Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

УБК е главно жариште на генерирање на сите кризи, тврди Иванов кој се пожали дека добива закани

Во изминатите неколку години јавно предупредував на опасностите кои и се закануваат на Република Македонија. Со длабоко жалење констатирам дека тие беа игнорирани, а резултатот од тоа го чувствуваме сите, изјави претседателот Ѓорѓе Иванов на денешната прес-конференција.„Во кабинетот на претседателот на Република Македонија не се разговарало за прогласување на воена или воеа состојба и ги отфрлам шпекулациите дека меѓународната заедница вршела притисок врз мене да остапам од некаков план за прогласување на некаква воена или вонредна состојба. Јавно ги повикувам странските претставници да ги посочат тие кои ми вршеле притисок.Кому му одело во прилог да го злоупотреби кабинетот на претседателот за да објави воена состојба?Година и пол јас како претседател и мојот кабинет сме мета на лажни вести со цел да не вмешаат во настаните од 27 април. Од тогаш без никакви докази се обвинува кабинетот на претседателот, се вршат притисоци и закани кон мене, со цел да отстапам од моите ставови во врска со политичките случувања во Република Македонија. По којзнае кој пат повторувам дека нема да отсапам од моите ставови.Сведоци сме на лажните искази дадени во судскиот процес за настаните од 27 април. Сакам да укажам дека за давање лажен исказ кривично се одговара. Ги охрабрувам сите оние кои ме обвинуваат да се обратат до надлежните институции. Овие институции треба да одговорат каде биле одговорните лица на 27 април и претходно.Сакам да потсетам дека во врска со настаните од 27 април кабинетот на претседателот ги достави сите извештаи до основното јавно обвинителство. Мојот кабинет ги демантираше лажните вести со кои се гради негативна перцепција за нас“, изјави претседателот.Според него ништо од она што пишуваа дел медиумите не излезе дека е вистина.„Обвинителката Рускоска јасно потврди дека Јавното обвинителство нема докази за вмешаност на кабинетот на престедателот во настаните од 27 април.Би сакал јавно да прашам, дали исказите на обвинетите се порелевантни од ТВРДЕњата нанадлежните институции и носителите на јавни функции?Како претседател на Македонија уште пред две години укажав дека УБК е главното жариште на генерирање на сите политички и безбедносни кризи. Ако УБК се дрзнува да ги следи активностите на мојот кабинет, и мене како претседател да ме става во службени белешки кој опишуваат непостоечки настани, се плашам од помислата што се се случува во оваа институција. со планиран истек на класифицирани податоци се гради лажна перцепција, за на крај да се конструира судско полициски случаи. Констатирам дека ова не е ништо друго освен хајка и линч кон мене и мојот кабинет“, вели Иванов. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
poster-i-jas-sum-dedo-mraz-2018

Започна проектот „И јас сум Дедо Мраз“- да купиме подароци за дечињата во социјален ризик

Деновиве започна хуманитарниот проект „И јас сум  Дедо Мраз“, преку кој се собираат подароци за деца од сиромашни семејства и висок социјален ризик. Мисијата е преку хумани граѓани, организации и институции да се соберат што повеќе подароци и да ставиме насмевки на што повеќе детски лица. Минатата година се собраа преку 3500 подароци, а оваа година ќе пробаме да го срушиме рекордот.Подароците кои ги купувате, може да се новогодишни пакетчиња, играчки  или алишта. Откога убаво новогодишно ќе ги спакувате, напишете на едно ливче за кого е наменет подарокот ( пол, возраст и што е подарокот). Следното нешто е да се сликате со подароците и да ја поставите сликата на социјални медиуми со хаштаг #ијассумдедомраз. Подароците може да ги оставите до 17 декември во Нано Бар, на 09.12 (недела) во Зоолошка градина Скопје на пункт отворен од 12:00-16:00 или пак да се јавите на телефонскиот број 078 405 264 и да добиете инструкции за достава.Потоа подароците ќе бидат распределни, и секое дете добива она кое што најмногу би го израдувало. Затоа што сите деца мора да се среќни! Да им ја направиме Новата година навистина среќна и весела!

Магазин | пред 7 години

7 год.
Obse-Milano-01

Жерновски: Ќе ја исполниме домашната задача за подобар живот на наште граѓани

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија,  Андреј Жерновски, кој ја предводеше делегацијата од Република Македонија на Министерскиот совет на ОБСЕ во Милано, имаше свое обраќање во кое се осврна на актуелните предизвици со кои се соочува Организацијата, како и за модалитетите за поефикасно справување со овие предизвици.Исто така, ЗМНР Жерновски во обраќањето ги презентираше и активностите околу актуелните реформи во Република Македонија за исполнување на критериумите за пристапување на земјата во ЕУ, регионалната соработка, како и активностите во насока на стекнување на членство во НАТО.Во рамките на Министерскиот совет на ОБСЕ, Жерновски оствари билатерални средби со Генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, со Високиот комесар за Национални малцинства, Заниер и со Директорот на ОДИХР, Гисладотир.За време на средбите соговорниците разменија мислења за тековните внатрешно политички случувања во Република Македонија.На средбите беше потенцирана важната улога на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и поддршката за реформските процеси на Владата, со уверување дека ваквиот пристап на соработка ќе продолжи и во наредниот период.Од страна на заменик министерот Жерновски беше реафирмирана подготвеноста на земјата за продолжување на соработката со ОДИХР, а посебно за подобрување на изборните процеси кај нас, кои комплементарно придонесуваат за достигнување на бараните европски стандарди, важни за забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.На маргините на состанокот, ЗМНР Жерновски, оствари билатерални средби со МНР на Австрија, актуелен претседавач со Советот на Европската унија, Карин Кнеисел, со МНР на Чешката Република, Томас Петричек, со ЗМНР на Грција, Томас Спенсер Николаос Квик, со државниот секретар на италијанското МНР, Пики.Учеството на Министерскиот совет на ОБСЕ, Жерновски го надополни со неформални средби и разменети мислења со МНР на Србија, Ивица Дачиќ, МНР на Албанија, Дитмир Бушати, МНР на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, МНР на Турција, Мевлет Чавушоглу и МНР на Малта, Кармело Абела.Од страна на соговорниците беше истакнато дека силно ќе ги поддржат процесите за членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ.Потенцирано беше дека добрите односи меѓу државите се важен предуслов за развој на земјите на Балканот и на регионот во целина, како и дека е важно билатералните прашања да се затворат низ принципот на регионална стабилност и безбедност.„Ќе ги вложиме сите напори за да ја завршиме нашата домашна задача, со цел да обезбедиме подобар живот за нашите граѓани", беше истакнато од страна на ЗЖНР Жерновски, на средбите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
prom-1

Промовирана антологијата на песни за Охрид

Во рамките на чествувањето на 8-ми Декември- Денот на Св. Климент Охридски- Патрон на Охрид, денеска беше промовирана антологијата на песни за Охрид. Поетската антологија „Дојди во Охрид“ ја приредија проф. д-р Димитар Пандев и поетот Славе Ѓорѓо Димоски, а е во издание на Општина Охрид.Градоначалникот Јован Стојаноски на почетокот на промоцијата им се заблагодари на приредувачите на антологијата и првите примероци им ги врачи на директорите на основните и средните училишта за школските библиотеки и на директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ .Антологијата на песни „ Дојди во Охрид“ ја промовираше проф. д-р Димитрија Ристески, кој истакна дека се работи за богато издание, во кое има 90 песни за Охрид , од кои 30 се од познати светски поети.-Приредувачите, со својата уметничка дарба и со своето извонредно чувство за селективност, успеале во оваа книга да ги врамат речиси сите песни за Охрид од дамнина, па до денес, не се само автори кои потекнуваат од охридското и нашето пошироко македонско подрачје, туку и од странство или , според насловот на посебно издвоениот дел од книгата „ Поетите од светот за Охрид“ – рече промоторот Ристески.На промоцијата, двајца автори кои се застапени во антологијата ги прочитаа своите песни за Охрид, а овој културен настан заврши со заедничката порака во иднина да се множат ваквите важни изданија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Тепачка на две групи малолетници во Струга

На улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, вчера, околу 15.30 часот нарушен бил јавниот ред и мир поради тепачка во која учествувале две групи од неколку малолетни лица.Еден од нив бил физички нападнат најпрвин од едно лице, а потоа се вклучиле и другите лица од групата. Причина за нападот е тоа што истиот ден околу 09.10 часот во претходна расправија било искршено стакло на паркирано патничко моторно возило „Мерцедес“ и за истото оштетениот бил повикан кај директорот на средното училиште „Ибраим Темо”. Истиот го посочил напаѓачот како сторител на оштетувањето. Во нарушувањето, физички е нападнато уште едно лице кое се обидело да ги раздвои, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Полициската станица од Струга презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
slika

Ѓорчев се сретна со сенаторите Линдзи Греам и Џејмс Ланкфорд

За време на својата посета на Вашингтон пратеникот Влатко Ѓорчев се сретна со сенаторот Линдзи Греам.За време на средбата пратеникот Ѓорчев се заблагодари за можноста на учествува на парламентарниот форум за безбедност.Ѓорчев го истакна партнерскиот однос на САД кон Македонија, со надеж дека во иднина односите меѓу двете земји ќе се продлабочуваат.На средбата со сенаторот Џејмс Ланкфорд стана збор за водечката улога на САД во обезбедувањето на мир и стабилност во Европа.Ѓорчев го нагласи значењето на посветеноста и ангажманот на САД во Европа како долгорочен и стратешки однос меѓу сојузниците од двете страни на Атлантикот.Пратеникот Ѓорчев ги повика сенаторите Греам и Ланкфорд да ги следат состојбите во Македонија, особено во делот на актуелните и загрижувачки проблеми, како и да го задржат вниманието кон Балканот како важен дел од Европа.На крајот, пратеникот Ѓорчев го подвлече долгогодишното партнерство помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Републиканската партија на САД како сестрински партии кои споделуваат заеднички вредности.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dsc_003

Ѓорчев се обрати во Сенатот: Македонија и САД се стратешки сојузници

Во своето обраќање Ѓорчев подвлече дека безбедноста и мирот се основни предуслови за економски напредок. Современиот свет се соочува со бројни предизвици и закани на кои што мора да се најде адекватен одговор.Пратеникот Влатко Ѓорчев се обрати како еден од воведните панелисти на 12 Парламентарен форум за безбедност кој што се одржува во Сенатот на САД, со кој претседава конгресменот Роберт Питинеџер, претседавач со Работна група за тероризам и неконвенционално војување на Конгресот на САД. Се очекува на Форумот да учествуваат 340 парламентарци од над 80 земји, кои ќе разменат мислења за безбедноста, борбата против тероризмот и неговото финансирање, сајбер-безбедноста, размената на разузнавачки информации и крипто-валутите.На парламентарниoт форум учествуваат сенатори и конгресмени од САД, како и парламентарци од Европа, Азија, Африка и Јужна Америка.Во своето обраќање Ѓорчев подвлече дека безбедноста и мирот се основни предуслови за економски напредок. Современиот свет се соочува со бројни предизвици и закани на кои што мора да се најде адекватен одговор.Ѓорчев ја подвлече водечката улога на САД во одржувањето на мирот и стабилноста на Европа. Во тој контекст, Македонија и САД ги поврзува стратешкото сојузништво и партнерство потпишано во 2008 година.Ѓорчев ја нагласи улогата на НАТО алијансата како клучна организација на евро – атлантската заедница во која што припаѓа Македонија.На крајот, Ѓорчев се заблагодари за можноста да биде еден од воведните панелисти на форумот за безбедност во Вашингтон, додавајќи дека ваквите настани ги покажуваат сојузништвото и солидарноста на демократскиот свет.Пред учесниците на 12 Парламентарен форум за безбедност се обратија конгресмени и сенатори од соодветните комисии и тела на Американскиот конгрес, претставници од Министерството за финансии и владините агенции на САД, како и аналитичари од најзначајните тинк-тенкови за меѓународна политика, експерти од големите финансиски институции и софтверски компании.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Совети за патување во зима

По долгата и топла есен, метеоролозите за наредниот период најавуваат пад на температурите, постудено време, снег на повисоките места и „конечно“ вистински почеток на зимата. Иако сончевото време на сите возачи им оди во прилог, не треба да се заборави фактот дека во зима снегот и мразот се главни „учесници“  во сообраќајот на патиштата, а возачите треба да се прилагодат на нив и на условите за возење кои ги создаваат.Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата подготви неколку кратки совети како да се подготвите вие и вашето возило за претстојниот зимски период.Дали ви требаат зимски гуми? Да. Новите модели на зимски гуми добро се вклопуваат со површината и сигурно ќе траат повеќе од една сезона, па нема потреба да размислувате за купување поскапи зимски гуми. Доколку возите автомобил со летни гуми кои имаат поголема оска од 4 мм, препорачуваме да ги замените со зимски гуми за ваша безбедност и за безбедност на другите учесници во сообраќајот. Доколку имате зимски гуми, а автомобилот е мал, ви препорачуваме да купите нови бидејќи зимските гуми со мала шарка имаат добар стисок на влажната подлога, но кога станува збор за снег, тоа не е многу добро.Погрижете се вашиот автомобил да биде во исправна состојба.Освен временските услови, исправноста на возилото е клучен фактор за безбедност на возачите и на останатите учесници во сообраќајот. Последно нешто што сакате е да останете со возилото на пат бидејќи не е механички исправно. Исто така, пред да тргнете на пат, треба да ги проверите и доколку е потребно да ги замените со нови и со поквалитетни четкичките на бришачите. Така ќе бидете сигурни дека стаклото на шофершајбната ќе биде секогаш чисто. Добро е да отидете на механичар или во овластен сервис каде што ќе можете детално да го прегледате вашето возило.Обидете се резервоарот да ви биде полн доколку заминувате некаде на подолг пат.Во зима, на места каде што има паднато снег, често се случува автомобилот да заглави во снегот, па можеби ќе бидете принудени да го оставите возилото да работи подолго време за да ве загрее, сѐ додека не дојде некој на помош. Втора, корисна работа е да се погрижите вашиот резервоар да е полн повеќе од половина во текот на целата зима бидејќи тоа ќе спречи замрзнување на горивото кога температурите се во минус. Доколку е потребно, можете да додадете и некој адитив во резервоарот.Секогаш имајте комплетна зимска опрема во вашиот автомобил.Потребни и од корист ќе ви бидат основни работи, како што се: синџири за тркала, зимски ракавици и капи, ќебиња, ремени за влечење, кабли за напојување на акумулатор, фенерче, и др. Не заборавајте да носите некои основни лекови доколку тргнувате на далечен пат бидејќи секогаш постои опасност да заглавите некаде и да не знаете колку долго ќе бидете заглавени.Носете облека во која ќе ви биде топло. Очила во тон на жолто-златна боја драстично ќе ви помогнат да имате подобра видливост. Се разбира, тоа што е ладно надвор, не значи дека треба да возите во јакна, палто или слична облека бидејќи тоа само ќе ви го отежни возењето. Сѐ што е тешко, големо и гломазно ви го отежнува возењето. Големиот и дебел капут кој повеќе ќе ве нервира, отколку што ќе ве стопли, ќе го оставите на задното седиште од автомобилот и за време на возењето, ќе бидете комотни и нема да се чувствувате тромаво, а со тоа ќе можете слободно да маневрирате со воланот, да се свртите настрана или  назад и да бидете фокусирани на она што се случува на патот. Истото важи и за тешките и големи обувки, како што се чизмите бидејќи тоа може да ви ја загрози пристапноста до педалите. Ставете ги на задното седиште за да ви бидат достапни доколку ви затребаат.Прилагодете се кон условите на патот.Проверете ја состојбата и условите на патот. Има многу начини преку кои можете да се информирате за состојбата на патиштата пред да седнете зад воланот. Проверете ја временската прогноза на локалните радио станици или на Интернет и добијте сознанија за последните временски предупредувања и за условите на патот. Ова ќе ви даде корисни информации за времето и што да очекувате или во некои полоши случаи ќе ви даде можност за план Б, односно за промена на рутата по која сте планирале да се движите.Почитувајте ги ограничувањата на брзината, предупредувањата за условите на патот и запомнете дека во зима треба да возите многу поспоро од она што е дозволено.Бидете внимателни за вас и за оние околу вас, возете одговорно и секогаш чувствувајте се безбедно во вашите возила. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Izlozba_Aleksandar_Eftimovski

Изложба на академскиот скулптор Александар Ефтимовски во Хонг Конг

Од 5 до 20 декември во Хонг Конг се одржува изложба на скулптури на академскиот скулптор Алексадар Ефтимовски, насловена како „Continuity” со која што завршува неговиот петмесечен академски престој во Хонг Конг. Ефтимовски, за време на неговиот престој при факултетот за визуелни уметности на универзитетот Лингнан, предаваше различни техники на изработка на скулптура. Како дел од резиденционалната програма на Универзитетот, покрај предавањата, Ефтимовски работеше и на свои скулптури – апстрактно геометриски, кои ги изложи на изложбата. Името на изложбата во Хонг Конг со наслов “Continuity” го претставува континуираниот пат на творење на авторот. На изложбата покрај делата на Ефтимовски беа изложени и скулптури, создадени од неговите студенти во периодот на неговиот престој.Александар Ефтимовски е автор кој своето ликовно знаење го стекна на академиите за уметност во Фиренца и Карара, Италија. Неговото творештво во голем формат е поставено во повеќе од 15 градови низ светот. Дел од неговите дела се откупени во колекциите на NAMOC (Национален Музеј на уметност на Кина), International Art Exhibition Xi’аn, како и поголем број на приватни колекции во Германија.

Магазин | пред 7 години

7 год.
levica

Левица: Приватизациите ги поскапуваат услугите и ги јакнат олигарсите

„Новиот бран на распродажба на јавните добра кој го сведочиме периодов се одвива стихијно и без јавна дебата, а неговиот резултат е повеќе од јасен: зголемување на цената на услугите, намалување на платите и условите на вработените и јакнење на олигарсите кои ќе ја стекнат сопственоста врз овие претпријатија.Од предлозите да се реши проблемот на железниците и поштата со нивна либерализација, па се до најавената либерализација на енергетскиот пазар и распродажбата на брзата помош и детската кардиохирургија, очигледно е дека 27 годишната традиција на распродажба на јавните и државните добра не е завршена. Притоа, власта манипулира со јавноста, стихијно спроведувајќи ги овие приватизации, избегнувајќи медиумска покриеност и јавна дебата“, велат од Левица.Според нив, во оние ретки моменти кога власта сепак мора да се произнесе, таа користи две стратегии за да не создаде револт кај масите: го избегнува терминот приватизација и кокетира со јавната перцепција дека државните претпријатија се неефикасни.„Од една страна, терминот „приватизација“ со право стекна негативна конотација во периодот после осамостојувањето на Републиката. Власта вешто го замени овој термин со други, помалку оцрнети називи, што кулминираше со именувањето на приватизацијата на детската кардиохирургија како „преселба“.Од друга страна, јасно е дека државните претпријатија се неефикасни и корумпирани, но притоа мора да се земе предвид дека причината за ваквиот феномен е тенденциозното уништување на овие претпријатија, се со цел нивна полесна распродажба на олигарсите во државата. Дополнително, годинава бевме и сведоци на скандалот што го обелодени „Трансперенси интернешнл”, во кој политичката партија ДУИ се финансирала преку државни институции. И на крај, неефикасноста на овие претпријатија е и една од последиците токму на неспособноста на Владата која има мандат и должност да менаџира со истите!Во оваа насока, приватизациjата како решение на властите не е ништо освен избегнување на одговорноста и зацврстување на врските со бизнис елитата. Услугите не стануваат поквалитетни кога ќе се префрлат во рацете на капиталот, туку стануваат поскапи. Такви примери имаме и во Македонија (приватните болници и училишта се поскапи) и низ Европа (после либерализацијата на енергетскиот пазар, во повеќето земји во Европа електричната енергија поскапела, некаде дури и дупло). Напротив, решението е во квалитативното подобрување на државните претпријатија.Потребно е да прекине да се троши државниот буџет по диктат на Западот (за интеграции во НАТО и милитаризација) и да се инвестира во државниот сектор. Потоа, потребна е поголема демократизација на овие претпријатија преку поголемо учество на вработените во носењето на одлуките, како единствен ефикасен начин на борба против нивната корумпираност. Менаџерите и директорите треба да бидат избирани од самите вработени, по пат на гласање, и нив да им се доделува ограничен мандат, а трошоците на претпријатијата мораат да бидат транспарентни и достапни за јавноста.Распродажбата на јавните и државните добра не е ништо друго освен распродажба и на онаа мала количина слобода што нам ни преостана, и која што сега ја препуштаме во рацете на капиталот. А капиталот не се грижи за квалитетот на услугите, ниту за нас, туку единствена цел му е да го зголеми својот профит. Затоа, мораме да ставиме крај на приватизацијата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-5

Заев на дебата со судиите: Да ги спроведеме реформите за функционална правна држава

Претседателот на Владата на Република Македонија, вчера се обрати на работната средба во организација на Академијата на судии и јавни обвинители и Центарот за истражување и анализи, со претставници на апелациските судови и Врховниот суд на Република Македонија, што се реализира и со поддршка од Британската амбасада, што се одвива во Струмица. Тема на средбата е хармонизирање на судската практика.Премиерот Заев во Обраќањето порача"Правото и правдата мора да бидат достапни на секој граѓанин и да важат, неселективно, подеднакво, за сите!"Во продолжение е интегралниот текст од Обраќањето на премиерот Заев:"Правдата често пати на луѓето им е потешка од неправдата, оценил еден мислител.Голема е одговорноста да се биде носител на правдата и да се биде праведен. Потребни се добри закони, потребно е почитување на законите од судската, извршната, законодавната власт, од институциите, од секој професионалец и секој граѓанин поединечно. Потребна е и свест и совест дека само општеството поставено на правда и правичност носи мир и е добро место за живеење на граѓаните.Затоа, како извршна власт, со вас судиите, обвинителите, стручната јавност, се обидуваме да ги усогласиме законите според европското законодавство и препораките што се бараат во поглавјето за правосудство во преговарачкиот процес што очекуваме да почне со ЕУ.Но, клучната обврска останува на вас како судии и на сите нас како држава:Да обезбедиме конечно функционална правна држава!Правото и правдата мора да бидат достапни на секој граѓанин и да важат, неселективно, подеднакво, за сите!Апелирам, вие да си ја работите работата според совеста и законите, непристрасно, објективно, професионално, без прифаќање странични влијанија, од кого и да доаѓаат. Законите ве штитат, а законите во оваа држава се спроведуваат и ќе се спроведуваат.Правото за извршување на правдата е во ваши раце и одговорноста за реализација на правдата е исто така ваша.Еве ќе ја искористам приликата да се обврзам дека како извршна власт, ќе го направиме она што е наша должност, да ги обезбедиме сите потребни услови, за да функционира ефикасно правната држава во Македонија.За тоа се обврзавме пред граѓаните, тоа ни е обврска како држава, за да ги почнеме преговорите со ЕУ во јуни и да станеме членка на Европската унија. Ефикасен правен систем ни е потребен и за членството во НАТО, што очекуваме да се случи многу скоро, почнувајки го процесот веќе од февруари.И ајде да покажеме заедно дека Македнија може да биде пример и во обезбедувањето на правото, како врвно и демократско човеково право.Важно е да ги обезбедиме правото и правдата.Важните закони што се однесуваат на ефикасно правосудство очекуваме до Нова година да влезат во собраниска процедура.Предлог законите за изменување и дополнување на Законот за судовите и Законот за Судски совет на Република Македонија се работени од стручна работна група составена од судии, професори, поранешни судии на Судот за човекови права во Стразбур, членови на Судскиот совет на Република Македонија.Измените и дополнувањата се согласно препораките дадени од Венецијанската комисија, ГРЕКО и Оценската мисија на ТАЕКС за обука на судии и јавни обвинители, според насоките утврдени во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, а ја поминаа и расправата во Советот за реформа на правосудниот сектор и, како што сум информиран, нивното донесување е поздравено.Со измените што се предвидени во законите: се врши редефинирање на изборот на членовите на судскиот Совет од редот на најискусните судии, законски се дефинира условот “истакнат правник“ за избор на член на Судскиот совет на предлог на Собранието на Република Македонија и на Претседателот на Република Македонија, се воведува категорија на “млади правници“, се врши редефинирање на критериумите за унапредување судија во повисок суд, се утврдува законски основ за донесување Кодекс на судска етика за судии и судии поротници, се пропишуваат критериуми за утврдување на индивидуална одговорност за членовите на Судскиот совет во вршењето на нивната функција, се менува концептот на оценување на судии заради напредување и целосно се уредуваат основите за дисциплинско казнување, согласно препораките на Венецијанската комисија.Еве и поконкретно:Со Предлог законот за изменување и дополнување на Законит за судовите:-Се воведува категоријата “млади судии“, или судии избрани во основен суд со проширена надлежност со судиски стаж до две години, да можат да работат само на предмети од надлежност на суд со основна надлежност, односно полесни предмети.-Основните судови во Кичево, Кавадарци и Гевгелија добиваат проширена надлежност. Анализите покажуваат дека овие судови континуирано низ годините имаат предмети изразено над просекот на предмети што го имаат судовите со основна надлежност. Ваквата поставеност негативно влијае на секојдневното работење на правните лица, за коишто е надлежен Основниот суд во Велес, а така индиректно и на целокупното пазарно работење и на развојот на стопанството во јужните делови на Македонија. Негативни ефекти од моменталниот статус на основните судови во Кичево, Кавадарци и Гевгелија, како судови со основна надлежност има и во кривичното право. Имено, меѓународните стандарди предвидуваат посебен третман на децата сторители на кривични дела, што треба да биде остварен во нивното место на живеење. Ваквите меѓународни стандарди се неостварливи доколку судот е значително оддалечен од местото на живеење на детето. Целта на измените на оваа одредба е остварување на полесен и поефикасен пристап до правдата на голем број граѓани на Република Македонија.-Се предвидува надлежноста на Судскиот совет на Република Македонија да го утврдува оптималниот број на судии и судии поротници по судовите. Оваа измена се предлага согласно забелешките на Оценската мисија на ТАИЕКС за обука на судии и јавни обвинители, извршена во април годинава, а согласно којашто „не постои планирање на човечки ресурси и нема стратешко планирање за вработување судии или јавни обвинители, ниту за правни соработници и друг помошен персонал, а огласот за судии и јавни обвинители од страна на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се чини дека е направен по случаен избор“. Советот располага со сите потребни статистички показатели (број на судии и стручен персонал, број на предмети по судови по област, движење на предмети по години и согласно ново предвидената надлежност тој мора да ја следи работата на судовите и судиите и има капацитет за исполнување на наведената обврска-Се овозможува во случај на полесен облик на повреда на основите за разрешување судија, на судијата да може да му биде изречена дисциплинска мерка, наместо разрешување, согласно препораката на Венецијанската комисија. Воедно, се предлага разрешување судија од судска функција да биде можно само ако повредата е сторена со намера или очигледна небрежност, по вина на судијата, без оправдани причини и повредата да предизвикала сериозни последици.Што се однесува до позначајните измени во Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Судски совет на Република Македонија:-Се врши дефинирање на поимот “истакнат правник“ како член на Советот избран од Собранието. Се предлага тие да бидат од редот на универзитетски професори по право, адвокати, поранешни судии на Уставен суд или меѓународен суд-Се пропишуваат основите и постапката за изземање и за поднесување барање за дисциплинска постапка за член на Советот, согласно препораката на Венецијанската комисија, во делот на непостоење одредба за утврдување одговорност на членовите на Советот во вршењето на нивната функција во Советот-Се прошируваат основите за престанок на судската функција и во случај ако на судијата во вршење на судиската функција му е изречена прекршочна санкција „забрана за вршење на професија, дејност или должност за дело поврзано со злоупотреба на судиската функција“. Оценката е дека ова дополнување е неопходно, имајќи предвид дека во конкретниот случај судијата целосно го изгубил кредибилитет за вршење на функцијата-Се воведува нов концепт на оценување судии, само во случај на унапредување во суд од ист степен, повисок суд или за претседател на суд. Целосно е постапено по забелешките на Венецијанската комисија, којашто укажа дека оценувањето на судијата мора да биде одвоено од системот за казнување, односно да се отстрани критериумот на „оценување заради казнување“.Во финална подготовка се и Законот за судска служба. Во делот на кривичното законодавство, најзначаен дел се измените што се однесуваат на криминалот на омраза, а се пропишуваат и нови кривични дела, како што е “попречување на правдата“.Во финална подготовка се и закони што се однесуваат на обвинителската дејност.Благодарам што учествувате со свои забелешки, сугестии, коментари во реформите во правосудството. Клучно е вашето мислење бидејки вие сте спроводници на правдата.За да поминат законите во Парламентот, потребно е дво третинско мнозинство во Парламентот – ние сме во контакти и со опозицијата и верувам дека ќе биде дадена широка и политичка и општествена поддршка.Да ја хармонизираме судската практика, да ги усогласиме законите со законодавството на ЕУ, да ја обезбедиме правдата во нашата држава и сите да се чувствуваме спокојни и заштитени во еден ефикасен, фер и правичен правосуден систем!Повикувам сите надлежни институции и поединците, да ја сфатиме сериозно оваа обврска, да ги донесеме законите до март и да почнеме со нивна ефикасна реализација!Првото поглавје што очекуваме да се отвори е поглавјето 23, верувам дека реформите во правосудството успешно ќе завршат, а нивната имплементација ќе блеска", рече во Обраќањето премиерот Заев.Во дебатата судиите дадоа свои мислења и сугестии, а премиерот Заев рече дека се тие добредојдени, бидејки целта е охрабрување на судството да носи одлуки и независно и професионално судство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Abraham-Kribus-

Професор Крибус одржа предавање за соларна енергија пред студентите на ФЕИТ

Искористувањето на сончевата енергија е многу успешно и прилично компетитивно, но веќе се бараат начини како нејзината примена да стане уште поевтина, уште подостапна и уште поконкурента, порача професор д-р Абрахим Крибус од Универзитетот Тел Авив на стручното предавање пред студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии.Предавањето се одржа во рамки на Студентската конференција за енергетска ефиканост и одржлив развој, каде Крибус одржа предавање насловено како „Соларна енергија – предизвици и можности“. Предавањето го организира изралеската амбасада а на предавањето присуствуваше и Амбасадорот на Израел во Република Македонија, Н.Е. Дан Ориан.„Главен предизвик во користење на соларната енергија е наоѓање решенија за оптимизација на ефикасноста во однос на цената на чинење. Затоа, применуваме нанотехнологии за добивање сончеви ќелии, нови иновативни пристапи за складирање на енергија, хибридни системи за генерирање електрична енергија и друго“, рече Крибус.Професор Крибус е #SwissEP претприемач кој работи со помошни организации и старт-апи во Македонија. ЕИР Европа е иницијатива на Швајцарската програма за претприемништво, финансирана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact во конзорциум со Ј.Е.Астин.Крибус а активен професор на Универзитетот Тел Авив, на Факултетот за инженерство, оддел за механичко инженерство со 8 патенти и е автор на 260 научни трудови. Тој говореше и за нови алтернативни и обновливи начини за создавање енергија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr

Малолетници од кумановско, уценувале жена и зеле многу пари - заработија кривична пријава

Секторот за внатрешни рабооти Куманово поднесе кривична пријава против двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од село Отља, кумановско и уште еден 16 годишен малолетник од село Слупчане, кумановско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“ во врска со кривично дело „соучесништво“.Во периодот од јули до септември 2018 година пријавените преку комуникација на социјална мрежа со закана дека ќе објават фотографии со невистинита содржина, оштетената ја принудиле да им даде поголема сума на парични средства, со што се стекнале со противправна имотна корист од 360.000 денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kamaj-1

Дечково продава икона, а 500 души му пишале амин…

На забавниот сајт камај.нет, се објави интересна статија. Имено дечко  сакајќи да продаде икона, ја објавил на интернет, но наместо да се договараат околу цената, оние кои виделе лајкувале и над 500 души му пишале амин…извор: камај.нет

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Од кабинетот на Иванов: Љубомир Фрчкоски е најмалку повикан да го обвинува Претседателот Иванов

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија реагира на изјавата на Љубомир Фрчкоски дадена вчеравечер во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.Сметаме дека ваквиот однос на Фрчкоски кон Претседателот на Република Македонија е резултат на личен анимозитет, како и последица на неговите лични фрустрации поради доживеаниот пораз на претседателските избори, токму од страна на претседателот Иванов.Сметаме дека Љубомир Фрчкоски е најмалку повикан да го обвинува Претседателот Иванов.Дали треба да ја потсетуваме јавноста на веќе укажаните сведоштва дека Фрчкоски е архитектот на политичката полиција и криминализирање на Службата за безбедност во Република Македонија на штета на националните прашања?Дали непрофесионализмот, кршењето на човековите права и владеење на подземјето е неговиот печат во управувањето со институциите?Дали Фрчкоски смета дека јавноста заборави за криминалните и неморалните дела од неговото владеење?Претседателот Иванов му порачува на Фрчкоски:„Јас не сум тоа што си ти. Кој си ти е опишано во мемоарите на поранешниот претседател Киро Глигоров и поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов“.Кабинетот на Претседателот на Република Македонија очекува од Јавното обвинителство да реагира на сите досегашни изјави и сведоштва за улогата на Фрчкоски во атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sanja-l

Нова давачка за граѓаните - За да знаете колку имате дополнителни приходи ќе треба секој да има свој сметководител

Новина од УЈП, за да знаеме колку данок треба да платиме по новиот закон секој од нас ќе треба да ангажира свој сметководителУште една давачка за македонските граѓани од наредната година.За да успеат даночните обврзници да се снајдат со новите даночни стапки по различни основи, по новиот закон кој треба да стапи на сила од први јануари 2019, граѓаните најверојатно ќе им треба да си ангажираат лични сметководители за да не заталкаат во даночните лавиринти. Во синоќешното издание на “Економски магазин“ на Алсат м телевизија, директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска објаснувајќи дел од новиот закон на прашање на водителот, дали секој кој што има дополнителни приходи од редовната плата и редовната пензија, би требало секој да има свој сметководител за да може да си ги води сметките за да знае колку данок ќе треба да плати, директорката Лукаревска одговори дека таа е праксата во сите европски земји, секој си има свој сметководител.– Во сите европски земји така е најчесто, праксата е таа. Секое физчко лице си има свој сметководител. Меџутоа мислам дека нашите сограѓани навистина се доста едуцирани и дел од нив и сами знаат да ги спроведуваат овие смедководствени работи, рече Сања Лукаревска.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Capture-3

МВР: Викендов ќе биде затворен големиот паркинг на Водно

На 08 и 09.12.2018 година (сабота и недела) во времето од 07.00 до 15.30 часот, во организација на АКК Примо АВЈ – Скопје ќе се одржи спортска манифестација „Авто слалом-спретно возење Скопје 2018“ на големиот паркинг на Водно. Од тие причини ќе биде затворен големиот паркинг на Водно.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 7 години

7 год.
kokian-1

(ФОТО) На скопски аеродром запленет кокаин вреден 570.000 евра

Два килограми кокаин, кои биле скриени во багажот на Венецуелец, се откриени на Меѓународниот аеродром „Скопје“, соопшти Царинската управа на Република Македонија. Дрогата при продавање во количества „на мало“ би достигнала цена од околу 570.000 евра, се објаснува во соопштението.Шверцерот слетал на скопскиот аеродром завчера во 20.30 часот со лет од Цирих и бил издвоен за детален преглед, по што била откриена дрогата за која и анализата од цариниците и втората анализа од вештаци потврдила дека е кокаин.„Вредноста на запленетата дрогата, на црниот пазар во Република Македонија, изнесува околу 140.000 евра, додека истата при продажбата на мало би била повеќекратно зголемена и би достигнала вредност околу 570.000 евра“, соопшти Царина, нагласувајќи дека е поднесена кривична пријава против Венецуелецот.Царинската управа на Република Македонија до надлежното Основно јавно обвинителство против осомничениот поднесе кривична пријава,заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gjorge-ivanov-1

Иванов ги отфрли како небулозни тврдењата дека вечерта на 27 април наводно подготвувал прогласување воена состојба

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги отфрли како небулозни тврдењата дека вечерта на 27 април наводно подготвувал прогласување воена состојба.Тоа се, како што изјави, очаен обид да се сврти целото внимание од главните креатори на настанот кон шефот на државата и неговиот кабинет.Одговорајќи на новинарски прашања по доделувањето на признанијата „Македонски квалитет", Иванов истакна дека во него се вперува прстот, но кога судот ќе ја донесе одлуката ќе се знае кои се главните актери, кој стои зад 27 април, кој го испланирал и изрежирал, но ќе се знае, подвлече претседателот, и мотивот.-Јавноста верува на обвинет, а не на официјалните институции. Имаше изјава и обвинителката, имаше соопштение и од Армијата и од кабинетот. Веројатно нашите изјави се многу поиздржани од изјава на обвинет кој прави се да го одбегне тоа што му следува. Прашајте кај биле генералите тој ден, кај бил началникот на Генералштабот, каде бил мојот аѓутант, Армијата. Веќе имаме и нова власт и нова министерка за одбрана која сите овие месеци можела да види што има во МО за тој ден зашто се` се евидентира. Армијата не е невладина организација, туку хиерархиски поставена институција која води евиденција за секој ден, за секој час, за секој војник и офицер, истакна Иванов.Од кабинетот на претседателот  соопштуваат дека Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов,ќе се обрати до македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија денеска во 17:00 часот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
lavrov

Лавров: САД насила ја туркаат Македонија во НАТО

САД се мешаат во внатрешните работи на Македонија со туркањето на договорот за името со цел да го забрзаат нејзиното членство во НАТО, обвинува шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за грчки весник, објави dw.com.Русија и натаму отворено се спротивставува на Преспанскиот договор и на влезот на Македонија во НАТО. Во екот на посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Москва, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во денешното интервју за весникот „Ефимерида“ оценува дека САД насила ја туркаат Македонија во воено-безбедносната Алијанса.„Очигледно е дека постои неконтролирана и континуирана интервенција на САД и ЕУ во внатрешните работи на Македонија“, вели Лавров.Претходно, Вашингтон во неколку наврати ја обвинуваше Москва за ширење на „негативно влијание“ во Македонија и во други земји од Западниот Балкан, во обид да ги спречи нивните аспирации за евро-атлантска интеграција.Лавров во интервјуто обвинува дека мнозинството за уставните измени поврзани со Преспанскиот договор во Македонија било постигнато со „уцени и поткуп на пратеници“ во што бил вмешан и амбасадорот на САД во земјата.„Треба да се напомене дека ова брзање служи само на целта на Вашингтон за насилна интеграција на Скопје во НАТО“, вели Лавров.извор:dw.com

Свет | пред 7 години

7 год.
VIK_2

Со ИПА грант подобри услови за настава за 500 ученици во с.Черкези, Кумановско

Над 500 ученици во село Черкези, Кумановско, добија подобри услови за настава преку грант-средства од Европската Унија, односно инструментот ИПА. Грант средствата во износ од 1,96 милион денари за реновирање на основното училиште “Јероним Де Рада”, се доделени преку Проектот за подобрување на општински услуги, кој го реализира Министерството за финансии со поддршка и средства на Светска банка и Европската Унија.Со реновирање на училишната зграда, обезбедени се подобри услови за 530 ученици, како и за 58 вработени во училиштето. Направена е промена на внатрешната столарија, поставени се гипсни плочи на таванот, заменети се подовите, санирани се дупнатините и молерисани на sидовите.Министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека Проектот за подобрување на општинските услуги поддржува подобри услуги во сите општини во земјата, што вклучува и подобри услови за настава во училиштата и градинките. Тој рече дека преку Проектот, но и други мерки и реформи, Владата настојува да го подобри образовниот процес во земјата.- За одржлив економски раст и подобар животен стандард, треба да се инвестира во човечкиот потенцијал. Инвестициите во oбразованието се од исклучително значење. Секој од нас е добар во нешто и има нешто да понуди. Оределбата на нашата Влада е да вложува во образованието - како во образованата инфраструктура, така и во подобрување на квалитетот на образовните програми. Следната година во буџетот се издвоени 27,4 милијарди денари за образование, што е за 2 милијарди повеќе во однос на годинава - рече министерот за финансии Драган Тевдовски.Амбасадорот на ЕУ во земјава, Самуел Жбогар истакна дека според финансиските средства можеби ова е мал проект, но со огромно влијание, бидејќи ги подобрува условите за настава за децата во училиштето.-Првите години во развојот на децата се најважни за нивниот правилен развој. Токму поради таа причина од огромна важност е децата да имаат соодветни услови за учење. Со овој проект се работи токму на оваа цел - рече Жбогар.Градоначалникот на Куманово Максим Димитривески посочи дека преку вакви инфраструктурни проекти, општините работи на подобрување на условите за живот во руралните средини.-Една од стратешките цели во Потстратегијата за рурален развој на општината е подобрување на условите за живот на населението во руралните средини преку реализирање на конкретната цел, односно подигање на стандардите на живеење преку имплементација на инфраструктурни проекти, како што е овој проект за адаптација на училиштето - рече Димитриевски.Директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија Марко Мантованели, посочи дека адаптацијата на училиштето е дел од поголем проект. Преку Проектот за подобрување на општинските услуги, се реализирани повеќе инфраструктурни проекти, кои допринеле за подобри услови за живот за голем број на граѓани во земјава.-Ова е дел од посеопфатна програма која ја правиме заедно со Министерството за финансии во рамки на МСИП проектот. Во рамки на таа програма 12.900 семејства имаа чиста и поквалитетна вода за пиење и повеќе од 524.500 граѓани имаат пристап до подобри комунални услуги - рече Мантованели.Проектот за подобрување на општинските услуги овозможува финансирање на капитални општински проекти како водоснабдување, канализација и одведување на отпадни води, енергетска ефикасност (улично осветлување, изолација на општински објекти и сл.), локална патна инфраструктура (модернизација и реконструкција на улици и патишта), комунални услуги (набавка на возила за јавните комунални претпријатија) како и други општински услуги и надлежности (изградба на детски градинки, зелени пазари, инфраструктура во индустриска зона и сл.).

Македонија | пред 7 години

7 год.
angusev-2

(ВИДЕО) Анѓушев и Младеновски на увид во градежните работи во новата странска инвестиција Баумер

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Александар Младеновски, во присуство на Марсел Фрај – оперативниот извршен директор на корпорацијата „Баумер“ и Новица Шотаровски – директор на фабриката „Баумер“ во Македонија, денеска извршија увид во градежните работи на производствениот погон на оваа швајцарска компанија во ТИРЗ Скопје 1, по што беше потпишан договорот за државна помош.Baumer Holding AG е семејна меѓународна компанија која произведува напредна сензорска технологија, индуктивни и процесни сензори, енкодери, кабли и други полуфабрикати од областа на електрониката. Во производните активности, „Баумер“ ќе вклучува и локални квалификувани добавувачи.Вицепремиерот Анѓушев изрази особено задоволство што изградбата на фабриката е во напредна фаза и посочи дека клучно кај оваа странска инвестиција е тоа што ќе има научно-истражувачки центар во кој ќе бидат вработени над 30 млади инженери од областа на електрониката, информатиката, машинската технологија.- Тие брзо градат и ме радува што градат по швајцарски стандарди и критериуми. Се надевам дека, согласно нивниот план, во март ќе почне и нивното производство. Покрај производство, тие во нашата држава ќе организираат и научно-истражувачки центар во нивната компанија, каде што ќе бидат вработени над 30 млади инженери од областа на електрониката, информатиката, машинската технологија, односно машинските науки и сите тие ќе бидат дел од големото семејство на корпорацијата „Баумер“ – рече Анѓушев по потпишувањето на договорот.Тој потенцира дека Владата и понатаму ќе биде посветена на поддршка и на привлекување директни странски инвестиции.- Ова е една од фабриките што успеавме да ги привлечеме во Република Македонија во последната година. Тие на број се повеќе од 20. Овие фабрики ќе дадат сериозен импакт врз растот на бруто-домашниот производ на државата. Ние како држава немаме големи ресурси, немаме нафта, немаме гас. Нашата индустријализација е шансата за развој на Република Македонија и како Влада ќе бидеме посветени да направиме брза и квалитетна индустријализација. Но не со трудоинтензивни дејности, каде што вработените ќе земаат по 200-300 евра плата туку индустријализација со високотехнолошки развиени компании, какви што се обидуваме да развиеме и да привлечеме во државата, каде што ќе работат претежно инженери, каде што ќе им дадеме шанса за нашите млади високообразовани кадри кои треба да останат во нашата држава, но не за мизерни услови туку за солидни плати и солиден стандард. Само така ќе обезбедиме иднина за нашата држава, за нашите млади генерации. Очекувам компанијата „Баумер“ да има сериозен придонес во таа работа – рече вицепремиерот Анѓушев, додавајќи дека секоја нова фабрика претставува празник.По потпишувањето на договорот за државна помош директорот на фабриката Баумер во Македонија, Новица Шотаровски најави дека планирано е да бидат вработени од 300- 350 лица, а стартот на производство се планира за март следната година.- Почетокот на градежните активности го означивме на почетокот на јули 2018 година со поставување на темелите, а веќе за не цели 9 месеци, во март 2019 година „Баумер“ ќе биде потполно оперативен за своите први производи. Во првата фаза на инвестицијата, која е во тек, на простор од 3.840 квадратни метри ќе се инвестираат меѓу 6 и 7 милиони евра и ќе се вработат помеѓу 150 и 200 вработени. Втората фаза е планирана за 2023 година со проширување на дополнителни 4.000 квадратни метри производни капацитети и дуплирање на бројот на вработени – рече Новица Шотаровски, директор на фабриката „Баумер“ во Македонија.Шотаровски посочи дека третата фаза е изградба на дополнителен административно деловен дел на 2.000 квадратни метри со што инвестицијата би достигнала нешто повеќе од 9 милиони евра и најмалку 350 вработени. Бидејќи развојот и иновациите се втемелени во корпоративната филозофија на „Баумер“, паралелно со производството ќе се оформи и Центар за иновации и развој во Скопје, во кој приближно 30 софтверски, електро и машински инженери ќе ги создаваат новите генерации производи од портфолиото на „Баумер“.- Покрај тоа што во логото на Баумер стои Passion for Sensors (Пасија за сензори), според тоа што досега го видов во деловните единици во Швајцарија и Германија, постои и пасија за луѓето што ги создаваат тие сензори и технологија, особено за нивното здравје и сигурност. Кога ќе биде фабриката во Скопје подготвена и пуштена во целосна употреба на 15 март 2019 година, таа ќе биде опремена со внимателно одбрани системи за одржување на потребните работни услови, ергономски ентериер и работни простории, кантина со внатрешен и надворешен простор, простории за вежбање и релаксација како и технологија за продукција и комуницирање според најновите светски достигнувања. За беспрекорно функционирање на административно-производните процеси, вработените од менаџментот и производството ќе посетуваат повеќенеделни обуки во Швајцарија и Германија – рече директорот Шотаровски.Директорот на ТИРЗ Александар Младеновски посочи дека Македонија е на мапата на странските инвеститори за што е и потврда денешното потпишување на договорот за државна помош.- Преку овој договор, активностите на оваа компанија ќе бидат помогнати и делумно субвенционирани преку транспарентите мерки од донесениот План за економски раст на Владата на Република Македонија. Висината на планираната инвестицијата ќе изнесува околу 9 милиони евра, со најавени 300-350 нови вработувања во пет фази. Длабоко сум уверен дека со приклучувањето на „Баумер“, кон еминентното семејство на компании во ТИРЗ Скопје 1 ќе ги охрабри и сите други компании што најавија инвестициски активности кај нас во наредниот период, а секако ќе придонесе Македонија да стане уште попрепознатлива дестинација на светските инвеститорски мапи - рече директорот на ТИРЗ Александар Младеновски.„Баумер“ е фамилијарна компанија, која 66 години се развива и доминира на светскиот пазар за индустриски сензори и процесно мерни инструменти. „Баумер“ постојано инвестира и се развива, и во моментов брои 2.700 вработени во вкупно 38 бизнис единици во 19 земји во светот, а е присутен со продажба во 70 земји во светот. Помеѓу нив се и фабриките и центрите за иновации и развој во Швајцарија, Германија, Франција, Италија, Данска и Индија, а со инвестицијата во Македонија таа бројка ќе достигне и повеќе од 3.000 вработени. Растот на побарување на сензорска технологија во светски рамки е проектиран на 11% годишно со тренд да достигне 241 милијарда долари до 2022 година.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ljupka-arsova-dzundeva

Почина познатата театарска, филмска и телевизиска актерка Љупка Арсова-Џундева

Почина познатата театарска, филмска и телевизиска актерка Љупка Арсова-Џундева, на 84-годишна возраст.- Со голема болка и огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Љупка Арсова-Џундева (1934-2018), тивката дама на македонското актерство. Џундева секогаш со гордост истакнуваше дека ѝ припаѓа на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, а со тоа е дел од создавањето на поновата историја на театарската уметност во Македонија - соопштија од Македонскиот народен театар.Џундева е добитник на наградата „13 Ноември“, потоа на Наградата за артистичко остварување доделена од Југословенската радио-телевизија, Орден на трудот со златен венец и Орден на трудот со сребрен венец.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mladen-cadikovski

Ќе биде ли Младен Чадиковски идниот претседател на ЗНМ?

Главниот и одговен уредник на телевизија 24 Вести Младен Чадиковски ќе биде идниот претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ)?Неофицијлано дознаваме дека досегашниот претседател на здружението Насер Селмани лично ќе го предложи Чадиковски за негов наследник.Претседателот на ЗНМ се бира на Изборното собрание, кое ќе се оджи на средината на овој месец.Рокот за поднесување на кандидатура за претседател е до 12 декември.

Македонија | пред 7 години

7 год.
hart

Анти - геј вицовите од пед 10 год. причина Кевин Харт да не ги води Оскарите

Драма со Оскарите. Академијата најпрво го објави името на домакинот - водителот , а потоа се премисли. Во неполни 48 часа одземемо му е правото тој да ја води манифестацијата поради „претходни анти-геј твитови, и коментари што Харт ги имал во своите стендапи пред речиси 10 години.“Харт се обидува да ја смири топка порачувајќи дека луѓе се менуваат и ова се случило пред речиси 10 години.Следно, луѓето од Академијата му се јавуваат на Харт и од него бараат да се извини или ќе го сменат како водител. Харт се одлучува на втората опција и се откажува од водење на Оскарите 2019. Неговата позиција е дека во минатото се има извинето, објаснето, разјаснето и се што треба за она што сега му се забележува.Од Академијата се уште немаат претстава кој ќе биде човекот што ќе го замени Харт. 

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања