Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ИРАН

media-library9ip0phu5u92aegQbh8T

(Видео) Израел започна напади врз клучната инфраструктура – експлозии и густ чад низ Техеран

Израел соопшти дека започнал широки напади врз клучната инфраструктура на режимот во Техеран.Дописници на CNN јавуваат за воздушни напади низ главниот град на Иран. Иранските медиуми јавија дека низ цел Техеран се слушале силни експлозии, а меѓу целите биле и главните трговски улици во престолнината.На видеа кои кружат на социјалните мрежи се гледаат експлозии, густ црн чад и луѓе кои бегаат од областа.Претходно, Израелски одбранбени сили (IDF) ја срамнија со земја претседателската палата во Техеран, каде што се наоѓал врховниот лидер на Иран, Ајатолах Али Хамнеи, заедно со своите соработници.Иранскиот портпарол на Централниот штаб на армијата, пoлковник Ибрахим Золфгари, изјави дека одговорот на американско-израелските напади ќе биде проширен и интензивиран, и дека иранската војска продолжува да пресретнува израелски и американски авиони и дронови низ целата земја.Кукавички воени сили и објекти на ционистичкиот режим се сокриени меѓу цивилните области, но откривањето и нападите на агресорите ќе продолжат, а во наредните денови трендот на нападите ќе стане поинтензивен и пошироко распространет“, рече Золфгари.Според него, иранската војска рано утрово следела и уништила еден борбен авион F-15E и четири напредни извидувачко-борбени дронови – Hermes 900 и MQ-9 – над западните, југозападните и јужните делови на земјата.Овие напади предизвикаа хаос во Техеран, со експлозии, густ чад и евакуација на цивили.

Свет | пред 4 дена

media-libraryng9ecqnv8gssbu2vMxx

Грција предупредува: Напад врз Кипар е закана за цела Европа

Mинистерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, изјави дека секое таргетирање на Кипар претставува закана за цела Европа, додавајќи дека поморската база Суда не се наоѓа во непосредна опасност од ирански напади.Говорејќи за грчкото воено присуство на Кипар, Герапетритис во интервју за телевизијата SKAI истакна дека мисијата на фрегатите Kimon и Psaras, како и на ловците F‑16 Viper, претставува „историска одговорност“, нагласувајќи дека распоредувањето на силите е исклучиво одбранбена мерка.Секое таргетирање на Кипар претставува закана за цела Европа и наметнува обврска за солидарност со Кипар“, изјави Герапетритис.Одговарајќи на прашање дали поморската база Суда се наоѓа во дострел на иранските ракети, тој нагласи дека базата е заштитена со одбранбен договор меѓу САД и Грција и дека се преземени сите мерки за безбедност на објектите, вклучително и на американските инсталации на територијата на базата.Режимот на базата Суда е регулиран со одбранбениот договор меѓу САД и Грција. Она што може да се прави во рамките на базата е многу строго дефинирано, пред сè обезбедување на објектите на САД, така што тие не се наменети за офанзивни дејствија. Сакам да ве уверам дека се преземени сите неопходни мерки и од американска и од грчка страна. Сите разбираме дека кризата во поширокиот регион на Блискиот Исток има последици и врз безбедноста“, рече тој.Герапетритис додаде дека продолжува евакуацијата на грчките државјани од Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Оман и други региони, нагласувајќи дека репатријацијата е „најсложената задача“ на грчкото Министерство за надворешни работи во последните неколку децении.Тој посочи дека воздушниот простор во тие региони се отвора само делумно и повремено, што дополнително ги отежнува операциите.Грчкиот министер ги отфрли и критиките од Турција во врска со распоредувањето на системот MIM‑104 Patriot на островот Карпатос, оценувајќи ги како „целосно неосновани“.

Свет | пред 4 дена

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.33

Хезболах предупредува: Израелската агресија нема да остане без одговор

Либанското движење Хезболах ги повика жителите на Израел да ги евакуираат градовите во радиус од пет километри од границата меѓу двете земји и предупреди дека „агресијата на израелската војска нема да помине без одговор“.Предупредувањето дојде помалку од еден ден откако Израел ги повика жителите да ги напуштат јужните предградија на Бејрут, што предизвика заминување на голем број луѓе од дел од престолнината познат како Дахије, пренесе Ројтерс.Агресијата на вашата војска врз либанскиот суверенитет и врз безбедните граѓани, уништувањето на цивилната инфраструктура и кампањата на протерување што ја спроведувате нема да поминат без одговор“, се наведува во пораката на Хезболах.Израел соопшти дека нема да ги евакуира своите погранични градови и дека испратил дополнителни војници во Либан, наведувајќи дека станува збор за одбранбена мерка со цел заштита на граѓаните кои живеат во близина на границата.

Свет | пред 4 дена

media-library8g9dnd38slel4BG1n1P

315 Грци евакуирани од Блискиот Исток

Вкупно 315 грчки државјани се вратија во Грција во четвртокот од Блискиот Исток, поради тековниот конфликт во регионот, во рамки на операции за репатријација координирани од Министерството за надворешни работи на Грција.Според министерството, 91 грчки државјанин и членови на нивните семејства пристигнале во Атина од Абу Даби со авион Lockheed C‑130 Hercules на Грчкото воено воздухопловство, во операција координирана од грчката амбасада во Абу Даби.Дополнителни 101 грчки државјанин и нивни семејства пристигнале во Атина од Дубаи со специјален лет на авиокомпанијата Aegean Airlines, исто така организиран од грчката амбасада во Абу Даби.Во посебна операција, 10 грчки државјани патувале по копно од Ерусалим до граничниот премин Таба граничен премин во Египет, придружувани од грчкиот генерален конзул во Ерусалим.Дополнително, 113 грчки државјани и членови на нивните семејства биле пренесени во Атина од Шарџа во Обединети Арапски Емирати со лет на авиокомпанијата Air Arabia.Министерството за надворешни работи соопшти дека операциите за репатријација ќе продолжат и во наредните денови и дека властите остануваат во состојба на целосна подготвеност за да им помогнат на грчките државјани погодени од конфликтот во поширокиот регион на Блискиот Исток.

Свет | пред 4 дена

65717207620215fa45d0e545827251_v4_big

НАТО ја засили противракетната одбрана по пресретната иранска ракета кон Турција

НАТО ја зголеми својата противракетна одбрана откако беше пресретната ракета од Иран насочена кон Турција, соопшти во четвртокот военото седиште на алијансата.Според соопштението од НАТО, зголеменото ниво на готовност ќе остане на сила сè додека не се намали заканата од „континуираните, неселективни напади на Иран низ регионот“, изјави полковникот Мартин О’Донел, портпарол на Врховната команда на сојузничките сили во Европа.О’Донел во објава на платформата X истакна дека НАТО „совршено ја извршил“ противракетната одбрана во Турција во средата.За помалку од 10 минути, припадниците на НАТО идентификуваа закана за сојузниците – балистичка ракета, ја потврдија нејзината траекторија, ги алармираа копнените и поморските системи за противракетна одбрана и лансираа пресретнувач за да ја неутрализираат заканата и да ја заштитат нашата територија и населението“, рече тој.Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претходно во четвртокот изјави дека алијансата засега не планира да го активира членот 5 за колективна одбрана поради балистичкиот напад, во време на стравувања дека НАТО би можел да биде вовлечен во војната меѓу САД и Иран.Руте не даде повеќе детали кога беше прашан за зголемената одбранбена подготвеност во рамките на алијансата.

Свет | пред 4 дена

media-libraryis2bpv777bde8RkN4Pt

Кипар ќе поднесе барање за членство во НАТО

Претседателот на Кипар, Никос Христодулидис, изјави дека земјата ќе поднесе барање за членство во НАТО.Тој посочи дека неодамнешните напади на Иран врз Кипар биле насочени исклучиво кон британските воени бази што се наоѓаат на островот. Христодулидис појасни дека постоела одредена вознемиреност поради изјава на британскиот министер за одбрана во врска со британските бази на Кипар, што предизвикало загриженост кај кипарската страна.Како што наведе, биле потребни дури и контакти со британскиот премиер за да се разјасни дека британските бази на Кипар не се користат за офанзивни операции поврзани со војната.Тој исто така изјави дека нападите кои досега биле извршени главно доаѓале од Либан и додаде дека е во постојана комуникација со претседателот на таа земја.Разбирате дека во многу случаи целта од Иран е Израел. Проектилите минуваат низ регионот, низ поширокиот источен Медитеран, и тоа е нешто што се следи многу внимателно“, изјави тој.Христодулидис додаде дека Кипар располага со сопствени системи кои се значително унапредени, а во исто време постои и заштита од британската страна, како и договори со европските држави.Одговарајќи на прашање за можноста Кипар да стане членка на НАТО, тој рече дека доколку тоа би било можно веднаш, земјата би поднела соодветно барање, но дека тоа во моментот не може да се случи поради постојните политички околности и ставот на Турција.

Свет | пред 4 дена

media-libraryosqdh8ui21l79uC9c4s

УНИЦЕФ: Речиси 200 деца се убиени низ Блискиот Исток од саботата

Речиси 200 деца се убиени низ Блискиот Исток од саботата, од првиот американско-израелски напад врз Иран, соопшти УНИЦЕФ.Најмалку 181 дете се убиени во Иран, седум во Либан, три во Израел и едно во Кувајт, според неговите податоци.„Децата не започнуваат војни, но плаќаат неприфатливо висока цена за нив. Воената ескалација низ Блискиот Исток веќе има разорно влијание врз децата“, соопшти УНИЦЕФ.За време на првиот ден од нападите на САД и Израел врз Иран, беше погодено училиште за девојчиња во Минаб во јужен Иран, при што загинаа најмалку 175 ученички, според Иранската револуционерна гарда.Нападот се случи во саботата откако САД и Израел најавија заеднички напади врз Иран.Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, ги обвини САД и Израел за убиството на ученичките.„Ова се гробови што се копаат за повеќе од 160 невини девојчиња убиени во американско-израелското бомбардирање на основно училиште. Нивните тела се распарчени“, напиша Аракчи на социјалната мрежа Икс, заедно со слика од свежо ископани гробови.Израелската војска тврди дека не е запознаена со никакви израелски или американски напади во областа, додека САД најавија истрага, тврдејќи дека тие се насочени исклучиво кон воени цели.

Свет | пред 4 дена

media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Трамп: Војната во Иран е далеку поважна од тоа дали малку ќе поскапи бензинот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен поради растот на цените на горивата во САД, предизвикан од ескалацијата на конфликтот со Иран.Во интервју за „Ројтерс“, Трамп порача дека воената операција е многу поважна од евентуалното поскапување на бензинот.„Воопшто не ме загрижува тоа. Многу брзо ќе паднат цените кога ќе заврши ова. А и ако пораснат, нека пораснат. Ова е далеку поважно од тоа бензинот малку да поскапи“, изјави Трамп.Политичките аналитичари предупредуваат дека долгорочниот раст на цените на горивата би можел да им наштети на републиканците на парламентарните избори во ноември, кога ќе се одлучува за контролата врз американскиот Конгрес.Според податоците на Американскиот автомобилски клуб, просечната цена на бензинот во САД пораснала за 27 центи во изминатата недела и достигнала 3,25 долари по галон. Глобалните цени на нафтата, пак, пораснале за околу 16 проценти од почетокот на војната.Трамп изјави дека засега не планира да ги користи стратешките резерви на нафта и дека очекува клучниот Ормутски теснец да остане отворен за транспорт на нафта.Во Белата куќа се надеваат дека воената кампања против Иран ќе трае релативно кратко, иако дел од политичките и воените аналитичари предупредуваат дека конфликтот може да се прошири и да трае подолго од очекуваното.

Свет | пред 5 дена

media-library6u2q4cr9bc2m4IZ8AV7

Првите евакуирани македонски државјани од Израел пристигнаа во Скопје

Првите македонски државјани евакуирани од Израел вечерва пристигнаа на Меѓународниот аеродром во Скопје, информираше заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски.Тој посочи дека граѓаните биле евакуирани по копнен пат преку Египет, а потоа со владин авион биле пренесени до Скопје.„Во вакви моменти најважно е нашите граѓани да знаат дека државата е тука за нив“, истакна Димитровски, додавајќи дека евакуацијата била успешно организирана благодарение на координацијата меѓу институциите и дипломатско-конзуларните претставништва.Според него, процесот се одвивал на релација Тел Авив – Шарм ел-Шеик – Скопје.Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како што наведе, останува во постојана комуникација со македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и продолжува со активностите за нивно безбедно враќање.Се очекува во наредните денови да биде реализирана и евакуацијата на останатите граѓани кои изразиле подготвеност да се вратат во земјата.

Свет | пред 5 дена

media-library7768jeevv8d5cyZGYX2

Би-Би-Си: Малку веројатно ирански проектил да ја погодил училиштето, штетата е преголема

Анализа на сателитски снимки и видеоматеријали покажува дека училиштето во градот Минаб, на југот на Иран, најверојатно било погодено со повеќе удари, а не од еден ирански проектил, објави Би-Би-Си.Проверени видеа и сателитски фотографии откриваат голема штета околу основното училиште „Шаџарех Тајебех“ и соседниот комплекс на Корпусот на исламската револуционерна гарда. Според иранските власти, во нападот што се случил во саботата загинале 168 лица.Иран за нападот ги обвини САД и Израел, но ниту една од двете држави не презеде одговорност. Израел соопшти дека нема сознанија за воени операции во тој дел, додека американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека Вашингтон го истражува инцидентот и дека САД „никогаш не таргетираат цивилни објекти“.Снимките објавени на социјалните мрежи, чија автентичност ја потврдил Би-Би-Си, прикажуваат паника веднаш по нападот, додека луѓе ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани. На дел од видеата се гледаат чадни столбови што се издигнуваат од училишната зграда и од соседниот воен комплекс.Сателитските фотографии направени неколку дена по нападот покажуваат значителни разурнувања, со најмалку пет објекти со кратери и траги од пожар, што укажува на повеќекратни експлозии. Според експерти, ваквата штета тешко може да биде предизвикана од ирански противвоздушен проектил, кој носи релативно мала експлозивна боева глава.Иранските власти тврдат дека поголемиот дел од жртвите биле деца, но овие информации не можат независно да се потврдат. Според податоците на иранското Министерство за образование, училиштето го посетувале 264 ученици. Иранските медиуми објавија список со имиња на загинати, меѓу кои најмалку 48 деца на возраст од шест до единаесет години.Полуофицијалната новинска агенција Тасним објави дека во нападот загинале и 14 наставници, додека според податоци на Американската новинска агенција за човекови права од почетокот на конфликтот досега се евидентирани повеќе од илјада загинати ирански цивили, меѓу кои и 183 деца.

Свет | пред 5 дена

media-libraryce0gohncb6qv4JBNWiQ

(Видео) Владин авион со евакуирани македонски граѓани пристигна во Скопје од Шарм ел-Шеик, се спремаат и чартер летови

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски информираше дека успешно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани од Израел кои побарале да ја напуштат земјата.Тој соопшти дека попладнево владин авион полетал од Шарм ел-Шеик кон Скопје со македонските граѓани, а целиот процес бил координиран од Министерството за надворешни работи и дипломатско-конзуларните претставништва. Последните информации се дека авионот слетал на скопскито аеродром.Муцунски додаде дека е финализирана и постапката за договор со компанија која во наредните денови ќе започне со летови за евакуација на македонски државјани и од други погодени подрачја.Министерството, како што посочи, останува на 24-часовно располагање за помош и поддршка на македонските граѓани во странство.БОНУС ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО:

Настани | пред 5 дена

kineski-voeni-avioni-10

Драматична воздушна борба: Ирански авиони речиси ја нападнале најголемата база на САД, но биле соборени

Ирански бомбардери биле на само неколку минути од напад врз најголемата американска воена база на Блискиот Исток, но биле пресретнати и соборени од катарски борбени авиони во нивната прва воздушна борбена мисија, откриле за Си-Ен-Ен два извора запознаени со операцијата.Иранската револуционерна гарда во понеделникот наутро испратила два тактички бомбардера Су-24, произведени уште во советско време, кон воздухопловната база Ал Удеид во Катар, каде што се стационирани околу 10.000 американски војници. Втората цел била Рас Лафан, клучен објект за преработка на природен гас и темел на катарската економија.Според еден од изворите, иранските авиони биле на само „две минути“ од своите цели. Друг извор потврдил дека леталата биле визуелно идентификувани и утврдено било дека се вооружени со бомби и наведувано оружје.Катарските сили испратиле радио-предупредување, но не добиле одговор од екипажите на бомбардерите, кои се спуштиле на висина од само 25 метри за да избегнат радарска детекција.Поради „временските ограничувања“ и врз основа на достапните докази, леталата биле класифицирани како непријателски. Катар потоа ги подигнал своите борбени авиони, а еден катарски Ф-15 влегол во воздушна борба со иранските летала и ги соборил, изјавил изворот.Остатоците од иранските авиони паднале во катарските територијални води. Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи Маџед ал Ансари изјавил дека е во тек потрага по членовите на екипажот.Инцидентот се случил во момент на силна ескалација на конфликтот, откако Иран започна одмазднички напади со стотици проектили и беспилотни летала кон арапските држави во Персискиот Залив како одговор на американските и израелските воздушни напади врз Иран. Во првиот бран од тие напади во саботата беше убиен иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, кога беше погоден неговиот комплекс во Техеран.Овој потег означува првпат Техеран да употреби авиони со екипаж за напад врз соседна држава по смртта на Хамнеи, но и првпат катарските воздухопловни сили да се вклучат во вистинска воздушна борба.Американскиот генерал Ден Кејн, началник на Здружениот штаб, го потврди инцидентот на прес-конференција во Пентагон, но не прецизираше која била целта на иранските бомбардери. „Катарски борбени авиони за првпат соборија два ирански бомбардера кои се движеа кон нивната локација“, изјави тој.Во разговор со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани го опишал инцидентот како потег што води кон ескалација и покажува недостиг од искрена намера на Иран да ги намали тензиите.Според податоци на регионалните влади, од почетокот на американско-израелските напади врз Иран, Техеран испукал повеќе од 400 балистички проектили и над 1000 беспилотни летала кон државите од Заливот. Иако поголемиот дел од нив биле пресретнати, шест американски војници загинале во неделата кога еден ирански проектил ја пробил противвоздушната одбрана и погодил импровизиран оперативен центар во кувајтското пристаниште Шуаиба.

Свет | пред 5 дена

media-library16rsbbrcm96p7DkWGbf

(Видео) САД објавија снимки од воздушни напади врз ирански воени бази

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) објави снимки од воздушни напади врз ирански воени цели.На видеата се гледаат удари врз засолништа за авиони и други летала во ирански воздушни бази.Од ЦЕНТКОМ соопштија дека способноста на иранскиот режим да ги загрози американските сили и нивните сојузници во регионот „брзо слабее“, додека американската воена моќ продолжува да се зголемува.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека САД во наредните денови ќе имаат целосна и неоспорна контрола над иранскиот воздушен простор.Тој порача дека Иран „не може да ја издржи“ американската воена сила и дека неговите воени капацитети исчезнуваат „од час во час“.

Свет | пред 5 дена

media-libraryevuk19808ocoaxzKhaU

Медведев: НАТО е луд, САД започнаа војна на Блискиот Исток

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев остро го нападна НАТО и американскиот претседател Доналд Трамп поради војната со Иран.Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Медведев ги критикуваше дискусиите во НАТО за можно активирање на членот 5 од Алијансата.„НАТО е луд. Прво САД го убиваат иранскиот лидер и започнуваат војна на Блискиот Исток. Потоа НАТО-идиоти, предводени од послушниот ‘синче’ на Трамп, Марк Руте, размислуваат за активирање на членот 5“, напиша Медведев.Тој саркастично додаде дека американскиот претседател би можел да биде номиниран за Нобелова награда за мир „затоа што започнал голема војна“, додавајќи дека „Орвел бил во право – војната е мир“.Претходно Медведев на Телеграм оцени дека американските напади врз Иран го покажале „вистинското лице“ на САД и дека преговорите со Техеран биле само параван.

Свет | пред 5 дена

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер предупредува: Постои ризик од ескалација на конфликтот со Иран

Британскиот премиер Кир Стармер предупреди на ризик од ескалација на конфликтот со Иран, истакнувајќи дека Велика Британија преку разговори со САД се обидува да придонесе за намалување на тензиите.Во изјава од Даунинг стрит, Стармер рече дека ситуацијата останува неизвесна и дека не е јасно колку долго ќе трае кризата.Тој откри дека последен пат разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп во саботата навечер, пред најновата ескалација на настаните.Несогласувањата меѓу двете земји настанале откако Велика Британија одбила да им ги отстапи своите воени бази на американските сили за првите американско-израелски напади врз Иран.Стармер нагласи дека разговорите со американските власти продолжуваат „на сите нивоа“ со цел да се постигне деескалација на конфликтот, а најави и забрзано зголемување на британските трошоци за одбрана како одговор на актуелната безбедносна ситуација.

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања