Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ИРАН

media-libraryccdsakbp475idFLxmQG

Американски сенатор: „Продолжете да ги убивате иранските лидери додека не исчезнат“

Републиканците во американскиот Сенат блокираа резолуција со која од претседателот Доналд Трамп ќе се бараше да добие одобрение од Конгресот за продолжување на воените операции против Иран.Резолуцијата беше одбиена главно по партиска линија, а единствениот демократ што се спротивстави на мерката беше сенаторот Џон Фетерман од Пенсилванија.Во телевизиско гостување, Фетерман ја поддржа ликвидацијата на иранското раководство.„Да, само продолжете да ги убивате додека не исчезнат“, изјави тој, додавајќи дека целосно ја поддржува израелската намера да ги елиминира идните лидери на Иран.Според него, таквите акции се оправдани сѐ додека Иран не избере раководство кое ќе се откаже од, како што рече, обидите за дестабилизација на регионот и уништување на Израел.Се очекува и Претставничкиот дом на американскиот Конгрес подоцна денеска да гласа за слична мерка поврзана со воените операции против Иран.

Свет | пред 5 дена

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

„Њујорк тајмс“: Војната со Иран ја руши стратегијата на Трамп за брз и евтин конфликт

Војната со Иран сериозно ја доведува во прашање стратегијата на американскиот претседател Доналд Трамп за брзи воени операции со минимални жртви и трошоци, анализира „Њујорк тајмс“.Според анализата, во првите денови од конфликтот веќе загинале шест американски војници, додека цените на горивата растат, берзите се нестабилни, а американската војска троши стотици милиони долари дневно.Иако засега не се испратени копнени сили во Иран, американската администрација не ја исклучува таа можност. Министерот за одбрана Пит Хегсет најави дека во регионот пристигнуваат дополнителни бомбардери и борбени авиони.Критичарите предупредуваат дека САД повторно ризикуваат да влезат во долг конфликт на Блискиот Исток, сличен на војните во Ирак и Авганистан.Дел од аналитичарите, пак, сметаат дека слабеењето на иранскиот режим би можело да донесе стратешка корист за САД и нивните сојузници, но предупредуваат дека дестабилизацијата на Иран може да предизвика нови бегалски бранови и раст на екстремистички групи во регионот.

Свет | пред 5 дена

benzine

Дизелот во САД достигна највисока цена во речиси две години

Цените на дизелот во Соединетите Американски Држави достигнаа ниво кое не се забележало речиси две години, предупредуваат аналитичарите, додека геополитичките тензии на Блискиот Исток ја зголемуваат неизвесноста на глобалниот пазар на енергенти. Според податоците на Американската автомобилска асоцијација (AAA), денешната просечна малопродажна цена на дизелот достигна 4,166 долари за галон, што претставува скок од 3,2 проценти во однос на вчерашниот ден.Ова значително поскапување е уште поизразено ако се спореди со минатата недела, само неколку дена по воздушните напади на САД и Израел врз Иран, цената на дизелот се зголеми за околу 11 проценти. Во однос на истиот период минатата година, дизелот сега е поскап речиси за 14 проценти.Бензинот, исто така, го чувствува ефектот на глобалните потреси. Денешната просечна цена на бензин изнесува 3,251 долари за галон, што е за 1,6 проценти повеќе од вчера, а во однос на минатонеделниот просек, за девет проценти поскапа. Споредбено со минатата година, цената бележи раст од 4,6 проценти.

Свет | пред 5 дена

media-libraryek8lg7kr2oa7cKFVIgX

(Видео) Воздушен напад на болница во Техеран, медицинскиот персонал итно ги евакуирал новороденчињата од инкубаторите

Болницата „Ганди“ во центарот на Техеран е тешко оштетена во воздушните напади што, според иранските извештаи, ги извеле Соединетите Американски Држави и Израел. Болничките власти соопштија дека специјализираниот центар за вонтелесно оплодување е речиси целосно уништен, пренесе „Прес ТВ“.Во нападот била погодена и блиска станбена зграда, додека медицинскиот персонал итно ги евакуирал новороденчињата од инкубаторите. Снимките објавени по нападот прикажуваат медицински работници како ги пренесуваат бебињата во возила на брзата помош, додека припадници на иранската Црвена полумесечина работеле на нивно извлекување од оштетените болнички простории.Портпаролот на иранското Министерство за здравство, Хосеин Керманпур, изјави дека пациентите и медицинскиот персонал биле принудени да ја напуштат болницата по експлозиите во нејзина близина.Пациентите беа носени во раце од страна на негувателите додека излегуваа на улиците исполнети со чад по експлозиите на проектили во близина на болницата – наведе Керманпур во објава на социјалната мрежа Икс.Според достапните информации, нападите погодиле и други медицински установи во Техеран, меѓу кои болниците „Хатам ал-Анбија“ и „Мотахари“.Во јужниот град Ахваз неколку проектили паднале во близина на болницата „Абузар“, поради што итно биле евакуирани 21 пациент, меѓу кои и лица на интензивна нега.За нивното пренесување биле ангажирани 30 возила на итната медицинска помош. Извештаите наведуваат дека биле погодени и три бази на службата за итна медицинска помош во Сараб, Чабахар и Хамедан.Членката на иранскиот парламент и на парламентарната комисија за здравство, Фатеме Мохамад Беиги, изјави дека за време на нападите биле оштетени или уништени пет болници и медицински центри.Овој незаконски чин на агресија доведе до уништување на здравствените установи, како и до повреди меѓу студентите и локалното население – наведе таа во соопштение.Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги осуди нападите врз цивилната инфраструктура, истакнувајќи дека таргетирањето медицински и образовни установи претставува кршење на хуманитарните принципи.Тој ја повика меѓународната заедница да реагира и да ги осуди ваквите напади. Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус, изрази загриженост поради оштетувањето на болницата „Ганди“, нагласувајќи дека здравствените установи мора да бидат заштитени во согласност со меѓународното хуманитарно право.Мора да се преземат сите напори за да се спречи здравствените установи да бидат вовлечени во конфликтот – наведе Гебрејесус.

Свет | пред 5 дена

h_57503169

Русија: Иран не побарал од нас помош со оружје

Кремљ денеска соопшти дека Иран не контактирал со Москва со барање за испорака на оружје и дека ставот на Русија по тоа прашање е добро познат, обвинувајќи ги Соединетите Американски Држави и Израел дека се обидуваат да ги вовлечат арапските земји во поширок конфликт на Блискиот Исток.Иран минатата година со Русија склучи 20-годишен договор за стратешко партнерство. Русија гради два нови нуклеарни блока во Бушехр, каде се наоѓа единствената иранска нуклеарна електрана, а Иран ѝ испорача беспилотни летала од типот Шахед на Русија за употреба против Украина.На прашање на новинарите дали Русија ќе ѝ обезбеди материјална помош на Иран, вклучувајќи испорака на оружје, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече:Во овој случај, не постоеше барање од иранска страна. Нашиот доследен став е добро познат на сите и нема промени во тој поглед.Русија ги осуди американско-израелските напади и повика на моментално запирање на огнот против земјата со која во последните години воспостави блиски односи.Кремљ тврди дека двете земји го провоцираат Иран да напаѓа цели низ целиот регион, оценувајќи дека нема знаци дека Вашингтон и Тел Авив ќе попуштат.Рускиот министер за надворешни работи во четврток соопшти дека САД и Израел намерно се обидуваат да ги вовлечат арапските држави од Заливот во поширок конфликт.Намерно го предизвикаа Иран на одмазднички напади врз цели во некои арапски земји, што предизвика човечки и материјални загуби, за што руската страна длабоко жали“, се вели во соопштението на министерството.Со тоа тие (Вашингтон и Тел Авив) се обидуваат да ги вовлечат Арапите во војна за туѓи интереси.

Свет | пред 5 дена

plenkovich

Пленковиќ: Долготрајниот конфликт на Блискиот Исток може да има сериозни последици

Хрватската влада на денешната седница донесе одлука за обезбедување организирано враќање на хрватските државјани од подрачјата на Блискиот Исток загрозени од војна. Премиерот Андреј Пленковиќ соопшти дека сите хрватски државјани кои тоа го посакале веќе биле евакуирани од Иран, Израел и Јордан, јавува HRT.Долготрајниот конфликт на Блискиот Исток може да има сериозни хуманитарни и безбедносни последици, вклучувајќи можност за нови бегалски бранови“, нагласи Пленковиќ.Како дополнителен проблем, тој посочи можност за затворање на Ормутскиот теснец, една од клучните светски поморски рути за енергенти.Во случај на долготрајно затворање на Ормутскиот теснец тоа би можело да резултира со нагло зголемување на цените на нафтата и гасот, како и со нови инфлаторни притисоци на глобално ниво“, рече Пленковиќ.Премиерот нагласи дека Владата е подготвена да одговори на можниот пораст на цените.Владата ќе знае како да одговори на евентуалниот пораст на цените на енергенсите поради оваа криза. За тоа темелно разговаравме вчера при подготовка на денешната седница. Имаме, за жал, големо искуство од пред неколку години и јасно велам дека сме подготвени да донесуваме акти со кои ќе се ограничат цените на енергенсите ако биде потребно, како и да воведеме други мерки кои веќе помогнаа и кои би помогнале и во иднина на нашите граѓани и на економијата“, рече Пленковиќ.

Свет | пред 5 дена

media-librarydkjeqkt3jrvr0nO8i4v

(Видео) Ајатолахот Абдолах Џавади Амоли повика на пролевање крв на Трамп и Израелци

Иранската државна телевизија емитуваше порака од големиот ајатолах на Иран во која повикува на пролевање крв на Израелци и на американскиот претседател Доналд Трамп.Пораката дојде од ајатолахот и исламскиот ученик Абдолах Џавади Амоли и претставува една од ретките клерикални изјави од Иран во време кога земјата се соочува со воздушни напади од Израел и САД.Сега сме на работ на голем тест и мораме внимателно да го сочуваме ова единство, да го зачуваме овој сојуз“, рече тој во своето обраќање.Тој повика на пролевање на „ционистичка крв“, како и на крвта на Трамп и на „личности слични нему“.Потоа се повика на имамот Мехди и цитираше:„Борете се против ционистите и пролевајте ја нивната крв. Јас ќе одговарам за нивната крв. Борете се против угнетувачката Америка и пролевајте ја нејзината крв. Јас ќе одговарам за нивната крв.“Кој е Абдолах Џавади АмолиАбдолах Џавади Амоли е ирански шиитски религиски авторитет, философ и теолог, роден 1933 година во градот Амол, Иран. Се смета за еден од највисоките клирици во шиитскиот ислам (голем ајатолах) и долгогодишен професор по исламска филозофија, теологија и егзегеза на Куранот во верското центар во Кум.Автор е на бројни книги за исламската филозофија, толкување на Куранот и односот меѓу религијата и науката. Во политички контекст поврзан со иранскиот револуционерен систем: бил член на Иранската Скупштина на експерти, тело кое го избира врховниот водач, и години наназад делувал како влијателен идеолог на Исламската Република.Големиот ајатолах е највисок ранг во шиитската хиерархија, означувајќи врвен верски авторитет и правен ученик (marja-e taqlid – извор на следење) на чиј авторитет верниците можат да се повикуваат при религиозни одлуки.

Свет | пред 5 дена

raketi-vojna

Бахреин тврди: Уништивме 75 ирански ракети и 123 дронови

Бахреин соопшти дека успеал да уништи 75 ирански ракети и 123 дронови откако Техеран почнал напади врз земјата за време на викендот.Во објава на Инстаграм, Обединетите одбранбени сили на Бахреин наведуваат дека и понатаму ги одбиваат последователните бранови, како што ги нарекуваат, ирански терористички напади, и ги повикаа граѓаните да останат дома, освен ако не е неопходно да излезат.Тие додаваат дека употребата на ракети и дронови против цивилни цели претставува грубо кршење на меѓународното хуманитарно право и е закана за регионалниот мир и безбедност.

Свет | пред 5 дена

media-librarylm00dgvgdb0v1V1B8Ce

(Видео) Катар погоден од ракетни напади

Министерството за одбрана на Катар соопшти дека земјата била погодена со ракетен напад.Во соопштението се наведува дека катарските системи за противвоздушна одбрана активно одговориле на пристигнувачките ракети, а граѓаните, жителите и посетителите се повикани да останат смирени, да ги следат упатствата на безбедносните служби и да не шират гласини.Катарските медиуми, вклучувајќи ја и Ал Џезира со седиште во Доха, известија за силни експлозии кои одекнале над главниот град. Засега нема извештаи за жртви.

Свет | пред 5 дена

media-libraryakvvrnsoacj972jeYn5

Европските земји испраќаат воени бродови на Кипар

Италија, Шпанија, Франција и Холандија испраќаат поморски сили на Кипар за да го заштитат островот во наредните денови, изјави италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето во парламентот.Шпанското Министерство за одбрана соопшти дека Мадрид ќе испрати фрегата.Грција и Франција исто така најавија испраќање воени средства на островот, откако во понеделникот британската воздушна база на Кипар беше нападната од дрон од иранско производство.

Свет | пред 5 дена

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Сенатот го поддржа Трамп, не му ги ограничи воените овластувања во конфликтот со Иран

Сенатот не ја изгласа Резолуцијата за ограничување на воените овластувања на американскиот претседател Доналд Трамп во конфликтот со Иран.Резолуцијата со која се бараше прекин на сите непријателства кон Иран, што не беше одобрена од Конгресот, ја предложи демократскиот сенатор Тим Кејн. „Против“ неговата иницијатива се изјаснија 53 сенатори, а 47 беа „за“.Единствен демократ кој гласаше против е сенаторот од Пенсилванија, Џон Фетермен, а за гласаше сенаторот од Кентаки Ранд Пол.Доналд Трамп ја втурна Америка во конфликт без јасни цели, без план и без овластување од Конгресот, изјави пред гласањето лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер.Конгресот има ингеренции за објавување на војна, но Резолуција за воени овластувања првпат беше употребена како одговор на Виетнамската војна во 1973 година, со која му се овозможува на претседателот на поведе ограничена воена интервенција за да одговори на непосредна закана по САД.Демократите тврдат дека во случајот со Иран немало непосредна закана по САД.За резолуцијата денеска ќе се гласа во Претставничкиот дом, а поради републиканското мнозинство се очекува сличен резултат.

Свет | пред 5 дена

raketi-vojna

Иран: Турција е пријателска земја, не лансиравме ракета кон неа

Турција, откако Анкара вчера објави дека воздушната одбрана на НАТО соборила ракета од иранско потекло додека се движела кон нејзиниот воздушен простор.Генералштабот на иранските вооружени сили ги отфрли тврдењата за лансирање ракета во соопштение.Вооружените сили на Исламската Република Иран го почитуваат суверенитетот на соседната и пријателска земја Турција и негираат какво било лансирање ракета кон територијата на таа земја“, се вели во соопштението објавено од иранската новинска агенција Мехр.Според турското Министерство за одбрана, ракетата се приближила до турскиот воздушен простор откако прелеталa над Ирак и Сирија. Немало жртви во пресретнувањето на ракетата. Не е откриено каде точно била насочена ракетата, но портпарол на НАТО изјави дека алијансата го осудува иранското насочување кон Турција и цврсто стои зад сите сојузници.Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција презема сите потребни мерки на претпазливост во координација со своите сојузници од НАТО и дека се издадени најјасни предупредувања за да се спречи повторно повторна појава на слични инциденти.

Свет | пред 5 дена

media-librarynkdo932cbg9c1ctW98k

(Видео) Дрон го погоди аеродромот во Азербејџан

Проектили и дронови кои пристигнале од правец на Иран денеска паднале на подрачјето на аеродромот во азербејџанската енклава Нахчиван, потврди за Ројтерс извор близок до владата на Азербејџан.Според истиот извор, по инцидентот избил пожар, а властите наскоро треба да објават официјално соопштение. Засега не е познато колку проектили и дронови го погодиле тоа подрачје.Аеродромот се наоѓа на околу 10 километри оддалеченост од границата со Иран.На социјалните мрежи се појавија снимки од ударот.Нахчиван е азербејџанска енклава одвоена од остатокот на земјата со територија на Ерменија и граничи со Иран и Турција.

Свет | пред 5 дена

dzordza-meloni

Мелони: Италија планира да испрати системи за противвоздушна одбрана во Персискиот залив

Италијанската премиерка Џорџија Мелони изјави дека Италија планира да испрати помош во форма на системи за противвоздушна одбрана во земјите на Персискиот залив, следејќи го примерот на Обединетото Кралство, Франција и Германија.Не е тоа само затоа што станува збор за пријателски земји, туку пред сè затоа што десетици илјади Италијанци живеат во тој регион, а таму се распоредени и околу 2.000 италијански војници – луѓе кои сакаме, и мораме, да ги заштитиме“, изјави Мелони за италијанска радиостаница утрово.

Свет | пред 5 дена

media-library18i26ga29ta675rNxAu

Зеленски донесе одлука: Украина испраќа експерти за ирански дронови на Блискиот исток

Володимир Зеленски објави дека неговата земја ќе испрати дел од своите воени експерти на Блискиот исток за да помогнат во борбата против иранските дронови и проектили. Зеленски на платформата X соопшти дека ги задолжил клучните министри и шефовите на безбедносните служби да изработат план за помош кој нема да ги загрози одбранбените способности на Украина, јавува The Hill.Според зборовите на Зеленски, Иран во само неколку дена лансирал повеќе од 800 проектили и над 1.400 јуришни дронови.Токму иранските дронови и проектили претставуваат главна закана за слободната пловидба, дестабилизирајќи ги глобалните цени на нафтата, нафтените деривати и гасот“, напиша тој.Зеленски посочи дека се советува со партнери во Европа и САД, како и дека веќе разговарал со лидерите на Обединети Арапски Емирати, Катар, Јордан и Бахреин. Во план се и разговори со Кувајт и други земји во регионот.Сите тие се соочуваат со сериозна закана и отворено зборуваат: иранските јуришни дронови се исти 'Шахеди' кои напаѓаа по нашите градови, села и украинската инфраструктура за време на оваа војна“, додаде Зеленски.Иранските дронови Шахед-136 се оружје кое го користат руските сили во војната против Украина.

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања