Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ГРЕНЛАНД

media-librarylecvva6g4jbq0dqq1qT

Трамп најави испраќање болнички брод кон Гренланд, Данска тврди дека нема никакви информации

Гренланд повторно се најде во фокусот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој преку објава на својата социјална мрежа „Трут Соушал“ соопшти дека САД испраќаат болнички брод кон островот.Трамп наведе дека во соработка со гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, кој воедно е и специјален пратеник на САД за Гренланд, ќе биде испратен голем болнички брод со цел, како што напиша, „да се згрижат бројните болни луѓе за кои никој не се грижи“. Во објавата, придружена со вештачки генерирана фотографија од бродот „УСНС Мерси“, која ја сподели и Ландри, американскиот претседател порача: „На пат е!!!“.Сепак, голем дел од информациите остануваат нејасни. Дописникот на данската државна телевизија од САД, Јакоб Крог, изјави дека не е познато зошто Трамп ја објавил информацијата токму сега, ниту дали болничкиот брод навистина се упатил кон Гренланд.Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен изјави дека Данска нема никакви сознанија за испраќање болнички брод и нагласи дека жителите на Гренланд ја добиваат целата потребна здравствена грижа.„Нема потреба од посебна здравствена интервенција на Гренланд. Владата на Гренланд веќе се грижи за тоа, а Данска би интервенирала доколку има потреба“, изјави Поулсен.Американската морнарица располага со два болнички брода — „УСНС Мерси“ и „УСНС Комфорт“. Според податоците од сервисите за следење бродови, „Мерси“ моментално се наоѓа во бродоградилиште во американскиот град Мобил, додека „Комфорт“ пред околу две недели бил лоциран на истото место. Бродоградилиштето „Алабама Шипјард“ во јануари објави фотографија на која двата брода се на ремонт, што дополнително ги доведува во прашање тврдењата дека некој од нив е испратен кон Гренланд.Данската телевизија побарала коментар и од министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен, како и од американската амбасада во Копенхаген, но официјален одговор не бил добиен.Според достапните здравствени показатели, САД имаат подобри просечни резултати во однос на очекуваниот животен век и смртноста кај новороденчињата. Просечниот животен век во САД изнесува околу 79 години, додека во Гренланд околу 74 години. Смртноста кај доенчињата во САД изнесува околу 5,6 случаи на 1.000 живородени, наспроти околу 9 на 1.000 во Гренланд.Од друга страна, здравствениот систем на Гренланд е јавно финансиран и основните услуги се достапни без класични премии и партиципации, додека американскиот систем во голема мера се потпира на комбинација од приватно и јавно осигурување, што создава поголем финансиски товар за граѓаните. Интересно е и што Гренланд располага со значително повеќе болнички кревети по жител — околу 14 на 1.000 жители, наспроти 2,7 во САД.Во последните месеци Трамп повеќепати јавно повтори дека сака САД да го преземат Гренланд, автономна територија под данска управа. На почетокот на јануари изјави дека островот е од клучно значење за националната безбедност на САД и дека Вашингтон „на овој или оној начин“ ќе го добие.Тој не ја исклучи можноста за економски или политички притисок врз Данска, иако подоцна на Светскиот економски форум во Давос изјави дека нема намера да употреби сила.Еден од неговите највлијателни советници, Стивен Милер, во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека Гренланд треба да стане дел од САД, додавајќи дека „никој нема да војува со нас за иднината на Гренланд“, што предизвика остри реакции во Данска.Данските власти повеќепати ги отфрлија ваквите предлози. Данскиот премиер порача дека „Гренланд не е на продажба и нема да биде“, нагласувајќи дека иднината на островот ја одлучуваат неговите жители. Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, исто така изјави дека територијата не сака да биде „дански или американски пион“.Европската унија застана зад Данска, при што претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен порача дека Унијата целосно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, повика на смирување на тензиите, истакнувајќи дека Арктикот треба да остане простор на соработка, а не конфронтација, со почитување на меѓународното право и суверенитетот на државите.

Свет | пред 7 часа

media-libraryojkv92iqvioj2YtLVnO

Данската премиерка: Трамп не се откажа од Гренланд

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека амбицијата на американскиот претседател Доналд Трамп да го стави Гренланд под американска контрола сè уште постои и дека прашањето останува сериозно безбедносно и политичко прашање. Трамп подолго време изразува интерес за контрола врз Гренланд, автономна територија во состав на Данска, тврдејќи дека тоа е неопходно за заштита на американската национална безбедност. Неодамна се закани со царини кон европските земји што се противат на таа идеја, но подоцна ги повлече заканите и ја исклучи можноста за воено преземање на најголемиот остров во светот.Сепак, Фредериксен смета дека кризата не е завршена. Говорејќи на безбедносната конференција во Минхен, таа нагласи дека ставот на Трамп останува непроменет. „Мислам дека желбата на американскиот претседател е иста. Тој е многу сериозен во врска со ова прашање“, изјави данската премиерка.На прашањето дали постои цена за која Данска би го продала Гренланд, таа категорично одговори дека таква можност не постои. „Се разбира дека не постои. Можете ли да одредите цена за дел од Шпанија? Или за дел од САД?“, запраша Фредериксен, нагласувајќи дека мора да се заштитат суверените држави и правото на народите на самоопределување.Таа истакна дека жителите на Гренланд јасно порачале дека не сакаат да станат Американци. Во меѓувреме, зад затворени врати продолжуваат разговорите меѓу САД, Данска и Гренланд за иднината на островот. Во рамки на конференцијата во Минхен, Фредериксен и премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, се сретнаа со американскиот државен секретар Марко Рубио.

Свет | пред 1 седмица

media-library96df0u2d44el9dZ3eo7

Како Гренланд го доби своето име?

Гренланд во последните недели повторно е во фокусот на светската политика поради американските претензии кон оваа автономна територија во состав на Кралството Данска.Сепак, зад геополитичките наслови се крие прашање што многумина деновиве си го поставуваат: како е можно остров кој е претежно бел и под мраз да се нарекува Гренланд, односно „зелена земја“?Одговорот е стар повеќе од илјада години и е поврзан со своевиден маркетинг, но и со фактот дека Гренланд не е насекаде ледена пустина.Ледениот покривач навистина доминира на островот – гренландската ледена покривка зафаќа околу 80 отсто од неговата површина.Меѓутоа, долж крајбрежјето, особено на југозапад, во летните месеци се појавуваат зелени површини од тундра, трева и ниска вегетација, додека во фјордите можат да се забележат пасишта и населби.Токму тие зелени појаси биле најпогодни за живот, лов и скромно земјоделство, па впечатокот за „зелена земја“ бил реален барем во еден дел од годината.Според преданието, името го смислил Ерик Црвени кога во 10 век од Исланд тргнал да населува нова земја. Наводно ја нарекол Grønland верувајќи дека луѓето полесно ќе се одлучат на преселба ако местото има „привлечно“ име.Со други зборови, „зелената земја“ била своевидна покана и вешт контраст со ледениот Исланд, кој во реалноста често е позелен отколку што неговото име сугерира.Зошто називот се задржал? Нордиското име влегло во европските карти и администрација, а денешната данска варијанта само ја продолжила таа традиција. Во исто време, Гренланѓаните својот дом на јазикот калалисут го нарекуваат Kalaallit Nunaat, што во превод значи „Земја на луѓето“.Овој назив потсетува дека островот не е само мраз, туку и заедници што живеат таму.Иронијата на името денес е уште поинтересна, бидејќи поради повлекувањето на мразот во одредени подрачја се бележи ширење на вегетацијата – што значи дека Гренланд навистина, барем делумно, станува сè позелен.

Магазин | пред 3 седмици

media-librarynj9tqbu7fi1b72Sfrqu

(Видео) Германски комичар се обиде да подигне американско знаме во Гренланд

Градоначалничката на главниот град на Гренланд упати апел до медиумските работници и креаторите на содржини за одговорно однесување, откако германски комичар неуспешно се обиде да подигне американско знаме, предизвикувајќи огорченост кај локалното население. Аваарак Олсен порача дека авторите на вакви содржини треба сериозно да размислат пред да се впуштат во шеги на сметка на заканите со кои се соочува Гренланд, објави „Гардијан“.Баварскиот комичар Макси Шафрот (41) се обидел да подигне американско знаме на јарбол во близина на културниот центар во Нуук, но бил спречен од револтирани минувачи. На нивното прашање што прави, тој тврдел дека е американски функционер, по што се оддалечил, пренесе новинар на агенцијата Франс прес од местото на настанот. Според локалните медиуми, Шафрот бил пријавен во полиција и му била изречена парична казна.Градоначалничката на округот Сермерсоок, во чиј состав е и главниот град, остро реагираше на инцидентот, оценувајќи дека подигнувањето на знамето на воена суперсила која со недели упатува закани кон земјата не може да се смета за шега. Таа нагласи дека ваквиот чин, изведен пред главниот културен центар, е исклучително штетен и несоодветен.Олсен истакна дека жителите на Гренланд, а особено децата, се загрижени и исплашени поради актуелната состојба. Според неа, поттикнувањето на тие стравови заради содржина, кликови или смеа не претставува храброст или креативност, туку дополнително ја зголемува тензичноста кај и онака ранливото население. Таа апелираше до креаторите да застанат и да размислат пред да снимаат или изведуваат нешто што го сметаат за „смешно“, оценувајќи дали таквите постапки ја информираат јавноста или само создаваат чувство на несигурност кај семејствата.Инцидентот се случува во период на зголемени тензии, додека владата на Гренланд работи на намалување на стресот и тешкотиите кај населението, предизвикани од повторените изјави на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за можноста за преземање на овој арктички териториј. Долгогодишните територијални аспирации на Трамп кон Гренланд, кој е автономна територија во рамки на Данска, предизвикаа една од најсериозните кризи во историјата на НАТО. Во меѓувреме, заканите со употреба на сила беа повлечени и започнаа разговори со Копенхаген и Нуук.Шафрот во Германија е познат по учеството во сатиричната емисија „Екстра Драи“, која се емитува на телевизијата НДР и ја следат повеќе од еден милион гледачи. Во изјава за „Дер Шпигел“ и данската агенција Рицау, телевизиската куќа изрази жалење поради инцидентот.

Свет | пред 3 седмици

media-library5d39kd920of7bKfXIYK

Почнаа техничките разговори меѓу САД, Данска и Гренланд за арктичката безбедност

Техничките разговори меѓу САД, Данска и Гренланд околу договор за арктичка безбедност започнаа, изјави вчера државниот секретар на САД, Марко Рубио.Министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд формираа работна група чија цел е да ги анализира разликите во односите со САД, кои се појавија на состанокот во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, и со Рубио, на почетокот на овој месец.Работната група беше формирана по повторените повици на претседателот Доналд Трамп САД да го преземат Гренланд, за да се спротивстават на заканите од Русија и Кина, што силно беше отфрлено од страна на Гренланд, Данска и европските сојузници.„Започнува денес и ќе биде редовен процес“, рече Рубио зборувајќи за работната група. Тој тоа го изјави за време на сведочењето пред Сенатскиот комитет за надворешни односи.„Ќе се обидеме тоа да го направиме така што нема да биде како медиумски циркус секојпат кога се водат овие разговори, затоа што мислиме дека тоа создава поголема флексибилност од двете страни за постигнување позитивен резултат“, додаде Рубио.Данското Министерство за надворешни работи соопшти дека вчерашните разговори беа насочени кон тоа како можат да одговорат на американските загрижености за безбедноста во Арктикот, а истовремено да ги почитуваат „црвените линии“ на Кралството Данска кои се однесуваат на суверенитетот на Гренланд.Повторените закани на Трамп во последните недели дека ќе го анектира Гренланд, го нарушија односот меѓу САД и Европа.На почетокот на овој месец, Трамп најави воведување нови царини за Данска и уште седум европски земји кои се спротивставија на неговите повици за преземање на Гренланд. Меѓутоа, брзо ги откажа тие закани кога, со помош на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, беше постигнат „рамковен“ договор за пристап до островот.Мал дел од деталите на договорот е достапен за јавноста.По остри реакции од европските сојузници на неговата реторика за Гренланд, Трамп на Светскиот економски форум во Давос минатата недела соопшти дека ја исклучува можноста за употреба на американска воена сила за преземање на Гренланд.

Свет | пред 3 седмици

makron

Макрон: Гренланд не е на продажба и нема да биде отуѓен

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска се обрати на гренландски и дански јазик за да ја изрази поддршката на островот по разговорите со данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, пренесуваат „Политика“ и „Фигаро“.„Гренланд не е на продажба и нема да биде отуѓен. Гренланѓаните ќе одлучат за својата иднина“, изјави Макрон на гренландски, додека на дански истакна дека „Франција ќе продолжи да стои покрај Кралството Данска“.Претседателот ја оцени како „стратешки повик за будење за цела Европа“ неодамнешната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп за можноста Гренланд да стане дел од САД. Макрон додаде дека Франција „била вчера, е денес и ќе биде утре“ на страната на Данска и Гренланд.Премиерката Фредериксен му се заблагодари на Макрон за заштитата на заедничките вредности и го пофали „конкретниот придонес“ на Франција во зајакнувањето на безбедноста на Арктикот. Премиерот на Гренланд, Нилсен, истакна дека Франција била покрај Гренланд „во исклучително тешка ситуација“ и дека тоа нема да се заборави.

Свет | пред 3 седмици

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп го разруши светскиот поредок: Што следува понатаму?

Заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го заземе Гренланд остави подлабоки последици за светот отколку што првично изгледаше. Иако заканата беше повлечена, таа сериозно го раздрма довербата на американските сојузници и поттикна преиспитување на темелите на меѓународниот поредок кој со децении се темелеше на американското водство. Сѐ повеќе држави почнаа да ги гледаат САД не како гарант на стабилноста, туку како непредвидлив актер чијшто одлуки веќе не можат да се земат здраво за готово.Канадскиот премиер Марк Карни на Светскиот економски форум во Давос зборуваше за „пукотина“ во поредокот базиран на правила и повика таканаречените „средни сили“ да се здружат и да започнат да создаваат нов глобален ред. Европските сојузници се прашуваат како да ги заштитат сопствените интереси во свет во кој Вашингтон го доведува во прашање трансатлантскиот сојуз и иднината на НАТО. Украинскиот претседател Володимир Зеленски нагласи дека Европа мора да престане да биде „изгубена“ и да започне да гради свои воени капацитети, независно од САД.Според анализите, државите кои не се меѓу најголемите сили како САД, Кина или Русија, но се доволно силни за да не сакаат да бидат само набљудувачи, мораат да најдат нови начини за делување. Појдовната точка е развивање координирана и долгорочна стратегија на стратешка автономија, во одбраната, енергијата и економијата.Истражувањата покажуваат дека старите сојузи се еродирале не само поради политиката на Трамп, туку и поради долгорочното намалување на одбранбените расходи во Европа и зависноста од американскиот безбедносен „чадор“. И покрај тоа, аналитичарите предупредуваат дека средните сили треба да избегнуваат краткорочни сојузи со автократски сили и да се обидат да ја заштитат меѓународната правна рамка и својот суверенитет преку флексибилни коалиции.Примерите од Индија покажуваат како една средна сила може да одржува дијалог со САД, додека истовремено ја шири мрежата на партнерства со Европа, Канада, државите од Индо-Пацифик и Глобалниот Југ, за да го намали ризикот и да ја зачува стратегиската автономија.Заклучокот на експертите е дека средните сили не можат да си дозволат изолација или лесни решенија. Тие мораат истовремено да ги јакнат сопствените капацитети, да градат меѓусебна соработка и да избегнуваат директна конфронтација со САД. Урокот од Гренланд е јасен: дури ни најблиските сојузници не можат да бидат сигурни дека се надвор од досегот на американскиот притисок. Во свет кој влегува во ера на нестабилна мултиполарност, влијанието и безбедноста на средните сили ќе зависат од нивната способност да делуваат колективно, стратешки и долгорочно.

Свет | пред 3 седмици

lopta-fudbal

Политиката му се заканува на Мундијалот 2026: Германија најавува можен бојкот поради Трамп

Пет месеци пред почетокот на Светското првенство 2026, ФИФА со зголемена загриженост следи неочекуван политички фронт што би можел сериозно да го загрози најголемиот фудбалски турнир во историјата.Станува збор за Мундијал со рекордни 48 репрезентации и три земји-домаќини – Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада – но и за контроверзи кои од ден на ден добиваат сѐ поголеми размери.Американскиот претседател Доналд Трамп, кој повторно се врати во Белата куќа, предизвика силни реакции со инсистирањето САД да го анектираат Гренланд, оправдувајќи ја идејата со „прашања од национална безбедност“. Оваа најава ги вклучи алармите во Европа и наиде на остри реакции од Данска, Европската Унија и НАТО.Од Германија пристигна одговор од Јирген Харт, пратеник од Христијанско-демократската унија и близок соработник на канцеларот Фридрих Мерц. Во интервју за „Билд“, Харт изјави дека дури и бојкот на Светското првенство би можел да се разгледа како крајна мерка за притисок врз Трамп да ја преиспита својата позиција околу Гренланд.Иако нагласи дека верува во дипломатско решение, Харт не ја исклучи можноста за симболичен чекор со сериозни последици. Влогот е огромен – Германија, четирикратен светски шампион (1954, 1974, 1990 и 2014), е една од најпрепознатливите фудбалски сили во светот и нејзиното евентуално отсуство би значело милионски финансиски удар за ФИФА и за земјите-домаќини.Во јавната дебата се вклучи и британскиот новинар Пирс Морган, кој на социјалните мрежи провокативно предложи повеќе европски репрезентации – меѓу кои Англија, Франција, Шпанија, Германија, Италија и други – да го суспендираат учеството на Светското првенство додека траат трговските спорови со администрацијата на Трамп.Иако засега сѐ е во рамки на шпекулации, евентуален бојкот би бил вистински земјотрес за организаторите. ФИФА, со Џани Инфантино на чело и со неговите познати блиски односи со Трамп, би се нашла пред одлука со историски размери.

Спорт | пред 1 месец

kina

Пекинг: „Кинеската закана“ за Гренланд е целосно неоснована

Пекинг соопшти дека идејата оти Кина претставува закана за Гренланд е „целосно неоснована“, реагирајќи на извештаите дека НАТО и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале за спречување на Кина и Русија да стекнат влијание на арктичката територија.„Таканаречената ‘кинеска закана’ е целосно неоснована и Кина се спротивставува на практиката да се користи Кина како изговор за остварување себични интереси“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Ѓиакун, на редовна прес-конференција.На настан во Давос во четвртокот, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека тој и Трамп претходно разговарале за тоа како земјите членки на Алијансата можат „колективно да обезбедат Арктикот да остане безбеден и Русите и Кинезите да останат надвор“.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Трамп се повлече од воведување царини за Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека се откажува од воведување дополнителни царини за европските земји, по разговорите во НАТО за „идниот договор“ поврзан со Гренланд.„Врз основа на многу продуктивниот состанок што го имав со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, формиравме рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, со целиот арктички регион. Ова решение, доколку се спроведе, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и за сите земји членки на НАТО“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.Тој додаде дека, врз основа на ова разбирање, нема да ги воведе царините кои требаше да стапат на сила на 1 февруари.„Се водат дополнителни разговори поврзани со таканаречената ‘Златна купола’ и Гренланд. Повеќе информации ќе има како што ќе напредуваат преговорите“, наведе Трамп.Според него, за преговорите ќе бидат задолжени потпретседателот Џеј Ди Венс, државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и други претставници по потреба, кои директно ќе му одговараат нему.

Свет | пред 1 месец

media-libraryiidv9unupvuneSMdZRF

Кина гледа можност на Гренланд, но не на начин на кој Трамп мисли

Американските планови на Доналд Трамп за потенцијално приближување или контрола на Гренланд предизвикуваат сериозни реакции во меѓународната заедница и можат да ја разеднат НАТО алијансата. Шефицата на европската дипломатија, Кaja Калас, предупредува дека Кина и Русија „сигурно имаат причини за задоволство“ поради овие потези, додека самиот Трамп истакнува дека неговите акции се мотивирани од потребата да се спротивстави на „китаиската закана“.Од Пекинг, пак, се гледа дека нестабилноста во американската политика отвора нови можности за Кина. Професорот Ванг Вен од Универзитетот Ренмин вели дека голем дел од Кинезите ова го сметаат за уште една демонстрација на агресивно и хегемонистичко однесување на САД, а „окупацијата на Гренланд би значела пропаст на НАТО, што би ги радувало Кинезите“.Во последните години, американските власти со загриженост ја следат растечката присутност на Кина и Русија во Арктикот. Претходниот државен секретар Мајк Помпео предупредуваше дека влијанието на Пекинг може да создаде „ново Јужно кинеско море“ на Северниот пол и ветуваше засилување на американското присуство.Кинеските компании, сепак, тешко успеваа да се утврдат на Гренланд поради отпорот од САД и Данска. Во 2018 година, Данска, под американски притисок, блокираше кинеска понуда за проширување на мрежата на аеродроми, а претходно беше оневозможена и куповина на напуштена морска база.Кина, во својот официјален документ од 2018 година, се прогласува за „држава блиску до Арктикот“ и најавува изградба на „Поларен пат на свилата“, со цел развој на арктичките поморски рути како дел од иницијативата Пojaс и пат. Првиот чекор во таа насока се случи во октомври со патување на кинески контејнерски брод преку Северниот морски пат, што го скрати времето за транспорт до Европа за половина.Сепак, сојузот со Русија е клучен за овој проект, а воената и политичка криза во Украина го зголеми европското сомневање кон Кина. Инвестициите на кинески компании во рударските проекти на Гренланд се ограничени, особено по забраната за експлоатација на ураниум во 2021 година.И покрај тоа, Пекинг внимателно ги следи потезите на Трамп, кој со нарушувањето на глобалните сојузи создава ризици за сопствените интереси на Кина, но истовремено нуди можности за преиспитување на арктичката стратегија.

Свет | пред 1 месец

media-libraryan290gq5sfabai9oyUN

Мурковски: Зборува за Гренланд како да е недвижен имот

Американската републиканска сенаторка Лиза Мурковски јавно го критикуваше предлогот на претседателот Доналд Трамп САД да преземат контрола над Гренланд, оценувајќи го како навреда за тамошниот народ. Мурковски истакна дека во изјавите на Трамп не се признавало постоењето на локалното население и дека судбината на оваа данска автономна територија треба да ја одредуваат неговите жители.„Познавам Гренландци и имам пријатели таму. Денес длабоко размислував за нив. Во Трамповите зборови нема никакво признавање дека на Гренланд живеат луѓе“, изјави Мурковски за CNN. Таа додаде дека иако се согласува дека територијата е стратешки важна, опишувањето на Гренланд како „комад мраз“ го омаловажува животот на автохтоните заедници што таму живеат.Сенаторката истакна дека европските лидери се загрижени поради можните намери на Трамп, особено откако тој закани со воведување на царини кон некои американски сојузници доколку не ја поддржат неговата стратегија за Гренланд.

Свет | пред 1 месец

media-library6p21p0pmug1rckUQz1R

Трамп конечно откри: Ќе има ли напад врз Гренланд?

Претседателот на САД, Доналд Трамп, обраќајќи се на Светскиот економски форум во Давос, изјави дека „ниедна држава или група држави, освен Соединетите Американски Држави, не е во позиција да го обезбеди Гренланд“, но нагласи дека нема да употреби сила.„Секој сојузник во НАТО има обврска да биде способен да ја брани сопствената територија. Факт е дека ниту една држава, ниту група држави, освен САД, не е во позиција да го заштити Гренланд. Ние сме голема сила, многу поголема отколку што луѓето сфаќаат“, рече Трамп.Тој ја критикуваше Данска, оценувајќи ја како „незахвална“ поради тоа што одбива да се откаже од контролата врз Гренланд, тврдејќи дека таа ѝ должи благодарност на Америка за одбраната во Втората светска војна.„Данска падна во рацете на Германија по само шест часа борба и беше целосно неспособна да се брани, ниту себеси, ниту Гренланд. САД беа приморани да интервенираат и тоа го направивме. Да не бевме ние, денес ќе зборувавте германски и јапонски. По војната им го вративме Гренланд – колку глупаво од наша страна. А денес гледаме колку се неблагодарни“, изјави Трамп.Сепак, тој јасно порача дека нема да се послужи со сила.„Веројатно ништо нема да добиеме, освен ако не одлучам да употребам огромна моќ, со која, искрено, би биле незапирливи. Но, тоа нема да го направам. Не морам и не сакам да користам сила. Нема да употребам сила“, нагласи американскиот претседател.Трамп додаде дека целта на САД е стекнување сопственост врз Гренланд, бидејќи, како што рече, „без сопственост не можете да го браните – не можете да го браните со закуп“.

Свет | пред 1 месец

media-library2h7328lt783640HaCUr

Европа на итен самит во Брисел: ЕУ-лидерите се собираат поради тензиите околу Гренланд

Лидерите на Европската унија и на земјите членки утре навечер ќе се сретнат во Брисел на неформален состанок на Европскиот совет, поради зголемените тензии поврзани со Гренланд.„Ќе разговараме за најновите случувања во трансатлантските односи и нивните импликации врз Европската унија, како и за координација на натамошните чекори. Состанокот ќе го започнеме со размена на мислења со претседателката на Европскиот парламент“, напиша претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во писмото со кое ги повика учесниците.Состанокот е закажан да започне во 19 часот.Кошта пред два дена најави дека, поради тензиите околу Гренланд, во наредните денови ќе свика вонредна седница на Европскиот совет.„Со оглед на значењето на последните случувања и потребата од понатамошна координација, одлучив да свикам вонреден состанок на Европскиот совет во наредните денови“, напиша тој на социјалната мрежа Икс.Тој истакна и дека, по консултациите со земјите членки, е потврдено оти Европската унија е „единствена во поддршката и солидарноста со Данска и Гренланд“.

Свет | пред 1 месец

mark-rute-1

Руте: Нема да ги коментирам тензиите меѓу САД и Европа околу Гренланд

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека нема јавно да ги коментира тензиите меѓу Соединетите Американски Држави и нивните европски сојузници, кои произлегоа од барањето на американскиот претседател Доналд Трамп САД да го преземат Гренланд.„Можете да бидете сигурни дека работам на ова прашање зад сцената, но не можам тоа да го правам јавно“, изјави Руте за време на панел-дискусија на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос, пренесува Ројтерс.Руте истакна дека Трамп е во право кога зборува за потребата Арктикот да биде заштитен од руско и кинеско влијание.„Претседателот Трамп и другите лидери се во право. Мораме да направиме повеќе таму. Мораме да го заштитиме Арктикот од руско и кинеско влијание. Работиме на тоа да обезбедиме колективна одбрана на арктичкиот регион“, нагласи Руте.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања