дека помагал на една повредена пратеничка во нејзиното извлекување од Собранието.Адвокатката Стојановиќ рече дека Трајковски бил бранител од 2001 година и поради тоа имал депресивно растројство, при што не можел да ги контролира своите емоции и во Собранието со ПП апарат ги испрскал неколку пратеници, свесен дека со тоа нема да ги повреди.Таа од Судот побара ослободиделна пресуда за Трајковски, бидејќи, според неа, доказите на обвинителството не покажале дека тој го сторил кривичното дело.И адвокатката на обвинетиот Никола Митревски – Кољо, Маја Дојчиновска пред Судот истакна дека тој во Собранието влегол без фантомка и оти не превземал никакви дејствија.По изнесување завршни зборови од адвокатите на сите 17 обвинети во овој случај, можност да дадат завршни зборови ќе имаат и самите обвинети.Судскиот процес почна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Процесот започна против 33 обвинети, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок. 

пред 7 години

7 год.
133474234-105843-207971

Градежни работи од граничниот премин Долно Блаце - Хани Елезит сообраќајот во прекин

Ве известуваме дека заради изведување градежни работи сообраќајот на магистралниот пат од граничниот премин Долно Блаце - Хани Елезит кон Приштина ќе биде во прекин, почнувајки од денеска 15.02 (петок) до 22.02 (петок) во периодот од 08.00-11.00 и од 13.00 - 15,30 часот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
daniela

Ни трага ни глас од Даниела – семејството моли за помош

Сеуште нема никаква трага за Исчезнатото лице (40) Даниела Пецевска од скопско Драчево ја нема веќе 4 дена. Исчезна во понеделникот и од тогаш и` се губи секаква трага.Доколку имате некаква информација исконтактирајте го семејството на телефонскиот број: 076-360-309. Последен пат била забележана во реонот на скопски Аеродром.Инаку Даниела е медицинската сестра. Таа во понеделникот тргнала за на работа по што и се губи секаков траг.Кога излегла од дома, таа била облечена во црна подолга јакна, црни пантолони, тегет кратки чизми, под јакната носела црвен џемпер на раскопчување. Висока е околу 165 сантиметри, и има црна коса и зелени очи. Даниела е мајка на три деца, од кои две се малолетни. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
pecat-pasos

Во пасошите печат како доказ дека се патни исправи на Република Северна Македонија

Од вчера пасошите на РМ се ставаат печати, како доказ дека се патни исправи на Република Северна Македонија.Во наредните 5 години сите граѓани треба да добијат пасоши на Република Северна Македонија. Важечките патни исправи ќе можат да се користат до 2024 година, но во нив ќе се става печат со кој на македонски, англиски и француски се објаснува дека „пасошот е сопственост на Република Северна Македонија".Менувањето на стариот пасош со нов е на сметка на секој граѓанин посебно. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
wikipedia1

(ФОТО) Северна Република Македонија и на Википедија, а Иванов сеуште е претседател на Р Македонија

Новото име Република Северна Македонија почна да го користи и глобалната интернет енциклопедија Википедија.Во информациите за земјава на Википедија на англиски, на француски, на грчки и на повеќе други светски јазици веќе е наведено дека новото име на државата е Република Северна МакедонијаВо текстот се наведува дека смената на името следува по постигнување на на Преспанскиот договор потпишан од министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас.Инаку во земјава Владата експресного замено името Република Македонија со Република Северна Македонија.Во моментов само претседателот Иванов, според официјалниот сајт е претседател на Р Македонија?

Македонија | пред 7 години

7 год.
elon-mask

Колку чини билет за Марс?

Преселувањето на Марс еден ден може да чини помалку од 100.000 долари, вели Илон Маск, а враќањето би можело да биде бесплатно, доколку не ви се допадне животот таму, објави Факултети.мк. Милијардерот, кој е основач на неколку компании, вклучувајќи ја и приватната вселенска компанија „Спејс екс“, се надева дека еден ден ќе ги однесе граѓаните на Црвената Планета, со надеж дека би можеле да живеат таму, објави факултети.мк.Според него, патувањето ќе биде релативно евтино, иако делумно зависи од тоа колку луѓето навистина сакаат да одат. На прашање на „Твитер“ колку би чинело патувањето до Марс, тој изјави дека ќе биде толку евтино што многу луѓе лесно би се преселиле на Марс.Многу зависи од обемот, но уверен сум дека преселувањето на Марс (повратниот билет е бесплатен) еден ден ќе чини помалку од 500.000 долари, а можеби дури и под 100.000 долари. Доволно ниско за повеќето луѓе од напредните економии да го продадат својот дом на Земјата и да се преселат на Марс, ако сакаат - напиша тој.Текстот во целост на Факултети.мк

Магазин | пред 7 години

7 год.
n7Zk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnpNN01EQV8vNDdiYWVmN2NjMWFmOGUxZTljNmM3YmMyYTIzN2E1ZmEuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ВИДЕО) Што затекнаа новинарите во куќата на серискиот убиец од Босна?

Босанските медиуми објавија видео од куќата на серискиот убиец Един Гачиќ кој сееше страв во Босна.Инаку Гачиќ на 4. февруари брутално го уби Суад Султаниќ, а на 9. февруари уби и полицаец, после што избега. Един беше ликвидиран  по неколку дневна потрега по него, откако полицијата открила каде се крие, тој почнал да пука на нив, а во престрелката бил повреден и еден специјалец.Се покажа дека Един Гачиќ, поради своите религиозни убедувања и националност, бил жртва на тортура на почетокот на војната во Бања Лука. Индекс.хр пишува дека токму тоа се причините поради кои Гачиќ е „малтретиран“ и „прогонуван“ и оти прогонот на несрпско население и уривањето на верските објекти во градот на Врбас значително влијале на неговата радикализација. Тогаш тој имал 18 години. Со неговата мајка Сифета во 1994 година побегнал во Хрватска, но на крајот на војната, во 1995 година се приклучил на одредот на војската на БиХ „Ел Муџахид“.Загрижуваат изјавите на експертите кои  предупредуваат дека БиХ е полна со луѓе како Гачиќ.

Свет | пред 7 години

7 год.
kurumi

Во куќа во тетовско пронајдени куршуми

На 14.02.2019 година во периодот од 13.30 до 15.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски  службеници извршиле претрес во домот на К.Н.(64) во село Глоѓи, тетовско. При претресот биле пронајдени и одземени 185 куршуми за пиштол калибар 7,62 милиметри и 40, исто така, куршуми за пиштол, калибар 6,35 милиметри, за кои К.Н. не поседувал соодветна документација. К.Н. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
rektor-UKIM

Ректорот Никола Јанкуловски изрази сочувство за трагичната смрт на четворицата студенти од УКИМ

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски изрази сочувство за трагичната смрт на четворица студенти од УКИМ кои загинаа во автобуска несреќа – Павле Костоски од Правниот факултет, кој магистрирал пред три месеци, Онур Садику од Медицинскиот факултет, Бејза Узеири од Архитектонскиот факултет и Јовица Трпевски од Електротехничкиот факултет.–Длабоко сум потресен од трагичната сообраќајна несреќа во која настрадаа наши граѓани. УКИМ изразува најдлабоко сочувство кон семејствата на загинатите. Особено болно за академската заедница на УКИМ е загубата на четирите студенти од овој Универзитет, наведува Јанкуловски.Во дописот тој се оградува и од изјавата на професорката од Правниот факултет Билјана Ванковска бидејќи, како што вели,  во врска со нејзината изјава вчера во медиумите и на социјалните мрежи бил повикуван и споменуван УКИМ. Притоа додава и дека Скопскиот универзитет  секогаш ја поддржувал слободата и правото на секој професор и студент слободно да мисли и да го изразува своето мислење.

Македонија | пред 7 години

7 год.
darij

Словенечки пратеник украл сендвич – вели направив „социјален експеримент“, подоцна платив

Пратеник во словенечкиот парламент поднесе оставка откако украл сендвич во продавница во Љубљана, велејќи дека го направил тоа бидејќи бил игнориран од вработените.Дариј Крајчич им кажал на медиумите дека бил изнервиран од тоа што „го третирале како воздух“ и затоа решил да го стави на тест обезбедувањето на супермаркетот. Кражбата поминала незабележано, но членот на владејачката партија Листата на Марјан Шарец (ЛМС) подоцна се вратил и го платил сендвичот. Крајчич се извини за својот, како што го нарече, „социјален експеримент“.Мислам дека стоев три минути без некој да ме послужи. Тројца вработени си зборуваа меѓусебе, па решив да го тестирам нивното внимание. Никој не тргна по мене, ниту ми свика, изјави поранешниот професор. Неговите колеги прво со смеење ја примиле приказната, за потоа неговата акција да биде осудена од партијата.

Свет | пред 7 години

7 год.
vlatko

Ѓорчев на ФБ: Од понеделник тргнуваме заедно да ги поразиме Заев и СДСМ

Пратеникот Владимир Ѓорчев, кој до својата матична партија поднесе кандидатура за претседател и очекува истата да биде поддржана во сабота на партиската конвенција во Струга, не запира со состаноци по месните комитети. На својот фејсбук профил во денот ги објавува сите средби кои ги остварил и на кои на членството им ја претставил својата програма.Во еден од своите постови Ѓорчев пишува: Три важни работи:Прво, имам бесконечна доверба во членството и делагатите на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Се надевам дека ќе бидам избран за кандидат.Секој резултат ќе го почитувам. Секој претседателски кандидат избран на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја има мојата целосна поддршка.Од понеделник тргнуваме заедно да ги поразиме Заев и СДСМ.Второ, Христијан Мицкоски има мојата целосна поддршка како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Изминативе 15 месеци, сега во моментов и понатаму стојам зад неговата напорна работа во овие тешки околности за државата и ВМРО-ДПМНЕ.Во следните месеци и години треба да се насочиме кон штетните политики на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е најсилна како обединета и сплотена структура.Христијан Мицкоски е нашиот кандидат за премиер на следните парламентарни изботи, а потоа мандатар и претседател на Владата на Република Македонија.Трето, како претседател на Република Македонија, после првиот ден со Мицкоски како премиер, ќе иницирам повторно основање на тимовите за странски инвестиции.Ќе го вратиме времето кога во Македонија се отвораа фабрики и погони секој месец. Како претседател, подготвен сум со идниот премиер Мицкоски заедно да појдеме низ целиот свет за да привлечеме нови инвеститори и да се отвораат нови работни места.Да расте стандардот и да ги задржиме младите. Заеднички и сплотено ќе се бориме за подобра Македонија.Да победиме заедно. За Македонија. 🇲🇰, напиша Ѓорчев на ФБ.https://www.facebook.com/VladimirGjorcev/photos/a.810767102284086/2459768900717223/?type=3&theater 

Македонија | пред 7 години

7 год.
makedonija-forbs

И годинава Македонија на листата „30 под 30” листата на Forbes за 2019 година

Макеоднија и оваа година има свои претставници на листата 30 under 30“ за Европа во категоријата „Социјални претприемачи“ на Frobes. Листата беше објавена на 12 февруари, со отворање на Лондонската Берза магазинот Forbes ја објави листата „30 под 30” за 2019 година за Европа. Наши претставници се Аријана и Бојан Коскарови основачи на моделот за иновативно неформално образование „Creative Hub“.Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се ескперти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Овој тренинг хаб постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски Маркетинг настан, HR Сабота, Photography Masterclass со Фотографот на Вог итн. Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.Покрај  Аријана и Бојан Коскарови, оваа година на листата се најдоа и актерот Даниел Ретклиф (познат по улогата во „Хари Потер“), фудбалерот на Атлетико Мадрид Антони Гризман, наследникот на гигантот „Луј Витон“, Антоан Арно и многу други.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sreteniegospodovo

Денеска е Сретение Господово

Празникот Сретение е еден од 12 големи црковни празници, заедно со Рождество, Богојавление, Воскресение, и како и тие, има длабока спасителна смисла. Реалниот настан врз кој се темели длабоката содржина на овој празник е расказот за Симеон, кој по неговата средба со Бога беше наречен Богопримец. На овој старец преку ангел му било кажано дека нема да умре дури не го види ветениот Помазаник, Месијата. На неговото чекање доаѓа крај 40 дена по раѓањето на Исус Христос. Според Мојсеевиот закон, во тој ден секое првородено машко дете се носело во eрусалимскиот храм. На тој ден, во храмот, се случила средбата на свети Симеон и Богочовекот Исус Христос, и тоа е првата средба лице в лице на човекот со Бога. Длабоката смисла на овој празник се состои токму во таа оттогаш отворена можност за општење со наднебесниот Бог лице в лице.Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Сретение Господово, што секогаш се празнува 40 дена по Рождество Христово. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
mandarini

АХВ: Во Македонија нема небезбедни мандарини

Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација дека на пазарот на нашата земја се пласирани небезбедни мандарини, вклучително и мандарини кои се увезуваат од Република Турција. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли и на пратките со цитрусно овошје кои се увезуваат во земјава, вклучително и на увозот на мандарини од Република Турција.Во рамки на контролите при увоз и на овој тип овошје, по потреба, се земаат мостри за лабораториско испитување, вклучително и за евентуално утврдување на присуство на пестицидот поради кој била изречена забраната за увоз на мандарини по потекло од Република Турција во Република Српска.Пратки со посоченото цитрусно овошје од Турција во земјава, лабораториски се тестирани во месец декември 2018 година, а во фаза на лабораториско тестирање се и мострите кои инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство ги земаа овој месец. Во испитаните мостри во декември 2018 година, не се утврдени отстапувања во поглед на безбедносните критериуми за цитрусното овошје. Досегашните, со години извршени испитувања на безбедноста на цитрусното овошје, покажуваат резултати во граници на дозволеното поради што не се изречени ниту забрани за увоз.Минатата година во земјава биле увезени повеќе од 8.6 милиони килограми мандарини, најмногу од Турција и соседна Грција, велат од агенцијата за храна и ветеринарство. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

Билтен МВР: 24 часа Скопје

Еден пешак е потешко повреден, а четворица полесно во четири сообраќајни незгоди што се случиле во Скопје во изминатите 24 часа.Вкупниот број на сообраќајки регистрирани изминатото деноноќие е осум, а во четири од нив е причинета материјална штета. Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај тројца возачи кои биле под дејство на алкохол, четвроица кои возеле пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и еден возач почетник. Од сообраќај се исклучени и шест нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.Изминатото деноноќие се евидентирани и 37 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, шест возачи кои не носеле сигурносен појас и осум возачи кои зборувале на мобилен телефон.За непрописно паркирање се издадени 99 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 80 возила. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
turcija-2

Уапсени четири лица поради уривањето на станбена зграда во Истанбул

Турските власти приведоа четири лица поради уривањето на станбена зграда во Истанбул, при што загинаа 21 лице.Осомничените се проект-менаџерот Сузан Чаир, шефот на надзор на изградбата на зградата Угур Мисирлиоглу, градежниот инспектор Арзу Келеш Боран и инженерот Осман Мисирлиоглу. Тие се обвинети за „убиство од небрежност“.Во населбата Картал, во азискиот дел на Истанбул, пред две седмици се урна осумкатница, додека во неа имало 30 станари, од вкупно 43. Причината за уривањето сè уште не е позната.

Свет | пред 7 години

7 год.
bigorski

Молитви во Бигорскиот манастир за душите на загинатите во автобуската несреќа

По повод трагичната сообраќајна несреќа што се случи кај селото Ласкарци, Бигорскиот манастир го изразува своето длабоко сочувство кон семејствата на жртвите, молејќи се за покој на нивните души.-Нека милостивиот Бог снисходливо погледне на нив и нека ги прими во Своето Царство, а на нивните најблиски нека им испрати утеха и сили, за полесно да ја поднесат оваа за нив голема болка. Вечен им спомен!,- стои во сочувството објавено на веб сајтот на ова македоско древно светлиште.Нашите молитви, стои понатаму, се упатен кон Бога за брзо закрепнување на повредените и што поскоро враќање во нивните домови меѓу своите најмили.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sekerinska_nato_5-1

(ВИДЕО) Шекеринска од Брисел: НАТО е сојуз на држави со исти вредности кои се поддржуваат и во тешки и во добри моменти

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во изјавата по денешните сесии на министерскиот состанок во НАТО изрази длабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во синоќешната несреќа на патот Скопје - Тетово и ги пренесе изразите на сочувство од учесниците на состанокот на Северноатлантскиот совет на Алијансата.„Од генералниот секретар на НАТО, преку високата европска претставничка Могерини, до моите колеги министри за одбрана од САД, Германија, Словенија, Холандија и Грција - сите уште на самиот почеток на нашите средби ги упатија истите зборови на сочувство и огромно жалење за изгубените животи. Тоа покажува дека НАТО не е само воен сојуз, туку сојуз на држави кои споделуваат исти вредности, држави кои се заедно во тешки и во добри моменти“, рече министерката Шекеринска денеска по двата состаноци на Северноатлантскиот совет во Брисел, во однос на вчерашната трагична автобуска несреќа кај Карпалак.Во однос на денешните министерски состаноци, Шекеринска истакна дека ова е вистинска прилика да се види која е разликата од тоа дали земјата учествува или не на состаноците на Алијансата.„Наместо како досега кога за нашата држава се разговараше на состаноци на кои што наши министри не присуствуваа, сега ние имавме прилика да го кажеме нашиот став за тоа што се случува во светот, за тоа какви треба да бидат операциите и акциите на НАТО и за тоа кои политики и на Балканот и во Европа ќе нè донесат до зголемена безбедност и зголемен просперитет“, рече министерката.Шекеринска потенцираше дека нашите припадници продолжуваат со придонесот во Авганистан, но и со поддршката на мисијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, ЕУФОР- АЛТЕА, како и со мисијата на Обединетите Нации во Либан.„Ние покажавме дека имаме луѓе, дека имаме Армија и капацитети на кои што земјите-членки на НАТО можат да се потпрат и сега е моментот тоа да го материјализираме и со членство во Алијансата. Побарав и од моите колеги министри за одбрана да лобираат за побрз процес на ратификација на пристапниот протокол, за нашата држава да може да ги ужива сите привилегии на полноправно членство. Ова е шанса за сите нас, ова е шанса еден чекор плус во обезбедувањето на целосна безбедност и просперитет за сите наши граѓани“, заклучи министерката.Денеска завршува првата сесија на Северноатлантскиот совет на министри за одбрана на земјите-членки на НАТО. На состанокот, како и на билатералните средби со генералниот секретар на Алијансата, Столтенберг, и со министрите за одбрана на Грција, на Турција, на Канада, на Велика Британија, на Белгија и на Бугарија, министерката Шекеринска доби честитки за заземеното место во НАТО како и за покажаната храброст и лидерство. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
vrapciste

(ВИДЕО) Владина делегација на комеморативната седница во Општина Врапчиште за загинатите од сообраќајната несреќа

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ја предводеше владината делегација и заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, денеска присуствуваа на Комеморативна седница во Општина Врапчиште. Седницата се одржа за загинатите во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи во близина на село Ласкарци, на автопатот Скопје-Тетово.„Примете искрено сочувство за загинатите од име на Владата и од мое лично име. Нека почиваат во мир. Длабоко сочувствуваме со вашата болка и голема загуба. Земјата е во тага, ова е голема трагедија за целата наша држава. Ќе направиме сѐ што e можно, да ги поддржиме сите семејства на загинатите сограѓани. Грижата нема да ги замени тагата и болката, но поддршката е потребна за да продолжите понатаму. Тоа е почит кон починатите и наша заложба да ви помогнеме вам, нивните семејства“, им порача Николовски на семејствата на загинатите.Во тешката и трагична сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје-Тетово загинаа 14 лица, а седум од повредените се во тешка состојба.„Посакуваме брзо опоравување на повредените. Нашите мисли се со нив. Се надевам дека што поскоро ќе се вратат кај своите семејства“, додаде Николовски.Двајца од починатите и тројца од повредените во сообраќајната несреќа се од Општина Врапчиште.„Со жалост ја примив веста за трагичниот настан што се случи вчера. Дел од патниците се и граѓани од нашата општина. На повредените им посакувам здравје, а на фамилиите на загинатите им пренесувам сочувство од мое име, од име општинската администрација, од Советот и сите граѓани на Општина Врапчиште“, порача градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
dzukanovic

Ѓукановиќ: Немам намера да поднесам оставка

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ за Црногорските медиуми кажа дека нема намера да поднесе оставка, иако, како што кажа, еден дел од црногорската јавност во моментов тоа го сака.Ѓукановиќ, во последно време е на удар на тешки обвинувања од страна на некогашниот пријател, советник и соработник, претседателот на Атлас групата Душко Кнежевиќ.Според Црногорскиот претседател аферата Атлас има две цели, од кои првата е Кнежевиќ да се заштити од очигледната кривична одговорнос, а втората, како што тври, и поважна цел е обидот аферата да се стави во функција на вознемирување на јавноста и предизвикување улични протести, односно смена на власта на улица.Инаку  црногорската полиција денеска го уапси Ж.П. (49) од Андријевица поради сомнеж дека под фотографијата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на „Фејсбук” објавил коментар со заканувачка содржина.– Ж.П. на неговиот „Фејсбук” профил синоќа објави фотографија на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ со заканувачки коментар за неговиот живот, се вели во соопштението.  

Свет | пред 7 години

7 год.
spasovski

МВР покрана пет постапки за говор на омраза по тешката сообраќајна несреќа

Покренати се пет постапки за говор на омраза по тешката сообраќајка на автопатот Скопје - Тетово, информираат од МВР.Поднесени се пет пријави за говор на омраза до јавните обвинителства во Скопје, Струмица и Куманово и се работи на откривање на други профили на социјалните мрежи од кои се шират говори на омраза.– Тоа е чувство на човечки пораз, лично, чувствувам дека како луѓе неможеме да се издигнеме пред се, дека сакаме да се почитуваме меѓу себе, туку напротив, можеби политичките, верските и националните поделби ги ставаме пред човечкиот живот што е нешто најсвето. Таков говор на омраза апсолутно ме прави понижен и поразен кога доаѓа дури од универзитетски професор, рече Спасовски, во интервју за 1 ТВ.Инаку во интервју министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека  очекува утре да има првични сознанија околу истрагата за  автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кај село Ласкарци, во која загинаа 14 лица, а 37 лица беа повредени.Спасовски кажа дека синоќа се извршил разговор во полициска станица со возачот на автобусот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања