„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

hazbi-lika

Вицепремиерот Хазби Лика, почнал да оди на работа

Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика почнал да се појавува на своето работно место, а присуствувал и на последните неколку владини седници, велат од Владата.Неодамна, премиерот Зоран Заев најави дека веројатно ќе има смени на министри, но не спомна конкретни имиња.Тој алудираше дека одговорност ќе мораат да понесат сите оние што не ги исполнуваат задачите, но и што не доаѓаат на работните места, а земаат плата.„Не размислуваме за реконструкција при вакви сериозни парламентарни процеси. Секако, ако некој министер не доаѓа на влада - логично е дека владата треба да седне да размисли тоа да се промени. Разговараме со коалициските партнери кои споделиле одговорност со нас во делот на другите ресори ако се случат такви потреби, па ако некаде немаме ефекти, знаеме како“, изјави неодамна премиерот Заев.Јавноста го актуелизираше проблемот со вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика, кој со месеци не доаѓаше на „Илинденска“ поради кавга со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Скопје | пред 7 години

mijalkov-1

Одложено рочиштето за „Титаник 2“, Мијалков повторно нема да дојде во Судот

Денешното рочиште за предметот „Титаник 2“ во кој се обвинети поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, беше одложено.Доколку рочиштето се одржеше, тоа ќе беше прво излегување на Мијалков од затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари, каде се наоѓа веќе девет дена.Причината за денешното одложување беше тоа што Мендух Тачи побарал да оди на прослава на албанското знаме во Тирана.Освен Мијалков и Тачи, во предметот се обвинети уште и Бедредин Ибраими од ДПА, потоа Елизабета Стефанова, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Од маглата над Скопје не се гледа ниту крстот на Водно!

Загадувањето на воздухот во Скопје одамна е алармантно. Скопјани се жалат на непријатен мирис и неможат да дишат, Се зголемува бројот на пациенти со респираторни проблеми, посебно проблем имаат децата, старите и хронично болните лица.Македонија е рангирана за најзагадена земја во Европа со загадување десет пати повеќе од дозволеното, вака започнува прилогот на Еуроњуз. Телевизијата понатаму пренесува дека причината за големото ниво на загаденост е густиот сообраќај и употребата на печките за греење на дрва кои предизвикуваат зголемување на ПМ 10 честичките во воздухот.Град Скопје и инспекциите постојано се на терен со цел да ги откријат загадувачите, но засега конкретното жариште на загадувањето не можат да го лоцираат.Денска пак ќе се одржи Јавна расправа за состојбата со загадувањето на воздухот во Скопје. Расправата ќе се одвива врз основа на информацијата „Енормно загадување на амбиенталниот воздух во Македонија“, која ја подготви пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ минатата седмица.Додека партиите се препукуваат кој е крив и како дозволивме загадување на до олку високо ниво, на глобално ниво Скопје синоќа се искачи на 9 место, односно тој е 9-ти најзагаден град во светот. Прв во светот е градот Бејинг во Кина. Втор е Кабул во Авганистан, а трет е Лахоре во Пакистан.

Скопје | пред 7 години

mijalkov-1

Мијалков денес повторно во судница – прво рочиште по притворот

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков денес за прв пат откако е приведен треба да биде спроведен во Основниот суд Скопје 1 на рочиштето за случајот „Титаник 2“. Обвинетиот Мијалков се наоѓа во притвор во Истражниот затвор во Шутка на барање на СЈО кое тврди дека тој имал намера да бега. Ваквиот предлог беше прифатен од Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 и поранешниот прв човет на УБК пред неколку дена заврши во притворЗа случајот „Титаник 2" обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.Изречениот притвор за Сашо Мијалков според неговите адвокати е политичко, а не правно решение. Во реакцијата адвокатите тврдат дека не постои никаква основа за мерките на претпазливост да бидат укинати и заострени, бидејќи, според нив, не е сменета ниту една околност во однос на моментот кога му се изречени.Во неа уште се наведува дека определениот притвор е незаконски поради фактот што, според бранителите на Мијалков, тој повеќе од една година ги почитува определените мерки на претпазливост, се јавува на сите покани од судот и обвинителството.Адвокатите поднесоа жалба до второстепениот суд и бараат укинување на ваквата мерка. 

пред 7 години

pitin-merkel

Путин побарал од Меркел да ја вразуми Украина

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел при што изразил надеж дека Германија ќе влијае врз Украина во врска со ситуацијата во Керченскиот Теснец, за да го спречи Киев да донесе избрзани одлуки.– Владимир Путин изнесе оценка за провокативните акции на украинската страна и грубото кршење на нормите на меѓународното право кога украински воени бродови намерно ги игнорирале правилата за мирен премин преку територијални води на Руската Федерација, соопшти Кремљ.Путин на германската канцеларка и рекол и дека Киев носи целосна одговорност за ситуацијата во Керченскиот Теснец поради создавање на уште еден конфликт.  

Свет | пред 7 години

Shirete-Elezi

(ВИДЕО) Закон за персонален данок на доход или јавни набавки?

Очигледно министрите и пратениците се со полни раце работа овој период. Се разгледуваат и дополнуваат предлог закони, се менуваат закони. Токму поради тоа Заменик-министерката за финансии Ширете Елези, на седницата во Собранието, наместо да зборува за Законот за персонален данок на доход, таа почна да зборува за Законот за јавни набавки, на што реагираше Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по што Елези се извини и се повлече од говорницата:https://www.facebook.com/tv21hd/videos/206260150264273/Инаку од министерството за финансии подолг период трврдат дека работат во насока на обезбедување фер даночен систем.Инаку познавачите на проблематиката во изминатиов период беа се погласни против Владините најави да се даночат оние со примања над илјада евра. Според експертската јавност тоа би предизвикало селење на бизнисот, даночна евазија како и зголемување на сивата економија.Според дел од нив - рамниот данок кој се воведе во 2006тата дал добар сигнал за странските инвестиции и имал одреден ефект врз сивата економија. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Во Собранието јавна расправа за загадувањето на воздухот

Јавна расправа за загадувањето на амбиенталниот воздух ќе се одржи денеска во Собранието на Република Македонија.На јавната расправа, што ја организира собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, се очекува да присуствуваат претставници од различни организации, институции, здруженија и асоцијации кои ќе дадат свои мислења за загадувањето на воздухот. 

Скопје | пред 7 години

znaminja-4-1

Во мултиетничка Струга, не се вее ниту едно македонско знаме

„Во Струга (најверојано) се обележува денот на албанското знаме. Во Струга денес е истакнато само албанското знаме иако Струга е мултиетнички град. Вакво непочитување на сограѓаните Македонци во Струга се случува постојано. Komuna e Strugës / Општина Струга / Municipality of Struga нели Ramiz Merko - Faqja Zyrtare се залагаше за општина на еднакви граѓани. Дополнително што истакнување само на албанско знаме за празници е спротивно на закон. Драги сограѓани Албанци, Ви го честитам празникот“За ваков ли соживот зборувавте? Вака ли ќе се почитуваме меѓу себе?За крај, нека Ви е честит празникот, и Ве замолуваме да си ја поправите грешката и да го поставите македонското знаме, во името на соживотот и взаемната поддршка и почит“, напиша на својот фејзбук профил познтиот адвокат од Струга Глигорие Ќатоски, а при тоа своите сограѓани ги поздрави: „Со почит, Вашиот сограѓанин - Македонец, од Струга“.Оваа слика на Струга покажува дека Општинските власти на Струга, на чело со градоначалникот од ДУИ Рамиз Мерко решиле за 28 Ноември, Денот на албанското знаме, во градот да бидат поставени само албански знамиња. На ова реагираше и општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ:„Градоначалникот на Струга, господинот Рамиз Мерко и неговите коалициски партнери од СДСМ го украсија градот со албански знамиња. Господине Мерко, да Ве потсетиме дека Струга е мултиетнички град, во кој треба да има соживот, без разлика на вера и нација. Знаете ли дека ова што го правите е спротивно на законот? Истакнувате само албански знамиња, без притоа да го ставите знамето на Република Македонија, државата во која живеете и сте градоначалник на град во таа држава. Што сакате да постигнете со овај потег?За ваков ли соживот зборувавте? Вака ли ќе се почитуваме меѓу себе? За крај, нека Ви е честит празникот, и Ве замолуваме да си ја поправите грешката и да го поставите македонското знаме, во името на соживотот и взаемната поддршка и почит“, пишува во реакцијата.

Македонија | пред 7 години

soros

Фондацијата Сорос се повлекува од Турција

Фондацијата за отворено општество на Џорџ Сорос се повлекува од Турција, само неколку дена по обвинувањата на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган дека американскиот милијардер се обидува да ја дестабилизира државата.Фондацијата која во Турција поддржа голем број образовни проекти, проекти за правата на жените и демократските реформи соопшти дека обвинувањата на Ердоган се неосновани и поради нив повеќе нема да може да продолжи да работи во Турција, јави „Ројтерс“.Директорот на турскиот отсек на соросовата фондација, Осман Кавала беше меѓу 13-те активисти упасени месецов под обвинување дека ги поддржале масовните антивладини протести во 2013 година.Ердоган го обвини Кавала за финансирање на протестите и рече дека зад него стои Сорос кој ги користи парите за да растура држави, пренесе „Ројтерс“.

Свет | пред 7 години

apelacija

Кирил Божиновски побара укинување на притворот, вели 17 месеци ги почитувам мерките на претпазливост

Поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, на денешната јавна седница во Апелацискиот суд побара да му биде укинат притворот за случајот „Титаник“ на СЈО.Божиновски пред судиите посочи дека нема намера да бега, а како доказ за тоа го посочи тоа што 17 месеци ги почитува мерките на претпазливост определени од судот.-Се работи за предмет за кој веќе имам определено мерка за претпазливост, одземена патна исправа и потпишување во кривичниот суд секој петок во неделата , мерки кои во јули 2017 беа донесени од Кривичниот совет и без исклучок ги почитувам речиси година и половина, односно полни 17 месеци. Притоа немам отсуствувано на ниту едно од закажаните и одржани судски рочишта. За потсетување, Титаник е еден обемен предмет, со 20-тина обвинети, со речиси 500-тина сведоци, со над 1000 снимки кои произлегуваат од незаконските снимени разговори, смс пораки итн, предмет кој веќе се суди 4 месеци а со согласно реалните проценки ќе трае најмалку година и половона, рече Божиновски.Екс-генералниот секретар на Влада тврди дека не поседува сметки во странски банки.-Во однос на наведените сознанија за поседување на наводни сметки во странство, најодговорно тврдам дека ниту некогаш сум поседувал, а ниту сега поседувам било каква банкарска сметка во било која странска држава, а ниту некогаш воопшто сум размислувал за отварање на ваква сметка. Единствената сметка која ја поседувам е редовната сметка во нашата држава, која е добро позната за СЈО. Доколку барем малку беа сериозни ваквите сознанија ќе беше приложен доказ за тоа во која држава поседувам банкарска сметка, во која банка за каков тип на сметка се работи или било што, што би ја поткрепило оваа теза, посочува Божиновски.

Македонија | пред 7 години

46818498_723352394730754_3192473702495158272_n

(ФОТО) Шилегов со украсувањето го блокира сообраќајот во Скопје

Предновогодишното украсување дополнително го блокираат сообраќајот во центарот на Скопје. Возачите кои се соочуваат со метеж поради протестите на крстосниците, велат дека по два часа им треба да стигнат до дома. Тие се револитрани оти Град Скопје во работни денови, во ударни часови кога има најголем проток на сообраќај го украсува центарот на градот. Истите, прашуваат дали Шилегов слушнал за викенд, кога според нив, треба да се прават овие активности.Градоначланикот на Град Скопје, Петре Шилегов, во изјава за новинарите рече дека согласно буџетската ставка за украсување на градот биле предвидени 16 милиони денари, но по завршувањето на тендерската постапка тоа ќе чини 13 милиони денари, што е вели, иста сума споредено со претходните години. Новина е, додава, новогодишната населба Винтерленд, што ќе внесе нова, побогата новогодишна содржина.

Скопје | пред 7 години

velosipdska-pateka-1

Нови 7 километри велосипедски патеки во Скопје

За да се подобрат условите за возење велосипед екипите на Град Скопје изминатиов период изградени се и реконструирани 7 (седум) километри велосипедски патеки по должината на градските улици и булевари, во општините Кисела Вода, Центар, Чаир и Бутел.Во текот на градежните работи беа запазени сите стандарди за изградба на велопатеки – обележана е хоризонталната и вертикалната сигнализација, а на влезот и на излезот од крстосниците рабниците се слеани, за да се овозможи непречено движење на велосипедистите. Изградбата и реконструкцијата на велосипедските патеки се одвиваше во консултација со граѓанските активисти посветени на промоција на велосипедизмот.Во последниов период нови пешачко-велосипедски патеки добија следниве улици и булевари:- булеварот Борис Трајковски, на потегот од поранешната фабрика „Стакларница“ до бараките на Општина Кисела Вода (вкупно 3.029 метри);- булеварот Борис Трајковски, на потегот од Рампа до крстосницата со булеварот Крушевска република (вкупно 103 метри);- улицата 11.Октомври, на потегот од крстосницата со булеварот Крушевска република до крстосницата со булевар Кочо Рацин (вкупно 1.332 метри);- булевар Крсте Мисирков, од крстосницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу до клучката кај Бит-пазар (вкупно 1.704 метри);- улица Бутелска, од улицата Босна и Херцеговина до крстосницата со улицата Душко Поповиќ (вкупно 620 метри).Новоизградените седум километри велосипедски патеки се дел од речиси 12 километри велопатеки што се изградени и реконструирани во Скопје, од почетокот на мандатот на градоначалникот Шилегов. Односно, од ноември 2017 година се изградени и реконструирани и делниците: на улицата Ѓорче Петров, на потегот од улицата Кузман Шапкарев кон излезот на Скопје (240 метри); на булеварот 8.Септември, од булеварот Партизански одреди до мостот кај хотелот „Александар палас“ (900 метри); на булеварот Кочо Рацин, од кеј „13.Ноември“ до улицата 11.Октомври - запад и од улицата 11.Октомври до булеварот Кузман Јосифовски Питу, кај ВЕРО маркетот – исток (1.200 метри); на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, на потегот од улицата Џон Кенеди до улицата Рокомија (600 метри); како и на улицата Втора македонска бригада, од булеварот Христијан Тодоровски Карпош до кружниот тек на улицата Лазо Трповски - велосипедска лента на коловозот (2.000 метри).Во тек е изградбата на велосипедските патеки на булеварот Србија, на потегот од крстосницата со булеварот Борис Трајковски до крстосницата со булеварот АСНОМ; на булеварот Киро Глигоров, на потегот од крстосницата со булеварот АСНОМ до клучката во Автокоманда; како и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, наспроти Млечниот ресторан.Ова значајно унапредување на велосипедската инфраструктура во градот ќе го оценува и Европската комисија при евалуацијата на Градот Скопје за престижното признание „Европска зелена престолнина“ во 2021 година, која што го вреднува напредокот што ќе го постигне еден град во спроведувањето на зелените политики, односно напредокот во подобрувањето на животната средина.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Македонското и Грчко МНР: Изместени и оштетени гранични камења во должина од 12 километри

Во врска со информациите за оштетување на гранични камења на граничната линија на македонско-грчката граница од ГК 132 до ГК 147, Министерството за надворешни работи на Република Македонија, информира дека претставници на македонскиот дел на граничната Комисија за Сектор 3 и 4, заедно со претставници на грчките министерства за внатрешни работи и за одбрана, на 24 ноември 2018 година, излегоа на терен и констатираа дека се изместени и оштетени гранични камења во должина од 12 километри.Инцидентот е потврден и од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Во тек е постапка за расчистување на случајот и обновување на оштетените гранични камења во согласност со Спогодбата за чување, одржување и обновување на граничните ознаки (копнени и пловни) и за предупредување, спречување и начин на испитување и решавање на граничните инциденти.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Недоразбирањата со МОН надминати, просветните работници од Охрид денеска зедоја плата

„По надминувањето на недоразбирањето со Министерството за образование, денеска е исплатена октомвриската плата за вработените во дванаесетте основни и средни училишта на територијата на Општина Охрид.Причина за доцнењето на платите на просветните работници , беше различното толкување на законските прописи од оваа област“, велат од општина Охрид.Инаку медиумите деновиве пишуваа за Проблемот поради кој само просветните работници од Охрид немаа земено плата. Проблемот беше поради недоследности околу начинот на кој се вршат пресметките за месечен надомест за админитративните службеници во образовните институции, кои пресметките ги направиле согласно правилата за пресметка на плата утврдени со Законот за административни службеници.Бројот бодови за платите за секретарите, односно административците се утврдува согласно Законот за административни службеници, додека вредноста на бодот е утврдена со одлука на Совет на Општина Охрид.Министерството за образоване и наука е на став дека платата за службениците во ресорот треба да се пресметува според Колективните договори за средно и основно образование, што резултира со разлика во пресметките, поради што е беше блокирана и исплатата на личните доходи за вработените во образовните институции во Охрид.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пет најлоши случаи на силување во светот

Силувањето е страшно, ужасно злосторство кое секаде во светот погодува огромен број на жени. Секој присилен сексуален чин е своевиден пекол за жените, но овие силувања ги оставиле сите без текст.Банда се изживувала врз девојчиња 16-годишната Елизабет Пена и две години помладата Џенифер Ертман, одејќи кон дома одлучиле да минат преку железничкиот мост. Налетале на банда која била под дејство на алкохол и токму во тие мигови примала нов член во своите редови. Несреќните девојки биле грабнати и брутално силувани еден час. Откако ги искористиле, криминалците ги убиле тинејџерките. Нивните тела биле пронајдени бидејќи еден член на бандата се фалел со ова ужасно злосторство.Казната за ова дело била тешка: Од шест лица кои биле осудени за ова дело, петмина биле осудени на смрт. Девојка се убила од мака Рете Персонс била силувана кога имала само 15 години. Како самиот чин да не бил доволен, злосторниците фотографиите од злосторството ги поставиле на социјалните мрежи. Поради коментарите и однесувањето на Фејсбук, девојката си го одземала животот. Силувачите биле обвинети и за снимање на детска порнографија.Силувале 5-годишно девојче до смрт5-годишно девојче било силувано во Индија кога двајца мажи ја намамиле на една фарма и ја злоставувале до смрт. Детето паднало во кома и починало од срцев удар два дена подоцна. Мажите биле уапсени и' им било судено, а за ужасот да биде поголем, тоа било втор случај на силување на 5-годишно дете во Индија истата седмица. Ја запалиле жива и ја оставиле да умреОксана Макар на 18 години преживеала пекол. Откако го преживеала бруталното силување од страна на тројца мажи, измачената девојка станала и жртва на изопачените умови кои прво се обиделе да ја задават, а потоа и ја запалиле жива. Иако била пронајдена на едно градилиште, повредите кои ги имала биле премногу сериозни и докторите не можеле да ја спасат.Според зборовите на BBC силувачите биле уапсени, но заради семејните врски, двајца од нив биле ослободени без обвинение. По бурните реакции на јавноста, повторно биле уапсени и осудени за силување и убиство.Силувањето кое го ужасна светотИндија поради честите напади врз жените добила статус на земја во која силувањата се како "добар ден". Едно од тие силувања го ужасна целиот свет.23-годишна студентка била групно силувана во автобус минатиот декември, додека нејзиниот пријател бил претепан. Несреќната девојка била силувана од 6 мажи, меѓу кои и возачот. Додека девојката била злоставувана, автобусот со часови возел низ градот. Потоа, девојката и нејзиниот пријател биле исфрлени од автобусот со скршени нозе. Од внатрешните повреди, девојката починала.извор: tocka.com.mk

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања