„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

ungarija-protesti

(ВИДЕО) Двајца пратеници исфрлени од зградата на унарската телевизија

Двајца независни пратеници од Унгарија биле исфрлени од зградата на унгарската државна телевизија откако се обиделе да прочитаат петиција.Инцидентот се случува еден ден откако полицијата употреби солзавец против демонстрантите во Будимпешта, јави Радио Слободна Европа.Како што се гледа на видеото објавено на Фејсбук страницата на пратеничката Бернадет Сел, таа и колегата Акош Хадази се исфрлени од МТВА од страна на обезбедувањето.Претходно во неделата, неколку илјади демонстранти се собраа пред седиштето на МТВА, скандирајќи антивладини слогани. Откако на делегација од опозициски пратеници им беше дозволено да влезат во зградата, полицијата употреби солзавец да ги растера демонстрантите.Владата на премиерот Виктор Орбан за протестите вели дека се финансирани од Џорџ Сорос и тврди дека исфрлените пратеници насилно го нападнале персоналот во телевизијата.

Свет | пред 7 години

obvinitelstvo1

Жител на Кавадарци обвинет за обид за убиство и противправно лишување од слобода

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес поднесе Обвинителен акт против 37-годишен жител на Кавадарци за сторено кривично дело – Убиство од чл.123 ст.1 во врска со чл.19 (во обид) и кривично дело – Противправно лишување од слобода од чл.140 ст.1 од Кривичниот законик.На обвинетиот му се става на товар дека на 06.06.2018 година најпрвин по телефон ја повикал оштетената да му се придружи на патувањето за Прилеп. Таа прифатила и обвинетиот ангажирал такси-возило, но со него наместо кон Прилеп се упатиле во правец на с. Бегниште.Кога дошле до крајот на селото, тој и рекол на оштетената да излезат од возилото и продолжиле да се движат пеш по блиските ниви. Во еден момент, обвинетиот извадил нож и со него ја прободел оштетената во стомакот од десната страна под градниот кош, нанесувајќи и со тоа тешка телесна повреда со конкретна опасност по животот.Потоа си заминал оставајќи ја оштетената сама.жПо неколку часа се вратил и со помош на лице – сведок во постапката ја однел во неговата куќа и таму ја оставил, иако оштетената имала болки и крварења и го молела да ја однесе на лекар. Со ваквите дејствија тој противправно и ја ограничил слободата на движење.Пак се вратил и утредента, на 07.06.2018 година, на инсистирање и молба од оштетената со такси ја однел до с.Сопот, во близина на куќата на нејзините баба и дедо, ја исфрлил од такси возилото во бесвесна состојба и таму ја оставил.Истовремено со Обвинителниот акт доставен е Предлог за продолжување на мерката притвор спрема обвинетиот, бидејќи се уште постојат основите поради кои истиот е определен. Имено, обвинетиот е пријател на оштетената и кривичното дело го сторил искористувајќи ја нејзината доверба и пријателство, што претставува околност која го оправдува стравот дека тој би можел да го повтори кривичното дело.Исто така, по извршувањето на кривичното дело, обвинетиот се криел во повеќе градови низ Македонија, честопати го менувал своето престојувалиште, што упатува на можност тој да се даде во бегство доколку биде на слобода.Во рамките на истражната постапка, обвинителството ја испитуваше евентуалната кривична одговорност и на други инволвирани лица, но до овој момент не се пронајдени докази кои упатуваат во таа насока.

пред 7 години

oruzje

Косовската полиција започна со акција за легализација на оружјето кај цивили

Косовската полиција започна со акција за легализација на оружјето, а проценките се дека цивилите поседуваат меѓу 240 и 260 илјади парчиња останати од деновите на војната.Колку за споредба, Косово има 1,8 милиони жители, војската би требало да има 5.000 припадници, па не е лесно да се дојде до заклучок колкави се размерите на вооружени цивили.Овој податок е дополнителен проблем за Српскта влада.Полицијата смета дека легализацијата на оружјата ќе овозможи Косово да стане побезбедна средина бидејќи според нивното мислење, далеку поголем проблем е што поголем дел од оружјето е илегално.Инаку, проблем на огромното количество на оружје не е само косовската специфичност, туку и општата загриженост дека на западниот Балкан, од Хрватска до Македонија, се ‘скриени’ меѓу три и шест милиони парчиња оружје, покажуваат податоците на Европол, пишуваат хрватските медиуми.

Свет | пред 7 години

ustav-377azh2f7fc47opw8fy5mo

Поднесени седум амандмани на уставните измени

Амандманот го предлагаат со цел да се загарантира позицијата на Република Македонија во спроведувањето на Преспанскиот договор и Протоколот за НАТО, објави МИА.До Собранието на Република Македонија во законскиот рок пристигнале седум амандмани на предлог-амандманите на Уставот и тоа два од Алијанса на Албанците, еден од Беса, еден од пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири и три од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Амандмани не поднеле пратеничките групи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ.Зијадин Села и Сурија Рашиди од Алијанса на Албанците имаат еден амандман на Предлогот на уставниот закон за спроведување на уставните амандмани со кој бараат во членот 2 став 2 зборовите „македонско/граѓанин“ да се заменат со зборот „граѓанин“, а во образложението навеле дека тоа се бара за да се овозможи еднаквост во изразување на државјанството на сите граѓани на Република Македонија.Пратениците на Беса Фадил Зендели и Теута Билали исто така бараат интервенција во истиот став на уставниот закон и но тие предлагаат овој став два да гласи „Од денот на влегување во сила на амандманот XXXIII, граѓаните на Република Северна Македонија имаат државјанство на Република Северна Македонија“.Амандман за истиот став од членот 2 на уставниот закон има поднесено и Мухамед Зекири од СДСМ. Овој пат неговото барање е допрецизрање на ставот со тоа што на крајот на реченицата да се додадат зборовите „што не ја определува ниту пак ја прејудицира етничката припадност на граѓаните“.Сличен амандман на овој има поднесено и Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тие предлагаат во членот 2 став 2 по зборот „Македонија“ да се додадат збороите „со што не ја предодредува етничката припадност на граѓаните“. Амандманот го предлгаат, како што наведуваат во образложението, за да се постигне дистинкција меѓу државјанството и етничката припадност на сите граѓани на Република Македонија. „Овој амандман докажува дека не сме и нема да бидеме северномакедонци, туку сме и ќе бидеме Македонци, како што и другите припадници се и ќе бидат Албанци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и други“, пишува во облазложението потпишано од Елизабета Канческа Милевска, Нола Исмајловска Старова, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова и Зекир Рамчиловиќ.Вториот амандман на Села и Рашиди од Алијанса на Албанците се бара во уставниот закон за прогласување на амандмамните да се додаде член 1-а и предлагаат тој да гласи „Државната граница на Република Македонија е нејзината постојна граница со Република Албанија, република Бугарија, Република Грција, Република Србија и Република Косово“. Во образложението тие меѓудругото наведуваат вакво нешто е неопходно бидејќи Република Македонија ја признала Република Косово.Пратениците од независната пратеничка група имаат поднесено амандман со кој бараат менување на членот 1 став 2 од уставниот закон и предлагаат тој да гласи: „Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија не произведуваат правно дејство, не влегуваат во сила и се неважечки доколку веднаш не се исполнат условите утврдени во ставот 1 на овој член“. Амандманот го предлагаат со цел да се загарантира позицијата на Република Македонија во спроведувањето на Преспанскиот договор и Протоколот за НАТО.Исто така тие имаат и трет амандман со кој се предлага во член 1 став 2 од уставниот закон на крајот на реченицата се додаваат зборовите „и Собранието на Република Македонија веднаш пристапува кон измена на Уставот на Република Македонија“. И ова се Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, го предлага, како што се наведува, со цел да се згарантира позицијата на Република Македонија во спроведувае на Конечната спогодба.Седницата на собраниската Комисија за уставни прашања почнува попладнево, додека пленарната седница се очекува да биде закажана од 9 јануари следната година. Ова е трета и последна фаза од уставните измени кои се правата согласно Договорот од Преспа.извор: МИА

Македонија | пред 7 години

palmi-ohrid

Увозникот на палмите е под истрага на финансиската полиција

Финансиската полиција води сериозна истрага за начинот на набавката на фамозните палми на претходната власт со сомневање за испрани голема сума пари. Но тоа не е никаква пречка за новите локални власти, град Скопје, општините Сарај, Липково, Пробиштип... да набавуваат садници од „Росен центар" од село Стримница, општина Желино.Директорот на финансиската полиција Арафат Муареми неодамна во интервју на ТВ21 изјави дека се води истрага за злоупотреба на државни пари при набавката на палмите од страна на ЈП „Македонски шуми“. Муареми вели дека пријавената вредност за садниците од компанијата е многу повисока од набавната цена.Неофицијално, Буџетот на Република Македонија е оштетен за близу 500 илјади евра само при набавката на 1.100 палми, без податок за дополнително потрошените пари за заштита на палмите, за греење, за заштитни најлони... Инаку, речиси 95 отсто од палмите се исушија.Според некои податоци, целата сума за набавка на палмите од Кина преку „Росен центар“ не била повисока од 130 илјади евра, а минатата власт прикажала дека исплатила 522 илјади евра... Единечната садница на една палма од 8 метри изнесувала 238 долари, а фактурата до ЈП Македонски шуми била 45.501 денар (околу 740 евра) или со ДДВ 53.692 (околу 873 евра).Инаку Град Скопје во јуни годинава распиша тендер за набавка на садници, а „Росен центар“ потпиша договор со градот за набавка на садници вреден 85.422 евра.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Младен Чадиковски е легитимно избран за претседател - вели управниот одбор

Управниот одбор на ЗНМ утврди дека Управниот одбор на конститутивната седница одржана на 17 декември 2018 година едногласно донесе автентично толкување на одредбите од Статутот на ЗНМ кои се однесуваат на одржаното Изборно собрание според кое Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, е легитимно избран со мнозинство гласови од редовните членови присутни во моментот на гласањето.На седницата беше предложена и едногласно избрана Фиљана Кока за Заменик-претседател на Здружението на новинарите на Македонија.Освен ова, Управниот одбор констатираше дека за време на одржувањето на Собранието не беше пристигнат ниту еден приговор за процесот на гласање од страна на присутните членови, ниту од страна на членовите на Верификационата и Изборната комисија. Сите засегнати страни кои што имаат било каков сомнеж во однос на изборната процедура можат да ги употребат достапните правни лекови.На конститутивната седница присуствуваа сите членови на Управниот одбор и сите одлуки беа донесени едногласно. Одлуката за потврдување на легитимноста на изборот на претседател на ЗНМ се донесе со консензус на сите членови на Управниот одбор, додека Претседателот Младен Чадиковски се иззема од гласањето.Членовите одржаа конструктивна дебата за да постигнат заеднички ставови со цел ЗНМ и понатаму да продолжи да го промовира принципот на солидарност како темелен принцип на заедницата, соопшти ЗНМ.Управниот одбор повика на консолидација на членовите со цел да се одржи достоинството и единството како клучни принципи за заштита на интересите на сите членови на ЗНМ.Управниот одбор констатираше дека за сите различни мислења е потребен зајакнат и институционализиран форум за дебата, со оглед на фактот дека и двајцата кандидати за претседател своите програми ги темелеа на поголема вклученост на членството во работата на Здружението преку предложени секции. УО предлага да се разговара со сите засегнати групи во еснафот и формирање секции кои ќе ги претставуваат интересите на тие специфични групи.

Скопје | пред 7 години

nektarij

Денеска е Св. Сава Осветен и св. Нектариј Битолски.

Свети Сава се роди во петтиот век, во областа Кападокија. Веќе на 18-годишна возраст се насели во еден манастир и наскоро беше потстрижен за монах. После повеќе години поминати во манастирот на блажениот Теоктист, сакајќи ништо да не го одвојува од молитвата и богомислието, тој се насели во една пештера во Палестина. Последните години ги помина како духовник во манастирот во Палестина што денес го носи неговото име. Се упокои во 533 година.Денес се слави и свети Нектариј Битолски.Потекнуваше од благочестиво битолско семејство.Кога го израснаа, мајка му и татко му стапија во манастир. Свети Нектариј се замонаши на Света Гора и ги освети својата душа и телото, непрестано стекнувајќи секакви добродетели.Се упокои во 1500 година. Неговите мошти беа откриени нераспаднати и положени во ковчег, во црквата на Јагарската келија, на Света Гора.

Македонија | пред 7 години

zalba-rodilka-maja

Обжалена пресудата за смртта на родилка и новороденче во гевгелиската болница

Основното јавно обвинителство во Велес, почитувајќи го законскиот рок по приемот, ја обжали Пресудата на Основниот суд Велес во предметот за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче.Имено, со првостепената пресуда на Основен суд Велес двајца доктори гинеколози беа ослободени од обвинение дека сториле кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од чл.217 ст.1 од Кривичниот законик, додека докторот анестезиолог беше осуден за истото кривично дело на ефективна казна затвор во траење од 4 години и му беше изречена забрана на вршење професија, дејност или должност.Сепак, надлежниот јавен обвинител смета дека во предметот станува збор за воопшто несовесно постапување на тројцата лекари од ЈЗУ Општа болница Гевгелија како последица на кое при породување настапил смртен исход кај родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче.Жалбата е поднесена поради погрешно утврдена фактичка состојба. Во неа, Основното јавно обвинителство Велес наведува дека на страната на лекарите гинеколози има пропусти кои во целина со пропустите на анестезиологот довеле до смртниот исход.

Македонија | пред 7 години

zaev-hrvtska-2

Албанските партии ја завртеа плочата – сега Заев е анти Албанец

Одлуката на Приштина да формира армија го разбранува регионот, но и светот. За денеска во 21 часот по средноевропско време, на барање на Русија, е закажана седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово. Москва инсистира дебатата да биде отворена за јавност, но Вашингтон и Лондон се противат. На седницата би требало да присуствува и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој тврди дека создавањето на косовската војска е во спротивност на Резолуцијата 1244, но и на уставот на Косово.Се очекува на седницата да се отворат длабоките конфронтации меѓу големите сили за ова прашање. САД и Британија отворено ја поддржаа одлуката за создавање косовска војска. Русија стравува дека овој потег на Приштина може да доведе до тензии не само во Косово, туку и на целиот Балкан.НАТО, пак, според познавачите на состојбите, амбивалентно ги употребува фразите „не помага“, не „придонесува кон решение“, „не е добар момент“, додека Берлин посегнува кон двојна негација „се надеваме дека нема да придонесе кон влошување“. Тој дипломатски јазик, велат тие, во превод значи – што е тука е, навикнете се.Формирањето на војската на Косово е последен од низата проблеми во последно време се јавија на релација Белград - Приштина и кои го ставаат под мраз дијалогот за статусот на Косово, што создава загриженост во целиот регион. Проценките на дел од политичките аналитичари во регионот се дека политичката динамика во Косово е целосно диктирана од внатрешни причини бидејќи постои поделба на невидено ниво во самата политичка елита. Ако движењето Самоопределување на Албин Курти важеше како некаков отпадник од мејнстрим-политичките партии, сега меѓу партиите, односно меѓу претседателот Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај има не само недоразбирања, туку очигледно и личен анимозитет кој сигурно ќе се рефлектира на односите со Србија.Но последните случувања во Косово покажуваат дека тие ќе се користат и тука за внатрешна политичка употреба со строго дефиниран изборен фокус.Затоа и изјавата на премиерот Зоран Заев кој се повика на ставот на НАТО дека не е време за косовска војска, нагласувајќи дека Балканот нема намера повторно да биде буре барут, имаше експлозивно дејство за албанските опозициски партии.За Зијадин Села од Алијансата за Албанците тоа го покажало „црното и националистичко лице на Заев, прво кон Албанците, потоа и кон Косово и САД, како најголеми поддржувачи на Косово и неговата војска“. Тој му порача на премиерот да не се меша во внатрешните работи на Косово и да си го гледа домашниот двор. Движењето Беса на Билал Касами побара од премиерот да се дистанцира од „оваа скандалозна изјава“, бидејќи формирањето на војската на Косово ја имало силната поддршка од САД. Неговата изјава, според Беса, го одразувало вистинското лице на „мултиетничката“ Македонија и ги правело да се чувствуваат навредени и Албанците на оваа земја, кои му дале полн мандат за да владее, а не „да зборува глупости и национал-комунистички варваризми“.„Заев, практично, го цитираше ставот на НАТО, а тоа и не го криеше. Сепак, политичарите Албанци во Македонија ги насочија сите стрели и копја, дрвја и камења, исклучиво кон Заев. Не кон НАТО, не кон германската влада, туку кон Заев“, вели Џабир Дерала од невладината „Цивил“.Ако Заев се меша во внатрешните работи на Косово, исто толку мешање во внатрешните работи е и жестоката одбрана на Косово, додава Дерала.Повеќе прочитајте на НЕЗАВИСЕН

Македонија | пред 7 години

vreme

Времето денеска претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег

Претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне во западните и јужните делови. Насекаде низ земјава ќе се формира нова снежна покривка, во пониските места од 5 до 10 cм, а на повисоките места и планините и над 20 cм. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика појава на снежни наноси, а поради ниските температури ќе има и појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

sobranie-5-777x437

Познато кој ќе биде амнестиран, нацрт-законот спакуван на три страни

„360 Степени“ објави дека нацрт-Законот за амнестија за крвавиот четврток има пет члена на неполни три страници.Во членот 1, став 1 и 2, прво се предвидува амнестирање на сите осомничени, обвинети и веќе осудени за кривични дела извршени на 27 април во Собранието. Потоа, во ставот 3 од истиот член 1, се наведуваат исклучоците од амнестијата.Нацрт-закон за амнестија (Член 1, став 3)„Одредбите од овој член не се однесуваат на лица осомничени, обвинети, правосилно осудени, како и лица кои издржуваат затворска казна за настаните поврзани и во врска со настаните во Собранието на РМ од 27.04.2017 година,… кои до денот на влегување во сила на овој Закон сториле кривично дело Здружување заради непријателска дејност од член 324 ст.1 од Кривичниот законик, лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила или лица кои постапиле спротивно на службените овластувања  при вршење на кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по чл. 313 од Кривичниот законик, убиство по чл.123, насилство по член 386 од Кривичниот законик.“

Македонија | пред 7 години

eurobus

Две претпоставки како причина за трагедијата на македонскиот автобус во Лесковац

Локалните медиуми од Лесковац наведуваат дека за причините за несреќата на македонскиот автобус кој се истумба засега може да се погодува. Додека едни патници од автобусот тврдат дека возачот возел брзо, други велеле дека тој нагло закочил за да не удри друго возило кое било пред него. Во дел од медиумите се појавија наводи дека возачот заспал, како и дека во моментот на несреќата разговарал на телефон, но официјално до сега причината за несреќата не е соопштена.Инаку во капелата на Општата болница во Лесковац се телата на трите загинати лица во несреќата. Српските медиуми јавуваат дека обдукцијата завршила во текот на вчерашниот ден. Во страшната несреќа животот го загубија две жени и еден маж, додека 32 лица се повредени.Во болницата во Лесковац е хоспитализиран и возачот на автобусот. Тој и натаму е на одделението за интензивна нега со повреди на потколеницата и левото рамо.Во меѓувреме, како што пишуваат српските медиуми, 14 повредени лица вчера биле пуштени од болница. Десет од нив биле преземени од тим лекари со возила на Итна медицинска помош од Македонија, испратени од Министерството за здравство, додека по четири лица дошле нивните семејства. Се очекува во следните седум дена и останатите повредени да бидат пуштени на домашно лекување.

Македонија | пред 7 години

avtobus

Нова автобуска несреќа кај Лесковац- за време на возењето му се откачиле двете гуми

Автобус кој се сообраќал на релација Ниш-Лесковац, со трcесет патници синоќа за среќа избегна трагедија. За време на возењето му се откачиле двете гуми. Дел од патниците за несреќата напишаа на Фејсбук профилите.„Ниш вечност. Божјата милост не чуваше. Фала му на Бога, никој не е повреден. Додека слушав музика во еден момент бев изненаден гледајќи голема гума која се тркала пред нас, мислејќи „не можам да верувам!“ Уште под влијание, не можев да сфатам како? Бог е милост! Бог е нашатата заштита!!!“, напишал еден од патниците на Фејсбук.За среќа повредени нема.

Свет | пред 7 години

UGTPZ-pat-sneg-kamion

Забрана за сообраќај на патниот правец Тетово - Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во северозападните делови од државата со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.„Забрани за сообраќај за тешки товарни возила се воведени на патните правци крак Маврово – Дебар во 17.25ч и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во 17.35ч.На патниот правец Тетово – Попова Шапка од 20.00ч се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси. За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија пат.Оттаму апелираат  на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Улиците во Скопје се претвараат во лизгалишта, властите не очекувале снег

Снегот во Скопје кој започна да врне попладнево веќе почна да создава проблеми за возачите и пешаците.Граѓаните се жалат дека никој не фрла сол, нема машини кои во ваква ситуација веднаш треба да излезат на терен и да го расчистуваат. Тие коментираат дека властите и годинава очигледно се неподготвени за снежни врнежи.По улиците се вози споро и крајно внимателно.Засега е исчистено само по Партизанска до Влае.Граѓаните стравуваат дека ако продолжи да врне со овој интензитет , а температурите паднат под нулата, учиците ќе замрзнат, а тоа ќе направи дополнителен прблем во сообраќајот.Тие апелираат што побрзо да се излези на терен и да се рсчистува етапно, најпрво сообраќајниците, а потоа и тротоарите.Какво утро ќе дочекаат скопјани останува да видиме?

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања