„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

kombe

ОЈО:Комбе полно со луѓе удрило во метална ограда на патот Радовиш-Штип, две лица починале

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 Скопје, поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело Криумчарење мигранти од чл.418-б ст.3 в.в со ст.2 и обвинителен предлог за едно лице за помагање при извршување на истото кривично дело од чл.418-б ст.2 в.в со чл.24 од Кривичниот законик.Oбвинителството утврди дека на 22.6.2018 година, второобвинетиот со намера да му помогне на првообвинетиот му го продал своето товарно моторно возило марка „Ивеко“. Потоа, 25.6.2018 година првообвинетиот во близина на с.Костурино, Струмичко, прифатил група од 23 илегални мигранти од кои 18 биле од Бангладеш и пет лица од Шри Ланка. Со намера да ги превезе до кумановско-липковскиот регион, ги сместил мигрантите во товарниот дел од возилото и иако не поседувал возачка дозвола за управување на моторно возило, се упатил во правец кон Штип. Движејќи се на магистралниот пат А-4 во правец од Радовиш кон Штип, заради неприлагоденост на условите и конфигурацијата на патот, изгубил контрола над возилото и со голема брзина удрил во метална заштитна ограда. Од ударот металната ограда се скршила и го пробила возилото, навлегувајќи и во товарниот простор каде биле сместени мигрантите. Во несреќата две лица починале, шест се здобиле со тешки, додека 15 лица се здобиле со полесни телесни повреди. Возачот побегнал од местото на несреќата.Обвинителот, имајќи предвид дека околностите што постоеја во моментот на определување на мерката притвор се уште постојат, до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и барање за продолжување на мерката притвор за обвинетите, се наведува во соопштението од Основното јавно обвинителство.​

Македонија | пред 7 години

Avtobus-nesrekja-Leskovac

Неофицијално, неприлагодена брзина на патот и голомразица, причина за несреќата кај Лесковац

Неофицијално возачот на струшкиот автобус кој патувал на линија Битола-Виена, возел со 98 километри на час. Ова се наведува како можната причина за несреќата, поготово што патот бил завеан со снег. Обвинителството му одреди 48 часа притвор, пренесуваат српските медиуми, кои пишуваат за сообраќајната несреќа во која загинаа тројца македонски граѓани, а 32 беа повредени. Причините за несреќата уште не се утврдени, истрагата во Србија трае бидејќи има и други наоди што треба да ја дадат точната информација.Шестемина македонски државјани, кои се здобија со сериозни повреди, се хоспитализирани во Клиничкиот центар во Ниш. Двајца од нив се на машини за дишење, едниот има повреди на главата, а другиот на вратниот ‘рбет. Лекарите допрва ќе треба да направат проценка дали ќе треба да бидат оперирани.Од компанијата сопсвеник на автобусот кажаа дека на автобусот му била направена техничка проверка. Тие се повикуваат и на изјава од патник која ја слушнале на српските медиуми, дека коловозот бил замрзнат, некое возило излегло пред автобусот, кое веројатно се излизгало, па за да го избегне возачот автобусот излетал од патот.Според друго сведоштво на патник, до несреќата дошло поради лошите снежни услови, голомразицата, неприспособената брзина.Едно е сигурно возачот на автобусот ја изгубил контролата, излетал од автопатот, по што се превртел повеќепати.Точните причини за несреќата ќе ги кажат институциите кои ја истражуваат оваа несреќа.Инаку , автобусот од Македонија тргнал на пат во саботата околу 20 часот, патниците биле од повеќе градови од земјава. Во неделата повредените ги посетија и министерот за здравство Венко Филипче и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Македонија | пред 7 години

sneg-skopje-1jpg

Започна да врне снег во Скопје

Започна да врне снег во Скопје. Снегот дава допонително убава претпрзнична атмосфера.Метеоролозите подолг период најавуваа дека пред Св Никола ќе има снег во земјава. Прогнозата за денеска е претежно облачно и студено со повремени локални врнежи главно од снег. Во делови од југоистокот може да очекуваме врнежи и од дожд.Во Скопје, ниските температури ќе достигнат до – 4 Целзиусови степени во утринските часови, а максималната температура ќе биде до 2 степени во текот на денот.Повеќе врнежи ќе има во попладневните часови и тоа во западните делови од Македонија.

Скопје | пред 7 години

bugarski-pasos

Адреса на илјадници македонци кои добиле бугарски пасош била бандера за струја

Бандера за струја во едно село близу Благоевград е „адресата“ на илјадници Македонци со бугарски пасош, како дел од големата шема за продавање бугарски државјанства за пари, вели Катја Матева во разговор за „ЕУ Обсервер“, пренесува МЕТА.Таа е поранешен директор за државјанства во бугарското Министерство за правда. Работела таму до 2016 година, кога добила отказ бидејќи, како што вели, одбила да учествува во нелегалното доделување бугарски државјанства за пари.Матева вели дека кметот на селото близу Благоевград регистрирал адреса на бандерата за да ја запише како бугарска адреса на државјаните на Македонија кои побарале уверение за бугарско потекло.Илјадници луѓе се регистрирани на оваа бандера – објаснува поранешната директорка во министерството за правда за „ЕУ Обсервер“.Во октомври бугарската полиција уапси неколку видни имиња, меѓу кои и Петар Харалампиев, директорот на на државната Агенција за Бугарите во странство. Но Матева вели дека со неговото апсење ништо не престанало и сè уште се плаќа од 500 до 7.000 евра, и тоа не само од измамниците, туку мито се бара и од луѓе на кои им е целата документација средена.

Свет | пред 7 години

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров: Се злоупотребуваат информации стари 8 годи, со обид за тенденциозна лична дискредитација за да му се наштети на заокружувањето на договорот од Преспа

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров, преку својот ФБ профил ги прокоментира последните написи за него на Организацијата Викиликс , која пак тврди дека во два наврати бил заштитен извор на амбасадата на САД.“Деновиве гледам извадиле стари информации објавени во 2010 година кои всушност потврдуваат дека конзистентно сум работел на исполнување на стратешките цели - НАТО и ЕУ членството - и сум комуницирал со САД, нашите стратешки партнери, во функција на остварување на државните интереси на Македонија. Истите партнери што во 2004 година, кога бев амбасадор во Вашингтон, го признаа уставното име на Република Македонија. Фактот што после цели осум години се злоупотребуваат истите информации, со обид за тенденциозна лична дискредитација за да му се наштети на заокружувањето на договорот од Преспа, токму во финалето на процесот, индицира дека зад овие игри се сили кои се против реализацијата на европските и евроатлантските интеграции на Република Македонија“, напиша Димитров на својот ФБ профил.Инаку според организацијата која со години објавува тајни строго доверливи дипломатски преписки украдени од американските институции Димитров бил на листата на “заштитени” во 2008 година кога беше преговарач во спорот за името со Грција.

Скопје | пред 7 години

zaev-cipras

Заев и Ципрас ќе бидат предложени за Нобелова награда за мир

Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе бидат предложени за Нобелова награда за мир за 2019 година за Договорот од Преспа, со кој се надминува дводеценискиот спор за името.Номинирањето на Заев и Ципрас утре во Скопје ќе го објави добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи.Церемонијата за номинација за Нобеловата награда за мир 2019 ќе се одржи на Универзитет ФОН, каде во март годинава Бушамауи ја доби титулата почесен професор.

Македонија | пред 7 години

smetkovoditeli-1

Панел дискусија во пресрет на периодот на изготвување на годишните извештаи на деловните субјекти

Експерти, професори, сметководители, претставници на релевантни владини и меѓународни институции и организации, како и релевантни чинители во сметководствената дејност, дискутираа на конференцијата на тема: „Функција и примена на Законот за вршење на сметководствени работи“ во организација на Комора на Сметководители на Македонија.Конференцијата со поздравно обраќање ја отвори претседателот на Комора на сметководители на Македонија, г-дин Драган Митковски кој го истакна значењето на сметководствената професија и нејзиниот развој.Г-дин Димитар Илчов, Претседател на Асоцијација Мисла, се осврна на значењето на независноста на невладиниот сектор од институциите на власта и владините тела, како и на обврската за примена на европските директиви и препораки за овозможување на независност во нивното делување и работа.Панел дискусијата се одржа со цел што поскоро деблокирање на работата на Институтот на Сметководители и Овластени Сметководители на РМ во пресрет на периодот на изготвување на годишните извештаи на деловните субјекти, како и активно учество во востановување на текстот и содржината на новиот Нацрт предлог-закон за вршење сметководствени работи, изготвен и предложен од страна на Министерството за финансии.

Скопје | пред 7 години

nikolovski

(ВИДЕО)Николовски: Со новиот оглас за давање под закуп на државно земјиште над 3 хектари создаваме услови за капитални инвестиции во земјоделството

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска објави Jавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари. Се работи за оглас чија што намена освен за подигање на насади, ќе биде и за инвестиции во земјоделството и руралниот развој.„Со објавувањето на овој инвестицискиот оглас, како Влада јасно ја акцентираме нашата заложба за интензивно зголемување на капиталните и инфраструктурните инвестиции во областа на земјоделството и руралниот развој. Ваквите типови на огласи ќе обезбедат не само раст на капиталните влогови во земјоделството, туку и производство на финални производи кои ќе бидат конкурентни на домашниот и на странскиот пазар, решавање на проблемите со откупот и вишоците што се јавуваат преку инвестиции во преработувачки капацитети, отворање на нови работни места, економски развој на регионите и задржување на луѓето во тие региони“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.Предмет на овој оглас се најатрактивните парцели во државата, а на понудените локации освен примарно производство, заинтересираните треба да понудат и бизнис план за преработувачки капацитети.Конкретно, со овој оглас се објавуваат над 1.420 хектари државно земјоделско земјиште, на кои освен долгогодишни насади со овошје, лозје, лешници и маслинарци, се отвора можност и за изградба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи како винарници, кланички капацитети, центри за преработка на овошје и зеленчук, откупни центри, млинови, оранжерии и други објекти тесно поврзани со земјоделското производство.Со огласот ќе биде опфатени 23 земјишни парцели во 13 региони, и тоа: Штип, Гостивар, Гевгелија, Куманово, Неготино, Велес, Ресен, Св.Николе, Валандово, Гази Баба, Кратово, Берово и Струга.На огласот кој што ќе биде по пат на електронско наддавање, имаат право да конкурираат имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.Во следните 30 дена сите заинтересирани можат да ги достават понудата и другата потребна документација во затворен коверт до МЗШВ. Сите детали околу критериумите, електронското јавно наддавање и потребната документација, денеска ќе бидат објавени и на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Скопје | пред 7 години

eurobus

Идентификувана третата жртва на автобуската несреќа кај Лесковац

63-годишната В.К од Кавадарци е третата жртва во автобуската несреќа што вчера се случи кај Лесковац. Претходно беше утврден идентитетот на останатите две жртви, 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К и 68-годишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш.Во Србија се уште се води истрага за сообраќајната несреќа, а возачот на автобусот со струшки регистарски таблички, е во притвор.Во несреќата се повредени 32 лица, од кои шестмина сериозно.

Македонија | пред 7 години

seksualni-rabornici

Марш на црвените чадори во Скопје, бараат институциите и стручната јавност да го отворат прашањето за регулација на сексуалната работа

Маршот на црвениот чадор во Скопје. Сексуални работници по 11-ти пат денес го организираше Маршот на црвениот чадор, приклучувајќи се кон глобалното одбележување на Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници. Сексуалните работници бараат отворање на прашањето за регулација на сексуалната работа.СТАР првиот колектив за Сексуални работници испрати пораката : декриминализација сега!’ ги охрабруваме институциите и стручната јавност да го отворат прашањето за регулација на сексуалната работа. Ние и сексуалните работници сметаме дека декриминализацијата на сексуалната работа претставува најдобра политика за унапредување на здравјето, благосостојбата и човековите права на сексуалните работници. Овие заложби се засноваат врз потребите на сексуалните работници за заштита на нивните права, за создавање на безбедните услови за живот и работа, како и превенција од насилство и експлоатација“, велат организаторите.Иницијативата за одбележување на овој ден доаѓа од д-р Ени Спринкл со една единствена цел – поддршка на сексуалните работници од САД, како ден на кој се оддава почит на жртвите на убиецот од Грин Ривер во Сиетл, Вашингтон. Убиецот изјави: „Сакав да убијам колку што можев повеќе. Гери Лајон Ридвеј беше осуден на доживотна казна затвор и му беше изречена парична казна во висина од 10000 долари за секоја убиена жртва на 18-ти декември 2003 година.

Скопје | пред 7 години

AAVMU

АВМУ: Да се спречат можните појави на клиентелизам

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како надлежно регулаторно тело редовно прави проверка на почитувањето на законските одредби за сопственичка структура и медиумска концентрација.При последната ваква проверка, извршена на 14 декември 2018 година, констатирана е ситуација која може да доведе до појава на клиентелистички однос на медиум кон власта. Имено, физичкото лице Виктор Серафимов, сопственик на регионалната Телевизија 3, воедно се јавува како сопственик и на ,,Авто испитен центар Скопје“, којшто според пишувањата на медиумите, „7 дена по основањето има добиено милионски бизнис од МВР за спроведување возачки испити на територија на Скопје“.Паралелната сопственост врз радиодифузерот и споменатото правно лице сама по себе не е во колизија со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, меѓутоа остава можност власта да влијае врз уредувачката политика на телевизијата и со тоа да се наруши нејзината уредувачка независност, се вели во соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.Според нив, регулаторот нема механизми на располагање со кој би ги спречил ваквите појави ниту, пак, има надлежност за правни лица коишто немаат поврзаност со аудиовизуелната област. Агенцијата многупати досега има организирано работилници за професионалните новинарски стандарди и се залага за зајакнување на саморегулацијата и со самото тоа и на интегритетот на новинарите. Сепак, слободата и независноста на медиумите се условени од повеќе фактори. Тоа значи дека власта и државните институции треба да создадат поволна околина за медиумите, односно да покажат интегритет и во пракса да ги преточат заложбите за медиумски реформи со крајна цел слободни, независни и демократски медиуми, се додава во соопштението.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Кој им се заканува на независните од ВМРО-ДПМНЕ?

Евроамбасадорот Самуел Жбогар деновиве изрази загриженост за притисоци врз пратениците кои гласаа "за" уставните измени. Тоа го потврдуваат и самите тие и реагираат на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека ќе ги прателе на темната страна на историјата, објави slobodnaevropa.mk.Со седницата на комисијата за уставни прашања утре почнува третата фаза на уставните измени за чие финализирање повторно како и во првата фаза потребни се 80 гласа. Но, во меѓувреме, повторно се отворија дебатите за притисоци кон пратениците кои порано беа членови на ВМРО-ДПМНЕ и гласаа “за” во првата фаза.Сè уште имам притисоци, вели за Радио Слободна Европа, пратеничката од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Нола Исмајлоска- Старова нагласувајќи дека тие се ,пред се, на социјалните мрежи.“Ми личи како и малку да е оркестрирано тоа, затоа што вообичаено таквите содржини се појавуваат на анонимни профили, а потоа се споделуваат од луѓе што ни се познати”, вели Исмајлоска- Старова не прецизирајќи од кого мисли дека се оркестрирани нападите.Сепак таа е попрецизна за изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој викендов од протестниот марш во Велес имаше порака и за оние кои што застанале рамо до рамо со власта и кои како што рече, скокале по медиумите блиски до власта и дехидрирале со плукање по него и врз ВМРО-ДПМНЕ”.“Нема да им помине затоа што ќе дојде денот кога и вие задно со нив ќе бидете разголени и разобличени пред судот на овој народ и ќе ве пратиме во темната страна на историјата. Од прв до последен”, рече Мицкоски.Исмајлоска- Старова ваквата изјава вели дека е неточна од повеќе аспекти особено за тоа дека го напаѓале ВМРО-ДПМНЕ.“Ваквите неумешни изјави го зголемуваат притисокот врз нас поради одлуката да гласаме “за” измени на Уставот”, тврди Исмајлоска- Старова.Таа е една од осумтемина кои гласаа во првата фаза. Покрај неа “за” отворање на Уставот беа и пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Елизабета Канческа-Милевска и Зеќир Рамчиловиќ. Пред домовите на некои од нив беа организирани и протести.Од Министерството за внатрешни работи на прашањето дали имаат информации за притисоци и дали е пријавено до нив велат дека согласно направените безбедносни проценки ги преземаат сите неопходни мерки за гарантирање на безбедноста на пратениците.“Мерките ќе траат дури тоа биде потребно, а ќе се утврди според безбедносната проценка. Веќе се поднесени и кривични пријави за закани кон пратениците на социјалните мрежи, а ваквата појава ќе биде санкцинирана и во наредниот период. МВР ја гарантира безбедноста на сите граѓани и секако на пратениците”, велат од МВР.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Укинати визите за македонските граѓани за Колумбија

Укинати се визите за македонските граѓани за Колумбија, соопшти денеска амбасадорот на Македонија во Бразил, Ивица Боцевски.– Укинати се визите и за Колумбија, најбрзо растечката економија на континетот, втората најбројна држава од Јужна Америка и волшебната земја од романите на Габриел Гарсија Маркес, напиша Боцевски на својот Фејсбук профил.Следни за списокот за укинување визи за македонските граѓани се Уругвај и Парагвај, а веќе слободно патуваме во Бразил, Аргентина, Чиле и Перу.

Македонија | пред 7 години

mijalkov-2

Мијалков ќе почека во притвор - документацијата во која се нуди гаранција не е комплетна

Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, останув аво притвор, и покрај тоа што одбраната понуди гаранција од еден милион евра за да се брани од слобода.Судот на претходна постапка утврдил дека одбраната не поднела комплетна документација, објави Независен.

пред 7 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Ново барање за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски од Грција , помилувањето од Иванов е без правен основа

Министерството за правда ќе бара нова екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Во моментов истото се преведува согласно Договорот со Грција. Судот во Грција ги поби аргументите околу дадените помилувања од претседателот Ѓорге Иванов, изјави министерката за правда Рената Дескоска.„Помилувањата се дадени без правен основ, на законски одредби што во моментов не се во правна сила во Република Македонија и од тие причини практично не ни произвеле правно дејство. Секако се образложува и постапката која е правена со измена на законот и повлекувањето“, рече министерката Десковска.На прашање дали немањето меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски е причина за тој да не биде задржан во ниту една земја при неговото бегство во Унгарија, Дескоска вели дека ова е прашање за МВР, но и дека тие држави немале обврски да делуваат ако во моментот немало меѓународна потерница.„Ако немало во моментот меѓународна потерница, а како што знаеме немало, тогаш и тие држави немале обврски да делуваат“, рече Дескоска по потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за правда, УНИЦЕФ, Адвокатска комора и Сојуз за превентива на престапништво и малолетничка деликвенција.

пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања