Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

ГЛАВНИ-ВЕСТИ

kidnapiranje

МВР ги демантира гласините дека има киднапери кои киднапираат поради препродажба на човечки органи

Во врска со шпекулациите кои се шират во јавноста, а за наводно постоење на киднапери кои киднапираат поради препродажба на човечки органи, Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира истите и ги отфрла како целосно неточни.Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла шпекулациите за постоењето на киднапери. Во Министерството за внатрешни работи досега не се пријавени, ниту случаи на киднапирање поради органи, ниту се вистинити наводите дека досега на исчезнати жртви им

Македонија | пред 7 години

gjoko-kotevski

Директорот на КПУ „Скопје“ Ѓоко Котевски, ќе поднесе оставка

Директорот на КПУ „Скопје“ Ѓоко Котевски денеска изјави дека го прифаќа барањето на премиерот Зоран Заев и ќе поднесе оставка по вчерашните инциденти во затворот.-Јас сум одговорен човек и професионалец во службата и кога службата ќе потфрли логично е од професионални и морални причини да се поднесе оставка. Од досегашната истрага утврдени се пропусти и непочитување на стандардните безбедносни протоколи во службата за обезбедување на затворот во Скопје. Одговорноста за тоа ја преземам јас, рече

Македонија | пред 7 години

operacija

Младо момче почина од сепса по операција од хемороиди

Починало младо момче од сепса по оперција на хемороиди, објави „Макфакс“.Како што неофицијално објавува „Макфакс“, пред неколку дена момчето имало хируршки зафат на хемороиди во приватна здравствена ординација.По компликации момчето било донесено на скопските клиники каде што докторите констатирале дека има сепса.Не можеле да го спасат.

Скопје | пред 7 години

policija-traka

Пронајдена мртва девојка во Волково

Млада девојка утрово е пронајдена мртва во скопско Волково, дознава Press24. Се уште нема информации во какви околности починала девојката ниту пак дали на нејзиното тело има траги на насилство.

Скопје | пред 7 години

najcevska

Најчевска распали по кадрите од СДСМ – бара оставки

„За вакво нешто се прави сериозна истрага. И директорот на затворот поднесува веднаш оставка, како и директорот на Управата за извршување на санкции“ реагираше професорката Мирјана Најчевска по скандалозните информации дека екс-министрите Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска биле нападнати во затворот Шутка.„После ова се размислува и за оставка на министерот за правда. Тоа се вика одговорност, се друго е поддршка на неправото“, напиша Најчевска на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

Trajko_Veljanoski-golema

Имунитетот на Трајко Вељановски ќе му се одзема денес

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ќе расправа за барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот спикер Трајко Вељаноски. Седницата на комисијата со која претседавач е пратеникот Павле Богоевски е закажана за 10 и 30 часот.Според Деловникот, Комисијата е должна да го разгледа Барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Парламентот.По добиениот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува за ба

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Денес променливо облачно време, утре се очекува снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од дожд, на планините од снег. Во ноќните часови врнежите насекаде ќе преминат во снег, а ветерот значително ќе засили.Дневните температури ќе се движат од 3 до 14 степени.Поради нагло спуштање на многу студена воздушна маса од север денес во текот на ноќта и утре преку денот ќе дува силен североисточен ветер, чија брзина на места ќе достигнува од 90 до 100 км/час. Утре претпладне и околу пладне ќе

Македонија | пред 7 години

mickoski-8-mi-septemvri

Христијан Костов: Јанакиески нема повреди

Денес во попладневните часови е донесено лице од затворот во Шутка кое било донесено за медицински преглед. По приемот во ургентниот центар дежурната екипа детално извршила преглед, изјави директорот на ГОБ 8 септември, Христијан Костов.„Откако се завршија сите прегледи се донесе заклучок дека кај лицето не се евидентирани повреди. Но, заради анамнестичкиот податок дека лицето било ударано по телото препорачано е од екипата 24 часовен надзор од страна на медицинско лице во установата од кое е до

Македонија | пред 7 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Очекувам сите надлежни институции да го расветлат случајот и да покренат постапки за санкционирање на сторителите

Во врска со инцидентот во затворот во Шутка на Фејсбук се огласи и министерката за правда, Рената Дескоска.„Згрозена сум и најостро го осудувам вербалниот, а потоа и физичкиот инцидент во КПУ Затвор – Скопје. Насилството не е и не смее да биде начин на комуникација никаде, ниту во затворите. Побарав целосно информирање од управата на КПУ Затвор - Скопје, но и очекувам сите надлежни институции професионално и одговорно да го расветлат случајот, а потоа и да покренат постапки за санкционирање на с

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Костадинов: Сценаристи на денешниот инцидент во затворот се Мицкоски и Груевски

Сценаристи на денешниот инцидент во затворот се Мицкоски и Груевски. Тие очајно се обидуваат преку насилнички сценарија да ја дефокусираат јавноста од водечката улога од врвот на ВМРО-ДПМНЕ како осомничен организатори на настаните од 27 април, изјави Костадин Костадинов.„Медиуми и интернет портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ пласираат голем број неточни вести како дел од ова сценарио. Однесувањето на Мицкоски  во болницата 8-ми септември е само уште една потврда за тоа, имајќи во предвид дека Миле Јана

Македонија | пред 7 години

40530078_10158105600814466_4386630037059665920_n

Зекири до Мицкоски: Проѕирни сте и ваквите сценарија не ви поминуваат

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мухамед Зеќири преку својот Фејсбук профил му се обрати на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Mицковски проѕирни сте и ваквите сценарија од вашиот ментор кукавицата Груевски преку неговите пулени Миле и Спире не ви поминуваат“, напиша Зеќири на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Директорот на затворот во Шутка за инцидентот: Ќе бидат санкционирани извршителите

Денеска се случија два немили настани. Првиот се случил околу 13 часот за време на редовна прошетка, при  што дошло до вербална расправија помеѓу лицата С.Р. и Л.К., а потоа и до физичка пресметка која била прекината од страна на службите, изјави директорот на истражниот затвор Скопје, Ѓоко Котевски.„Околу 13 часот и 45 се случил вториот немил настан во кој дошло до вербален инцидент меѓу М.Ј и Е.К. кој подоцна преминал во фризичка пресметка и истиот бил прекинат од страна на службите. За двата

Македонија | пред 7 години

japonski-krap

Неавтохтон вид златен карас уловен во Охридското Езеро

Златен карас уловен во Охридското Езеро. Рибата е убава за глетка, но на овој вид риба, во никој случај не и е местото во езерските води. Како оваа стиба стигна тука сеуште никој не открива.Инаку фотографии од рибата на својот фејсбук профил објави вљубеникот во Охрид и неговите убавини, риболовниот водич Љупчо Стојкоски – Лепи.Станува збор за неавтохтон вид златен карас, риба која и претходно е забележана во водите на езерото, а ја уловил риболовецот Боби Стојаноски.Рибата која е со тежина од о

Македонија | пред 7 години

mickoski-8-mi-septemvri

Мицкоски до обезбедувањето во “8 септември”: Да не ја правиме голема

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Владо Мисајловски, Игор Јанушев и Јохан Трчуловски обезбедувањето од болницата „8-ми септември“, ги спречи да го посетат Миле Јанакиевски кој денеска беше претепан во затворот во Шутка.Обезбедувањето потенцира дека на Јанакиески му е изречен 30 дневен притвор и дека поради тоа никој не смее да го посетува.На ова претседателот на ВМРО ДПМНЕ им порача:„Да не ја правиме голема“.Тензичната атмофера ја прекина болничкиот персонал, кој на лидерот на опоз

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Јанакиевски во првото деноноќие претепан - Се подготвуваше ли навистина ликвидација на екс премиерот Груевски?

Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои од вчера се во затворот во Шутка, а на кои им беше одреден 30дневен притвор за организација на 27 април, денеска биле нападнати од еден од членовите на кумановската група, кој е осуден за нападот во кумановското „Диво насеље“. Ристовски е со помали повреди, а Јанакиески бил префрлен во болницата „8. Септември“ поради скршеници.По оваа вест се наметнуваат две прашања, колку се безбедни македонските затвори? Но и дали овој инцидент на некој начин најави дека

пред 7 години

goran-isceznat

Пронајдено безживотно машко тело, неофицијално станува збор за 35-годишниот Горан Атанасовски

Пронајдено Безживотно тело во Нерези на патот кон вила „Меранда“, потврдуваат од МВР. Телото било пронајдено денеска околу 13 часот. Телото било во бездна, а на патот било оставено возилото марка „поло“.Наофицијално станува збор за 35-годишниот Горан Атанасовски, кој вчера беше пријавен за исчезнат од страна на неговото семејство.Инаку утрово по соцјалните мрежи се вртеше веста дека е исчезнат Горан Атанасовски. Последните информации на семејството биле дека тој бил виден кај трговскиот центар „

Скопје | пред 7 години

Mile-Janakieski

Инцидент во Шутка - претепан Миле Јанкиевски

Извори на весникот „Лајм„, информираат дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент.Според нив, член на Кумановската група го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски.Благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.Официјално сè уште нема  потврда за оваа информација.

пред 7 години

zagaduva-skopje

О2 иницијатива детектира уште едно жариште кое го загадува Скопје

Едно од жариштата во Скопје денес, Визбегово-Шутка каде се гори секаков отпад, објавија на својот фејсбук профил од О2 иницијатива.Тие пишуваат:Вакви жаришта имаме и во Сарај-Ѓорче, Карпош, Гази Баба.... Решавањето на овој проблем ќе биде знак дека нештата тргнале на подобро и дека ќе почне да функционира системот, институциите во државава. Оваа појава е забранета со закон и казнива, но ни се случува секојдневно, низ цела година не само тука во Скопје, туку низ цела држава. Дали палење отпад, да

Скопје | пред 7 години

vilma-press

Русковска: Доколу не беа отворени вратите немаше да се случи крвавиот настан

На денешната прес-конференција обвинителката Вилма Рускоска изјави дека според неа доколку вратите не биле отворени на 27 април немало да се случи крвавиот настан.„На распит во предистрагата за првиот предмет беа повикани двајца од сега осомничените, така да не сметам дека било што со тој распит и да бил извршен тогаш би се добило. Од тие причини сметам дека не е пропуст на обвинителот што не бил викант на распит. Сметам дека доколку не беа отворени вратите немаше да се случи крвавиот настан“, в

пред 7 години

goran-isceznat

Исчезнато е лицето Горан Атанасовски , ако имате било каква информација пријавете

Преку социјалните мрежи се бара уште едно исчезнто лице.Исчезнато е лицето Горан Атанасовски од Скопје. Истиот има 35 години. Последнни информации кои ги има семејството е дека е виден вчера помеѓу 14:00 и 15:00 часот на локација кај Беверли трговскиот, од каде заминал накај Бриколаж во Сиво металик волксваген поло, со рег. СК-3104-АО.Облечен е во кошула и панталони.Ве молиме ако имате било каква информација, јавете се на 072-224-522 или пријавете во полициска станица.

Скопје | пред 7 години

grcija-mnr

Грчкото МНР ја појаснува правилната примена на Договорот од Преспа

Од 12 февруари официјалната употреба на името на северниот сосед е „Република Северна Македонија", краткото име „Северна Македонија", а придавките за државата и органите ќе биде „влада/министер на Република Северна Македонија или Северна Македонија", пишува во информативниот циркулар од грчкото МНР испратен до јавните служби со упатства и насоки за употребата на термините и правилно имплементирање на Договорот од Преспа, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.Како што јавува дописничката на МИ

Македонија | пред 7 години

27-april

30 дневен притвор за Спире Ристовски и Миле Јанакиески,Трајко Велјаноски има пратенички имунитет

Поранешниот министер за образование Спиро Ристовски и поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески добија по 30 дневен притвор , откако ги дадоа своите искази во Кривичниот суд.Мерката притвор, како што вечерва изјави адвокатот Еленко Миланов, им е определена заради опасност од бегство и влијание врз истрагата.Миланов најави дека ќе поднесе жалба, особено за притворот на Јанакиески.Покрај Јанакиески и Ристовски денеска во Кривичниот суд беше и поранешниот претседател на Собранието Трајко Ве

пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можност

Македонија | пред 7 години

27-april

Под истрага организаторите на настаните во Собранието на Република Македонија

По спроведена сеопсежна предистражна постапка, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик.Наодите од предистражната постапка укажуваат дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле

Македонија | пред 7 години

mickoski

Мицкоски до Заев: Сети се на Чаушеску и Милошевиќ, и тие мислеа дека се недопирливи

Денес станаа јасни две работи. Првата е дека СДСМ предводена од деспотот Заев е во слободен пад и токму поради штетните политики нивниот рејтинг е во слободен пад, изјави Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.„Им следува крај и тежок пораз на претседателските и на предвремените парламентарни избори. Тие се свесни дека народот не ги поддржува. Свесни се дека паѓаат и дека губат и затоа одат на внесување на страв во општесвото и на нова тура политички прогон. Деспотот Заев го гледа сво

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања