ЕУ

media-libraryl97l6i6bu7mf0ahfO5Y

(Видео) Медведев преку видео со закани кон Европа: „Сакате војна – ќе ја добиете“

Поранешниот руски претседател и премиер, а актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, преку објава на социјалната мрежа Икс упати остри и заканувачки пораки кон европските политички лидери, обвинувајќи ги дека, како што тврди, свесно ја туркаат Европа кон војна преку зголемена поддршка за Украина.Во провокативниот статус, Медведев додаде дека Русија ќе им го покаже на европсите лидери „токму тоа што ќе го добијат“. Објавата беше проследена со видео од балистичката ракета со среден дострел „Орешник“, која Москва ја претставува како хиперсонично оружје способно за екстремно високи брзини и маневрирање во завршната фаза од летот.Изјавата на Медведев доаѓа откако Русија по вторпат употреби ракета од типот „Орешник“ врз територијата на Украина, при што цел беше западниот украински град Лвив, кој се наоѓа на околу 60 километри од границата со Полска, земја-членка на НАТО. Овој напад дополнително ги засили загриженоста и тензиите меѓу Москва и западните сојузници.Во објавата, Медведев директно го нападна и францускиот претседател Емануел Макрон, кого подбивно го нарече „Микрон“, обвинувајќи го дека упорно ја турка Европа кон директен судир со Русија. Тој повтори дека Москва, како што рече, „илјада пати јасно ставила до знаење дека нема да прифати европски или сили на НАТО на украинска територија“, но дека западните лидери, според него, продолжуваат со истата реторика и политики.Ова не е првпат Медведев да упатува вакви закани. Од почетокот на војната во Украина, тој во повеќе наврати предупредуваше на можноста од директен воен судир меѓу Русија и НАТО, доколку Западот, како што оценува Москва, премине од политичка и воена поддршка кон директно учество во воените операции. Во неколку наврати, Медведев користеше и радикална реторика, алудирајќи дека таквиот развој на настаните би можел да се третира како објава на војна против Русија.Изјавите на поранешниот руски претседател доаѓаат во момент на растечки меѓународни тензии, особено по неодамнешните ноќни напади врз Украина во кои беше употребен и проектилот „Орешник“. Москва тврдеше дека станува збор за одмазда за наводен напад врз една од резиденциите на претседателот Владимир Путин, тврдење што беше демантирано и од Киев и од западните сојузници, вклучително и Соединетите Американски Држави.

Свет | пред 2 седмици

ursula-1

Ново заострување меѓу Брисел и Вашингтон по забраната за влез на европски државјани

Европската унија ќе ја штити слободата на говор и правото на изразување, порачаа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, откако Соединетите Американски Држави воведоа забрана за влез за пет европски државјани, меѓу кои и поранешниот еврокомесар Тиери Бретон.Забраната беше воведена од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која ги обвини засегнатите европски граѓани за ограничување на слободата на говор и за, како што наведуваат, прекумерна регулација на американските технолошки гиганти. Реагирајќи на одлуката, Урсула фон дер Лајен на социјалните мрежи порача дека слободата на говор е темел на силната и жива европска демократија и дека Европската унија е горда на тие вредности и ќе продолжи да ги брани.Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ја оцени одлуката на Вашингтон како неприфатлива меѓу сојузници, партнери и пријатели. Тој нагласи дека Европската унија цврсто стои зад одбраната на слободата на изразување, правичните дигитални правила и сопствениот регулаторен суверенитет, додавајќи дека ваквите потези само го продлабочуваат недоразбирањето меѓу двете страни.Забраната за влез се очекува дополнително да ги влоши односите меѓу САД и дел од европските престолнини, особено околу чувствителни прашања како слободата на говор, одбраната, миграцијата, односот кон крајната десница, трговијата и војната меѓу Русија и Украина.Одлуката доаѓа неколку недели по објавувањето на американската стратегија за национална безбедност, во која се наведува дека Европа се соочува со, како што е формулирано, „цивилизациско бришење“ и дека мора да го промени правецот доколку сака да остане сигурен сојузник на САД. Потегот на администрацијата на Трамп беше осуден и од францускиот претседател Емануел Макрон, како и од германското Министерство за правда, кои предупредија дека ваквите мерки го нарушуваат духот на сојузништво и демократските принципи.

Свет | пред 1 месец

media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Орбан предупредува: 2025 може да биде последната година на мир за Европа која се лизга кон војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во божиќно интервју за унгарскиот весник „Маѓар Немзет“ изјави дека не може да се исклучи можноста 2025 година да биде последната година на мир за Европа, оценувајќи дека самото поставување на такво прашање е шокантно за континент кој со децении живеел во релативна безбедност.Орбан потсети дека Европа е навикната на мир, нагласувајќи дека последната голема војна на европско тло завршила во 1945 година, по што следеле осум децении без директен континентален конфликт од таков обем. Според него, долги години нуклеарното оружје дејствувало како фактор на одвраќање, бидејќи се верувало дека секоја европска војна би прераснала во нуклеарен светски судир. Тој оцени дека тој страв функционирал речиси осумдесет години, но дека денес светот влегува во сосема нова фаза.Осврнувајќи се на последниот самит на Европската унија во Брисел, Орбан изјави дека Европа во моментов не се движи кон мир, туку се приближува кон војна. Според него, Унгарија успеала само да го забави темпото со кое Унијата се лизга кон конфликт, но не и целосно да го запре процесот. Тој оцени дека на европската сцена повторно се оформуваат два табора – еден што заговара војна и друг што се залага за мир, при што, како што рече, во моментов доминираат силите што ја поддржуваат конфронтацијата.Унгарскиот премиер смета дека војната меѓу Русија и Украина не е коренот на европската нестабилност, туку нејзина последица. Вистинската причина, според него, лежи во политичкиот, економскиот и општествениот пад на Западна Европа, процес што, како што тврди, започнал уште во средината на 2000-тите години и значително се забрзал по светската финансиска криза. Орбан нагласи дека пред дваесет години економските перформанси на Европската унија и САД биле приближно еднакви, додека денес Америка забрзано напредува, а Европа, како што рече, се движи надолу и ја губи својата глобална тежина.Тој ја критикуваше и ориентацијата на Европа кон таканаречена воена економија, оценувајќи дека тоа е познат историски рефлекс на општества кои не можат да се натпреваруваат со побрзо растечките региони и затоа се обидуваат да создадат економски раст преку воена индустрија. Орбан изјави дека Европа во февруари 2022 година можела да испрати мировна мисија во Москва и Киев и да не го прогласи конфликтот за своја војна, додавајќи дека во таков случај денес континентот немало да живее во сенка на вооружен судир.Посебно ја нагласи улогата на САД, тврдејќи дека интервенцијата на администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден ја наклонила рамнотежата во корист на воениот табор. Воедно, оцени дека најавите на новиот американски претседател за мир претставуваат предупредување за Европа и дека Унијата не смее своите стратешки одлуки да ги темели на внатрешнополитичките циклуси во САД.Орбан беше исклучително критичен и кон функционирањето на Европската унија, оценувајќи дека таа се наоѓа во состојба на распаѓање и дека паралелно со процесите на дезинтеграција се засилуваат имперските амбиции на бриселската бирократија. Како пример ги наведе зелените политики и планираната забрана на возила со мотори со внатрешно согорување од 2035 година, за кои рече дека сериозно ѝ наштетиле на европската индустрија, особено на автомобилскиот и хемискиот сектор.Говорејќи за Украина, Орбан јасно порача дека членството во Европската унија не е безбедносна гаранција и дека поврзувањето на мирот со влезот на Украина во Унијата е погрешно. Тој нагласи дека Унгарија се противи дури и на почетокот на пристапните преговори, оценувајќи дека вклучувањето на Украина би ја ослабнало Европската унија и дополнително би ги исцрпело нејзините ресурси.Премиерот истакна дека унгарската економија трпи последици и од војната и од слабеењето на Европската унија, додавајќи дека санкциската политика на Брисел сериозно ја погодила европската индустрија и довела до значително повисоки цени на енергијата во споредба со конкурентските економии.Во завршницата на интервјуто, Орбан зборуваше и за човечката цена на конфликтот, наведувајќи дека илјадници луѓе неделно излегуваат од борбите на двете страни, што, според неговите проценки, значи стотици илјади жртви годишно. Тој го постави прашањето кој ќе ја преземе моралната одговорност за таквите загуби.Обраќајќи им се на граѓаните на Унгарија, Орбан порача дека западниот свет се наоѓа во период на длабоки превирања и повика на самопочит и зачувување на сопствените вредности, оценувајќи дека токму тоа е патот што може да ја доведе земјата и нејзиниот народ кон мир.

Свет | пред 1 месец

media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo

Путин: Идејата дека Русија ќе ја нападне Европа е бесмислица

Рускиот претседател Владимир Путин на својата годишна прес-конференција остро ги отфрли тврдењата дека Русија планира напад врз Европа, оценувајќи ги како „бесмислица“ и дел од, како што рече, намерно креирана слика за Русија како закана.Одговарајќи на прашање на московскиот уредник на Би-Би-Си, Стив Розенберг, за идните планови на Русија и можноста за нови „специјални воени операции“, Путин упати серија обвинувања кон Западот и НАТО, обвинувајќи ги за поттикнување тензии.„Ќе ја нападнеме Европа? Тоа е бесмислица. Тие создаваат слика на непријател и ја претставуваат Русија како тој непријател“, изјави Путин.Тој посочи дека западните лидери, со јавни изјави за можен судир со Русија, намерно ја одржуваат атмосферата на страв и конфронтација, додавајќи дека таквиот пристап служи за внатрешнополитички цели во западните земји.Во својот настап, Путин се осврна и на, како што ги нарече, „валканите трикови“ на Западот, споменувајќи го и проблемот со „лажните вести“. Во тој контекст, тој ја спомена и тужбата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп против Би-Би-Си, користејќи ја како пример за, според него, пристрасно медиумско известување.Истовремено, Путин го бранеше рускиот политички систем, тврдејќи дека е стабилен и легитимен, и покрај постојаните критики од странство.И покрај острите пораки, рускиот претседател истакна дека Русија не ја исклучува можноста за соработка со западните земји, вклучително и со Соединетите Американски Држави и Велика Британија.Сепак, тој нагласи дека таквата соработка мора да биде заснована на „рамноправност“ и „меѓусебно почитување“.„Подготвени сме за соработка, но таа мора да се одвива на еднаква основа и со должно почитување“, порача Путин.

Свет | пред 1 месец

putin-094091

ЕУ донесе одлука за финансирањето на Украина, стигна и првата реакција од Русија

Русија позитивно реагираше на компромисот што земјите членки на Европската Унија го постигнаа за финансирањето на Украина, оценувајќи дека со одлуката донесена во Брисел е избегнато, како што велат, „незаконско користење на руските државни резерви“.Главниот руски преговарач Кирил Дмитриев преку Телеграм порача дека „правото и здравиот разум засега надвладеале“, додавајќи дека одлуката претставува „тежок удар“ за, како што ги нарече, политичарите кои туркаат кон продолжување на војната.Во своите јавни реакции, Дмитриев директно ги посочи претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер, обвинувајќи ги дека не успеале да издејствуваат конфискација на руските средства.„Неколку гласови на разум во рамките на ЕУ досега го спречија нелегалното користење на руските резерви за финансирање на Украина“, напиша Дмитриев, повторувајќи ја позицијата на Москва дека ваквиот потег би претставувал кражба на државен имот.Русија во повеќе наврати предупреди дека секое користење на замрзнатите руски средства ќе биде третирано како непријателски чин, најавувајќи можни контрамерки, вклучително и користење на западни средства и имот во Русија, особено оние во сопственост на приватни компании и инвеститори.По повеќемесечни несогласувања, земјите членки на ЕУ во раните утрински часови во петокот постигнаа договор за модел на финансирање на Украина за наредните две години. Според компромисното решение, Украина ќе добие бескаматен заем од 90 милијарди евра, а доколку Русија не плати воена отштета, отплатата на заемот би се вршела преку замрзнатата руска имотна маса во рамки на Унијата.Претходно, германскиот канцелар Мерц се залагаше за значително поамбициозен план, со кој преку средствата на руската централна банка – најголем дел замрзнати во Белгија – ќе се обезбедеа заеми до 210 милијарди евра. Сепак, тој предлог пропадна поради противење на неколку земји членки, меѓу кои Франција и Италија, како и поради сериозните правни и политички резерви изразени од Белгија.

Свет | пред 1 месец

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Германските медиуми предупредуваат: Брисел ја губи Србија од вид

Одлуката на српскиот претседател Александар Вучиќ да не присуствува на самитот на Европската унија оваа година, според германските медиуми, е силен политички сигнал за продлабоченото недоверие меѓу Белград и Брисел, но и за погрешните проценки на европските институции кон Западен Балкан.Германскиот весник „Берлинер цајтунг“ оценува дека Вучиќ со оваа одлука јасно ставил до знаење дека не е подготвен да учествува во процеси што, според него, не ги земаат предвид клучните интереси на Србија. Наместо да се отвори простор за дијалог, Брисел, како што се наведува, продолжува да ја игнорира реалната геополитичка слика на регионот.Според анализата, стабилизацијата на Западен Балкан е невозможна без активно вклучување на Србија, а уште помалку преку политики што се доживуваат како притисок или изолирање на Белград. Весникот наведува дека економската интеграција и политичката стабилност во регионот не можат да се постигнат без конструктивно учество на Србија, која се смета за највлијателната земја на Балканот.Во текстот се укажува дека Европската унија сè почесто делува спротивно на сопствените декларативни цели. Наместо да гради доверба и стабилност, Брисел создава празнини во својата политика, кои, како што се наведува, намерно ги користат други глобални актери, пред сè Кина, за да го зголемат своето влијание во регионот.„Берлинер цајтунг“ заклучува дека отсуството на политичка визија и недостигот од самокритика во Брисел претставуваат сериозен ризик. Ако Европската унија продолжи да ги потценува сигналите што доаѓаат од Балканот, може да се соочи со постепено губење на сопствениот авторитет и улога во регионот што со децении го смета за стратешки приоритет.

Свет | пред 1 месец

1681455724_1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Орбан: Успеавме да ја спречиме ЕУ да ѝ објави војна на Русија, но има и лоша вест

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија на самитот на Европската унија спречила, како што тврди, „директно вовлекување на Европа во војна со Русија“ и одбила да учествува во финансирањето на Украина преку нов европски заем.Во објава на социјалната мрежа Икс, Орбан наведе дека преговорите во Брисел траеле цела ноќ и дека Унгарија, заедно со своите сојузници, успеала да блокира дел од предлогот што се однесувал на користење на замрзнатите руски средства.„Зад нас е долга и тешка ноќ. Успеавме да го избегнеме непосредниот ризик од војна. Не дозволивме Европа да ѝ објави војна на Русија со користење на руските средства“, напиша Орбан.Орбан: Спречивме финансиски товар за УнгаријаУнгарскиот премиер тврди дека таквиот план би ја изложил Унгарија на огромен финансиски товар. „Тој план ќе ја вовлечеше Европа во војна и ќе ѝ наметнеше на Унгарија финансиски товар од илјада милијарди форинти. Успеавме да ги заштитиме унгарските семејства“, порача Орбан.Во исто време, тој потврди дека останатите земји членки на Европската унија донеле одлука за одобрување финансиска помош за Украина во форма на заем за следните две години.„Дваесет и четири земји членки одлучија да ѝ одобрат воен заем на Украина за наредните две години. Доколку Украина не биде во можност да го врати заемот, европските земји ќе мора самите да ја покријат отплатата“, наведе Орбан.Ги повика на соработка Чешка и СловачкаОрбан посебно нагласи дека Унгарија, Словачка и Чешка не го поддржале овој модел на финансирање, истакнувајќи дека соработката во рамките на Вишеградската група повторно е активна.„За среќа, соработката во рамките на В3 повторно е жива. Унгарија, Словачка и Чешка одлучија да не се качат на тој воз. Со тоа ги поштедивме нашите деца и внуци од товарот на овој огромен заем од 90 милијарди евра“, напиша Орбан.Тој додаде дека унгарскиот удел во тој заем би изнесувал повеќе од 400 милијарди форинти.„Унгарија останува глас на мирот“И покрај постигнатиот договор меѓу останатите земји членки, Орбан тврди дека во Брисел продолжуваат, како што вели, подготовките за војна.„Лошата вест е што воените подготовки во Брисел очигледно продолжуваат. Унгарија останува глас на мирот во Европа и нема да дозволи парите на унгарските даночни обврзници да се користат за финансирање на Украина“, порача тој.Тој заклучи дека, според него, само „влада на патриоти“ може да гарантира мир и да го спречи испраќањето унгарски пари во Украина.„Ако во Унгарија постоеше влада по диктат на Брисел, таа ќе ја турнеше земјата во војна и ќе го потрошеше секое евро за поддршка на Украина. Тоа не можеме и нема да го дозволиме“, заклучи Орбан.

Свет | пред 1 месец

EU-1

Нема да ги „допрат“ руските замрзнати пари: ЕУ обезбеди кредит за Украина од 90 милијарди евра

Европската унија донесе политички чувствителна, но стратешки клучна одлука – наместо да ги користи замрзнатите руски средства, Брисел ќе се задолжи за да обезбеди финансиска поддршка за Украина во следните две години. Со тоа, лидерите на ЕУ го заобиколија ризикот од внатрешни поделби и правни последици, а истовремено испратија порака за единство и решителност.По неколкучасовни разговори во Брисел, претседателот на самитот на ЕУ, Антонио Коста, соопшти дека е постигнат договор за обезбедување значителна финансиска инјекција за Киев.„Денес одобривме одлука за обезбедување 90 милијарди евра за Украина. Итно ќе обезбедиме заем поддржан од буџетот на Европската унија“, изјави Коста на прес-конференција.Иако идејата за финансирање преку замрзнатите руски средства формално не е напуштена, лидерите ѝ дадоа на Европската комисија само мандат да продолжи да работи на т.н. заем за репарација, признавајќи дека во овој момент тој модел е нефункционален. Клучната пречка е Белгија, каде што се чуваат околу 185 милијарди евра од вкупно 210 милијарди евра руски средства замрзнати во ЕУ, поради страв од финансиски и правни последици и можна руска одмазда.„Имаше толку многу прашања за заемот за репарација, што моравме да преминеме на План Б. Рационалноста преовлада“, изјави белгискиот премиер Барт де Вевер.„ЕУ избегна хаос и поделби и остана обединета“, додаде тој.Одлуката за задолжување првично изгледаше речиси невозможна, бидејќи бара едногласност од сите земји членки, а унгарскиот премиер Виктор Орбан отворено се спротивставуваше на секој механизам што би можел директно или индиректно да се потпира на руските средства. Сепак, компромис беше постигнат: Унгарија, Словачка и Чешка се согласија да не ја блокираат шемата, под услов таа да нема финансиско влијание врз нив.Еден дипломат од ЕУ оцени дека со ова Орбан практично извојувал дипломатска победа.„Орбан го доби она што го сакаше: нема заем за репарација. И акција на ЕУ без учество на Унгарија, Чешка и Словачка“, рече дипломатот.И покрај тоа, лидерите јасно ставија до знаење дека руските средства ќе останат замрзнати сè додека Москва не плати воена отштета за штетите нанесени на Украина. Во такво сценарио, тие пари би можеле да се искористат за враќање на заемот што сега го обезбедува ЕУ.„Ова е добра вест за Украина и лоша вест за Русија и тоа беше нашата намера“, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.Влогот за донесување одлука беше исклучително висок. Според проценките на европските претставници, без нова финансиска поддршка од Брисел, Украина би останала без средства веќе во вториот квартал од следната година – сценарио што, според стравувањата во ЕУ, би можело да доведе до пораз на Киев и дополнително да ја зголеми безбедносната закана од Русија за целиот блок.„Едноставно не можеме да си дозволиме неуспех“, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас.На самитот учествуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој повторно апелираше замрзнатите руски средства целосно да се стават во функција на одбраната на неговата земја.„Одлуката што сега е на маса – одлуката целосно да се користат руските средства за одбрана од руска агресија – е една од најјасните и морално оправданите одлуки што некогаш би можеле да се донесат“, изјави Зеленски.Одлуката за задолжување доаѓа и во поширок политички контекст, откако американскиот претседател Доналд Трамп неодамна јавно ги критикуваше европските земји како „слаби“, што дополнително ја зајакна потребата ЕУ да покаже политичка тежина, единство и способност самостојно да дејствува.

Свет | пред 1 месец

orban-zele

Планот на ЕУ за руските пари не носи мир – „Глупава идеја што ја турка Унијата кон војна“, вели Орбан

ЕУ влезе во најострата фаза на расправа за тоа што да се прави со замрзнатите руски средства, додека Унгарскиот премиер Виктор Орбан и администрацијата на Доналд Трамп дејствуваат како два различни, но моќни фактори на сопирачка во процесот.Од една страна, Орбан во Брисел јавно го отфрли планот за користење на руските пари за финансирање на Украина, нарекувајќи го „глупав“ и предупредувајќи дека Унијата со ваков потег се доближува до директно вклучување во војната. Од друга страна, висок украински функционер откри дека САД тивко вршат притисок врз европските земји да се воздржат од оваа идеја, бидејќи Вашингтон сака да го задржи замрзнатото руско богатство како предност во можни преговори со Москва.Европските лидери денеска се пред клучна одлука: дали замрзнатите средства на руската централна банка – околу 200 милијарди евра – да се искористат за заем тежок 90 милијарди евра во корист на Украина. Планот има силна поддршка меѓу повеќе членки, вклучувајќи ја Германија, но се соочува со отпор во Белгија, каде што се наоѓа „Еуроклеар“, институцијата која држи најголем дел од средствата и стравува од руска одмазда.Според извор од Киев, седум земји засега се против планот, а Зеленски е во Брисел за да се обиде да го сврти балансот во корист на неговата држава.Во меѓувреме, американски претставници сигнализираат дека замрзнатите средства би можеле да послужат како клучен аргумент во евентуален договор со Русија, а не како моментален извор на финансирање за Украина. Слични идеи содржеше и порано протечениот план на Трамп за завршување на војната, кој предвидуваше дел од руските средства да се искористат за американски проект за реконструкција по конфликтот.Европската комисија ги повикува лидерите на ЕУ да покажат единство во момент кога руската инвазија трае неколку години, а трошоците за обнова на Украина достигнуваат над 411 милијарди долари – со прогнози дека ќе надминат многу повеќе.Брисел денеска решава меѓу два спротивставени пристапи: моделот на Орбан, кој предупредува на ескалација и ризик од војна, и ставот на мнозинството европски држави, кои тврдат дека поддршката за Украина е суштински дел од европската безбедност. На целата слика влијае и Трамп, кој – уште пред да стапи на функцијата – веќе ја менува сметката околу тоа како треба да се користи руското замрзнато богатство.

Свет | пред 1 месец

media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo

Фон дер Лајен решителна: Нема да си заминам од Брисел без решение за финансирање на Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека нема намера да си замине од денешниот самит на лидерите на Европската унија во Брисел без конкретно решение за финансирањето на Украина.По пристигнувањето во седиштето на ЕУ, Фон дер Лајен порача дека Унијата мора итно да најде начин како да го затвори финансискиот јаз со кој се соочува Украина, нагласувајќи дека станува збор за клучно прашање не само за Киев, туку и за европската безбедност.„Имаме една крајна цел на овој самит – мир за Украина, но мир со сила. За тоа, Украина мора да има сигурно финансирање најмалку за наредните две години“, изјави Фон дер Лајен.Таа истакна дека на маса веќе се ставени две опции за обезбедување на потребните средства, без да навлегува во сите детали, но јасно порача дека Европската унија веќе презела обврска да ѝ помогне на Украина во покривање на нејзините финансиски потреби.Во однос на таканаречениот репарациски заем, Фон дер Лајен нагласи дека, доколку се постигне договор за ваков модел, ризиците од аранжманот мора да бидат рамномерно поделени меѓу сите земји членки на Европската унија. Со ова таа го повтори ставот што претходно го изнесе и белгискиот премиер Барт де Вевер.Инаку, на 3 декември, Фон дер Лајен официјално го претстави предлогот на Европската комисија за репарациски заем за Украина, кој би се финансирал преку користење на замрзнатата руска имотна маса. Предлогот предизвика силни политички дебати во рамки на Унијата, особено околу правните и финансиските ризици од ваквиот чекор.Денешниот самит се смета за клучен момент во обидите на Европската унија да постигне единствен став околу идната финансиска и безбедносна поддршка за Украина, во услови на продолжен воен конфликт и зголемени геополитички тензии.

Свет | пред 1 месец

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Зеленски предупредува: Без одлука на ЕУ за замрзнатите руски средства, Украина ќе се соочи со сериозни проблеми

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе се соочи со сериозни проблеми доколку Европската унија не донесе одлука за користење на замрзнатите руски средства, јавуваат светските медиуми.Зеленски изјавата ја даде пред новинарите за време на летот кон Брисел, каде што учествува на самитот на лидерите на Европската унија. Тој посочи дека средствата од евентуален репарациски заем, доколку се донесе позитивна одлука, би можеле да се користат и за обновата на Украина по завршувањето на војната.„Денес, кога зборуваме за репарации, не го ограничуваме разговорот само на обновата. Ова е војна и тие средства ни се неопходни за одржување на армијата и за поддршка на домашното одбранбено производство. Тоа вклучува европски системи, но и американски противвоздушни ракети“, изјави Зеленски.Тој додаде дека, доколку се донесе позитивна одлука, Украина е подготвена средствата да ги користи и за воени цели. Во случај на завршување на војната, по постигнување дипломатски договор, парите би биле целосно пренасочени кон обновата на земјата.Зеленски нагласи дека Соединетите Американски Држави изразиле подготвеност да помогнат во финансирањето на обновата, иако засега нема конкретни детали, додека Европа, како што рече, континуирано ја отвора оваа тема.„Одлуката за користење на замрзнатата руска имотна маса на крајот зависи од политичката волја. Без таа политичка волја, Украина ќе се соочи со сериозни потешкотии“, порача украинскиот претседател.

Свет | пред 1 месец

media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo

Фон дер Лајен од Стразбур: Европа не смее да дозволи другите да ѝ ја кројат иднината

Европа не смее да дозволи да биде обликувана од туѓи светогледи, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, реагирајќи на Националната безбедносна стратегија на САД, во која администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон Европската унија.Говорејќи во Европскиот парламент во Стразбур, Фон дер Лајен истакна дека „никого не треба да го шокира тоа што други зборуваат за Европа“, но предупреди дека Унијата не смее да дозволи надворешни перцепции да ја дефинираат нејзината иднина.Таа оцени дека Европската унија мора да се соочи со реалноста на свет кој станал „поопасен и трансакциски“, исполнет со војни и геополитички предизвици, и нагласи дека времето на комфор и носталгија е завршено.Фон дер Лајен призна дека американската стратегија точно укажува на падот на европскиот удел во светскиот бруто-домашен производ – од 25 проценти во 1994 година, на околу 14 проценти денес. Но, како што подвлече, Вашингтон пропуштил да спомене дека и уделот на САД во светскиот БДП паднал – од 22 проценти во 1994 година, исто така на околу 14 проценти денес.„Ова не е приказна само за Европа или Америка, туку за пошироки промени во светската економија“, рече таа, потсетувајќи дека Кина во истиот период го зголемила својот удел од четири на дури 20 проценти.Претседателката на Комисијата повтори дека Европа мора целосно да ја преземе одговорноста за сопствената безбедност. „Ова повеќе не е опција, туку нужност“, истакна Фон дер Лајен.Таа додаде дека Унијата годинава направила повеќе за својата одбрана отколку во целата претходна деценија. „Во последните десет години вложивме осум милијарди евра во одбранбениот фонд, а само оваа година овозможивме до 2030 година да се мобилизираат 800 милијарди евра“, нагласи Фон дер Лајен.

Свет | пред 1 месец

media-libraryoa5erbmlc0f318TAU6m

Американско-европски мировен план: Гаранции за Украина, но Русија останува клучна пречка

Американско-европскиот мировен план има за цел да ги одврати идните руски напади врз Украина преку јакнење на украинската армија, распоредување европски сили во земјата и засилено користење американски разузнавачки податоци, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите. Планот треба да биде основа за поширок договор за прекин на огнот, но и да ја убеди Украина на територијални отстапки и откажување од формално членство во НАТО.Во изминатите денови, американски и европски дипломати во Берлин одржаа состаноци со украинското раководство и во најголем дел усогласија два документа што ги дефинираат безбедносните гаранции. Во разговорите учествуваа високи претставници од повеќе европски земји, а Европската комисија оцени дека е постигнат реален и конкретен напредок благодарение на усогласеноста меѓу Украина, Европа и САД.Сепак, сеопфатен прекин на огнот засега изгледа тешко остварлив, бидејќи Русија не е вклучена во преговорите и не покажува подготвеност за компромис. Москва инсистира Украина да се откаже од делови од Донбас и категорично се спротивставува на присуство странски сили поврзани со НАТО на украинска територија.Според планот, украинската армија би се стабилизирала на околу 800.000 војници, со модернизирана обука и опрема. Европските сили би биле распоредени во западниот дел од Украина, далеку од линиите на потенцијален прекин на огнот, додека САД не планираат испраќање свои трупи, туку би обезбедувале разузнавачка и техничка поддршка за надзор на договорот и следење на евентуални руски активности.Документите се очекува да бидат финализирани во наредните денови, по што ќе бидат доставени до Русија, а потоа се најавуваат нови рунди разговори со украинската страна.

Свет | пред 1 месец

mucunski-c

Западен Балкан заедно во ЕУ – никој не смее да остане на маргините, порача Муцунски од Брисел

Муцунски од Брисел порача дека Западен Балкан треба истовремено да чекори кон Европската Унија, без разлики и без држави што би останале изолирани. Неговото обраќање на настанот „Здравица за добрите соседи: Еве колку се добри Западните Балканци…“, под покровителство на еврокомесарката Марта Кос, беше насочено кон заедништвото како единствено одржливо решение за регионот.Муцунски истакна дека пристапниот процес не смее да создава нови поделби, ниту да дозволи одредени земји да напредуваат, а други да заостануваат.– Тоа не мора да се случи во исто време. Знам дека системот не функционира така, но треба да бидеме таму заедно. Ниедна држава во регионот не треба да биде изолирана од полноправно членство во ЕУ и од нас зависи да работиме врз основа на стандарди, врз основа на критериуми и да гледаме кон иднината. Помалку да гледаме кон минатото, а повеќе кон иднината, бидејќи иднината е она што може да нè обедини, истакна Муцунски.Настанот во Брисел беше посветен на културното богатство и европската перспектива на регионот, со особен акцент на традицијата на виното. Во тој контекст, Муцунски посочи дека винската приказна убаво го отсликува духот на соработката на Балканот.– Ние сме исклучително горди што многу од земјите во регионот го нарекуваат виното свое, а барем дел од процентот на грозје во нивното вино е македонско. Нема да ги именувам земјите во моментов за никој да не се навреди, бидејќи тоа секогаш е малку ризично во нашиот регион, но она што тоа го покажува е дека кога работиме заедно можеме да го направиме најдобриот производ. Производот што сите го сакаат и производот што е вистински европски, нагласи Муцунски.Еврокомесарката Кос, пак, потсети дека Европската Унија не смее да ја гледа интеграцијата на Западниот Балкан само низ бројки, поглавја и технички мерки.– Моите кандидати за членство се повеќе од само трчање по преговорите, по исполнување обврски, постојано велење да… Вистинската цел на оваа вечер е да покажеме дека ние сме луѓе и треба подобро да се познаваме, рече Кос, нагласувајќи дека регионот е познат по гостопримството, што силно се чувствува и на вакви настани.Таа додаде дека државите од Западниот Балкан вложуваат огромна страст и енергија во пристапниот процес.– Мислам дека понекогаш треба да им кажеме: Не мора да го правите тоа. Вие сте Европејци. Вие сте дел од нас. Она што го правиме сега е формалност и тоа ми дава енергија да работам со вас, рече Кос, најавувајќи дека ќе се залага регионот да стане попознат меѓу земјите членки. Таа откри дека по завршување на техничките преговори за членство со секоја држава, ќе го искачи нејзиниот највисок врв – во македонскиот случај, тоа е Кораб.Албанскиот премиер Еди Рама, домаќин на настанот во новите простории на Мисијата на Албанија при ЕУ, додаде доза хумор во целата вечер.– Еднаш некој ме праша како се справувам со сите тие работи. Реков: Им велам да, за сè што ќе ми кажат… Тоа е лудо. На ЕУ и велите те сакам, а ЕУ ви вели: Во ред, но што е со вашата усогласеност. Вие велите: Но, те сакам, а Европа вели: Добро, но има некои критериуми, рече Рама, сугерирајќи ја апсурдноста на долгите процедури.Во здравицата на крајот, Рама додаде дека Балканот и Европа веќе се испреплетени.– Ние станавме толку многу Европејци, што овде веќе не знаете кој е Балканец, кој е од ЕУ. Тоа е добро за оние од ЕУ. Добро е за нив да личат на нас.Вечерта заврши со порака дека интеграцијата не е само формален процес, туку заедничка визија заснована на вредности, култура и меѓусоседска блискост – токму она што, според говорниците, може да го приближи регионот побрзо и поуспешно кон ЕУ.

Македонија | пред 1 месец

media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo

Критични денови за Европа: ЕУ под силен притисок да спречи мировен договор за Украина без нејзино учество

Европската Унија се соочува со една од најтешките недели во последните години, додека се обидува да го зачува своето влијание во преговорите за потенцијален мировен договор за Украина и истовремено да обезбеди финансиска стабилност за Киев. Сè поголемите стравувања дека САД и Русија би можеле да склучат договор без Европа ја засилуваат политичката тензија во пресрет на клучниот самит на ЕУ во четврток, пренесува Politico.Притисокот се зголеми по критиките од Вашингтон и особено по изјавите на Доналд Трамп, кој европските лидери ги нарече „слаби“, а Европа „во распаѓање“. Затоа Брисел оваа недела ја оценува како пресвртна точка за европското единство и за нејзината улога во обликувањето на мировниот процес.Најважните разговори денес се префрлаат во Берлин, каде украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретне со лидерите на Германија, Обединетото Кралство и со претставници на администрацијата на Трамп, меѓу кои Џаред Кушнер и специјалниот пратеник Стив Виткоф. Засега не е јасно дали францускиот претседател Емануел Макрон ќе присуствува, но тој викендов телефонски разговарал со Зеленски.Германскиот кабинет потврди дека по почетната средба ќе се приклучат и други европски шефови на држави и влади, како и раководството на ЕУ и НАТО.Средбата доаѓа по негативните реакции на мировниот нацрт-план од 28 точки, изработен од Виткоф со, како што тврдат европски и украински извори, учество на претставници на Кремљ. Планот беше одбиен од Киев и повеќе европски престолнини, по што е предложена алтернативна верзија.Украина и нејзините европски партнери минатата недела доставија амандман од 20 точки до Вашингтон, чијашто содржина е доверлива. Главниот нерешен проблем е иднината на украинските територии под руска окупација.Според дипломатски извори, Трамп предложил повлекување на двете армии и воспоставување демилитаризирана „слободна економска зона“ отворена за американски инвестиции. Киев го одбил предлогот. Европејците предупредуваат дека инсистирањето на САД за територијални отстапки создава сериозни тензии.Како можен сигнал за компромис, Зеленски изјави дека Украина би можела да не инсистира на членство во НАТО доколку добие силни билатерални безбедносни гаранции од САД и Европа.Паралелно со дипломатските разговори, во Брисел следува тешка расправа за обезбедување средства за Украина. ЕУ планира да користи 185 милијарди евра замрзната руска државна имовина во белгискиот депозитар Euroclear, како и дополнителни 25 милијарди евра од други замрзнати средства.Италија, Малта, Бугарија и новата чешка влада се приклучија кон скептицизмот на Белгија, што значително го отежнува постигнувањето политички консензус. Формално можат да бидат надгласани, но отпорот создава голем ризик за договор.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања