„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

sobranie-206-

Кој ќе биде амнестиран за 27 април, а кој не?

Со новиот закон со кој ќе се обезбеди амнестија за настаните во Собранието на 27 април ќе бидат опфатени вкупно 30 лица, додека преостанатите 40-мина осомничени, обвинети и осудени ќе бидат изоставени според проектираниот опфат, објави Дојче Веле.Низ „филтерот“ ќе поминат сите кои не извршиле никакво насилство, кои не го подготвувале и организирале упадот во Собранието, и кои не се гонат по командна одговорност.Според тоа, низ овој „филтер“ треба да поминат 20 лица, од вкупно 33 кои се гонат за загрозување на уставниот поредок, и на околу десетина лица засега обвинети за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службена должност“.Апсолутно нема да има „простување“ за седумтемина осудени за обидот за убиство на Зијадин Села, 12 лица обвинети за кривично дело насилство, и полициските функционери на кои им тежи командната одговорност.

пред 7 години

MOV_4678.00_00_01_19.Still001

Мицкоски: Заев бега од дебата- условува, затоа што не сака да се чуе вистината

„Ајде да се соочиме на дуел и граѓаните да видат кој е криминалец, а кој чесно си ја извршува својата функција“, вака зборуваше Зоран Заев во 2013-та година, и во 2016-та година велеше (цитирам), „заслужува граѓанинот на Македонија да види дебата помеѓу премиерот и шефот на опозицијата“. Денес 2018-та година месец декември, премиерот Зоран Заев бега од дебата. Условува, се препелка, лаже, се крие, затоа што не сака да се чуе вистината. И уште еднаш, којзнае по кој пат, си го погазува претходно реченото, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.-Бега и се крие од дебата, по втор пат, првиот одби во кампањата пред референдумот, и сега на крајот од годината, а се крие затоа што треба да даде одговори за црнилата кои ги донесе на Македонија. Не сака да одговори за името кое спротивно на волјата на граѓаните го менува, за даноците кои ги покачува, со кои се удира по сите граѓани, а не само по богатите, за уништеното здравство и фактот дека Македонија е најзагадена држава во Светот, за сиромаштијата, за очајот и изневерените очекувања. За тоа дека нема просечна плата од 500 евра, дека нема поврат на ДДВ, нема инвестиции, го нема животот кој го ветуваше. Да одговори за неправдите и политичките притисоци и прогони. За криминалните тендери, за црниот Вотергејт во судството и обвинителството, пишува Мицкоски и додава:„Тешко му е да оди на дебата, ама не му е тешко да излаже. Устите им се полни со Европа, но само формално, не и на дело. Една од основните придобивки на европската политика е отвореноста и дебатата, тоа го заслужуваат и нашите граѓани. Наместо афрички монарх, прифатете европски вредности. Ајде без изговори, без банални оправдувања Заев прифатете дебата? Велите да сум ја кажел алтернативата, ќе ви ја кажам, тоа е вие да си заминете од власт, веднаш и што побрзо, затоа што со Вас Македонија тоне во црнила и драматично губи, имаме држава пред економски банкрот, за се останато ќе чуете на дебатата која се надевам дека ќе ја прифатите!“.

Скопје | пред 7 години

zaev

Заев: Ќе прифатам дуел со Мицкоски, доколку го каже својот став за Договорот од Преспа

Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш повтори дека прифаќа телевизиски дуел во кое било време и во кој било медиум со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски само доколку тој претходно се изјасни дали е за членство во НАТО и ЕУ преку прифаќање на Преспанскиот договор, а ако не е за тоа, треба јасно да го каже и да понуди алтернатива.„Подготвен сум во секое време и на секое место да дебатирам со Мицкоски. Меѓутоа чесно е тој да го каже прво својот став дали е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО и дали го поддржува Договорот од Преспа. Доколку не е, тогаш нека ја каже алтернативата. Потоа нека го избере медиумот, денот и терминот. Јас сум подготвен на соочување. Тоа е демократски чин“, изјави Премиерот по денешната национална конференција за децентрализација.

Скопје | пред 7 години

vlada.mk_

21 декември (петок) - Денот на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните на турската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 21 декември 2018 година (петок), Денот на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија им го честита Денот на наставата на турски јазик.

Македонија | пред 7 години

vlada

Усвоен Буџетот за 2019 со дополнувања со дел од амандманите за повеќе пари за животна средина, за регионален развој, за инфраструктура

Владата на Република Македонија на денешната, 109-та седница, го усвои Дополнетиот Предлог - Буџет на Република Македонија за 2019 година, усогласен соодветно на амандманите што произлегоа од расправата за буџетот во Собранието на Република Македонија.Согласно амандманите кои дојдоа од владеачкото мнозинство и од опозицијата во собраниската амандманска расправа, во Предлог Буџетот за 2019 година се направени дополнувања на буџетски износи во програмите за заштита на животната средина, со фокус на мерките за почист воздух, на локалната инфраструктура и на програмите за развој на планските региони, како и на зголемување на буџетската поддршка за работата на дел од министерствата, агенциите, управите и други органи на државната управа.Соодветни интервенции по собраниската амандманска расправа за дополнителни буџетски износи се направени и за дел програмите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.На денешната седница на владата се утврдени и насоките за нивелирање на платите во културата за што активностите треба да започнат од јануари 2019 година, согласно буџетската динамика во претстојната година.Вкупните приходи на Буџетот на Република Македонија за 2019 година се планираат на ниво од 210,8 милијарди денари, а расходите се планирани на ниво од 228,5 милијарди денари. Вака планираните приходи и расходи резултираат со намалување на буџетскиот дефицит на ниво од 2,5% од БДП или 17,7 милијарди денари во апсолутен износ.Планираниот дефицит е во согласност со Фискалната стратегија на Република Македонија 2019-2021, која на денешната седница на Владата на РМ беше усвоена како информација, и која заедно со конечниот дополнет предлог за Буџет за 2019 година, ќе се испрати на усвојување во Собранието на Република Mакедонија.

Скопје | пред 7 години

vojska_kosovo

Косовското собрание ги усвои законите, Косово доби војска

Во косовското собрание се усвоени три нацрт закони кои овозможуваат трансформација на косовските безбедносни сили, а во парламентот во Приштина влегоа и неколку „војници“, јавуваат косовските медиуми.Како што јавува Коха диторе, нацрт законите се усвоени по забрзана постапка и едногласно.Одлуката, која доаѓа по повеќегодишни обиди, е поддржана од САД и Германија, но ѝ се противат ЕУ и НАТО, кој во моментов ги чува границите на Косово. Коха пишува дека Србите се во „состојба на тревога“ поради опасноста од влошување на ситуацијата, и бараат интервенција од меѓународните претставници. 

Свет | пред 7 години

nikola-sazdovski

Одложено рочиштето за смртта на Никола Саздовски

Поради оправдано отсуство на еден од поротниците причина смртен случај, денешното судско рочиште за обвинетите за смртта на Никола Саздовски е одложено.Во случајот за убиството на Саздовски, осомничени се три лица: Бесир Беља, Скендер Демири и Јетон Љужа кој е во бегство. На минатото рочиште се презентираа наоди од судска медицина кои потврдија дека Саздовски бил убиен со употреба на физичка сила.Нападот на Саздовски се случи на автобуска постојка во Автокоманда. Претходно искази даваа сведоци кои на моментот на убиството било на постојката.На претходното рочиште во судот беа презентирани наодите од судска медицина.Вештото лице, доктор Златко Јаќоски од Судска медицина на рочиштето посочи дека обдукцискот наод извршен врз Никола Саздовски покажал крвни повреди на главата, поточно на левата страна на лицето и во темената регија, оштетување на мозокот и крвен подлив на градниот кош.Според вештото лице, Саздовски бил донесен во болница во предсмртна фаза за што итно била направена реанимација, а заради неможност на функционирање на мозокот бил поставен на механичка вентилација со пропратна терапија со медикаменти.Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, Јетон Љужа, кој се уште е недостапен за органите на прогонот распишана е домашна и меѓународна потерница.Дваесетгодишниот Никола Саздовски почина на 9 јули годинава, откако беше крвнички претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда на 29 јуни годинава околу 17:30 часот од Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.

пред 7 години

blagica

Благица Ласовска од Свети Николе, нов претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Благица Ласовска од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе е новата претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.Таа беше избрана во стандардна партиска процедура на оваа носечка партиска функција откако поранешната претседателка Даниела Рангелова се повлече од функцијата по сопствена иницијатива.Благица Ласовска е родена на 8.3.1970 во Штип. По националност е Македонка. Магистер по менаџмент во образование и образовни политики, УГД Штип.Моментално таа е една од најангажираните пратенички во Македонското собрание со што претставува еден од носечките столбови во заштитата на интересите на граѓаните на Република Македонија.„Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за нов Претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ да ја назначи Благица Ласовска, која до сега беше ВД Претседател. Благица Ласовска е поранешен Претседател на УЖ Свети Николе, поранешен член на Извршниот Комитет на Унијата на жени и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница одлучи за Секретар за меѓународна соработка да го назначи Тимчо Муцунски. Тимчо Муцунски е докторанд и асистент на правниот факултет при УКИМ и поранешен заменик министер за информатичко општество и администрација. Муцунски во изминатите години извршувал повеќе функции во ВМРО-ДПМНЕ, од кои член на Извршниот комитет на Унијата на млади сили, како и советник за меѓународни односи на Претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со искажаната доверба на Ласовска и Муцунски верува дека со својата посветеност и капацитет ќе ги исполнат целите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од ВМРО ДПМНЕ .

Македонија | пред 7 години

veles

Изменет сообраќаен режим на делницата Катланово-Велес во двата правца

 Изменет сообраќаен режим денеска и утре ќе има на делницата Катланово-Велес, пред наплатната рампа Сопот и на делницата Велес-Катланово, после наплатната рампа Отовица.Изменетиот сообраќаен режим, како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија повикувајќи се на „Виадукт трејд“, е поради изведување градежни активности. 

Македонија | пред 7 години

ArheoloskaTopografijaDebrca3

Општина Дебрца ќе развива културно-археолошки туризам - Промовиран проектот “Археолошка топографија на старите градови и тврдини во општина Дебрца 2018”

Општина Дебрца ги презентираше резултатите од Проектот „Археолошка топографија на старите градови и тврдини во општина Дебрца 2018“. Во рамките на проектот се изврши археолошки мониторинг на 10 најзначајни археолошки локалитети со цивилизациски карактер на територијата на општина Дебрца, изработка на археолошка, техничка, наративна и илустративна фото/видео документација.  Средствата за реализација на проектот, во износ од 100.000 денари се обезбедени од буџетот на општина Дебрца, конкретно од Програмата за развој на културата во 2018 година, а истражувањето го спроведе истражувачкиот тим на Филозофскиот факултет Скопје.„Најнапред сакаме дел од овие истражувања да ги внесеме во една посебна брошура, а понатаму да извршиме и детални истражувања, со што во наредниот период акцентот ќе го ставиме пред се на требенишкото Кале, требенишката некропола која е светски позната, а многу малу се знае кај нас, посебно во општина Дебрца, а токму оваа година се навршуваат 100 години од пронаоѓањето на првите златни маски во 1918 година. Сите овие истражувања претставуваат значаен импулс за туристичката понуда на општина Дебрца“ – изјави градоначалникот Зоран Ногачески.Презентацијата ја изврши раководителот на истражувачкиот тим, Проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс.„Мислам дека има уште 2-3 локалитети кои што јас би ги нарекол градови, Кула Песочани, Кула Годивје, Градиштето Слатино се веќе мали градчиња, фантастични локалитети кои се ретки дури и во регионов. Имаат и поволна позиција каде што поминува магистралата, ние тука ќе се обидеме да ги задржиме туристите. Тоа е таа спрега помеѓу Општините, археолозите, туристичките работници, па и нормално Музеите “– изјави Проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс.   

Македонија | пред 7 години

ohrid-dvor

Општина Охрид и годинава ќе избира најубаво украсен двор или балкон

Општина Охрид за  Новата 2019 година објавува  Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон.Пријавувањето на конкурсот ќе трае од 14 до 27. 12.2018 година. Заинтересираните граѓани можат да се пријават во просториите на Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид.На конкурсот ќе бидат доделени три награди:Прва-10.000денари,  Втора-6.000денари, Трета-4.000денариКомисијата формирана од Градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од следните критериуми:При новогодишното украсување на дворови и балкони треба да биде запазена природноста и естетиката на просторот. Значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста.Објавувањето на наградите ќе биде по новогодишните празници. 

Македонија | пред 7 години

GTC

ГТЦ ќе има зелен кров - Градските власти го подготвуваат

Градот Скопје во моментов ги превзема сите административни процедури околу реализацијата на проектот за изградба на зелен кров на Градскиот трговски центар (ГТЦ), објави build.mk.Откако ќе бидат склучени сите договори со институциите, ќе се пристапи со јавната набавка на проектната документација за изведба на овој проект, којшто ќе овозможи оформување на нов парк во строгиот центар на Скопје поголем од паркот „Жена борец“. Од Градот Скопје информираат дека подетални информации околу вредноста на проектот, видот на зеленилото и изведбата на неопходните инсталации ќе се знаат по изработката на проектот„Врз основа на искуствата и резултатите од овој проект, Град Скопје во иднина би размислувал и на проширување на овие зелени покриви и на покривите на објектите на институцитие кои се во надлежност на Град Скопје“ велат за „Билд“ од градската администрација. И покрај тоа што допрва ќе се работи проектот, не е тешко да се предвиди дека зелениот кров на ГТЦ би имал далекусежни позитивни последици. До кровот на самото здание и денес е обезбеден пристап за граѓаните со скали, што значи дека идниот зелен кров би можело многу едноставно да се претвори во нов јавен простор за одмор и рекреација на граѓаните. Од друга страна, зголемената фреквенција на граѓаните како резултат на достапниот кров би овозможила покачување на атрактивноста на дуќаните што се лоцирани на двата горни ката на ГТЦ.Изградбата на зелениот кров на ГТЦ би ги решила и досегашните маки на дуќанџите од горните катови, кои имаат проблеми со прокиснување при поголеми дождови. Доколку се изведе проектот, со поставување на идното зеленило ќе мора да се најде солуција и за нова хидроизолација на постојниот рамен кров. Реализацијата на овој проект ќе овозможи севкупно зголемување на атрактивноста на Градскиот трговски центар во наредниот период.Од Градот Скопје посочуваат дека постапката за изработка на проектот за изградба на зелен кров на покривот на ГТЦ се прави во соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) преку проектот „Отпорно Скопје: поголема одржливост и иновации за справување со климатските промени“.Извор: build.mk

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

ЕВН: Без струја делови на Пинтија, Бутел, Центар и Кисела Вода

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во населба Пинтија, Бутел, Центар и Кисела Вода.Во периодот од 8:30 до 9:30 часот струја ќе немаат корисниците од дел од ул. 1520 во нас. Пинтија и корисниците од поголем дел од стопанските објекти приклучени на трафостаницата Пинтија 5.Во периодот од 9 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Хо Ши Мин (општина Бутел), од 11 до 12:30 часот корисниците од ул. Ганчо Хаџипанзов од број 10 до број 18 (општина Центар) и во периодот од 9 до 11 часот корисниците од улицата Саса бр. 18 и краците и подуличките во близина (општина Кисела Вода). 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Во МВР пријавено ново каснување од куче скитник, овој пат во Ново Лисиче

Ново каснување од куче Скопје е пријавено во полиција. Вчера во 17:40 часот во Полициската станица Аеродром 36-годишниот Д.М. од Скопје пријавил дека на 12.12.2018 година околу 18:30 часот на булевар “Видое Смилески - Бато“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата подколеница.

Скопје | пред 7 години

mvr1

Во Скопје вчера шест сообраќајни незгоди - три со телесни повреди, три со материјална штета

Во текот на изминатиoт ден (13.12.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди од кои три со телесни повреди и три со материјална штета. При сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со лесни телесни повреди.68 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 10 возачи бидејќи шест го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, тројца биле возачи почетници и еден го управувал возилото под дејство на алкохол. Три возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се седум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, 12 не поседувале зимска опрема во возилата, еден не користел сигурносен појас и девет користеле мобилен телефон додека го управувале возилото.Во текот на изминатиот ден издадени се 101 мандатни платни налози, додека исто така 70 возила се подигнати со "Пајак". 

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања