Промени тема
Контакт

КОЧАНИ

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Судечкиот совет одби спојување на предметите за „Пулс“

Aдвокати на обвинетите во судењето за случајот „Пулс“ побараа спојување на предметот за трагедијата во Кочани, со предметот против 13-те полициски службеници што се обвинети за исто кривично дело.Судечкиот совет донесе одлука да не го прифати барањето и да продолжи со предметот во кој им се суди на 35 физички и три правни лица.Како што образложи судот, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа оваа постапка – односно дека е во фаза на доказна постапка – како и другите три постапки поднесени од О

Македонија | пред 6 месеци

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Деко се жалеше само дека душекот не му е добар, а не на нечовечко однесување, извести кумановскиот затвор

Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, на минатото рочиште побара судот да донесе решение за пренесување на Јованов во затворот во Идризово бидејќи затворскиот персонал од затворот во Куманово, како што рече, се однесува „деградичарки нечовечки и понижувачки кон обвинетиот“.На денешното рочиште Коцевска изјави дека управата на Истражниот затвор – Скопје во Шуто Оризари усно ја известила дека во притворот има капацитет да го прими нејзиниот клиент.Судот н

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Сопственикот на објектот во кој беше сместен „Пулс“ се буни дека не можел да седи пет саати во судница, судијката му се закани со притвор

Гроздан Милковски, сопственик на објектот во кој беше сместена дискотеката „Пулс“, денеска, пред почетокот на рочиштето за трагичниот пожар, рече дека слушнал како некои групи во Кочани „се спремаат да го лишат од живот“.Тој беше хоспитализиран во болница и едно од рочиштата беше одложено поради тоа, но сега тврди дека иако го пуштиле од болница, сериозно е болен. Тврди дека имал сепса на градите и бактерија во грлото.Јас не можам повеќе да плаќам шофери да ме возат на рочиштата, час и пол натак

Македонија | пред 7 месеци

puls-35-1

Ново рочиште за трагедијата во „Пулс“ – продолжува судскиот процес

Денес продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.На претходното рочиште пред Судот сведочеа членови на бендот на ДНК и преживеани гости од дискотеката.Во својство на сведок исказ даде придружниот вокал Ана Костадиновска, која на повеќекратни прашања од Обвинителството и од одбраната за тоа кој ги поставувал и кој ги активирал прскалките, остана на ставот дека не знае и дека никогаш не видела кој ги местел прскалките во ниеден клуб каде што настапувале со групата ДНК, п

Македонија | пред 7 месеци

puls-38

Со тродневна програма ќе се одбележи годишнината од „Пулс“

Кочани од 14 до 16 март со тридневна програма ќе ја одбележи годишнината од трагедијата во „Пулс“, во која животот го загубија 62 млади лица. Градот најавува денови на тишина, благодарност и достоинствено сеќавање.На 14 март, под мотото „Молитвен шепот“, ќе се одбележи Ден на тишина. Во храмовите ќе се палат свеќи за упокојување на душите на прерано згаснатите животи. Организаторите посочуваат дека духовното единство треба да биде мелем за раните што сè уште болат.Следниот ден, 15 март, ќе биде

Македонија | пред 7 месеци

media-library6gvg6mttmcefbs54Zru

Таткото на загинатата Надица од „Пулс“: Нема да дозволиме некој да си ја пере совеста врз смртта на нашите деца

„Нема да дозволиме некој да си ја пере совеста врз туѓа трагедија. Нема да дозволиме никој да гази врз смртта на нашите деца за да ја спаси сопствената позиција или углед.“ Со овие зборови Александар Наунов, татко на загинатата Надица во трагедијата „Пулс“, повторно се обрати пред јавноста, нагласувајќи дека родителите остануваат обединети во борбата за целосна одговорност.Тој посочи дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со случајот, но дека, според него, постојат и други

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryn0qojsto6r1e79CSBgB

Како се справи Македонија со трагедијата во Кочани, а како Швајцарија со Кран Монтана – Здружението „16 март 2025“ со споредба: човечност што лечи vs. молк што боли

Здружението „16 март 2025“ реагира на социјалните мрежи со остра споредба меѓу институционалниот одговор по трагедијата во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана и односот на домашните власти по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од здружението посочуваат дека додека швајцарските институции обезбедиле брза финансиска помош, организирале државна комеморација и воспоставиле координирана поддршка за семејствата, кај нас речиси една година по трагедијата нема официјална комеморација, ниту јасен

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykcn4etd875f144WG0Px

(Видео) „Децата во Кочани ги убија наши неодговорни луѓе, од алчност, корупција и незнаење“, Џамбазов со емотивен говор за „Пулс“

Со силни зборови и емотивен настап, Игор Џамбазов ја коментираше трагедијата во дискотеката „Пулс“, прашувајќи јавно: „Кој ги уби тие деца?“„Наши неодговорни луѓе. Луѓе-нелуѓе. Тоа е новиот фашизам, луѓе. Нахранет со алчност, корупција и незнаење“, рече Џамбазов, оценувајќи дека трагедијата е симбол на системска негрижа и морален пад.Во својот говор тој потсети дека пред три години на истата сцена рецитирал стихови од поетот Славко Јаневски, алудирајќи на песната „Крвава бајка“, инспирирана од м

Настани | пред 7 месеци

media-librarytnj8ue6brdouacqERKu

Сведочење за трагедијата во „Пулс“: Панчо викна – „Деко, гори“, кога бев келнер нѐ раздолжуваше и Михајло

Со сослушување на сведоци продолжи судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“, при што денеска исказ даде Бојан Клименков, другар на загинатиот Петар Иванов. Клименков е поранешен келнер во локалот, кој кобната вечер бил таму како гостин.Клименков изјави дека шеф во „Пулс“ бил Дејан Манасиев, кој, според него, исплаќал заедно со Михајло и Дејан Јованов – Деко.Тој посочи дека посетителите однапред знаеле кога ќе има полициски инспекции поврзани со малолетници и дека по заминувањето на инспекци

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryk2l776t3a7u09BS5x6w

Гитаристот на ДНК за „Пулс“: Огнот беше над мојата глава, капеа црни капки, од кои имам изгореници, но повеќе имав од топлината

Денес пред Судот сведочеше Горан Тонев, гитаристот на групата ДНК. Тонев во судницата се појави со видливи изгореници на лицето и вратот, како последица од пожарот.Тој изјави дека околу една година и три месеци имал устен договор со Филип Стевановски да настапува како надворешен соработник и гитарист со дуото ДНК.Тој рече дека не забележал поставување на пиротехника на бината.– Секогаш прво правевеме тонска проба, па бендот се повлекуваше, а кога се враќавме на настанот тие веќе беа наместени. Н

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryn0n3c9d5rmf72hqziMf

„Бев најдолу во стампедото, ногата ми беше заглавена, мирисот тераше на спиење“, потресно сведоштво на преживеаниот вокал од ДНК

Професорката Ана Костадиновска, која беше придружна пејачка на некогашната група ДНК, чии главни вокали починаа во катастрофалниот пожар во Кочани, прва сведочеше на денешното рочиште за пожарот вo дискотеката „Пулс“. Таа е сведок на Обвинителството.Костадовска појасни дека не била постојан член на бендот, туку била ангажирана по потреба, зависно од настапите. Заедно со неа настапувала и Сара Пројковска, со која, како што рече, има блиска пријателска и професионална соработка.Сведокот посочи де

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ – денес искази на петмина сведоци

Денеска во судницата на Кривичниот суд во Идризово ќе продолжи судењето на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 луѓе, а над 220 беа повредени. За катастрофата што се случи на 16 март 2025 година им се суди на 35 физички и на 3 правни лица, за делото Тешки дела против општата сигурност.Денес е предвидено искази да даваат петмина сведоци предложени од Јавното обвинителство.Во процесот се обвинети сопственикот на дискотеката, управителите, членовите на обезбедува

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryaqp9oi0hmkk846OaCEP

Фондацијата „Заедно за едно“ донира 90 комплети терапевтски ракавици за рехабилитација во Кочани

Во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани, Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, набави и испорача во ЈЗУ Општа болница Кочани 90 (деведесет) комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација.Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролер и клон ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на пасивни рехабилитациски третмани кај пациенти со нарушена

Македонија | пред 7 месеци

kocanii

Пожар во куќа во Кочани, изгоре куќа

Пожар избувнал рано утринава во куќа на улицата „Гоце Делчев“ во Кочани, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според информациите, на 22 февруари 2026 година, во 02.35 часот, во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во куќа во која во моментот немало присутни лица.Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема.На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

Македонија | пред 7 месеци

media-librarya2pntiq3g94e3YsgGNI

„По тие скали лежат 63 животи“, таткото на загинатата Надица потсети дека се ветени осум рочишта месечно за „Пулс“ а се одржуваат 2-3 со одлагања

Таткото на загинатата Надица Наунова, Александар Наунов, јавно го прозва Обвинителството и Кривичниот суд за, како што рече, неисполнетите ветувања во судскиот процес за трагедијата „Пулс“, укажувајќи на одложувања, оправдувања и недостиг од најавената динамика на судењето.„Пред почетокот на судењето слушнавме гласни ветувања дека ќе има две рочишта неделно, дека нема да има неоправдани одложувања, дека ќе се контролираат лекарските оправдувања и точноста, дека Обвинителството нема да дозволи по

Македонија | пред 7 месеци

media-librarypvsat22mt5tv3NfggyW

Поранешен директор на „Водовод“ – Кочани и вработени обвинети за милионска злоупотреба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделение за внатрешни работи Кочани, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против A.К.(44), поранешен директор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ - Кочани, З.Г.(53), вработен во претпријатието, Б.А.(64), исто така, вработен во претпријатието и против З.Ј.(55) поранешен вработен во јавното претпријатие, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овлас

Македонија | пред 7 месеци

media-library4097e5t1147h6PuE8ww

Донесена одлука: Во Кочани ќе се гради „Патека на бесконечноста“ во спомен на 63-те жртви од трагедијата во „Пулс“

Во Кочани ќе се гради спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, посветено на 63-те ангели кои трагично го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“. Родителите на жртвите информираат дека ја добиле официјалната одлука со која се одобрува изградбата на меморијалот, што за нив претставува важен и долгоочекуван чекор напред.Како што соопштуваат, Советот на Општина Кочани на седницата одржана на 30 јануари 2026 година донел официјална одлука за изведување на спомен-обележјето под името „П

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryba5s57816tu4dk1tsv0

Страшно сведоштво на пожарникар: Три јагленосани тела во ‘Пулс’, едното се држи за маса, друго потпрено за столб, третото со раце нагоре

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше пожарникарот Драган Апостолов, кој е командир на противпожарната единица во Кочани. Тој го опиша ужасот во дискотеката каде ималоненормално висока температура.„Толку многу беше висока температурата внатре, што и преку опрема добив изгореници и големи пликови по рацете, а не ме фати огнот”, рече сведокот.Апостолов детално објасни како пожарникарите со „водени лепези“ се обидувале да ја намалат температурата за да можат да ги извлекув

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

Пожарникар сведочеше за пожарот во „Пулс“: Во билетарата затекнав над десет лица кои не даваа никави знаци

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше пожарникарот Благој Паунов кој рече дека дојавата ја примил во 2:35 часот, а пожарот бил изгаснат околу 4 часот.Тој заедно со уште еден колега пристигнале како прво противпожарно возило пет минути по дојавата.-По пристигнување на местото бевме упатени од полициски службеници и ни направија место да се паркираме непосредно до дискотеката. Кога пристигнавме на местото, имаше само малку чад како излегува од влезната врата, ние не можев

Македонија | пред 7 месеци

media-librarym03jfcgescoj6h3izlG

Од затворот во Скопје се координира влијание врз сведоци во случајот „Пулс“, тоа го прави братот на газдата преку Вибер, тврди мајката на загинатиот Томас

Пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Пулс“, родителите на загинатите јавно изнесуваат сериозни обвинувања за можни притисоци врз сведоци на Обвинителството.Јулија Златкова, мајка на Томас Златков кој загина кобната ноќ во „Пулс“, изјавува дека имаат сознанија оти лицето Ј.Ј., кое се наоѓа на издржување мерка притвор во затворот во Скопје, му давало мобилен телефон на користење на Тодор Јованов, брат на обвинетиот, преку кој, според нејзините тврдења, се вршел притисок врз сведоци пре

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ – сослушување на пет сведоци и оштетени

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, со сослушување на сведоци и законски застапници на оштетените.Адвокатот Петре Шилегов пред почетокот на претходното рочиште побара да се земе предвид брифингот на ОЈО ГОКК за запирање на постапката против службени лица и предложи Јавното обвинителство да ја преиспита таа одлука, истакнувајќи дека за дел од сега обвинетите може да се повлечат обвиненијата.На рочиштето беа сослуш

Македонија | пред 8 месеци

media-library3evk0esuong61cpIaAX

(Фото) И во Кочани протест оти им ги одземаат возилата на тие кои немаат возачка

Поради новиот закон за одземање возила управувани без возачка дозвола, попладнево во кочанската населба Трајаново Трло беше одржан протест, кој се одвиваше на улицата „Цветан Димов“ во Кочани. Како израз на револт, демонстрантите запалија гуми, при што настанаа чад и краткотрајна блокада на улицата.По кратка, но тензична интервенција, на терен излегоа пожарникарски екипи и полициски службеници, кои го изгаснаа огнот и го прекинаа собирот, со цел да се спречи понатамошна ескалација и загрозување

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Преживеаниот шанкер од „Пулс“ бара отштета, но нема да се приклучи на кривичниот прогон: Повторно ми е падната сатурацијата на 65 проценти

Дејан Манасиев, кој работел како шанкер во дискотеката „Пулс“ од отворањето во 2012 година, изјави дека персоналот работел без договори, а кобната вечер голем дел од вработените не успеале да се спасат.Манасиев, кој сè уште се соочува со сериозни здравствени последици и намалена сатурација, истакна дека наредбите ги добивале директно од газдата Деко, вработените немале никаква обука за заштита при работа и не бил сигурен дали имало хидранти, освен неколку противпожарни апарати.Низ солзи, сведоко

Македонија | пред 8 месеци

media-library4097e5t1147h6PuE8ww

Советот на Кочани едногласно „за“: ќе се гради спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“

Со порака дека сеќавањето мора да добие трајна форма, Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба и уредување на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“. Предлогот беше усвоен со 19 гласа „за“ и произлегува од иницијатива на Здружението „16 март 2025 Кочани“.Со одлуката, градоначалникот е овластен да го формира работното тело во најкраток можен рок, со оглед на тоа што целта е меморијалот да биде реализиран навреме за едного

Македонија | пред 8 месеци

media-library1brtd3u6jeee4W162Ck

Девет полицајци влегле и ја виделе пиротехниката во „Пулс“, но никој не спречил да биде активирана - излезот не бил заклучен

Од 23 обвинети полициски службеници, меѓу кои има и началници, девет од нив се гонат поради тоа што можеле, но не спречиле да се случи трагедијата во „Пулс“. Досега, Обвинителството нема ослободено од вина ниту едно лице со полициски овластувања, а кај пензионираните полицајци се констатирало дека не можат да ги гонат поради застареност на кривичното дело кое би им го ставиле на товар.Обвинителката Ивана Алексова Трајчева која денеска поднесе три обвиненија, посочи дека деветте полициски службен

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања