Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ЕУ

Нема фотографија

Украина го очекува почетокот на преговорите за членство во ЕУ

Украинскиот премиер Денис Шмихаљ изјави дека Европската комисија во извештајот потврди дека Киев ги исполнил преостанатите неопходни чекори неопходни за почеток на пристапните преговори, пренесува Ројтерс.Шмихаљ изјави дека Европската комисија го поддржува почетокот на пристапните преговори меѓу Европската унија и Украина.„Сега очекуваме нашите европски партнери да го направат следниот чекор – почеток на преговорите за членство во ЕУ веќе овој месец“, рече Шмихаљ во објавата на Телеграм.Претходно, „Фајненшл тајмс“ објави дека Европската комисија ќе препорача почеток на преговорите за пристапување на Украина и Молдавија во ЕУ веќе овој месец, пред Унгарија да го преземе ротирачкото претседателство со блокот, објавија денеска украинските медиуми, повикувајќи се на пишувањето на Фајненшл Тајмс.„Европската Комсија врши притисок да започне формални разговори со Киев и Кишињев овој месец за да испрати позитивен сигнал до двете земји за нивните аспирации за ЕУ. Комисијата во петок ќе каже дека Украина сега ги исполнува претходно неисполнетите критериуми, вклучително и антикорупциските мерки, ограничувањата за политичко лобирање, правила за декларирање на имотот на државните службеници и заштита на јазиците што ги користат националните малцинства“, пишува ФТ, повикувајќи се на информирани извори.Украина поднесе барање за членство во ЕУ неколку недели по почетокот на рускиот напад во 2022 година и доби статус на кандидат во јуни 2022 година.Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на почетокот на мај објави дека Украина е блиску до вистинскиот почеток на преговорите за пристапување во ЕУ.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Борељ: ЕУ го поддржува планот за прекин на огнот во Газа претставен од Бајден

Европската унија целосно го поддржува планот презентиран од американскиот претседател Џозеф Бајден, кој би довел до траен прекин на огнот во Појасот Газа, ослободување на сите заложници и зголемување на хуманитарната помош во областа, изјави високиот комесар на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борељ.Во изјавата објавена на веб-страницата на Европскиот совет, Борељ наведува дека ЕУ ги цени „одлучните напори на САД, Египет и Катар за олеснување на преговорите за завршување на војната во Појасот Газа, истовремено обезбедувајќи ја безбедноста на Израел“. Борељ нагласи дека се загубени премногу цивилни животи.„Итно е потребен траен прекин на огнот за да се обезбеди заштита на цивилите, безусловно ослободување на сите заложници и да се зголеми протокот на многу потребна хуманитарна помош во Газа, со оглед на продлабочената хуманитарна криза“, рече тој.Борељ рече дека мирот и стабилноста на Блискиот Исток се во интерес на двата народа, на регионот во целина, но и на глобално ниво.„ЕУ ги охрабрува двете страни да го прифатат и имплементираат предлогот во три фази и е подготвена да придонесе за заживување на политичкиот процес за постојан и одржлив мир, заснован на решение со две држави, како и да ги поддржи координираните меѓународни напори за обнова на Газа“, нагласи Борељ.Бајден во петокот го претстави предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, според кој траен прекин на огнот ќе се постигне преку три фази.Планот презентиран од Бајден беше поддржан од Велика Британија, Франција, Германија, Јапонија, Канада и Италија, додека Јордан, Саудиска Арабија, Катар, Египет и Обединетите Арапски Емирати ги повикаа Израел и Хамас да го разгледаат планот „сериозно и позитивно“.

Свет | пред 1 година

EU-1

ЕУ и Америка на иста страна: Треба да се заштитиме од Кина

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен во вторникот изјави дека САД и Европа мора да одговорат на кинеската индустриска политика на „стратешки и обединет начин“ за да го одржат производството на двете страни на Атлантикот.Зборувајќи за важноста на американско-европскиот сојуз, Јелен во Франкфурт рече дека вишокот на индустриски капацитет на Кина ги загрозува и американските и европските компании, како и индустрискиот раст на земјите во развој, пренесува Ројтерс.„Кинеската индустриска политика може да изгледа далечна додека седиме овде во оваа просторија, но ако не одговориме стратешки и обединето, одржливоста на бизнисот и во нашите земји и во светот може да биде загрозена“, рече американскиот министер за финансии.Една недела претходно, американската администрација објави нови големи царини за кинеските електрични возила (ЕВ), соларни производи, полупроводници, делови за батерии, челик и други стратешки индустриски производи. Јелен ги предупреди кинеските власти во април дека САД нема да го прифатат нивното прекумерно производство на овие стоки, што ќе ги преплави светските пазари со евтин извоз.Јелен, кој доби почесна диплома од Франкфуртската школа за финансии и менаџмент, рече дека Европската унија и другите преземаат слични чекори за да ја искористат својата јурисдикција за да ги истражат потенцијалните трговски мерки за кинеските електрични возила и други производи.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

ЕУ и порача на Русија: Не ги добивате замрзнатите средства

Европската унија нема намера да ги префрли приходите од замрзнатите средства во Русија и по укинувањето на санкциите.Советот одлучи дека руските приходи не се сметаат за суверени средства. Одлуката ќе стапи во сила на 23 мај, според проширената одлука на Советот на ЕУ, објавено е во Службен весник на ЕУ.„Неочекувани и вонредни приходи не треба да бидат достапни на Централната банка на Русија, во согласност со сегашните правила, дури и по укинувањето на забраната за трансакции“, се наведува во документот, Советот на ЕУ одлучи дека приходите од руските резерви „не припаѓаат суверени фондови, а со тоа и нормите за заштита на суверените фондови не се применливи за нив“, пренесува Комерсант.Под неочекувани и вонредни приходи, Советот на ЕУ подразбира приход што се акумулира благодарение на рестриктивните мерки. Прес-службата на претставништвото на Русија во Европската унија одлуката на Советот на ЕУ ја нарече кражба, наведувајќи дека „последиците од создадениот преседан ќе бидат непредвидливи“ за ЕУ.На 21 мај, Европската комисија објави дека првите приходи од средствата на Централната банка на Русија ќе бидат префрлени во Украина во јули. Планирано е 90 отсто од остварената добивка во 2024 година да биде насочена кон Украина преку Европскиот фонд за мир.Оваа година Украина може да добие три милијарди евра од руските замрзнати средства. Парите ќе бидат наменети за воена помош. По почетокот на специјалната воена операција во Украина, ЕУ и земјите од Г7 замрзнаа околу 280 милијарди долари средства на Централната банка на Русија. Повеќето од овие средства се чуваат од белгискиот депозитар Euroclear.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

ЕУ до Израел: Веднаш да престане воената операција во Рафах

Еврокомесарот за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел го повика Израел веднаш да ја прекине воената операција во Рафах.Борел рече дека израелската офанзива на Рафах, на самиот југ на Појасот Газа, ја попречува испораката на хуманитарна помош и доведува до „зголемување на бројот на раселените луѓе и изложеност на глад и човечко страдање“.ЕУ, продолжи Борел, го повикува Израел „да се воздржи од дополнително влошување на и онака тешката хуманитарна ситуација во Газа“. Тој предупреди дека продолжувањето на офанзивата може да им наштети на односите меѓу Унијата и Израел.Иако ЕУ го признава правото на Израел на самоодбрана, „Израел мора да го стори тоа во согласност со меѓународното хуманитарно право и да обезбеди безбедност на цивилите“, рече Борел.Сојузниците на Израел, вклучително и САД, се обидуваат да го одвратат Израел од копнена офанзива во Рафах, каде над милион луѓе се засолниле од борбите во остатокот од енклавата.Пред една недела израелската армија напредуваше кон градот од исток и ја презеде контролата врз палестинската страна на граничниот премин Рафа со Египет.Во вторникот навлезе подлабоко во градот Рафа, според очевидци.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-4670PM

ЕУ: Несреќен настап на новата претседателка Сиљановска-Давкова

Брисел бара од Македонија почитување на Договорите со Грција и со Бугарија.“Очекуваме и се радуваме на заедничка соработка со избраните претставници во Северна Македонија, и со новата влада и со претседателот, за да помогнеме земјата да напредува и да го испорача очекуваното што ЕУ го зададе во однос на пристапувањето на Северна Македонија”, изјави портпаролот на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика, Петер Стано за како што го нарече, несреќниот настап кога новата македонска претседателка, Гордана Силјановска Давкова, не го кажа уставното име на државата за време на церемонијата на давање заклетва како претседател на државата.Тој потсети дека меѓународната заедница вчера имала изјава за несреќниот настап на новата претседателка која не го спомена уставното име на земјата при давањето заклетва.„Го видовте твитот на претседателката Фон дер Лајен, ја видовте нашата вчерашна изјава за несреќниот настап на новата претседателка која не го спомена уставното име на земјата во давањето заклетва. Она што се очекува од Северна Македонија беше многу јасно наведено во последниот извештај за проширувањето во кој пишува дека во делот на регионалната соработка земјата одржала добри односи со другите држави од процесот на проширување и го продолжила учество во регионална иницијативи, постоечките билатерални договори треба, во добра волја, да се имплементираат од сите страни, вклучувајќи го и Преспанскиот договор склучен меѓу Северна Македонија и Грција и Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија, вклучувајќи ги и протоколите. Ова е очекувањето од ЕУ“, нагласи портпаролот Стано.

Македонија | пред 1 година

EU-1

ЕУ сака да ги зголеми царините за увоз на руско жито

Европската комисија денеска предложи зголемување на царините за увоз на житарици, маслодајни семиња и нивни производи од Русија и Белорусија со цел да се спречи дестабилизација на пазарот со пренасочување на овие производи во Европа.„Предлагаме да се воведат царини на рускиот увоз за да се ублажи растечкиот ризик за нашите пазари и нашите земјоделци и да се намали способноста на Русија да ја искористи ЕУ за својата воена машина“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.Европските земјоделци протестираат со месеци, а како една од причините за своето незадоволство го наведуваат тоа што европскиот пазар е преплавен со евтино украинско жито, а улогата на Русија не се споменува.„До сега, руското и белоруското жито и житни производи можеа да влезат на пазарот на ЕУ со ниски или без царини, и видовме дека тој увоз значително се зголеми во 2023 година. Нашите предложени увозни тарифи ќе го направат увозот на овие производи комерцијално неостварлив. изјави извршниот потпретседател.Комисијата Марош Шефчовиќ.Со зголемување на царините, Комисијата сака да постигне неколку цели: да спречи дестабилизација на пазарот на ЕУ, имајќи предвид дека Русија, како водечки извозник на жито, знае како да ја користи храната како геополитичка алатка, потоа да го спречи житото произведено на територијата. на Украина, која илегално се увезува во ЕУ како руски, да стигне до европскиот пазар, а потоа да спречи средствата од извозот на жито да се користат за финансирање на агресивна војна против Украина.Минатата година Русија извезла овие производи во ЕУ во вредност од 1,3 милијарди евра, а Комисијата наведува дека со зголемувањето на царините ќе се прекине важен извор на приход за руската економија и руската воена машина.Комисијата наведува дека нема да биде засегнат извозот на руско и белоруско жито во трети земји преку територијата на ЕУ.Русија ја обвинува ЕУ дека со санкции против неа ја загрозува безбедноста на храната за земјите во развој.„Ова покажува дека Европската унија останува посветена на промовирање на глобалната безбедност на храната, особено кога станува збор за земјите во развој“, наведува Комисијата.

Свет | пред 1 година

bosna

Лидерите на ЕУ утре ги отвораат преговорите со БиХ и бараат преговарачка рамка

На самитот во Брисел утре лидерите на ЕУ ќе одлучат за отворање на преговорите со Босна и Херцеговина и ќе побараат од Советот да развие преговарачка рамка за да можат тие преговори да се отворат, според нацрт-заклучоците што ќе ги усвои Европскиот совет. а до кои имал пристап загрепски Јутарњи лист.„По препораката на Комисијата од 12 март годинава, Европскиот совет ќе донесе одлука за отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина. Советот е поканет да ја усвои рамката за преговори кога ќе бидат преземени релевантните чекори утврдени во препораките на Комисијата од 12 октомври 2022 година“, се вели во Нацртот.Во делот на заклучоците што се однесуваат на проширувањето на Европската унија, се разговара за потребата од паралелни реформи и во ЕУ и во земјите кандидати за да се биде подготвен за проширување.„Европскиот совет ги разгледа подготовките за проширувањето и внатрешните реформи, потсетувајќи дека работата на двете колосеци мора да продолжи паралелно за да се осигури дека идните земји-членки и ЕУ се подготвени навреме за проширување“, се наведува во Нацрт-заклучоците.Се додава дека на следниот самит ќе се разговара за внатрешните реформи на ЕУ со цел да се донесат насоки за тие реформи. Европската комисија подготви стратегија за реформи во ЕУ за да се подготви за проширување.За сите земји со кандидатски статус, вклучително и оние за кои е донесена одлуката за отворање на пристапните преговори, неопходно е да се усвои преговарачка рамка за да се усвојат овие преговори. Одлуката за отворање преговори со Украина и Молдавија беше усвоена од Европскиот совет во декември минатата година, но тие се уште не се отворени токму поради тоа што преговарачката рамка се уште не е усвоена. Така ќе биде и со Босна и Херцеговина. Но, одлуката на лидерите на ЕУ е конечна и сега останува само да се почека усвојувањето на преговарачката рамка.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

ЕУ постигна привремен договор за суспензија на царините и квотите за извозот од Украина

Европската унија постигна привремен договор за суспензија на увозните давачки и квоти за украинскиот извоз во ЕУ за уште една година, до 5 јуни 2025 година.Ова обновување ја потврдува непоколебливата политичка и економска поддршка на ЕУ за Украина, по две години неиспровоцирана и неоправдана воена агресија на Русија, објави Советот на ЕУ. Заедно со широката воена, финансиска и хуманитарна поддршка на ЕУ, ова ќе и помогне на Украина во нејзиното долгорочно закрепнување, како и нејзината постепена интеграција на внатрешниот пазар на ЕУ, се вели во соопштението.Според привремениот договор, украинските производители на храна ќе имаат бесцарински пристап до пазарите на ЕУ до договорениот датум. Европскиот парламент и Советот сега треба официјално да ја одобрат привремената спогодба.Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент и амбасадорите на ЕУ (Корепер) во текот на денот треба да го потврдат исходот од меѓуинституционалните преговори.Се очекува соодветната одлука на Парламентот да биде усвоена на една од априлските пленарни седници, а потоа регулативата да биде усвоена од Советот, а потпишана од претставниците на Советот и Европскиот парламент и објавена во Службен весник, пред да стапи во сила на 06 јуни оваа година.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

ЕУ подготвува драстични мерки

Европската унија се подготвува да воведе царини за увоз на жито од Русија и Белорусија, со цел да се реши загриженоста на земјоделците кои протестираат во неколку земји-членки на блокот.Се очекува во наредните денови Европската комисија да воведе царина од 95 евра за тон жито од Русија и Белорусија, додека царини од 50 отсто ќе бидат воведени за маслодајните семиња и нивните производи, објави Фајненшл тајмс.Ваквата одлука се очекува во време кога земјоделците ширум ЕУ демонстрираат против Европскиот зелен пакт, кој има за цел да ги ублажи климатските промени, со барање повторно да се воведат царините за увоз на украински земјоделски производи, кои Брисел ги укина по почетокот на руската инвазија на Киев.Како и поголемиот дел од Европа, Полска, исто така, беше зафатена од протести во последните недели, при што земјоделците ги блокираа главните патишта на земјата и граничните премини со Украина.По разговорите со полскиот премиер Доналд Туск минатата недела, полските земјоделски организации најавија дополнителни протести против земјоделската политика на ЕУ и увозот на земјоделски производи од Украина за среда, 20 март.Зелениот план на ЕУ има за цел да постигне климатска неутралност до 2050 година. Стратегијата вклучува мерки во различни области како што се енергетиката, транспортот, индустријата и земјоделството.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

ЕУ воведува голема промена во однос на сообраќајните казни

Претставницте на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент постигнаа привремен политички договор за директива која треба да го олесни спроведувањето на казните за возачите кои ќе сторат сообраќајни прекршоци во друга земја-членка.Привремената политичка спогодба, која допрва треба да ја потврдат Советот и Собранието за да стане закон, се однесува на измената на директивата од 2015 година за прекугранична размена на информации за прекршоци во сообраќајот на патиштата. „Ревидираниот закон ќе обезбеди еднаков третман за сите возачи во ЕУ без разлика на нивната националност“, рече белгискиот министер за мобилност Жорж Гилкинет.Новата директива сега, покрај најчестите и најсериозните прекршоци како брзо возење или возење под дејство на алкохол и дрога, ќе опфати и други прекршоци.Тие вклучуваат незадржување на растојанието помеѓу возилата, игнорирање на ограничувањата за престигнување, опасно претекнување, прекршување на паркирањето, како што се паркирање премногу блиску до раскрсница или зебра премин, преминување на цврста бела линија, возење во погрешна насока, непочитување на правилата на коридорот за итни случаи или користење на преоптоварено возило.Откако новите правила ќе бидат официјално усвоени, земјите-членки ќе имаат рок од две и пол години да ја транспонираат директивата во нивното национално законодавство.

Свет | пред 1 година

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Резулуцијата на САД е само охрабрување за Македонија и земјите членки на ЕУ, Османи очекува Македонија да влезе во семејството до 2030 година

Резолуција на САД со која го поддржа пристапувањето на Македонија во ЕУ е само охрабрување за Македонија, но и порака до ЕУ. Ова е ставот на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој очекува членство на земјава во европското семејство до 2030 година. Посочува дека очекува и преговорите да одат со забрзано темпо.„Ова ќе биде охрабрување за нас. Преговарачката рамка ги брани нашите позиции и не дозволува историски и идентитски прашања да бидат причина за отворање и затворање на поглавја. Очекувам по изборите да се забрза процесот и до 2030 година, Македонија да биде членка во ЕУ. Резулуцијата е уште една поддршка на процесот. Ќе помогне во охрабрување на земјите членки, порака е до политичките партии во Македнија кои заговараат дека има алтернатива во ЕУ. Процедурите се утврдени, тие се во наш интерес“, рече Османи.Тој очекува резулуцијата да влијае и врз политичарите кои заговараат излагање од НАТО и алтернатива за ЕУ.Американските сенатори Питер Велч, Џин Шахин, Пит Рикетс и Том Тилис предложија Резолуција со која САД даваат поддршка за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.Сенаторите ја истакнале силата на трансатлантските односи меѓу САД, Република Северна Македонија и Европа. Во резолуцијата, како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Северна Македонија, без дополнителни билатерални услови.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

САД со Резолуција го поддржа пристапувањето на Македонија во ЕУ

Американските сенатори Питер Велч, Џин Шахин, Пит Рикетс и Том Тилис предложија Резолуција со која САД даваат поддршка за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.Сенаторите ја истакнале силата на трансатлантските односи меѓу САД, Република Северна Македонија и Европа. Во резолуцијата, како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Северна Македонија, без дополнителни билатерални услови.,,Претседателот и државниот секретар да продолжат тесно да соработуваат со Владата на Северна Македонија, да го поддржат проширувањето на Европската Унија со Западниот Балкан, вклучително и Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европска Унија”, се вели во резолуцијата.,,Горд сум што ја ко-спонзорирам оваа двопартиска резолуција, која потврдува дека иднината на Северна Македонија е со европското семејство. Откако ја пречекавме Северна Македонија во НАТО во 2020 година, време е да работиме за да му помогнеме на нашиот сојузник да ги исполни сите одредници потребни за да се постигне членство во ЕУ. САД треба да продолжат да работат со нашите северномакедонски партнери за проширувањето на Европската унија да стане реалност“, рекол сенаторот Шахин. Уверен сум дека членството на Северна Македонија во ЕУ ќе донесе зголемени можности за размена на бизнис и трговија, како и дополнителна координација меѓу Националната гарда на Вермонт и Армијата на Северна Македонија“, рекол сенаторот Велч.,,Северна Македонија е вреден стратешки партнер и клучен сојузник на САД на Балканот“, посочил сенаторот Тилис.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Русија: Веќе нема смисла НАТО да го негира присуството на свои сили во Украина

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека нема смисла НАТО да го негира присуството на свои сили во Украина.„Нема смисла повеќе да се негира“, рече таа за прорежимскиот весник „Известија“.Според руската државна новинска агенција Тас, полскиот шеф на дипломатијата Радослав Сикорски претходно на конференцијата по повод 25-годишнината од членството на Полска во НАТО изјави дека армијата на НАТО е веќе во Украина.Да потсетиме, францускиот претседател Макрон по конференцијата за Украина одржана во Париз на 26 февруари изјави дека не е исклучено испраќање копнени сили на членки на НАТО во Украина. По конференцијата, повеќето земји-учеснички изјавија дека не планираат да испратат војници во Украина за да се борат против Русија.Коментирајќи ги изјавите на Макрон, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека директен воен конфликт меѓу НАТО и Русија би бил „неизбежен“ доколку западните сили бидат испратени во Украина. Тој, исто така, рече дека земјите од НАТО „треба да ги проценат последиците од таквите дејства“, според Тас.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Борељ: Руската агресија против Украина ја промени историјата на Европа, но не и географијата

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по повод двегодишнината од војната во Украина, рече дека ЕУ е на страната на Киев од почетокот на конфликтот, што, како што наведе, преку насилство ја промени историјата на Европа, но не и нејзината географија.„Одбележуваме две години од бруталната руска агресија врз Украина. ЕУ е на страната на украинскиот народ од тоа трагично утро што ја промени историјата на Европа, но нема повторно насилно да ја промени нејзината географија“, напиша денеска Борељ на платформата Х.Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев, по повод одбележувањето на двегодишнината од руската агресија врз Украина, а меѓу другите, италијанскиот премиер Џорџо Мелони, белгискиот премиер Александре Де Кроа а во таа земја пристигна и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Свет | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања