Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
saso-ordanovski

Аирлија амнестија, во очекување на Халиевата комета!

Ветувањето на СДСМ за брз напредок кон НАТО и ЕУ го чинат Заев кредибилен; овие од ВМРО-ДПМНЕ останаа без никакви ветувања, па немаат ни што да остварат.Напишано од  Сашо ОрданоскиЕте, дојдовме и до таа точка: најавата на премиерот Зоран Заев за помирување, завршува со амнестија. Тоа (дека е амнестија) го тврдевме уште од моментот кога Заев за прв пат го изусти помирувањето во Собранието.Целата оваа операција говори многу за тоа како функционира Заев политички. Речиси е сигурно дека тој се потврдува како мошне контроверзен политичар, флексибилен и кога треба да се економизира со вистината до мерка што може да го доведе самиот концепт на тој општествен феномен во прашање, но секогаш прагматично ориентиран, ласерски фокусиран кон постигнување на резултат. Во случајов, тој резултат може доволно растегливо да се толкува како „општо добро“, врз основа на националниот политички консензус за членство на земјава во НАТО и ЕУ.Има нешто (и ова не го кажувам сефте) во тоа негово струмичко потекло, тој ендемски унијатски дух што пирка таму, таа една протестантска прагматичност која ја имаше и методистот Борис Трајковски. И социјалдемократи и вмровци, таму како сите од ист казан по слави да сркале, како од иста крава млеко да молзеле, па некако практичноста и крајниот успех, а не недостижните морални императиви, им го дефинираат политичкиот концепт. Нема дескрипции, сентименти и фрустрации – потрагата е по решенија и ефект!Раскажува еден висок американски дипломат: „Пред дванаесет месеци да ми кажевте дека Македонија ќе биде членка на НАТО за година-две, ќе се искинев од смеење! Верувале или не, денеска тоа е реалност!“… За ваква прагматичност ви говорам. Американците се вљубени во оние кои вакво нешто можат да испорачаат во политиката. Русите преферираат свирење балалајки.Да нема дилеми, оваа амнестија нема да доведе до никакво помирување. Тоа е едно политичко тра-ла-ла згодно за „камуфлирање“ на политичкиот пазар. Значи, помирување ќе нема – освен помеѓу некои луѓе кои седат во собраниските клупи, можеби – но, затоа, од неа ќе има две конкретни политички последици: прво, ќе се олесни процесот во добивање двотретинско мнозинство за неопходните промени на Уставот, за да помине „Преспанскиот договор“; и, второ, ќе се оштети правната држава до степен што, во јавноста, повторно ќе го доведе во прашање концептот за тоа дека во Македонија пред законот се сите исти. Мнозинство ќе има; пред законот не сме сите исти.Парадоксално, од таквото решение можно е подеднакво незадоволни да излезат и искрените учесници во „Шарената револуција“ и искрените учесници во контра-шарените протести, оти во паролата „Нема правда, нема мир!“ ќе останат разликите во дефинирањето на правдата, а за недостатокот од мир сите брзо ќе се согласат. Затоа кукавичкото бегство на Груевски (и уживанцијата во Будимпешта) ги дотепа „патриотите“, бидејќи неговото заминување в затвор ќе им го дефинираше нивниот концепт за (не)правда. Вака, „шарените“ се, барем, морални победници.Од друга страна, опипливоста на аргументите за „продавање“ на ваквиот исход на овој собраниски пазар се многу подобри на страната на СДСМ на Заев, одошто конфузијата што ја нуди она што остана од ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски. Ветувањето на СДСМ за брз напредок кон НАТО и ЕУ го чинат Заев кредибилен; овие од ВМРО-ДПМНЕ останаа без никакви ветувања, па немаат ни што да остварат. Тоа го доведува во ситуација Мицкоски да изгледа како шутрак, качен на гајби секоја среда на протестите пред Владата.Во крајна линија, тоа не е мала разлика. Но, само во крајна линија. Бидејќи, ако во сосема догледна иднина не стигнат опипливи резултати од овие тра-ла-ла собраниски пазарења, вратата за скорешно појавување на некој нов, неочекуван популистички лидер останува многу широко отворена. Ќе се вивне на небото како најблескава Халиева комета чиј сјај, барем за една употреба, убедливо ќе ги засени сите постоечки демагози во Македонија!Извор: Цивил медиа 

Скопје | пред 7 години

7 год.
plakat-KRIK03

На КРИК 03 промоција и дискусија за критиката во регионот

Третото издание на КРИК, фестивал на критичка култура, продолжува во Музејот на современа уметност во 19:30 часот. Оваа фестивалска вечер ќе биде посветена на критиката во регионот (Словенија, Хрватска, Србија). Ќе се одржи промоција на книгите „Напомош,читаме книга!“ и„Опасно читање, поимник за книжевна критика“, а ќе ги промовираат Лука Остојиќ,  писателот на „Напомош, читаме книга!“ и уредникот на „Опасно читање, поимник за книжевна критика“, и Миленка Булевиќ, уредничка на „Напомош, читаме книга!“ и претседателка на Kulturtreger, како и партнерите од Контрапункт, Kurziv, SEEcult and SCCА. Двата поимници го прикажуваат потенцијалот на критичкото читање и поширокиот контекст во кој се случува ова читање (и уметничката критика воопшто).И во ова издание, КРИК се застапува за сегментот кој директно ја засега уметничката продукција – станува збор за критиката и критичката рефлексија. Без критика не може да има вистински исчекор, вистинска промена. Клучното прашање што ќе се отвори со регионалната партнерска платформа „Kритичките ставови во регионот“ е што претставува критиката денес, со акцент на критиката на уметничките пратики и нејзината фрагментираност со процесите што ја условуваат нејзината трансформација. Каде се наоѓа денес критиката, кому се обраќа, која е нејзината улога и како таа ги наоѓа своите нови форми и јазици – се некои од прашањата на кои често се навраќаме и се обидуваме да ги држиме отворени во просторот на поширока јавна дискусија. Платформата „Критичките ставови во регионот“ е во партнерство со kulturpunkt. hr и Kurziv (Хрватска), SEECult (Србија) и SCCA-Љубљана (Словенија)Booksa.hr заедно со партнерите Kontrapunkt, Kurziv, SEEcult и SCCA создадоа и објавија два поимници од областа на книжевната критика. Овие книги не се конвенционални поимници бидејќи не ги дефинираат условите, но ги користат како почетна точка за да иницираат размисли за книжевноста, книжевната критика и нивната улога во современото општество.Првиот поимник „Опасно читање, поимник за книжевна критика“ е збирка на текстови од реномираните регионални книжевни критичари за различните аспекти на критиката. Тие објаснуваат како постојано променливиот социјален, политички и медиумски контекст влијае врз критиката и улогата на критичарот. Овој поимник ги разгледува односите меѓу текстот и контекстот, критичкото читање на новите медиуми, феминистичката критика, меѓу академската и новинарската критика и влијанието на личноста на критичарот врз неговиот текст.Вториот поимник „Напомош, читаме книга!“ е антологија на сатирични текстови за фиктивниот лекар д-р Остојиќ, „литературолог“ за лекување на читатели – пациенти кои се борат со болни значења на класичните книжевни дела. Овие текстови, претходно објавени како колумни на Booksa. hr, нудат нови толкувања на познати дела, повремено пристапуваат кон „сериозната“ литература и го прикажуваат влијанието што книжевноста и критичкото читање го имаат врз животот на луѓето.Потоа ќе се одржи и дискусија на тема „Критиката во регионот“, со учесниците: Лука Остојиќ, Миљенка Буљевиќ, Антонија Летиниќ, Лујо Парежанин од Хрватска, Миха Келемина и Душан Довч од Словенија и Весна Милосављевиќ од Србија.Фестивалот годинава ја обработува генералната тема „АЛЕРТ! – пред портите на моќта очекувајте исклучување“. На програмата на фестивалот, која ќе се одвива во неколку делови до 19 декември 2018 година, ќе има предавања, уметнички презентации, дискусии, работилници и филмови.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без струја дел од Горно Оризари и Долно Коњаре

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека во општина Бутел во период од 9:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од село Горно Оризари.Во периодот, пак, од 9:00 до 15 часот и 30 минути без струја ќе останат дел од корисниците од улицата 4 во село Долно Коњаре во општина Петровец.

Скопје | пред 7 години

7 год.
nema-voda

Дел од Капиштец денеска без вода

Дел од корисниците од улиците „ Козара“, „Бел камен“ и „Шарски одреди“ во општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење.Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улица „Козара бб“ во Капиштец.Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не  завршат со работата. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Облачно време, попладне врнежи од снег

Времео денес ќе биде облачно, попладне со повремени врнежи претежно од снег, а наместа ќе се формира нова снежна покривка. Утринската температура ќе се спушти до - 8 степени, а дневната ќе се движи во интервал од -3 до 6 степени.Во Скопје ќе биде претежно облачно, попладне со услови за провејување на снег, со температура до 2 степена.И утре претпладне ќе има локални врнежи од снег и повеќе ќе бидат застапени во западните делови. Од сабота врнежите во пониските места ќе бидат претежно од дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48084953_10215960100469387_3579466877388193792_n

Еве зошто се важни мерните инструменти на ПМ10 во Лисиче и Гази Баба - Горјан Јовановски им се обрати на политичарите

Горјан Јовановски кој ја има изработено веб страницата Мој Воздух им се обрати на политичарите кои велат дека неисправноста на мерните стаици во Лисиче и Гази Баба не се клучни за активирање на мерките против загадувањето.„Еве зошто се важни мерните инструменти за ПМ10 во Лисиче и Гази Баба.Податоците покажуваат дека секоја година, тие 2 станици се на врвот на број на денови надминати од ПМ10 загадување. Со нивно неправилно фукционирање, не може да се добие целосна слика за загадувањето, и секако шансите за активирање на мерките се помали.Загадувањето од тие области нема магично да се преслика на другите мерни станици низ Скопје. Ова е порака до коментарите од политичарите дека неисправноста на тие 2 станици не е клучна за активирање на мерките против загадувањето“, напиша Горјан Јовановски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vlada-pravda

Владата ги усвои пакет закони предложени од Министерството за правда

На 108 мата Владина седница усвоение беа пакет закони предложени од Министерството за правда.Измените и дополнувањата на Кривичниот законик опфаќаат ревидирање на одредбите во неколку области, односно криминалот од омраза, неказнувањето на жртвата од трговија со луѓе и неказнувањето дете жртва. Законот предвидува и воведување на ново кривично дело „Попречување на правдата“.Усвојувањето на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судови, којшто е со Европско знаме, произлегува од потребата за реформа на судството во Република Македонија, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор. Измените на законот се во насока на зголемување на независноста, но и подобрување на квалитетот на судството. Истиот предвидува нови, заострени критериуми за избор на судија и редефинирање на основите за разрешување и за утврдување на одговорност на судиите.Основната цел на Предлог-законот за Судски совет, којшто беше усвоен на денешната 108-ма владина седница, е внесување на мерливи квалитативни критериуми за оценување на работата на судиите и претседателите на судот, на секои две години. Предлог-законот е во согласност со препораките на Венецијанска комисија и на Групата на земји против корупцијата (ГРЕКО), а со него се создава основа за утврдување на одговорност на членовите на Судскиот совет. Новиот предлог-закон предвидува и потранспарентна постапка за избор на членовите на Судскиот совет и судиите, а покрај министерот, право на глас во Судскиот совет ќе нема ниту претседателот на Врховниот суд.Министрите денеска го прифатија и Предлог-законот за извршување на санкции. Тој обезбедува остварување на две основни цели: прво, да ја спречи државата и нејзините органи во своето функционирање да применуваат непотребна, претерана, преостра и нецелесообразна присила спрема правните субјекти. И второ, тогаш кога се применува присилба, тоа да се чини од страна на надлежни органи во постапка пропишана со закон.Последниот од пакетот предлог-закони усвоени на денешната владина седница е Предлог-законот за прекршоци. Неговата главна цел е намалување на ригорозните казни за граѓаните и за фирмите. За физичките лица, глобите ќе бидат помали за 75%, додека за малите фирми казните ќе се намалат за два и пол пати. Казните ќе бидат сразмерни и нема да го загрозуваат работењето и опстанокот на фирмите и нема да го отежнуваат животот на граѓаните. Исто така, предлог-законот предвидува и опомена заради превенција.На 108-мата седница беше усвоена и Информацијата за потребата од донесување на Закон за изменување на Законот за поштенските услуги, како и текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за поштенските услуги. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
vlada-amandmani-2

Доцна синоќа Владата ги изгласа уставните амандмани

Владата на Република Македонија, на денешната 108-ма седница, го усвои финалниот текст на предлог амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија и истиот го достави до Собранието на Република Македонија. Амандманите се составен дел на Уставот и влегуваат во сила со влегување во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г., и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од Првата страна на Конечната спогодба.Амандманот 33 гласи: Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36 од Уставот на Република Македонија.Со амандманот 34 се вршат измени во Преамбулата – амандман 4 на Уставот на Република Македонија и тој гласи: Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија се бришат зборовите „кои живеат во нејзините граници“, „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, по зборот „година“ се додаваат зборовите „на кои се изрази волјата за создавање на самостојна суверена држава и Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да“.Со текстот на амандманот 35, „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави“, се дополнува членот 3 од Уставот на Република Македонија.Како резултат на јавната расправа, измени има и во текстот на Амандманот 36 којшто сега гласи:Републиката ги штити, гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ;Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство;Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и на другите заедници и ги негува и унапредува врските со татковината;Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.Финалниот текст на предлог амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија, како и образложението за истите се достапни на следниот линк: vlada.mk/mkgrdogovor. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
horoskop-kwiecien-screen

Родените во овој хороскопски знак се најголемите борци

Тие се еден од најсложните знаци во хороскопот, посебно кога станува збор за меѓучовечките односи.Станува збор за Лавовите.Тие стојат цврсто на земја и не се предаваат. Не сакаат да влегуваат во конфликти, но секогаш кога ќе бидат дел од некоја борба, тие победуваат. Не им се допаѓаат луѓе кои имаат различно мислење од нив, а уште повеќе ги презираат луѓето кои негативно размислуваат за животот.Понекогаш знаат да бидат агресивни и бесот да го истурат на чуден начин. Тоа е така бидејќи имаат врела крв и многу страст во себе, па кога сакаат нешто можат да бидат и немилосрдни за да го добијат тоа.Тие никогаш не се откажуваат.Нивната доследност е неверојатна. Тие се огромни борци, но не се толку импулсивни колку што изгледаат. Ја користат својата интелигенција и рационалност и се борат до последниот момент, а никогаш не се откажуваат.Тие се природни лидери. Имаат силни особини за управување и водење на луѓето и имаат доминантна енергија која често им помага да постигнат успех во различни аспекти од животот. Сепак, често оставаат впечаток дека патат за внимание, а тоа не е далеку од вистината.Ако ве сакаат, знаат да бидат многу лојални личности кои ќе направат се за да бидете среќни.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Не е важно зошто ВМРО-ДПМНЕ не се откажало од Груевски, важно е како Македонија да оди напред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по завршувањето на вечерашниот протест не сакаше да ги коментира фотографиите од Никола Груевски во Будимпешта.-Се уште не се знае кандидатот за претседателските избори. Допрва ќе почнеме со внатрепартиски консултации и анализи. Наскоро јавноста ќе го дознае името. А, не е важно зошто Заев не се откажал од хировите на неговите претходници, не е важно ниту зошто ВМРО-ДПМНЕ не се откажало од Груевски, важно е како Македонија да оди напред и како да обезбедиме подобра иднина, изјави Мицкоски за телевизија Канал 5.

Македонија | пред 7 години

7 год.
375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

СДСМ: Мицкоски со истите зборови на Никола Груевски, полни со црнила, деструкција, навреди

Вечерва јавноста, граѓаните, слушнаа уште едно празно, бледо, конфузно и повторувачко обраќање на Христијан Мицкоски. Ништо ново. Мицкоски нема идеја, нема концепт, визија, нема конректна програма, нема ништо добро за граѓаните, велат од СДСМ.„Деструкции, блокади, црнила, темнина и одбрана на криминалот се единствените нешта во црниот свет на Мицкоски.Истите зборови на Никола Груевски, полни со црнила, деструкција, навреди, извираат од Мицкоски. Како некоја стара,  излитена, расипана плоча.Ниските обиди да ги омаловажи луѓето за нивниот физички раст, ги покажа комплексите кои Мицкоски низ годините сам си ги наметнал, во обид да биде ист како Груевски.Нервозниот Мицкоски до толку се загуби во набројувањето новогодишни желби што побара да се повлечат мерките против загадувањето, проблем што цела деценија беше игнориран токму од неговата ВМРО-ДПМНЕ“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека, залудни се обидите на Мицкоски преку протести за одбрана на криминалот и преку нереални барања за оставки да ја врати Македонија во темното минато на криминал, корупција и изолација.„Граѓаните ги поразија погубните антидржавни политики на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Мицкоски.Македонија оди напред кон иднина во ЕУ и НАТО и враќање назад нема, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами и изолирани во одбраната на криминалот“, се вели во соопшетнието.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Барал 150 000 евра за да и го ослободи сопругот од притвор - ОЈО отвори истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Изнуда, предвидено и казниво согласно член 258 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Пријавениот во текот на месец ноември 2018 година упатувал сериозни закани преку телефон на оштетена, тврдејќи дека поседува документи со кои би можел да го извади од притвор нејзиниот сопруг.За да и ги достави тие документи, осомничениот од неа барал да му исплати сума од 150 илјади евра, а истовремено и се заканувал дека доколку пријави ќе постави бомба и дека „ќе биде лошо за неа и за нејзините внуци“.Притоа, осомничениот го искористил фактот што извесен период во текот на 2018 година работел како личен возач на нејзиниот сопруг и имал доста информации за животот на оштетената и нејзините блиски.Осомниченото лице е лишено од слобода и ќе биде изведено пред судија на претходна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
46804282_2706308569637663_264683870786420736_n-1

Мицкоски до Заев: Избeри време, место и медиум таму ќе дојдам каде што ти сакаш

Пред повеќе од 6 месеци точно овдека на платото пред Владата на Република Македонија, на 2 јуни ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија излезе масовно, да му каже на Зоран Заев НЕ, не мој да го правиш Зоране тоа што си го наумил.Пред повеќе од 6 месеци, да бидам попрецизен стоев и велев, не ми верувајте до мене ако се двоумите ако имате било каква резерва во тоа што ви го говорам, можам да ве разберам и можам да ве оправдам, поминале и продефилирале многу лажговци овде пред вас. Многу лажговци кажувале  како Зоран Заев и ветувале брда и долини, но верувајте си на самите себе и верувајте на тоа што го гледате. А тоа што го гледавте тогаш беше црнило во почеток, а денеска е црнило во кулминација.Ја посипаа земјата со црнила, а народот го оковаа со омраза, со љубомора, завист. Тоа е она на кое што тие се подготвени.Наместо да владеат со проекти, со реформи, владеат со страв и притисоци. Не смееме тоа да им го дозволиме. Овој народ тоа не го дозволува и овој народ и овде и насекаде во Македонија ќе му каже едно големо НЕ на Зоран Заев и СДСМ.Ништо не се мрда, камен на камен не оставија, национално не омаловажија, ни го уништија достоинството. Го убија Македонецот во Македонецот. Но, нема да се предадеме затоа што Македонецот на Македонецот е Македонец, бил со векови и ќе остане, колку и да пишете колку и да бришете. Колку да снимате од таа вистина нема бегање и нема да ви дозволиме да избегате.Зошто црнила? Ќе почнам од оние кои што овие денови се најактуелни а тоа се докторите. Зошто токму докторите? Им ветуваа, сетете се 100.000 денари просечна плата. Од 100.000 денари нема ништо. Уште една голема лага на овие нечестити политичари.Потоа им ветуваа линеарно покачување на платите и добија симболични 5 проценти. Но, веднаш овој човек кој што себе си треба да се нарече градски татко потрча да и тие 5 проценти им ги скрати, па им го зголеми паркингот за нивните работни места во Клиничкиот центар, за да си ги вратат парите што им ги дадоа. Па вакво лажење, нема никаде. Ваков ни  Михаузен не бил.Им ветуваа на матичните лекари, им ветуваа на стоматолозите зголемена капитација зголемена од таа што ја имаа. Нити зголемена капитација, ниту нешто кое што претходно го ветуваа. Напротив и тоа што го имаа на времето и тоа им го земаа.Младите секој ден ја напуштаат Македонија затоа  што се чувствуваат излажани, изманипулирани, затоа што им ветуваа „Младинска гаранција“ им ветуваа студентски град, им ветуваа перспектива и фер шанса за сите. Не само што не добија, туку нема ни надеж за да се добие бидејќи тие се зафатени со промена на името и промена на идентитетот, немаат време за младите.Денеска го слушам, само да се завршело ова и веќе во јули ќе ни тргнело, не сега од јануари, од јули ќе ни тргнело. Па ги искара бизнисмените, им рече вие треба да идете напред, како напред Европа била таа која што ќе не научела.  Не бре, ние треба да се европеизираме за да Европа нас ни подаде рака. Со криминалци во Влада, со криминалци во јавните претпријатија и министерствата кои што вие ги именувавте нема Европа. Европа бара  честити луѓе и искрени луѓе, вредни луѓе и луѓе што работат, а не луѓе кои што на својата нација и викаат дека е искомплексирана нација, дека е нација без свое јас. Нема така во Европа. Во Европа мора да сме честити, вредни и чесни што е најважно, се она што не сте вие СДСМ и Зоран Заев.Изминатиот период остварив многу средби со бизнисмени. Посетивме неколку стопански комори, разговаравме за реалните проблеми на бизнисмените, на економските оператори, на реалниот сектор. Единствен и заеднички именител е дека никогаш не било потешко и едвај мака мачат од први до први да скрпат. Црнила донесоа и во економијата. Им ги зголемија даноците, па сега лажат преку оној малечок министер за финансии дека ова било робинхудовски пристап, ќе земеле од богатите од тие што имаат па ќе дале на сиромашните, а притоа не кажуваат дека ќе ги оданочат земјоделците. Дека не само што ќе ги оданочат туку и сето она кое што го имаат дома до сега и тоа ќе им го земат. Зарем такви луѓе ја заслужуваат довербата на граѓаните?Ќе речат реформи правеле во судството, 112-та земја според  Транспарентност  Интернационал сме на ранг листата, Танзанија и Етиопија се пред нас. Ќе речат во Европа не носеле. Не Европа, Африка ја донесоа Македонија. Ете тоа направија од европска Македонија, Афричка Македонија според степенот на корупција која што владее во моментот во Република Македонија.За пензионерите ветуваа зголемени пензии, ветуваа 5% секоја година ќе ги зголемуваат и тие што ги даваат не ги даваат онолку колку што треба. Црнила и за пензионерите. Сега им сметале луѓето сакале и работниот век да го продолжат, што помалку време да имаат во своите најубави години од животот. И тоа нема да го дозволиме. Првата седница на новата Влада кога ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и таа Влада ќе ги укине даноците и ќе ги зголеми пензиите.Што прават? Прават фингирана дебата за уставните измени. Не ја почитуваа волјата на граѓаните јасно изразена на референдум. Не ја почитуваа таа волја и одлучија по насилен  пат да фингираат дебата ширум  градовите во Република Македонија, па да поканат граѓани во Република Македонија со времен престој со поинаква боја на кожата.  Да им аплаудираат дека тоа што го прават  е добро  за Македонија и Македонците. Нема кој да им каже не, затоа што канат експерти кои што му аплаудираат и кои што го тапкаат по рамото. Од тоа Зоране Заев немаш фајде нити ти, нити граѓаните на Република Македонија. Тоа е лажно тапкање, ја губиме државата. Македонија ни оди во неповрат, народот си оди, бизнисот е разочаран, црнила и темнина по улиците и сокаците.И во пауза при распродавање на нашиот идентитет, нашето национално достоинство и гордост ќе тргнат малку против ВМРО-ДПМНЕ. Зошто им пречи ВМРО-ДПМНЕ,затоа што знаат дека доаѓа денот кога народот и заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе им пресудат за сето ова што и го прават на нивната татковина, за целокупната пљачка, криминал, национално достоинство кое што се губи и ја парчосуваат парче по парче Република Македонија. Тоа нема да ви го простат граѓаните на Република Македонија , треба да сте свесни за тоа.Минатата недела цела македонска јавност знаеше дека Лорета Георгиева  ќе биде избрана за нов член на судскиот совет, а зошто, затоа што таа е сопруга на човекот кој што е приватно близок Зоран Заев. Сите тоа го знаеја. Оној судски совет кој што треба да ја оценува работата на судиите во Република Македонија, токму тој судски совет,  таму членува Лорета Георгиева. Затоа им е битно, затоа што нема кој после тоа да им го отвори „евро за евро“ и случајот „Поткуп“ , нема кој да го отвори „Глобал“. Сите ќе мора да молчат и да му се подведуваат на монархот. А кој е монархот? Монархот е оној кој што нив ги именува таму,  Зоран Заев. Ние тоа нема да го дозволиме.  Такво судство не ни треба.Па ќе воскреснат закон за Специјалното Јавно Обвинителство, закон кој што никој не го видел во државата, никој не го видел како изгледа. Министерството за правда каде што имаат монопол ќе го закачи и ќе бара јавна дебата. Ќе приготват монархистички закон за да можат секој оној неистомисленик да го казнат, да го осудат и ако малку ги критикува и ако зори против нив и нивните политики да го пратат во притвор, во затвор, затоа што само така тие се научени да владеат. Со страв и притисоци, а не со проекти и со работа.Не сме против правдата, ние сме против злоупотреба на институциите, против трговија со правото и правдината. Ние сме за  нова независна обвинителска институција која што ќе биде уставна, а не  како оваа неуставна која што ќе го истражи целокупниот криминал од  минатите  влади, но и од оваа Влада и овој скандал со прислушкување на обвинителите и судиите кој што ни се случи, црниот Вотергејт на Заев и на Спасовски.  За таква институција сме ние, институција која што ќе ги отвори сите тие случаи и ќе ги казни затоа што тие мора да ја добијат заслужената правдина.Првото барање веднаш неотповиклива оставка на Оливер Спасовски, поради целиот криминал, поради сите оние неразјаснети убиства, поради сите оние мафијашки пресметки, поради сето она кое што го нарачуваш и оперативно го спроведуваш, поради сите претреси на нашите браќа и сестри во нивните домови рано наутро во 5 часот, поради сите омаловажувања пред нивните деца и трауми кои што ги доживуваат. Зошто? Затоа што му дале поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, и затоа што излегле да протестираат против вас хунто една. Затоа бараме прво неотповиклива оставка од Оливер Спасовски.Како второ веднаш неотповиклива оставка на оној министер за надворешни работи, поради сите понижувања и национални омаловажувања што ни ги приреди. Но, најмногу поради тоа што не нарече искомплексирана нација. Нацијата која лебот му го дала. Нацијата која што го школувала и него и неговото семејство, веднаш неотповиклива оставка.Трето, веднаш повлекување на законот за зголемување на даноците. Не ги опфаќа законот за зголемување на даноците само оние со повисоки примања. Ги опфаќа и земјоделците и економијата и бизнисот, и професорите и сите оние кои што се по договор на дело, затоа што нема веќе да биде 10 проценти туку ќе биде многу повеќе. Затоа доста го лажете својот народот и веднаш да го повлечете законот за зголемени даноци. Тоа е нашето трето барање.Нашето четврто барање, велевте почист воздух. Ајде вистински да донесеме почист воздух на долг рок. Вратете ја назад гасификацијата и откажете се од оние мерки кои што секој ден го лажете народот, од оние мерки кои што предвидуваат бележење на возилата, како во апархејдот. Доста е. Не може на тој начин да се однесувате повеќе со сопствените граѓани. Тоа е нашето четврто барање.Петтото барање е веднаш формирање на комисија која што ќе ги анализира, систематизира и преслуша разговорите кои што се резултат на црниот Вотергејд  на Заев, прислушкувањето на јавните обвинители и на судиите. Веднаш сторителите и нарачателите да одговараат за ова.Шесто, да се почитува волјата на народот јасно изразена на референдумот на 30 ти септември.И сосема на крај, ова директно и само за Зоран Заев. Минатиот пат те повикав, одби да излезеш на дуел пред референдумот. Ајде сега пред Нова Година јас и ти, очи во очи пред целата македонска јавност.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
skopje-blokirno

(ВИДЕО) Блокиран влезот на Скопје - километарска колона во Автокоманда

Блокиран е влезот на градот од автопатот пред Автокоманда и улицата Благоја Стефковски во Маџари.Колони возила има и во двата правци.Од СВР Скопје за 1-ва скопска велат дека причината за метежот кој трае неколку часа е изведување градежни работи на бул. Александар Македонски, па поради тоа се пренасочувал и сообраќајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
bezdomno-lice

МТСП и Црвениот крст до сега згрижиле 9 лица бездомни лица

Министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст започнаа акција за згрижување на бездомни лица.„ Доколку забележите бездомно лице, пријавете во центрите за социјална работа и Црвен крст. Дежурните тимови ќе ги згрижат и бездомниците во Момин поток или во некој од останатите регионални пунктови“, велат од министерството.Досега се згрижени 9 лица, од кои 8 деца во Струмица, а во Скопје има една дојава, но лицето одбива сместување.Kонтакт информации:➡Скопје: 071 733 171 / 071 411 908 / 071 261 778➡Битола: 070 791 770 / 071 397 272 / 071 397 875➡Струмица: 070 381 660➡Струга: 070 317 612 / 046 781 733

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Средба Танасоски - Која: Побезбедни гранични премини , современа царина

Денес во просториите на Царинската управа беше остварена протоколарна средба со Амбасадорот на Мисијата во Скопје на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), г-дин Клеменс Која.„На средбата, г-дин Која беше известен за претстојните приоритетни и стратешки активности кои ги презема Царинската управа во насока за понатамошно осовременување на царинското работење и забрзувањето на меѓународната трговија, како и мерките кои се преземаат за поголема безбедност на граничните премини и борбата за спречување на нелегалната трговија. При тоа, позитивно е оценета соработката и поддршката во изминатиот период, во насока на зголемување на капацитетите на вработените во Царинската управа во областа на борбата против прекуграничниот криминал. Искажана е взаемна заинтересираност за нејзино продолжување и во наредниот период“, вели директорот на Царинската управа на Р Македонија, Ѓоко Танасоски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
2-4-1

Избрани кум и здравичар за Бадник

Првите и најзначајни личности на традиционалната 27. манифестација во пресрет на Божик, што скопјани со симпатии ја прифатија и здушно ја поддржуваат, се избрани. Кум е Љупче Николовски, а здравичар Миливое Алексиевски, познати личности и вљубеници во својот град. Првиот е бизнисмен, сопственик на фирмата „Белина“, која во 2019 година прославува 25 години постоење и успешна работа и посветен вински витез, а вториот е резбар, потомок од познатата мијачка тајфа Мирчевци и тренер и инструктор по пливање.Им припаѓаат на различни генерации. Миле Сирма е држечки 85-годишник, кој сè уште работи со длето и чекан, а два-трипати неделно е со скопјанчиња кои ги учи на пливачката вештина. Љупче е млад пензионер, роден е во 1953 година, полека фирмата им ја препушта на синовите, но љубовта спрема македонското вино не го остава на мир, ги знае сите тајни на винарството и се радува на успесите на винарите и на сè поприсутните винарии, кои ја шират возбудливата приказна за нашето виногорје, за климата и македонските јадења. Тој е промотор на напитоците од сè поголемите винови насади.В недела, на 23 декември, напладне во месноста Краста Одборот за прослава на Бадник во Скопје на своите сограѓани ќе им ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2019 соопштувајќи на тој начин дека сè е подготвено за централната прослава на 6 јануари на платото пред Соборниот храм.Месноста Краста се наоѓа на јужните падини на Водно на патот кон хидроцентралата „Козјак“.Тука скопските Бадникари ги собираат бадниковите гранчиња што на 6 јануари со години им ги делат на скопјани, на свеченоста на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во пресрет на Божик – најсветлиот христијански празник.До таму од Скопје, оддалечено 15-тина километри, се доаѓа од два правца, преку Долно Соње и црквичката „Свети Трипун“ до патот за езерото Козјак и крстосницата за „Матка“2, односно ХЕЦ „Света Петка“. Вториот правец води од патот за Драчево и некаде пред мостот на Маркова Река се врти десно кон Батинци, Марков манастир, каменоломот на цементарница „Усје“ и нагоре кон езерото Козјак се доаѓа до месноста наречена Краста, каде што бадникарите ги сечат организирано светите традиционални бадникови гранчиња што бесплатно им ги делат на своите сограѓани.

Скопје | пред 7 години

7 год.
resursen-centar-za-slepi-lica-bitola

Отворен регионален ресурсен центар за слепи лица во Битола

Здружението на слепи лица, со поддршка на локалната самоуправа, УНДП и Министерството за труд и социјална политика, како и со помош на останати донатори, го добија првиот регионален Ресурсен центар за слепи лица.„Овој ресурсен центар за лицата со оштетен вид треба да ги покрива општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци. За овој ресурсен центар, како би бил одржлив во следниот период, со одлука на советите на општините, ќе бидат издвоени 2% од средствата наменети за здруженија на граѓани, со што би се овозможило и во следниот период центарот за функционира без пречки, односно да може да врши инклузија на лицата кои што имаат попреченост во видот. Во изминатиот период Општина Битола ги спроведе сите активности кои што се однесуваат на услогласување на потребната документација и сите процеси поврзани со тоа да се добие овој простор, наменет за ресурсниот центар. На мое задоволство, ова е добар показател како може сите месни заедници да бидат ставени во функција на граѓаните“, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.Регионалниот ресурсен центар е сместен во просториите на месната заедница Коле Лачето, а ќе биде ставен во функција на сите слепи и слабовидни лица од регионот.„Три години молевме и тропавме на врати, еве најдовме на разбирање кај новата локална самоуправа, аплициравме и го добивме проектот од УНДП, зградата се реновираше, внатре имаме лап топи со говорна програма, има сензорен екран каде што се става книга и оној кој што е слабовиден ќе можат да читаат. Внатре има шах за слепи, домино за слепи,книги за слепи итн.Според евиденцијата на Здружението за слепи лица во Битола ги има над 200, од кои четири се мали деца и тие ќе можат да се дружат и да го поминуваат слободното време во овој центар“ изјави претседателот на Здружението за слепи лица Битола, Стево Костадиновски.„Се надевам дека токму овој центар ќе биде пример за сите останати општини во Република Македонија и за целокупното општество, за тоа како и на кој начин треба да се обезбедат неопходните услови за нормален живот на лицата со попреченост“, рече пратеникот Александар Кирацовски.Претставникот од УСАИД Шпетим Љатифи ја нагласи потребата од заедничката соработка со здружението на слепи лица и изрази подготвеност за натамошна соработка и помош. Во Ресурсниот центар ќе можат да членуваат и други лица со инвалидитет, па заеднички просторот ќе им служи при реализација на нивните цели.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пронајдено оружје и марихуана во дом на скопјанец

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, со цел откривање и докажување на кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидени и казниви по член 396 и 215 од КЗ на РМ,  во текот на вчерашниот ден (11.12.) по издадени наредби од Основен Суд Скопје 1 Скопје изврши претреси во домовите на неколку лица од Скопје. При претресите се пронајдени и одземени предмети кои се дадени на вештачење, додека лицата се приведени во полициска станица.Во домот кај Г.Ј.(41) пронајден и одземен е пиштол и рамка со куршуми, кај Д.К.(27) пронајдени се куршуми, рамка и експлозивна направа, кај Н.А.(22) пронајдени се девет пакувања со марихуана и вага и кај лицето М.Ј.(26) пронајдени се два пакувања со марихуана. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Otvaranje-ponudi-1

(ВИДЕО) Две компании во конкуренција за универзален снабдувач со електрична енергија

Комисијата за спроведување на постапката за избор на Универзален снабдувач, со која претседава академикот, проф д-р Глигор Каневче, денес по истекот на рокот за поднесување на апликации на јавниот повик, веднаш по 15:00 часот, изврши јавно отворање на доставените понуди во согласност со тендерската документација.Комисијата констатираше дека има доставено две понуди, првата од група на понудувачи составена од ЕВН Македонија АД Скопје и ЕВН Електро снабдување и втора понуда од ЕЛЕМ Трејд ДООЕЛ, при што е утврдено дека двете понуди се доставени во согласност со тендерската документација и го исполнија првичниот услов да бидат отворени.Во согласност со тендерската документација беа прочитани следните елементи на понудите, понудена бруто маржа и доставена банкарска гаранција. По отварањето на двете понуди Претседателот на Комисијата констатираше дека и во двете понуди е доставена валидна оригинална банкарска гаранција, додека понудената бруто маржа наведена во понуда доставена од група на понудувачи составена од ЕВН Македонија АД Скопје и ЕВН Електро снабдување е 14,4%, додека понудената бруто маржа наведена во понудата на ЕЛЕМ Трејд ДООЕЛ е 14,9%.Претседателот на Комисијата објасни дека сега следува фаза  на евалуација на понудите, односно проценка на нивната економска-финансиска способност, како и на техничката способност во согласност со критериумите наведени во тендерската документација. По завршување на евалуацијата, процес кој максимално може да трае до 86 дена, доколку компаниите ги исполнуваат условите, ќе бидат поканети да учествуваат на електронска аукција, по принцип на негативно наддавање на понудената маржа, а почетна маржа ќе биде пониско понудената маржа од двете понуди. Понудувачот кој на електронската аукција ќе понуди најниска маржа ќе биде избран за најповолен и ќе биде поканет да го потпише договорот за Универзален снабдувач со електрична енергија.Комисијата изјави дека посветено ќе се работи пред крајниот рок да биде завршена евалуацијата и да се заокружи процесот на избор на универзален снабдувач.Овластените претставници на компаниите кои аплицирале на јавниот повик немаа забелешки на постапката.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC07548-2

Дебата за локацијата на новиот Универзитетски Клинички центар

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, по оддржаната дебата во Собранието на Република Македонија за можните локации за изградба на нов Универзитетски клинички центар, ги повика денеска на средба општините и стручната јавност. Целта на собирот беше да се запознае стручната јавност дека, освен локацијата предвидена со Генералниот урбанистички план на Скопје за потребите за изградба на нов клинички универзитетски кампус во Бардовци, до Министерството за здравство пристигнаа иницијативи уште од две општини, Ѓорче Петров и Петровец, со алтернативни предлог локации.По добиените иницијативи, министерот Филипче ги повика градоначалниците Александар Наумовски и Борче Митевски да ги презентираат предлог локациите пред присутнитните претставници од Комората на овластени инжењери и архитекти, Асоцијацијата на архитекти, Катедрата за урбанистичко планирање при Аритектонскиот факултет Скопје, Проектната единица при министерствотот за здравство, стручни лица и консултанти од сферата на урбанизмот, планирањето на просторот и архитектурата,како и пред кабинетот на Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев.По извршените презентации од општините се отвори дискусија, на која се разговараше за сите важни аспекти за еден ваков капитален јавен здравствен објект, сообраќајната поврзаност со градското подрачје и другите делови од државата, инфраструктурните потреби на кампусот, економско – финансискиот аспект, заштита на животната средина, потребата од стратешки документи како и потребата од изработка на комапартивни анализи.„За ваков голем проект од национален интерес како што е Клиничкиот центар, ја вклучуваме и опозицијата во дебата. Нема партиски, национални или други разлики за изградба на новиот Клинички центар. Потребна е координација, интерактивно и ускладено функционирање“, вели Министерот Филипче.Локацијата за новиот Универзитетски Клинички центар треба да биде транспортно пристапна и лесно достапна на граѓаните, економски оправдана, пријателски настроена кон животната околина и по можност досега не користена за претходен урбан развој и на тој начин ќе претставува простор соодветен за здравствен развој.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
3-6

(ВИДЕО) Заев: Индикаторите покажуваат надеж и перспектива за економскиот раст

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше на настан посветен на промоција на Бела Книга 2018 во организација на Советот на странски инвеститори при Стопанската Комора на Македонија.Публикацијата Бела книга 2018 претставува концепт на приоритети на економските политики од перспектива на странските инвеститори кој нуди и предлози за олеснување на работењето во специфични области со цел да се стимулира подинамично инвестирање на странски капитал во земјата.Премиерот Заев одговараше на прашања кои се однесуваа на остварените економски резултати во 2018 и очекувањата во 2019, на проблемот со недостаток на квалификувана работна сила, за структурните реформи во образовниот систем и пазарот на труд како и на прашања поврзани со важната улога на регионалната соработка во процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ.„Сите индикатори покажуваат дека има огромна перспектива и надеж за економскиот раст и развој. Секако тоа е возможно со развој на бизнис секторот, на приватните иницијативи и тука ги темелиме сите наши надежи. Третиот квартал завршува со пораст на извозот од 16.4%, индустриското производство расте за 5.2%, а финалната потрошувачка за 5% како резултат на порастот на платите. Сите овие параметри се одличен индикатор дека сме на добар пат“, рече премиерот Заев.Премиерот Заев посочи дека при креирањето на политиките и носењето на легислативата и законите треба да се земаат во обзир барањата на бизнис на заедницата и во тој правец го посочи носењето на новиот закон за прекршоци.„Правиме едно правично поставување на казните и ја воведуваме опомената пред казната. Стопанството не учеше дека треба инспекторите да работат со компаниите. Многу често грешките не се намерни и мора да укажуваме на нив со одреден рок на коригирање за санкциите да не бидат за полнење на буџетот. Тоа не го сакаме. Нашата алатка е да поттикнуваме да расте профитабилноста на компаниите, а со тоа ќе растат и приходите во буџетот“, истакна премиерот Заев и додаде дека важен елемент е борбата со сивата економија за што бележиме добри резултати со пораст на приходите од даноци и социјални придонеси од 15 до 24% пораст во октомври 2018 во споредба со октомври 2017.На дискусијата по повод промоција на публикацијата Бела Книга 2018 посебно внимание се посвети на структурните реформи во образованието и пазарот на трудот кои треба да го решат проблемот со недостатокот на квалификувана работна сила на кој посочува бизнис заедницата и странските инвеститори во Република Македонија.„Фокусот мора да биде и во средното и во високото образование. Вчера го донесовме Законот за практиканство во Владата на Република Македонија и го пуштивме. Алатка повеќе со која ќе овозможиме директно студентите да имаат своја практична едукација додека студираат да можат да работат и заработуваат и да бидат подготвени за пазарот на трудот. Кромберг и Шуберт, Дрекселмаер и ЕВН веќе прават метчинг програми. Тоа е малку и треба уште повеќе да работиме во тој правец за да може да ги подготвиме младите со практично искуство“, нагласи премиерот Заев.Осврнувајќи се на отворените перспективи за развој на економијата премиерот Заев рече дека нашите тридецениски аспирации за членство во ЕУ и НАТО полека се заокружуваат и изрази очекување дека Парламентот ќе ја заврши својата задача со што ќе се испрати сериозна охрабрувачка порака за странските и домашните инвеститори за членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО што ќе обезбеди траен мир, стабилност, сигурност и безбедност како важен предуслов за нови инвестиции и развој на економијата.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_4665

Средба Заев-Фого: Македонија е партнер на НАТО во мисијата за одржување на рамнотежата и мирот во светот

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска прими делегација на Јужното крило за здружените сили на НАТО, предводена од командантот на оваа формација на алијансата, адмирал Џејмс Фого, кои беа придружувани и од делегација на Канцеларијата на НАТО во нашата земја.Премиерот Заев на средбата истакна дека посетата на делегацијата на Јужното крило за здружените сили на НАТО, предводена од Командантот, адмирал Фого, е уште едно значајно признание и охрабрување за нашата земја во еден исклучително значаен период, кога процесот за уставните измени влегува во завршница и кога успешниот епилог на процесот ќе ја активира постапката за потпишување на Протоколот за пристапување на Република Македонија во членство во алијансата.За време на средбата Претседателот на Владата на РМ Заев го информираше адмирал Фого и членовите на делегацијата на НАТО за актуелните реформски процеси во земјата како неопходни за прилагодување кон стандардите на ЕУ и особено на НАТО, особено во изминатата година.Премиерот Заев истакна дека граѓаните на нашата земја, како знак на поддршка ги прифатија двете посети на Генералниот Секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како и посетата на Командантот на Врховната команда на НАТО и Командант на американските сили во Европа, генералот Куртис Скапароти, како посети на највисоките политички и воени претставници на НАТО.„Тоа за нас е мотивација да продолжиме со целосна посветеност на нашите реформи, како и на нашето учество во мисиите на НАТО, кои, истовремено се драгоцено искуство за нашата земја и за нашата армија уште во оваа фаза до полноправното членство во сојузот“, рече Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев.Премиерот Заев потоа зборуваше и за силниот поттик што овој процес го прави на економијата и на вкупниот општествен развој на земјата од фактот што најавената успешна завршница на аспирациите за членство во НАТО, создаде доверба дека земјата обезбедува мир и безбедност, како основна претпоставка за сигурност и за просперитет за граѓаните на Република Македонија.Адмиралот Фого, од своја страна и во име на НАТО, изрази силна поддршка за постигнатото и оддаде искрено признание за капацитетите и за мотивацијата на припадниците на АРМ во мисиите на НАТО, и изрази уверување дека припадниците на македонската армија, учесници во овие мисии, ќе се вратат побогати со искуство кое потоа ќе можат да им го пренесат и на своите колеги во армијата.Адмирал Фого ја поздрави и одлуката на Владата на РМ и на Министерството за одбрана полигонот Криволак да биде ставен на користење за потребите на НАТО и ги нагласи цивилните и економски  придобивки што земјите членки и сојузници на алијансата ги стекнуваат од меѓусебната соработкаКомандантот на Јужното крило за здружените сили на НАТО, адмирал Џејмс Фого, ја истакна и улогата што Република Македонија ја има во регионот во еден чувствителен период, особено со позитивниот пример за решавање на меѓусоседски прашања како што беше прашањето за името со Република Грција, и додаде дека со членството на нашата земја во НАТО, алијансата добива уште еден партнер во мисијата за одржување на рамнотежата и мирот во светот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_3775

Китановска: Се стремиме за влез во ЕУ, а ги немаме основните услови за непречено образување на нашите ученици во 21 век

Далеку сме ние од сѐ и некако бавно се движиме по скалата нагоре за подобар живот, но сепак постои нешто што најмногу ме вознемирува а верувам и многу други граѓани а тоа е насоката по којашто се движат работите во нашето образование, вели Фросина Китановска, член на УК на Граѓанско Демократска Унија.„Иако сме при крај на првото полугодие, секојдневно медиумите Министерството за образование и наука го „тресат“ со по некој скандал.Никој во државата не зборува на оваа тема, студентите заборавени и оставени на милост и немилост, без струја и вода, заразени училишта со шуга, ученичките домови оставени без храна, скратен бесплатен превоз а за учебници воопшто и да не зборуваме.Сега ќе објаснам подетално на што мислам …Вчера на медиумите се појави вест за прекинување на бесплатниот превоз на учениците од Велес, градоначалникот на Велес со своето мнозинство изгласале ваква одлука. Мислите ли дека ваквата одлука е корисна за нашите деца?!За трагедијата во образованието да стане поголема, денес учениците во ученичкиот дом од Кавадарци останаа без храна.Овде се поставува прашањето колку образованието ни е бесплатно т.е дали ова е цената што ја плаќаат нашите деца?!За оваа Нова Година предлагам г. Адеми нашите ученици да ги изненади со новогодишни пакетчиња, односно со книги кои им се очајничко потребни.Само се прашувам до кога ќе траат овие скандали во нашата држава и до кога секојдневно ќе се соочуваме со проблеми како што се затворање на училиштата поради немање вода, затворање на училишта поради шуга, греење итн.Држава која се стреми за влез во ЕУ а ги нема основните услови за непречено образување на нашите ученици во 21 век само може да предизвика чудење во Европското семејство.Децата во државите во Европа им се радуваат на иновациите во сферата од техниката и технологијата, додека нашите ги немаат основните средства- книгите.Се остава впечаток дека правото и слободата, правото на избор на своето образование на нашите најмили во нашата држава не само што е занемарено туку и во голема мерка отежнато.Ние од ГДУ како прогресивна конзервативна партија, веруваме дека сѐ може да има своја смисла но никако цената не треба да ја плаќаат нашите деца врз кои треба да ја темелиме нашата иднина.Затоа г. Адеми ако не знаете како, ние од ГДУ можеме да ви помогнеме околу толку најавуваните реформи во образованието, само прашање е на волја, желба и многу работа“, вели Китановска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_5286_resize

(ВИДЕО) Шекеринска: Убедени сме дека во 2019 Македонија ќе биде на масата со останатите сојузници во НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – мајор Васко Ѓурчиновски денеска имаа средби со командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмиралот Џејмс Фого, кој е во посета на Република Македонија.Шекеринска ја потенцираше долгогодишната соработка помеѓу МО и АРМ и Здружената команда на сојузничките сили во Неапол која придонесе Македонија да биде подготвена да стане 30-та земја членка на НАТО.„Убедени сме дека на почетокот на 2019 година, Македонија ќе биде на масата заедно со сите сојузници, земји-членки во сојузот, а веднаш потоа со успешно ратификуван процес ќе бидеме и 30. членка на НАТО алијансата“, рече Шекеринска и изрази благодарност за посветеноста на Здружената команда во Неапол и НАТО – Канцеларијата за врски во Скопје во поддршка на реформите и развојот на Армијата.„Како на одговорна команда за силите на НАТО за Косово, КФОР, можам да порачам дека Македонија со истата посветеност како и досега ќе продолжи да ја дава сета поддршка. Како и на нашиот состанок, и тука ќе ја потврдам нашата подготвеност да започнеме и со оперативна поддршка на силите на КФОР со штабни офицери од АРМ. Тоа го гледаме како шанса за придонес кон НАТО и како шанса да ја збогатиме нашата регионална соработка“, рече министерката Шекеринска по средбата. Додаде дека Македонија го продолжува и го засилува, своето присуство и учество во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, бидејќи цврсто веруваме во вредностите на Алијансата, а тоа е дека мирот, стабилноста и безбедноста во светот, влијаат позитивно на секоја земја, на Македонија, на Европа.Командантот на Здружената команда во Неапол истакна дека НАТО го цени исклучителниот напредок кој државата го направи во изминатиот период и рече дека е дојдено времето Македонија да стане земја – членка на Алијансата. Адмиралот Фого додаде дека членките на НАТО се посветени на колективната одбрана и безбедност која ќе ја унапреди стабилноста на Македонија. Истакна дека НАТО – Канцеларијата за врски, исто како и Командата во Неапол ќе продолжат да ја поддржуваат земјата и армијата во реформските зафати во одбранбениот сектор.Репутацијата на вашите сили навистина е на завидно ниво и секогаш е добро да бидете од нашите операции и мисии, рече адмиралот за припадниците на Армијата на Република Македонија. Се заблагодари за професионалниот придонес на силите на АРМ во Авганистан и изрази задоволство што Македонија размислува да го зголеми придонесот во оваа земја.Министерката Шекеринска, осврнувајќи се на резултатите во демократските и одбранбените реформи истакна дека Македонија и граѓаните иако беа ставени пред сериозни предизвици, покажаа дека сакаат да живеат во демократска, слободна, стабилна и просперитетна земја.„Македонија беше наречена единствениот зрак надеж во Европа во текот на оваа година, бидејќи со храброст и со одлучност решивме да се справуваме со проблемите...Со мудри и храбри одлуки продолжуваме на патот кон НАТО, кој сега повеќе од било кога е близу до својата завршница“, рече Шекеринска. Додаде дека оваа година поканата на НАТО самитот, започнатите и успешно завршените пристапни разговори покажаа дека Македонија знае, може и дека е решена да ги исполни своите стратешки цели.Шекеринска рече дека Македонија покажа мудрост и во одбранбените реформи - го зголемивме одбранбениот буџет во 2018 година, а тоа го правиме и во 2019 година, успешно го завршивме Стратешкиот одбранбен преглед и веќе почнавме со негова имплементација.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања