Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Најнови вести

5 мес.
Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Се продлабочува конфликтот во ЕУ околу Украина

Европските лидери ја потврдија поддршката за Украина, додека конфликтот влегува во петта година, но разделбите меѓу земјите членки го засенчија одбележувањето.Унгарија и Словачка ја блокираа 20-та серија санкции на ЕУ против Русија и планот за финансиска помош од 90 милијарди евра, повикувајќи се на прекин на испораките на нафта преку „Дружба“. Украина тврди дека пореметувањата се последица на руски бомбардирања.Претседателот Зеленски повика на зголемување на санкциите и на повеќе воена помош, и

Свет | пред 5 месеци

5 мес.
media-librarycmmi2693vagt6MRRAbT

Полицијата влезе во уште една фабрика за марихуана, овојпат во валандовско: нова акција на МВР и Обвинителството

По наредба на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово денеска извршиле претрес во простории на правен субјект за производство на марихуана во селото Јосифово, валандовско.Од Министерство за внатрешни работи информираат дека претресот е спроведен по издадена наредба од надлежен јавен обвинител, а повеќе детали за предметот засега не се соопштуваат.Ова доаѓа откако беше објавено дека шест лиценци за производство на марихуана се

Македонија | пред 5 месеци

5 мес.
media-library0p96u6skogd921mua8v

Нема што да се расправа за судијата кој го прати Груби во куќен притвор, членот на Судски, Јошевска, одговори на прозивките од Филков

Сузана Јошевска-Анастасовска, член на Судски совет на Република Македонија, изјави дека судија не смее да изрече мерка ефективен притвор доколку од страна на јавниот обвинител има поднесен предлог за куќен притвор.„Судија НЕ СМЕЕ да изрече мерка притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор. Нема потреба од итна седница на Судскиот совет за да се расправа основно правило во кривичната постапка“, посочи Јошевска-Анастасовска.Нејзината реакција доаѓа откако министерот за правда, Игор Филко

Македонија | пред 5 месеци

5 мес.
media-library9h1itj50u2mndJpOFZF

Почина актерот Роберт Карадин

Роберт Карадин, 71-годишен актер познат по улогите во франшизата „Одмаздата на штреберите“ и серијата „Лизи Мекгваер“ на Дизни, почина на 23 февруари по долга борба со биполарно растројство.Семејството ја потврди смртта и посочи дека сакаат неговата борба со менталното здравје да помогне во разбирјање на стигмата околу болестите. Карадин потекнува од актерско семејство, со долгогодишна кариера во филм и телевизија, а помладата публика го памети како Сем, таткото на Лизи Мекгваер.Познатите личнос

Свет | пред 5 месеци

5 мес.
media-libraryvlg14l4rmfht4PWkz5x

Двајца полицајци убиени за време на сообраќајна контрола во Мисури

Двајца заменички шерифи загинаа, а уште двајца полицајци се ранети вчера во југозападниот дел на Мисури, откако возач отвори оган за време на сообраќајна контрола, соопштија властите.Инцидентот се случил околу 16 часот локално време, на автопат близу градот Хајландвил, кога двајца заменици од канцеларијата на шерифот на округот Кристијан беа нападнати. Еден од убиените е 30-годишниот Габриел Рамирез, додека идентитетите на останатите тројца вклучени полицајци не се објавени.Во потерата за напаѓа

Свет | пред 5 месеци

5 мес.
media-libraryd7m8obnhihku5dhVrDD

Тензии околу куќниот притвор: ДУИ бара разрешување на Филков и најавува поплаки до САД, ЕУ и ОБСЕ

Демократска унија за интеграција бара министерот за правда Игор Филков да се воздржи од, како што велат, натамошни јавни интервенции во врска со мерката куќен притвор за Артан Груби, а доколку таквата пракса продолжи – да биде разрешен.Од ДУИ обвинуваат дека Филков извршил притисок врз судиите и обвинителите со денешната изјава во која посочи дека мора да има одговорност „со име и презиме“ за одлуката Груби да биде упатен во куќен наместо во ефективен притвор.Според партијата, извршната власт не

Македонија | пред 5 месеци

5 мес.
nafta-696x465-1

ЕУ планира трајна забрана за увоз на руска нафта

Европската комисија планира да предложи закон кој ќе предвиди трајна забрана за увоз на руска нафта. Предлогот е предвиден да биде објавен на 15 април, три дена по парламентарните избори во Унгарија, со цел прашањето за забраната да не стане доминантна тема во предизборната кампања.ЕУ уште во 2022 година забрани увоз на руска нафта превезуван по море, со исклучок на земјите без излез на море – Чешка, Унгарија и Словачка – кои можат да увезуваат нафта преку морски транспорт ако не е можно да се к

Свет | пред 5 месеци

5 мес.
european-brown-bear-1477814960720-620x350

Маж од кичевско ќе добие 300.000 денари откако бил нападнат од мечка

Маж од кичевско ќе добие 300.000 денари надомест за физички болки и страв, откако минатата година бил нападнат од мечка. Инцидентот се случил во август 2022 година, кога човекот пеш се враќал од нива кон својот дом и без никаква провокација бил гризнат од мечката. При нападот тој се здобил со повреди на десната страна од челото и слепоочницата, како и нагмечувања на дланките и натколеницата.По инцидентот, мажот бил хоспитализиран во болницата во Прилеп, каде што му биле хируршки санирани повреди

Македонија | пред 5 месеци

5 мес.
raketa

Украина ги отфрли тврдењата за набавка на нуклеарно оружје

Украина ги отфрли „апсурдните“ тврдења на Русија дека Киев се обидува да набави нуклеарно оружје со помош на Велика Британија и Франција.Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Георгиј Тихи, за Reuters изјави дека „руските официјални лица, познати по импресивен низ лаги, повторно се обидуваат да создадат стара глупост за ‘валкана бомба’“. Тој додаде: „Да бидеме јасни – Украина многупати ги демантираше овие апсурдни руски тврдења и сега официјално ги негираме. Го повикуваме

Свет | пред 5 месеци

5 мес.
media-librarychtqnfqbo80c8e3w7ig

Хоспитализиран поранешниот норвешки премиер, пишува дека се обидел да си го одземе животот поради Епстин

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд (75) е примен во болница, потврди неговиот адвокат Андерс Бросвет, наведувајќи дека хоспитализацијата е последица на силен стрес по откритијата за неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, објави норвешкиот медиум VG.Адвокатот ги демантираше медиумските тврдења, меѓу кои и написите на порталите Ињетер и Финансависен, дека Јагланд се обидел да си го одземе животот. Уредникот на Ињетер, Хелге Лурас, изјави дека нивниот новинар доби

Свет | пред 5 месеци

5 мес.
media-librarylb4grqvav3s821jfNql

СДСМ: Има за авион и луксуз, нема за 600 евра минимална плата

Социјалдемократски сојуз на Македонија обвини дека власта одбила зголемување на минималната плата на 600 евра, и покрај тоа што, како што наведуваат, има средства за „луксузирање, мебел и авион“.Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ, денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. Според опозицијата, за законот дебатирале само нивни пратеници, додека владејачкото мнозинство го одбило и предлогот за јавна рас

Македонија | пред 5 месеци

5 мес.
media-librarysadjjm8l382vcOgHxHp

Угостителите добија „битка“: одложена примената на дел од законот за заштита од пушење

Министерство за здравство прифати одложување на примената на дел од новиот закон за заштита од пушење, со што, како што беше појаснето, им се остава простор на сопствениците на угостителските објекти инфраструктурно да се прилагодат на законските барања.Министерот за здравство, Азир Алиу, на денешната прес-конференција во Владата изјави дека одложувањето се однесува на примената на одредбите за пушење на отворени тераси од три страни, кои во пракса во моментов се затворени.„Процесот за забелешки

Македонија | пред 5 месеци

5 мес.
vozacka-1

Со завршено четврто одделение сакал да извади возачка, па фалсификувал диплома

Возачки испит во земјава може да се полага со завршено основно образование, а токму овој услов бил причина 49-годишен прилепчанец да фалсификува свидетелство за завршена осмолетка за да може да се пријави во авто-школа.Од Министерство за внатрешни работи информираат дека ОВР Прилеп поднела кривична пријава против Н.А.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.„Во септември 2025 година, пријавениот направил лажна исправа – свидетелство на

Македонија | пред 5 месеци

5 мес.
zena-noz

Навивање за Наполи заврши со нож: сопруга го прободе мажот поради фудбалска расправија

Навивањето за Наполи заврши драматично за четириесетгодишен навивач од Неапол, кој бил примен во болница откако неговата сопруга го прободела со нож за време на расправија предизвикана од фудбалски натпревар.Инцидентот се случил во неделата попладне во населбата Каподимонте во Неапол, додека брачниот пар го следел мечот од Серија А меѓу Аталанта и Наполи, кој тимот од Бергамо го доби со 2:1. Натпреварот уште од почетокот предизвикал нервоза кај домаќинот, особено по контроверзната ВАР-одлука со

Свет | пред 5 месеци

5 мес.
media-library9vn81frd4un74hF79Wr

УНИЦЕФ започна нова хуманитарната кампања за гладните деца во Судан, Јемен и Газа

Канцеларијата на УНИЦЕФ за Хрватска започна нова хуманитарна кампања со цел да им помогне на децата погодени од глад во Судан, Јемен и Газа, предупредувајќи дека бројот на деца изложени на глад, сиромаштија и насилство постојано расте. Според проценките, рекорден број деца ќе имаат потреба од хуманитарна помош во 2026 година.УНИЦЕФ истакнува дека милиони деца ширум светот страдаат од тешка, опасна по живот неисхранетост, која предизвикува една од пет смртни случаи кај деца под петгодишна возраст

Свет | пред 5 месеци

5 мес.
IMG_5133

Пролетта носи промени и нови почетоци за сите хороскопски знаци

Пролетта во астрологијата секогаш претставува момент на будење, но оваа година тоа чувство доаѓа погласно, поискрено и со помалку трпение за сè што нè задушува. Влегувањето на Сонцето во Овен носи нова енергија, а астролошките транзити ги нагласуваат темите на личниот раст, односите и конкретните одлуки. Еве што им носи пролетта на хороскопските знаци.ОвенЗа Овните ова е сезона во вистинска смисла на зборот. Пролетта ве турка напред без многу прашања – време е да застанете зад себе, да започнете

Магазин | пред 5 месеци

5 мес.
media-libraryi2ie8eb6d1lbbBNePLP

Американската војска се качи на ирански танкер среде Индискиот Океан

Американските воени сили пресретнаа нафтен танкер под санкции во Индискиот Океан, откако го следеле уште од водите на Карибите, соопшти Пентагон, наведувајќи дека станува збор за трета ваква операција.Американското Министерство за одбрана објави на социјалната мрежа Икс дека во текот на ноќта без отпор се качиле на бродот „Берта“, тврдејќи дека танкерот за сурова нафта се обидувал да врши трговија и покрај санкциите поврзани со Иран. Бродот, кој плови под знамето на Куковите Острови, е поврзан с

Свет | пред 5 месеци

5 мес.
media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски бара точен датум за пристапување на Украина во ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во обраќање пред Европски парламент, побара од Европската Унија да одреди јасен датум за пристапување на Украина, предупредувајќи дека без таква одлука Русија ќе може со години да го блокира европскиот пат на земјата.Говорејќи преку видеоврска на вонредната пленарна седница одржана по повод четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија, Зеленски истакна дека конкретен рок за членство е клучен за иднината на Украина. Според него, без датум и безб

Свет | пред 5 месеци

5 мес.
media-library6ete0o7f5nbffGqJFKc

По пет децении Работнички доби нов дом: Свечено отворена обновената сала во Градски парк

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свечено ја отвори целосно реконструираната сала „Работнички“ во Градски парк, еден од најстарите спортски објекти во државата.Во рамки на свеченоста се одигра ревијален натпревар меѓу младинскиот состав на КК „Работнички“ и шампионите од Лига Центар од ООУ „Кочо Рацин“, проследен со настапи на хип-хоп групи и богата спортска програма.На отворањето, покрај бројните гости и советниците на Општина Центар, присуствуваа и ветераните на КК  „Работ

Скопје | пред 5 месеци

5 мес.
media-libraryoj3eosl9l6kcelO07AK

Општина Кичево: Поплавите се последица на неодговорно фрлање шут во речното корито

Општина Кичево информира дека причината за последните поплави е неодговорно одлагање шут и градежен материјал во и во непосредна близина на речното корито, со што се попречува нормалниот проток на водата.„Ги молиме граѓаните за разбирање и солидарност. Сѐ додека овој потег целосно не се исчисти, постои реална опасност од повторни поплави при нови врнежи.Воедно, апелираме на разум и повторуваме дека никаков опасен материјал, ниту комунален отпад, не се одлага во копот на рудникот „Осломеј“. Се от

Македонија | пред 5 месеци

5 мес.
media-libraryh9pft7gvbug77jKgRHO

(Фото) Камион се преврте на обиколница пред клучката за Косово

Товарно моторно возило се преврте на скопската обиколница пред клучката за Косово, во правец кон граничниот премин Блаце, информираат очевидци од местото на настанот.Според првичните информации, камионот од засега непознати причини ја изгубил контролата и завршил надвор од коловозната лента.Во моментов нема официјални информации дали во несреќата има повредени лица, ниту каква е материјалната штета.

Скопје | пред 5 месеци

5 мес.
media-libraryhfnqalpsiquvf5vHRu7

Алиу: Секторот за одгледување канабис за медицински цели мора да функционира строго законски, транспарентно, без „сиви зони“

   Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа прес конференција, со цел да информира за акцијата која е во тек кај компаниите што поседуваат одобрение за одгледување канабис за медицински цели, која доби и дополнителна институционална тежина по денешната седница на Владата.- Денес упатуваме порака дека државата повеќе нема да гледа настрана таму каде што има сомнеж за злоупотреба на дозволи, пропусти во институционалниот надзор и ризик за јавниот интерес. Секторот за одгледување канабис за

Македонија | пред 5 месеци

5 мес.
media-libraryt83ec6udbqva1QkHzKC

По проценката на АНБ, Груби не е безбеден ниту дома, ама обвинителот сепак го прати во куќен притвор

Ниту АНБ, ниту МВР не изготвиле безбедносна проценка со која посочиле дека Артан Груби ќе биде небезбеден само доколку заврши во ефективен притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, неофицијално дознава „Скопје1“. Известувањето на кое вчера се повика обвинителот кога бараше куќен притвор, се однесува на општа безбедносна проценка, што би значело дека Груби не е безбеден никаде, па ниту дома.Сознанијата пак, дека има ризик по безбедноста на Груби не се тазе. Дел од нив оперативно се добиени

Македонија | пред 5 месеци

5 мес.
media-libraryd7m8obnhihku5dhVrDD

Филков најави вонреден надзор во затворите: Недозволиво е да се тврди дека не може да се гарантира безбедност на притворено лице

На прес-конференција Министерот за правда, Игор Филков изјави дека ќе побара да се изврши вонреден надзор во затвор Скопје и во останатите затвори во Македонија. Според него недозволиво да се тврди дека не може да се гарантира безбедност на притворено лице и тоа да биде аргумент за поблага мерка.„Институционалната контрола мора да функционира. Никој не смее да биде изземен од одговорност. Утрово побарав и објаснување од директорот на затвор Скопје, преку управата за извршување на санкции, бев ин

Македонија | пред 5 месеци

5 мес.
media-library3mlag95i7k5ubH8UNpo

Тренчевска: Пратениците да гласаат за 600 евра минималец, трудот на работникот мора да се вреднува

Воведувањето и зголемувањето на минималната плата е една од клучните економско-социјални политики насочени кон заштита на животниот стандард на граѓаните и секоја влада која сака да го заштити стандардот на работниците треба да ја зголеми минималната плата согласно инфлацијата и куповната моќ на граѓаните, нагласи пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска на денешната собраниска Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, на која на невен ред е Предлог на законoт за изменување и доп

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања