Промени тема
Контакт

ИРАН

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран: Подготвени сме за крај на војната, но бараме гаранции

Иран е подготвен да стави крај на војната, но само под јасен услов – да добие гаранции дека конфликтот нема повторно да се разгори. Ова го изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, испраќајќи порака дека Техеран не отстапува од клучните барања и покрај тековните преговори.„Имаме потребна волја да го окончаме овој конфликт, но мора да се исполнат клучни услови, а тоа се пред сè гаранции дека агресијата нема да се повтори“, изјави Пезешкијан во телефонски разговор со Антонио Кошта, со што ја

Свет | пред 6 месеци

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

Европа му врти грб на Трамп: Сè повеќе држави одбиваат учество во војната

Сè поголем број европски држави одбиваат да им помогнат на САД во воените операции против Иран, продлабочувајќи ги тензиите меѓу Вашингтон и европските сојузници и отворајќи сериозни прашања за единството во НАТО.Според информации на Reuters, Франција и Италија им се приклучиле на Шпанија во забраната за користење на нивната инфраструктура за американско-израелските воени операции, што претставува јасен сигнал за дистанцирање од актуелната стратегија на Вашингтон.Овие одлуки доаѓаат во период на

Свет | пред 6 месеци

den-na-evropa

Европа пред нов ценовен удар: Инфлацијата расте поради војната во Иран

Војната во Иран веќе почнува директно да се одразува врз џебот на европските граѓани, додека новите податоци покажуваат забрзување на инфлацијата и отвораат сериозна дилема пред европските власти за тоа како да реагираат на растот на цените.Според анализа на Politico, инфлацијата во еврозоната во март достигнала највисоко ниво во повеќе од една година, поттикната од наглото поскапување на горивата како последица на конфликтот што ги наруши клучните светски трговски рути.Новите бројки го ставаат

Свет | пред 6 месеци

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Трамп: „Го разнесуваме Иран“ – тврди дека војната е при крај

Американскиот претседател Доналд Трамп со остар и контроверзен речник изјави дека САД „го разнесуваат Иран“, оценувајќи дека војната влегува во завршна фаза, додека на социјалните мрежи објави снимки од силни експлозии во близина на Исфахан.„Не ќе бидеме таму уште долго. Во овој момент буквално ги разнесуваме, тоа е целосно уништување“, изјави Трамп во телефонски разговор за американски медиум, додавајќи дека операциите ќе продолжат додека не се уништат сите офанзивни капацитети на Иран.Тој посо

Свет | пред 6 месеци

media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Новиот врховен лидер на Иран во сенка: Мојтаба Хамнеи избегнува јавност

Новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, се наоѓа во земјата, но избегнува јавни настапи „од разбирливи причини“, пренесува рускиот медиум РТВИ, повикувајќи се на рускиот амбасадор во Техеран.Мојтаба Хамнеи ја презеде улогата по смртта на неговиот татко, Али Хамнеи, кој, според овие информации, бил убиен во текот на војната што пред повеќе од еден месец ја започнале Израел и САД против Иран.Во исто време, од американска страна доаѓаат информации дека новиот лидер бил ранет во конфликтот и д

Свет | пред 6 месеци

nafta-696x465-1

Ирскиот премиер предупредува: Нафтениот шок може да биде најлош во историјата

Ирскиот премиер Мишел Мартин предупреди дека нафтениот шок предизвикан од американско-израелските напади врз Иран може да биде најтежок во историјата, оценувајќи дека светот се соочува со сериозни последици врз снабдувањето и инфлацијата.Говорејќи во Варшава заедно со полскиот премиер Доналд Туск, Мартин ја оцени ситуацијата како исклучително сериозна.„Ова е многу сериозно, а шокот во снабдувањето веројатно е најголем досега, дури и потежок од оној во 1970-тите. Нè погодува на два фронта: преку

Свет | пред 6 месеци

media-librarycg9bgeldqdbfeURnbFw

Пентагон користел нов, недоволно тестиран проектил – погодени цивили во Иран

Пентагон во нападот на 28 февруари 2026 година во Иран користел нов, борбено недоволно проверен балистички проектил, при што биле погодени цивилни објекти, покажува анализа објавена од The New York Times.Според објавата, станува збор за проектил од типот Precision Strike Missile (PrSM), кој детонира во воздух и распрснува волфрамови кугли, предизвикувајќи сериозни оштетувања на широка површина. Нападот бил изведен во градот Ламард, во близина на комплекс на иранската Револуционерна гарда, но пог

Свет | пред 6 месеци

nafta

ЕУ алармира: подгответе се за долготрајни нарушувања со нафтата

Европска комисија ги повика земјите членки навремено и координирано да се подготват за можни нарушувања во снабдувањето со нафта, со цел да се зачува стабилноста на пазарот и да се избегнат мерки што би ја зголемиле потрошувачката на гориво.Еврокомесарот за енергија Дан Јоргенсен во писмо до министрите за енергетика истакна дека снабдувањето засега е сигурно, но предупреди на ризик од долготрајни пореметувања поради кризата на Блискиот Исток и состојбите во Ормутски теснец.„Мораме да делуваме ве

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryuah5ngfuo4nc9vCIa1H

Трамп до Европа: „Сами борете се, Америка нема да ве спасува, не бевте со нас - нема да бидеме со вас“

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остра порака до европските сојузници, порачувајќи дека Соединетите Американски Држави повеќе нема автоматски да им помага во безбедносни и енергетски кризи.Во објава на Truth Social, Трамп директно ги повика европските држави, меѓу кои и Обединетото Кралство, сами да се справат со последиците од кризата во Ормутски теснец, клучна рута за глобалниот транспорт на нафта.„Ќе мора да научите сами да се борите. САД повеќе нема да бидат тука да ви помагаат,

Свет | пред 6 месеци

makron-tramp

Трамп удри по Франција: „Многу некорисни, Америка ќе памети“

Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко ја критикуваше Франција откако Париз одби да дозволи прелет на американски и сојузнички авиони кои транспортираат воена опрема за Израел.Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп го оцени потегот како „МНОГУ НЕКОРИСЕН“, додавајќи дека САД „ќе го запаметат“ однесувањето на Франција во контекст на операциите против Иран.„Франција не дозволи прелет на авиони натоварени со воена опрема за Израел. Франција беше МНОГУ НЕКОРИСНА... САД ќе го запам

Свет | пред 6 месеци

media-library0tv2sf09hclh73fKQOC

САД со масивни удари: Уништени илјадници цели во операцијата „Епски бес“

Началникот на американската војска, Ден Кејн, соопшти дека САД погодиле повеќе од 11.000 цели во рамки на операцијата „Епски бес“ насочена против Иран.Тој истакна дека американските сили продолжуваат „систематски да ја намалуваат и уништуваат способноста на Иран да проектира моќ и да ја загрозува стабилноста надвор од своите граници“.Според него, ударите се фокусирани на логистичките и снабдувачките мрежи што го поддржуваат иранскиот балистички ракетен програм и капацитетите за беспилотни летала

Свет | пред 6 месеци

media-librarygm7jb0egts6j1eq1obZ

САД со двојна стратегија: „Преговори со бомби“ кон Иран

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека преговорите со Иран се „активни и во тек“, но истовремено порача дека САД ќе продолжат со воен притисок додека не се постигне договор.„Би сакале многу повеќе да постигнеме договор, но во меѓувреме – ќе преговараме со бомби“, изјави Хегсет, нагласувајќи ја двојната стратегија на Вашингтон.Тој посочи дека разговорите се реални и добиваат на интензитет, по состаноците со високите американски функционери, меѓу кои и потпретседателот и државнио

Свет | пред 6 месеци

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Европските држави првпат отворено му се спротивставуваат на Трамп: Забрани, одбивања и јасна порака

Европските држави првпат отворено и координирано се спротивставуваат на политиките на Доналд Трамп во војната со Иран, преземајќи конкретни мерки што директно ги ограничуваат американските воени активности.Шпанија го затвори својот воздушен простор за летови поврзани со операциите против Иран и не дозволи користење на своите воени бази, испраќајќи јасна порака дека нема да учествува во конфликтот.Италија одби да дозволи слетување на американски стратешки бомбардери, повикувајќи се на непочитувањ

Свет | пред 6 месеци

media-librarycqb5etpa5skc8SCGR6U

Кинески бродови поминаа низ Ормутскиот теснец: „Затворен е само за непријателите“

Два контејнерски брода на кинескиот бродски гигант Cosco успешно поминаа низ Ормутскиот теснец, и покрај сериозните безбедносни тензии и драматичниот пад на поморскиот сообраќај во регионот.Станува збор за бродовите „CSCL Indian Ocean“ и „CSCL Arctic Ocean“, кои во краток временски интервал го преминале теснецот и продолжиле кон Малезија, покажуваат податоците од системите за следење на поморски сообраќај.Овој потег доаѓа откако Cosco неодамна повторно ги активираше резервациите за транспорт кон

Свет | пред 6 месеци

media-libraryfurrth0lpejo4qp4sOG

Шпанија повеќе не дозволува прелети преку нивна територија на авиони кои го напаѓаат Иран

Шпанија го затвори својот воздушен простор за летови поврзани со операцијата „Епски бес“, воена акција на САД и Израел против Иран, објави весникот El País, повикувајќи се на воени извори.Одлуката значи дека Мадрид не само што забранува користење на базите Рота и Морон за борбени и танкер-авиони, туку и не дозволува прелет на американски воени летала кои учествуваат во операцијата, дури и ако полетуваат од други европски земји.Премиерот Педро Санчез најави ваков чекор уште минатата недела, оцену

Свет | пред 6 месеци

media-libraryjhe6bolsp47ve1ATXnV

Европските берзански индекси денес се движат нерамномерно, додека енергетските пазари повторно се вжештуваат

Европските берзански индекси денес се движат нерамномерно, додека енергетските пазари повторно се вжештуваат по извештај дека американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да ја заврши воената кампања против Иран дури и без целосно повторно отворање на Ормускиот теснец. Пораката, која инвеститорите ја читаат како сигнал за деескалација и можен мировен договор со Техеран, донесе умерено олеснување на расположението на дел од пазарот, но не и целосно смирување на ценовните очекувања.Нафтата о

Свет | пред 6 месеци

media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Техеран го менува правилото, сака да наплаќа премин низ Ормутскиот теснец

Иран подготвува значајна промена во режимот на пловидба низ Ормутскиот теснец, со воведување наплата за премин и можни забрани за бродови од САД, Европската Унија и други земји кои вовеле санкции кон Техеран.Предлог-законот е одобрен од безбедносниот комитет на иранскиот парламент и се очекува да биде ставен на расправа. Според Моџтаба Сари, мерките предвидуваат и ограничување на пристапот за пловила поврзани со земји што се сметаат за непријателски.Според Fars, преминот би се наплаќал во иранск

Свет | пред 6 месеци

media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Танкер полн со нафта погоден во водите на Дубаи: сомнеж за напад со ирански дрон

Танкер натоварен со сурова нафта бил погоден во водите во близина на Дубаи, по што на бродот избил пожар. Според наводите на кувајтските власти, нападот бил изведен со дрон за кој постои сомнеж дека е со иранско потекло.Локалните служби соопштиле дека огнот бил изгаснат за кратко време и дека нема повредени. На бродот се наоѓале 24 членови на екипажот, кои биле евакуирани и се безбедни.Танкерот „Ал-Салми“ во моментот на инцидентот бил целосно натоварен и бил закотвен во близина на Дубаи, на окол

Свет | пред 6 месеци

media-libraryhis9v78lcmn20dWdhLj

Трамп најавува излез од војната со Иран – сигналите стануваат сè почести

Доналд Трамп сè почесто навестува дека САД бараат излезна стратегија од војната со Иран, иако конфликтот влегува во петтата недела и ангажманот на американските сили останува висок.Во изминатиот месец, Трамп најмалку дванаесет пати изјавил дека војната е при крај или дека победата е веќе постигната, испраќајќи пораки дека конфликтот нема да прерасне во долготрајна операција.Паралелно со овие изјави, на терен се распоредени околу 50.000 американски војници на Блискиот Исток, што укажува на сериоз

Свет | пред 6 месеци

media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата: „Бог не ги слуша молитвите на оние што војуваат“ – Белата куќа одговори

Белата куќа денеска ги бранеше молитвите за американските трупи ангажирани во војната во Иран, откако папата Лав XIV предупреди дека Бог ги одбива молитвите „на оние што војуваат“.„Не мислам дека има нешто лошо во тоа нашите воени лидери или претседателот да го повикаат американскиот народ да се моли за нашите војници и оние кои служат на нашата земја во странство“, изјави портпаролката Каролин Ливит пред новинарите, одговарајќи на прашањето за коментарите на папата.Додека конфликтот на Блискиот

Свет | пред 6 месеци

SeKXr-

Иран сè поблиску до нови правила за Ормутскиот теснец: На бродовите од ЕУ ќе им биде забранет премин

Сигурносниот одбор на иранскиот парламент го одобри нацрт-законот со кој се воведува систем за наплата на премин низ Ормускиот теснец и се предлага ограничување на пристапот за пловила поврзани со земји кои вовеле санкции против Иран.Претставникот на одборот, Мојтба Сари, изјави за новинската агенција FARS дека предлогот ќе биде поднесен за расправа и гласање во парламентот.„Според нацрт-законот, бродовите од САД, Израел и од земјите кои во последните години го санкционирале Иран ќе имаат забран

Свет | пред 6 месеци

media-libraryk72ta83sla3kcR6v1Me

Белата куќа: Многу поранешни ирански лидери веќе не се на планетата Земја поради лаги кон САД

Белата куќа соопшти дека некои поранешни ирански лидери се убиени затоа што, како што тврди администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ги излажале САД за време на преговорите.Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, коментираше за моменталната војна со Иран и неодамнешното соопштение на претседателот Трамп, во кое тој се закани со понатамошна ескалација доколку не се постигне договор.„Кога претседателот вели поразумно, тоа значи дека тие луѓе зад сцената изгледаат поразумни

Свет | пред 6 месеци

izraelska-vojska

Четворица израелски војници загинаа во престрелка во Јужен Либан

Четири израелски војници се убиени во борбите во Јужен Либан, според Тајмс оф Израел. Израелските одбранбени сили (ИДФ) информираа дека војниците биле убиени вчера, а уште двајца биле ранети во истата престрелка.Според соопштението, загинатите се капетанот Ноам Мадмони (22), водникот Бен Коен (21) и водникот Максим Ентис (22), кои биле убиени за време на борбените операции во Јужен Либан. Израелската армија додаде дека и четвртиот војник е убиен во истиот инцидент, но неговото име не е објавено.

Свет | пред 6 месеци

media-librarys5jeh9vbt26e36UJuVp

Трамп подготвен да ја заврши војната без отворање на Ормускиот теснец

Претседателот на САД Доналд Трамп им рекол на своите соработници дека е подготвен да ја заврши воената кампања против Иран дури и ако Ормускиот теснец остане во голема мера затворен, објави весникот „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на претставници од администрацијата.Според пишувањето на весникот, Трамп и неговите соработници процениле дека операцијата за повторно отворање на овој поморски премин би го продолжила конфликтот надвор од планираниот рок од четири до шест недели.Поради тоа било одлу

Свет | пред 6 месеци

media-libraryaevcubpcsme7eiIB0c6

(Видео) Жесток американско-израелски напад врз Исфахан, се шират драматични снимки

Сведоци забележале интензивни американско-израелски напади врз Исфахан, еден од најголемите ирански градови со околу 2,3 милиони жители и локација на воената воздухопловна база Бадр.Според извештаите, силни експлозии и голем пожар го осветлиле ноќното небо над градот, додека густи облаци чад се издигнувале од повеќе погодени подрачја.Нападите се дел од поширока воена кампања на САД и Израел против Иран, а Исфахан се смета за стратешки важен поради својата воена и индустриска инфраструктура.

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања