Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
mnr-i-brazil

Одржани политички консултации меѓу Македонија и Бразил

Во Бразилија вчера беа одржани политички консултации помеѓу Република Македонија и Федеративната Република Бразил. Делегациите на двете земји ги предводеа државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски, и генералниот потсекретар при бразилското МНР, амбасадорот Алесандро Кардеас. Политичките консултации коиндицидираат со одбележувањето на дваесетте години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Бразил.Димовски и Кардеас го истакнаа задоволството од позитивниот тренд на развојот на билатералните односи меѓу двете пријателски држави, при што беше нагласен заемниот интерес за продолжување и продлабочување на политичкиот дијалог и соработка, со посебен акцент на унапредувањето на економската и парламентарната соработка, како и соработката во областа на културата, образованието, туризмот и другите области од заемен интерес. Особено внимание беше посветено на продолжувањето на соработката на двете земји во рамките на мултилатералните организации.Воедно, беа разменети мислења и за актуелни теми од меѓународните односи, внатрешно-политичките и економски состојби во двете земји, како и за регионалните прашања во Југоисточна Европа и во Јужна Америка.Согласувајќи се дека одржувањето на политичките консултации помеѓу двете земји треба да стане редовна пракса, Димовски и Кардеас изразија надеж дека набргу ќе биде реализирана најавата за отворање на Амбасадата на Бразил во Скопје.

Македонија | пред 7 години

7 год.
antonio_govornica

Милошоски до Заев: Вработување на нови 50 луѓе во Владата е да ви ставаат лајкови

Вработување на нови 50 луѓе во Владата за да ви ставаат лајкови на вашите постови е единствената инвестиција што сте ја направиле од „Фејсбук“, му порача на премиерот Заев пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната седница за пратенички прашања.Алудирајќи на најавената странска инвестиција од „Фејсбук“ и „Гугл“ во Македонија тој праша до каде е инвестицијата која лани ја најави премиерот. Заев одговори дека тие компании се посакувана инвестиција за секого, како и стотици други компании кои размислуваат, но дека членството во НАТО има влијание врз целиот процес.„Негувам надеж ако Македонија ги заокружи политичките процеси и тоа се потврди со уставните амандмани и стане извесно членството во ЕУ, сите заедно ќе помогнеме бордот на директори да донесат одлука за инвестиција“ рече Заев.Милошоски, пак, обвини дека уставните измени и членството во ЕУ и НАТО се користи како оправдување да се покрие, како што рече, неспособноста на Владата да донесе странски инвестиции. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
sadnici-bitpazar

Засадени 40 јасени на Бит-пазар

За првпат на Бит-пазар ќе има дрворед. Засадени се 40 нови здрави висококвалитетни садници од видот јасен, истакна денеска портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху, при промоцијата на овој зафат.Како што рече тој, Градот Скопје работи на намалување на загадувањето и подобрување на животната средина, односно на надоместување на изгубеното зеленило и зголемување на парковите и на дрворедите.„Мерната станица на оваа локација изминатиов период покажува висока концентрација на ПМ10 честички, а со зазеленување на овој простор ќе се влијае на намалување на загадувањето. Дополнително, со садењето дрва на оваа локација конечно ќе ги ослободиме тротоарите од возила. Приоритет оваа есен е обновување на сите постојни дрвореди во центарот на градот и подигање нови. Во Скопје по должината на градските сообраќајници и во средишните жардиниери на булеварите има речиси 500 пенушки кои ќе бидат отстранети и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници“, истакна портпаролот на Град Скопје.Тој додаде дека минатата недела бил реконструиран дрворедедот на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов каде што биле заменети 40 исечени и паднати дрвја со нови висококвалитетни садници, односно со ист вид дрвја како што претходно имало во овој дрворед.Салиху најави дека есенва ќе бидат засадени 3.500 листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини.„Следната недела ќе се реконструира дрворедот на улицата Франклин Рузвелт, а во наредниот период ќе се подигне нов дрворед во Ѓорче Петров“, изјави тој.Посочи дека сите дрвја ќе бидат засадени внимателно, грижливо, задржувајќи се на автентичните видови какви што имало засадено на тие места.

Скопје | пред 7 години

7 год.
pozar-avtomobil

(ФОТО+ВИДЕО)Во подметнат пожар изгоре автомобил на семејството на Миле Зечевиќ

Во пожар целосно изгорел автомобил „тојота корола“ паркиран на улицата Генерал Михајло Апостолски, во скопската населба Карпош 1. Опожарениот автомобил бил паркиран на улицата пред куќата во која живее Миле Зечевиќ, а возилото е во сопственост на неговата сопруга, обајви порталот мкд.мк.Се претпоставува дека пожарот, кој избувнал утрово околу 3 часот, бил подметнат.Полицијата извршила увид, но сѐ уште го обезбедува местото.Миле Зечевиќ е член на Централниот одбор на СДСМ.Во 2006 година беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, а претходно и шеф на кабинетот на Владо Бучковски, кога овој беше министер за одбрана. Извор: мкд.мк

Скопје | пред 7 години

7 год.
bebe

Хорор во регионот: Татко до смрт го претепал своето петмесечно бебе

Пет месечно бебе почина во болница во Земун, како резултат на сериозни повреди кои ги здобил од неговиот татко, објави „Блиц”.Имено според српските медиуми 22-годишниот татко, бебето го претепал до смрт. Петмесечното бебе поминало неколку дена во болницата во Земун и умрело на 23 ноември, а таткото е уапен од полицијата и го признал злосторството.На аутопсијата било откриено дека бебето имало повеќекратни фрактури на ребрата и бројни крвави дамки на рацете и на главата. Полицијата се сомнева дека бебето било тепано со раце.Засега иако 22-годишниот маж е уапсен и го признал злосторството не се откриваат информациите зошто тој го сторил тоа.

Свет | пред 7 години

7 год.

Средношколците од Тетово на протест поради аерозагадувањето

Со извикување на паролата „Чист воздух“ и транспаренти со натписи „Стоп на аерозагадувањето“... дел од тетовските средношколци денеска преку мирен протест го изразија своето незадоволство од како што  велат непреземањето никакви мерки од локалната власт за подобрување на состојбите со загадувањето на воздухот.Тие и дадоа на градоначалничката Теута Арифи рок од седум дена да донесе мерки и препораки против аерозагадувањето. На денешниот мирен протест пред општината искажаа револт за несериозноста и незаинтересираноста на надлежните, за решавање на еден од најважните проблеми.Иако најавено, на денешниот протест, не се собраа сите средношколци од градот. Учениците тврдат дека имаат големи притисоци да се откажат од бојкот на наставата, но велат ќе одат до крај. Жалат што немаат поддршка од нивните професори.Градоначалничката Теута Арифи, додека траеше протестот не беше во општината. Остана недостапна и за медиумите, и за да ги слушне барањата на учениците.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Матноста на водата за пиење во Струга, денеска во границите на законски дозволените вредности

Состојбата со квалитетот на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, а поврзано со вредноста на параметарот матност, постепено се нормализира, Денешните (29.11.2018) мерења на матноста на мерни места во градот Струга и во селата приклучени на градскиот водовод покажуваат дека вредноста за параметарот матност е во границите на законски дозволените вредности. Во тек се пошироки физичко-хемиски и микробиолошки анализи на земените примероците на вода за пиење во лабораториите на Центар за јавно здравје Охрид, после што наодите од анализите ќе бидат доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување, велат од Центарот за јавно здравје. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
eksplozija-zagreb

Силна експлозија во Загреб, засега нема информации за повредени при инцидентот

Во центарот на Загреб, рано утринава дојде до експлозија, соопшти хрватската полиција. Засега нема информации за повредени при инцидентот.– Добивме дојава во 06.20 часот. Постапката е во тек, изјави претставник на загрепската полиција, пренесува „Јутарњи лист“.Очевидци велат дека наводно бомба експлодирала во едно кафуле, спроти кое е зградата каде живее Томислав Карамарко, еден од оснивачите на партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ).Во експлозијата оштетени се неколку возила, а искршени се и прозорците на првиот кат од зградата во непосредна близина. 

Свет | пред 7 години

7 год.
mijalkov-2

Специјалци го обезбедуваат судот, а ексдиректорот на УБК Мијалков, неговото лично обезбедување

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков утринава првпат излезе од ќелијата  и под засилено полициско обезбедување со затворско комбе беше донесен во суд, за да присуствува на денешното рочиште за „Трезор“ на СЈО, за незаконската набавка на прислушна опрема од Британија.Додека комбето од истражниот затвор во Шутка го внесуваше Мијалков во суд околу возилото имаше и припадници на специјалните единици на МВР.Специјални единици ги обезбедуваат и влезовите и излезите од судската зграда, а внатре во судница се и 6 лица – негови  обезбедувачи кои го обезбедуваа постајано додека се бранеше од слобода за постапките на СЈО.Инаку Мијалков, Горан Грујевски, Тони Трајковски и Небојша Стајковиќ во „Трезор“ се обвинети за незаконско прибавување на 820 илјади евра преку набавка на електронска комуникациска опрема.Судењето за „Трезор" е во тек со изведување на писмени докази.

Скопје | пред 7 години

7 год.
NBRM

НБРМ: Има потреба од консолидација на домашниот банкарски систем, но досега ни една банка не побарала

Во врска со информацијата дека ќе се спојат Охридска, Стопанска и Шпаркасе банка, се обративме до Народната банка на Р Македонија. Дописот од НБРМ ви го објавуваме во целост:„До моментов, до НБРМ, од трите банки наведени во Вашето прашање не е доставено барање за статусна промена на присоединување или спојување. Имено, согласно со Законот за банките, за добивање дозвола за статусни промени, банката е должна да поднесе барање до НБРМ. Документацијата, постапката и критериумите за добивање дозвола за статусни промени на банка се пропишани со Одлуката за издавање дозволи донесена од Советот на НБРМ, јавно достапна и на институцијалната веб - страница.Во случај на добивање барање за статусна промена, а врз основа на оценка за исполнуавње на критериумите се донесува решение за издавање дозвола или за одбивање на барањето. Рокот за донесување на решението е регулиран со Законот за банките (член 22),  јавно достапен на веб - страницата на НБРМ.НБРМ, во повеќе наврати го има изнесено својот позитивен став за потребата од поголема консолидација на домашниот банкарски систем, преку окрупнување по пат на спојување или присоединување на банките во системот согласно со регулативата. Цениме дека доколку се случи процес на консолидација, тој особено би бил значаен за помалите банки, кои поради економијата на обем, на подолг рок би се соочувале со предизвик за остварување на  доволно високи и стабилни приходи кои би им обезбедиле континуиран позитивен финансиски резултат и долгорочна перспектива за функционирање. Меѓу другото, окрупнување на банкарскиот систем би значело и ефективно натамошно зголемување на конкуренцијата, што би требало да доведе до проширување на лепезата на производи кои ги нудат банките, а под конкуретни услови.Уште еднаш потенцираме дека до моментов, до НБРМ, од трите банки наведени во Вашето прашање не е доставено барање за статусна промена на присоединување или спојување.Истовремено, ја користиме оваа можност за комуникација со Вашиот медиум, за уште еднаш да потсетиме дека и според најновите податоци, банкарскиот систем на земјава е сигурен, висококапитализиран и ликвиден.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mijalkov-1

Специјалци околу суд за Мијалков, во судница го чуваат неговите обезбедувачи

Поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, кој од пред десетина дена е во притвор, денеска под засилено полициско обезбедување  беше спроведен на рочиште во Основниот суд Скопје 1 за случајот „Трезор”. Додека комбето од истражниот затвор  го внесуваше Мијалков во суд околу возилото имаше и припадници на специјалните единици на МВР.Судењето за „Трезор" е во тек со изведување на писмени докази. Покрај на Мијалков  за случајот “Трезор” СЈО ги обвинува и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ дека незканоски набавиле опрема за прислушување за УБК и со тоа го оштетиле буџетот за милонски суми.Според обвинителниот акт, со основниот договор буџетот на РМ бил оштетен за над 13 милиони денари, додека, пак, со двата анекса за дополнителни 13 милиони и 222 илјади денари, со што државата ја оштетиле за околу 27 милиони денари.На претходните две рочишта Мијалков не беше изнесен од затворот бидејќи рочиштата од различни причини беа одложувани. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
blaze-ristovski

Почина академик Блаже Ристовски (1931-2018)

 Македонската академија на науките и уметностите со голема тага соопштува дека на 28 ноември 2018 година почина академик Блаже Ристовски, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите.Академик Блаже Ристовски е роден на 21 март 1931 година во с. Гарниково, Кавадаречко. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (на Групата за литература на народите на СФРЈ и македонски јазик),  а по одбраната на докторската дисертација „Крсте П. Мисирков – живот и делото“ (1965), бил избран за директор на Институтот за фолклор во Скопје. Како научен советник, преминува во Институтот за национална историја (1977-1991) каде што раководел со тимот за културната историја и со Балканолошкото одделение, а до пензионирањето работи како научен советник во Институтот за старословенска култура во Прилеп (1993-1995).Академик Блаже Ристовски го посвети целиот свој работен век како неуморен и многу плоден истражувач на македонската литература, на јазичната и националната историја, на фолклорот, на појавата и развитокот на македонскиот народ и македонската национална мисла, кои се објавени во голем број книги. Неговиот научноистражувачки интерес беше насочен кон истражување и афирмација на националните дејци од XIX и XX век – Крсте П. Мисирков, Димитрија Чуповски, Ѓорѓија Пулевски, Петар Драганов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Васил Икономов, Наце Димов и други. Објавил над 800 статии и други прилози во разни списанија и зборници на трудови во земјата и во странство.Од 1991 до 1992 година, академик Блаже Ристовски ја вршеше функцијата потпретседател на првата Влада на самостојна Република Македонија.За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 7 октомври 1988 година, а за редовен член на 20 јуни 1996 година. Беше научен секретар на МАНУ од 1999 до 2002 година, а во периодот од 2011 до 2015 година беше секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука.Погребот на академик Блаже Ристовски ќе се изврши на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје на 30 ноември (петок) 2018 година, во 13 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата од 12 до 13 часот.По повод смртта на академик Блаже Ристовски, во Свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи Комеморативна седница на 30 ноември 2018 година, во 10,30 часот.    

Скопје | пред 7 години

7 год.
zatvor-10-1

Му однесол јакна во затвор, во џебот имало куршум

На 27.11.2018 година во 15,50 часот од затворска полиција при Затвор - Скопје, било пријавено дека И.Б. при посета кај затвореник, му донел јакна и по извршена рендген контрола забележано е дека во внатрешниот дел  во  џеб имало куршум. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Лажно му прикажале дека направиле сообраќајна незгода – и му побарале 2.000 евра

Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Т.С.(72) и З.Г.(63), двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела ,,измама”, На 27 октомври оваа година на улица „Марко Цепенков” во Охрид,  пријавените го пресретнале Б.Ј.(81) од Охрид и со намера да стекнат противправна имотна корист, го довеле во заблуда  и лажно му прикажале дека направиле сообраќајна незгода. Потоа му покажале часовник кажувајќи му дека е златен  и му побарале 2.000 евра при што оштениот прифатил замена. На 30 октомври годинава на улица „Питу Гули” пријавените му пристапиле на К.Г.(77)  од Охрид и на истиот начин, за случена сообраќајната незгода, го довеле во заблуда и му зеле 2.000 долари во замена за наводни златни предмети. Со извршувањето на казнените дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 220.000 денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
evroparlament

Европскиот Парламент ја поддржа Македонија и бара преговори во јуни 2019

 Огромно мнозинство за Македонија синоќа дадоја европратениците на дебатата пред гласањето за извештајот за Македонија. Исклучок беа само неколку гласови од Грција и Бугарија. Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување на ЕУ и европратениците во Европскиот парламент  донесоа првичен позитивен заклучок по прикажаниот извештај за политичката ситуација во земјата. Хан  порачаа на македонските политичари да продолжат со реформите, особено во безбедноста и администрацијата. Исто така повикаа опозицијата да се вклучи во процесот. Хан порача дека оптимизмот за Македонија повторно се вратил кај него.-Важно е реформскиот момент да се продлабочи во интерес на граѓаните, изјави Хан потсетувајќи на трите услови запишани во заклучоците на Советот на ЕУ од јуни – независно судство и борба против корупција, контрола на разузнавачките и безбедносните служни и реформата на јавната администрација, реформи без кои преговори не можат да бидат доделени.Известувачот Иво Вајгл, но и други европратеници потсетија дека не само Македонија, туку и Европската Унија треба да ги исполни своите ветувања во евроинтегративниот процес. Тој како и многумина други го поздрави Преспанскиот договор и повика тој да биде комплетиран во македонското Собрание и порача дека верува дека преговорите со ЕУ ќе започнат во јуни 2019.-За ова потребна е инклузивна демократска атмосфера, сите треба да соработуваат, треба да се модернизира судскиот систем, да се почитува владеењето на правото, да се создаде простор за слободни медиуми, да се заштитат новинарите и да се води ефикасна борба против корупцијата и организираниот кримина, порача Вајгл.Тројца пратеници од Романија, која го презема претседателството со ЕУ од први јануари 2019, силно поддржаа почеток на преговори со Македонија и изразија жалење што досега тоа не се случило.Претставничката на австриското претседателство, Каролин Едстадлер, од своја страна, слично како и комесарот Хан потсети на преостанатите реформи кои се потребни за почеток на преговори и повика да се најде начин да се обезбеди непрекинато работење на СЈО.Известувачот Иво Вајгл оцени дека одобрениот азил претставува „неприфатливо мешање“ од страна на унгарските власти.-Загрижен сум за случајот со Груевски, Унгарија мора веднаш да го врати, со ова Унгарија прави опасен преседан, изјави Романецот Боштинару.Преда ја обвини Унгарија дека станала „земја на азил за корумпирани луѓе“ цитирајќи романски случаи.-Тоа што Орбан го направи не е поддршка на Македонија, изјави Преда.Европратеникот од унгарски Фидес, Ласло Токес, изјави дека Унгарија продолжува да го поддржува проширувањето кон Западниот Балкан, вклучително и Македонија.-Го отфрламе тоа што социјалистите и зелените го користат случајот со Груевски за идеолошки напад врз Унгарија, изјави Токес алудирајќи на амандамните за кои ќе се гласа денеска.Тој порача дека унгарскиот потег најдобро се разбира во контекстот на „миграциските активности и лобирањето на Сорос“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
banki-2

Се спојуваат Стопанска, Охридска и Шпаркасе банка?

Се окрупнува банкарскиот сектор во земјава. Неофицијално „Скопје 1“ дознава дека Народна банка треба да даде позитивен одговор , поточно дозвола да се спојат Стопанска, Охридска и Шпаркасе банка.Познато е дека грчката банка сопственик на Стопанска банка неодамна најавила продажба на истата, Сосиете женерал и официјално соопшти дека ги продава банките во балканските земји, а сопствениците на Шпаркасе од Виена пак планирале проширување на бизнисот во Југоисточна Европа.Во моментов неофицијално, проблем било кредитното портфолио на Стопанска банка која воедно е најстара банка во Македонија и има најголем рејтинг и најјако портфолио, а со тоа и најголема пазарна вредност за продажба. Стопанска банка е пред Охридска банка и Шпаркасе по вредност.Оваа информација ги растревожи вработените во банкарскиот сектор во земјава. Тие стравуваат дека ова спојување ќе предизвика отпуштања од работа, бидејки фузирањето во една банка ќе доведе до намалување на бројот на експозитури и сектори како и менаџерски позиции во идната „една“ голема банка која треба да се создаде.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
filharmonija

Музика од научнофантастични филмови на концертот на Филхармонијата

„Научна фантастика на платно“ е насловен вечерашниот  концерт на Македонската филхармонија, кој ќе го води диригентот Тимоти Редмонд од Велика Британија. Оркестарот ќе изведе теми од некои од најдобрите научнофантастични филмови, како: „Војна на ѕвездите“, „Ѕвездени патеки“, „Одисеја 2001“, „Алиен“, „Аполо 13“, „Почеток“, „Меѓуѕвезден“…– Патувањата низ вселената, генетски мутираните суштества, „Марсовците“, патувањата низ времето… или алегоричното прикажување на политичко-социјални теми се само дел од содржините на СФ филмовите. Неисцрпна инспирација на композиторите, пак, се токму научнофантастичните филмови, затоа што тогаш имаат ретка можност да создадат специфична, уникатна партитура. Волшепствата, вселената, натприродните сили, чудовиштата, предметите од иднината… се доволен мотив музиката да биде креирана на едно поинакво ниво, надвор од клишеата, наведува Филхармонијата за тематскиот избор за концертот.Диригентот Тимоти Редмонд (1971) е подеднакво активен како диригент на концерти и на опери во Европа и во САД, посветувајќи внимание и на музичките проекти со малку попопуларна конотација, како што е филмската музика. Студирал обоа на Кралскиот северен колеџ за музика, а подоцна се усовршувал на мајсторски курсеви по диригирање. Професор е по диригирање на школата за музика „Гилдхол“ и шеф-диригент на Филхармонијата на Кембриџ, а редовен гостин диригент е со Лондонската филхармонија.Особено е посветен на современата музика, придавајќи им поголемо значење на модерните оперски продукции. Како што наведува Филхармонијата, оперските ангажмани на Редмонд вклучуваат модерни продукции, но и опери од железниот репертоар. Неговото име стои и на голем број снимки издадени за престижни куќи.МИА

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

24 годишен бугарин осуден за тероризам во Австрија

Бугарски државјанин е осуден на седум години затвор во Австрија, откако кај него биле откриени планови за изведување терористички напад.Според Обвинителството, 24-годишниот Бугарин во 2015 година дошол од Сирија во Австрија.Во истиот судски процес, казна затвор од осум години му е изречена и на 38-годишен Австриец, кој е обвинет дека имал „централна идеолошка улога“ во една исламска верска група и убедувал свои приврзаници да заминат за Сирија и да и се придружат на џихадистичката организација Исламска држава (ИД).Од 2011 година во Сирија и Ирак заминале околу 300 австриски жители, од кои 50-тина загинале во судирите како борци на ИД, а околу сто се вратиле во Австрија.МИА

Свет | пред 7 години

7 год.
gruzija

Саломе Зурабишвили победник на претседателските избори во Грузија

Саломе Зурабишвили, поддржана од владејачката партија „Грузиски сон”, победи на вчерашните претседателски избори во Грузија, освојувајќи речиси 60 проценти од гласовите.По преброени над 98 проценти од гласачките ливчиња, Зурабишвили го освои мнозинството од гласовите, соопшти Централната изборна комисија.Сепак, опозицијата и ја оспорува победата.За ривалот на Зурабишвили, Григол Вашадзе, кандидиран од главната опозициска сила – „Единствено национално движење” на поранешниот претседател Михаил Саакашвили – гласале над 40 проценти од гласачите, при одзив од над 56 проценти.Синоќа Саакашвили, кој живее во Холандија, ги повика Грузијците да не признаваат резултатите од претседателските избори и од денеска да почнат со „масовна граѓанска непослушност“.Во видео-порака од Холандија Саакашвили рече: Никогаш нема да ги признаам резултатите од овие избори. Ова денеска не беа избори. Тоа не беше демократски процес”.Извор: МИА

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Собраниска седница, на дневен ред пратенички прашања

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи седница на која пратениците ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите и други функционери во Владата. Седница за поставување пратенички прашања вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот.Предност за поставување прашања имаат пратениците од опозицијата. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
energja

Шеснаесетти Министерски совет на Енергетската заедница во Скопје

Шеснаесеттиот Министерски совет на Енергетската заедница, чиј актуелен претседавач е Република Македонија, ќе се одржи денеска во Скопје.Со Советот ќе претседаваат македонскиот министер за економија Крешник Бектеши и директорката за енергетска политика во Европската Комисија Меган Ричардс. Воведни говори ќе одржат премиерот Зоран Заев, и заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев.Енергетската Заедница е меѓународна организација која ги обединува Европската Унија и нејзините соседи за да создаде интегриран и одржлив паневропски енергетски пазар.Шеснаесеттиот Министерски совет на Енергетската заедница, во рамките на македонското претседателство, ќе ги собере министрите одговорни за енергетика на деветте договорни страни од Договорот за Енергетска заедница (Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Република Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина) и Европската Унија.По завршување на состанокот, прес-конференција ќе одржат Анѓушев, Бектеши, Ричардс и Јанез Копач, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Времето денеска облачно и студено, со слаб снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со провејување на снег. Ќе дува умерен северен ветер. Дневната температура во Охрид ќе се движи во интервал од 0 – 3 степени.Во петок утринските температури насекаде ќе бидат во минус, а дневната ќе достигне до 7 сВикендот се очекува благо покачување на дневната температура која ќе се движи од 3 -11 степени Целзиусови, информира УХМР. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
12374899_448472555344512_1585553180169760208_o

Никола Бакрачески ќе презентира научни истражувања во Загреб и Тел Авив

Кардиолошкиот завод од Охрид продолжува со активностите на полето на размена на знаења и искуства на меѓународен план преку посета на едукативни семинари, но и преку пренесување на искуствата и истражувањата реализирани во оваа болница.Најпознатиот охридски кардиолог Др Никола Бакрачески продолжува со успешни научни презентации  на интернационалните настани од областа на интервентната кардиологија.Првиот настан каде ќе ги презентира своите научни трудови е 12-от Конгрес на Хрватскито здружение по Кардиологија со меѓународно учество што се одржува под покровителство на Европското здружение по Кардиологија.На овој настан учествуваат и познатите охридски кардиолози Др Марија Зимбова и Др Слаџана Тупаре од Заводот за Кардиоваскуларни Заболувања Охрид, Др Виктор Топаловски од ПЗУ Медикор и Др Ѓоко Константиноски од општата болница Охрид” Оваа година истиот се одржува од 29 Ноември до 2 Декември во Загреб, каде Бакрачески ќе има две презентации.Вториот настан е  високо реномираниот симпозиум од областа на интервентната кардиологија  “Inivation in Cardiovascular Intervention - 2018”  што секоја година се одржува во Тел Авив Израел од 02-04 Декември, со учество на најголемите светски имиња од областа на интервентната кардиологија, каде ќе ја презентира својата лекција “ Bilateral radial approach for CTO recanalisation”.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Крис Браун коментираше на провокативната фотографија на Ријана

Познатата убавица од Барбадос, пејачката Ријана, пред неколку дена ги запали социјалните мрежи со провокативни фотографии без градник, на кои не можеше да одолее ниту нејзиното бившо момче Крис Браун.Крис остави коментар под фотографијата, на што обожавателите на пејачката веднаш реагираа.https://www.instagram.com/p/Bqfc2QHhOrf/Тие не заборавија дека Крис ја претепа Ријана во 2009 година и му одговорија на социјалните мрежи.Пејачката  ништо не му одговори на својот поранешен дечко, а некои му порачаа на Крис дека е глупав што ја изгуби.Крис Браун ја претепа Ријана во март 2009 година, ноќта пред доделувањето на наградите Греми.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Hrvatska-policija-620x350

Возач на Задар дивеел по улиците и се обидел да прегази полицаец

Изминатата ноќ на Задар дошло до вистинска филмска потера откако возач на БМВ направил неколку прекршоци, но на крајот сепак успеал да и избега на полицијата.Возачот наточил гориво на бензинска станица и веднаш се одалечил. Околу 21:50 пријавено е дека непознато лице провалило во складиште. Полициските службеници по 23 часот забележале парирано возило марка БМВ.Полицајците се приближиле до возилото и на возачот му издале наредба да ја отвори вратата и да излезе, но наместо тоа, возачот тргнал со возилото. Најпрво тој удрил во соседното возило кое било паркирано, а потоа продолжил да вози.При движењето на возилото, тој истото го насочил спрема полициски служеник кои скокнал преку ѕидот и го избегнал ударот. Возачот удрил во ѕидот а потоа продолжил со возењето.„Бидејќи возачот не постапил според наредбите на полициските службеници, тие употребиле огнено оружје, пукалле во пневматиците на возилото, но возачот и понатаму продолжил да вози до градот Мелада, каде го напуштил возилото и се оддалечил во непознат правец“, вела од полицијата.Во тек е интензивна потрага по возачот. 

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања