Промени тема
Контакт

ИРАН

media-libraryjt1u6hcuirnt4d1EVop

Американски сенатор жестоко го критикуваше нападот врз Иран

Американскиот сенатор Берни Сандерс остро ја критикуваше одлуката на претседателот Доналд Трамп за нападот врз Иран, доведувајќи во прашање образложението на Белата куќа дека САД не смеат да дозволат Иран да развие нуклеарно оружје.Сандерс, демократски социјалист и независен сенатор од Вермонт, кој во Конгресот се приклучува на демократите и е познат по своите прогресивни ставови, се огласи преку социјалната мрежа X.Во објавата тој се потсети на претходната изјава на Трамп од јуни, во која претс

Свет | пред 7 месеци

media-library78o8i564fuof73HCUEl

Претседателот на Кипар: Нашата земја не учествува и нема намера да биде дел од каква било воена операција

Претседателот на Кипар, Никос Христодулидес, се обрати до јавноста по нападот на британската база, најверојатно во Акротири.„Во 00:03 часот, беспилотно летало тип Шахед се урна на воените објекти на британската база во Акротири, предизвикувајќи мала материјална штета. Од самиот почеток, сите надлежни служби на Републиката беа во состојба на приправност и целосна оперативна готовност. Истовремено, веднаш свикав Совет за национална безбедност за процена на ситуацијата, кој и понатаму е во постојан

Свет | пред 7 месеци

Grcija-1

Грција ги зајакнува безбедносните мерки по нападите врз Иран

Властите ги зајакнаа безбедносните мерки околу потенцијални цели поврзани со САД и Израел во Грција, како и на деловни објекти и аеродроми, по американските напади врз Иран, соопштија официјалните лица.Портпаролката на полицијата, Константија Димоглиду, рече дека мерките се проширени надвор од дипломатските претставништва и вклучуваат комерцијални и деловни објекти кои би можеле да бидат цел на напади.Безбедноста е зајакната и на главните грчки аеродроми, а полицијата тесно соработува со војскат

Свет | пред 7 месеци

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Арагчи: Убиството на ајатолахот е опасен преседан – одговорните ќе сносат последици

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денеска упати писмо до Обединетите нации и Советот за безбедност, во кое предупреди дека убиството на лидерот на Исламската револуција, ајатолах Али Хамнеи, ќе има „длабоки и далекусежни последици“ за одговорните.Во писмото до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и членовите на Советот за безбедност, Арагчи истакна дека убиениот ајатолах, кој беше врховен лидер на Иран, не беше само највисок официјален авторитет во земјата, „туку и ве

Свет | пред 7 месеци

SeKXr-

Танкери заглавени во Заливот: Осигурителните компании го укинуваат покривањето за воен ризик

Неколку осигурителни компании соопштија дека ќе го укинат покривањето за воен ризик за бродовите поради конфликтот во Иран и Персискиот Залив.Осигурителните компании, меѓу кои се Gard, Skuld, NorthStandard, лондонскиот P&A клуб и Американскиот клуб, соопштија дека укинувањето на осигурувањето од воен ризик за бродовите ќе стапи на сила од 5 март, пренесува Ројтерс.Според соопштението, осигурувањето од воен ризик ќе биде укинато за бродовите во иранските води, како и во Персискиот Залив и сос

Свет | пред 7 месеци

873x400-1-16

Раст на акциите на руските нафтени компании по нападите врз Иран

Акциите на водечките руски нафтени и гасни компании, меѓу кои се Роснефт, Лукоил, Газпром Нефт и Новатек, забележаа значителен раст по нападите врз Иран.Напнатоста на Блискиот Исток директно влијаеше на глобалниот пазар на енергетици, што доведе до нагло покачување на цените на суровата нафта. Аналитичарите предвидуваат дека овој тренд може да продолжи, сметајќи дека побарувачката за руска нафта би можела да расте, бидејќи таа станува алтернатива на резервите од Персискиот Залив, кои поради конф

Свет | пред 7 месеци

media-library9ljpgctbjonj3VltdI6

Трамп подготви замена за Хамнеи: Имам три многу добри кандидати

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има три кандидати на ум кои би можеле да ја предводат Иран, според пишувањето на „Њујорк Тајмс“ (NYT).Имам три многу добри кандидати“, рече тој, одбивајќи да ги открие имињата на кандидатите.Говорејќи за можноста за промена на режимот во Иран, Трамп ја опиша американската интервенција во Венецуела и преземањето на власт од лидерот Николас Мадуро како идеално сценарио. Во исто време, претставник на Белата куќа одби да даде какви било гаранции за

Свет | пред 7 месеци

media-librarye72f9na6vlveeDK3loc

(Видео) Иран започна напади врз нафтени капацитети во Саудиска Арабија

Според првите извештаи, Иран започнал напади врз нафтени објекти во Саудиска Арабија. Со дронови од типот „Шахед“ нападнат е еден од најголемите нафтени јазли во светот.Непосредно по нападот, рафинеријата на Saudi Aramco го прекина производството, јавува Sky News Arabia.Рас Тануура е еден од најважните енергетски центри во светот – се наоѓа на источната обала на Саудиска Арабија и служи како главен терминал за извоз на сурова нафта. Комплексот вклучува еден од најголемите нафтени терминали и раф

Свет | пред 7 месеци

media-library83lkert1v73neqXRUSk

Внукот на Хомеини ги повика граѓаните на Иран да излезат на улиците и во џамиите во црна облека

Сејед Хасан Хомеини ги повика граѓаните да не ги напуштаат улиците и џамиите, туку во црна облека да се собираат на плоштадите до крајот на војната со САД и Израел.Ниту за момент не напуштајте ги улиците и џамиите. Нашата мека моќ се срцата на луѓето и нивното присуство на терен – тоа нè одржа досега“, порача Хомеини. Тој додаде дека „од денес до крајот на војната, секому е поединечна обврска да биде во џамиите“ и ги повика верниците да го исполнат тоа.Нашите ровови се џамиите и градските плошта

Свет | пред 7 месеци

media-library538njb4aomvtbSP1zYy

Затворени училишта на Кипар, во тек евакуации

Кипар го зголеми степенот на подготвеност по нападот со дрон врз британската воена база RAF Akrotiri на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што тоа беше потребно, поради вовлекувањето на земјата во ескалирачкиот судир на Блискиот Исток.Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидис порача дека безбедноста на земјата е најважната грижа на неговата влада.Се наоѓаме во регион на исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни преди

Свет | пред 7 месеци

media-library1eicd9j48lsod6kytCA

Трагедија во Иран: Во напад загинаа 20 одбојкарки

Според наводите на иранските медиуми, за време на викендот во напад на спортска сала во градот Ламард, на југот на Иран, загинале 20 млади одбојкарки, додека повеќе од 100 лица се повредени.Информацијата првично ја пренесе телевизискиот канал Al Mayadeen, повикувајќи се на локални извори, а потоа веста ја потврдија и други медиуми.Нападот се случил во покраината Фарс, а според истите извори, меѓу загинатите има и деца кои во моментот на ударот се наоѓале во салата. Првичните извештаи говореле за

Свет | пред 7 месеци

media-libraryias99hb2nktf1YwjMLi

Стотици илјади патници заглавени ширум светот

Стотици илјади патници останаа заглавени ширум светот откако клучните воздушни јазли на Блискиот Исток беа затворени поради последиците од американско-израелските напади врз Иран. Во понеделникот беа откажани уште стотици летови, што го продолжи хаосот во глобалниот воздушен сообраќај и дополнително ја влоши ситуацијата за патниците. Станува збор за најтежок удар врз воздухопловството од пандемијата на ковид-19, пишува The Guardian.Илјадници откажани летовиГлавните аеродроми на Блискиот Исток, в

Свет | пред 7 месеци

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Израелски „Ер Форс Уан“ со часови кружел над Медитеранот, префрлен е на безбедно

„Крилја на Сион“ (Wings of Zion), официјалниот авион што го користат и израелскиот премиер и претседател, се наоѓа во одвоен дел од комплексот на аеродромот Berlin Brandenburg Airport. Новинар на германската агенција DPA лично се уверил дека леталото, популарно нарекувано израелски „Ер Форс Уан“, се наоѓа во североисточна Германија, пишува Deutsche Welle.Според DPA, израелскиот државен авион, по нападите на Израел и Соединетите Американски Држави врз Иран во саботата, полетал од аеродромот во Бе

Свет | пред 7 месеци

media-libraryddvis9sns7kp2gsfq4r

(Видео) Напад со дрон врз британска база на Кипар

Базата на британските воздухопловни сили RAF Akrotiri на Кипар е погодена во напад за кој се сомнева дека е изведен со дрон, потврди Министерството за одбрана на Обединетото Кралство. Во нападот нема жртви, но како мерка на претпазливост персоналот што не е неопходен за функционирањето на базата привремено ќе биде преместен. Владата на Обединетото Кралство сè уште не потврдила од каде потекнува дронот, пишува Sky News.Дронот стигнал до британската воздухопловна база на островот, изјави на брифин

Свет | пред 7 месеци

media-library1o0benahr62b5ENI9vG

Ларијани одлучи: Иран нема да преговара со Америка

Секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, Али Лариjани, денеска изјави дека нема преговори со Соединетите Американски Држави.По наводите во западните медиуми во врска со наводно барање на Техеран за преговори со Вашингтон, Лариjани нагласи дека Иран нема да води преговори со САД, пренесува Tasnim.Рано утрово, The Wall Street Journal објави дека Лариjани испратил до оманската страна планови за продолжување на преговорите со САД.САД и Израел извршија напади врз Иран во сабота

Свет | пред 7 месеци

media-librarys8k4o6sv7uqnfi1d3iT

Експлозии во британската воздухопловна база Акротири на Кипар

Неколку експлозии одекнале во воздухопловната база на Кралските воздухопловни сили на Обединетото Кралство на Кипар.Силни детонации биле слушнати во британската база Акротири кај Лимасол околу полноќ по локално време, откако наводно била прогласена „безбедносна закана“, пренесува Дејли мејл.Засега не е познато дали експлозиите се директно поврзани со настаните околу Иран, но тие следуваат откако британскиот премиер Кир Стармер ѝ даде дозвола на Соединетите Американски Држави да користат британск

Свет | пред 7 месеци

media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Што ќе случува со цената на нафтата?

Светските пазари се подготвуваат за нагло зголемување на цената на нафтата, откако ескалацијата на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, како и блокадата на Ормутскиот Теснец, предизвикаа силни турбуленции на енергетските берзи.Според податоците на брокерската куќа ИГ, американската сурова нафта би можела да поскапи за околу 9 проценти веднаш по продолжување на тргувањето, што би ја искачило цената на барелот над 73 долари – највисоко ниво од јуни 2025 година. Аналитичарите на Барклис предупредува

Свет | пред 7 месеци

media-libraryssd7ekmc783idiTUlD3

(Видео) Трамп најави одмазда за загинатите војници: „Ќе следи најтежок удар“

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници загинати во судирите со Иран и најави дека се можни нови загуби.„За жал, веројатно ќе има уште пред крајот. Така е тоа“, изјави Трамп во видео објавено на неговата социјална мрежа Трут соушл. „Америка ќе ја одмазди нивната смрт и ќе им нанесе најтежок удар на терористите кои ѝ објавија војна, во суштина, на цивилизацијата“, додаде тој.Американската војска соопшти дека тројца војници загинале,

Свет | пред 7 месеци

w_55031023

И ЕУ се огласи за војната на Блискиот Исток: Нападите на Иран и нарушувањето на суверенитетот на низа земји во регионот се неопростиви

Европската Унија вечерва повика на „максимална воздржаност“ и целосно почитување на меѓународното право во контекст на ескалацијата со Иран, изјави високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.Во соопштение објавено во име на сите земји членки, таа нагласи дека е неопходна заштита на цивилите и целосно почитување на принципите на Повелбата на Обединетите нации и меѓународното хуманитарно право.Соопштението следуваше по итната видеоконференција на министрите за надворешни работ

Свет | пред 7 месеци

media-libraryhav0ad7pkr688VBUIWv

Американскиот претседател најави можни нови жртви и остар одговор, па упати повик до иранската гарда: Положете оружје или ќе се соочите со сигурна смрт

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воената операција против Иран ќе продолжи „со полн интензитет“ сè додека не бидат постигнати сите поставени цели.„Борбените операции продолжуваат со полна сила и ќе продолжат сè додека не ги оствариме сите наши цели“, рече Трамп во видеообраќање објавено пред неколку минути.Тој додаде дека е можно да има уште американски жртви. „За жал, веројатно ќе има уште. Така е тоа“, изјави претседателот.Трамп нагласи дека Соединетите Американски Држави ќе

Свет | пред 7 месеци

media-library77614r3so4gffLZss0S

Трамп до Иранците: „Вратете си ја вашата држава“

Американскиот претседател Доналд Трамп во ново видеообраќање ги оцени американско-израелските удари врз Иран како „исправни“ и „неопходни“, со образложение дека целта е елиминација на, како што рече, „крвожеден терористички режим вооружен со нуклеарно оружје“.„Овие неподносливи закани повеќе нема да продолжат“, изјави Трамп.Тој повторно повика на промена на режимот во Техеран, обраќајќи им се директно на граѓаните на Иран.„Ги повикувам сите ирански патриоти кои копнеат по слобода да го искориста

Свет | пред 7 месеци

media-libraryjl0dfnki7s6uarfBk3O

Две лица убиени, 14 ранети во пукање во Тексас, напаѓачот ликвидиран: носел маица со иранско знаме

Американските власти истражуваат дали нападот врз Иран можел да биде мотив за пукањето што рано утрово се случи во градот Остин, сојузната држава Тексас, при што две лица се убиени, 14 се ранети, а напаѓачот е ликвидиран.Според информации на Си-Ен-Ен, повеќе полициски извори потврдиле дека истрагата се движи во насока на можна поврзаност со тероризам, иако официјалните лица предупредуваат дека е прерано за конечни заклучоци.Напаѓачот, кој исто така бил убиен во размената на оган со полицијата, н

Свет | пред 7 месеци

media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Трамп: Нападите врз Иран може да траат и до еден месец, сѐ оди според планот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воените удари врз Иран би можеле да траат и до еден месец, наведувајќи дека првичната проценка за времетраењето на операцијата изнесувала околу четири недели.Во разговор за Дејли мејл, Трамп посочил дека, иако нападите се силни, станува збор за голема земја и дека ќе биде потребно време за целосно реализирање на целите.„Отсекогаш планиравме да трае четири недели. Проценката беше околу четири недели. Колку и да се силни ударите, тоа е голема земј

Свет | пред 7 месеци

media-librarylrg6u3agv1fh3MqplpE

(Видео) Британскиот премиер: Велика Британија им дозволи на САД користење воени бази

Британскиот премиер Кир Стармер потврди дека Обединетото Кралство го прифатило американското барање за користење британски воени бази во рамки на, како што нагласи, „конкретна и ограничена одбранбена цел“.Во видеопорака објавена на социјалните мрежи, Стармер изјави дека Велика Британија засега не е директно вклучена во американско-израелските напади врз Иран, но истовремено истакна дека британските воздухопловни сили учествуваат во координирани одбранбени операции.„Нашите партнери во Персискиот

Свет | пред 7 месеци

media-libraryjm9q79u1sbpc7dhQooK

(Видео) Иранска ракета погодила западен Ерусалим, одекнале силни експлозии

Иранска ракета директно погодила дел од западен Ерусалим, јавува дописник на Ал Џезира, при што над градот одекнале силни експлозии.Непосредно пред ударот се огласиле сирени за воздушна опасност, а израелската војска соопштила дека детектирала проектили лансирани од Иран кон територијата на Израел.„Пред кратко време идентификувавме проектили лансирани од Иран кон територијата на Државата Израел“, се наведува во соопштението на војската.Според информациите, одбранбените системи биле активирани со

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања