„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

gruevski-trajkovski

Трајковски потврди: Се сретнав со Груевски, а во Будимпешта бев за да ги прегледам синусите

Царинскиот службеник Алексндар Трајковски кој беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски тврди дека бил во Унгарија поради здравствени причини. Трајковски тврди дека таму правел специјалистички преглед на синусите и дишните патишта, а со Груевски се сретнал како сопартиец и поранешен лидер.Трајковски денес се појави во судот каде се одржа ново рочиште за предметот на СЈО, „Насилство во Општина Центар“ каде е обвинет заедно со Никола Груевски, Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и група учесници во кршењето на општина Центар во 2013 година.Трајковски беше во посета на експремиерот, а за посетата се дозна откако на социјалните мрежи се појави фотографија на Груевски како се шета низ Будимпешта, а на која може да се забележи и тој.

Македонија | пред 7 години

nasilstvo-centar

„Се соблече и ми го покажа пенисот“, рече екссоветничка од Општина Центар

На денешното рочиште за упадот во Општина Центар кој се случи на 10 јуни 2013 година, сведочеше тогашната советничка Марија Бошкоска Јанковски. Објаснувајќи што се случуваше, рече дека за малку ќе била погодена со парче стакло од страна на Александар Трајковски кој пак, изминатата недела беше фотографиран како му прави друштво на експремиерот Никола Груевски во Будимпешта.Бошкоска-Јанковски рече дека Трајковски упатил низа навреди како „Курво, свињо дебела“, а друг обвинет во случајот на СЈО за „Насилство пред Општина Центар“ се соблекол и и го покажал пенисот.Во овој случај обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, советничката на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време Даниела Рангелова и уште неколкумина кои биле дел од толпата која на 10 јуни 2013 година протестираше пред Општина Центар.

Македонија | пред 7 години

Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski

Го прашав „Како заспиваш толку брзо?“, одговори „Чиста ми е совеста“ - рече синот на Јован Стојаноски

Синот на починатиот градоначалник Јован Стојаноски денес се обрати комеморацијата на неговиот татко. Димитар Стојаноски зборувајќи за Јован, рече дека по победата на локалните избори, охридскиот градоначалник рекол „Луѓе дајте да живееме за Охрид“.„Фин беше. Уште како дете ме носеше на натпревари и ми велеше, ќе те научам што е љубов. Пред некој ден дојде дома на еден саат. Заспа дома. Му велам "Како можеш да заспиеш толку брзо?", а тој возврати "Сине, мене чиста ми е совеста". Ме учеше да ги почитуваме вредностите на животот“, рече Димитар, син на градоначалникот Јован Стојаноски.„Опседнат беше со кејот. Тоа се луѓето на Охрид. Ве замолувам, кога ќе се реализира тој проект, да го носи неговото име“, замоли брат му. На комеморацијата се обрати и секретарот Игор Бежовски, во име на општинската администрација.„Со мене беше и на последното патување накај Скопјр. Заедно го завршивме и последниот колегиум  за буџетот на Охрид. Во 2019 сакам да видам нови училишта, градинки, касарна... Ќе продолжиме по твојот пат“, рече Бежовски.

Македонија | пред 7 години

aleksandar-trajkovski

Гостинот на Груевски си дојде во Македонија

Александар Трајковски кој беше фотографиран со Никола Груевски во Будимпешта се вратил во Македонија.Тој утрово пристигна во Кривичниот суд во Скопје на рочиште за „Насилството во Центар“ каде е еден од обвинетите заедно со избеганиот поранешен премиер, пренесе Плусинфо.Трајковски само поминал покрај новинарите.На фотографијата која се појави на социјалните мрежи, се гледа како поранешниот премиер Никола Груевски се шета во Будимпешта, се гледа и Александар Трајковски, советник во општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, партиски акивист и одличен логистичар. Во моментов Трајковски е вработен во царинската управа на Р Македонија.Скопје1.мк се обрати до царинската управа. Прашавме дали Трајковски во момтов користи одмор, поточно како отсуствува од работа.Од царинската управа за „Скопје 1“ велат дека Царинскиот службеник Александар Трајковски од 5 ти декември 2018 год. користи боледување, уредно пријавено согласно интерни акти на Царинската управа. Исто така информираме дека царинскиот службеник во изминатиот период немал подолги отсуства од работа, ниту пак реализирал службено патување во Унгарија.

Македонија | пред 7 години

received_213095172913936

Царинска управа: Царинскиот службеник Александар Трајковски од 5 ти декември користи боледување, уредно пријавено

Кои се лицата кои го придружуваат поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта?На фотографијата која се појави на социјалните мрежи, вчера на која се гледа како поранешниот премиер Никола Груевски се шета во Будимпешта, се гледа и Александар Трајковски, советник во општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, партиски акивист и одличен логистичар.Во моментов Трајковски е вработен во царинската управа на Р Македонија.Скопје1.мк се обрати до царинската управа. Прашавме дали Трајковски во момтов користи одмор, поточно како отсуствува од работа.Од царинската управа за скопје 1 велат дека Царинскиот службеник Александар Трајковски од 5 ти декември 2018 год. користи боледување, уредно пријавено согласно интерни акти на Царинската управа. Исто така информираме дека царинскиот службеник во изминатиот период немал подолги отсуства од работа, ниту пак реализирал службено патување во Унгарија.Со оглед на тоа што Царинската управа во овој момент нема изворни информации за наводите кои се објавени во медиумите за Александар Трајковски, вработен во царинската управа , ве известуваме дека надлежните служби го испитуваат случајот и штом ќе имаме веродостојни информации, ќе ве известиме, велат од царинската управа за Скопје1.мк .Инаку сликата од прошетката на Груевски и Трајковски е предмет на разгледување на надлежното обвинителство, коешто го испитува бегството на Груевски, а сега ќе бара и кој сликал.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Студено време со врнежи од снег

Денес не очекува претежно облачно и студено време со повремени локални врнежи главно од снег, освен на крајниот југоисток каде ќе бидат од дожд. Повеќе врнежи ќе има попладне во западните делови од земјава. Утринските температури ќе се движат во интервал од -9 до -1 степен, а дневните од -2 до 7 степени.Во Скопје облачно со повремени врнежи главно од снег. Утринската температура ќе се спушти до - 4 степени, а дневната до 2.Утре ќе се задржи облачно и студено време со повремени врнежи претежно од снег со променлив интензитет. Утре повеќе врнежи ќе има попладне во јужните делови од земјава. Во среда и четврток се очекува стабилно и суво време со пониски утрински температури.

Македонија | пред 7 години

1-11

Марш на црвениот чадор денес во Скопје

Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР, во рамките на кампањата за одбележување на 17-ти декември, Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници ќе го одржи традиционалниот Марш на црвениот чадор во денес во 12 часот, пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза.„СТАР-СТАР заедно со сексуалните работници, активистите и нивните поддржувачи се приклучува кон глобалната акција за солидарност кон сексуалните работници со цел да се намали насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група. Со пораката:“ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА СЕГА!“ ги охрабруваме институциите и стручната јавност да го отворат прашањето за регулација на сексуалната работа. Ние и сексуалните работници сметаме дека декриминализацијата на сексуалната работа претставува најдобра политика за унапредување на здравјето, благосостојбата и човековите права на сексуалните работници. Овие заложби сезасноваат врз потребите на сексуалните работници за заштита на нивните права, за создавање на безбедни услови за живот и работа, како и превенција од насилство и експлоатација.Иницијативата за одбележување на овој ден доаѓа од Д-р. Ени Спринкл со една единствена цел – поддршка на сексуалните работници од САД, како ден на кој се оддава почит на жртвите на убиецот од Грин Ривер во Сиетел, Вашингтон“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 7 години

48358824_209444196602202_6739252949593096192_n

Денеска е ден на жалост во Охрид

Денеска во Охрид е ден на жалост, поради смртта на градоначаникот Јован Стојаноски. Јарболот во центарот на градот е спуштен на половина копје. Погребот на Стојановски ќе се одржи во 14 часот на Градските гробишта во Охрид, а посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела од 12 часот.Исто така денеска ќе се одржат комеморации во општината и Факултетот за туризам и менаџмент, каде Стојаноски беше професор.Премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора Едмонд Адеми ќе присуствуваат на комеморативната седница која ќе се одржи во Општина Охрид, но и на погребот на градоначалникот Јован Стојановски.Јован Стојановски за градоначалник беше избран во октомври минатата година. Тој беше и еден од најзначајните кадри од раководителите во локалната организација на СДСМ во Охрид.Според најавите, дополнителните избори за нови градоначалници на Охрид и на Дебар ќе се одржат паралелно со редовните претседателски избори напролет. Тогаш треба да се избере и нов градоначалник на општина Ново Село, откако Боро Стојчев од СДСМ поднесе оставка од морални причини откако беше осуден на затвор за обид за шверц на цигари.

Македонија | пред 7 години

pcenica

За поубава и побогата 2019 година утре засадите Божиќна пченица

Раѓањето на Исус Христос - Божик е најрадосен ден во семејството. Се прославува со богата трпеза, има и низа обичаи во зависност од регионот, но еден се чини е исти насеаде. Тоа е Божиќно жито.За да порасне до Божик , житото кое е симбол на просперитет, здравје и богатство треба да се засади на време. Треба да е зелено и бујно, бидејќи такви ќе бидат и посевите во текот на годината, вели старото верување.Пченицата се сади на празникот на Света велокомаченичка Варвара, на 17. декември, кај православците или на Свети Никола на 19. декември, а кај католиците на 13. декември, на денот на Света Луција.За садењето ви е потребно една шака пченица и чинија или сад во кој ќе посадите. Во плиток сад ставете земја, па на неа наредете ја пченицата, која преку ноќ стоела во вода. Зрната покријте ги со малку земја, која секој ден ќе ја прскате со вода на собна температура.Пченичните зрна можат да се стават и без земја. Само се распоредуваат на дното на садот, во потполност да го покријат. До ивицата се остава барем 1 сантиметар бидејќи пченицата со никнувањето ќе се прошири. Заливајте умерено. Најдобро е само да се прска со вода, еднаш до два пати дневно.Во средина на садот може да се остави празен простор во кој подоцна ќе се стави свеќа. Земете плитка чинија, по желба, во средина ставете малечка чаша (за ракија). Зрната нанесете ги околу чашата.Пченицата која сте ја засадиле можете да ја покриете со памучна ткаенина натопена со вода. Се става одозгора за да зрната набабрат и да има доволно количество влага за тоа. Кога ќе се појават првите никулци ткаенината треба да се тргне за да пченицата расте без проблем.Пред да се стави на маса, житото се поткаструва со ножици да биде рамно, бидејќи често израснува нерамномерно.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Магла на патните правци Крак-Маврови Анови и од Крак до Стража

Низ целата територија на Републиката сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози.„Намалена видливост од 20 до 50м. поради магла има на патните правци Крак-Маврови Анови и од Крак до Стража. Слаб снег провејува во северо источниот дел од Републиката кој не се задржува на коловозот. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.Престанок на важност на забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Делчево граничен премин Делчево. Се воведува задолжително употреба на зимска опрема само за тешки товарни возила на истиот патен правец“, велат од Македонија пат.Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

cavkov

(ФОТО) Митко Чавков ургирал мајка на три деца да биде испратена во затвор, иако немала вина

На социјалните мрежи се споделува статус во кој се вели дека ексминистерот за внатрешни работи, Митко Чавков влијаел врз обвинител и судија за во затвор да испрати жена која немало сторено кривично дело. Ви пренесуваме во целост:

Македонија | пред 7 години

goran-milevski

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија

Пратениците на ЛДП, владиниот коалиционен партнер, нема да гласаат за предлог-законот за амнестија со кои треба да бидат опфатени околу 50-тина обвинети за упадот во Собранието на 27 април лани.Ова беше кажано на седмото изборно собрание на Либералдемократите. Од таму велат дека е подобра варијантата прво да има пресуда за случајот, а дури потоа да се размислува за амнестија.– Мислам дека законодавната и извршната власт треба да останат во свои рамки и да не влијаат на судството – рече претседателот Горан Милевски.Драфт-верзијата на законот во моментов се разгледува во пратеничките групи, а истиот на собраниска седница наместо утре, откако се одложи, би се нашол на собраниска седница во вторник.

Македонија | пред 7 години

48373314_386342072173996_8992882290497421312_n

(ФОТО) Охрид го спушти јарболот во центарот на половина копје

Утре во Охрид е ден на жалост, поради смртта на градоначаникот Јован Стојаноски. Јарболот во центарот на градот е спуштен на половина копје.Утре, ќе се одржат комеморации во општината и Факултетот за туризам и менаџмент, каде Стојаноски беше професор.Погребот на Стојановски ќе се одржи во понеделник во 14 часот на Градските гробишта во Охрид, а посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела од 12 часот.Премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора Едмонд Адеми веќе го потврдија присуството на комеморативната седница која ќе се одржи утре во Општина Охрид, но и на погребот на градоначалникот Јован Стојановски.Јован Стојановски за градоначалник беше избран во октомври минатата година. Тој беше и еден од најзначајните кадри од раководителите во локалната организација на СДСМ во Охрид.

Македонија | пред 7 години

Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski

Дел од државниот врв потврди присуство на комеморацијата и погребот на градоначалникот

Општинскиот протокол на Охрид, го организира последното испраќање на градоначалникот. Премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора Едмонд Адеми веќе го потврдија присуството на комеморативната седница која ќе се одржи утре во Општина Охрид, но и на погребот на градоначалникот Јован Стојановски.Комеморативни седници ќе се одржат во 09:00 чсот на Факултетот за туризам и угостителство, матичната куќа каде Стојаноски беше професор, а потоа во Големата сала на Општина Охрид во 10 часот.Погребот на Стојановски ќе се одржи во понеделник во 14 часот на Градските гробишта во Охрид, а посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела од 12 часот.Јован Стојановски за градоначалник беше избран во октомври минатата година. Тој беше и еден од најзначајните кадри од раководителите во локалната организација на СДСМ во Охрид.Пред да стане градоначалник, Стојановски беше професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Македонија | пред 7 години

komemoracija-1

Членовите на СДСМ од Охрид се простија од градоначалникот Стојаноски

Во просториите на СДСМ Охрид денес се одржа комеморативна седница по повод прераната и ненадејна смрт на градоначалникот на општина Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски.Присутните со едноминутен молк му оддадоа почит на покојниот Стојаноски, по што се обрати претседателот на ОО на СДСМ – Охрид Лазе Танески.– Помина само еден ден од кобната вест а јас и сите ние, драг и почитуван Јован не сакаме да веруваме дека физички веќе не си меѓу нас. Не сакаме да веруваме дека веќе нема да го минеш прагот на нашето партиско седиште во кое заедно ги кроевме плановите за победите, за партијата да ја вратиме на врвот каде што и е местото и каде што успеавме да ја донесеме. И не беше така лесно како што изгледа. Патот беше послан со трње, ама го изодевме – знаеш ти знаеме и ние што останавме по тебе за да го продолжиме тој пат… Заедно од врата до врата, заедно трпеливо ја враќавме вербата на секој граѓанин во тоа што е силата и единството на СДСМ. Во времето кога не имаше малкумина ние работевме на програмските определби – градевме еден нов СДСМ. СДСМ кој ќе ги слушне потребите, барањата и очекувањата на граѓаните.Со часови и денови зборувавме, анализиравме, правевме стратегии, собиравме луѓе околу себе, а ти беше магнет за дел од нив. Со тоа професорското, академскиот стил импонираше и на луѓето им даваше верба во праведност и вистина. И успеавме, пак поради нашата пожртвуваност, сплотеност и верба во поубава иднина за нас, за членството, за граѓаните кои не поддржаа и не поддржуваат. Драг Јоване ние не сакаме да веруваме дека твоето столче овде за секогаш ќе остане празно, дека нема повеќе да ни делиш совети, да се бориш со нас и да носиш одлуки за доброто на членството и воопшто за сите кои живеат во нашиот убав Охрид. Ние од СДСМ останавме со човек помалку, сега сме без еден човек со бескрајна енергија, силна посветеност на работата и со јасна визија за градот со кој раководеше. Загубата е ненадоместлива, а тагата преголема. Понаков од сите – со леснотија ама со глас кој дава надеж. Таков беше Јоване и кога бевме опозиција, таков беше и кога победивме и уште посреќен кога стана градоначалник, рече Танески.На комеморацијата се обрати и Константин Георгиески, заменик градоначалник, соработник и долгогодишен пријател на Стојаноски.– Токму од овде, од ова место градоначалникот Јован Стојаноски ги соопшти своите визии за развој на на општина Охрид и до последен здив, неуморно и посветено работеше на нивното реализирање. Токму од од овде, од ова место, јас заедно со него тргнав по тој пат да направиме што повеќе за нашиот светол и свет град. Ни остави обврска заедно да го продолжиме патот и неговите визии да ги претвориме во реалност. Беше вистински професионалец. Вчераутро, ден по враќањето од Скопје и седницата на ЗЕЛС, градоначалникот заедно со своите најблиски соработници го договараше буџетот за 2019 година. Никој од присутните до денес не може да поверува дека тие беа последните зборови кои ги слушаа пред срцето да му откаже и престане да чука, рече Георгиески.Тој додаде дека најголемиот дел од присутните на комеморацијата на еден или друг начин сме соработувале и биле кој поблиску кој подалеку од градоначалникот Стојаноски.– Сите ние добро го познававме, го познававме неговиот начин на работа, ја познававме неговата волја за живот и морам да потенцирам дека сите ние од него многу научивме како треба да се справуваме со предизвиците на времето. Тој секогаш работите сакаше да ги гледа од друг агол и од друга призма. Оставаше простор и за туѓо мислење и често знаеше да даде свое решение, карактеристика која ја имаат само умните, посветените и храбрите луѓе, напомена Георгиески.Пред присутните сопартијци и соработници на покојниот Стојаноски кусо и емотивно обраќање имаше и неговиот брат Стојмир. Тој им се заблагодари на сите за нивниот придонес Јован да стане прв човек на градот и во краткиот период на неговиот мандат да направи се’ што може за градот кого, како што рече многу го сакаше.Во отворената книга на жалост по завршување на комеморацијата први се потпиша сопругата на покојниот градоначалник Надица, нивните деца, најблиските соработници, партиското раководство и пратениците Томислав Тунтев, Жаклина Лазаревска и членот на Извршниот одбор на СДСМ Ѓоко Танасоски и ред други членови и симпатизери на СДСМ. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања