Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
maxresdefault-1

Доживотен затвор за терористите кои убиваа туристи на плажа во Тунис

Седум лица се осудени на доживотен затвор за терористичките напади што се случија во Тунис во 2015 година.Судот во Тунис осуди на доживотен затвор седум обвинети, а некои добија затворски казни од 6 месеци до 16 години за двата одвоени напади што се случија во 2015 година, а во кои беа убиени 60 луѓе, меѓу кои повеќето туристи.Адвокатот на еден од 44 обвинети рекол дека се изречени пресуди за нападот во познатиот Бардо Музеј и за масакрот во хотелот „Империјал“ во Сус во 2015 година. Обвиненијата против 27 осомничени биле отфрлени.Никој од обвинетите не бил осуден на смртна казна.За нападите одговорноста ја презеде Исламска држава.

Свет | пред 7 години

7 год.
brak-deca

Расте бројот на малолетничките бракови во Албанија

Од вкупниот број бракови во текот на една календарска година во Албанија дури 17,4 отсто се малолетнички.-Во текот на 2017 година во брак стапиле 3.827 малолетни девојчиња, наспроти 120 момчиња од оваа возраст,додека во 2016 годна во брак стапиле 3.339 тинејџерки и 88 момчиња, потврдува официјалната статистиката на Иститутот за статистика на Албанија,ИНСТАТ.Познатиот албански психолог Ариана Муча, тврди дека бројките се многу повисоки,бидејќи голем број од малолетничките бракови не се регистрирани во матичната книга на венчаните.Причината за малолетничките бракови пред се се од економска природа.Според Муча семејството бракот го гледа како единствен спас од тешката економска криза во која се наоѓа па го мажи женското дете за човек кој е добро ситуиран, бидејќи во овие случаи женското дете се продава.Малолетничките бракови во Албанија се забранети со закон ,но присуството на оваа појава потврдува дека истиот не се почитува.

Свет | пред 7 години

7 год.
gordana-siljanovska

Силјановска: Право на секој народ е да го одреди политичкиот систем, симболите, химната, а власта се откажа од него

Името е неразделен дел од правото на самоопределување, заедно со знамето, со химната, Уставот, смета кандидатската за претседател, професорката по политички систем Гордана Силјановска Давкова.Според неа, право на секој народ е да си го одреди политичкиот систем, симболите, химната, бидејќи тоа е нешто што е врзано за ова право.„Како што гледате, сегашните власти се откажаа и од него. Но, за да се покренат постапки, за да се направи околу претседателот еден тим на експерти кои ја знаат оваа материја, потребно е и Влада да има од поинаков тип. И оваа Влада треба да си замине, затоа што меѓународните односи се поделена надлежност меѓу шефот на државата и меѓу Владата, односно Министерството за надворешни работи“, изјави Силјановска Давкова.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

СДСМ: Обезбедени се над 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места за младите

Мерките од Оперативниот план за вработување 2019 година обезбедува фер шанси за вработување на младите, преку најразлични обуки и прекфалификации, велат од СДСМ.„Преку една од мерките обезбедени се над 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места во оваа сфера за младите.Со оваа мерка се опфатени 1.323 невработени млади лица до 34 години кои можат да се вработат преку обуки и прекфалификации.Важно е тоа што новите работни места како и потребите од преквалификација и стекнување на дигитални вештини се подговени заедно со работодавците.Дополнително, доколку некое невработено лице не успее да се вработи со оваа мерка, останува можност за искористување на други програми и мерки од Оперативниот план за 2019 година.Оперативниот план за вработување за 2018 година имаше реализација од високи 95% и даде одлични резултати. Оправдани се очекувањата дека Оперативниот планот за 2019 година ќе даде уште подобар резултат, пред се за младите луѓе“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонската јавност веќе неколку недели е во исчекување СДСМ да го каже својот став

Доколку Заев навистина сака да го слушне гласот на народот, нека не бега од граѓаните и нека распише избори за да види што мислат тие за неговото двогодишно владеење, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Македонската јавност веќе неколку недели е во исчекување СДСМ да го каже својот став во однос на предвремени парламентарни избори. Јавноста веќе подолг период очекува Зоран Заев да се охрабри и да донесе  конечно одлука дали е спремен да оди на избори и да се соочи со гневот на граѓаните, гнев насобран за овие две и половина години владеење на СДСМ.За две ипол години одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев на македонската држава и сервираше порази на секое поле, го понижи и деградираше македонскиот народ.  Власта се откажа од се што е македонско, од македонскиот јазик, култура, идентитет, име, историја, но и иднина.Преку секојдневното задолжување, ја доведе државата пред банкот, а ги задолжи граѓаните за милиони евра кои треба тие и нивните идни поколенија да ги враќаат. Стандардот на граѓаните е во слободен пад, граѓаните се доведени на работ на егзистенција, повеќе од 400 илјади граѓани живеат со еден оброк на ден. Им го ускратија покачувањето на пензиите на пезнионерите, пазарџиите ги оставија без нивното парче леб, а над 80 проценти од младите без размислување би ја напуштиле Македонија, ги зголеми давачките кон државата за сите.СДСМ го подели општеството како никогаш досега, по етничка, партиска и каква си уште не линија. Со Законот за двојазичност, се обиде непринципиелно да купи гласови, но не им успеа. Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците буквално сите сега го бараат ветениот живот, ветената просечна плата од 500 евра, враќање на младите.Но од ветувањата на СДСМ нема ни трага ни глас. Токму поради ова нема ни трага ни глас од Заев, го нема никаде да го каже својот став во однос на предвремените избори, се плаши да се соочи со гневот на граѓаните, на македонскиот народ, со последиците од црнилата кои ги остави во Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ministerstvo-za-kultura-5

Гаши: Најголемите фестивали и настани беа најголемите прекршители на барањата на конкурсот на Министерството за култура

Плеурат Гаши, претседател на комисијата за фолклорна и музичко-сценско дејност, реагираше во врска со конкурсот на Министерството за култура.„По повод настанатата ситуација во врска со реакциите на медиумите јас сум должен да реагирам за волја на вистината...пред да започне прегледувањето на предметите завземавме строг став околу начинот на анализирање на секој детал од доставениот проект...Во нашата тековна работа наидовме на општ хаос во апликациите...имено најголемите фестивали и настани беа најголемите прекршители на најелементарните барања на конкурсот...јас лично со моите колеги од комисијата ги баравме и им укажувавме дека ги немаат основните документи за прописно аплицирање...некои од нив образложуваа дека секогаш така било(без документи),додека други се изјаснуваа дека проблемот ке го решат на повисоко ниво,мислејки дека министерот и кабинетот ке им излезат во пресрет...Министерот Адеми со неговиот кабинет бараше и настојуваше да бидеме коректни,праведни и под никакви околности да не го прекршиме законот...Мислам дека бев јасен и дециден во мојата реакција...сите ние треба еднаш и засекогаш да престанеме со манипулации,несовесно трошење и злоупотребување народни средства.П.с. во целост го прифакјам предлогот на Министерот во понеделник да ги отвориме уште еднаш одбиените предмети...настојувам на тотална транспарентност до крај“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sergey-bazdnikin

Сергеј Баздникин: Западните земји продолжуваат со рускофобичната кампања во Македонија

Рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин, ги обвини западните земји за продолжување на, како што рече, рускофобичната кампања во Македонија.„Некои западни земји, предводени од САД, навистина го зајакнуваат антируското чувство низ целиот свет, обидувајќи се во својата пропагандна орбита да повлечат што е можно поголем број на земји од целиот свет, притоа ставајќи акцент на атлантаката солидарност“, изјави Баздникин во интервју за ТАСС.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dzaferi

Џафери во официјална посета на Словенија

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери од денеска до вторник ќе биде во официјална посета на Република Словенија.Во состав на Делегацијата предводена од претседателот на Собранието ќе бидат и членовите на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија, г-ѓа Фросина Ташевска - Ременски, потпретседател на Собранието на Република Македонија и член на Групата за соработка, г-ѓа Нада Ципушева, претседател на Групата за соработка со Парламентот на Република Словенија и г-ѓа Шпреса Хадри, исто така член на Групата за соработка.Во рамките на официјалната посета, претседателот на Собранието на Република Македонија ќе се сретне со претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, г. Дејан Жидан, со претседателот на Република Словенија и претседателот на Владата на Република Словенија.Покрај тоа, ќе се сретне со членовите на Комитетот за надворешна политика, Комитетот за ЕУ работи, Комитетот за одбрана, Групата на пријателство со Република Македонија и со министерот за надворешни работи на Република Словенија.Во Програмата за посета е предвидено и обраќање пред пратениците на Државниот Збор и средба со координаторите на пратеничките групи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сончево со мала облачност, од утре промена на времето

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно западен ветер, особено изразен во западните делови. Температурата ќе се движи од 6 до 16 степени.Во Скопје сончево со мала облачност и температури од -3 до 12 степени,Утре во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер кој во западните делови ќе достигнува брзина од 80км/час. Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд кои преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни, а во западните делови ќе преминуваат во снег. Под влијание на студен бран од север од вторник следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а до крајот на неделата мала снежна покривка ќе се формира и на некои од пониските места.

Македонија | пред 7 години

7 год.
besa-gostivar-960x720

Врие во Беса Гостивар откако членовите дознале дека Адеми ја вработил својата сестра

Врие во Беса Гостивар откако членовите дознале дека министерот за култура Асаф Адеми ја вработил својата сестра во Електрани на Македонија, објави Тeтовасот.Активисти на коалицискиот партнер на СДСМ, матичната партија на Адеми – Беса, се почувствувале запоставени поради непотистичките апетити на министерот за култура, но и на други функционери на партијата.Тетовасот открива и дека општинскиот советник од редовите на Беса Телат Фетаи ја вработил сопругата општина Гостивар а Емерли Асани, член на Централниот совет на Беса, својата сопруга, пак ја здомил во Домот на културата во Гостивар.

Македонија | пред 7 години

7 год.
avtopat-640x351

Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

Македонија | пред 7 години

7 год.
zena

Еве каков ден ве очекува, на што да внимавате и што да правите

ОВЕНРаботa: Генерално сте задоволни со состојбата која ја имате на работниот план и се надевате дека ќе одржите стабилна ситуација.Љубов: Сакате саканата личност да ви покаже искрени чувства, а таа како да има некоја кочниста.Здравје: Проблеми со коските.БИКРабота: Очекувајте ден во кој ќе доаѓа до нови работни компликации и проблеми.Љубов: Не сте задоволни со ситуацијата на љубовниот план и имате потреба нешто итно да смените.Здравје: Пад на имунитетот е нагласен.БЛИЗНАЦИРабота: Не сте доволно концентрирани на работата затоа што имате грижи на други полиња. Не ви е поволен денот.Љубов: Очекувајте променлива ситуација со емотивниот партнер. Односот доста ви осцилира.Здравје: Полни сте со позитивна енергија.РАКРабота: Доколку продолжите да работите некои работи на ист начин како претходно, ниту работниот резултат нема да биде подобар од што бил.Љубов: Може да имате интересна комуникација со личност која ја запознавате во рабоното опркужување.Здравје: Болки во стомакот.ЛАВРабота: Водете сметка во текот на денешниот ден затоа што се можни некои непредвидливи работни проблеми кај вас.Љубов: Можно е да сте под необични околности, запознале особа и не сте сигурни дали да ја заведете.Здравје: Стабилно.ДЕВИЦАРабота: Поволен ден за зголемување на обемот на работа и за подобра заработка. Постепено се тргнува во позитивен правец.Љубов: Посакуваните промени се можни набрзо. Личноста која ви се допаѓа се чувствува исто како вас.Здравје: Ќе ви годи спортување.ВАГАРабота: Водете сметка околу гласините кои кружат. Можно е да постои некоја личност која ви работи зад грб.Љубов: Ви се допаѓа некој кој неодамна сте го запознале. Поволен ден за воспоставување подобра комуникација со таа личност.Здравје: Кашлица.ШКОРПИЈАРабота: Позитивните колности на работното поле може да ве донесат до прилика да остварите подобрување на финансиите.Љубов: Очекувајте интересно познанство на јавно место. Доколку сте зафатени, не сте среќни.Здравје: Внесувајте повеќе витамини.СТРЕЛЕЦРабота: Пред вас е ден во кој ќе бидете прилично растоварени. Работните грижи сега не ви претствуваат проблем.Љубов: Ве очекува многу поволна атмосфера со вашиот партнер. Можно е да размислувате околу брак.Здравје: Добро се чувствувате.ЈАРЕЦРабота: Доколку се занимавате со приватна работа, ве очекуваат некои нови, важни преговори и состаноци.Љубов: Ве очекува одлична атмосфера и прилика да влезете во врска со личност која кон вас има искрени чувства.Здравје: Проблеми со варење.ВОДОЛИЈАРабота: Може да се надевате на позитивен исход на случувањата на полето работа. Сите околности одат во ваша корист.Љубов: Ве очекува прилика за ново познанство. Доколку имате партнер, ќе имате заедничко патување.Здравје: Водете сметка околу синусите.РИБИРабота: Ќе бидете задоволни кога ќе чуете убави вести кои се однесуваат на полето на заработувачка. Ситуацијата е се подобра.Љубов: Може да се надевате на стабилна ситауција со саканата личност. Доколку сте слободни, ве привлекува Девица.Здравје: Избегнувајте калорична храна.

Магазин | пред 7 години

7 год.
asaf-ademi-696x385-1-696x385

Адеми нуди оставка ама не дава, Министерството за култура вработува по етничка основа

Министерот за култура Асаф Адеми во Берлин каде е во работна посета, изјави дека е подготвен да поднесе оставка на функцијата по реакциите во јавноста во врска со распределбата на државните субвенции во културата. Најави и разгледување на сите одбиени апликации.– За мене политичката функција апсолутно не е света. Доколку се бара моја политичка одговорност нема проблем. Од првиот ден на функцијата јас се потурдив да бидам што потранспарентен. Отворив војна против корупцијата во Министерството за култура и во сите настапи  реков дека ќе се погрижам културата да биде еднаква за сите. Потранспарентна програма од оваа не знам дали некогаш имало. Комисиите, членовите на комисиите, едногласно одлучија и како што ми ги донесоа мене предлозите, јас одлучив врз основа на нив. Истите предлози беа десет пати проверени од страна на вработените во Министерството за култура и врз основа на тоа јас ставив потпис на финалното решение. За бодувањата решаваа докажани професионалци и сега целиот фокус е на мене – вели Адеми.Тој посочи дека не е точно дека биле привилегирани Албанците, а се крателе пари за Македонците, но и дкеа нема да постапува под притисок на јавноста.На почетокот на годината Министерството за култура унапреди 20 службеници во разни сектори, а се поздрави со советникот и креатор на Националната стратегија за култура, Златко Теодосиевски. Оваа кадровска политика, која ќе овозможи напредок во кариерата и повисоки плати за некои службеници, ќе го чини буџетот дополнителни 1.283.220 денари или нивните плати се зголемени во просек за 23,87 отсто.Од Министерството за култура тврдат дека оваа постапка треба да им овозможи на службениците да напредуваат во кариерата и дека тие 10 години стагнирале. Евидентно е дека сите што на крајот од годината добиле решенија за унапредување на интерниот оглас на ресорното Министерство се етнички Албанци.Не станува збор за етнизирање, велат од Министерството, а според нив, сите што добиле унапредување ги исполнуваат критериумите и не е правена поделба по никаква етничка основа. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
skopje_i_makedonija_5_dana_nova_godina_putolovac-640x419

“Добродојдовте во Северна Македонија”

Откако Грција го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО, двете соседни земји ги започнуваат процедурите за државава да стане полноправна членка на Северноатлантската Алијанса. Првично, Грција и Македонија треба да си разменат вербални ноти, а потоа ќе испратат заеднички дописи до ООН.Во нашава земја во Службен весник ќе се објави дека уставните измени стапиле во сила и од тој момент започнува нивното спроведување. По објавувањето во Службен весник, земјава и официјално ќе се вика Република Северна Македонија. Владата ќе ги извести и земјите во ОН и другите меѓународни организации дека новото име може да се стави во употреба. Од владата велат дека овие процедури ќе бидат направени најдоцна до вторник. Инаку, синоќа ратификацијата на протоколот во Грција повторно ја судри грчката власт и опозицијата. Лидерот на опозицијата, Киријакос Мицототакис, во својот говор повторно се фокусираше на македонскиот јазик и идентитет.„Никогаш нема да му кажам добредојде на премиер на една македонска држава. Очекувам ова да го кажете вие г-не Ципрас. И очекувам дека г-ин Апостолакис да ù посака добредојде во Грција на македонската армија во Грција кога ќе има заеднички вежби со грчката армија. Ова е тоа што го потпишавте“, рече Мицотакис.Мицотакис го повтори својот став за правото на вето за интеграцијата на Македонија во ЕУ. Премиерот Ципрас на тоа праша: Дали Нова демократија ја поддржува европската перспектива на Западниот Балкан?„Вие навистина мислите дека земјава треба да има за цел да ја попречува европската перспектива на Северна Македонија и другите соседни земји? Можеби земјава има интерес од влијанието на трети сили врз нашите соседи со други аспирации во балканскиот регион“, рече премиерот Ципрас.Дури и по постојаното противење на грчката опозиција на Преспанскиот договор и на протоколот за членство во НАТО, ратификацијата помина со поддршка од 153 пратеници. Штом грчкиот Парламент прв го ратификуваше протоколот, премиерите на двете земји реагираа на социјалните мрежи. Премиерот Ципрас напиша дека Грција ги има завршено своите обврски според Преспанскиот договор, а сега Македонија мора да ги извести ОН дека се вика Северна Македонија. Премиерот Зоран Заев пак, напиша: Одиме кон загарантираниот успех. Полесно е со сојузниците, со гордост покажуваме дека ние сме НАТО.“ Сега ќе следува ратификацијата на Протоколот во другите 28 земји-членки на Алијансата. Прва која најави дека ќе биде следна е Словенија, а потоа и Словачка чии претставници изјавија дека протоколот ќе биде ратификуван следната недела.

Македонија | пред 7 години

7 год.
50442145_275959669736159_3959850110497587200_n

За една недела, вработени 4 членови на семејствата од пратениците

Изминатата недела ја одбележаа повеќе случувања на кои јавноста реагираше. Во фокусот бес вработувањата, но не на граѓаните, туку на фамилиите од функционерите.Па така, ќерката на независната пратеничка Емилија Александрова е врсботена во државна институција. По неа, синот на пратеникот Горан Мисовски е вработен во државна агенција. Без работа, не остана ниту баџанакот на собранискиот спикер Талат Џафери, кој беше изгласан за антикорупционер. Последно, сестрата на министерот за култура, Асаф Адеми, сега работи во државната компанија ЕЛЕМ.Исто така, од низата настани, впечаток остава и Обвинителството кое кажа дека никој нема да одговара за бегството на експремиерот Никола Груевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ahmeti

ВИДЕО: Али Ахмети зборува на македонски јазик

(Архива)Лидерот на партијата ДУИ, Али Ахмети прозборе на македонски јазик на средба со граѓани во Пласница во рамки на кампањата за референдумот.Ова е прв јавен настап на Ахмети на првиот службен јазик во Македонија. Иако е присутен на политичката сцена подолго од една и пол деценија, Ахмети во своите настапи секогаш говореше на албански јазик, при што некои од неговите соработници го преведуваа на македонски.Од неговиот настап во Пласница може да се забележи дека Ахмети многу добро го владее македонскиот јазик. [embed]https://www.facebook.com/tv21hd/videos/303873460423661?sfns=mo[/embed] 

Македонија | пред 7 години

7 год.
gjorcev

Ѓорчев како кандидат за претседател: Се вратив во два по полноќ, станувам во пет

Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, ја продолжува неговата пракса да оди низ повеќе општини во Македонија, како дел од неговата кампања.“Се вратив во Скопје 02:05 часот наутро. Денес посетив 12 општини. Во 05:45 часот тргнувам за општина Ново Село (Струмичко) и ќе посетам 13 општини. Да победиме заедно. За Македонија” пишува Ѓорчев.Сериозен против кандидат на Ѓорчев е професорката Гордана Силјановска. Таа изминатиов период оди низ партиските штабови на ВМРО-ДПМНЕ каде ги убедува делегатите да ја гласаат за кандидат за претседстел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Освен нив, пријавени за оваа претседателска трка се уште 7 кандидати.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ahmeti

Ахмети бега од соочување со албанската опозиција - сега бара консензуален кандидат

Претседателот на ДУИ Али Ахмети ретерира во ставовите за претседателскиот кандидат и денес кажа дека доколку се надминат недоразбирањата меѓу ДУИ и СДСМ, тогаш ќе се дискутира и за можните имиња за кандидат.По средбата со премиерот Зоран Заев, кој вчера рече дека е подготвен да ги сплоти силите со сите политички партии за соодветен кандидат, Ахмети денеска со став – заеднички бараат пат за да излезат со консензуален кандидат.„Одржав средби со претседателот на најголемата партија во земјава г. Зоран Заев и ја анализиравме целата ситуација и остана јас да дискутирам, да го отворам како прашање во партиските органи и да се види можноста за некаков пат за санирање на недоразбирањата кои се случија меѓу нашите партии, за да можат да се надминат. И за доброто на земјата би било да имаме заеднички кандидат и да се разговара со сите политички субјекти за да се постигне консензус“, рече Ахмети.За предвремени парламентарни избори  Ахмети рече дека не мисли дека ќе има предвремени избори, бидејќи според него, државата има многу поважна агенда.КОНСЕНЗУАЛЕН КАНДИДАТ БЕГСТВО ОД СУДИР СО ОПОЗИЦИЈАТА И ВО АЛБАНСКИОТ И ВО МАКЕДОНСКИОТ БЛОКПовторното ставање во игра на консензуалниот кандидат за Претседател од страна на ДИУ и СДСМ во повеќе наврати од страна на аналитичарите и поголем дел од јавноста беше оценето како бегање на владејачките партии од соочување со опозициските блокови.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Централниот комитет на Единствена Македонија утре ќе одлучува за кандидат за претседател

Единствена Македонија утре во хотелот Континентал ќе одржи седница на Централниот комитет на партијата.На Централниот комитет ќе се утврди на кандидат и настап на партијата на претстојните избори за претседател на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
MFA_8353

СДСМ ќе го поддржи Димитров како кандидат за претседател?

Социјалдемократскиот сојуз размислува да го поддржи министерот за надворешни работи Никола Димитров како кандидат за претседател предложен од редовите на владеачката партија.За да ги задоволи апетитите и на другите функционери, кои се гледаат себе си во трката за шеф на државата, и за да не бидат изоставени ќе се направи и ротација во ресорите, објави Независен повикувајќи се на извори од партијата.На местото на Димитров во МНР би дошла Радмила Шекеринска, а нејзината функција би ја преземал Стево Пендаровски, актуелниот координатор за НАТО. Оливер Спасовски во овој случај би останал министер за внатрешни работи.Сите четворица се во најтесниот круг на фаворити да ја добијат довербата од СДСМ за претседателските избори. Во моментов трае конкурсот на СДСМ за пријавување на кандидати, а конечната одлука треба да биде донесена на 3 март.

Македонија | пред 7 години

7 год.
51417410_569958363518897_7678333448485863424_n

(ФОТО) Катица Јанева и Боки 13 на вечера

Денес на социјалните мрежи се појави фотографија од специјалната обвинителка Катица Јанева.Фотографијата е направена во ресторан, а на истата таа е во друштво на Бојан Јовановски, или познат во јавноста како Боки 13 и други блиски. Денес Катица го прославува нејзиниот 54 роденден.Инаку СЈО често пати се појавува на 1ТВ чиј сопственик е Бојан Јовановски. Лазар Јанев, синот на Катица Јанева, од неодамна е вработен во оваа телевизија. 

Магазин | пред 7 години

7 год.
gradinka-2

Маж им се заканувал по живот на вработени во градинка

На 08.02.2019 година во 12.00 часот во ПС Кочани Љ.Л.(31) од Кочани  вработена во Јавна општинска установа детска градинка на ул.„9 Мај“ во  Кочани пријавила дека истиот ден околу 08.30 часот, додека била на работа О.Ц.(33) од Кочани упатувал сериозни закани по нејзиниот и животот на останатите вработени и физички ги нападнал. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот.Во ПС Кочани веднаш е повикан О.Ц. и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zoran-Krstevski

ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Лекување со бои

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс.Во тибетанската медицина менталните и емоционални неспокојства отсекогаш се сметани за причинители на многу болести, вклучувајќи го и ракот. Вознемирувачките емоции се првиот извор на неморално однесување. Тие се и основа за неспокојство, депресија, конфузија, стрес и негативно расположение.Со цел емоционалната состојба на нашата личност да стане позитивна и опфатена со мир и хармонија, добро е да имаме на ум дека и перцепцијата на боите игра улога врз нашето расположение. Докажано е дека боите на многу начини влијаат врз емоционалната состојба на човекот. Некои истражувачи утврдиле дека боите влијаат врз човековата концентрација, врз неговото физичко и ментално здравје, а постојат докази и дека бојата може да биде од голема полза и за хармонизирање на духовната состојба на луѓето.Лековитата моќ на боите е позната скоро во сите стари источни култури. Хромотерапијата веќе неколку илјади години се користи во ајурведската медицина (традиционална индиска наука за здравјето). Некои од древните култури, вклучувајќи ја египетската, индиската и кинеската, практикувале хромотерапија, односно ги користеле боите во исцелителни цели. Хромотерапијата и денес се користи како холистички и алтернативен медицински третман.Во овој текст ќе објасниме што омилените бои зборуваат за нас и како спектарот на боите може да помогне во воспоставување добро здравје, мир и хармонија?Боите најчесто ги бираме потсвесно, во склад со својата личност и расположение. Се работи за моќна алатка која може максимално да го избалансира нашиот организам. Според ајурведата, основните бои на светлосниот спектар се поврзани со седум енергетски центри (чакри). Тие се распоредени по должината на рбетниот столб. Бидејќи енергетскиот дисбаланс помеѓу чакрите е причина за повеќе заболувања, боите се користат за воспоставување рамнотежа и за враќање на виталноста на организмот.Црвената боја се поврзува со првата чакра, која го контролира рбетниот столб, колковите и нозете. Се смета дека донесува топлина и виталност, па поради тоа е корисна за обновување на енергијата. Истражувањата покажале дека црвената боја може да поттикне силни физички и емоционални реакции. Гледањето црвена боја го забрзува пулсот, го подига крвниот притисок, предизвикува лачење на адреналинот и длабоко дишење. Може да иницира главоболка, затоа не е погодна за емоционално нестабилните личности кои брзо се лутат. Дејствата и се повеќекратни, зашто црвената ги стимулира сетилата и ја поттикнува сексуалноста. Таа е одлично дополнување во лекувањето на срцевите заболувања, анемијата, кожните болести, лошата циркулација, недостатокот на апетит и импотенцијата. Хромотерапијата не смее да се користи со црвена боја во третманите на ракот, зашто поттикнува умножување на клетките. Понекогаш може да делува престимулативно и да генерира гнев. Црвената боја се употребува кога треба да сугерираме брзина, самодоверба и призвук на ризик. Во негативна конотација асоцира на лутина, непријатна битка или криење на вистината. Се поврзува со љубовта, топлината, возбудувањето и страста. Ако ја сакате црвената боја, тоа значи дека живеете со полна пареа, поседувате моќна енергија, наклонети сте на ризици и импулсивни реакции. Максимално сте друштвени, добронамерни и срдечни, но тежнеете кон доминација и не поднесувате суетни луѓе и лажни вредности. Аверзијата кон црвената укажува на скриени стравови, малодушност, несигурност и емоционално студенило. Во астрологијата под нејзино влијание се зодијачките знаци Овен, Бик и Скорпија, која ја претпочита темноцрвената боја.Портокаловата боја нема смирувачко влијание врз расположението на човекот, но е силно поврзана со амбициите и новите фази на животот. Таа е енергетска и стимулативна боја, која ги поттикнува емоциите, размислувањето и апетитот. Во терапијата со бои се користи за лекување на белите дробови и за зголемување на нивото на енергија. Владее со втората, сакрална чакра, која ги контролира бубрезите, мочниот систем и репродуктивните органи. Портокаловата е корисна и во терапија на штитната жлезда, дијабетисот, пореметувањето на циркулацијата, акните, како и кај депресијата. Освен тоа, ја подобрува лактацијата, ја намалува напнатоста, го стимулира креативното мислење и буди ентузијазам. Ако ја сакате портокаловата боја: Имате силна волја, дружељубиви сте и чувствителни. Манифестирате оптимизам, рационалност и веселост, не се откажувате лесно од своите цели и вложувате во духовните вредности. Исто така, обожувате да бидете во центарот на вниманието и да придонесувате за напредокот на заедницата. Одбојноста кон портокаловата може да укаже на потиснување на емоциите, сексуалноста и преголема оддаденост на хедонизмот и материјализмот. Во астрологијата се поврзува со зодијачките знаци Лав, Близнаци и Овен.Жолтата боја е боја на сонцето, светлината, надежта и оптимизмот. Таа поттикнува будност, концентрација и симболизира мудрост. Хромотерапијата, оваа боја ја поврзува со третата чакра – соларниот плексус. Жолтата директно влијае на органите за варење (желудникот, панкреасот, црниот дроб, жолчната ќеса), го прочистува телото и го подига крвниот притисок. Одлично го дополнува лекувањето на болките во мускулите, каменот во жолчката, заболувањето на желудникот, астмата, ограните за дишење и недостатокот на апетит. Жолтата е најтешка боја за човечкото око која мозокот треба да ја дешифрира, па е забележено дека премногу жолта боја предизвикува мачнина и главоболка. Изложеноста на жолта боја може да поттикне ментална активност и да ја зголеми енергијата, но и да предизвика анксиозност, фрустрација и нетрпеливост. Иако се смета за весела боја, опкруженоста со жолта боја може да доведе до гневни реакции, а воочено е и дека бебињата поинтензивно плачат во простории во кои преовладува жолтата боја. Ако ја претпочитате жолтата поседувате силна интуиција, моќна харизма и развиена самосвест. Сакате другите да ви се воодушевуваат, манифестирате оптимизам, независност, мегаломанија, отвореност и недоследност. Ве привлекува се што е ново и необично. Одбојноста кон жолтата боја укажува на љубомора, емотивни разочарувања, огорченост, склоност кон рационализација на емоциите и површни врски. Жолтата боја најсилно влијае врз Лавот и Овенот.Зелената боја значи живот, плодност, обновување, растење. Зелената детелина со 4 листа е симбол на добрата среќа. Се употребува за да сугерира баланс, природа, мир и здравје. За зелената боја хромотерапијата ни го потврдува следното: Кореспондира со четвртата чакра, така што се поврзува со срцето, белите дробови и тимусот. Има позитивно дејство во случај на кардиоваскуларни и малигни заболувања, цревни паразити, бронхитис, фистули и црвенило на очите. Помага во надминување на стравот од интимни односи, недоверба, љубомора и несигурност, поттикнува простување и буди емоции, сочувствителност и дружељубивост. Има смирувачко влијание врз умот и телото. Се верува дека зелената боја врши позитивно влијание на ослободување од стресот, а утврдено е дека лицата кои работат опкружени со оваа боја поретко имаат болки во стомакот. Во однос на црвената, зелената боја има спротивни ефекти: го симнува крвниот притисок, го смирува нервниот систем и мигрената, воспоставува лична рамнотежа, ја ублажува исцрпеноста и несоницата и ги шири капиларите. Лицата кои ја обожуваат зелената боја се упорни, вредни, прецизни и подготвени да се жртвуваат за напредокот на семејството. Им се допаѓа улогата на водач, сакаат да даваат наредби и да го организираат туѓиот живот, поради што често влегуваат во конфликти. Личностите кои се иритираат од зелената боја имаат потреба за самостојност и постојан развој. Негативните конотации се поврзуваат со незрелост, ароганција, љубомора и лутина. Под влијание на зелената се Бикот, Ракот, Девицата, Стрелецот, како и Скорпијата, која владее со темнозелената боја.Сината боја е смирувачка, иако може да создаде и депресија, тага и повлеченост. Физиолошки придонеси на сината боја се: Го смирува срцевиот пулс, го успорува ритамот на дишење, поттикнува умни активност, себеанализа, сталоженост – за неа се кажува дека е боја на мирот и одморот. Хромотерапијата, сината боја ја поврзува со петтата чакра. Таа се однесува на грлото, а влијае и на белите дробови, ушите, устата, рацете. Едвин Бабит, во својата студија “Принципи на боите и светлината”, ја нарекол најсилен анестетик. Се користи во терапија на висок крвен притисок, хронична болка, мигрена, воспаление на грлото, хемороиди, грозница, несоница, анксиозност и иритација на кожата. Донесува мир, дава чувство на сигурност и урамнотеженост. Го подобрува вербалното изразување и комуникацијата, го стимулира уметничкиот израз, возвишеноста и ја зајакнува волјата. Ако ја сакате сината боја, тоа значи дека имате копнеж кон мир и топлина и наклонетост на самоанализа и фантазија. Тежнеете кон рамнотежа и хармонија, поседувате сочувствителност, но тешко го поднесувате неуспехот, кој лесно може да ве одведе во депресија. Личностите кои немаат афинитет кон сината боја се мошне организирани, дисциплинирани, вредни, не трпат авторитети и ограничувања. Сината е една од најпопуларните бои. Според резултатите од повеќе анкетни истражувања, извршени на Универзитетот во Дарам, третина од испитаниците ја избрале сината, потоа црвената, додека најмалку посакувани биле жолтата и црната боја. Во астрологијата сината боја владее со зодијачките знаци Риби, Водолија, Вага, а Ракот повеќе и е наклонет на светлосината боја.Индиго бојата го подобрува видот и ја поттикнува интуицијата. Шестата чакра, чиј симбол е оваа боја, сместена е на средината на челото, а се поврзува со очите и долниот дел од главата. Индигото го јакне имунитетот и лимфниот систем, го подобрува видот, ја продвижува интуицијата и поттикнува идеи. Доколку ја сакате индиго бојата: Полни сте со разбирање, лесно простувате, но често сте нерешителни и подложни на туѓи влијанија. Тежнеете кон сигурност и хармонија, битно ви е мислењето на околината, а голем дел од енергијата ја насочувате кон партнерот и децата. Лицата кои не ја сакаат оваа боја се конзервативни, напнати, несигурни и премногу свртени кон статусот и кариерата. Јарецот и Водолијата се поврзани со индиго бојата.Виолетовата боја го стимулира помнењето, креативноста и духовноста. Поврзана е со 7 крунска чакра, сместена на врвот од главата. Благотворно влијание има во случај на душевни болести, стрес и расеаност. Помага во лекување на меланхолија, алкохолизам и болести на зависност. Притоа, поттикнува хармонија, интуиција, мудрост, моќ и ментална сила. Оваа боја треба да се користи во умерени количини, зашто може да предизвика депресивни мисли кај лица кои се наклонети на такви состојби. Доколку ја сакате виолетовата боја, по природа сте емотивни, имате високи идеали и понекогаш чувствувате потреба да побегнете во светот на соништата и фантазиите. Лицата кои имаат отпор кон оваа боја, манифестираат незрелост и веруваат само во тоа што го гледаат. Во астрологијата е поврзана со Вагата, Рибите и Водолијата.Розевата има релаксирачко дејство, па е користена во затворите како начин за смирување на затворениците. Се доживува како женска боја или боја на послабиот пол, зашто означува нежни чувства. Симболизира љубов, идеализам и емоции. Лицата кои ја претпочитаат розевата се романтични, шармантни, префинети, култивирани, нежни, ранливи и подложни на променливо расположение. Ракот и Рибите се под влијание на оваа боја.За сивата боја се смета дека има мало или никакво психолошко влијание врз емоционалната состојба на човекот. Можеме да ја поврземе со самодовербата, упорноста, зрелоста, конзервативноста, сталоженоста, монотонијата и самостојноста. Укажува на недостаток на виталност, што може да предизвика депресивни состојби. Исто како и црната, сивата се поврзува со формалноста и жалењето. Лицата кои ја сакаат сивата боја се рационални, зрели, сериозни, доследни, емоционално студени и здодевни. Во астрологијата се поврзува со Јарецот, Бикот и Девицата.Црната боја е асоцијација на конзервативност, сериозност и конвенционалност, но и на мистичност, сексипил и софистицираност. Се поврзува со несреќата, сексуалноста и префинетоста. Позитивната страна на оваа боја е што буди моќ на трансформација и регенерација (опоравување во кризни ситуации), посебно кај поединци кои поседуваат високо ниво на самосвест и духовност. Опседнатоста со црната боја може да предизвика депресивни мисли, недостаток на мир, волја и негативен пристап кон искушенијата на животот. Во астрологијата е сродна со зодијачките знаци Скорпија и Јарец.Кафената има силна врска со природата и земјата. Поврзана е со топлината и удобноста, така што придонесува луѓето да се чувствуваат пријатно и сигурно. Во астрологијата владее со Бикот и Девицата. Белата боја овозможува да се чувствуваме чисти, невини и смирени. Таа е боја на позитивната енергија, слободата и емоционалната поврзаност. Кога е присутна во големи количини може да предизвика главоболка или заслепување. Под нејзино влијание се Стрелецот, Ракот и Девицата.Заклучокот е дека боите играат значајна улога во човековиот живот, бидејќи непосредно влијаат врз неговите емоции и расположение. Но, од човекот зависи како ќе се постави кон нештата во себе и околу себе и дали ќе одлучи боите на радоста, мирот и хармонијата да го одведат кон позитивното расположение и поубавата страна на животот.

Магазин | пред 7 години

7 год.
bolnica-germanija

Скандал во германските болници! Се краде се што не е зацврстено за под

Крадците во огромни болнички комплекси во Германија ја користат немоќта на пациентите, а болниците имаат ограничени можности да се борат со тоа, бидејќи мора да балансираат помеѓу отвореност и безбедност на пациентите.На пример, во сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија, во 2017 пријавени се речиси 6.500 случаи на кражба во болниците, покажуваат федералните истраги за кривични дела.Во Баден-Виртемберг, на југозападниот дел од земјата, штетата во 2017 година достигнала рекордно ниво од речиси 2,75 милиони евра, објави Хина.Болниците неможат да се изборат со ова. Од Федералното биро за истраги објаснуваат дека проблемот е во тоа што болниците се големи комплекси со неконтролиран пристап, па крадците лесно може да влезат во болниците и да украдат се од фиоките и ормарите во празните простории.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Водата во Прилеп поскапе за 60%

Повеќе од двојно зголемување на сметките за водни услуги, за Прилепчани од следниот месец.Граѓаните лути бидејќи, како што велат, се чувствуваат повторно излажани. Тие претежно на социјалните межи коментираат дека во предизборието, тогашната опозиција, а сегашна власт, им ветувала дека сметките за вода ќе бидат намалени за 20 проценти, а не зголемени.Новите сметки ќе бидат повисоки за околу 60 проценти, како последица на преминувањето на Пречистителната станица во владение на ЈКП „Водовод и канализација“, од каде пак, не негираат дека сметките за водни услуги веќе од наредниот месец ќе бидат значително зголемени.СДСМ не искоментира ништо за покачувањето на цената на водата само потенцираше дека на 500 семејства од социјално ранливите категории локалната самоуправа месечно ќе им субвенционира по 5 метри кубни вода или по околу 240 денари месечно.Од ВМРО-ДПМНЕ бараат целосно ослободување од сметката за вода на овие граѓани. Овој чекор го сметаат за само уште една популистичка мерка на СДСМ пред изборите.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања