Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
76a551a44bc94578da8512f1dfc6a3e2_w790

Шапуриќ: Со транспортни и царински олеснувања до поголема економска соработка во регионот

Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ вчера имаше обраќање на Меѓународниот економски форум „Перспективи", што се одржа во Загреб. Во своето излагање тој зборуваше за регионалната економска соработка која води кон подобра иднина на регионот.Намалувањето на сите видови бариери, како што се царинските и транспортните олеснувања, признавање на лиценци и сертификати и олеснување на сите останати процедури ќе придонесе до значително поголема економска соработка на земјите во регионот, нагласи министерот Шапуриќ, с енаведува во соопштѕението од неговиот кабинет.Тој, исто така, ја истакнал силната определба  на Владата на Република Македонија за унапредување на економската и политичката соработка со сите земји во регионот. Исто така, ги презентираше и мерките за економски раст на Владата и укажа дека постои огромен потенцијал за заеднички настап на трети пазари на компаниите од земјите во регионот.Во рамки на форумот Шапуриќ претседаваше и со една пленарна сесија, а подоцна во име на организаторот на форумот додели плакети на успешните компании од регионот, меѓу кои и на компанијата Тиквеш.За време на престојот во Загреб Шапуриќ оствари и билатерални средби со Предраг Штромар, министер за градежништво и просторно планирање во Владата на Хрватска, жупанот на Загребачка Жупанија, Стјепан Кожиќ, државниот секретар Жељко Урлих, претседателот на ХНС Иван Врдољак, повеќе пратенци во хрватскиот Парламент и други преставници на институциите на Хрватска.Шапуриќ, исто така, со жупанот Кожиќ и други  претставници на централни и локални институции во Хрватска ја   отвори прва Алеа на претприемништво во индустриска зона во регионот, која се наоѓа во околината на Загреб, каде се наоѓаат производни погони на повеќе светски и хрватски познати брендови , меѓу кои и фабриката за автомобили Римац.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Македонија се гуши во смог, граѓаните бесни - едвај дишт , болниците се полнат

Граѓаните бесни, градовите обвиени од смог, тешко се дише, а видливоста е едвај неколку метри. Годинава неколку македонските градови на врвот на листата на најзагадени светски градови. Смогот се интензивираше поради густиот сообраќај, масовното користење јаглен, лошото просторно планирање и греењето на дрва. Индексот на квалитетот на воздухот е најмалку 10 пати повисоко од просекот. Степенот на загаденост на воздухот на почетокот на декември веќе достигна алармантно ниво.Македонија губи околу 3,2 проценти од својот годишен БДП поради загадувањето, или во бројки околу 360 милиони долари годишно.Околу 1.350 Македонци умираат годишно како последица на загадувањето на воздухот.Додека светот е собран на Климатскиот самит во Полска, граѓаните на Балканот се прашуваат дали нивните влади ќе сторат нешто за да се справат со загадувањето кое убива илјадници луѓе годишно.Од загадувањето профит имаат само оние кои продаваат прочистувачи на воздух, за кои, еден продавач од Македонија вели дека „одат како алва“. „Луѓето не гледаат колку чини само сакаат да чист воздух“, велат бизнисмените кои продааваат прочистувачи на воздух.Инаку прочистувач на воздух чини околу 400 евра - речиси исто колку и просечна плата во Македонија.За потсетување како една од мерките која ја превзеде министерството за здравство во борба против загадувањето е 43 те илјади маски за дишење за хронично болни луѓе.На ова се спротиставија активистите од граѓанската организација „Стоп за загадувањето на воздухот“. Според нив оваа мерка е краткорочна и не е сериозна во борба против загадувањето.

Македонија | пред 7 години

7 год.
izmir-2

Македонија земја партнер на саемот за туризам во Измир, Турција

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија оваа година е земја-партнер на саемот во Измир, Турција (Travel Turkey – Izmir). Со официјален говор пред туристички работници, политичари, амбасадори и министри за туризам од светот, директорот на АППТ, г-дин Љупчо Јаневски ја промовираше убавината на Македонија и ги потенцираше традиционалното пријателство, соработка и разбирање што двете земји го имаат во секоја индустрија.Подвлекувајќи го фокусот на Владата на Република Македонија на развојот на туризмот како една од водечките индустрии во светот и фактот дека бројот на странски гости, а посебно гости од Турција во Македонија е во постојан подем, директорот Јаневски го образложи значењето на растот и неопходноста на земјите во развој да усвојат концетнтриран и координиран пристап кон планирањето, развојот и координацијата меѓу индустриите, владите и образовните институции, со цел исполнување на потенцијал во годините што следат.Македонија како земја партнер на саемот во Измир е во фокоус на интересот на сите делегации и посетители. Штандот на Македонија го посети и министерот за туризам на Турција, г-дин Мехмет Ерсој кој бараше одговор на причините зошто Македонија е земја-партенер токму на саем во Турција. “Турција е прв пазар за Макеоднија и најголем број на туристи имаме токму од овој пазар, околу 135,000 туристи годишно. Следствено на тоа, логично е да дадеме и најголем акцент на промоцијата на Македонија на овој пазар, а дел од таа промоција е Македонија да биде земја – партнер на саемот во Измир, град во Турција каде има најголем број на македонска дијаспора, и од каде ни доаѓаат најголем број на туристи. На почетокот на следната година е саемот во Истанбул каде Македонија ќе има рекорден број на ко-егзибитори ” – му појасни директорот Јаневски на министерот Ерсој, упатувајќи директна покана за средба во Скопје на која би разговарале за дополнителна соработка и зголемување на аранжманите за 5 до 7 дена, преку што би се постигнало и зголемување на просечниот престој на турските туристи.На саемот во Измир се оствари средба и со делегација на ТУРСАБ предводена од директорот, г-дин, Фируз Б. Багликаја на која се договорија следните чекори на сорабтка во кој спаѓа информативно патување на 20-25 тур-оператори од Турција, зголеменфокус на АППТ на турскиот пазар, посета на Македонија на турски мастер шефови со цел на снимање на емисија за гастрономиј и слични проотивни активности кои би ја зацврстиле соработката.Една од поуспешните средби во Измир е со авионската компанија Пегасус и туристичката агенција Џоли травел, со кои Директорот Јаневски и амбасадорот на Република Макеоднија во Република Турција, н.е. Звонко Муцунски дискутираа за нова директна линија Измир – Скопје– Измир и Измир-Охрид- Измир, кои би требало да почнат да оперираат од крајот на месец мај, 2019 година.Саемот во Изир е еден од поуспешните саемски претставувања на кои се остварија средби и со градоначалникот на Чешме, заменик градоначалникот на Измир и авионската компанија Туркиш Аирлајнс со кои се дискутираше за соработка преку организирање на информативни патувања на турски тур-оператори во Макецонија со цел на откривање на нови атракции во Македонија преку кои ќе се создаде баланс на туристичката понуда во Македонија.Оваа година на штандот на Македонија во Измир има рекорден број на тур-оператори од Макеоднија и најголем штанд до сега на овој саем. Тур-оператори се Вардар Експрес, Бадем тур, хотел Нова Ривиера, ДМЦ Балканс и хотел Њу стар и бројна делегација на тур-оператори, хотелиери и туристички работници од Македонија како посетители на саемот во Измир.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-4

(ВИДЕО) Започна божиќното канење за Бадник и Божиќ- првата покана доаѓа од домот на Влатко Лозаноски

На точно месец дена до најблескавиот период од годината, кога се слави Бадник и Божик, започна божиќното канење.ПРВАТА БОЖИКНА ПОКАНА доаѓа од домот на Влатко Лозаноски.Едно е сигурно, и оваа година, најпопуларните поп пејачи во Македонија ќе се обединат околу Божикната пештера и ќе подготват голема БОЖИКНА МАНИФЕСТАЦИЈА закажана за 6-ти Јануари (недела) во 11 часот, на голема бина, на платото пред Црквата „Св.Димитриј“.За неколку дена, тие влегуваат во студио за да возобноват уште една православна Божикна песна, со што ќе го збогатат репертоарот на празнични православни песни што ќе ги остават во наследство на генерациите што доаѓаат.А „Вечниот Бог“- како Божикна песна што веќе сите деца ја знаат, останува главен музички симбол на манифестацијата.Многубројните изненадувања што се подготвуваат за 6-ти Јануари и самата БОЖИКНА МАНИФЕСТАЦИЈА, ќе Ви ги откриваме дел по дел, во периодот што следи, со нови интересни видео пораки.

Магазин | пред 7 години

7 год.
DSC_002

Мицкоски: Со нарачани сведоци мислат дека ќе нѐ укинат како партија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.Тој зборуваше дека во овој момент има судски процес против ВМРО-ДПМНЕ се со цел затскривање на сите оние погрешни политки кои владата на СДСМ предводена од Зоран Заев ги прави на Република Македонија во изминатава година и половина откако се влада.“Ова Кацарска судство и Русковска обвинителство со овие искреирани, исценирани сведочења на кои што сме сведоци изминативе денови има за задача да го реализира проектот како да се уништи ВМРО-ДПМНЕ. Тие се свесни дека се додека дише ВМРО-ДПМНЕ, се додека е силно толку повеќе нивните политички кариери се доведени под знак прашање. Едниот проект е како да се уништи ВМРО-ДПМНЕ, а другиот проект е да збориме за се, јас би рекол да дехидрираат од плукање врз Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а притоа да не направат реформа во здравството ниту да ја подобрат економијата ниту образованието нити некој нов проект да направат со кој практично ќе исполнат елементарно ветување со кое излегоа пред граѓаните“ рече Мицкоски.Мицкоски пред членовите и симпатизерите посочи уште еднаш дека ова било кажано уште пред неколку месеци и дека СДСМ се целосно насочени кон криминалот и кон фингираните судења кои се случуваат во позадина за да не може јавноста да зборува за тоа.Тој исто така посочи дека се случува и вистинско фијаско во економијата,ќе се воведат повисоки данови за да има поголем грабеж кој ќе го платат граѓаните.„Повисоките даноци се само да го покријат она што го крада од државната каса, а секако тоа ќе го платата граѓаните. За очекување е да стане уште поскап животот на семејствата, а повеќе пари за државата значи помалку пари за домаќинствата. Ветуваа и дека од тоа што ќе го вовеле повратот на ДДВ ќе имало за секое семејство 13-та плата. Не само што нема 13-та плата туку и 12-тата ја јадат преку зголемените даноци“, истакна пред присутните Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vmro-frakcija

Демократска фракција: ВМРО-ДПМНЕ да расчисти со грујовизмот

Последиците од со години криминалниот начин на водење на партијата, узурпацијата на партијата од страна на фамилијата и нивните измеќари со цел енормно крадење и лично богатење, претворање на УБК во приватна сопственост и сé друго, со сведочењето на слугата Нинџа, испливаа на површина во своето вистинско и најнегативно светло. Се случи ,,со свој камен по своја глава”. Каменот кој дојде одблизу ја прикажа вистинската слика на алчните квазивмровци, на кои најбитни им биле удобните фотељи и полните џебови, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ - демократска фракција.-Жалиме, се вели во соопштението, за последиците кои во блиска иднина ќе ги трпиме сите ние како чесни членови на партијата, но истовремено сме среќни што исплива на површина грозоморното сценарио и злосторството кои го планирале и правеле квазипатриотите монструми. И покрај фактот дека се работи за ,,нелуѓе” заради доброто на државата, фракцијата бара и очекува сите директни и индиректни учесници и соучесници во овој случај, да имаат фер судење и казните да бидат сразмено на стореното зло. Обидот под плаштот помирување да се даде амнестија на дел од учесниците во случувањата од 27 април во замена за гласање за уставните измени и промена на името, Фракцијата ќе го смета за ново злосторство и во иднина ќе поведе постапка за гонење на сите кои ќе учествуваат во истото.Во соопштението се посочува дека, по предавство и куквичкото бегство на почесниот претседател на партијата станува повеќе од јасно и неминовно во најкраток можен рок членството на партијата дефинитивно и целосно да расчисти со грујовизмот и со грујовистите во своите редови. Секое понатамошно молчење и калкулирање само ќе ја докусурат и згаснат партијата. Тогаш нема да ни биде крив СДСМ, туку ние самите, поточно оние кои сега управуваат со партијата.-Господине Мицковски не е грев да се расчисти со криминалните структури во партијата, партиските мешетари и патриоти за полн џеб. Не е грев желбата и напорите ВМРО ДПМНЕ од дувло на криминалци, одродници и профитери (какво што беше последниве десетина години) повторно да стане сéнародна партија која сега во овој критичен момент повторно ќе ги обедини граѓаните. Во овие тешки и последни моменти за опстојување на државата и партијата и на се она што е македонско, потребно е храброст и одлучност.Само кристално прочистено и сплотено ВМРО ДПМНЕ може да ги победи мрачните сили кои газат по достоинството на македонскиот народ и кои се обидуваат да создадат држава на северно македонци со историја, традиција и култура од 1945 година, се вели во соопштението на фракцијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Се преземаат низа мерки против загадувањето, проблем што 11 години беше игнориран

Се преземаат низа мерки против загадувањето, проблем што 11 години беше игнориран од криминалната ВМРО ДПМНЕ, вели СДСМ преку соопштение.„11 годишното игнорирање на проблемот со аерозагадувањето и системското унишување на зеленилото и животна средина од страна на ВМРО-ДПМНЕ остави тешки последици што и денес се чувствуваат. За разлика од таквиот неодговорен однос кон здравјето на граѓаните, денес сите надлежни институции на централно и локално ниво секојдневно преземаат активности за справување со загадениот воздух. Во текот на вчерашниот ден, градинките во општина Бутел добија осум прочистувачи на воздух за просториите во кои се згрижени најмалите, а во наредните денови ќе бидат поставени уште 28 прочистувачи на воздух. Претходно беа набавени 1.700 висококвалитетни садници за дворовите на повеќе градинки низ државата“, се вели во соопштението на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.Понатаму се додава дека подрачното училиште „Гоце Делчев“ од Долно Лисиче веќе го замени стариот нееколошки начин на затоплување на нафта со нов еколошки енергенс на пелети.„Училиштето коешто до неодамна трошело 20 тона нафта за греење, отсега ќе има еколошки начин на греење кое нема да загадува и кое ќе ги намали и трошоците за затоплување. Се очекува, наскоро повеќе училишта, градинки и студентски домови да го следат овој пример и да го напуштат стариот, скап и нееколошки начин на загревање со нафта“, вели СДСМ.Владејчакта партија додава дека Јавното претпријатије Водовод и канализација за првпат постави автоматска решетка за отпад, којашто ќе задржува крупниот отпад што се наоѓа во фекалните води со што ќе се намалат отпадоците создржани во отпадните води кои завршуваат во реката Вардар и ќе помогне да се намали оптоварувањето на реката со покрупен отпад.„Паралелно со ова, континуирано се чистат коритата на реките и каналите од наноси на ѓубре и цврст отпад, а постојано се расчистуваат и диви депонии низ целата држава. Се обновува уништеното и се подига ново зеленило, а се уште трае и субвенционирањето на трошоците за набавка на еколошки печки на пелети за домаќинства, за што Владата предводена од СДСМ занчително ги зголеми средствата за поддршка на оваа мерка од 17 на 21 милион денари“, соопшти СДСМ и додаде дека се презема и серија други мерки преку здружена и координирана активност на повеќе институции во борбата против загадениот воздух.

Скопје | пред 7 години

7 год.
cipras-putin

Ципрас во Москва: Ќе се поправи ли она што се расипа поради Македонија?

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска е во работна посета на Москва. Има голема потреба за разговор, сметаат експертите. Грчко-руските односи се влошија поради Македонија, извор DW.COM.Минатото лето билатералните односи беа паднати на најниско ниво: Грција одби да им даде одобрение за влез на двајца руски дипломати, за возврат Москва протера двајца грчки дипломати. Во позадина беше решавањето на долгогодишниот спор околу името „Македонија“. Грчкото министерство за надворешни работи во тоа време посочи дека дипломатите се обиделе да поткупат функционери со цел да се спречи приближување со соседната земја. Поради тоа планираната посета на Грција на шефот на руската дипломатија Серегеј Лавров е откажана. Кратко потоа грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас дава оставка, по што оваа позиција ја презема лично Ципрас. Повод за повторно приближување до Кремљ?Повеќе: Криза во односите на Русија и Грција поради МакедонијаПолитикологот Танос Веремис е скептичен: „За односите помеѓу Грција и Русија е лошо тоа што Атина сѐ уште го поддржува договорот со Македонија“, вели овој експерт во разговор за ДВ. Москва сака северниот сосед на Грција да го држи настрана од западно влијание. И тоа така ќе остане – без разлика кој го води министерството за надворешни работи во Атина. Повторно приближување во вакви услови е тешко, смета Веремис. „Во моментов Ципрас игра на картата на САД и тоа е разбирливо од негова гледна точка. Имено, таму си ја гледа иднината – ако воопшто има некаква иднина“, нагласува овој експерт.Враќање кон економијатаСе чини минато се времињата кога левоориентираната влада во Атина во зенитот на должничката криза се вртеше кон Москва, па ЕУ-партнерите мораа да ја потестуваат на „лојалноста“. За време на посетата на Москва во април 2015 година Ципрас се соочи со фактот дека Кремљ и покрај тоа што вети „продлабочени економски односи“ нема да даде конкретна финансиска помош за излез од кризата. „Грчката страна не побара помош од нас", изјави тогаш претседателот Владимир Путин. Притоа, тој имаше поголем интерес за тесна соработка во енергетскиот сектор. Уште тогаш Путин и Ципрас преговараа за учество на Грција во Турскиот тек, преку кој треба да се пренесува руски гас од Црното Море кон Европа. Оваа тема е на агендата и овој петок.Повеќе: Шоу на Путин и Ердоган за гасовод со неизвесна иднинаОд грчки аспект Турскиот тек е интересен проект, вели Танос Докос, раководител на атинскиот тинк-тенк Елиамеп. Но „Грција ќе влезе во проектот кога ЕУ и САД ќе дадат согласност", проценува овој политиколог за ДВ. Прашање е дали ќе дојде до тоа – особено поради тоа што САД ја следи својата политика во регионот испораката на гасот од Југоисточна Европа да оди преку северното грчко пристаниште Александрополис, смета Докос. За дополнителни компликации во источниот Медитеран се погрижија и турските закани против Кипар поради планираното производство на гас/нафта од источниот брег на поделениот остров. Според информациите на левориентираниот „Весник на уредниците“, Ципрас и Путин на нивната средба сакаат да зборуваат и за „развојот на настаните во источниот Медитеран". Политикологот Веремис верува дека е во интерес на Гриција, западните сиили да ги вклучи во енергетско-политичката дебата и да ги посочи противречностите на турската политика: „Не може една земја членка на НАТО, како што е Турција, од една страна да искористува руски енергетски извори, а од друга да бара западни енергетски компании за да произведува гас во Кипар."Криза во православиетоИ покрај бројните разлики, се очекува Ципрас и неговиот руски домаќин да потпишат повеќе билатерални трговски договори, како и договори за културна размена. Покрај ова, посетата е можност и за размена на убави зборови во духот на христијанството и за зајакнување на православното братство меѓу двете земји. Иако и тука постои опасност од катастрофа: Во светло на украинската криза, владата во Киев врши притисок за независна православна црква, осамостоена од Русија. За тоа доби поддршка од Вселенски патријарх од Констатинопол – највисокиот поглавар на православната црква со седиште во Истанбул, кој негува добри односи со Грција. Последниот конфликт за црковна независност на Украина „значително придонесе за влошување на односите меѓу Атина и Москва“, напиша атинскиот весник „Та неа".Според проценките на политикологот Веремис ситуацијата е покомпликувана отколку што се чини на прв поглед. „Екуменскиот патријарх има своја агенда која не е секогаш идентична со онаа на грчката црква или пак со агендата на владата во Атина," нагласува тој. Ако оваа тема се појави на разговорите во петок, тогаш грчката влада веројатно ќе се повика на тоа дека нема надлежност да се меша во работата на Патријархот.DW.COM

Свет | пред 7 години

7 год.
grip

Грипот „коси" во Македонија - на удар дечињата

90 заболени од грип во земјава во периодот од 26 ноември до 2 декември. Оваа статистика на Институтот за јавно здравје покжува дека има зголемување за 21,6 отсто споредено со предминатата недела.Најголем број заболени, 63 се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, додека највисока инциденца од 12,1 на 100.000 жители е регистрирана кај најмалите, децата на возраст до четири години.Оваа недела пријавени се заболени лица од 16 извештајни единици, а во три извештајни единици бројот на пријавени заболени лица е над 10. Најголем број заболени, 18, се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица, додека највисока инциденца од 62,5 на 100.000 жители е регистрирана на територија на Подрачната единица Македонски Брод.Во текот на 48-мата недела од 2018, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се девет материјали за тестирање на грип. Тестираните материјали се негативни на присуство на вирусот на инфлуенца.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sjo

Објавен новиот закон, СЈО ќе го гони Претседателот

Министерството за правда го објави нацртот на предлог-законот за Специјално јавно обвинителство во кој промени во однос на надлежностите за кривичните дела кои можат да бидат предмет на оваа институција во однос на актуелното законско решение. Досега, Специјалниот јавен обвинител беше овластен и надлежен да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите извршени во периодот меѓу 2008 и 2015 година, објави Фактор.мк.Со предложеното решение се предвидува СЈО да може да истражува и гони кривични дела извршени од Претседателот на Македонија , поставените амбасадори и други претставници во странство и именувани лица од Претседателот, избрани или именувани функционери во и од Собранието, во и од Владата, во судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет, Советот на јавните обвинители и избраните градоначалници на единици на локалната самоуправа и Град Скопје.Се предвидува и надлежност за прогон СЈО да има за кривични дела извршени од одговорни лица во политички партии против изборите и гласањето, како и од областа на животната средина и природат, културното наследство и природните реткости, јавните финансии, платниот промет и стопанството, вооружените сили, службената должност, неовластеното оддавање информации и податоци за сведоците и други ако овие дела се сторени во врска со постапки кои ги води Специјалното јавно обвинителство.извор: Фктор.мк

Скопје | пред 7 години

7 год.
Mickoski-pres

Мицкоски: На „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“ доволно им е темно мастило од владиниот кабинет да прешкрта некој кој ја говори вистината

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на Фејсбук околу црното владеење на оваа влада и апсењата на патиските членови кои се незадоволни од владеењето на Заев и СДСМ.„Зачестено пишувам за фактите кои го разголуваат црното владеење на оваа Влада. Но ова за што пишувам денес, не е само статистички податок, туку многу повеќе од тоа, суров факт за болната реалност во нашата земја и како владата ја гуши слободната мисла и крикот на граѓанинот против овие црнила кои надвиснале на нашата земја.Морам да кажам дека пред да ги споделам фактите имаше размисли од моите соработници да не се отворам премногу затоа што може тоа да предизвика резервираност кај граѓаните, но јас како човек, но и како водач на ВМРО-ДПМНЕ имам обврска да се држам до вистината, и искрено верувам дека карактерот на Македонецот е пред се пркост кон неправдите, и суштината на неговото постоење е безусловна борба за слободата, против сите оние кои ќе ја потиснат, извалкаат или ќе пробаат да ја одземат.На последниот протест пред владата само споменав, но денес пишувам подетално за работите кои не ги ветија, но ги остваруваат. Министерот за прогон и тортура Спасовски со политички контролираниот дел од полицијата (значи не оние чесни полицајци кои работат за плата,туку оние на кои им се делат политички задачи) минатата недела упаднаа во домовите на петнаесетина активисти и отворени поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, значи не поранешни или актуелни функционери, туку обични, лојални членови на партијата, кои отворено застанаа против црното владеење на Заев и СДСМ незадоволни од она што се случува во нашата држава. Со специјалци, огнено оружје во домовите на честити луѓе, домаќини, но однеднаш за соседите, и согласно употребената полициска сила стануваат сомнителни поединци за кои има "сомнеж за антидржавно делување". Еден од нив има три деца, а можете да замислите каков надреален трилер е само за неговите малолетни деца кога специјалци вооружани прават претрес во детската соба затоа што единствен грев на неговиот татко е што мисли поразлично од власта, другиот го задржале во полициска станица зошто имал чаура зачувана од неговата свадба пред повеќе од десетина години, другиот сомнително им изгледал, а тоа според полицијата на Спасовски е тешко кривично дело во обид. Ако на комунистичкиот режим во првите години од минатиот систем им требало барем тројца сведоци, денес на Кацарска судството и Рускоска обвинителството не им треба ниту тоа, доволна е некоја измислена белешка или некое темно мастило од владиниот кабинет да прешкрта некој кој ја говори вистината, или некој нарачан обвинет кој уценет ќе каже се што тие сакаат. И тука ќе испратам една порака до оние од власта и до самиот премиер, нема лезет од таква власт, нема, што би рекле старите аир од такво црно владеење. И не знам како не гледаат дека колку тие повеќе продолжуваат со притисоците со егоистичното самозадоволување од гледањето на туѓата мака, народот станува порешителен, поброен и исправен пред предизвиците. Зад таквата неумерена разузданост на власта се крие всушност голем страв. Ако не се овие методи, тогаш многу побрзо ќе се постави прашањето поразително за оваа власт, што сработеа, зошто живееме полошо и каде одат парите кои се трошат, бидејќи производ, некое добро за народот не останува?Еден од тие кои беа на мета на таквиот скорешен прогон ми вели, јас не се плашам, зошто јас сум на страната на вистината, но можев да видам дека оние гавази од власта се плашат повеќе, треперат, затоа што секој почеток има и крај, а нивниот доаѓа за скоро. И тоа ми го кажа рамо до рамо протестирајќи вчера повторно пред владата, но овој пат вика тоа го правам со поголема енергија затоа што го распламтија незадоволството. Затоа ќе порачам дека Власта треба да биде свесна дека може да уапси 10, 20 луѓе, и така ќе ги чини задоволни оние 100, 200 најзапалени луѓе од власта, но ниту една власт, а најмалку оваа може да уапси цел народ. И во моментите кога ги прават овие неправди може навистина мислат дека остваруваат некакви краткорочни победи, но дури тогаш треба да знаат дека тоа се нивните најсилни порази. Овие црнила ќе бидат победени, затоа што зората ќе изгрее за сите, а светлината ќе биде посилна од ова црно владеење.Јас нема да ветам чуда, но ќе ветам победа над црнилата од оваа влада.Се гледаме во недела на Протестен марш во Кочани, и наредната среда во Скопје“, напиша Мицкоски на Фејсбук.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1120235734818551?__tn__=K-R

Македонија | пред 7 години

7 год.
vlado-jovanovski

Емотивен статус на ФБ на Владо Јовановски како последно збогум за Љубиша Георгиевски

Драг професоре Љубиша Георгиевски, прости ми што дури сега ти пишувам а утринава разбрав за Твоето оправдано физичко отсуство од овој свет. Сигурен сум дека ќе ме разбереш, зашто имав објективни причини… Поточно имав “Снимање”, кое некои го нарекуваат судење. Професоре, чест ми е што Те запознав во животов, што можев да учам од Тебе и како треба и како не треба и што имав чест да соработуваме во повеќе проекти.Особено ми е драго што учествував во Твојата последна претстава (а можеби и моја последна), “Папагалот историко”, која ете некако успеавме да ја одиграме двапати или трипати, ако ја вклучиме и генералната проба. Претстава која меѓудругото зборуваше и за настаните од 27. април 2017. година.Нејсе…Знам дека си веќе кај Бога, пред кого сите еден ден ќе се претставиме.Те замолувам да му пренесеш нему, на Створителот (иако знам дека ОН се знае), едно мое чувство за Македонија и за нејзината иднина.Речи му… Владо ми рече да Ти го кажам ова…ДРЖАВА КОЈА ИМАЛА И ИМА ТАКВИ И ВАКВИ ТАЈНИ СЛУЖБИ, И ТАКВО И ВАКВО ГАНГРЕНОСАНО ОПШТЕСТВО ВО СИТЕ ПОРИ, НЕ ТРЕБА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СВОЈАТА ИДНИНА!ЗАТОА ШТО ТОА НЕ БИЛО ДРЖАВА И ТАКВОТО И ВАКВО ОПШТЕСТВО НЕМА ИДНИНА!Ако Ти не му го кажеш ова…Јас секако еден ден ќе му го кажам, кога ќе стасам…Сега за сега, нека ми го продолжи престојот во ОВАА НАША ЧУДЕСНА ЗЕМЈА, зашто сум љубопитен како ќе заврши мојот живот..ЉУБИША…СМЕЈ СЕ ТАМУ И УЖИВАЈ ВО РАЈОТ, ЗАШТО ОВДЕ ВО ОВА ТРЛО ЗА СТРИЖЕЊЕ ОВЦИ,ЖИВИТЕ ИМ ЗАВИДУВААТ НА МРТВИТЕ!, пишува Јовановски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Попладнево сите крстосници во центарот на Скопје ќе бидат блокирани

Приврзаниците на „Македонија блокира“ кои се противат на уставните измени најавија дека покрај 24-часовното блокирање на просторот пред Собранието, од денеска ги прошируваат активностите со блокади и на раскрсници во Скопје во попладневните часови.Драган Угриновски информира дека се свесни оти поради тоа сообраќајот од петок ќе биде значително отежнат и затоа повикуваат на разбирање од страна на граѓаните.– Ова не го правиме за личен интерес, партиски или за интерес на некое друго здружение, туку за одбрана на светото македонско име, идентитет, историја и традиција на македонскиот народ – рече Угриновски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Три македонски градови најзагадени во Светот, СДСМ ја зави државата во црнила

Република Македонија под власт на СДСМ е покриена со голема црнина. Според Светската здравствена организација помеѓу десетте најзагадени градови во светот дури три се од нашата држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Скопје, Битола и Тетово се на врвот на светската листа на загаденост, а Зоран Заев, Јани Макрадули, Петре Шилегов, Наташа Петровска и Теута Арифи не преземаат ништо. Две години откако со државата владее црната СДСМ, нема ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот.Загадувањето на воздухот кое веќе еден месец е неколкукратно над дозволеното е вистински проблем како за граѓаните така и за економијата. Десетици граѓани секој ден ги полнат болниците како последица на срцеви и белодробни проблеми од загадениот воздух. Најпогодени се малите деца, старите луѓе над 65 години и хронично болните“, велат од партијата.Според нив, СДСМ наместо да преземе мерки за справување загадувањето, министерот за животна средина вели дека не се занимава со граѓаните, заменикот негов Макрадули спие на седници во собранието на кои се зборува за мерки против загадувањето, а Петре Шилегов си игра игри на својот мобилен. Тоа е односот на СДСМ кон животната средина - никаков.  СДСМ не е заинтересирана за подобрување на квалитетот на воздухот.„СДСМ не се грижи за граѓаните, СДСМ се грижи само за сопствените теснопартиски интереси. Партијата која ја зави државата во црно на буквално секое поле мора да си замине. Граѓаните очекуваат подобро. Мора да настапи зората за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите  граѓани кои не се согласуваат со оваа ненародна и неспособна власт да ни се приклучат  на протестните маршови ширум државата. Ги повикуваме сите слободомислечки граѓани во недела нека ни се приклучат на протестот во Кочани како и наредната среда пред владата. Зората ќе изгрее и ќе ги однесе црнилата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ikoni-1

Владимир Симеонов со приговор за текстот со фреските, реагира дека „Тапетите се набавуваат од Италија“

По текстот на скопје1 по наслов: „Фреските повеќе не се цртаат туку лепат“, до нашата редакција се обрати Владимир Симеонов од “Студио за икони Симеонов. Тој иако не е споменат во текстот освен со фотографија која е уредно потпишана, затоа што е извадена од социјалната мрежа фејзбук, во дописот како што пишува поднесувам приговор по однос на навреда , клевета, злоупотрба и вадење од контекст на фотографии од нашата фб. страна “Студио за икони Симеонов.Во продолжение ви го пренесуваме дописот во целост:Приговорот го поднесува Владимир Симеонов, академски сликар, мозаичар, конзерватор и зограф.Во вашиот текст со наслов:„фреските повеќе не се цртаат туку лепат„објавен на ден 06.12 2018год. сте прикачиле работни фотографии од архивот на нашата фб. страна, на кои директно атакувате со реченицата: „Тапетите се набавуваат од Италија„ што не е случај со двете објавени фотографии, на кои „фреските„ се изработени во нашето студио односно рачно насликани(не нацртани). За кои имаме и соодветна фото и видео документација на нашата страна.Имате објавено работни фотографии со мојот лик, а за тоа немате претходно добиена дозвола иако сте можеле уредно да не контактирате на нашата фб. страна што сметам дека е неетички и непрофесионално за еден медиум.Во однос на вашата забелешка дека живопис изработен во акрилна техника не е фреска, или ве цитирам „токму поради ова се наметнува прашањето дали зборот фреска е соодветен„ ве молам погледнете ја нашата страна и ке видите дека секоја објава на зборот фреска или фрески е ставен во наводници. Инаку зборот фреско во буквален превод значи свежо, односно живописувње на свеж малтер. Во спротивно би било Секо техника, живописување на сув малтер или подлога што е и случај со нашиот начин на живописување. Го користиме зборот фреска поради неговата општопознатост, но и затоа истиот го ставаме во наводнициТоа што го гледате на објавената фотографија се „фрески„ насликани на платно со акрилни бои и потоа аплицирани односно залепени на ѕид, а тоа е техника која ја користиме во цркви каде е неопходна: тешкодостапен терен, лошо малтерисани ѕидови, обемот на донации од „фрески„ за тој храм.... Впрочем техника која одамна се користи во други Првославни земји.На нашата фб страна можете да видите и два албума од живописуванње на цркви директно на ѕид со акрилна техника.Сето ова би било поинаку доколку не исконтактиравте и добиевте точни информации, односно дозвола за инволвирање на нашето студио и мене лично во овој понижувачки текст за мојата работа и професија, и поради нашите близу 12 000 фанови на нашето студио кои ги стекнавме професионално и со доверба ги задржавме во изминатава една година.Очекувам овој приговор да го земете како демант на вашиот текст, и истиот да биде јавно објавен од ваша страна на вашиот сајт, со што би ја покажале и потврдиле вашата заложба за професионално новинарство.Со почит:Владимир Симеонов

Македонија | пред 7 години

7 год.
forum-1

Трета сесија од форумот на заедници во Охрид

Денеска во Охрид се одржа третата сесија од форумот на заедници што ја организира општина Охрид како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“.Во рамки на сесијата беа презентирани предлог проектите за социјална инклузија, согласно предлог концептите, кои беа прифатени од страна на форумот, на втората форумска сесија.Концептите беа предложени и изработени од страна на седумте работни групи на Форумот на заедници, во кои има претставници на Советот на општина Охрид, општинската администрација, претставници на невладиниот и бизнис сектор.Проектите кои ќе бидат избрани од страна на Форумот на зедници ќе бидат финансирани со средства од UNDP и Швајцарската амбасада во Република Македонија, со вкупен буџет од 50.000 швајцарски франци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
izlozba-1

Традиционална изложба на фото клуб „Охрид“

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ се одржа традиционалната изложба на фото клуб „Охрид“.На изложбата која се организира по дваесетти пат во рамки на Патронот на градот, поздравен говор имаше градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски и претседателот на фото клубот „Охрид“, Димче Коруноски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кој ќе ја наследи Ангела Меркел - ЦДУ избира нов лидер

Во клучната изборна трка за Германија, но и за целата ЕУ, двајца кандидати со спротивставени визии се борат да ја наследат Ангела Меркел на лидерската позиција во владејачката германска партија, Демохристијанска унија (ЦДУ). Едниот претендент е Анегрет Крам-Каренбауер, миленичка на Меркел, која се опишува и како кандидатка на континуитетот, а другиот е Фридрих Мерц, долгогодишен ривал на Меркел, кој ветува радикални промени. Во трката учествува и Јенс Спан, федералниот министер за здравство.Исходот од гласањето за нов лидер на партискиот конгрес е од клучно значење не само за ЦДУ. Меркел останува канцеларка, но тој што ќе го преземе кормилото на владејачката партија најверојатно ќе биде и нејзин кандидат на наредните сојузни избори, кои треба да се одржат до октомври 2021 година.Ангела Меркел 18 години беше на врвот на ЦДУ. Сега се повлекува од лидерското место во партијата. Од тоа кој ќе ја наследи Меркел, зависи и курсот на патијата.

Свет | пред 7 години

7 год.
albanija

(ВИДЕО) Протестираат студентите во Албанија

Студентите од Унверзитетот во Тирана и Политехничикиот универзитет веќе два дена протестираат пред зградата на Министертвото за образование барајќи да се намалат трошоците за високото образование, кои може да достигнат и до 3000 долари.Протестите се проширија и на Универзитетот „Александар Џувани“ во Елбасан, каде студенти ја бојкотираат наставата и покренаа петиција, но има најави и за во други градови.Студентите од министерката Линдита Никола бараат подобрување на условите во сместувачките капацитети, како и нивно учество во управите на универзитетите.Албанската влада вчера прифати едно од барањата на студентите – го укина членот од Законот за високо образование со кој се предвидуваа нови тарифи за повторен упис на година и за полагање заостанати испити.Но, студентите не се откажуваат. Тие најавуваат бојкот на наставата додека сите нивни барања не бидат прифатени, а главниот протест го селат пред Владата во Тирана.

Свет | пред 7 години

7 год.
protesti-grcija

Тројца повредени и 66 приведени при судири меѓу полицијата и анархисти во Атина

Повредени најмалку три лица, 66 приведени, од кои 13 уапсени, најмалку три опожарени автомобили, фрлени стотици молотови коктели, шок бомби и солзавец, употреба на водени топови и значителна материјална штета е билансот од судирите што траеја до доцна во ноќта меѓу групи анархисти и полицијата во атинската населба Ексархија, каде пред 10 години беше убиен 15-годишниот Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина.Во судирите, што со мали прекини траеја повеќе од три часа, со повреди се здобија двајца полицајци и еден цивил и сите беа пренесени во болница.Пред да започнат инцидентите, маскираните лица, веројатно анархисти, на неколку места во атинската населба Ексархија, поставија барикади од разни предмети, меѓу кои и контејнери за смет, сообраќајни знаци и делови од метални конструкции, со цел да го спречат пристапот на полицијата.Потоа, следеа и нападите на анархистите врз полицијата со молотови коктели и пиротехнички материјали, на што полицајците одговорија со солзавец, шок бомби и со водени топови.Молотовите коктели, некои со послаба, но некои со особено голема јачина, периодично, како дожд паѓаа врз полициските единици.Со цел состојбата да не излезе од контрола, полицијата ги искористи двете возила со водени топови – едното за да ја урне металната барикада, а второто за да ги растера маскираните лица, но и за да го изгасне огнот предизвикан од молотовите коктели, но и од потпалувањата.Дел од маскираните лица, се качија на еден од балконите на последниот кат на зграда што се наоѓа на улицата каде се случуваа инцидентите и со молотови коктели фрлаа кон полицијата, но и врз полициското возило кое со воден топ ги растеруваше анархистите.Еден од молотовите коктели, падна врз тенда на еден стан, но со навремена интервенција беше спречено проширување на пожарот.Атинската населба Ексархија, која се наоѓа на помалку од два километри од центарот на Атина, уште еднаш наликуваше на бојно поле. Дишењето беше отежнато поради големото количество на солзавец во воздухот, а полицијата на неколку пати интервенираше и побара од новинарските екипи, од безбедносни причини да се оддалечат од деловите каде што во тек беа инцидентите.Грчката полиција, вчерашните протести во текот на целиот ден ги следеше со хеликоптер и со дрон.Претходно, во попладневните часови, во сеќавање на убиеното момче се одржа мирен протестен марш во центарот на Атина до грчкиот Парламент.Без многу голема масовност, претежно млади лица, членови на студентски, левичарски и анархистички организации и здруженија, извикувајќи слогани против полицијата и полициското насилство мирно протестираа низ центарот на Атина.Сликата со насилни инциденти како во Атина, не беше многу поразлична ниту во Солун, каде по завршувањето на протесниот марш за одбележување на убиството на Григоропулос, маскирани лица се судрија со полицијата.Според локалните медиуми, во судирите се повредени најмалку 52 лица, од кои 15 се уапсени, а при инцидентите е предизвикана материјална штета и на градилиштето на солунското метро, откако избувна пожар предизвикан од молотови коктели.МИА

Свет | пред 7 години

7 год.
sv-ekaterina

За многу години, денеска се празнува големата светица Света Екатерина

Денеска се слави споменот на светата великомаченичка Екатерина, која пострада за христовата вера. Во едно видение Света Екатерина прими прстен од Самиот Господ Исус, во знак на веридба со Него. Тој прстен до денес стои на нејзината рака. На овој ден именден празнуваат сите што се викаат Екатерина, Ката, Катина, Катерина.Света Екатерина била ќерка на царот Александриски Конста. Мајка ѝ беше потајна христијанка, којашто преку својот духовен отец ја приведе кон Христовата вера и Екатерина.Екатерина беше многу надарена и добро школувана во грчката философија, медицината, реториката и логиката, а притоа беше и необично убава. Кога злочестивиот цар Максенциј им принесуваше самиот жртви на идолите и им наредуваше на другите да го вршат истото, Света Екатерина смело излезе пред царот и ја изобличи неговата идолопоклоничка заблуда.Кога виде царот дека е посилна од него во мудроста и вознаењето, повика педесетмина најмудри луѓе за да се препираат со неа за верата и да ја посрамат. Но Екатерина ги надмудри нив и ги посрами.Разјарен царот нареди сите педесетмина мудреци да се изгорат во оган. По молитвите на Света Екатерина овие мудреци сите пред смртта го исповедаа името Христово и се објавија себеси за христијани. Кога оваа маченичка беше во затворот, го приведе кон верата војводата Порфириј со двесте војници, а ја обрати кон Христа и самата царица Августа Василиса. Сите пострадаа за Христа.При мачењето на Света Екатерина ѝ се јави ангел Божји, го запре и го искрши тркалото на коешто беше мачена; а потоа ѝ се јави Самиот Господ Христос и ја утеши. После многу мачења ја убија со меч во нејзината осумнаесетта година, на 24 ноември 310 година.Од нејзиното тело истече млеко наместо крв. Чудотворните мошти на Света Екатерина почиваат на Синај.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Хедер Нојерт нов амбасадор на САД во ОН

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја именува актуелната портпаролка на Стејт департментот, Хедер Нojерт за нов амбасадор на САД во Обединетите Нации.Според „Фокс њуз“, ваквата одлука Трамп ќе ја објави денеска.Нојерт, која е поранешен дописник и водител во телевизијата „Фокс њуз“, нема претходно политичко или раководно искуство.Таа е портпарол на Стејт департментот од април 2017 година, а оваа година беше назначена за помошник-секретар за јавна дипломатија и јавни работи.   

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Евакуирани вработените во Си-ен-ен поради бомба

Поради закана за бомба вчера повеќе од еден час беа евакуирани канцелариите на американската телевизија Си-ен-ен во Њујорк. Маж околу 22 часот по локално време се јавил во телевизијата и рекол дека во зградата на компанијата Тајм Ворнер на Менхетен, каде што се наоѓа и редакцијата на Си-ен-ен, се поставени пет бомби.Од полицијата соопштија дека сите зградата биле евакуирани и во неа е направена проверка од страна на единиците за детонирање бомби. За тоа време Си-ен-ен продолжи со програмата во живо од пред зградата. 

Магазин | пред 7 години

7 год.
5

(ВИДЕО) Социјален експеримент: Како реагираме на насилство врз жена

Многумина од нас биле сведок на насилство врз жена. За жал, сме биле сведок, па можеби и дел од пасивноста на минувачите очевитци на тоа насилство. За таа цел, во рамките на светската кампања за крај на насилството врз жената, Македонската медицинска студентска асоцијација (ММСА) направи социјален експеримент чиј резултат беше разновиден. Не подалеку од очекуваното, многу од сведоците на глуменото насилство реагираа глувонемо на агоничните потреби за помош, но некои од нив пак, кои не можеа да премолчат, потегнаа иницијатива и помогнаа со физичко (но не и насилно) вмешување или со повик до полиција. Да земеме пример од нив! Тие се промената што му ТРЕБА на светот, велат од ММСА.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Capture-3

Заев побара од Јункер изземање на македонските компании од анти-дампинг мерките

Премиерот Зоран Заев вчера телефонски разговараше со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер. Разговорот, како што соопшти владината прес-служба, доаѓа по иницијатива на премиерот Заев во однос на прашања од исклучителна важност за Република Македонија, како реформските процеси во нашата држава со кои се исполнуваат задачите кои Европскиот совет ги одреди како предуслов за формален почеток на преговорите за членство во јуни 2019 година, како и за политичките процеси за усвојување на уставните амандмани.Во разговорот премиерот Заев, како што се наведува, го информираше претседателот на ЕК Јункер за двата паралелни процеси кои Европската комисија ги отвори во врска со увоз на производи од челик и алуминиум, а кои директно засегаат неколку компании од Република Македонија.Премиерот Заев посочил дека времените заштитни мерки и анти-дампинг постапките со кои се засегнати неколку држави, меѓу кои и Македонија, имаат негативни последици кон економијата на државата.„Притоа, бидејќи Македонија незаслужено се најде на листата за овие мерки, премиерот Заев го замоли претседателот на ЕК Јункер да ја разгледа можноста за изземање на нашата држава од времените заштитни мерки и побара решавање на ова прашање со заемно прифатливо решение, во рамки на процесот на стабилизација и асоцијација“, се вели во соопштението.Премиерот Заев изнел уверување дека постоечката верификациска мисија на Европската комисија во македонските компании за анти-дампинг истраги ќе заврши успешно и оти европските експерти ќе се уверат дека нема дампинг практики во овие компании.„Премиерот Заев и претседателот Јункер на крајот од разговорот се согласија дека Македонија покажува видлив и значителен напредок на полето на реформите, а очекувано е и успешно завршување на процесот на уставните промени утврдени во Договорот со Грција. Заедничка е оценката дека доколку нашата држава продолжи и го засили темпото на реформи и завршување на процесот на уставните измени ќе го трасира патот за почеток на преговорите по европските избори во 2019 година“, стои во соопштението од Влада.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања