Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ИРАН

raketi-vojna

Иран: Турција е пријателска земја, не лансиравме ракета кон неа

Турција, откако Анкара вчера објави дека воздушната одбрана на НАТО соборила ракета од иранско потекло додека се движела кон нејзиниот воздушен простор.Генералштабот на иранските вооружени сили ги отфрли тврдењата за лансирање ракета во соопштение.Вооружените сили на Исламската Република Иран го почитуваат суверенитетот на соседната и пријателска земја Турција и негираат какво било лансирање ракета кон територијата на таа земја“, се вели во соопштението објавено од иранската новинска агенција Мехр.Според турското Министерство за одбрана, ракетата се приближила до турскиот воздушен простор откако прелеталa над Ирак и Сирија. Немало жртви во пресретнувањето на ракетата. Не е откриено каде точно била насочена ракетата, но портпарол на НАТО изјави дека алијансата го осудува иранското насочување кон Турција и цврсто стои зад сите сојузници.Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција презема сите потребни мерки на претпазливост во координација со своите сојузници од НАТО и дека се издадени најјасни предупредувања за да се спречи повторно повторна појава на слични инциденти.

Свет | пред 5 дена

media-librarynkdo932cbg9c1ctW98k

(Видео) Дрон го погоди аеродромот во Азербејџан

Проектили и дронови кои пристигнале од правец на Иран денеска паднале на подрачјето на аеродромот во азербејџанската енклава Нахчиван, потврди за Ројтерс извор близок до владата на Азербејџан.Според истиот извор, по инцидентот избил пожар, а властите наскоро треба да објават официјално соопштение. Засега не е познато колку проектили и дронови го погодиле тоа подрачје.Аеродромот се наоѓа на околу 10 километри оддалеченост од границата со Иран.На социјалните мрежи се појавија снимки од ударот.Нахчиван е азербејџанска енклава одвоена од остатокот на земјата со територија на Ерменија и граничи со Иран и Турција.

Свет | пред 5 дена

dzordza-meloni

Мелони: Италија планира да испрати системи за противвоздушна одбрана во Персискиот залив

Италијанската премиерка Џорџија Мелони изјави дека Италија планира да испрати помош во форма на системи за противвоздушна одбрана во земјите на Персискиот залив, следејќи го примерот на Обединетото Кралство, Франција и Германија.Не е тоа само затоа што станува збор за пријателски земји, туку пред сè затоа што десетици илјади Италијанци живеат во тој регион, а таму се распоредени и околу 2.000 италијански војници – луѓе кои сакаме, и мораме, да ги заштитиме“, изјави Мелони за италијанска радиостаница утрово.

Свет | пред 5 дена

media-library18i26ga29ta675rNxAu

Зеленски донесе одлука: Украина испраќа експерти за ирански дронови на Блискиот исток

Володимир Зеленски објави дека неговата земја ќе испрати дел од своите воени експерти на Блискиот исток за да помогнат во борбата против иранските дронови и проектили. Зеленски на платформата X соопшти дека ги задолжил клучните министри и шефовите на безбедносните служби да изработат план за помош кој нема да ги загрози одбранбените способности на Украина, јавува The Hill.Според зборовите на Зеленски, Иран во само неколку дена лансирал повеќе од 800 проектили и над 1.400 јуришни дронови.Токму иранските дронови и проектили претставуваат главна закана за слободната пловидба, дестабилизирајќи ги глобалните цени на нафтата, нафтените деривати и гасот“, напиша тој.Зеленски посочи дека се советува со партнери во Европа и САД, како и дека веќе разговарал со лидерите на Обединети Арапски Емирати, Катар, Јордан и Бахреин. Во план се и разговори со Кувајт и други земји во регионот.Сите тие се соочуваат со сериозна закана и отворено зборуваат: иранските јуришни дронови се исти 'Шахеди' кои напаѓаа по нашите градови, села и украинската инфраструктура за време на оваа војна“, додаде Зеленски.Иранските дронови Шахед-136 се оружје кое го користат руските сили во војната против Украина.

Свет | пред 5 дена

bespilotni-letala

Кипарски функционер: Дронот кој го погоди британското воздухопловство на Кипар не полетал од Иран

Кипар тврди дека дронот Шахед, кој го погоди британската воздухопловна база на јужниот брег на оваа островска држава, бил лансиран од Бејрут.Кипарски функционер потврдил, под услов на анонимност, дека дронот кој го оштети хангарот на RAF Акротири веднаш по полноќ во понеделникoот, полетал од либанската престолнина.Британските воени авиони кои полетале од базата RAF Акротири пресретнале уште два дрона откриени во понеделник напладне.Имало неколку лажни аларми поврзани со дронови по овие првични напади.

Свет | пред 5 дена

mnr-696x316

Денес ќе се евакуираат македонските државјани од Израел, во следните денови започнува евакуацијата од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт преку Саудиска Арабија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, заклучно со денес, во рамки на процесот на евакуација, во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби се евидентирани 505 македонски државјани, од кои 458 престојуваат во Обединетите Арапски Емирати. Дополнително, 31 лице се пријавени од Кувајт, а 14 лица од Бахреин. Во Доха, заклучно со денес, се евидентирани 141 македонски државјанин.„Лицата кои изразија подготвеност за евакуација од Израел се очекува во попладневните часови со владиниот авион да полетаат кон Скопје. Со тоа целосно ќе се заокружи процесот на враќање на сите граѓани кои побараа извлекување од Израел.Во следните денови се очекува да започне реализацијата на враќањето на македонските државјани од Обединетите Арапски Емирати, како и на граѓаните кои се наоѓаат во Катар, Бахреин и Кувајт, за кои е предвидено враќање со организирани летови преку Кралството Саудиска Арабија. Процесот на евакуација се реализира согласно веќе разработен план, во согласност со безбедносните услови и во координација со надлежните институции. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија уште еднаш ги повикува сите македонски државјани кои сè уште не стапиле во контакт со надлежните дипломатско-конзуларни претставништва, а имаат потреба од асистенција, да го сторат тоа во најкраток можен рок преку дежурните телефонски броеви во дипломатско-конзуларните претставништва или преку СОС-бројот на МНРиНТ. Министерството останува во постојана комуникација и целосно на располагање на граѓаните, со приоритетна цел – нивно безбедно и навремено враќање“, се вели во соопштението од МНР.

Македонија | пред 6 дена

media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Иран: Ќе ги гаѓаме бродовите на САД, Израел и Европа ако поминат низ Ормутскиот теснец

Иранска револуционерна гарда соопшти дека Ормутскиот теснец, една од најважните светски поморски рути, е затворен само за бродови од САД, Израел, Европа и други западни сојузници.Претходно рековме дека, во согласност со меѓународното право и резолуциите, Исламската Република Иран во време на војна ќе има право да го контролира преминот низ Ормутскиот теснец“, соопшти IRGC, пренесува државната телевизија IRIB.Тие додадоа дека бродовите кои припаѓаат на САД, Израел, Европа и нивните сојузници, ако бидат забележани, сигурно ќе бидат погодени.Ормутскиот теснец практично е затворен откако САД и Израел започнаа заедничка операција против Иран, што доведе до нагло зголемување на цените на нафтата и предизвика загриженост за можните последици врз глобалната економија.

Свет | пред 6 дена

20220907072703

Катар енерџи обвинува „виша сила“: Прекинати испораките на гас

Компанијата Катар енерџи денеска соопшти на своите купувачи дека нема да може да испорача течен природен гас според договорените услови, повикувајќи се на „виша сила“. Ова сигнализира можно заострување на трката за енергент помеѓу купувачите во Европа и Азија.Компанијата претходно во понеделникот објави дека поради „воени напади“ врз постројките во индустриските градови Рас Лафан и Месаид, прекинала производство на течен природен гас. Управата не соопшти кога постројките би можеле да продолжат со работа.Катарското Министерство за одбрана соопшти дека два дрона лансирани од Иран извршиле напад, при што целите биле резервоар за вода во состав на електрана во Месаид и енергетски објект во сопственост на Катар енерџи во Рас Лафан.Надлежните власти темелно ќе ја проценат штетата и загубите предизвикани од нападот, а официјално соопштение ќе биде објавено подоцна“, пренесе Al Jazeera.Катар произведува приближно петтина од светскиот течен природен гас и е втор на листата на водечки светски извозници, веднаш зад САД. Околу 82 отсто од катарскиот гас го купуваат клиенти од Азија.Прекинот на испораките дополнително ќе ја заостри конкуренцијата за течен гас, бидејќи европските купувачи сега ќе се соочат со конкуренција од азиските пазари.

Свет | пред 6 дена

media-libraryi7l2buin9kl12RVx8cD

Канада можеби ќе се вклучи во конфликтот: „Не можам целосно да исклучам испраќање на војска на Блискиот Исток“

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека не може целосно да го исклучи можното воено учество на Канада во војниот конфликт на Блискиот Исток, но истовремено повика на деескалација на конфликтот.Карни, кој оваа недела престојуваше во Австралија, одговарајќи на прашање на заедничка прес-конференција со австралискиот колега Ентони Албанезе во Канбера, истакна дека „невозможно е категорички да се исклучи учеството“, нагласувајќи дека станува збор за хипотетичко прашање.„Ќе застанеме покрај нашите сојузници“, додаде Карни, истакнувајќи дека „секогаш ќе ги браниме Канаѓаните“. Тој го критикуваше американско-израелскиот напад врз Иран како „несогласен со меѓународното право“, но истовремено ја поддржува целта да се спречи Иран во развојот на нуклеарно оружје, што според него претставува „уште еден пример за неуспех на меѓународниот поредок“.Премиерот повикa за деескалација на конфликтот и објасни дека целта на неговата турнеја во азиско-пацифичкиот регион е да се намали зависноста на Канада од САД во заштитата на земјата, како и да се обезбедат инвестиции и продлабочат врските со партнерите од „средните сили“ со кои Канада споделува многу ставови.

Свет | пред 6 дена

media-libraryfdttt9q7nmpl2PSv9s1

Иранската војска тврди: Погоден американски танкер во Персискиот Залив

Иранската Револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека нејзината морнарица утрово погодила американски танкер во северниот дел на Персискиот Залив.Во соопштението се наведува дека воени и трговски бродови на Соединетите Американски Држави, Израел и европските земји кои ги поддржуваат „нема да можат да минуваат“ низ тоа подрачје.Од иранската гарда додаваат дека Иран претходно предупредил дека во време на војна има право да го контролира преминот низ Ормуски Теснец.Веќе кажавме дека, врз основа на меѓународните закони и резолуции, Исламската Република Иран во време на војна ќе има право да го контролира преминот низ Ормускиот Теснец“, се наведува во соопштението, пренесе иранската новинска агенција Tasnim.

Свет | пред 6 дена

media-libraryvi1inp2lgubn6JO8gp2

Оман повикува на итен прекин на војната

Министерот за надворешни работи на Оман, Бадр ал-Бусаиди, повторно повика на итен прекин на војната и порача дека неговата земја ќе помогне во враќањето на луѓето кои поради конфликтот останале заглавени на нејзината територија.Оманската влада соработува со вашите влади и со меѓународните авиокомпании за да организира летови кои ќе ве вратат дома“, напиша тој во објава на платформата X.Тој додаде дека ова се однесува на сите луѓе, без оглед на нивното државјанство.Граѓаните на сите земји имаат човеково право на безбедност и заштита. Да ја запреме оваа војна веднаш“, порача ал-Бусаиди.https://x.com/badralbusaidi/status/2028884428794282284?s=20

Свет | пред 6 дена

media-libraryudtc7d0c0h20aLduwws

Дали Израел се подготвува за инвазија? Повторено предупредување за евакуација на цивилите

Израелски одбранбени сили (IDF) повторно упатија предупредување до цивилите во јужен Либан да се евакуираат од своите домови, во услови на борбите меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах.Морате веднаш да продолжите да се движите северно од реката Литани“, се наведува во пораката на портпаролот на израелската армија, полковникот Авичај Адраи, упатена до либанските цивили, пренесе The Times of Israel.Адраи посочи дека предупредувањето се однесува и на жителите на градовите Тир и Бинт Џбејл.Секој што се наоѓа во близина на оперативците на Хезболах, нивните објекти или оружје го доведува својот живот во опасност. Секоја куќа што Хезболах ја користи за воени цели може да стане цел на напад“, предупреди Адраи.Израелската армија проценува дека досега повеќе од 300.000 либански цивили се евакуирани од селата во јужен Либан. За време на борбите меѓу Израел и Хезболах во 2024 година, речиси 1,2 милиони жители на Либан биле раселени од своите домови.

Свет | пред 6 дена

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Закана: САД извршија злосторство на море, горко ќе зажалите

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Соединетите Американски Држави ја нападнале иранската фрегата „Дена“ и дека „горко ќе зажалат поради преседанот што го поставиле“.Според него, фрегатата „Дена“ имала околу 130 морнари и била гостин на индиската морнарица, а нападот бил извршен во меѓународни води без претходно предупредување, пренесува Ројтерс.САД извршија злосторство на море, на 2.000 милји од иранските брегови. Запомнете ги моите зборови: САД горко ќе зажалат за преседанот што го поставија“, напиша тој на социјалната мрежа X.Според информациите, нападот на американска подморница го погодил иранскиот брод во близина на јужниот брег на Шри Ланка, илјадници километри од Персискиот Залив.

Свет | пред 6 дена

media-libraryb2bf3r7njobffL0eJJj

Повеќето летови од Дубаи и натаму се суспендирани

Повеќето летови од меѓународниот аеродром во Дубаи и натаму се суспендирани, соопштија аеродромските власти, повикувајќи ги патниците да не доаѓаат на аеродром доколку нивната авиокомпанија не им го потврдила времето на полетување.Во објава на социјалните мрежи се наведува дека патниците без потврден лет можеби нема да можат да влезат во терминалите.Патниците се советуваат за најновите информации да се обратат директно до својата авиокомпанија.Авиокомпанијата „Емиратс“ соопшти дека сите редовни летови кон и од Дубаи се суспендирани до 7 март во 23:59 часот по локално време, поради затворање на воздушниот простор во регионот.Од компанијата додаваат дека на ограничениот број достапни летови предност ќе имаат патниците со претходно направени резервации, додека патниците кои патуваат во транзит преку Дубаи ќе можат да продолжат само доколку имаат потврден следен лет.

Свет | пред 6 дена

media-libraryth1nrhuoccsv6cN13oX

(Видео) Белата куќа: Трамп нареди напад врз Иран затоа што имал „добро чувство“

Американскиот претседател Доналд Трамп наредил напад врз Иран затоа што имал „добро чувство“ дека иранскиот режим подготвува напад врз САД, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.Според неа, претседателот се соочил со избор – дали американската војска прва да ја отстрани заканата или да чека Иран да нападне.„Претседателот беше соочен со избор: дали САД ќе ги искористат своите воени способности за први да ја отстранат заканата која 47 години ѝ се заканува на нашата земја или, како врховен командант, ќе седи и ќе гледа како иранскиот режим ги напаѓа нашите луѓе во регионот“, изјави Левит.Таа додаде дека од перспектива на Трамп, неактивноста била „неприфатлива“, што ја поттикнало одлуката за почеток на воената операција.Според Белата куќа, точниот момент на нападот бил одреден врз основа на разузнавачки процени за локацијата на иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хамнеи и други високи претставници на режимот.„Тоа очигледно имало влијание врз временската рамка на операцијата, но не и врз самата одлука на претседателот“, додаде Левит.

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања