„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

JSP-avtobusi-parkirani

Секој четврти двокатен автобус скапува во гаражите на ЈСП

ЈСП со шокатни податоци за Tелма – од 380 автобуси возен парк, 100 се дефект во депоата за автобуси во Ѓорче Петров и Автокоманда. 30 црвени „кинези“ се претворени во отпад, и 13 од вкупно 80 украински од марката ЛАЗ, набавени само пред 7 години.„Некои од овие возила стојат расипани од 2015 година. Се работи за сериозни дефекти на мотори и менувачи, порaди што сервисирањето е скапо, комплицирано и економски неисплативо, бидејќи во меѓувреме од тие возила се извадени и други делови“, велат од ЈСП.Ако се погледнат техничките карактеристики кинеските и украинските автобуски поседуваат менувачи од ист германски производител „Фридрихшафен“ од Германија. Моторот на киенските автобуси е американски и достапен на пазрот, а на украинските е германски. Додека раководните лица од оваа и претходната власт си ја префрлаат вината кој го запоставил одржувањето и набавката, анонимен извор за Телма тврди дека само заради гуми не возат дополнително 46 нови автобуси.„Тврдам дека 27 автобуси само во Автобаза Ѓорче Петров се вон сообраќај, само за гуми. Заклучно со вчера во Автобаза Автокоманда таа бројка е 19. Од утрово забрзано се комплетираат тие автобуси со разни ситници кои не беа монтирани, или од нив беа демонтирани, како ремени, водни пумпи и слично. Па за некој ден ќе ги видиме тие автобуси низ градот“, вели нашиот извор.До сега никој не одговори соодветно зошто јавното претпријатие сеуште чува автобуси на паркинг заради недостаток од делови и гуми, иако заклучно септември две фирми испорачале 250 гуми за сума од 130 илјади евра.

Скопје | пред 7 години

mladen-cadikovski-foto

Чадиковски нов претседател на ЗНМ, Јордановска со најмногу гласови

Младен Чадиковски е новиот претседател на Здружението на новинари.Чадиковски денеска е избран со 86 гласа, додека неговиот против-кандидат, СтолеНаумов, имаше 77 гласа. Освен прв човек на ЗНМ, се бираше и нов управен и надзорен обор, како и членови на советот на честа. Од сите кандидати за сите тела на ЗНМ, најмногу гласови, вкупно 95 доби новинарката Мери Јордановска која сега е член на надзорниот одбор.Досега функцијата претседател на ЗНМ ја вршеше Насер Селмани, кој на ова позција беше цели осум години.

Македонија | пред 7 години

odron

Одрони на патниот правец Делчево - брана Калиманци

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози.„На патниот правец Делчево - брана Калиманци има одрони па на учесниците на собраќајот им се препорачува внимателно возење.Екипите на Македонија пат се на терен и вршат рачистување на коловозите. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија Пат.Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski

Ценет и почитуван меѓу народот, амбициозен и храбар човек- Kој беше Јован Стојановски?

Јован Стојановски како градоначалник на Охрид дојде во 2017-тата година по победата на локалните избори, есента минатата година. Познат социјалдемократ, храбар борец, но и голем професионалец, кој беше почитуван од граѓаните без разлика на политичка, етничка или верска определба. Ценет и меѓу охриѓани, но и насекаде низ Македонија, пишува Центар.мкЈован Стојановски пред да стапи на градоначалничката функција беше професор од областа на маркетинг на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.Активен беше и во политиката како координатор на советничката група  на СДСМ до 2017-та, чиј носител и беше за време на изборите во 2013-тата година.Роден е на 07 август 1970 година во Охрид и имаше 48 години.Стојановски Од 1990 до 1994 година, студент на додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје, Економски Факултет-насока Деловна економија. Дипломски труд од област на Сметководство на трошоци во мали и средни претпријатија;Од 1995 до 1999 година, студент на постдипломски студии на истиот Универзитет, на насоката Маркетинг. Одбранета магистерска работа на тема „Политиката на цени во туризмот“Стојановски Од октомври 1995 година е вработен на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, како помлад асистент на група предмети од областа на Маркетинг, Меѓународен маркетинг и Промотивни активности;Додека пак од јуни 2003 година е избран за Доцент на Универзитетот„Св. Климент Охридски“ во Битола, Факултет за туризам и угостителство–Охрид;Во декември 2003 година е избран за Продекан на Факултет за туризам и угостителство, функција којашто е обавувана до март 2010 година;Тој од 2008 година беше избран за Вонреден професор од научната областа- Маркетинг Менаџмент. Како гром од ведро небо низ Охрид проструи веста – почина градоначалникотНа 48-годишна возраст утринава почина градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски, беше веста која проструи на социјалните мрежи уште утрово.Неофицијално причината за смртта е инфаркт. Стојаноски починал додека го транспортирале од Општата болница во Охрид до Кардиолошкиот завод.Граѓаните, јавните личности, многу функционери, соработници и политичари со неверување утринава ја примија веста за смртта на Стојановски.Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев упати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид Проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство, најблиските и пријателите. Заев и Кирацовски со сочуство за ненадејната смрт на охридскиот градоначалникВо телеграмата, премиерот Заев пишува дека смртта на Проф. д-р Јован Стојаноски, е огромна загуба за академската заедница, за Охрид, локалната заедница и за партијата СДСМ, за кои низ годините даде огромен придонес со своето посветено работење.„Јован беше колега, пријател и голем професионалец посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска, културна и туристичка престолнина.Знам дека не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат вашата загуба, но дозволете заедно да ги споделиме чувствата на тага за загубата на вашето семејство“, пишува Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев, во телеграмата со сочувство за смртта на Проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство.Сочуство упати и неговиот другар и соборец, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, кој напиша:Со неверување и тага ја примивме веста за твоето прерано заминување.Беше мој, долгогодишен другар, наш соборец!Остави своја животна трага по која ќе те паметиме, по добро.Почивај во мир!Сочувство до семејството Стојаноски, за големата загуба.Комеморативна седница за починатиот градоначалник на ОхридПо повод ненадејната смрт на градоначалникот, проф.д-р Јован Стојаноски, Општина Охрид утре со почеток во 10 часот, во големата сала на општинската зграда ќе одржи Комеморативна седница, соопштија од општината.Посмртните останки на градоначалникот на Охрид ќе бидат изложени на 17 декември (понеделник), од 12 до 14 часот во капелата на Градските гробишта во Охрид.

Македонија | пред 7 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска во шок: Охрид изгуби голем градоначалник

Министерката за правда Рената Дескоска објави статус на социјалната мрежа Фејсбук во врска со смртта на градоначалникот на Општина Охрид, Јован Стојаноски.„Со Јован се запознавме преку политиката и соработувавме коректно и професионално. Вчера на средбата на ЗЕЛС со Владата во Александар Палас седев до него. И по разговорот за професионалните предизвици негови и мои, прв пат започнавме и приватен разговор. Со гордост и радост ми кажуваше за неговите деца, за нивните студии. Се зачудив дека има 24-годишно дете. Со неговата позната насмевка ми рече: "Млад се женев." Зборувавме за тоа што е најважно во животот. Денес тие зборови ми звучат уште повистинито. Во шок сум од веста што ја примив денес! Во вакви моменти човек се потсетува за вистинските вредности во животот, а особено за вредноста на животот. Почивај во мир! Охрид загуби голем градоначалник“, напиша Рената Дескоска на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 7 години

kliks02-620x350

Двајца загинати и осум повредени откако се преврте автобус во БиХ

Автобус се преврти кај местото Вртиќ, кај Неесиње во Босна и Херцеговина, при што две лица го загубија животот, а осум е повредени.Автобусот пренесувал патници од Бгелград до Мостар, а според првичните информации во него имало 20 лица. Несреќата се случила утрово околу 8 часот на магистралиот пат помеѓу Невесиње и Гацко.Според сведоците автобусот се излизгал поради поледица и излетал од патот. 

Свет | пред 7 години

Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski

Почина градоначалникот на Охрид

Утрово на 48 годишна возраст почина градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски.Тој немал никакви здравствени проблеми, а неофицијално причината е инфаркт. Според првичните, неофицијални информации, тој починал додека го транспортирале од Општата болница во Охрид до Кардиолошкиот завод.Официјално мандатот на градоначалникот на Општина Охрид, Проф. д-р Јован Стојаноски започна на 20.10.2017 година, после победата во првиот круг на Локалните избори 2017 година.Стојаноски е автор на значаен број трудови и артикли од областа на Маркетинг, како и активно учество на голем број домашни и меѓународни семинари, конференции и конгреси.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Македонија под снежна покривка

Македонија под снежна покривка. Во земјава преовладува претежно облачно и студено време, во западните делови со локален слаб снег. Долж Повардарието и на повисоките места дува умерен до засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.Најмногу снег до 7 часот наврнало во Маврово 43 сантиметри, потоа 34 см во Лазарополе, 32 см во Дебар, 31 см во Пожаране, 25 см во Крушево, 20 см во Берово, 18 см во Тополчани и Тетово, 17 см во Ѓуриште, 13 см во Битола и Пожар, 12 см во Претор, 10 см во Крива Паланка и Штип, 9 см во Струмица, 8 см во Охрид, 6 см во Прилеп и Кавадарци, 4 см во Виница, 3 см во Скопје-Петровец и еден сантиметар во Демир Капија.Од УХМР информираат дека минималните температури утрово изнесуваат -8 степени во Маврово, -7 во Лазарополе и Крушево, -4 во Берово, -3 во Прилеп, Претор и Дебар, -2 во Охрид, Тетово, Крива Паланка и Битола, -1 во Штип, Виница, и Куманово, нула степени се измерени во Скопје, Струмица, Кавадарци и Дојран, еден степен во Демир Капија и два степени во Гевгелија.Најмногу дожд до 7 часот има наврнато во Струмица 36 литри на метар квадратен, потоа 34 во Пожаране и Маврово, 31 во Берово, 27 во Дебар, 6 во Претор, 25 во Тополчани, 22 во Лазарополе, Тетово, Дојран, Гевгелија и Крушево, 21 во Демир Капија, 19 во Битола, 17 во Виница, 16 во Крива Паланка и Пожар, 14 во Штип, 13 во Охрид, 11 во Ѓуриште, пет во Скопје, четири во Кавадарци и еден во Куманово и Прилеп.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Денес започнува програмата во нвогодишната населба „Винтерленд“

Од денеска (15 декември, сабота) до 31 декември, Градот Скопје за граѓаните во главниот град подготви најразлични доживувања и незаборавна забава за новогодишните празници во населбата „ВИНТЕРЛЕНД“ на плоштадот „Македонија“.„Дојдете и бидете дел од новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД“, што ја сочинуваат украсени куќички каде што има катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер за посетителите од сите возраста. Ќе има и топ за вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика, а за вљубениците во зимските спортови во населбата е поставено и лизгалиште на мраз.Активностите во „ВИНТЕРЛЕНД“ ќе почнат денеска,15 декември, во 12 часот со детската програма „Волкот низ приказните“, улични забавувачи и дружење со Walt Disney маскоти.Програмскиот дел во текот на неделата почнува од 17 или од 18 часот, а во текот на викендите од 11 или од 12 часот, а трае до 22 часот, а во некој денови и до полноќ.Во културно-забавната програма ќе учествуваат: Театарот за деца и младинци, Златно славејче, улични забавувачи, Walt Disney маскоти, балетската и фолклорна секција од ДКЦ, хоровите од средните училишта на Град Скопје „Никола Карев“, „Раде Јовчевски-Корчагин“,„Васил Антевски-Дрен“,„Панче Арсовски“, СУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СУГС „Јосип Броз-Тито“ и „Орце Николов“, како и ди-џеј Flooder, ди-џеј Милан Серафимов, Plan G, RNC Band, In the mood, Day OFF, Марко и Црни,DNK, Мина Блажев, ди-џеј Тина, Goce SAF, Лозано, Lady Blue, Peppermint, South Park, Салса бенд, Breakdown, Kepurdhat, Ѓоко Танески, Дарио, Џоле Максимовски, Tafa&Theband и Тони Зен.Новогодишната програма и „Винтерленд“ се поддржани од Делегацијата на Европската Унија која го обезбедува лизгалиштето што е поставено на плоштадот Македонија како дел од новогодишната населба. Исто така, настапите на средните училишта од Град Скопје, како дел од забавната програма, се поддржани од Делегацијата на Европската Унија.Годинава Дедомразовската трка ќе се одржи на 23 декември со почеток од 12 часот.Градот Скопје ги поканува граѓаните да дојдат во населбата „ВИНТЕРЛЕНД“ и сите масовно да учествуваат во предновогодишната забава на која одличен додаток ќе бидат греаното вино, пивото, топлите пијалаци и топлата храна“, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

SVETI-NIKOLA-774x1060

Традиција и обичаи кои не сплотуваат - како правилно се слави Свети Никола

На 19 декември се празнува св. Никола, именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле…На овој ден сите бродови каде и да се наоѓале ги спуштале сидрата и до следниот ден одморале, оддавајќи му почит на тој начин на овој светител. Во очи на празникот често бродовите застанувале додека морнарите да му се помолат на светителот и потоа продолжувале. Затоа што се верува дека Св. Никола е заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода. На овој ден според традицијата никако не треба да перете алишта, да се чисти куќата и да се прават било какви домашни работи.Бидејќи во тек е божикниот пост, на овој ден не се јаде мрсна храна. Старите верувале дека доколку славата не се прослави правилно, според традицијата и обичаите, ќе навлечете грев на куќата и на домашните.

Македонија | пред 7 години

krsto-mukoski2-696x367-1200x545_c

Половина милион евра преку тендери за семејството Муковски

Над 58 милиони денари или околу 950 илјади евра е вкупната вредност на тендерите кои вевчанската фирма „Атриум“, водена од братот на обвинетиот пратеник Крсто Мукоски ги има потпишано со државни органи во последните 5 месеци.Податоците се јавни и се впишани на сајтот на Бирото за јавни набавки.За оваа фирма медиумите веќе објавија дека во тек е предистражна постапка за тендерот за варосување и дополнителни градежни работи на скопскиот стадион пред одржување на европскиот супер куп и натпреварот на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед,за време од владеењето на минатата власт. Поради сомнежи дека зад итност на постапката за стадионот се кријат високи и напумпани цени за фарбање на квадрат ѕид и за градежни преправки, владата поднесе пријава, а финасиската полиција се уште го истражува случајот.Инаку Ссемејната фирма на пратеникот Крсто Мукоски „Атриум“ од Вевчани ќе фарба државни ѕидови, ќе менува буков паркет, ќе го лакира и струга, по двојно повисоки цени од пазарните.„Во претходниот тендер за кој се водат предистражни постапки, за стругање и лакирање на паркет цената била 2.312 денари по квадрат, а сега е 1.334 денари. За молерисување на ѕидови со тон порано цената била 219 денари, а сега е 123 денари за квадрат. А за менување на буков паркет фирмата наплатувала по 4.394 денари, а со овој тендер е постигната цена од 2.565 денари“- велат за ТВ 24 од Ад за стопанисување со станбен и деловен простор.ТВ 24 контактираше по неколку занаетчиски фирми. Просечна цена за фарбање ѕидови со тон не е ни едно евро по квадрат со нивна боја, а фирмата на Мукоски ќе фарба за две евра по квадрат. За лакирање и стругање пак на паркет добивме цени од максимум 10 евра, а најдовме и за 6,5 евра со нивни материјал, додека „Атриум“ тоа ќе го работи за 22 евра по квадрат. А пак менување буков паркет прва класа со нивна набавка е максимални 30-35 евра за квадрат, но мајсторлукот на вевчанската фирма на пратеникот Мукоски ќе го платиме по речиси 42 евра за квадрат, објавија од ТВ 24.Од АД за стопанискување со станбен и деловен простор велат се е законски. И изборот на фирмата, бидејќи немало негативна референца за неа кога ја избрале, како и сумите.ТВ 24 се јави на и братот на Крсто Мукоски, Бобан Мукоски кој е сопственик на „Атриум“, но тој не сакаше да ги коментира тендерите.Пратеникот на сега независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, кој гласаше за отворање на Уставот е еден од обвинетите за насилствата во Собранието на 27 април лани. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО)Автомобил излета на стариот пат Охрид - Струга

Автомобил „Сеат“ кој превезувал неколку лица ноќва излета од коловозот на стариот пат кој ги поврзува Охрид и Струга во близина на болницата „Свети Еразмо“.Според првите непотврдни информации нема настрадани и посериозно повредени.

Македонија | пред 7 години

sara

Извршена трансплантација на коскена срцевина на Сара Настеска

Деновиве беше извршена трансплантација на коскена срцевина кај Сара Настеска од Охрид, 15-годишното девојче кое ја крена цела Македонија на нозе.Добри вести доаѓаат од Германија каде што беше зафатот, а според информациите, Сара се чувствува добро.– Пред два дена, на 12-ти декември се изведе трансплантацијата која се одвиваше во две фази. Прво од братот на Сара, Виктор беше земен потребниот примерок односно коскена срцевина, врз кој потоа беа извршени медицинските процедури и прилагодувања на истиот, а потоа истиот беше трансплатиран врз Сара. Во моментов таа е добра и позитивна. Сега, следува период на адаптација од неколку недели, во текот на кои ќе знаеме како организмот ќе го прифати третманот односно трансплатираната коскена срцевина, информира Горан, таткото на Сара.Тој додава дека првичната проценка и од лекарскиот тим била дека трансплантацијата поминала добро.Во име на целото семејство, тој уште еднаш исппрати голема благодарност до сите добри и хумани луѓе кои преку донации овозможија Сара да се лекува.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Облачно време, во недела пообилни врнежи од снег

Денес не очекува променливо облачно време со слаб до умерен југоисточен ветер. Во крајните западни и источни делови ќе има слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Утринската температура ќе се движи во интервал до -1 до 6 степени, а дневната од 4 до 10.Во Скопје променливо облачно со температура од 2 до 7 степени.До вторник ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет. Пообилни врнежи од снег ќе има во недела и вторник и ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Само во некои пониски места врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Македонија | пред 7 години

ivor-mickovski-11

Мицковски: 300 000 евра и Парни Ваљак за Нова Година, ваљак да ве прагази мамицу вам...

Граѓанскиот активист и поранешниот шеф на центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицкоски на својот Фејсбук профил Повторно „распали“ по власта. Тој напиша:„300 илјади евра и Парни Ваљак за Нова Година. Ваљак да ве прегази мамицу вам ретардирана“.Мицовски со оваа објава го искажа својот став во врска со цената на тендарот за овогодишното украсување на главниот град.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања