Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

Градоначалникот на Тихуана бара итна помош од ОН

Градоначалникот на Тихуана, Хуан Мануел Гастелум  прогласи хуманитарна криза во пограничниот мексикански град поради се поголемиот број на мигранти кои пристигнуваат.Тој исто така изјави дека побарал ОН да додели помош за пристигнатите околу 5.000 мигранти од Централна Америка.Поголемиот дел од мигрантите престојуваат во импровизирани сместувања на градскиот стадион. Ним им помагаат волонтери и од градските власти.Гастелум ја критикуваше  мексиканската влада дека доволно не ја разбира заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја затвори границата ако проценат дека Мексико нема контрола врз ситуацијата во Тихуана.Градоначалникот се пожали дека во градот пристигнале 20 тони федерална помош, но три четвртини од нив биле материјални за зајакнување на границата, а само пет тона биле наменети за мигранти.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Повеќе скопски села денес без струја

Денес заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија во периодот од 08:00 до 12:00 часот ќе останат корисниците од објектите на МВР и АРМ на Солунска Глава и селата Алдинци, Караџица, Драчевица, Цветово, Долно Количани, Горно Количани, Пагаруша, Вртекица, Рамни Габер, Црвена Вода, Китка, Палиград и нас. Мала Река. (општина Студеничани)

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Свлечиште на патот Макази - г.п. Маркова Нога

На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Македонија | пред 7 години

7 год.
francija

Драма во Франција, маж се заканува со бомба на бензиска пумпа

Во францускиот град Анжу на бензиска пумпа маж се заканува дека ќе се разнесе со бомба доколку не оствари средба со претседателот Емануел Макрон.Постои сомнеж дека човекот со себе има повеќе експлозив, а не само граната.Министерот за внатрешни работи изјави дека мажот на бензинската пумпа носи рефлектирачки елек, ист како што носат демонстрантите кои деновиве протестираат ширум Франција поради високите цени на горивата.Полицијата ги евакуира луѓето, а на терен се француските специјални единици.

Свет | пред 7 години

7 год.
46522714_2076680562378145_8310874469241454592_n

Намерно и организирано палење и превртување на контејнери во Скопје

Град Скопје реагира по вечерашното ново палење и превртување на контејнери во Скопје:,,После вчерашниот апел до граѓаните да не ги оштетуваат и палат контејнерите поставени на градските улици, денеска сме сведоци на уште еден вандализам, веднаш до новиот дрворед на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов каде денес беа посадени 40 дрвја.Ваквото несовесно однесување на поединци освен штета, со ништо друго не придонесува да се подобри хигиената во градот и да се зачува животната средина“-се вели во реакцијата.Вчера, Град Скопје  и ЈП „Комунална хигиена“ апелираа до граѓаните правилно да го одлагаат отпадот од домаќинствата и да не ги оштетуваат и палат контејнерите поставени на градските улици. Во првите десет месеци од годинава на улиците во Скопје се запалени и целосно уништени вкупно 66 контејнери. Со ваквите постапки се создаваат големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад, а се нанесува и директна финансиска штета на јавното претпријатие.За да се подобри хигиената во градот и да се зачува животната средина Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните својот кабаст отпад – стариот мебел, електронските и електричните апарати – да не ги фрлаат на јавните површини и да не ги оставаат до садовите за собирање на комуналниот отпад. Јавното претпријатие на граѓаните им нуди можност кабастиот отпад да го одложат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, или во претоварната станица што се наоѓа во Шуто Оризари. За оваа услуга не се наплатува паричен надоместок.

Скопје | пред 7 години

7 год.
obvinitelstvo1

Обвинителството замрзна сметки во Монако на концесионерот на центрите за дијализа

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави барање со Кнежевството Монако да ги запре финансиските трансакции на сметки во Монако на кои се префрлени пари од концесинонерот на центрите за дијализа во Република Македонија. Од ЈОРМ информираат дека ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција презема низа активности за расветлување на случајот.„Во рамките на постапката, надлежниот јавен обвинител во изминатиот период, дојде до сознанија дека правното лице – концесионер на центрите за дијализа е отуѓено, а финансиски средства во значителен износ се префрлени на сметки во Монако. Преку меѓународна правна помош доставено е барање до Кнежевството Монако за запирање на извршување на финансиски трансакции на сметките на кои се префрлени пари од продажбата на правното лице во износ од 11 милиони евра“, стои во соопштението на ЈОРМ.Исто така до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Кнежевството Монако е доставено барање за вклучување на нивен обвинител во истрагата, на што Обвинителството позитивно одговори и го одобри барањето.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Почнува новогодишното украсување на Град Скопје

Новогодишното украсување на Град Скопје започнува од вечeрва.Градоначланикот на Град Скопје, Петре Шилегов, во изјава за новинарите рече дека согласно буџетската ставка за украсување на градот биле предвидени 16 милиони денари, но по завршувањето на тендерската постапка тоа ќе чини 13 милиони денари, што е вели, иста сума споредено со претходните години.Новина е, додава, новогодишната населба Винтерленд, што ќе внесе нова, побогата новогодишна содржина.-Ни се ближат едни од најубавите празници, Новогодишните и Божикните. Граѓаните на Скопје мора од својот град да добијат нешто што не го добивале досега. Она што го гледаме, по слики по разгледници по репортажи зошто да не го направиме во нашиот град. Не треба да бидеме скептици за некои новини, рече Шилегов во врска Винтерленд.

пред 7 години

7 год.
silegov-petre-1-696x365

Шилегов не открива кој ќе пее за Нова година, ама Цеца нема да биде

Вечерва ќе почне украсување на улиците во Скопје за новогодишните празници. Првата улица која ќе блесне празнично ќе биде Илинденска.Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, рече дека за украсување на градот биле предвидени 16 милиони денари, но по завршувањето на тендерската постапка тоа ќе чини 13 милиони денари, што е вели, иста сума споредено со претходните години.За тоа кој ќе пее на новогодишната прослава, Шилегов одговори дека граѓаните ќе бидат известени кога ќе биде донесена одлука. Скопје, рече, дефинитивно нема да ја дочека „Новата“ со Цеца.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gjubre

Запалени и уништени 66 контејнери во Скопје

Вкупно 66 контејнери во Скопје се запалени и целосно уништени во првите девет месеци од годинава, соопшти денеска Град Скопје.Оттаму заедно со јавното претријатие „Комунална хигиена" апелираат до граѓаните правилно да го оставаат отпадот од домаќинствата и да не ги оштетуваат и палат контејнерите поставени на градските улици.– Со ваквите постапки се создаваат големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад, а се нанесува и директна финансиска штета на јавното претпријатие, истакнуваат од Град Скопје.Кабастиот отпад како стар мебел, електрични и електронски апарати апелираат да не се фрла на јавните површини и да не се остава до садовите за собирање комунален отпад.Кабастиот отпад, велат од Град Скопје, може да се остави во центрите за селекција на отпад во Карпош и Вардариште или во претоварната станица во Шуто Оризари и за оваа услуга не се наплатува паричен надоместок. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Шестнаестгодишно момче ограбено во Скопје

Шестнаесет годишно момче е ограбено вчера во Скопје од страна на непознати лица, а случајот во полиција го пријавила неговата мајка.Ј.Ѓ.А.(47) од Скопје пријавила синоќа дека истиот ден околу 17.20 часот на улица „Мирче Ацев“ непознати лица извршиле разбојништво над нејзиниот 16-годишен син и неговиот другар.Разбојниците му одзеле паричник, 600 денари и картица „Скопска“.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Arsovski

Арсовски: СДСМ година и пол е на власт и не успеа да го оствари ветувањето за рестартирањето на „Југохром“

„СДСМ и Кочо Анѓушев се уште не кажаа кои се тие 650 работници од 1.200 работници, од „Југохром“ кои нема да одат на работа откако ќе почне со работа комбинатот.Веќе година и пол СДСМ, Заев и Анѓушев ги лажат 1.200 работници на „Југохром“ кои се надеваат дека ќе почнат со работа. Одговорот на Анѓушев, Заев и СДСМ е дека од 1.200 само 550 ќе почнат да работат и тоа дури на пролет. За останатите 650 работници од „Југохром“, никому од Владата на СДСМ не му е гајле што ќе се случува и дали ќе имаат пари да преживеат. Всушност и онака година и пол ги оставија на питачки стап, да се снаоѓаат и да преживуваат како знаат.Но, она што е позагрижувачко е дека никој од Владата не одговори, дали позади нерестартирањето на „Југохром“ се кријат нечии бизнис апетити и дали можеби некој задкулисно се пазари?Граѓаните и вработените се уште чекаат одговор на ова прашање.Вчера обелоденивме помеѓу снабдувачите со струја на „Југохром“ додека работеше, беше „ЕДС“ компанијата која што беше во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Тоа можевме да го видиме од возниот ред на „МЕПСО“, кој ви го презентиравме за 8 јуни 2016 година, од која се гледа дека „ЕДС“ на Анѓушев во тоа време се јавува како добавувач на струја за „Југохром“.Господине Анѓушев дали е точно дека кога Вие бевте вицепремиер и сопственик на „ЕДС“ му продававте струја на „Југохром“?Дали можеби ги искористевте должничко-доверителските односи и му обезбедивте кредит од 1.5 милиони евра?И на крај, зошто ги лажевте Тетовци заедно со Заев дека до јуни 2018 ќе се рестартира комбинатот, а сега повторно тврдите дека агонијата ќе се продолжи за уште една година?СДСМ година и пол е на власт и не успеа да го оствари ветувањето за рестартирањето на „Југохром“, најверојатно бидејќи се работи за бизнис интереси.Ова што се случува денес заради политиките на СДСМ е вистинска катастрофа за граѓаните и оди единствено на штета на граѓаните.Оваа катастрофа мора еднаш засекогаш да заврши. СДСМ мора да си замине од власт уште веднаш за Македонија да може да тргне напред. Што побрзо си заминат, толку подобро за државата и за граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 7 години

7 год.
Mijalkov-Sasho

Мијалков бара укинување на мерката притвор

Одбраната на поранениот директор на УБК Сашо Мијалков во жалба поднесена до Aпелациониот суд бара укинување на мерката притвор и враќање на претходно воведените мерки на претпазливост.Тие се незадоволни што решението за притвор било донесено без да се сослушаат нивните и аргументите на Мијалков, посочувајки дека во решението никаде не е утврдено што прекршил обвинетиот за да му биде определен притвор.Адвокатите на Мијалков во жалбата до судот наведуваат дека имотната состојба на обвиниетиот и претходно му била позната на обвинителството, а судот знаел за останатите обвиненија и постапки за Мијалков, но не претставувале доволна основа за да не останат на сила изречените мерки на претпазливост.

Македонија | пред 7 години

7 год.
EDS

ЕДС: Неточни се објавените информации дека грчкото обвинителство отворило истрага за компанијата

Компанијата ЕДС, која е во целосна сопственост на грчката државна компанија за електродистрибуција, остро ги демантира наводите изнесени во текстовите објавени на веб порталите kurir.mk и infomax.mk во врска со продажбата на ЕДС.„Неточни и невистинити се наводите дека е започната каква било истрага во врска со продажбата на ЕДС или пак во врска со претходниот сопственик Кочо Анѓушев.Компанијата ЕДС целосно премина во сопственост на грчката државна компанија за производство на струја, Public Power Corporation и како таква продолжи да работи на регионалниот пазар. Купопродажниот договор е склучен согласно законските процедури, а на истиот претходеше извештај од повеќе реномирани ревизорски куќи кои ја проценија вредноста на компанијата.Бараме од медиумите каде се објавени овие невистинити наводи, повикувајќи се на наводен извор во кој воопшто не е објавена таква информација, јавно да го објават демантот и да се извинат. Во спротивно ќе ги преземеме сите правни чекори за да го заштитиме угледот на компанијата ЕДС и да го спречиме ширењето на лажните обвинувања“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-13

Land Rover официјално ја претстави новата генерација на моделот на Range Rover – Evoque

На специјален настан во Лондон, Land Rover официјално ја претстави новата генерација на моделот на Range Rover – Evoque.Дизајниран да асоцира на поголемиот и супер-луксузен Velar, градскиот премиум SUV Evoque,  постави нови стандарди во овој сегмент и покажа зошто е создаден за градските улици. Новиот Range Rover Evoque е еволуиран и дизајниран да ги задоволи сите потреби за возење на градските улици, но и возење до планински врвови.Новиот Evoque пристигнува со подобра економичност, модифицирано потпирање, унапредено управување, подобра звучна изолација, поголем комфор, дигитална инструмент табла и уште голем број новитети. Поставувајќи нови стандарди за издржливост и способност, новиот Evoque нуди одличен спој на беспрекорен дизајн и луксузна технологија која е едноставна за ракување.Новиот Evoque нуди стандардни 2.0-литарски дизел и бензински турбо-агрегати. Дизелот доаѓа во верзии со 150 и 240 КС, а бензинците со 240 и 300 КС спарено со 9-брзински ZF автоматски менувач.Како надворешноста така и во внатрешноста, Evoque наликува на поголемиот брат, моделот Velar, а во внатрешноста тоа се акцентира со опционалниот двоен дисплеј на централната конзола. Тука се и целосно новата дигитална контролна табла, седиштата со 16 насоки за прилагодување и јонизаторот на кабината.Новиот премиум градски SUV сега нуди повеќе место за нозете на патниците на задните седишта, a и капацитетот на багажникот има за 10% поголем волумен од претходниот модел. Во опремата на новиот Evoque се вклучени исто така, стандардна камера за задно гледање, адаптивен круз контрол со асистент на управувањето, систем за задржување на возилото на патот, систем за автономно активирање на сопирачките и многу други.Со неговата уникатна coupé силуета, Range Rover Evoque е убедлив наследник Range Rover Velar, возилото што ги освои срцата насекаде во светот уште на прв поглед.

Магазин | пред 7 години

7 год.
star-avtobus

Битолчани му ги вратија автобусите на Шилегов

Општина Битола донесе одлука да ги раскине договорите за општински линиски превоз и за превоз на учениците со линискиот превоз. Согласно одредбите од договорите, даден е отказен рок од три месеци, во кој период повторно ќе се организира повик за општинскиот линиски превоз, информираат од општината.„Постоечките договори за линиски превоз имаат член кој што овозможува било која страна, дали Општина Битола или самите превозници во отказен рок од три месеци, предвремено да ги раскинат договорите. Општина Битола во текот на вчерашниот ден пушти допис до сите превозници, со кој што запона периодот на предвремено раскинување на договорите. Во следниот период она на што работиме е подготовка на нов повик, кој што ќе биде дефиниран со нови критериуми, кои ќе поминат на седница на Совет. На тоа работи цела комисија во Општина Битола, се одржуваат и контакти со превозниците. По сите анализи, ќе се одредат критериумите во интерес на многу поорганизиран и подобар певоз во Општина Битола“, изјави градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска.Општина Битола, се додава во соопштението останува на ставот дека ќе им ги рефундира средствата на учениците, по веќе одредените законски одредби.„На учениците им беше кажано да ги чуваат билетите, а и на директорите им беше соопштено, дека билетите им се потребни на учениците за да докажат дека користеле јавен превоз за да дојдат до образовните институции. Се друго останува нешто што не може да се покрие согласно законските одредби, така што би рекла дека не е точно дека учениците не беа информирани. Им беше кажано и на директорите, директорите им кажаа на учениците, а колку тие биле педантни во чувањето на билетите, не би можела да кажам. Меѓутоа, само така може да се изврши рефундирање, за да не бидат злоупотребени средства од буџетот на Општина Битола“, посочи Петровска.На новинарско прашање каде се автобусите кои од ЈСП Скопје и беа позајмени на Општина Битола, Петровска одговори дека тие автобуси беа позајмени, со цел да се одговори на потребите во тој критичен период.„По надминувањето на таа ситуација, ценевме дека истите нема потреба да престојуваат во нашата општина и да носиме одговорност за нив, па ги вративме по договор како што го имавме при самото однесување на автобусите“, истакна Петровска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Кисела Вода промовирана иновативната платформа „Take green action“

“Безбедна животна средина во локалната заедница-Take green action“ е иновативната платформа која денес беше промовирана во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “ Димитар Влахов“ во Кисела Вода.Настанот, организиран од страна на Општина Кисела Вода и ДУРДМОВ “Димитар Влахов“ – Скопје, во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, отпочна со музички точки од учениците од ДУРМДОВ “Димитар Влахов“ и од дечиња од детските градинки во општина Кисела Вода, по што свое обраќање имаа градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, заменик министерот за животна средина и просторно планирање м-р Јани Макрадули, директорот на ДУРДМОВ “ Димитар Влахов“ Горанчо Јакимовски и дипл.инг. арх. Соња Кушовска Трајковска од Кариерниот центар, Е.К.О. Волонтерски клуб, и Опитно Поле – ФЗНХ Скопје.-За справување со еден од најголемите предизвици во Скопје, аерозагадувањето, потребен е инклузивен пристап и сите да се вклучат во планот за чист воздух што е донесен, бидејќи секој е важен и може да придонесе во таа борба. Уништивме премногу дрва, а иднината за децата треба поинаква да ја оставиме, изјави Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање.-Моја заложба, како градоначалник и заложба на Општина Кисела Вода е меѓуинституционална соработка, соработка на сите чинители и субјекти кои делуваат на територија на општина Кисела Вода, заедно со  сите други општини, факултетите и Министерството за животна средина, бидејќи само така можеме да ја направиме општина Кисела Вода поубаво место за живеење. Заедничкиот интерес и желбата интензивно да се спроведуваат активности во правец на заштита и подобрување на животната средина придонесе да се склучат меморандуми за соработка помеѓу нашата општина и Факултетот за земјоделски науки и храна со Кариерниот центар и Е.К.О. Волонтерскиот клуб, Опитно поле-ФЗНХ и ДУРМДОВ Димитар Влахов. Јавноста ја известувавме за досегашните заеднички дејствувања. Како резултат на истите го организиравме денешниот настан, со кој ги промовираме иновативно креативната платформа Безбедна животна средина во локалната заедница-Take green action “ и почетокот на кампањата “ЗЕЛЕН ЛИСТ, ВОЗДУХ ЧИСТ-Ајде да садиме-здрава, зелена и органска иднина да градиме!” и даваме максимална поддршка на проектите “Младите и иновативното делување”, “Заедно да бидеме хумани и општествено одговорни”, “Делувај локално, придонеси глобално”, во кои сме активно вклучени- изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, додавајќи дека се надева дека Министерството за животна средина и другите општини и во иднина ќе продолжат да ја даваат својата поддршка на ваквите еколошки проекти.- Во соработка со Општина Кисела Вода и  Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, нашето училиште, Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид  “Димитар Влахов“, ја има честа да биде домаќин  на промоцијата и прва локација за спроведување на прототип проектот : МЛАДИТЕ И ИНОВАТИВНО ДЕЛУВАЊЕ –Заедно да бидеме хумани и општествено одговорни - “Делувај локално-придонеси глобално“. Овој проект и денешните активности кои ќе ги реализираме во нашиот комплекс (училиште), Засадување на Овошен парк во Еколошко едукативната градина на училиштето, за нас има двојна функција и значење, како во однос на грижата и одговорноста кон животната средина, така и во однос на унапредување на воспитно - образовниот процес на нашите ученици-исткна директорот на ДУРДМОВ “ Димитар Влахов“ Горанчо Јакимовски.-Посветени сме на тоа да ја зголемиме свесноста на нашата заедница за прашањата за животната средина, за здравиот начин на живеење, квалитетна и безбедна храна, со поддршка на соодветните вредности, знаења и вештини што ќе ни овозможат да работиме кон реставрација и зачувување на животната средина. Светот поставува предизвик да постигне нулта глад до 2030 година, и секој има улога да придонесе, а НИЕ ќе бидеме секогаш дел од овој предизвик. За почеток со зголемување на процентот на зелинило со плодородни дрвја-Овошни урбани паркови и урбани градини.Колку повеќе плодородни дрвја посадиме, повеќе урбани градини создадеме, зелени градини на кровови и зелени ѕидови поставиме,толку сме поблиску до целта да бидеме секогаш дел од овој предизвик- заедно!-изјави Соња Кушовска Трајковска, дипломиран инженер архитект при Кариерниот центар, Е.К.О. Волонтерски клуб, и Опитно Поле – ФЗНХ, како вовед во презентацијатана креативната плаформа, проследена со дискусија од присутните.На настанот кој финишираше со засадување на овошни дрвца во дворот на ДУРДМОВ “ Димитар Влахов“, свое учество зедоа и  градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски, претставници од Владата на РМ, преставници од Швајцарската Фондација за техничка соработка, деканот на Шумарски факултет – Скопје, деканот на Факултет за ветеринарна медицина – Скопје, деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, продеканот за настава на Земјоделскиот факултет, претставници од Министерството за образование и наука, претставници на бизнис секторот, како и директорите на сите основни училишта и градинки на територија на општина Кисела Вода.

Скопје | пред 7 години

7 год.
DSC05806-2

Спасени два живота по успешно извршена трансплантација од починат донор кај двајца пациенти

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска одржа прес конференција, по повод успешно извршената трансплантација од починат донор на Клиниката за урологија, во соработка со одделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Станува збор за мултисекторски пристап, во кој активно се вклучени голем број лекари и друг персонал од КАРИЛ, Клиниката за урологија, за нефрологија, Клиниката за радиологија и Институтот за трансфузиологија.- После три години пауза, на Клиниката за урологија успешно се изврши трансплантација на бубрези од пациент кој доживеал мозочна смрт. Од починатиот, кој неколку дена беше на одделението КАРИЛ, со дозвола на најблиските членови од семејството се земени бубрезите и веднаш се трансплантирани на двајца пациенти кои чекале на нив. Двете трансплантации поминаа успешно и засега пациентите кои добиле бубрег добро се чувствуваат. Им честитам на медицинскиот персонал од Клиниката за урологија и КАРИЛ, кои направија неверојатно добра работа. Спасија два живота, кои долго време се измачуваа со дијализа, истакна министерот Филипче.Министерот изрази почит кон родителите на дарителот на органите, потенцирајќи дека донирањето органи е највисок чин на хуманост и алтруизам.  Пресадувањето органите е едно од најголемите достигнувања на модерната медицина. Кога се зборува за трансплантација на органи, секој од нас треба да размислува дека е потенцијален примач на орган, а потоа и донор.Тој истовремено ја најави и првата кампања за трансплантација на органи, која официјално ќе почне идниот месец, потенцирајќи дека подигнувањето на свеста кај граѓаните за дарување органи треба да ја подигнеме на ниво од кое се очекува барем 5 трансплантации на органи од починати донори за една година.Националниот координатор за трансплантација, д-р Маја Мосова изрази огромна благодарност и почит до семејството на донорот за овој највисок степен на човекољубие и за тоа што ни одржаа лекција како се сакаат луѓе кои не се ни познаваат.- Тие се пример за сите нас како да постапуваме во животот. Има околу 70 пациенти чии бубрези не функционираат и кои се на листа за пресадување органи, а од компатибилноста на резултатите зависи кој ќе биде трансплантиран. Рачно се прегледуваат документите и така се врши изборот на пациентите, имаме софтвер, но сега таму се запишуваат сите потенцијални приматели на органи, рече д-р Мојсова.Директорот на Клиниката за урологија, д-р Сашо Дохчев, кој е и главниот хирург во двете интервенции, е задоволен што двајцата оперирани пациенти добро заздравуваат. Тој изрази голема почит кон семејството на донорот, коешто претставува пример за останатите и дека ова е уште една причина нашата држава да стане членка на „Еуротрансплант“, имајќи во предвид дека соработката со нив е многу важна во процесот на размена на органи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
46668706_2166411450284870_5594666361600081920_n

Вчера се одржа гала вечерта на фестивалот „Мел Фест“

Вчера во Прилеп се одржа гала вечерта од фестивалот „Мел Фест“. Според публиката и учесниците, фестивалот успеа да се врати во полн сјај и го оправда целиот труд на организаторите и уметничкиот директор, пејачката Елена Петреска.„Мел Фест“ има некаква магија, посебна енергија. Публиката беше презадоволна, а коментарите на луѓето дека сме направиле одлична приказна и дека чувствуваат возбуда што се дел од овој настан и дека на Македонија и фалат вакви настани и фестивали, ваква поддршка на музиката, на младите талентирани деца. На почетокот настапија некоку дебитанти кои ја воодушевија публиката. После фестивалот имаше одлична забава. Домот на културата „Марко Цепенков“ беше преполн до последното место. На коктел забавата свиреа „Игуана бенд“, забавата беше одлична, пеев јас, а одличен настан имаше и Виктор Апостоловски, вели уметничкиот директор Елена Петреска и додава:Им се заблагодарувам на сите учесници, пејачи од нашата македонска естрада кои настапија вчера, на публиката што ја имаше во преголем број, на Лила што го водеше целиот настан, на Мермерниот комбинат, Прилепска Пивара и Витаминка кои го поддржаа настанпт и ќе го поддржуваат во текот на целиот серијал „Мел Фест талент шоу“.Елена Петреска, Наде Талевска, Андријана Јаневска, Симона Поповска, Наташа Малинкова, Елена Велевска, Игор Узунов, Маријан Стојановски, Огнен Здравковски, Горан Наумовски со Горан Папаз, Анастасија Аврамовска се само дел од пејачите кои настапија на гала вечерта вчера во Прилеп.Ве потсетуваме дека она што ќе се случува вечерва е само најава и всушност почеток за „Мел Фест – талент шоу“ кои ќе стартува пред Нова година, низ 15 градови во Македонија.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Шестнаесет дена активизам против родовото насилство

Националната СОС-бесплатна мобилна линија за жртви на семејно насилство 141 700, како сервис за помош и поддршка на жените жртви на насилство, активно се вклучува во кампањата на Обединетите нации „16 дена активизам против родово базирано насилство“. Почнува на 25 ноември, а завршува на 10 декември.Со цел зголемување на пристапот на услуги и информираност на жртвите, како и целокупната јавност за овој општествен проблем, Националниот совет за родова еднаквост активно ќе се вклучи и активира на социјалните мрежи („Фејсбук“, „Твитер“, „Инстаграм“) со цел поголема информираност на сите за насилството, информирање на жртвите за видовите насилство како да излезат од сенката во која живеат, како да го пријават насилството.За таа цел веќе една година функционира фејсбук-страницата „Излези од сенката – DIL NGA HIJA“ и групата „Заедно можеме – Së bashku mundemi“. Преку страницата и групата настојуваме да допреме до сите оние што се активни на социјалните мрежи, заедно да помогнеме сите, да дадеме поддршка, да дадеме помош, советувања, да поведуваме иницијативи. Во групата имаме тим од психолог, доктор, социолог, правник… односно тим од стручни лица што ќе даваат одговор на прашањата, кои ќе дадат насоки и помогнат да излезат од сенката и да го најдат вистинскиот излез.Преку страницата и групата се пристапува на начин на кој нема да се нарушува интегритетот и автономијата на лицето што се обратило за помош. Сите активности се преземаат со одобрение на лицето на кое ќе му биде загарантирана анонимноста и доверливоста во согласност со загарантираните човекови права.Во рамките на националниот совет за родова рамноправност функционира и СОС-линијата 141 700, која овозможува поддршка на жртвите на насилство преку информирање, упатување и психолошко советување, ја запознава жртвата со нејзините права, можности и видови поддршка, посредува помеѓу жртвата и полицијата, центрите за социјална работа и други расположливи ресурси за помош во општината во која живее.Како функционира СОС-линијата?
 Кога жртвата ќе се јави на бесплатниот анонимен број 141 700, дежурниот оператор активно ја слуша жртвата на насилство, ја информира жртвата за нејзините/неговите права, 
нуди психоемотивна поддршка и ја охрабрува во текот на разговорот. По потреба, ја упатува кај други организации. По желба на жртвата, го пријавува случајот и контактира релевантни институции.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gimnazijaohrid

Вработените во просветата во Охрид не примиле плата за октомври

Наставниците, професорите и вработените во охридските основни и средни училишта се` уште не ги примиле платите за месец октомври.Проблемот е настанат поради недоследности околу начинот на кој се вршат пресметките за месечен надомест за админитративните службеници во образовните институции, кои пресметките ги направиле согласно правилата за пресметка на плата утврдени со Законот за административни службеници.Бројот бодови за платите за секретарите, односно административците се утврдува согласно Законот за административни службеници, додека вредноста на бодот е утврдена со одлука на Совет на Општина Охрид.Министерството за образоване и наука е на став дека платата за службениците во ресорот треба да се пресметува според Колективните договори за средно и основно образование, што резултира со разлика во пресметките, поради што е блокирана и исплатата на личните доходи за вработените во образовните институции во градот.Училиштата во Охрид веќе извршиле корекција на пресметките според претходните практики односно според Колективните договори така што се очекува веќе од утре да почне исплатата на платите за октомври. Прашањето што создава дилема е како во иднина ќе се регулира утврдувањето на месечните примања за административните работиници во образовните институции кога очигледно има недоследности во легислативата, односно колизија меѓу двата начинa на пресметка.За да биде ситуацијата уште понејасна, пресметувањето на висината на платите за административците согласно Законот за административни работници е почнато да се спроведува со стапувањето во сила на новата легислатива пред повеќе од половина година, а ресорното Министерство сега за првпат реагира на таквата практика на која досега немало забелешки.извор: mtm.mk 

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Ограбен малолетник во Скопје

Непознати лица извршиле разбојништво врз 16-годишно момче од Скопје на улицата Мирче Ацев, соопшти полицијата. Случајот го пријавила мајка му.Крадците од момчето одзеле паричник, 600 денари и картичка „Скопска“.Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата и за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Дисциплинска постапка за полицајци, повредиле момче додека го приведувале

На 21.07.2018 година околу 04.00 часот на улица „7-ми Ноември“ во Охрид, при преземање на службени дејствија во врска со претходно пријавен настан, пријавените примениле средства за присилба при лишување од слобода на Б.Н.(18) од Охрид поради давање на отпор од него. Притоа, пријавените средствата за присилба ги употребиле несразмерно и неправилно и на Б.Н. му нанеле тешка телесна повреда.Против осомничените полициски службеници поведена е дисциплинска постапка пред надлежната комисија за сторено потешко кршење на работниот ред и дисциплина и истите се отстранети од работното место до завршување на постапката.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кривична пријава против Охриѓанец поради производство и продажба на наркотични дроги

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Н.(31) од Охрид и против С.Ѓ.(23) од село Велестово, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.На 04.05.2018 година околу 19.20 часот на улица ,,Радојца Новичиќ” во Охрид полициски службеници извршиле преглед над Ј.Н. при што пронашле и одзеле кеса со марихуана.После тоа, полициски службеници извршиле претрес во домот на Ј.Н. каде што биле пронајдени и одземени 204 грама марихуана и метална дробилка со остатоци од марихуана.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

МВР поднесе кривични пријави против повеќе членови на навивачки групи

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.М.(35), С.Б.(23), С.М.(24), Б.М.(31), М.П.(34), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „насилство” и против Д.Б.(20) од Скопје, М.Б.(28) од Скопје, М.Б.(29), С.Ш.(28), А.Ј.(20), Б.И.(25), Б.Ц.(28), Ш.З.(27), сите од Тетово и В.Т.(17) од село Требош, тетовско поради постоење оснoви на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.На 02.11.2018 година во периодот од 18.00 до 21.00 часот во Тетово, по повод прославата на 30 години од формирање на навивачка група од Тетово, прво, второ, трето, четврто и петтопријавениот, движејќи се низ повеќе улици, извикувале навредливи пароли. Исто така, на 03.11.2018 година во периодот од 12.00 до 16.00 часот во Тетово, пред почетокот на натпреварот помеѓу екипите на ФК „Тетекс“ од Тетово и ФК „Трим Лум“ од Струга, како и за време на натпреварот, прво, второ, трето, четврто, петто, шесто и седмопријавениот извикувале навредливи пароли.На 04.11.2018 година во периодот од 12.00 до 15.00 часот во Тетово, пред почетокот на натпреварот помеѓу екипите на ФК „Шкендија“ од Тетово и ФК „Шкупи“ од Скопје, осмо, деветто, десетто, единаесетто, дванаесетто, тринаесетто и четиринаесеттопријавениот, движејќи се низ повеќе улици, извикувале навредливи пароли. Притоа, пред угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ пријавените фрлале со камења и стаклени шишиња кон терасата на објектот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_0141

Царовска: Ја зајакнуваме инспекциската служба во пресрет на социјалната реформа

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска одржа состанок со инспекторите коишто работат во областа на социјална заштита. На состанокот се разговараше за моменталната состојба на инспекциската служба и за идните актвивности кои ги преземе министерството со цел да го зајакне капацитетот на оваа служба, непосредно пред почетокот на спроведување на новата социјална рефорома.„Инспекциската служба со години била рушена и уништувана. Нашата цел е оваа служба да ја зајакнеме и унапредиме, бидејќи тому таа ќе биде една од клучните алки во спроведувањето на социјалната реформа и исплатата на гарантираниот минимален приход“, изјави Царовска.Во следниот период ќе се интензивира работата на терен, континуирано ќе се следи работата на социјалните центри секаде низ Македонија. Исто така ќе се организираат активности за доедукација на вработените во инспекциската служба, со цел да се зајакне кадарот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања