„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

stop-policija

Сообраќајна несреќа на автопатот Гевгелија-Скопје

На автопатот Гевгелија-Скопје, после наплатна рампа Градско, се случила сообраќајка.Дознаваме дека сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Над 400 дрвја осудени на смрт, бидејќи стеблата им се зациментирани

За прв пат е креирана мапа со локации од повеќе од 400 дрвја во Скопје кои се буквално осудени на смрт бидејќи стеблата им се зацементирани.https://www.facebook.com/vidivakamedia/videos/354952581721958/

Македонија | пред 7 години

Shekerinska-

Шекеринска: Сериозни казни за организторите, инаку немаше денеска пред вас да зборуваме за закон за половична или делумна амнестија за 27 април

Вицепремиерот и министер за одбрана на Република Македонија Радмила Шекеринска, вечерва во Отвореното Студио 1 даде објаснување за актуелниот закон за амнестија.Според неа:„Законот не влегува во намалување и зголемување на казните, туку ги дефинира кои се тие кривични дела за кои нема да важи законот за амнестија. Тоа значи дека обвинител и судија ќе ги осудува тие кои смета дека се организатори и починители на насилство врз основа на неколку дела. За нив има сериозни казни. Ако ја игравме така играта немаше денеска пред вас да зборуваме за закон за половична или делумна амнестија за 27 април. Кога дискутиравме во јули месец за барањата на ВМРО-ДПМНЕ за генерална амнестија за предметите од СЈО, мојот став и тогаш и денес е ист дека за 27 април каде што бевме првите и главни жртви, јас се чувствувам дека имам кредибилитет да кажам како жртва подготвена сум да простам и поддржам таков закон. Мислам дека имаме право да одлучиме на таков начин, но кога ги анализирам предметите на СЈО и бомбите тие злоупотреби, тој криминал, насилие, не бевме ние жртви, сите бевме жртви, цела држава“, рече Шекеринска.За селективната амнестија за 27 април како црвена линија за да поминат уставните амандмани и дали сѐ е дозволено во името на евроатлантските интеграции вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска вели дека иако како граѓани, на пратениците им е најлесно да кажат дека секој што учествувал треба да одговара, како одговорни политичари, мора да и помогнат на Македонија да заздраве од траумата.-Темата помирување, како да ги залечиме раните, ѝ претходеше на дебатата. Лага е дека во дебатите за амнестија во јули со ВМРО-ДПМНЕ некој од нас барал амнестија за 27 април. Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги пушти низ вода сите што учествуваа во таа драма во Собранието. Тие единствено што бараа беше амнестија за криминалот и за злоупотребите, за предметите во СЈО и што се однесуваат на бомбите, рече Шекеринска.Таа додава дека иако биле жртви, имале одговорност како луѓе во владата да ѝ помогнат на државата да продолжи напред кон целта, а тоа е државата да се одлепи од дното, да не ги повторува грешките, а единствена шанса за тоа е перспективата во НАТО и ЕУ.Шекеринска објасни дека Владата не е опција да прави пазар и да уценува судии и обвинители и затоа предлог-законот покажува дека политичарите треба да се занимаваат со својата, а судството со нивната работа.- Целта на законот е таа одлука да ја остави во рацете на правосудството, додаде Шекеринска.

Скопје | пред 7 години

vucic-111

Вонредно обраќање на Вучиќ: “Ние заклучивме дека формирањето на Армијата на Косово е во спротивност со меѓународното право и нивниот нелегални устав

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста констатираше дека денес по долгогодишни закани официјално е формирана таканаречената војска на Косово. Претседателот истакна дека Албанците покажаа дека не се грижат за почитувањето на правата и правдата.“Ние заклучивме дека формирањето на Армијата на Косово е во спротивност со меѓународното право и нивниот нелегални устав. Овој потег се заканува на мирот и безбедноста. Србија има поднесено барање за свикување седница на Советот за безбедност, јас сум подготвен како претседател на седницата да бидам присутен”, рече Вучиќ.Тој на прес конференција истакна :„Сѐ што направија Албанците направија спротивно на нормите на јавното право и на сопствениот највисок правен акт уставот и покажаа, како и нивните заштитници и спонзори, дека не им е до почитувањето на правото и правдата туку сакаат спроведување на сирова сила, напади врз Србите и нескриен напад врз Србија“.Тој кажа дека Србија вложила големи напори да ги зачува мирот и компромисот, а дека денес е сосема јасно дека ни Албанците ни нивните спонзори не сакале мир. Како косовски спонзори Вучиќ ги означи САД, Британија и Германија.Тој им се обрати и на Србите на Косово.-Драги пријатели, знам дека ова се тешки денови за вас. Спокоен сум и мирен затоа што знам дека направивме се. Вие не морате да се грижите, Србија ќе има сила да ве заштити. Србија нема да се откаже од својот народ и својот своето достоинство, ниту гордост. Во иднина уште повеќе ќе пропагирам дека со сите останати во регионот ќе настојуваме да одржиме најдобри можни односи. Не дојдов во униформа, немаме од кого да се плашиме, но и од никого не се плашиме, им порача Вучиќ.Вучиќ им се обрати и на Србите на Косово.-Драги пријатели, знам дека ова се тешки денови за вас. Спокоен сум и мирен затоа што знам дека направивме се. Вие не морате да се грижите, Србија ќе има сила да ве заштити. Србија нема да се откаже од својот народ и својот своето достоинство, ниту гордост. Во иднина уште повеќе ќе пропагирам дека со сите останати во регионот ќе настојуваме да одржиме најдобри можни односи. Не дојдов во униформа, немаме од кого да се плашиме, но и од никого не се плашиме, им порача Вучиќ.

Свет | пред 7 години

kuka-pozar

Изгоре куќа во Трубарево, на две семејства им е потребна помош

Куќа во која живееле две семејства, денеска речиси целосно изгоре во пожар во Трубарево. Пожарот избил во оџакот на куќата и потоа ги пеплосал просториите за живеење. На семејствата им е потребна секаква помош за да можат да си го обноват својот дом.Сите граѓани кои можат да понудат било каква помош може да се обратат на следните броеви:077 905 589071 702 697

Македонија | пред 7 години

NBRM

31. сесија на Клубот на истражувачи во НБРМ

Во Народната банка на Република Македонија се одржа 31. сесија на Клубот на истражувачи на која по поздравното обраќање на гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, беа презентирани истражувачките трудови: „Оценување на ефикасноста на банките во Република Македонија: Непараметарски пристап“ од д-р Катерина Фотова-Чиковиќ и д-р Виолета Цветкоска, професорка на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и „Дезинфлаторните прелевања од земјите во eврозоната кон земјите од Југоисточна Европа“ од м-р Гани Рамадани од НБРМ и Предраг Пандилоски од „Вотсон скул“ при Универзитетот на Пенсилванија.Целта на првиот презентиран труд од авторките Фотова-Чиковиќ и Цветкоска е да се оцени релативната ефикасност на деловните банки во Република Македонија, со користење на ДЕА-техниката – прозорска анализа. Врз основа на пристапот на профитабилност, во истражувањето се избрани два инпути и два аутпути. Примерокот за анализа користен од авторките се состои од четиринаесет деловни банки во земјава и набљудуван е периодот од 2007 до 2017 година. Според резултатите за просечната ефикасност за целиот набљудуван период, коишто на сесијата ги презентираше Виолета Цветкоска, авторките заклучуваат дека групата на големи банки покажува највисока ефикасност. Во рамки на презентирањето на трудот во име на двете авторки, Цветкоска посочи дека во десетгодишниот период заклучно со 2017 година, според нив, македонскиот банкарски сектор во целина, највисока ефикасност покажува во 2007, а најниска во 2011 година. Според нивните согледби коишто се темелат на спроведената анализа, во периодот од 2008 до 2011 година, намалувањето на ефикасноста се поврзува со глобалната финансиска криза, а потоа ефикасноста забележува пораст.Во завршницата на претставувањето на трудот беше нагласено и дека резултатите од истражувањето даваат информации за регулаторите, креаторите на политиките и менаџментот на деловните банки, за натамошно подобрување на еден од важните индикатори за успех на финансиските институции, односно нивната ефикасност.Целта на истражувачкиот труд на Рамадани и Пандилоски, којшто во името на двајцата автори го презентираше Гани Рамадани е да се анализираат детерминантите на движењето на инфлацијата во Југоисточна Европа (ЈИЕ). Како што беше посочено и на сесијата, симултаниот тренд на дезинфлација низ целиот регион од 2012 до средината на 2016 година го наметнува прашањето дали и до кој степен ниската инфлација во еврозоната и другите заеднички фактори влијаеле врз дезинфлацијата во ЈИЕ. Користејќи тримесечни панел податоци за десет земји од ЈИЕ, за периодот меѓу 2004 и 2017 година, во трудот, двајцата автори моделираат хибридна нео-кејнзијанска Филипсова крива базирана на мала и отворена економија. Според презентираната анализа, клучни се ефектите од светските цени на храната и енергијата, како и ефектите од ценовните притисоци на еврозоната, врз дезинфлациските движења во земјите од ЈИЕ.Генерално, истражувањето покажува дека дезинфлаторните прелевања од еврозоната се важен фактор за земјите со поригиден режим на девизен курс, како и за оние со поголема трговска размена со еврозоната. Понатаму, анализата на хетерогеноста покажува дека и земјите со помалку ригидни режими на девизен курс, но со релативно висока изложеност на трговска размена на пазарот на еврозоната, се чини дека се чувствителни на прелевање на инфлацијата од еврозоната. Во завршницата на своето излагање, Рамадани посочи дека цикличната невработеност не се покажува статистички сигнификантна во примерокот, што е во согласност со неколку неодамнешни наоди за израмнување на Филипсовата крива во многу економии во светот.На крајот, поттикнати од изнесените видувања и заклучоци, присутните на сесијата дискутираа за повеќе прашања и аспекти на темите на двата презентирани труда.Следната сесија на Клубот на истражувачи ќе се одржи во март 2019 година.

Скопје | пред 7 години

27-april

Еве што збореле на „вибер“ пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на 27 април

На снимка од вештачењето спроведено на 14 јуни годинава за настаните во Собранието од 27 април 2017 година се гледа како лице од толпата го повлекува пратеникот Зијадин Села, а други лица го фаќаат и почнуваат да го тепаат. Од снимката,  како што рече обвинителката Ивана Трајчева на денешното судење, може да се види дека по Села удирале и обвинетите Мунир Пепиќ и Вилијам Михајловски.Адвокатката на Пепиќ даде приговор на коментарот на обвинителката, велејќи дека не се гледа никаков контакт на Пепиќ и Села.Приговор дадоа и обвинетите Пепиќ и Михајловски, посочувајќи дека не го удирале Села.Претходно на денешното рочиште во Кривичниот суд  за настаните од „27 април“ се читаат пораки од телефони на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, како и од нивната вибер група.Во вибер комуникација меѓу Јохан Тарчуловски и Даре УМС Бутел од март 2017 година, од Јохан се бара да им среди кај Чавков за некое дело за неколку деца, на што обвинетиот Тарчуловски му одговра дека ќе среди. Потоа во порака Даре му пишува на Јохан да се јави кај судија да среди за постапката.Во комуникација, пак меѓу двајцата на 27 април Јохан го известувале за состојбата надвор пред Собранието, а тој му пишува да извршат појак притисок.Во комуникација пак од јануари 2018 година меѓу Тарчуловски и Борис од кабинетот на Иванов, Јохан пишува дека не попуштаат за 27. и дека не се држат до ветеното.На судењето е презентирана и порака меѓу Мицкоски и Тарчуловски. Мицковски пишува „последното инфо од денеска е позитивно, дека утре и задутре ќе се решава” . Јохан пишува „а имаат ли сите жалби поднесено“, Мицковски одговара „да сите, а Јохан да сите 36“.На 16 јануари 2018 година Тарчуловски му кажува на Христијан Мицкоски дека оди во Обвинителство да даде изјава.Тарчуловски на 26 декември му пишува на Мицкоски “Не би било фер, ни корекно да се враќаме во Собрание без да ги пуштат затворените луѓе. Ќе биде контра ефект. Ќе почнат поголеми напади и плукања по нас. На тие луѓе внатре ние сме им последна шанса. Би требало да се направи поголем притисок за да се издејствува слобода. Сите го очекуваат тоа од нас“.Прочитајте повеќе тука.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Грците мислат дека сме победници со договорот од Преспа

Последното истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата за рејтинг MRB Hellas, а објавено од информативниот портал „Реал“, покажува дека 7 од 10 Грци негативно го оценуваат Договорот од Преспа, исто толку сметаат дека договорот не ги гарантира грчките интереси, повеќе е наклонет и повеќе им служи на македонските интереси и во иднина ќе создаде сериозни проблеми, јави дописничката на МИА од Атина.Речиси пет од 10 Грци одговориле дека договорот ќе биде изгласан од грчкиот Парламент, а 25.9% сметаат дека Македонија е „вистинска закана за Грција“.Од испитаниците било побарано да одговорат на прашањето: „Врз основа на она што го знаете, имате слушнато, имате прочитано, како, во целост, го оценувате договорот што го потпиша грчката влада со ПЈРМ ?“Според резултатите, 70.2% дале негативна оцена (веројатно негативна 20.5%, сигурно негативна 49.7%, а само 12.1% позитивна оцена (8.2% веројатно позитивна, 3.9% сигурно позитивна). Додека пак 4.6% рекле дека не знаат или одбиле да одговорат.На анкетираните, им биле понудени неколку ставови и било побарано од нив да одговорат дали и колку се согласуваат или не се согласуваат. МИА во целост ги пренесува прашањата и одговорите на испитаниците.– Со финализирањето на конкретниот договор, Грција престанува да биде дел од еден проблем и може да претендира да добие активна улога на Балканот.67.3% веројатно/ сигурно не се согласувам24.3% сигурно/ веројатно се согласувам8.4% не знам/ не одговарам– Новиот договор ги гарантира, на реален начин интересите на Грција.71.5% веројатно/ сигурно не се согласувам20.7% сигурно/ веројатно се согласувам7.8% не знам/ не одговарам– Новиот договор е повеќе наклонет и повеќе им служи на интересите на ПЈРМ.74.7% сигурно/ веројатно се согласувам18.2% веројатно/сигурно не се согласувам7.1% не знам/ не одговарам– Новиот договор ќе создаде сериозни проблеми во иднина.74% сигурно/ веројатно се согласувам17.9% веројатно/сигурно не се согласувам8.1% не знам/ не одговарамВо истражувањето од Грците било побарано да одговорат на прашањето дали сметаат дека Договорот од Преспа ќе биде изгласан во грчкиот парламент. Речиси 5 од 10, односно 47% одговориле позитивно (14.8% сигурно да, 32.2% веројатно да), а речиси 4 од 10 негативно, 37.4% сметаат дека грчките пратеници нема да го изгласаат.Македонија е на третото место во однос на тоа која земја, Грците ја сметаат за вистинска закана за Грција. Понудени одговори освен Македонија, се и Турција, Албанија и Бугарија.Прва е Турција со 84.5%, втора е Албанија со 42.8%, а потоа Македонија со 25.9%. На четврто место е Бугарија со 7.2%.Истражувањето било спроведено од 28 ноември до 6 декември со анкетирани 2000 лица со право на глас преку методот на директни интервјуа.

Македонија | пред 7 години

UaYct-

Фатен нарко дилер од Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.М.(43) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.При извршен преглед во мопед што го управувал пријавениот на улица „Абас Емин“ во Охрид, од страна на полициските службеници, под седиштето пронајдена била најлонска кеса со марихуана.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Ѓорчев: Наместо живот донесоа невиден егзодус во Република Македонија

Оваа прес конференција ќе биде посветена на темата поврзана со иселувањето и егзодусот во Македонија, по повод секојдневните извештаи за падот на ученици во Македонија од општина по општина. Падот на новородени деца и зголемување на иселувањето. Ова би бил содржинскиот дел од оваа прес конференција. Наместо живот со Зоран Заев во Македонија дојде до егзодус и невидено, невидено до сега иселување, изјави на прес-конференција Владимир Ѓорчев член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:„Се иселуваат луѓето од сите региони на Република Македонија, се иселуваат младите од Скопје, се иселува Источна Македонија, се иселуваат луѓето од Полог, Тетовско, Гостиварско, Липковско. Си заминуваат луѓето од Битолско, од Прилепско, од Охрид и Охридско. Ова е невиден, невиден егзодус.Последица на штетните политики на Зоран Заев и на неговата Влада. Од Македонија секогаш имало иселување. Но ова што сега го гледаме како невидено иселување како егзодус. Како евакуација од Македонија на цели семејства до сега не сме го виделе никогаш. Од долгите векови на македонска историја.“-Со тага и со тежина вчера беше објавена веста дека за само 10 месеци, внимавајте само од Нова година речиси денес од основните училишта во Штип и од средните училишта се отпишани 77 ученици. 77 отпишани ученици само од Штип. Жал и тага. Тоа значи дека од градот Штип од најголемиот центар од најголемиот град на Источна Македонија само од Нова година до сега, само откако ја поскапеа акцизата на дизелот Заев и Анѓушев заедно со Тевдовски се иселени околу 300 до 400 граѓани. Понатаму, ако го видиме бројот на отпишани ученици во Кочани, Кочани е помал град, само од Кочани од истиот дел од годината значи од почетокот на годината до сега се отпишани 20 ученици. Тоа не е толку голем град, значи во Кочани само од почетокот на годината отпишани се 20 ученици. Уште еднаш ако треба сето ова да го резимирам и да го заокружам би го кажал следново, наместо живот со Зоран Заев во Македонија дојде до невидено, невидено до сега иселување и егзодус, потенцираше Ѓорчев.Ѓорчев додаде дека си заминуваат и се евакуираат цели семејства, дека си заминуваат младите од Скопје, се иселува Источна Македонија, бегаат луѓето од Полог, од Тетовско, од Гостиварско, од Липковско, од Дебарско, од Маврово – Ростуша, си одат луѓето од Струшко и од Охрид. Се испразнува и иселува Битола, Прилеп исто така, луѓето од Струмица си одат. Да не ги набројуваме сите градови.-Штетните политики на Зоран Заев доведоа до тоа да Македонија се истенчува, да народот ни се топи, државата ни исчезнува. Македонија умира, паѓа бројот на новородени деца, имаме во 2018 година во три квартали најмал, најмало ако има статистика во Македонија, најмал број на родени бебиња. Страшни падови. Невидени падови. Наместо живот донесоа егзодус и невидено иселување. Жал и тага, заклучи Ѓорчев.

Скопје | пред 7 години

klinicki

Шилегов: Со поскпувањето на паркингот во Кинички, Градот Скопје се обиде да исправи неправда

Градот Скопје се обиде да исправи неправда. Ја воедначи цената на паркингот на Клиничкиот центар со другите паркинг зони околу кои гравитираат други институции. Градот не би се однесувал подеднакво кон своите граѓани ако на едно место дава услуга за 800 денари, а на друго за 350, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, одговорајќи на новинарски прашања.Градоначалникот истакна дека во Клиничкиот центар мора да се изведат нови сообраќајни решенија за Брзата помош лесно да доаѓа до клиниките, наместо да чека ред со дргутие возила, а на две места на паркингот на Клинички центар треба да се изградат монтажни катни гаражи со што ќе се зголеми каацитетот за повеќе од 350 нови паркинг места.-На паркингот кај „Нова Македонија“ луѓето плажаат по 800 денари, а во катната гаража „Беко“ вработените во министерствата за финансии и за правда плаќаат по 1.000 днари. Ја воедначивме цената на услугите, а зошто некој во дадена фаза решил концептот на сообраќај на Клинички центар да го уништи давајќи 1.500 месечни карти за 670 паркинг места без да го зголеми капацитетот за непречен пристап на возила, не можам јас да кажам. Тоа се одлуки на претходната власт. Она што сакаме е да исправиме неправда кон останатите граѓани, од една страна, а од друга, да најдеме доволно средства за изградба на двете монтажни катни гаражни, рече Шилегов по националната конференција за децентрализација.

Скопје | пред 7 години

kisela-voda

Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија

Општина Кисела Вода спроведува активности за садење на разни видови на високо стеблести дрва за парковско уредување на својата територија.Во периодот што следува нови садници/дрвореди ќе добијат повеќе тревни површини, како и објекти на јавните детски градинки и основни училишта под надлежност на Општината.Локалната самоуправа со цел да делува за намалување на аерозагадувањето и следната година ќе продолжи со засадување на нови садници. Активностите на терен ги врши фирмата ДПТУ ГРЕЕН ПИАНТИ ДООЕЛ.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

„Парни ваљак“, домашни пејачи и група од Косово ќе ги забавуваат скопјани за дочек на Новата 2019

Аки Рахимовски и Парни ваљак, неколку македонски пејачи, ди џеј и група од Косово ќе ги забавуваат скопјани за новогодишната ноќ. Новогодишната програма ќе почне во 21 часот на Градскиот плоштад „Македонија“ и ќе трае до еден часот по полноќ.Ова на денешната прес-конференција го соопштија скопскиот градоначалник Петре Шилегов и главниот извршен директор на Македонски телеком, Никола Љушев.Градоначалникот Шилегов изјави дека никогаш не би го пропуштил настапот на Парни Ваљак и оти ќе присуствува на новогодишната прослава заедно со скопјани

Скопје | пред 7 години

da-pomogneme

Да помогнеме ...

Хуманоста пред се. Да и помогнеме на 9 годишната Марија да продолжи и понатаму да ја гледа светлината на животот.Се молат сите хумани луѓе да излезат во пресрет секој според своите можност и да донираме за Марија.Паричните средства може да ги уплатите на име Елизабета Илиеска, жиро сметка 200003040734749 Стопанска банка.

Македонија | пред 7 години

Southwest-Airlines

Која неодговорност, заборавиле срце за трансплатација во авион, па морале да се вратат назад

назадАвион на компанијата „Саутвест“, кој летал на релација Сиетел – Далас, на половина пат морал да се врати назад откако екипажот отркил човечко срце за трансплатација, пренесуваат американски медиуми.Компнаијата објавила дека донираниот орган бил пренесен од Калифорнија во Сиетел и истиот требало да заврши во болница, но тоа никогаш не било симнато од авионот. Било најдено кога авионот се наоѓал на половина пат до Далас.Патниците биле шокирани кога пилотот ги известил дека авионот, откако прелетал 950 од планираните 2500 километри, мора да се врати на аеродромот од каде полетале. Летот траел вкупно 3 часа.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања