Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

Во овие пет хороскопски знаци се раѓаат најпаметните луѓе

На оваа златна петорка не ѝ е потребно дури ни друштво, бидејќи нивниот ум им е најдобар пријател. Изгледаат како многу мистериозни, но тоа е воглавно затоа што работат на брилијантни идеи и планови.1. ВодолијаОвој хороскопски знак е најмногу поврзан со филозофија. Водолиите често ја воодушевуваат околината со иновативен пристап на решавање на проблемите, а во животот чекорат со мисла дека сѐ е остварливо.2. ШкорпијаШкорпиите се многу чувствителни и ги обземаат турбулентни емоции. Секојдневно на себе, но и на другите им поставуваат разни интелектуални прашања, а не им е непозната ниту моќта да создадат динамика во друштвото, односно да разбијат монотонија.3. БлизнациЛуѓето родени во знакот Близнаци, одлично се снаоѓаат во друштво, бидејќи, исто како Шкорпиите, совршено ја проценуваат друштвената динамика. Најмногу ги интересираат социолошки и политички прашања, а нивната извонредна моќ за планирање ѝ носи нова димензија на ситуацијата.4. ВагаНа вагата најважни ѝ се хармонијата и естетиката. Најчесто размислуваат за влијанието на уметноста на општата благосостојба на човекот, а секојдневно низ глава им се „мотаат“ и прашања за правда и социјални проблеми.5. РакРаковите се најчувствителен хороскопски знак, а тој фактот ги врзува со непрестајно размислување за животните прашања. Многу често го забележуваат она што другите не можат, а кога се најдат во општ хаос, реагираат подобро од било кој друг знак.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Елитна дама откри зошто мажите ги изневеруваат сопругите

“Лесно возбудливо кученце”, “Лојално млитаво детиште”, “Ултимативна сродна душа”, “Освојувач”, се само некои од категориите во кои Гвинет Монтенегро ги вбројувала мажите, која уште од својата 21. година се “занимава со мажи” со паричен надомест.Поранешната елитна ескорт дама открила зошто мажите ги изневеруваат своите сопруги, но и советувала што можат жените да направат за тоа да го спречат, пишува Daily Mail.Гвинет Монтенегро доаѓа од Мелбурн, а прв пат за секс наплатила 21. година. Тоа го претворила во своја професија, а кога го споделила своето искуство со медиумите и самата станала ѕвезда.Успехот во својата работа Гвинет го мерела со дизајнерска облека, скапи автомобили и патувања на места од кои застанува здивот.За медиумите изјавила дека спиела со околу 10.000 мажи, и со тоа ги заработила сите насловни страни на големите медиуми.Сите мажи ги поделила во неколку категории.“Лојално млитаво детиште”, го нарекла типот на маж чиј сон е жената да доминира над него.“Неконформист” е маж со кој ќе пробате секакви луди работи.“Оштетен” маж е оној на кој треба да му посветите многу време и внимание за да го доведете во ред, а ако сте токсични, подобро веднаш да заминете од него.Тука е и типот кој само сака да ја задоволи својата жена. Сите тие мажи, вели Гвинет, минале низ нејзиниот кревет и сите ги прашала зошто дошле кај неа, а нивните одговори и помогнале да ги категоризира.“Важно е да знаете што го мотивира мажот да изневерува, бидејќи само со таа информација можете и да го спречите. Мажите се како жените, и тие имаат чувства. Сакаат да се заљубат и да почувствуваат блискост, сакаат да се чувствуваат посакувано. Не изневеруваат затоа што можат, ниту изневеруваат затоа што размислуваат со долната глава. Тие сакаат да се почувствуваат како вистински мажи и се преплашуваат кога ќе помислат дека ќе ја изгубат машката енергија. Тоа што најмногу ме изненади е фактот дека не се чувствуваат посакувано за време на секс, туку кога знаат дека можат да задоволат жена”, открива Гвинет.Како што таа открива, секој маж кој имал секс со неа, имал само еден мотив – да ја задоволи.“Не доаѓаа само по секс на брзина. Доаѓаа да почувствуваат интима и посветеност и се обидуваа да ме задоволат. За нив можноста да предизвикаат оргазам кај жената е потврда за машкоста. Кога не можат да ја задоволат својата жена, одат кај друга”, рекла Гвинет, и додала дека најдобар секс имала со мажи со кои се гледала надвор од работа, бидејќи покрај физичката имале и ментална поврзаност.“Добар секс е во главата. Кога ќе ја изгубите менталната поврзаност никогаш повеќе нема да биде толку добар. Денес е тешко да се разговара очи во очи, сите комуницираме преку пораки. Не мора да го менувате тоа што сте, само испијте неколку пијалаци со сопругот, и кажете го тоа што ви лежи на душа, за повторно да се поврзете. Не наседнувајте на приказната дека сето тоа може да се најде и преку апликација. Страста која сте ја виделе во очите на сопругот, не може да се најде на апликација”, заклучила Гвинет.

Магазин | пред 7 години

7 год.
lokvenac

Локвенец: „Притворот на Мијалков не смее да се врзува со уставните измени“

Не смееме да ги поврзуваме притворот на Сашо Мијалков кој е резултат на барање од СЈО и процесот за менување на Уставот, смета пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, кој е убеден дека и натаму ќе има 2/3 мнозинство за спроведување на уставните измени.„Не станува збор за преговори. Стаува збор за процес во кој ние покажување кооперативност и разговараме со аргументи за сите наметнати прашања од секој пратеник во Сообранието. Сето тоа што е возможно да се реализира, ќе го реализираме. Дали тоа значи зголемување на мнозинството пратеници кои се подготвени да гласаат за промена да Уставот, искрено мислам да“, рече Локвенец.Пратеникот вели дека состанокот на Kоординативното тело за помирување и интеграција бил одложен поради отсуство на собранискиот спикер Талат Џафери, кои бил надвор од Македонија. Но, ова одложување, според Локвенец, нема да ја успори динамиката на работа која е превидена.„Јас очекувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат во овој процес на помирување. Искрено се надевам, бидејќи лично ги знам размислувањата на дел од нив. Да почекаме, идната недела дел од работите ќе бидат расчистени“, рече Локвенец.

Македонија | пред 7 години

7 год.
plaza-1

На плажа и на крајот од ноември

Топлото време преку ден привлече некои охриѓани да се пофалат на социјалните мрежи дека денот го искористиле на плажа уживајќи не само на сонцето туку и капејќи се во езеро. Еден од нив е Фолк пејачот Мишко Микеле Србиноски кој на својот facebook профил напиша „Времево не попуштат,мора да се ојт на плажа...а некој бегет...:)“Додека жителите од другите градови низ Мкедонија мака мчат со згаден воздух, охриѓни уживаат во убавото и топло време.И овие најупорните кои сакаат плажа очигледно ќе мора да се повлечат затоа што прогнозата на метеоролозите е дека од утре следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови и во крајните југоисточни подрачја ќе бидат пообилни. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи.Во среда поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините ќе бидат од снег.

Македонија | пред 7 години

7 год.
749E15E0-963E-4C2D-BA6E-83FF2F1A885B_cx0_cy3_cw0_w1023_r1_s-800x445

Почина дебарскиот градоначалник Ружди Љата

По кусо и тешко боледување денеска на 65 годшна возраст почина градоначалникот на Дебар, Ружди Љата.Љата е роден 1953 годна во Дебар, средно образование завршил на медресето „Алаудин“ во Приштина, дипломрал на Филолошкиот факултет во Приштина на отсектот ориентални јазици каде стекнал и титула магистер. Од 1980 до 1991 година работел во Исламската верска заедница и бил професор на Унверзитетот во Приштина на Катедрата за ориентални јазици. Бил професор и на Исламскот факултет во Скопје и Тетово.Пред да биде избран за градоначалник на Дебар, во 2013 годна, Љата беше прв човек на дебарското муфтство кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше. Во2017 година граѓаните му ја дадоа довербата вторпат.Како што информираа од неговиот Кабинет, се уште не се знае кога ќе биде погребот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
socijala

ВИДЕО: Тетка живее со внук и 80 годишна мајка под отворено небо

Социјална приказна која ја потресе Македонија. Портлот aberdzija.com објви сторија за тетка кој живее со внук и 80 годишна мајка под отворено небо.-Ги молам сите хумани граѓани да ми помогнат во време кога дождот ми го урна покривот и го поплави домот. Чувам неподвижна мајка и дете без родители. Се ми е уништено во домот, замолувам добрите луѓе да ми помогнат, или финансиски, или со материјали – со солзи во очите вели Иванка Трендафиловска.Единствено ја плаши дождот. И зимата што доаѓа. Во нејзиниот дом одамна никој не запеал. Да се надеваме дека хуманите граѓани нема да дозволат плачот и тагата да ја победат радоста и песната.(повеќе во видеото)Оливер АрсовскиДОНАТОРСКА СМЕТКА ВО БАНКАЦентрална кооперативна банка СкопјеИванка Трендафиловска сметка320-500023699603тектот и видеото се сопственост на порталот: aberdzija.com

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Од јуни до ноември: Од 165 барања за азил, одобрени само на Груевски и три други лица

Канцеларијата за имиграции и азил открила дека по стапување во сила на т.н. Стоп Сорос закон против мигранти, од 1 јули па се до 21 ноември тие примиле вкупно 165 барања за азил, од кои 88 биле одбиени, процедурата за 65 се уште трае, а 8 биле повлечени, објави порталот „Индекс“.Позитивен одговор бил даден на четворица апликанти, од кои еден е експремиерот Никола Груевски кој во Македонија е осуден на две годишна затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.Сел Бернадет која е независна пратеничка во унгарскиот парламент, побарала да ги види документите со кои Груевски поднел барање за азил, но Канцеларијата за имиграции и азил не дозволила. Оттаму посочиле дека со ниту еден закон не се предвидува пратениците да имаат пристап до документи кои содржат лични податоци. Пратеничката дознала дека Никола Груевски лично контактирал со службата за корисници при Канцеларијата за имиграции и азил на 12 ноември, кога побарал азил.Унгарскиот Стоп Сорос закон предвидува секој што влегол во Унгарија од таканаречена безбедна земја, дека не може да добие азил. Но, експремиерот на Македонија, Никола Груевски доби азил за само неколку дена, иако според информациите тој во земјата влегол преку Србија која унгарските власти ја сметаат за безбедна земја.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ambasada-grcija

Инцидент во Атина: Човек со нож упаднал во српската амбасада

Изутринава во Атина се случил инцидент, кога маж кој носел нож ја прескокнал оградата на српската амбасада.Си-ен-ен Грција јави дека човекот бил пијан, дека полицијата успеала да му го одземе ножот и дека го однеле во полициската управа.Упадот се случил околу 9.30 по локално време, пријавил грчкиот полицаец-чувар на амбасадата. По пријавата на инциденетот веднаш дошле големи полициски сили и полициски преговарач за да воспостават контакт со човекот што упаднал во амбасадата.Според некои медиуми, човекот бил во дворот на Амбасадата, а според други во зградата, и не се знаело дали тој држи заложници. Медиумите објавија дека тој е српски државјанин.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Извршители наплаќаат долгови од фирмите поврзани со Камчев

Извршители почнаа да запленуваат удели во компаниите кои директно или индиректно се поврзани со дел од осомничените во случајот „Империја“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство, во кој првообвинет е бизнисменот Орце Камчев, објави nezavisen.mk.Од порталот додаваат дека НЛБ Банка објави дека има започнато постапка за присилна наплата против должникот ЗИК „Пелагонија“ од Битола, каде што директор е бизнисменот Цветан Панделески, кој заедно со Камчев се наоѓа во притвор во затворот во Шутка.„Присилната наплата е започната за да се наплатат побарувањата. Во рамки на наведената постапка од страна на надлежен извршител е издаден налог за заплена на удел, кој должникот ЗИК ‘Пелагонија’ го поседува во Млекара ‘Здравје Радово’“, се вели во соопштението на банката.Овие заплени неофицијално не се по налог на Специјалното јавно обвинителство кое ја води истрагата, туку фирмите на кои им должат овие компании активирале извршители за да си ги наплатат долговите, откако главните луѓе на овие компании завршија во притвор.Пред неколку дена извршител направил заплена во сопственичкиот удел во млекарницата „Здравје Радово“.Според официјалниот документ објавен во Централниот регистар, „Здравје Радово“ должи 4,3 милиони евра како главен долг, 20 илјади евра по основа на камати и девет илјади евра плус ДДВ – трошоци за извршител.Две фирми се јавуваат како сопственици во „Здравје Радово“, 99 проценти од млекарницата се во сопственост на ЗИК „Пелагонија“, а еден процент поседува компанијата „Пелагонија енерџи“.Сопственици на ЗИК „Пелагонија“ се Орка холдинг на Орце Камчев, Цветан Панделевски и контроверзната офшор фирма „Ексико“. Телевизијата Алсат М објави дека најголемата млекарница ќе се продава, а продажбата ќе ја направи НЛБ Банка од каде што млекарницата земала кредити, но не ги враќала. Сепак, банката негира дека во моментов води постапка за присилна наплата против млекарницата „Здравје Радово“.Компанијата тврди дека останува лидер во млечната индустрија на домашниот пазар. „Компанијата беспрекорно ги заврши инвестициите во новата фабрика во Битола, со што е унапреден и производствениот процес. Сигурни сме дека овие предизвици компанијата ќе ги надмине на достојно ниво и во брзо време“, се вели во соопштението на компанијата.На 9 ноември Специјалното јавно обвинителство отвори истрага под кодно име „Империја“ против 13 лица, бизнисменот Орце Камчев, неговата мајка Ратка Куноска-Камчева и сестра Христина Камчева-Стојческа, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.Сите се сомничат за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело. Во притвор завршија Камчев, неговиот соработник Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, сметководителката во фирмите на Камчев, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски.По барање на СЈО судот замрзна дел од имотот на фирмите „Орка холдинг“ и „Ексико“. Камчев за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ стана сопственик и акционер во многубројни фирми. Тој поседуваше акции во скопската болница „Аџибадем- Систина“, но има значаен удел и во млекарницата „Здравје Радово“, градежната компанија „Бетон - Штип“ (ангажирана на изградбата на мегапроектот за антиквизација на главниот град „Скопје 2014“), Стопанска банка - Битола, „Лозар“, „Пелистерка“. Во „Бетон - Штип“, во Стопанска банка - Битола, ЗИК „Пелагонија“, „Здравје Радово“ се наоѓа и капитал од мистериозната офшор-компанија „Ексико“.Според доказите на СЈО, обвинетите направиле штета од над 6 милиони евра на буџетот и испрале над 10 милиони евра.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица, да го поразиме црното владеење на Заев

Првиот протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во среда, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Република“.Тој најавува дека собирот ќе започне пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ до Владата на Република Македонија. Потоа ќе биле организирани протести и во другите градови на Македонија. Мицкоски вели, чекор по чекор ќе се отргнеме од ова зло кое го носи владата на Заев.Во продолжение целото интервју на Мицкоски за Република.Во неколку наврти сте изјавиле дека оваа влада е неспособна. Од таму, пак, велат дека го поправаат пропуштеното од претходната влада. Каков вашиот коментар на сето ова?Мицкоски: Во 2016 година пред парламентарните избори истите ликови од сегашната власт велеа дека работите нечинат и дека имаат план за сѐ, дека ќе донеле живот, просечна плата од 500 евра, развој на економијата, повеќе пари. Годинаипол подоцна велат дека работите и понатаму биле лоши како резултат на претходната влада и затоа сѐ уште немале некакви постигнувања. Јас би рекол нека се одлучат кога лажеа, пред изборите или сега кога настапуваат со истите неиздржани тези, или пак си лажат постојано.Можеме да живееме во минатото и до изутрина да дискутираме за работите кои можеле да бидат направени или биле погрешно направени, но ниту една од овие работи нема да донесе решение за актуелните проблеми. А за тоа дека оваа влада е најнеспособната до сега, не треба некоја длабинска анализа, оваа влада паѓа на основниот тест, тестот на времето. Црно време за граѓаните, црно политичко мочуриште за Македонија.Заев најави дека ќе се прави реконструкција на Влада. Дали мислите дека може да изненади со некои нови решенија?Мицкоски: Не е потребна реконструкција, веќе таква реконструкција имавме и освен решенија кои се последица на коалициски договори, квалитет и додадена вредност не видовме. Потребна е смена на владата.Луѓето на Заев знаат дека тоне, затоа го оставаат на цедило. Знаете зошто се капиталните инвестиции пониски од 30 отсто? Едно е зашто не ги бива, а второ е зашто нивните први луѓе на институции не сакаат да потпишуваат, не сакаат да потпишуваат зашто знаат дека така ќе бидат дел од криминалната дружина на оваа влада. Пристигнуваат информации од институциите што се случува внатре и треба да бидат свесни дека еден ден се ќе дојде на ревизија, како е направено и што е работено. До нас стигаат алармантни информации за работи што се прават по министерствата и сето тоа мора да биде добро изанализирано, затоа што мора еден ден да се стави крај на безаконието и да започне да владее законот во оваа држава.Од многу комбинирање премиерот Заев се прекомбинира и секој ден се повеќе се забрува неговиот пад. Го оставаат да тоне и затоа што гледаат дека политички тоне, дека ова е неодржливо и дека самиот е виновен за она во што се доведе. Па погледнете каде се Димитров, Шеќеринска, ги снема, тие се искусни политичари и веќе почнуваат да го чувствуваат мирисот на политичкиот крај на Заев. Овој негов пад во следниот период се повеќе ќе се акцелерира, рапидно ќе оди надолу.Актуелна тема е азилот на Груевски во Унгарија. Дали бегството на Груевски е товар на ВМРО-ДПМНЕ?Мицкоски: Бегството на Груевски оди на контото и е товар на Зоран Заев и на Оливер Спасовски. Имаме вештачко продолжување на темата. Колку повеќе се збори за Груевски, толку помалку ќе се збори за уставните измени, но и за крахот во економијата. Се слуша ли премиерот Заев што говори, дека Груевски го киднапирале. Каков е овој премиер кој дозволил неговиот претходник да го киднапираат, ако е така, па тоа е двојно голо за Заев. Друга работа, адвокатот на Груевски јавно изјави дека тој откако исконтактирал со Груевски од Будимпешта веднаш пријавил во судот. Затев тоа сигурно го знае. Тогаш зошто лаже дека Груевски е киднапиран?! Свесно лажел. Трагикомично. Ова е уште еден од обидите за продолжување на темата и хранење на таа димна завеса. Човекот три години не е премиер, не е тој што сега треба да ги решава проблемите, главната мака во оваа држава е што Заев ништо е работи. Не треба да живееме во минатото, Груевски нема да ни донесе 500 евра плата, тоа Заев треба да го донесе затоа што го вети. Груевски нема да донесе почист воздух, тоа треба Заев да го направи, Груевски нема да ја подобри економијата, тоа Заев мора да го направи. Заев ги зголемува даноците , ја зголеми акцизата. Заевата влада треба да ги разреши случаите на убиства во центарот на Скопје, а не груевата влада. Има уште еден милион вакви работи. До кога во оваа држава ќе живееме во минатото, потребно е да гледаме напред.Пешевски во писмо ви порача дека треба поголема храброст, и конечно ВМРО-ДПМНЕ да го прифати договорот со Грција. Вие, досега, како лидер на опозицијата, немавте коментар за ова.Мицкоски: Околу писмото, поточно многуте писма, би дал еден генерален одговор – политичката хајка која се води од власта кон ВМРО има своја цел, но и своја функција. Токму таа предизвикува страв кај многу луѓе, и затоа ќе видите ставови на луѓе кои се различни од нивните претходни изјави и ставови, ќе забележите изјави кои се многу различни со сето она што претходно го тврделе, ќе видите една неудобност во улогата која тие ја преземале да ја носат и товарот за кој прифатиле да го понесат. Се мачат. Се гледа на нивните лица, неприродна улога. Маневрираат. И јас имам разбирање бидејќи на тој притисок луѓето различно реагираат.Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ остануваат непроменети во однос на договорот и во однос на уставните измени. Секој предлог кој е конструктивен и на линија на нашите ставови е добредојден.Во едно интервју кажавте дека институциите добро знаат каде се движите, дали тоа значи дека ве следат службите?Мицкоски: Пред да дојдам до одговорот на ова ваше прашање, вистинскиот проблем не е дали следат службите, туку што воопшто немаме правна држава. Најдобар доказ дека обвинителството не функционира и поткрепа на тезата дека нам ни треба нов обвинител или нова обвинителска институција е фактот што претседателот на државата, повторувам, претседателот на државата излегува и кажува дека бил следен, и од обвинителството нема ништо, никаков случај, нема истрага, се заташкува работата. Па јавно ќе ви кажам дека тие со будно око ја следат комплет цела опозиција. Имам отворен сомнеж дека ја следат цела опозиција, затоа е и отворениот сомнеж дека ме следат мене, моите соработници, но и тоа нема да им помогне. На Александар Николоски му објавуваат фотографии од средби на улица. И што мислите не го следеле Груевски и не,знаеле дека заминува?! Како тоа Вучиќ знаел, Албанија знаела, само Заев и Спасовски не знаат. Најмалку што треба да направи Спасовски е да си поднесе оставка веднаш. Човекот ја девалвира одговорната позиција со која не може да се носи. И не само тоа, што стана со реформите во полицијата, со реформите од Прибе, што стана со професионализацијата на полицијата. Ништо! Нема ниту една акција против организиран криминал, нема откриен шверц, казнет криминал. Цел апарат впрегнале за пресметка со опозицијата.Барате оставка од Спасовски?Мицкоски: Токму така. Спасовски мора да замине. Тој не расветли еден куп убиства, Спасовски нема реформи, си ги ослободува од затвор соработниците кои му ги фатија во криминал, во корејски стил ни пушти полиција да го окупира штабот. Оставка е првото нешто што треба да се случи.Дали поддржувате процес на помирување?Мицкоски: На ова ќе одговорам со прашање. Зошто е потребно помирување? И ќе ви одговорам, јас ќе ви го дадам одговорот, треба помирување затоа што има политичи прогон. Нека престане политичкиот прогон и веднаш ќе има помирување. Тоа не носи ништо добро за никој во оваа држава. Јас не велам да нема постапки, ама постапки по закон, во кои се почитува пресумпција на невиност, во кое обвинителот и одбраната имаат ист третман, во кој се почитуваат процедури, во кои има достоинство и вистиска потрага по правда, а не правда која е неправда, поход во кој се бара крв и во кој се жигосува, во кој политичкото водство на МВР бара притвор и судот определува притвор, во кое владеат сомнежите дека премиерот кажува кој, кога и на колку годии ќе биде осуден… Тоа не е евроатланстака Македонија.И амнестијата е едно од решенијата. Ние поднесовме закон за амнестија за случувањата за 27 април, и тој е добра основа за разговор и изнаоѓање на решение. А што се однесува за општественото помирување ВМРО-ДПМНЕ има план и тоа треба да се одвива паралелно со процесот на реформи потребни за европската агенда каде сме подготвени да дадеме квалитативен придонес со цел остварување прогрес.Владата вели дека нејзините проекти се видливи и дека нѐ очекува година на раст. Кои се вашите очекувања?Мицкоски: Се промовира евтин беден филм од страна на владата, се режира една претстава чиј режисер затајува. А зад сето тоа стои неспособноста на Владата. За годинаипол еден проект не изградија. Еден проект нема. И тоа ќе ви го опишам преку пластичен пример. Се сеќавате кога беше шарената револуција, секој ден одеа шараа низ градот, ќе шараа проекти, згради, споменици изградени од владата на ВМРО и тоа беше дел од нивната психолошка кампања за да испратат порака. П денес да се случи шарена револуција нема што да шараат затоа што овие немаат изградено ништо, освен она тажно Гинко дрво што го посадија на местото на споменикот што го рушеа. Е сега година ипол поминуваат на власт, немаат никаков проект, а се задолжуваат интензивно, тогаш каде се парите, каде им одат парите, буџетите се трошат, а нема ништо за народот. Црн живот за народот.Сакам една работа да истакнам, ајде да размислиме и за 10 секунди да наброиме барем 3 проекти, објекти, реформи кои Заев ги направи…. Не три, еден проект нема да ви текне ниту мене ниту вас… Е сега на ова сакам да се надоврзам, ако гледаме дека нема ниту еден проект, а нема, во наше време имаше, може да ги видите, стадион, аеродром, сали, училишта, фабрики и слично, е ако сега ги нема проектите, а задолжувањата растат енормно?! Значи имаме задолжување а немаме инвестиции, нема проекти и објекти, тогаш јавноста со право се прашува каде се парите!? Каде одат сега парите, кога се задолжуваме како луди и за деца и за внуци да враќаат, а нема проекти?! И логично е дека парите некаде исчезнуваат, дали во нечии џебови или едноставно исчезнуваат треба да даде одговор јавниот обвинител.Станаа махери за неработа и мајстори за прикажување на неуспесите како успеси. Паднаа неколку места на скалата на Дуинг бизнис. Ги гледаме како преку дел од медиумите се фалат дека напредувале, се фалат дека ќе вовеле еднократен надомест за новородено дете, а го укинуваат перманентниот надомест за трето дете. Велат ќе им овозможеле бања за пензионерите, а покачување на пензии не ни спомнуваат, затоа што тоа нема ни да се случи.Постојано велите дека работите нечинат. Имате ли стратегија што ќе превземете поради тоа?Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица, да го поразиме црното владеење на Заев. И во овие зимни месеци ќе го поведеме народот на улица, затоа што состојбата е аларамнтна. Државата е киднапирана од егоистична елита која им ја одзема власта на граѓаните.Ќе протестираме и за даноците, и поради загадувањето, и поради прогонот и политичкиот притисок, и поради менувањето на името и поради немањето на откуп на јаболка и тутун. Ќе го кренеме гласот пред да биде предоцна. Ќе протестираме поради секоја неправда направена врз секој еден граѓанин. Поради ова црно време кое го живееме. Мора да има светло за сите нас, за сите граѓани. И блиску е зората, зората мора да изгрее и зората ќе изгрее. Деталите ќе ги соопштиме во наредниот период. Првиот протестен марш ќе се одржи во среда, и собирот ќе започне од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ до Владата на Република Македонија, потоа ќе протестираме и во другите градови на Македонија, чекор по чекор ќе се отргнеме од ова зло.

Македонија | пред 7 години

7 год.
drimkol

КУД „Дримкол“ ќе одржи целовечерн концерт во Скопје

Културно уметничкото друштво ,,Дримкол,, од Вевчани, утре, Недела, 25 ноември во Скопје во МКЦ во 19 часот ќе одржи целовечерн концерт под мотото: ,,70 години организиран фолклор во Вевчани,,. На концертот ќе биде прикажан документарен филм кој со архивски снимки и слики ќе сведочи за оваа долга и континуирана традиција на организиран фолклор во Вевчани од првиот настап на 11 Октомвриските свечености во Скопје во 1947 година до ден денес. Во другиот дел на програмата ќе настапи пејачката група ,,Каданка,, со изворни песни од ЦД-то ,,Долетало лично пиле,, кое Дримкол во чест на јубилејот го промовираше оваа година. Фолклорниот ансамбал на Дримкол на сцената на МКЦ ќе ја прикаже орската традиција на Вевчани, на Струшко поле и на Власите од Горна Белица , Струшко.„Во Скопје скоро секоја година одржуваме по еден наш целовечерен концерт. Тоа го правиме заради наши Вевчанци што живеат тука, но, и заради наши пријатели, соработници, поддржувачи кој редовно ја следат нашата работа. Со таквите концерти успеавме низ годиниве да создадеме наша верна публика во Скопје пред која секогаш ни е задоволство да настапуваме. Повод за овој концерт во Скопје, оваа година е јубилејот ,,70 години организиран фолклор во Вевчани,, со кој концерт ги заокружуваме сите свечености поврзани со јубилејот. Фолклорот и традицијата во Вевчани се многу постари, датираат уште од настанокот на Вевчани, Вевчанскиот карневал е пример за тоа, но, ние одбележуваме организирана форма на фолклор кој некогаш организирано во играорна група, а денес преку КУД ,,Дримкол,, се негува, презентира и промовира низ годиниве во земјава и странство... истакна Јасмина Бебекоска од одделението за протокол и односи со јавност на КУД ,,Дримкол,, од Вевчани.КУД ,,Дримкол,, до сега во Скопје има реализирано концерти во Универзална сала, во МНТ стар и нов објкет, а оваа година, поради концептот на програмата и видео презентациите, концертот ќе се одржи во МКЦ-сала фросина поради интимноста на салата и блискоста со публиката. Поради интересот за концертот, од КУД,,Дримкол,, најавуваат уште еден концерт до крај на годината.

Скопје | пред 7 години

7 год.
RK

Утре ракометарите на „Јуниор Кисела Вода“ ќе играат против „Вардар Неготино“

Љубителите на ракометот утре во Кисела Вода ќе имаат можност бесплатно да проследат големо ракометно дерби.Во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ со почеток во 13:00 часот силите на теренот ќе ги одмерат сениорите на „Јуниор Кисела Вода“ и „Вардар Неготино“. Со победа на овој натпревар клубот од Кисела Вода повторно ќе се врати на врвот во првата лига. Како потврда од РФМ за дербито, судиски пар на овој натпревар ќе бидат најдобрите ЕХФ судии Ѓорги Начевски и Славе Николовски.Следната седмица во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ ќе се играат два ракометни натпревари. Во вторник, со почеток во 19:30 часот пионерите на „Јуниор Кисела Вода“ ќе се сретнат со „Вардар Ангели“. Додека младинците од Кисела Вода во среда од 17:30 часот ќе играат против „Металург“.

Спорт | пред 7 години

7 год.
izguben-covek

Изгубен човек во Скопје си го бара семејството, помогнете да ги најде најблиските

На социјалните мрежи синоќа се појави објава во која се вели дека човек со лошо помнење е задржан во скопско кафуле. Во објавата се бара помош поскоро да се пронајде неговото семејство и човекот да се врати дома.„Луѓе, човекот дојде во ’Кафе Корзо’ во Центар. Има лошо помнење, мисли дека е 1997 година. Би ве замолил ако може да споделите, можеби некој ќе го препознае. 02 3226 002 – јавете се на бројот доколку знаете како да се стапи во контакт со негов близок. Ви благодарам“, стои во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ заборави дека загадувањето е реакција на нивното долгогодишно негрижливо однесување

Градот Скопје реагира на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во кое беа изнесени разни невистини и празни, неосновани обвинувања кон градоначалникот Шилегов.Град Скопје ги негира обвинувањата и паушалните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ во однос на активностите и напорите на Градот Скопје во борбата против загадениот воздух. Затоа, апелираме до ВМРО-ДПМНЕ, наместо да ја замајуваат јавноста со вакви неумесни соопштенија и обвинувања, да бидат конструктивни чинители и да учествуваат во борбата против загадениот воздух, нешто за кое не беа и не обрнуваа внимание за време на своето долгогодишно владеење. Загадувањето што се уште се појавува во главниот град е само реакција на долгогодишното негрижливо однесување на ВМРО-ДПМНЕ кон зеленилото во изминататата деценија. Како они да заборавија и не сакаат да се потсетат за своето брутално однесување кон дрвјата во Скопје и непланското градење занемарувајќи го интересот на граѓаните што живеат во главниот град.ВМРО-ДПМНЕ нема никаков основ да реагира и глуми загриженост, се додека не се извини на македонската јавност за сето она што го стори во минатото, а со тоа директно придонесе денес Скопје да биде загаден град. Откако ВМРО-ДПМНЕ ќе се извини на сите граѓани, тогаш нивните предлози и критики ќе ги земеме предвид и само тогаш можеби ќе веруваме дека навистина сакаат и се грижат за градот. До тогаш, само можат слободно да ги прочитаат преземените мерки во борба со загадувањето откако Шилегов дојде на функцијата градоначалник на Скопје.Во контекст на оваа рекација, сакаме да ја информираме и потсетиме јавноста дека Градот Скопје, во рамките на своите надлежности работи на системско решавање на проблемот со загаденоста на воздухот, преку спроведување  активности дефинирани со Планот за подобрување на квалитетот на воздухот кој опфаќа 53 краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки.Градот Скопје на овој горлив проблем му пристапува стратешки и реализира мерки во сите области кои се детектирани дека придонесуваат во загадувањето на амбиенталниот воздух.Од аспект на зеленилото, последно што Град Скопје презема е обновувањето на дрворедите на скопските улици, оние кои од претходното раководство беа исечени и никогаш заменети и обновени. Покрај обновените дрвореди и новите во Ѓорче Петров и Бит-Пазар, во есенската акција за зазеленување на Скопје ќе бидат засадени нови 3500 дрвја на повеќе локации низ скопските општини. Несметајќи ја оваа акција, изминативе неколку месеци се спроведоа акции за садење на нови дрвја во Скопје, каде само во пролетната акција беа засадени повеќе од 6.000 нови дрвја. Исто така, Градот Скопје изминативе 6 месеци подигна нови и реконструираше зелени површини кои се простираат на над 50.000 метри квадратни.Во оваа насока Градот Скопје работи и на два нови проекти со коишто ќе се добијат два нови големи зелени површини во Малиот ринг во Скопје, и тоа новиот парк во просторот позади Македонската филхармонија и новиот парк – зелен кров кој ќе се простира на кровот на ГТЦ.Од аспект контролата на индустриските капацитети и инспекциските активности, Град Скопје ги следи сите индустриски инсталации кои имаат добиено од Градот Б интегрирана дозвола или усогласен елаборат за заштита на животната средина. Делот од сферата на А интегрираните дозволи се во надлежност на министерството за животна средина и врз нив контрола врши државниот инспекторат, додека сините занаетчиски објекти, претежно од угостителството се во надлежност на општинските инспекторати за животна средина.Овој период посетени се сите капацитети кои работат со Б Интегрирана дозвола, а инспекциските служби работат во две смени. Од аспект на создавање на диви депонии и незаконско спалување на смет и останати материјали кои го загадуваат воздухот, изминатиов период Градскиот инспекторат има засилени контроли на целата територија на Скопје. Контролите се спроведуваат со комбинирани тимови на инспектори за животна средина, комунални инспектори и комунални редари. Засилените контроли продолжуваат и во наредниот период.Засилените активности и контроли на Инспекторатот на град Скопје резултираа со драстично зголемување на бројот на мандатни казни, како и со превентивно делување со укажувања на граѓаните како се депонира комуналниот отпад и каде отпадот како градежен шут, кабаст отпад треба да биде однесен и депониран.Од аспект на загревањето, Градот Скопје го формира новото јавно претпријатие „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ кое ќе врши енергетски дејности, која ја реализира постапката за преземање на градската топлификациона мрежа, со што ќе стане директен фактор во одлуките во оваа област, која е голем причинител за загадувањето на воздухот, како и да се вклучи во процесот на гасификација на Скопје.Покрај ова, Градот и оваа година субвенционираше граѓани кои се греат на печки на дрво и останати течни горива, да набават печки на пелети кои загадуваат далеку помалку. Во оваа област како нови мерки може да се наведат и субвенциите за обука на оџачари, како дефицитарна струка, како и субвенциите за граѓаните за чистење на оџаци. Во однос на сообраќајот,Од аспект на сообраќајот, Градот Скопје инвестира големо време и енергија во промоција на транспортен систем кој е модерен и еколошки, преку користење на јавниот превоз, како и комбинирани форми на превоз без автомобили. Во таа насока, во транспортниот систем на ЈСП изминатиов период беа вклучени неколку еколошки автобуси на гас (кој не го загадуваат воздухот), како и за првпат на линијата број 15 сообраќаше електричен автобус. Идната година Скопје ќе добие 40-тина нови еколошки автобуси на еколошко гориво и ќе ги заменат старите дотраени дизел возила на ЈСП без клима и дополнителна опрема. Истото ќе се финансира со задолжување кон меѓународна кредитна институција во износ од 10 милиони евра, со каматна стапка од 1%, 3 години грејс период и 7 години отплата, без вклучен грејс период. Како мерки од областа на сообраќајот може да се наведат и воведувањето на бесплатен превоз за сите средношколци во јавниот градски превоз, како и воведувањето на бесплатни автобуски линии до Водно со цел растеретување на сообраќајниот метеж на планината, како и воведувањето на бесплатниот автобуски превоз во деновите на висока загаденост.Градот Скопје работи и на промоцијата на електричните возила, преку поставување на нови полначи за електрични возила на повеќе локации во Скопје кои се бесплатни за користење за корисниците на ваков вид на возила.Промоцијата на велосипедизмот е друга сфера во која Градот работи, преку подобрување на условите и изградба на нова вело инфраструктура, како и стимулирање на граѓаните за набавка на нови велосипеди преку субвенции, каде во 2018 година Град Скопје додели 3.119 субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди. Изминативе неколку месеци се изградија или во тек на изградба се велосипедски патеки во должина од над 7 километри, како што целосно е готова велосипедската и пешачка патека на булеварот „8 Септември“, која се протега од мостот кај хотелот Александар Палас до улицата „Варшавска“ во Тафталиџе, а во тек е изградбата на вело патеката долж цел булевар Борис Трајковски (од стаклара до рампа), долж улица 11 Октомври, булевар Кочо Рацин и долж бул. Крсте Петков Мисирков до клучката кај Бит пазар.Во моментов е распишан и јавен повик за субвенции за граѓаните за набавка на електрични тротинети, каде е предвидена субвенција во висина од 50 % од цената, но не повисока од 10.000 денари.Од аспект на енергетската ефикасност, Градот Скопје оваа година изврши, или во тек е замена на фасадите на 11 средни училишта, и тоа „Димитар Влахов“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Никола Карев“, „Боро Петрушевски“, „Здравко Цветковски“, „Панче Арсовски“, „Сарај“, „Панче Караѓозов“ и „Михајло Пупин“. Овие училишта, чии објекти беа едни од поголемите загадувачи на воздухот, ќе добијат нови, енергетско ефикасни фасади кои значително придонесуваат за намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух, а за заштита на учениците, набавени се прочистувачи на воздухот за сите простории во сите средни училишта на Град Скопје. Средствата за изградба на нови фасади се обезбедени од прекинувањето на проектот Скопје 2014.Од аспект на комуналната хигиена, Градот Скопје работи на мапирање и чистење на дивите депонии, каде во голема акција беа расчистени над 3000 метри кубни смет, далеку повеќе од 2017-та (375 м3). Во таа насока, во март годинава Градот Скопје промовира посебен телефонски број (070 270 557), на кои граѓаните можат преку Вибер да пријават диви депонии со праќање на порака и фотографии, а истите можат да ги пријават и до официјалната фејсбук страница на Градот. Досега граѓаните пријавија над 300 диви депонии, а поради зголемената потреба на последниот ребаланс на Буџетот на Град Скопје за 2018 година, беа зголемени средствата за оваа намена за дополнителни 5 милиони денари. Дополнително, Градот Скопје на последниот ребаланс на Буџетот на Град Скопје предвиде и средства за набавка на нови контејнери, а се спроведоа повеќе акции за миење на градските улици и булевари. Како новитет е и хигиената на улиците, каде Град Скопје, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ и „Водовод и канализација“, за првпат започна голема акција на рачно миење на улиците од прљавштина и прашина со што ќе се намали прашината во воздухот.Ако само неколку од овие мерки ВМРО-ДПМНЕ ги применеше и постојано ги користеше во текот на 10 годишното владеење, денеска Скопје ќе беше град во којшто граѓаните ќе дишеа почист воздух. Затоа, низата на мерки што сега ги презема новото градско раководство се само дел од планот како Скопје повторно да се врати и биде чист и зелен град како некогаш што беше, пред владеењто на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Го поправаме она што ВМРО-ДПМНЕ го уништи

Светските цени на нафтата паднаа на најниско ниво за повеќе од една година по седмата недела на опаѓање на цените.Цените се на најниско ниво од октомври 2017 година, кога американската цена на нафтата се намали на 50,42 долари за барел, а цената на нафтата на Брент во Лондон падна за 6,1 отсто на 58,8 долари за барел.Набавката на нафта растеше побрзо од побарувачката во последниве неколку месеци. Се очекува Организацијата на земјите за извоз на нафта (ОПЕК) да го прекине производството откако ќе се состанат на 6 декември. Светските цени на нафтата паднаа во просек за 20 отсто досега во ноември. "Пазарот не верува дека ОПЕК ќе може да дејствува брзо за да го неутрализира претстојното забавување на побарувачката", изјави Фил Флин, аналитичар на "Цената на иднината" во Чикаго. " Ова зборува дека кинеските трговски разговори нема да одат добро", додаде Флин, во врска со планираните разговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Кси Џинпинг на самитот на Г20 во Буенос Аирес следната недела.

Македонија | пред 7 години

7 год.
KIR_0837

Издвоени 587 милиони денари за нов Клинички центар, кој не се знае каде ќе се гради

Со буџетски средства во износ од 587 милиони денари, ќе се започнат припреми за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а ќе се прават и интервентни градежни работи на сегашната локација на Клиничкиот центар. Иако се уште не се знае каде ќе се гради новиот Клинички центар, парите се проектирани. Скопје Север, Петровец и Ѓорче Петров се трите локации меѓу кои ќе се избира каде ќе се гради новиот Клинички центар. Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека во Комсијата во Владата е завршена постапката и дека следува дебата на Собранието на идната седница. Додека се отпочне со проектирање, стариот кампус ќе добие нови влезови и излези, а истовремено и монтажни катни гаражи, најави минситерот за здравство, Венко Филипче.„Од јануари ќе следи дополнително зголемување на платите за 10 проценти за докторите специјалисти и 5 проценти за медицинските сестри. За сите останати здравствени работини, покачувањето на платите ќе се реализира од септември 2019 година“, рече Филипче. Зголемувањето на буџетот значи подобрување на условите за лекување, тврди минситерот Филипче. Ќе се завршува реконструкцијата на болницата „св. Еразмо“ во Охрид, ќе се продолжат градежните активности во Општата болница во Струмица, ќе се започне со изградба на нова болница во Струмица, но и со предприпремни активности за новата градска болница кај Мајчин Дом во Аеродром. Ова се само дел од проектите кои ги кажа Филипче а треба да се реализираат со буџетот од 6,3 милијарди денари во текот на идната година.Стратешки цели на Министерството за здравство ќе бидат набавка на инсулин, лекови за ретки болести, медицинска опрема, подобрување на инфраструктрата и припрема за изграда на новиот Клинички центар во Скопје. Имнузацијата ќе биде приоритет и во идната година, вели министерот, а ќе се набават вакцини во износ од 394 милиони денари.„Во програмата за превенција од кардиоваскуларни болести, се предвидува ангажирање на странски хирурзи кои ќе вршат хируршки интервенции а истовремено ќе работат на едукација на нашите лекари. Би потенцирал дека имаме зголемување на средствата во програмата за ретки болести, па така, следната година располагаме со буџет од 380 милиони денари, со кои ќе набавиме и лекови кои третираат повеќе од 20 ретки болести“, вели Филипче.Буџетот на Министерството за здравство следната година ќе изнесува 6,3 милијарди денари, односно ќе има 300 милиони денари повеќе од проекцијата за минатата година, најави министерот Венко Филипче, кој додаде дека 2019 година ќе започне со зголемување на платите во јавното здравство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Стоилковски: Има ли пилот во државата?

„Денеска прашуваме „Има ли пилот во државата“ со потпрашање за македонската навигацијата за непотизам односно- Македонската Неофицијална Агенција за Вработување М-НАВ.Само во оваа 2018 година македонската навигација се поднови со 24 нови партиски искусни кадри, меѓу кои има и искусни имиња како роднината на министерот за земјоделство или пак партнерот на Заев, Стојанче Ангелов. Состојбата во М-НАВ е толку алармантна и очигледна што комисиите за вработување дојавувале во медиумите за притисоците кои што морале и да се оправдуваат зошто не се примени лица кои што не исполнувале услови, па потоа на повторни огласи истите лица да морале да добијат вработување“, изјави Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.Според него на листата на нововработени синови, ќерки, браќа, сестри и внуци во М-НАВ, каде што платите се неколкукратно повисоки од просечната, се и син на директор на социјалните фондови, сестра на вицепремиер, внуци на директор на телекомуникациски оператор и на партиски-коалициски партнер, син на пратеничка итн.„М-НАВ веднаш да ги соопшти имињата на новите вработени од оваа година и да ги каже критериумите според кои тие се примени. Дали освен нив имало други пријавени на конкурсите кои немале квалификации како избраните? Воедно ги повикуваме надлежните институции да отворат истрага по наводите за непотизам и можната корупција при овие вработувања во М-НАВ.Дури и министерот за земјоделство си призна дека негов роднина е вработен таму. Но и за него, како и за мајката на Костадин Костадинов, или пак за сестрата на Кирацовски, или за редица други од партискиот клан велат дека не станува збор за непотизам туку за неопходни кадри!А во М-НАВ се насобрал толку неопходен партиски кадар што и новата сопствена зграда не ги собирала па ќе се селеле под кирија, на локација добро позната на директорот!Ете тоа се европските вредности на СДСМ, тоа е тој пат, навигација кон ЕУ и НАТО, тоа е борба со непотизмот, партизацијата, обемноста на администрацијата и кои ли се празни флоскули и ветувања ги даваа истите овие напикани во криминогената власт кои што сега не се ни кријат ниту имаат потреба да понесат одговорност за девастацијата на Република Македонија.М-НАВ ги отсликува црнилата во кои што СДСМ ја втурна државата.       М-НАВ може да се препознае во секоја владина агенција, министерство, локална самоуправа. Со ваква Навигација по која сега се движи државата, таа не може да заврши поинаку освен во се подлабока дупка“, вели Стоилковски. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Арсовски: Дали Обвинителство ќе го истражи случајот на Анѓушев кој ја тресе јавноста во Македонија и Грција?

„Кога веќе Анѓушев молчи и одбегнува да даде одговори за скандалите кои се врзуваат за него во соседна држава, тогаш прашуваме дали јавноста може да очекува дека по допрен глас нашето обвинителство и надлежните институции ќе го истражат овој случај кој ја тресе јавноста во Македонија и Грција? До тогаш, доколку има истрага, бараме Анѓушев да си поднесе оставка за да не може да влијае врз истрагата од позиција на власт кој што во моментот ја има“, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.Според него, вицепремиерот за скандали Кочо Анѓушев не престанува да отвора нови сомнежи за криминал, не само во Македонија, туку и во Грција. Оваа црнила што ни се случува во државата е резултат на црните биографии на функционерите на оваа криминална влада на СДСМ.„Во грчките медиуми веќе се најавува истрага на грчкото обвинителство за продажбата на фирма ЕДС која што беше во сопственост на ЕДС на грчката државна компанија за електродистрибуција (ДЕИ). Ние, а и јавноста во Македонија изразивме сомневање во легалноста на оваа продажба, особено ако се има предвид дека се случи неколку месеци пред потпишувањето на капитулантскиот договор од Преспа со кој се рушат македонските национални и државни интереси. Патем да не заборавиме дека Анѓушев беше еден од првите функционери кој уште пред финиширањето на договорот лицитираше со името на државата. Дали овие изјави на Кочо Анѓушев во врска со промената на името и продажбата на неговата фирма на грчка државна фирма имаат некаква поврзаност треба да го испитаат и нашите институции, се разбира ако имаат доблест и храброст да се отргнат од канџите на власта и на Зоран Заев“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.Исто така тој додаде дека дополнителен сомнеж дека се работи за матна зделка од која зависи и идентитетот на државата, на секој граѓанин на Република Македонија говорат и информациите кои ги добиваме од грчките медиуми кои велат дека милионите евра се исплатени на личната сметка на Кочо Анѓушев, 4,8 милиони евра.„Кочо Анѓушев е само олицетворение на целокупната власт предводена од Зоран Заев. Овој криминален картел на власт не пропушта можност за лично богатење без да бира методи и средства. Овие луѓе кога се работи за нивниот личен интерес немаат ништо свето, ниту име, ниту идентитет, ниту народна волја, ниту Устав, ниту Закони. Затоа сите треба да си дадат оставка за Република Македонија конечно да тргне напред“, вели Арсовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Охрид првата форумска сесија од „Форумот на заедници“

Општина Охрид, денес, во хотел „Ривиера“ ја организираше првата форумска сесија од „Форумот на заедници“. Во рамки на сесијата учество зедоа претставници на Советот на општина Охрид, претставници на невладиниот сектор и бизнис сектор.Почетокот на првата сесија го означи заменик градоначалникот, Константин Георгиески.- Ми претставува особена чест и задоволство, во мое лично име и во името на Градоначалникот на општина Охрид Проф. Д-р Јован Стојаноски, да Ве поздравам и да го означам почетокот на првата форумска сесија од Форумот на заедницата во општина Охрид. Организирањето на овој форум е дел од втората компонента на проектот „Зајакнување на општинските совети”, кој општината го реализира во соработка со УНДП и Швајцарската амбасада во Република Македонија. Форумот на заедницата е една од најкорисните алатки за успешно вклучување на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво и се организира со цел да се дефинираат приоритетите и потребите на граѓаните во повеќе сфери од секојдневното живеење во општината, изјави Георгиески.Темата на првата форумска сесија е „Социјална инклузија“ , а целта на форумските сесии ќе биде да се предложат и утврдат приоритетни проекти од областа на социјалната инклузија во општина Охрид. Учесниците на формуските сесии имаа можност да одредат кои се приоритетите за социо-економскиот развој на општината и кои активности може да се спроведат за подобрување на состојбата во локалната заедница.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sv.-Mina

Денес е Св.великомаченик Мина Чудотворец-Мартинија

Денес е празник посветен на Светиот великомаченик Мина.По потекло Мисирец и војник по занимање Свети Мина, како вистински христијанин, не можеше да го гледа одвратното жртвопринесување на идолите, па ја напушти војската и градот и луѓето и сѐ и отиде во пуста планина. Бидејќи на Св. Мина му беше полесно да живее со дивите ѕверови одошто со незнабожните луѓе. Еден ден светителот го проѕре од далечина незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па се спушти во градот и пред сите ја објави својата вера во живиот Бог Христос, а ги изобличи идолопоклонството и незнабоштвото како лага и мрак. Кнезот на тој град, некој Пирос, го запраша Свети Мина кој е тој и што е. Светителот му одговори: „Татковина ми е Мисир, името ми е Мина, бев офицер, но кога го видов идолопоклонството се одреков од вашите почести. Сега дојдов пред сите да Го објавам мојот Христос како вистинит Бог, за и Он мене да ме објави како Свој слуга во Царството Небесно“. Кога го слушна ова Пирос го подложи Свети Мина на големи маки. Го биеја, го стружеа со железни четки, го гореа со свеќи и го мачеа со разни други маки, па најпосле го убија со меч. Телото му го фрлија во оган за да не го земат христијаните, но тие сепак спасија од огнот некои делови. Овие остатоци ги погребаа чесно, а подоцна беа пренесени во Александрија и таму ги погребаа и над нив изградија црква. Св. Мина пострада околу 304 година и се пресели во Христовото Царство. Тој беше и остана голем чудотворец во двата животи, и на земјата и на небото.На секого којшто го слави Св. Мина и во неволја со вера го повикува на помош, тој и му помогнал.Повеќепати се јавуваше како војник на коњ, за да им помогне на верните или за да ги казни неверните.За многу години!

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Десетици дневно завршуваат во болница заради загадениот воздух

Скопје и Македонија се гушат во загаден воздух, а Зоран Заев и Петре Шилегов не преземаат ништо. Веќе неколку недели по ред Скопје е меѓу најзагадените градови во светот. Граѓаните имаат сериозни последици врз нивното здравје, особено хронично болните, децата и постарите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.Според анализа на реномираниот Универзитет во Чикаго од Институтот за енергетска политика, загадувањето на воздухот го намалува просечниот живот на човекот за скоро две години, што е поопасен ризик фактор за смртност од многу заразни болести како туберкулозата.,,Како последица на неодговорниот пристап на црната власт на СДСМ кон животната средина десетици граѓани завршуваат на лекар секој ден поради проблеми со здравјето настанати заради загадениот воздух.Граѓаните се соочуваат со реални здравствени проблеми заради загаденоста, а власта само ги завива во црно нивните животи.Информациите кои доаѓаат од светски реномирани институции треба да бидат последен аларм на власта, која потроши 2 години без да реализира ниту еден проект за подобрување на квалитетот на воздухот. Зоран Заев и Петре Шилегов ветуваа итно справување со загаденоста, сега кога се на власт не само што не го решија проблемот како што ветуваа, туку и не преземаат било што да ги намалат последиците од загадувањето”, се додава во соопштението.Светската здравствена организација неодамна излезе со анализа во која покажа дека на годишно ниво во светот умираат околу 7 милиони луѓе како последица на штетните и канцерогени честички кои влијаат на кардиоваскуларниот и респираторниот систем на човекот.,,Наместо конкретни решенија на проблемите со енормното загадување, министерот за животна средина Садула Дураку дрско и безобразно вели дека не се занимава со граѓаните, Петре Шилегов организира стенд ап настапи, а Зоран Заев заборави на ветувањата за почист воздух во целост. Црната власт на СДСМ неодговорно се постави кон граѓаните и ги изманипулира. Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора да си замине”, е ставот на опозициската партија.

Скопје | пред 7 години

7 год.
grujoski

Бегство од слободата

Ова не е прво бегство на еден вмровски лидер во историјата. На речиси идентичен начин тоа го направи Ванчо Михајлов во 1934 година кога пребегна од Бугарија во Турција. Турските власти одбија да го екстрадираат, пишува dw.com во денешната статија. Во продолжение на истата стои:Ја знаете веќе онаа чудесна книга на Ерих Фром, „Бегство од слободата“, во која хуманистичкиот филозоф и социјален психолог го анализира феноменот на човековиот страв од пропаѓањето на средновековниот свет во кој се чувствуваше безбедно и покрај многуте опасности. Но тој човек, сепак, успешно се одбрани од тоталитарните закани да им ја предаде својата слобода на диктатори од различен маштаб. Ако оваа легендарна студија ја транспортираме во македонската сегашност едно толкување може да биде дека Никола Груевски побегна кога дојде слободата во Македонија по десетте години авторитарност. Тоа може да изгледа парадоксално, но во основа тоа толкување е суштинско – Груевски не можеше да ја поднесе таа слобода, во која за почеток требаше да одлежи две години затвор. За Груевски 10-те години во кои владееше беше неговиот средновековен свет во кој тој не само што се чувствуваше безбедно, туку и се насладуваше. Затоа изгледаше невозможно соочувањето на Груевски со самиот себеси и со сето она што го направи, а изгледа беше ужасно тешко да се признае во слободата која дојде по него.Ова не е прво бегство во историјата на ВМРО на нејзин лидер. Исто таков спектакл имаше при бегството на озлогласениот Ванчо Михајлов, творецот на крвавото ВМРО меѓу двете светски војни, кој го издигна теророт врз неистомислениците на ниво на библиска заповед. Кога во мај 1934 година Кимон Георгиев изврши воен удар во Бугарија и формира профашистичка влада, една од неговите главни цели беше да го елиминира ВМРО од бугарската политика поради тоа што со неброените убиства стана неподнослив товар за државата. Воената влада го забрани ВМРО и нареди апсење на Ванчо Михајлов. Лидерот на ВМРО се криеше во Пиринска Македонија заштитуван од јатаци и од стравот на месното население, кое беше исплашено од неговиот терор. Но, како и секогаш во вакви ситуации, кругот се стеснува, па бројот на лојалните луѓе се намалува – и време е да се бега. Ванчо Михајлов избега во Турција.Љупчо Поповски, автор на колумнатаКако беше во 1934Да ги оставиме настрана страниците од книгите по историја кои ги опишуваат последните месеци од теророт на Михајлов во Пиринска Македонија. Прочитајте што напиша „Њујорк тајмс“ од неговиот дописник од Софија за бегството на вмровскиот лидер во септември 1934 година. Тие информации и ден-денес се интересни не само од журналистички аспект.Првиот допис е од 13 септември 1934 година.„Познатиот македонски лидер Иван Михајлов денеска ненадејно брзо ја премина границата и влезе во Турција заедно со неговата сопруга и вооружени пријатели од македонската организација ВМРО со два автомобили. Вечерва Бугарија побара од турската влада екстрадиција на Михајлов. Се очекува дека Турција ќе го одбие барањето, но изгледа ќе го протера бегалецот, кој најверојатно ќе побара азил во Италија. Вечерва осум лица беа уапсени во Софија под обвиненија дека помогнале во бегството на Михајлов.Бегството на македонскиот лидер следи по напорите на новиот режим да ја пацифизира Бугарија и да стави крај на револуционерното македонско движење. Пред неколку недели многубројни жандарми и детективи беа во потрага по Михајлов во јужна Бугарија, каде што тој побара засолниште во шумовитите планини и имаше поддршка од многу приврзаници. Најпосле потрагата толку се доближи до него што тој побегна во Турција“.Во таа декада „Њујорк тајмс“ објавуваше повеќе текстови за Македонците, за бесконечните убиства на ВМРО, отколку што сега и посветува на државата Македонија. Сигурно и имало зошто – Балканот беше буре барут што постојано експлодираше, а ВМРО по Првата светска војна беше една од гранатите што најчесто внесуваше немир поради безмилосните убиства. Затоа „Њујорк тајмс“ два дена подоцна објавува уште еден текст за бегството на Михајлов, испратен од дописникот од Истанбул на 15 септември 1934 година. Тој дава и други детали за бегството.„Иван Михајлов, македонски револуционер во бегство, и неговата сопруга беа донесени овде вечерва под полициска придружба со возот од бугарската граница. Тие ја поминаа ноќта во полициска станица.Откако пешечеле со денови низ планините за да побегнат од бугарската полиција, тие ја поминаа границата целосно исцрпени и им се предадоа на турските власти. Турската влада го одби барањето на Бугарија за нивна екстрадиција, сметајќи ги како политички бегалци. Ним ќе им биде дозволено да останат во Турција под полициски надзор или ќе биде побарано да ја напуштат турската територија. Сопруга на Михајлов е Менче Карничева, која го уби Тодор Паница, исто така македонски лидер, во виенскиот театар на 8 мај 1925 година“, јави тогаш „Њујорк тајмс“.За оние што сакаат да прават паралели во овие два случаи има доволно содржина. Како и што има содржина во натамошмиот живот на Михајлов. Тој неколку години подоцна замина во Полска, за време на војната беше добредојден гостин на Анте Павелиќ во Загреб и неговата Независна држава Хрватска, како германски нацистички соработник дојде во септември 1944 во Скопје да се обиде да направи квислиншка влада, но избега по неколку дена кога виде колкав е гневот кон ВМРО што тој се обиде да го претстави. Од Скопје се врати назад во Загреб, по германската капитулација кусо беше во Австрија за најпосле да емигрира во Рим каде остана до неговата смрт во длабока старост во 1990 година. Во сите емигрантски години продолжуваше да се „бори за македонската кауза“, пишувајќи неколку книги во кои го објаснуваше бугарскиот идентитет на Македонците.Што ќе прави Никола Груевски во годините што му следат во егзил, освен ако не се случи некакво чудо па властите на Виктор Орбан да го екстрадираат во Македонија. Неговото долго второ писание на „Фејсбук“, во кое образлагаше како ќе продолжи да се бори за македонската кауза од Будимпешта, најави дека тој во иднина ќе сака да се однесува како бегалската влада на кралот Петар во Лондон по нацистичката окупација на Југославија. Многу зборови, а речиси никаков аир од нив. Сегашниве власти во Македонија на одреден начин ќе го издржат тоа бегство со по некоја можна смена поради големината на скандалот, иако тоа ќе им ја поткопа поддршката на првите следни избори. Но интензитетот на настаните во наредните два-три месеци објективно ќе ја однесат приказната за бегството и наводниот лагоден живот на бегалецот Груевски на спореден колосек.„Кралот во егзил“Најголемата штета од неговото бегство ќе има неговата партија ВМРО-ДПМНЕ. Доколку продолжат ваквите писанија на „кралот во егзил“ од Будимпешта (или од некое друго место каде што ќе формира задграничен комитет на партијата), тоа ќе биде глогов колец во самата суптанција на ВМРО-ДПМНЕ – нејзиниот наводен патриотизам и единството со народот кое без престан го кажува, како да е песна од вергл. На прв поглед изгледа дека на Христијан Мицкоски му се исчисти патот за конечно целосно да го преземе раководењето со партијата. Но неговата амбивалентност околу Груевски (неговото владеење и бегството) на малку подолг рок има големи шанси да го поткопа концептот што тој постојано го најавува, а никако да го соопшти. Неговите изјави дека го осудува бегството на Груевски, всушност, е единственото што може да го каже, не постои друга алтернатива, затоа што поинаку би промовирал политика која која е осудена од сите освен од најтврдокорните поддржувачи на поранешниот премиер кои во неговиот акт гледаат некаков храбар генијален потег. Иако е гласна таа група, сепак е на маргините на општеството.жНекни во интервјуто на 1тв Мицкоски се мачеше како да го формулира неговиот суд за овој акт што ја потресе земјата – да не ги навреди унгарските власти, глорифицирајќи го Орбан за неговата поддршка на евротлантските аспирации на Македонија. Тој сака да зборува само за Зоран Заев и неговата влада, а 11-те претходни години на неговата партија речиси и не сака да ги споменува, како да не се случиле. Бидејќи неговите пледоајеа се секогаш полни со самопофалби (во последниве 20 години не сме слушнале ниеден политичар толку многу да се фали самиот себеси за чесност, прецизност, знаење и визија) во тој свет има малку место за она што другите го правеле. Па макар реалната оценка за едно владеење, нека е и на неговата партија, може да му подотвори и други врати, кои сега изгледаат целосно затворени. Тој ја пропушти можноста во неколку добро осмислени реченици (за тоа можел да размислува и претходно, бидејќи му било јасно дека тоа ќе биде клучното прашање) да се дистанцира од Груевски и неговата постапка, да се дистанцира онаму каде што е потребно најдобро да го направи и да повика тој да одговара според законите на државата. Дали поради неискусност, дали поради непотребни калкулации, дали поради чувство на некаков долг, Мицкоски дозволи најголемиот дел од интервјуто да помине во негово сопствено мачење на упорните прашања на Чомовски. Наместо тоа прашање да го решеше во неколку минути за потоа да има повеќе време да се посвети на неговата единствена омилена тема – владеењето на Заев.Токму ваквата амбивалентност покажува дека деновите на Никола Груевски во неговата партија не се завршени. Не е исклучено некои нејзини видни членови да одат и на своевиден аџилак кај „кралот во егзил“, кој ќе го чека погодниот момент да се врати во „саканата татковина“. Истата таа ситуација одлично ја сфати Јадранка Косор кога нејзиниот патрон Иво Санадер избега во Австрија и таму беше срамно уапсен. Во овој момент прашање е дали Христијан Мицкоски сака да го изоди тој пат на Косор. Доколку непотребно долго ги премерува калкулациите толку помала ќе биде неговата шанса да се прикаже како автентичен лидер. Без оглед колку пожестока ќе биде неговата реторика против власта, па дури и ако неговите забелешки во многу работи се покажат точни. Затоа што лидерите не се градат со повторување на едни те исти работи, туку со јасни одлуки. Мицкоски тоа го направи со получекор при исклучувањето од партијата на Сашо Мијалков, но ова спектакуларно бегство покажа дека тоа бил само мал отклон. Дистанцирањето од Груевски и неговото наследство, не само од криминалите, туку од радикалната националистичка реторика, може да го извлече Мицкоски на сцената како евентуален иден премиер во некое време. Овие денови по бегството на Никола Груевски тој не го положи клучниот испит. Како човек кој е толку задоволен од самиот себеси прашање е дали ќе сака да научи нешто повеќе.извор:www.dw.com

Македонија | пред 7 години

7 год.
1096303_cedomir-ceda-jovanovic_ls

Заев му понудил на Чедомир Јовановиќ да му биде советник

Македонскиот премиер Зоран Заев му понудил на лидерот на Либералната демократска партија Чедомир Јовановиќ да биде советник во македонската Влада за регионални односи и европски интеграции, пишува српски Блиц.Добрите односи на Јовановиќ и Заев се интезивирале, како што дознава српски Блиц, за време на референдумската кампања во Македонија. После неуспехот на референдумот, Јовановиќ изјави дека Србија не треба тендециозно да ги коментира резултатите на референдумот во Македонија,  туку да и помогне ако може.– Јовановиќ не одговорил конечно на понудата. Му рекол на Заев ако тоа што го сакаш ти го сака и Вучиќ, спремен сум, бидејќи никој друг нема да ги реши нашите проблеми– наведува добро информиран извор за српски Блиц.

Македонија | пред 7 години

7 год.
20180406155918

,,Пајакот" собра 21 возилo пред Сити мол

Вчера во периодот од 19.00 до 23.00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај преземени се мерки за непрописно паркирани моторни возила на улиците кои гравитираат околу ТЦ ,,Сити Мол“ во Скопје со цел  овозможување нормално одвивање на сообраќајот.Подигнати се 21 моторно возило  со специјално возило ,,пајак“, врачени се 26 мандатни платни налози и тоа: седум платни налози за паркирани возила на коловоз, седум платни налози за паркирани возила на тротоар,зеленило и дванаесет платни налози за паркирани возила на автобуско стојалиште.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Експлозија во фабрика во Кина, две лица го загубија животот

Две лица загинаа, а 24 се повредени при експлозија во фабрика во северна Кина, соопштија локалните власти.Исто така во соопштението се наведува дека најмалку 40 куќи се оштетени од експлозијата и пожарот кој подоцна избил.Причината за експлозијата не е позната, но надлежните не ја отфрлаат можноста за тероризам.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања