„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ѓубре

media-library8qjfm7qbgp3c1qa2Wf2

(Видео) Морето исфрли тони пластика од Албанија во Дубровник: Познатата плажа Бање претворена во депонија

Плажата Бање, една од најпознатите туристички локации во Дубровник и дел од старото градско пристаниште, повторно се најде под дебел слој пластичен отпад што морето го исфрли на брегот. На снимките од терен се гледа огромно количество шишиња, амбалажа и разни пластични предмети расфрлани по песокот, а дел од етикетите откриваат дека поголемиот дел од отпадот потекнува од Албанија.Локалниот портал „Дубровачки дневник“ пренесува дека силното јужно време, кое често го зафаќа јадранскиот брег, секогаш носи отпад во овој дел на градот. Граѓаните коментираат дека вакви сцени се повторуваат со години и дека проблемот одамна го надминува локалното ниво.Според хрватските медиуми, ситуацијата е отворено прашање меѓу земјите од регионот, а за решавање на проблемот веќе биле водени разговори и биле утврдени чекори како да се запре пристигнувањето на отпадот со морските струи.Меѓутоа, како што може да се види и од последната слика од Дубровник, пластиката повторно го преплави брегот — оставајќи го еден од најживописните делови на градот под дебел слој ѓубре.

Свет | пред 1 месец

media-libraryjoc5i9tijl1pcteMLkF

Добра одлука на Ѓорѓиевски за забраната да се фрла ѓубре по 22 часот: Софија Куновска посочи пример од Швајцарија

Според Софија Куновска, поранешта советничка во Град Скопје од СДСМ, одлуката на градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, да забрани фрлање ѓубре во контејнерите по 22 часот е добра одлука. Таа направи споредба со регулативата во Швајцарија.„Во Швајцарија пред 40 години првпат видов поставени камери кои набљудуваат кога и какво ѓубре одложува секој станар во или (скраја да е) покрај контејнерите.Ако е оставено несоодветно спакувано или вон предвиденото време ви го враќаат на врата со љубезен поздрав и прашање дали знаете дека тоа ѓубре се фрла тогаш и тогаш, таму и таму, спакувано во таква и таква боја на најлон.И тоа е прва и последна опомена пред да ви стигне казна по пошта“, напиша таа.

Скопје | пред 1 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-34-9420PM

Ноќна стража за ѓубрето, во Скопје се воведува нов режим - по 22 часот не смее да се фрла отпад

Од денеска во главниот град започнува да важи новото правило со кое се ограничува фрлањето отпад после 22 часот – мерка што Град Скопје ја воведува со намера да се стави ред во одлагањето на сметот и да се спречат нерегуларностите околу користењето на контејнерите.Спроведувањето на забраната ќе го надгледуваат комуналните инспектори и редарските служби, кои од утре преминуваат на работа во три смени, покривајќи го теренот непрекинато, 24 часа дневно. На располагање се вкупно 20 комунални инспектори и исто толку редари, кои ќе патролираат низ сите делови на градот.Како што посочуваат од надлежните служби, фокусот ќе биде ставен на проверка на тоа каде и како угостителските објекти и фирмите го оставаат својот отпад.„Штом утре одлуката биде објавена во Службен весник, службениците ќе добијат ново распоредување во тросменска работа. Вклучени ќе бидат сите инспектори и редари, а казните ќе се изрекуваат непосредно на терен“, изјави новиот директор на „Комунална хигиена“, Драги Митковски за Сител.Тој додаде дека доколку се затекне поголема количина несоодветно одложен отпад, ќе се спроведува детална контрола кај фирмите. Казните остануваат непроменети – 50 евра за граѓаните, а од 1.300 до 1.800 евра за правните субјекти.Мерката има за цел да ги спречи угостителските и деловните субјекти да ги полнат контејнерите што се наменети за домаќинствата и да придонесе кон поорганизирано и навремено собирање на сметот низ градот.

Скопје | пред 1 месец

media-librarypvinp9t45oisaMkkXGW

Глоба од 50 евра за фрлање смет од 22 навечер до 6 наутро во Скопје

Советот на Град Скопје донесе одлука за забрана за фрлање смет во контејнерите од 22 до 6 часот.За непочитување ќе следи глоба од 50 евра.Со ваквата забрана рекоа од градската администравија, контејнерите ќе се празнат поефикасно и нема да се создаваат депонии околу нив.„Ваквата практика јас сум ја сретнал во Истанбул и беше ограничена на 15 минути пред 5 часот кога смеете да фрлите ѓубре. Во Токио точно за секој камион за различен вид отпад исто беше точно предвидено времето кога се изнесува ѓубрето, кога се собира. Се надевам дека оваа практика ќе биде уште подобра кога ќе бидат воведени и различни корпи за селекција“, рече Даме Димитровски, претседател на Советот на Град Скопје.Советничката на Левица, Катерина Јовановска, оваа одлука ја оцени како скандалозна.„Не може вината за нефункционалноста на комуналното претпријатие да се префрла врз граѓаните. Ограничувањето кога смеат да фрлаат ѓубре, па уште и со казни е невиден скандал“, рече Јовановска.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryompq4tn9s3m58aYsUQ1

(Видео) Скопскиот татко по 72 часа мандат: Собрано петпати повеќе ѓубре од тоа што вообичаено се собира за викенд

Во првите 72 часа откако ја презеде функцијата градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски спроведе голема акција за чистење на главниот град, во која биле собрани повеќе од 4.500 тони отпад.Во акцијата учествувале над 2.500 работници, а биле исчистени речиси сите микролокации со контејнери и диви депонии, како и речното корито на Вардар, кое, според градоначалникот, „по долги години конечно тече нормално“.„Плоштадот ‘Македонија’ е исчистен, кејот беше целосно третиран, исто како и Градскиот парк, Жена парк и сите останати места кои во минатото беа симбол на срам за градот. Нема да дозволам повторно да ја гледаме грдата слика на валкано Скопје“, изјави Ѓорѓиевски вечерва на плоштадот, по завршувањето на акцијата.Според податоците од Град Скопје, во текот на првите три дена биле изречени повеќе од 40 казни и 70 опомени за физички и правни лица кои несоодветно го одлагаат отпадот.Градоначалникот најави дека контролите ќе продолжат, а сите кои ќе фрлаат смет на јавни површини ќе се соочат со санкции.„Ова е само почеток на создавањето ново лице на Скопје – чисто, достоинствено и европско“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryujg4o8f6bhd89vh2A6X

(Фото) Комунална хигиена-Скопје колабираше? Депонии по домови во Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски во обајава на ФБ вели дека состојбата со ѓубрето во општината е алармантна и презеде вонредна акција.ВОНРЕДНА АКЦИЈА, КХС СКОПЈЕ КОЛАБИРАШEОд рано утрово, поради алармантната состојба, општина Бутел спроведува вонредна акција за собирање на сметот низ територијата на општината!Поради нефункционалност и целосниот колапс на ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје граѓаните се соочуваат со депонии пред нивните домови.Акцијата ја започнавме со собирање на сметот од зелените канти пред домовите на нашите граѓани, а отпадот го одлагаме на депонијата Дрисла.Голема благодарност до комуналните работници за нивната ангажираност во интерес на граѓаните на општина Бутел.Продолжуваме и следните денови!, напиша Костовски

Скопје | пред 1 месец

media-librarymmabq3v150mj0Q0lZiu

Обвинителството со детали за апсењето на директорот на Комунална хигиена, познато е за кое дело го сомничат

Директорот на Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“, Сабахадин Рустеми, е приведен утрово по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје.„По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.Загрозување на животната средина и природата со отпад:Член 230(1) Тој што со оставање, фрлање, собирање, со непрописно транспортирање на една или повеќе поврзани пратки, со преработка или отстранување на отпадот, со создавање на депонии спротивно на прописите за заштита на животната средина, пропуштање на вршење надзор над собирањето, со транспортот и преработката, со непрописно управување со отпадот, или на друг начин ќе предизвика или може да предизвика значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот или водата или опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на растителен или животински свет во поголеми размери, или на ретки видови на растенија или животни, ќе се казни со затвор од една до десет години.(2) Ако делото од ставот (1) на овој член е сторено со опасен отпад што содржи супстанции кои имаат својство на експлозивност, реактивност, запаливост, надразливост, токсичност, инфективност, канцерогеност, мутагеност, тератогеност, екотоксичност или својство на испуштање отровни гасови преку хемиска реакција и биолошко разложување, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку четири години.(3) Ако делото од ставот (1) на овој член е сторено од небрежност, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години, а во случајот од ставот (2) на овој член сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.(4) Тој што неовластено тргува со отпад, ќе се казни со затвор од една до пет години.(5) Ако делото е сторено од организирана група составена од три или повеќе лица сторителот ќе се казни за делото од ставовите (1) и (4) на овој член со затвор најмалку четири години, а делото за ставот (2) на овој член најмалку осум години.(6) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.Според првичните информации, станува збор за сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, а акцијата се спроведува под надзор на јавен обвинител. Од МВР и Обвинителството засега не ги откриваат деталите, но најавуваат дека јавноста ќе биде информирана откако ќе заврши обезбедувањето на доказите.Рустеми во изминатиот период беше во фокусот на јавноста поради состојбите во претпријатието и конфликтите со Управниот одбор, кој обвинуваше дека работата е блокирана и нефункционална, а претпријатието се соочува со намален капацитет за собирање отпад и хаос во координацијата со Градот Скопје.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarydm330gh82fa22tey3aN

Приведен е Рустеми, директорот на Комунална хигиена

Полицајци од СВР Скопје приведоа две лица вработени во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, поради сомнение дека го прекршиле Кривичнот законик, а по хаосот со сметот во Скопје. Еден од приведените е и Сабахaдин Рустеми, директор поставен од градоначалничката Данела Арсовска, дел од партијата ДУИ.„Полициски службеници по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје денеска лишија од слобода две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик“, велат од МВР.Рустеми дојде во „Комунална хигиена“ како петта смена направена од Данела Арсовска. Од неговите објави на социјалните мрежи можеше да се види дека е поддржувач на Блерим Беџети, кадровник на ДУИ.За време на неговиот мандат, Скопје има проблеми со сметот кој доцна се собира, не се собира, или делумно се собира.За ова, Обвинителството отвори случај, а МВР одзела и документација.

Скопје | пред 2 месеци

image-169785

Поради ризик од зарази: воведени итни мерки за чистење, дезинфекција и заштита на граѓаните

Министерството за здравство ги објави итните мерки и препораки на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во врска со актуелната состојба со отпадот во Скопје, со цел спречување на можни заразни заболувања и заштита на населението.Граѓаните се повикуваат да ја одржуваат личната хигиена, да користат ракавици, маски и дезинфициенси при ракување со отпад, да го фрлаат отпадот совесно и само на означени локации, да ги затвораат капаците на контејнерите и да избегнуваат физички контакт со отпад или со исцедок од него. Се препорачува внимателност при шетање миленици и избегнување на застојана вода, како и заштита на сите лица кои професионално доаѓаат во контакт со отпад.Меѓу итните мерки Министерството бара итно отстранување на насобраниот отпад, вклучувајќи расфрлани ѓубришта во близина на болници, училишта, паркови и детски игралишта. Предвидени се вонредна дезинфекција, дератизација и дезинсекција, како и поставување физички бариери каде што отпадот не може веднаш да се исчисти.Се препорачува редовно празнење на контејнерите најмалку еднаш дневно, нивна дислокација подалеку од јавни простори и обезбедување заштитна опрема и задолжителна вакцинација за работниците во комуналните служби.Институтот за јавно здравје воведува и засилен епидемиолошки надзор со фокус на заболувања како лептоспироза, дијареи и зоонози, а граѓаните ќе бидат едуцирани преку јавни кампањи за хигиена и препознавање симптоми на можни инфекции.Како долгорочни решенија, Министерството предлага интегриран систем за управување со комунален отпад, редовна едукација за селекција на отпадот, воведување казни за несовесно одлагање и вклучување на локалните заедници во решавањето на проблемот преку програми за наградување и рециклирање.

Македонија | пред 2 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-34-9420PM

Аеродром поднесе кривична пријава против „Комунална хигиена“

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против скопското Јавно претпријатие „Комунална хигиена“ поради загрозување на животната средина. Пријавата е доставена до МВР и Обвинителството, откако претпријатието со денови не го собирало ѓубрето низ главниот град.Од Општината информираат дека нивните екипи во изминатите три дена биле принудени самостојно да соберат 24 тони комунален отпад од домаќинствата во Аеродром – работа што е обврска на градското јавно претпријатие.„Свесни сме дека поради оваа вонредна ситуација можеби беа запоставени дел од редовните активности – чистење на плочници и сервисни улици, косење и уредување зеленило, празнење на џебни канти, собирање лисја, гранки и кабаст отпад. Се извинуваме на сите жители за непријатностите и бараме разбирање“, стои во соопштението на Општина Аеродром.

Скопје | пред 3 месеци

Vankovska

Ванковска: Ѓорѓиевски ветува 72 часа за чистење на ѓубрето, како Трамп што за 24 часа ја заврши војната во Украина

За професорката Билјана Ванковска, ветувањето на кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, дека ќе го исчисти градот од ѓубрето за 72 часа е наликува на ветувањата на Трамп дека ќе ја заври војната во Украина за 24 часа.Смешното тврдење на Орце дека за 72 часа ќе го исчистел градот од смет ме потсетува на она на Трамп дека за 24 часа ќе го решел украинско-рускиот конфликт. Само Орце „помудар“, па си дал екстра време, пишува Ванковска во објава на ФБ.Шегата настрана, тезата дека она што е системски и долгорочен проблем може да го реши ЕДЕН ЧОВЕК, и тоа под услов да е од владејачка партија има БУМЕРАНГ ефект! ВМРО-ДПМНЕ е носител на власта на локално ниво со години, а ефектите се видливи не само во Скопје, туку низ цела држава. Смет, депонии, пожари, нечисти улици, запуштени урбани и рурални средини... Ова не се решава со часови, ниту со чудотворци, туку со услуги, јавни служби, систем, правни санкции, одговорност...Се надевам ниту скопјани, ниту другите нема да паѓаат на вакви пропагандни будалаштини.Ако и мислат дека имаат моќ, нека повелат веднаш, нека не чекаат октомври и изборен ден.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryq1o20pjcbqn6cHVWhjM

(Видео) Скопје - град заложник на ѓубре! И ѓубриња.

Улиците на главниот град се претворени во мини депонии – преполни контејнери, купишта отпад расфрлани околу нив, смрдеа и пешачки патеки низ кои не може да се помине.Од Ѓорче до Центар, преку Карпош и Влае – глетката е иста, а граѓаните реагираат дека ова трае со денови. Град што треба да биде метропола, денес е заложник на сопствениот отпад. „ГРАД ЗАЛОЖНИК НА ЃУБРЕ! И ЃУБРИЊА.“ – натпис што не е случајно избран.Прашањето е што собираат камионите на ЈП „Комунална хигиена“? Ако задачата им е да го остават ѓубрето расфрлано околу контејнерите и на булеварите – работата им оди „одлично“.Од Ѓорче до Центар, преку Карпош и Влае, состојбата е очајна. Дел од контејнерите преплавени, некои се празни, дел од тротоарите блокирани, миризбата неподнослива.Дел од граѓаните се жалат дека не се поминува на пешачките патеки.А институциите? Едни велат „не е наша надлежност“, други велат „ќе се среди“. Во меѓувреме, градот се претвори во отворена депонија. И тоа со денови, не со часови.„Скопје навистина не заслужува вакво понижување. Но очигледно, ѓубрето си има свои заштитници“, се коментира на Фејсбук од жители.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryqufotg8hrlgh1vN1GXd

(Фото) Герасимовски објави слики - го чистеше ѓубрето во Општина Центар заедно со хигиеничарите

Синоќа, до доцна по полноќ, градоначалникот Горан Герасимовски заедно со екипите на општинските хигиеничари го расчистуваа натрупаниот смет околу контејнерите во повеќе локации во Центар, откако ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје повторно потфрлија и го оставија цело Скопје, не само Центар затрупано во смет.„Да не дозволиме сето она што не го прави комуналното претпријатие и неговата негрижа да остане проблем на граѓаните, ние сме тука за заедно да ги решаваме проблемите. А сега продолжуваме сите заедно да го чистиме Центар поради негрижата на градот“, изјави Герасимовски на терен.Герасимовски посочи дека акцијата продолжува динамично, со цел што побрзо да се нормализира состојбата.„Продолжуваме на следна локација, вечерва колку што ќе стигнеме да исчистиме, да ги наполниме контејнерите. Сабајле продолжуваме заедно со хигиеничарите да ги средуваме другите населби, една по една.Сите контејнери се полни, и на булеварите. Центарци нема каде да се паркираат, и паркинг местата ги узурпирале со смет. Се надевам дека градската власт ќе се свести и од утре ќе си ги преземе одговорностите и ќе ни го направи почист градот. Ако тие не го направат тоа, нашите служби повторно ќе ја завршат работата на градот“, додаде Герасимовски.Општина Центар информира дека општинските хигиеничари и во текот на денешниот ден продолжуваат со расчистување на сметот во сите населби.

Скопје | пред 3 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-34-9420PM

„Карпошани не заслужуваат да им смрди отпад под носот“ - Јакимовски вели ова е најпростачката пресметка со граѓаните

Грда слика викендов од Карпош, контејнерите повтпрно се преполни со ѓубре, за што реагира актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски. Тој го повика премиерот Христијан Мицкоски да најде решение, за како што вели, „најпростачката пресметка со граѓаните“„Ова што се прави деновиве со ѓубрето низ Карпош е најпростачкиот начин за пресметка со граѓаните. Наместо институциите да си ја вршат својата работа – ни прават саботажа.Граѓаните на Карпош не заслужуваат да им смрди отпад под носот, ниту пред колективни згради, ниту пред нивните куќи.Господине премиере, имаш министер за локална самоуправа, имаш министер за екологија, ја водиш државата и имаш двотретинско мнозинство. Наместо да се занимавате со игри и пресметки, најдете решенија!“, вели Јакимовски.

Скопје | пред 3 месеци

BRITANCI

(Видео)„Цунами од ѓубре во Вардар“! Млади туристи не можеа да го продолжат пловењето по реката

Млади туристи од Британија останаа комплетно изненадени по нивната авантура пловејќи по Вардар. На потегот од Желино кон Гостивар пловењето им беше оневозможено од, како што велат и самите „цунами од ѓубре во Вардар“.-Ќе се обидеме утре повторно од Скопје, буквално од тука, од ова место, не може да се продолжи по реката, велат тие во видеото што го снимија.фото: Инстаграм

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања