„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

UGTPZ-pat-sneg-kamion

Задолжителна зимска опрема за сите возила на патот Кочани-Делчево-Берово

Низ целата територија на Републиката сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози.Слаб снег провејува во северо источниот дел од Републиката кој не се задржува на коловозот. Поради интензивни врнежи од снег се воведува задолжително употреба на зимска опрема за сите моторни  возила на патниот правец Кочани-Делчево-Берово. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.Од 14 часот попладнево е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир“, велат од Македонија пат.Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. 

Македонија | пред 7 години

fUBk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTVRJN01EQV8vMjkyMDc5ZTJhZjc0YjBhZGVlYTEyOTI0MzAxMmRlNmUuanBlZ5GTAs0CQgCBoTAB

Маж и две жени се загинатите во автобусот на „Еуробус“ кој се преврте кај Лесковац

Маж и две жени се тројцата загинати во тешката сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу 1.40 часот, кога на влезот во Лесковац, Србија се преврте македонски автобус, пренесе изјава од лесковачката болница српската агенција Бета. Во тек идентификацијата на загинатите.„Во врска со автобуската несреќа во Србија, министерството за надворешни работи на Република Македонија преку Амбасадата на Република Македонија во Белград стапи во контакт со претставниците на надлежните служби во Србија и за сега како официјална потврда од српските власти ги имаме добиено следниве информации: До моментов идентификувана е само 1 жртва, маж на возраст од 68 години. Имаме потврда и за 2 жени дека се загинати, но истите не се идентификувани. Станува збор за автобуски превозник од Струга, со регистарски таблици Euroturs SU 3325 AC. Министерот за здравство Венко Филипче, Ген сек на Влада Драги Рашковски и претставник на амбасадата на РМ во Белград се упатија кон местото на несреќата. Се чека на дополнителни официјални информации, кои како што ќе ги добиваме ќе ви ги пренесуваме.“, соопштија од македонското МНР.Возачот и совозачот не се повредени, но според Бета, кажано им е дека не смеат да даваат изјави за медиуми. Според Бета, автобусот тргнал од Битола кон Виена, а имало патници од Битола и од други градови од Македонија. Еден од повредените за агенцијата изјавил дека не знае како се случила несреќата оти сите спиеле.„Кога се разбудив чув врескање. Видов луѓе со крвави глави и раце, а некој рече дека има и загинати. Не знам кој повика итна помош и полиција но набргу стигнаа неколку амбулантни коли и лекарите влегоа во автобусот. Веднаш ни пружија помош. Потоа стигнаа пожарникарите и сите заедно нè извлекоа од автобусот“, рече за Бета момче од Битола кое во сообраќајката ја повреди раката.Во болницата во Лесковац префрлени се 28 повредени патници, а во Ниш четворица. Според началникот на Хирургија во Лесковац, 4 пациенти згрижени таму се со тешки повреди но се вон животна опасност, 23 згрижени во Ургентниот центар имаат полесни повреди, а на домашно лекување се пуштени 14, но ќе останат во лесковачката болница до обезбедување превоз за Македонија.Автопатот кај Лесковац е чистен, но завеан е и на места е замрзнат. Автобусот ја пробил заштитната ограда и се превртел, а во меѓувреме е исправен и околу него дежура полиција и санитетско возило.up-date за состојбата со повредените: До моментов идентификувана е само 1 жртва, маж на возраст од 68 години. Имаме потврда и за 2 жени дека се загинати, но истите не се идентификувани. Има вкупно 32 повредени лица од кои 28 се вон животна опасност и истите се згрижени во општата болница во Лесковац, од кои 4 се на хирургија, 1 на ортопедија. 4-та повредени со тешки телесни повреди се наоѓаат во животна опасност и се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш. На сите ќе им биде озбезбедено сместување, доколку имаат потреба за преноќување

Македонија | пред 7 години

UGTPZ-pat-sneg-kamion

Забрана за тешки товарни возила на патот Крива Паланка - граничен премин Деве Баир

Низ целата територија на Републиката сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози.„Слаб снег провејува во северо источниот дел од Републиката кој не се задржува на коловозот. Исто така воведена е и забрана за Тешки Товарни Возила на патнит правец К.Паланка-граничен премин Д.Баир. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија пат.Исто така оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Вонредна седница на советот- утре ден на жалост во Охрид

По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, Советот на Општина Охрид, денес одржа вонредна седница. Седницата започна со едноминутно молчење, а советниците донесоа одлука, утрешниот ден да биде ден на жалост на подрачјето на Општина Охрид.Сите културни, спортски, забавни и други настани и манифестации закажани за 17.12 2018 година (понеделник) се отакажуваат.Утре со почеток во 10 часот во големата сала на општинската зграда ќе одржи Комеморативна седница, а посмртните останки на градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски ќе бидат изложени од 12 -14 часот во капелата на градските гробишта.

Македонија | пред 7 години

kosta-3

Георгиевски: „Другар мој, ми замина в раце... Величина беше и ќе останеш. Се глeдаме во рајот“

Тага и неверување. Охриѓани на своите ФБ профили објавуваат пораки како последно збогум за перано починатиот градоначалнк Јован Стојаноски.Најемотивните секако од неговите другари, колеги, сопартијци.„Другар мој, ми замина в раце... Величина беше и ќе останеш. Се гладаме во рајот“, напиша заменик градоначалникот на Охрид и координарот на советничкта група на СДСМ во советот на општина Охрид -Констрантин Георгиевски.Тој при тоа објави и неколку фотографии со како што наведува другар од детството.

Македонија | пред 7 години

soobrakajna-nesreka

Еден загинат и 44 повредени во несреќа со автобус во близина на Цирих

Во сообраќајна несреќа на автопат во близина на Цирих денескам загина еден човек а 44 се повредени. Тројца од повредените се во критична состојба.Автобусот сообраќал од Џенова кон Дизелдорф кога одеднаш возачот изгубил контрола и удрил во ѕид, наведуваат од полицијата. Меѓу повредените нема деца.Портпаролка на полицијата нагласи дека оператор на автобусот бил кооперант на Филксбус, германска компанија што нуди услуги на меѓуградски превоз.

Свет | пред 7 години

beograd

Протести во Белград под слоганот „Ајде да се преброиме“

Повеќе илјади граѓани синоќа излегоја на протести во Белград, против актурлната власт на претседателот Александар Вучиќ, под називот „Ајде да се преброиме“.Од собирот кој помина без инциденти, граѓаните најавија дека ќе истраат во борбата за победа и дека, како што го победија поранешниот претседател на СРЈ, Слободан Милошевиќ, така ќе го победат и српскиот претседател Александар Вучиќ.Протестот започна во 18 часот на платото пред Филозофскиот факултет во центарот на Белград, каде што се обрати академикот Душан Теодоровиќ и актерот Тихомир Станиќ, по што граѓаните се прошетаа до зградата каде што се наоѓа седиштето на српскиот претседател, потоа продолжија пред српскиот парламент, телевизијата Студио Б и Радио Телевизија на Србија.Меѓу граѓаните беа и претставници на опозициските партии Вук Јеремиќ, Драган Ѓилас, Борко Стефановиќ, Јанко Веселиновиќ, Милош Јовановиќ, Бошко Обрадовиќ.Протестот “Ајде да се преброиме” настапи поради наводите од одредени медиуми и актуелната власт во Србија, дека мал број граѓани се имаат собрано за време на протестите на 8 декември, додека организаторите тврдат дека имало повеќе од 10.000 незадоволни граѓани.Инаку ова не е прв протетест, исти имаше и минатата недела. Но, Српскиот претседател Александар Вучиќ, тогаш изјави дека нема да исполни ниедно од барањата на опозицијата и пет милиони луѓе да излезат на улиците, поради што една од главните пароли на денешниот протест гласеше “Еден од пет милиони”.

Свет | пред 7 години

udes-6-620x350

Информации за превртениот македонски автобус, се стравува од повеќе загинати

Автобусот со македонски регистерски таблички кој рано утрово излета од автопатот во близина на Лесковац при што загинаа три лица неофицијално влегол во снежна бура по што излизгал и се превртел.Четири лица се тешко повредени, а уште најмалку триесетина се во болниците во Лесковац и Ниш, од кои 24 се во ургентен центар. Пожарникарите и механизирани екипи се обидуваат да го кренат превртениот автобус за да водат дали под него има повредени или загинати лица.Во Ургентниот центар во Ниш околу 03:30 пристигнале четворица македонски државјани кои имале повреди и знаци на изразита хипотермија.Медицинските лица велат дека има патници и со сериозни скршеници на черепот и дека едвај биле извлечени со помош на пожарникари.14 лица биле пуштени со лесни повреди, јави РТС.Автобусот патувал за Виена.

Македонија | пред 7 години

udes-6-620x350

Се преврте македонски автобус, тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а 30 се повреден во тешка сообраќајна несреќа на автопатот кај Лесковац. Според РТС, автобус кој патувал од Скопје кон Белград се превртел откако возачот не успеал да воспостави контрола на лизгавиот автопат.Според некои српски медиуми, станува збор за прилепски автобус, кој патувал на релација кон Виена.Сообраќајната несреќа се случила во 1 часот и 40  минути по полноќ. Екипи на брза помош од Лесковац и Ниш пристигнале на местото на несреќата. Повредените патници се пренесени во болниците во овие два града, а сите пповредени , од кои некои потешко, се надвор од животна опасност.

Македонија | пред 7 години

helikopter-portugalija

Се урна хеликоптер за медицинска помош во Португалија, се трага по леталото и телата

Ноќеска се урна хеликоптер за медицинска помош во Португалија во планинска област близу Порто. Се стравува дека загинале четири лица кои се превезувале.Португалската служба за итна помош објави дека операцијата за спасување е во тек, но дека хеликоптерот не е пронајден.Државната телевизија и дел од весниците јавија дека во несреќата загинале двајца пилоти, медицинска сестра и лекар кои биле во леталото.Хеликоптерот исчезнал откако претходно до болница пренесе во Порто 76-годишен пациент со срцеви проблеми. Хеликоптерот се враќал во база во Браганси кога се урнал поради лоши временски услови.

Свет | пред 7 години

kosovo-vojska-1

Одлуката на Приштина да формира армија го разбранува регионот, Алијанса на Албанците и Беса со напади кон Зоран Заев

Алијансата за Албанците и Движењето Беса бараат од премиерот Зоран Заев да ја повлече изјавата за формирањето на војската во Косово. Според партијата на Зијадин Села, со последниот став, дека одлуката за формирање на војска во Косово е избрзана „само го покажува црното и националистичко лице на премиерот Заев, најпрвин против Албанците и Косово, но и кон САД како главни поддржувачи на основањето на Војската на Косово.“„Овој речник на Заев за Војската на Косово го става под знак прашалник и неговиот однос кон САД, бидејќи едно Косово без војска ќе им одговараше само на Србија и Русија. Затоа, премиерот Заев е добро да го гледа својот двор и да ги спроведе потребните реформи во Македонија и да не се меша во внатрешната политика на државата на Косово. Алијансата на Албанците бара од премиерот Заев што побрзо да ја повлече својата изјава и да му честита на Косово во името на Македонија“ – се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.За движењето Беса предводено од Билал Касами, Избрзаната изјава на премиерот Заев е навредлива за една слободна држава.„Движењето Беса бара од премиерот на земјата да се дистанцира од оваа скандалозна изјава и да бара јавно извинување, кога се знае дека формирањето на војската на Косово ја има и силната поддршка од САД. Неговата изјава го одразува вистинското лице на „мултиетничката“ Македонија, ги прави да се чувствуваат навредени и Албанците на оваа земја, кои му дадоа полн мандат за да владее, а не за да зборува глупости и национал-комунистички варваризми“ – се вели во реакцијата на партијата на Билал Касами.Инаку одлуката на Приштина да формира армија го разбранува регионот во целост. За понеделник, на барање на Русија, е закажана седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово. Москва инсистира дебатата да биде отворена за јавност, но Вашингтон и Лондон се противат. Се очекува на седницата да присуствува и српскиот престедател, кој тврди дека содавањето на косвската војска е во спротивност на резолуцијата 12 44 , но и на уставот на Косово. Се очекува на седницата да се отворат длабоките конфронтации мегу големите сили за ова прашање.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Падна првиот снег во Скопје

Денес не очекува променливо облачно време со умерен дo зсилен северозападен ветер. Во северозападните и западните делови на земјава ќе има врнежи од снег. Се очекува да се формира снежна покривка. Утринските температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а дневните од 3 до 10 степени.Во Скопје променливо облачно време со врнежи од дожд и снег и температура од 1 до 4 степени.Утре времето ќе биде облачно и постудено, ќе има повремени врнежи од дожд и снег, наместа ќе има и појава на голомразица, дневните температури во текот на денот ќе опаѓаат, поради спуштање на постуден воздух од до север. В среда и во четврток се очекува стабилно и суво време, но во утринските часови ќе биде постудено.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, внимателно на планинските премини

Низ целата територија на Републиката сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози.„Поради интензивните врнежи од снег кој надоаѓа од север им се препорачува на учесниците во сообраќајот прилагодување на брзината спрема условите на патиштата во зимски услови особенено внимателно управување на планинските премини. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија пат. 

Македонија | пред 7 години

48403743_1998123943635467_5386871828025180160_n

(ФОТО и ВИДЕО) Сите во еден глас пеат со Брена - фолк дивата направи концерт за паметење

Балканска фолк-дива, Лепа Брена, вечерва во Скопје. Концертот е дел од големата турнеја, која ја започна во Лондон и со која одбележува 35 години професионална кариера на естрадната сцена.Лепа Брена уште еднаш покажа дека знае да направи концерт кој долго ќе се памети. Во преполната ВИП Арена Борис Трајковски сите во еден глас ги пејат новите, но и старите хитови.Брена во нејзин стил на сцената се појави спуштајќи се со ѕвезда, по што веднаш ги запеа песните од новиот албум, Болиш и не пролазиш, Сречна жена, А како чу ја, Зар је важно да се пева или Пјева...Пред околу три месеци, таа исто така имаше свој настап во земјава, односно настапи на седмото издание на Струмица Опен Фест, а минатата година одржа концерт во Охрид, на плажата Градиште 2, и настапи во Штип, на манифестацијата Штипска пастрмајлијада.Инкау Лепа Брена беше прва од Балканот која ги наполни сите стадиони од регионот и пошироко, на своите концерти се симнуваше со хеликоптер, направи видео револуција со скапите видео спотови снимани на егзотични локации ширум светот, прва воведе новитети во поп жанрот, а ја сруши и гледаноста во сите кино сали низ поранешна Југославија со трите делови од филмот “Хајде да се волимо”.Еве дел од атмосверата на вечерашниот концерт.

Магазин | пред 7 години

bakraceski

Бакрачески: „Почивај во мир мој пријателе, твоите дела ќе траат вечно“

Твоите дела ќе траат вечно, поранешниот градоначалник на Охрид, д-р Никола Бакрачески на својата официјална страна напиша емотивна порака, како последно збогум за својот како што пишува другар од школски клупи, комшија, долгогодишен пријател и човек на кого му го предаде „клучот“ од Охрид, прерано починатиот градонаачлник Јован Стојаноски.„Го познавав Јован уште од детство. Ги делевме школските клупи во исто основно и средно училиште. Бевме и комшии и долгогодишни пријатели. Го дочекав во градоначалничкиот кабинет при примопредавањето на функцијата. Имавме мошне срдечен разговор. Си спомнавме за многу моменти од детството и младоста. Му посакав успешен градоначалнички мандат. И беше успешен. И беше впечатлив. За жал на сите нас, заврши пребрзо . Но беше успешен и во својата професија како професор , а и како советник во градскиот совет. Својата одмереност, ненаметливост и внимателнист ја споделуваше и пренесуваше на охриѓани како универзална човекова вредност. Негуваше исклучително високо ниво на политичка култура и традиционални општествени вредности. Охрид и охриѓани изгубија многу повеќе од добар, коректен и успешен човек.Почивај во мир мој пријателе.Твоите дела ќе траат вечно.По повод смртта на Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, изразувам длабоко сочувство до неговото семејство и до граѓаните на Охрид“, напиша Никола Бакрачески - поранешен Градоначалник на Охрид.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања