Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ЛЕВИЦА

photo_2024-11-11_08-52-41

Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

„Две недели жителите на Кочани бараат решение од властите против енормно загадениот воздух во градот. На народен протест, две недели го блокираат патот до депонијата, којашто е главен извор на загадувањето. Оправданиот народен револт го потврдува и фактот дека бројот на болни од респираторни заболувања и канцер во Кочани се зголемува“, велат од Левица преки соопштение.„Пратеникот од редовите на Левица - Борислав Крмов, го посети протестот неколку пати и изрази поддршка до борците за оваа битка. Во рамките на своите ингеренции, тој до Собранието поднесе информација за енормното загадување на амбиенталниот воздух, проблемот со градската депонија во Кочани и побара итно да се најде пред пратениците на Седницата закажана во вторник.Уставно загарантираното право на здрава животна средина е неспорно! Должност на државата е да го обезбеди истото. Оттука, барањата на жителите на Кочани се интегрален дел од документот доставен до Собранието, а пратеникот Крмов од пратениците и ресорниот Министер, ќе побара нивна примена и итно и неодложно разрешување на проблемот заради којшто граѓаните се со денови на улиците“, соопшти Левица.

Македонија | пред 1 година

mickoski-danela

„Додека ДПМНЕ и нивната градоначалничка Арсовска се заглавени во деструктивни конфликти, цехот за очајната состојба на ЈСП го плаќаат граѓаните на Скопје“, велат од Левица

„Голготата со јавниот превоз во Скопје како да нема крај и покрај бројните директори кои се променија само во еден мандаѕ. Како да не е доволно тоа што значително е редуциран бројот на автобуси, па истите се чекаат и по 40 минути, ревизорскиот извештај за минатата година покажа и многу други недостатоци во работењето на ова јавно претпријатие“, велат од Левица.„Имено, согласно овој ревизорски извештај, ЈСП и покрај сите субвенции кои ги доделува Советот на Град Скопје, сепак има големи финансиски потешкотии. Ревизорите констатирале дека Јавното сообраќајно претпријатие има склучено неколку договори, чии што одредби идат директно на штета на претпријатието. Еден од нив е договорот за набавка на гориво, каде што е предвидена 50% поголема казнена камата од законски предвидената.Исто така, ревизорите утврдиле дека претпријатието не ја активирало банкарската гаранција и не ја искористило можностаказнена наплата кога фирмата „АИТОНИКС” која е што е задолжена за новата E-Cloud комуникациска платформа, т.е системот за наплата, не исполнила дел од договорните одредби, со што директно финансиски го оштетиле претпријатието.Дел од вината за ваквата состојба на ЈСП ревизорите ја лоцираат и кај Министерството за образование; кое две години по ред не му исплаќа средства на Градот за бесплатниот превоз на средношколците и студентите, трошок кој сега целосно се покрива од градската каса.Од сѐ погоре наведено, може да се заклучи дека вината за континуирано лошата состојбата во ЈСП може да се лоцира пред се во неговото раководството - кое што склучувало договори штетни за претпријатието и не покренувало постапки за заштита на неговите интереси, градоначалничката Арсовска (која на неколку месеци ги менуваше директорите на ова претпријатие и не поведе постапки за утврдување на одговорност за работата на директорите) и секако МОН кој што упорно се амнестира од одговорност за својот удел во колапсот на ЈСП.Додека ДПМНЕ и нивната градоначалничка Арсовска се заглавени во деструктивни конфликти и нерационални кавги, цехот за ваквата очајна состојба на ЈСП го плаќаат сите граѓани на Скопје“, соопшти Левица.

Скопје | пред 1 година

IMG_5188

​​​​Скандалозни назначувања во Академијата за судии и јавни обвинители, алармира Левица

„Последните скандалозни и нетранспарентни назначувања во Академијата за судии и јавни обвинители ја доцементираат довербата од 2% во правосудството!Согласно членот 9 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители, во Управниот одбор на Академијата, двајца члена се назначуваат од страна на Судскиот совет од редот на судиите, како и двајца членови кои се назначуваат од редот на јавните обвинители од страна на Советот на јавните обвинители“, велат од Левица и додаваат:Меѓутоа, наместо судии и јавни обивнители, деновиве Судскиот совет и Советот на јавните обвинители за членови на Управниот одбор на Академијата скандалозно назначија луѓе од сопствените редови. Ова претставува сериозно законско прекршување и ЗЛОУПОТРЕБА на службената положба од страна на членовите на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, со оглед дека на истите во моментот на извршувањето на нивните функции во Советите им мируваат судиските и обвинителските функции, поради што немаат право да бидат членови и на Управниот одбор на Академијата.Дополнително, назначувањето се извршени и на крајно нетранспарентен начин, без образложение за ваквото незаконско постапување. Без каков било процес за изразување на интерес на судии и јавни обвинители, јавно презентирање на програми на кандидати итн., назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата било извршено на седница на Советот на јавните обвинители која траела само 11 минути, додека пак Судскиот совет назначувањето го извршило на таинствен начин под точката „разно“.Партиите на власт повеќе од три децении го узурпираат правосудството преку раководни лица во правосудството кои се верни на партиско-бизнис интересите на елитистичките партии кои криминално владејат со Македонија 33 години. Оваа контрола над правосудните органи партиите особено ја остваруваат преку Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, во чиј состав за жал претежно се поставуваат луѓе блиски до власта и партиски и бизнис интереси.Левица ја повикува Државната комисија за спречување на судир на интереси и корупција да реагира на ваквото скандалозно постапување на овие органи, кои се најголеми виновници за очајната состојба во правосудството и ниската доверба на граѓаните од 2%. Потсетуваме, дека годишниот извештај на Европската комисија, ги потврди ставовите на Левица по однос на судството, и констатираше дека државата нема никаков напредок во оваа сфера.

Македонија | пред 1 година

lugje-karpos-esen-korona

Приватноста на македонските граѓани на тацна на власта, се работи за повици, пораки на „WhatsApp“, „Вибер“, обвинува Левица

„Приватноста на македонските граѓани веќе со години масовно и систематски се нарушува од страна на телекомуникациските оператори, кои од 2014 година со закон се обврзани да ги чуваат мета-податоците на граѓаните“, вели Левица и додава:.Се работи за податоци во врска со повици кои граѓаните ги прават, односно - со кого и колку пати разговарале, локацијата од каде се јавиле, каква содржина пребарувале на интернет, кому му праќале и од кого добивале пораки на ,,WhatsApp" и ,,Viber", какви социјални мрежи користеле и сл.​​​​​​​Телекомуникациските оператори не само што прибираат и чуваат вакви податоци за граѓаните, туку и на барање на МВР, Обвинителството, УБК и други институции на власта, по закон, имаат обврска овие податоци да ги предадат.За скандалозните членови 176, 177 и 178 од Законот за електронските комуникации, Уставниот суд неодамна оцени дека навлегуваат во правото на почитување на приватниот живот, неповредливост на комуникациите и правото на заштита на сигурноста и тајноста на личните податоци, кои се гарантирани со Уставот.Особено проблематично е што ваквото задржување на податоците е неселективно и се однесува практично на целиот телефонски и интернет сообраќај на секој граѓанин. Уставниот суд го повика парламентарното мнозинство во најбрз можен рок да го ограничи правото на државните институции и операторите да навлегуваат во приватноста на граѓаните, преку подетално уредување на условите и роковите во кои треба да се чуваат и употребуваат мета-податоците на граѓаните.Левица во својата програма се залага за воспоставување на строга контрола над квалитетот на електронските комуникации на приватните комуникациски, интернет и ТВ даватели на услуги, со цел заштита на граѓаните и нивните кориснички права, како и правото на приватност.Согласно тоа, апелираме до владејачкото мнозинство, да се земе предвид апелот на Уставниот суд и во најскоро време да се отпочне процесот за измена на Законот за електронските комуникации.

Македонија | пред 1 година

IMG_6833

Левица: За вработените во образование утврдена минимална плата пониска од минимална

,,По неколку „tet-a-tet“ средби на претседателот на СОНК, Јаким Неделков, со ресорната Министерка за образование, Весна Јаневска, двајцата ставија потпис на „историски“ документ: спогодба за платите во образование. Спогодбата ја игнорира најниската плата во државата која за сите, освен за вработените во образование е 22.567 денара.За вработените во образование по волја на Неделков и Јаневска, таа изнесува 20.245 денари, и тоа истата ќе биде пресметувана како бруто износ! Во пракса ова значи дека редица коефициенти за степен на сложеност во образование ќе се изедначат со тој од минималната плата, а наставниците ќе добијат 0,7%, односно околу 200 денара повеќе. Но, затоа пак директорите ќе имаат до 45% покачување!Овде, кај ова беззаконие и измама завршуваат сите приказни за заложбите на ВМРО- ДПМНЕ да го унапреди образованието. Образованието не се унапредува со уназадување на социјалната положба на просветните работници!Не во празните зборови, туку низ буџетските ставки се гледа кои се вистинските приоритети и за што се залага оваа власт: 35 милиони евра за трет универзитет на албански јазик, наспроти минимална плата пониска од со закон утврдената за наставниците и учителите се јасен показател каде плови бродот на чие кормило е Мицковски.Наставниците сè погласно најавуваат дека ќе одржат показна вежба колку е 0,7% наспроти 78% за колку што се зголемени платите на функционерите во државава.Левица секогаш застанува на страната на послабите, така што и сега ги поддржува наставниците во нивната борба.За да имаме квалитетно образование и образовани ученици, треба да имаме и мотивирани наставници. Професорите не треба да бидат вака девалвирани, туку финансиски мотивирани.Не смее да продолжи да се кине таму што е тенко, туку напротив - наместо да се даваат средства за мегаломански објекти и за мегаломански плати за функционерите, треба да се зајакнат платите на просветните работници, чија работа е основа за образована младина.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

apasiev-sobranie

Апасиев во Собрание: Крвта со памукче ќе ви ја пиеме

Говорот на претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на вчерашната тензична седница за воведување ВТОР заменик-директор на Царинска управа. Левица посочува дека Апасиев рекол и: „За секој клиентелистички закон крвта со памукче ќе ви ја пиеме“„Колешке богаташке Дафина, за ајванот никој не е јунак, не оти јунакот не е јунак, туку оти ајванот е ајван. Паметните ќе разберат, вие богатите можеби не. Кога се обидуваме им кажеме дека корупцијата не го уништува политичкиот систем на луѓето, туку обратно, политичкиот систем којшто вие го креирате, кој е во срж'та корумпиран, ги уништува животите на луѓето, нормално е богаташите да се фрустрираат. Кога најгнасниот интерес, бесрамно ни го прикажувате како некое си јавно добро, вие само слугувате на вашите теснопартиски интереси!Имате жестока опозиција која е олицетворена во овие пратеници и ќе бидете спремни на 'фајт'. 'Мастермајндот' на власта е се да спопикаат во три дена. Ние сме единствениот Парламент во светот, а тоа ќе го докажеме фактографски, а можеби и пред Уставен суд, што забрани на опозицијата да зборува, дури и сега временски! Наместо три дена да зборуваме, ние зборуваме еден ден.Сакате да ни го одземете и тоа малку право што го имаме како опозиција. Јавно ви кажувам, за секој ваков клиентелистички закон ова ќе ви биде секојдневие. Колку и тоа да ве фрустрира, извинете што ви го нарушивме викендот, тоа ќе ви биде секојдневие. Колку и да се курчите, не ви се плашиме. Не ви се плашевме во време на Грујо, не па сега, вие сте мачкина кашлица за тоа ВМРО."

Македонија | пред 1 година

IMG_6815

Левица против Гаши со претставка до Антикорупциска комисија

,,Левица поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за претседателот на Собранието, Африм Гаши! Тој во својство на службено лице ја злоупотребил својата положба ненаменски и за друго лице трошејќи државни средства така што во периодот од 7 до 10 јули 2024 година кога бил на неколкудневно службено патување во Вашингтон (САД), како дел од парламентарната делегација ја вклучил и својата сопруга.Со тоа што ја зел во придружба сопругата во Вашингтон, Претседателот на Собранието, Африм Гаши, со своето самоволие ги прекршил законските и подзаконски одредби за спречување на корупција и судир на интереси и водејќи се од лични, семејни, интереси дрско ја прекршил обврски за наменско трошење на јавните средства и забраната јавните средства да се користат за друго лице.Јелиз Гаши иако не извршува никаква службена должност и таа во својство на сопруга на претседателот на Собранието, отпатувала и престојувала во Вашингтон (САД) на сметка на Собранието на Република Македонија.Согласно со чл. 77, ст. 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси #Левица бара Гаши:- Да ја надомести висината на трошоците направени за неговата сопруга за време на службеното патување на начин што истите ќе ги уплати на сметката на Државниот буџет;- Да биде соодветно парично казнет со глоба и да се покрене соодветна прекршочна постапка против него за негова одговорност.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

Levica-logo

Левица: Кметот Максим троши 10 милиони денари народни пари за семафор во сала

,,Максим Димитриевски набавил за во спортската сала во Куманово семафор во вредност од 10 милиони денари, за споредба во просек еден семафор во НБА лигата чини 20 илјади американски долари или околу 1,1 милиони денари.Целиот предмет на набавката е „За Спортска сала: браварија, надворешни скали, осветлување, партерно уредување, набавка и на семафор висечки четворостран мултифункционален и друго“, договорот е склучен на 21.05.2024, во вредност од 69.885.289,88 денари или милион и 145 илјади евра, од кои 10 милиони денари се само за семафорот.Па следствено се прашуваме, како граѓани од чии даноци се трошат тие пари, дали воопшто постои некој разумен во владејачката гарнитура кој може да оправда вакви разлики во стандардната цена на семафор во НБА и на семафор во спортската сала во Куманово?!Како кумановци сме и изреволтирани што спортска сала која во 1979та година била почната со градење а веќе во 1980та била завршена, градба која следната 1981 г. ја добила Големата награда на Биеналето на Македонската архитектура (БИМАС), за сега спортот во Куманово да е пред праг на умирање затоа што сегашните власти веќе со години не се способни да ја санираат истата!По завршување на распашаниот мандат на Димитриевски идната година, Левица заедно со народот ќе направи ревизија на трошењето на народни пари и со сигурност ќе има одговорност.Левицаго повикува обвинителството да ја провери јавната набавка, а Мицковски ако бара вистински криминал лесно ќе го најде во општина Куманово.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

Levica-logo

Левица: Преку ваучери за летување ДУИ поткупувале гласачи - ВРЕДИ и ДПМНЕ го дореализирале проектот

,,Од парите на даночните обврзници, ДУИ поделиле, а ВРЕДИ аминувале 31.987.000 денари, пари со кои, практично, се злуопотребиле албански гласачи со ниски примања и оваа алатка била искористена за поткуп на гласачите - исплата на средствата вршеше новата власт од ДПМНЕ.Огласот за доделување на овие ваучери беше објавен во февруари од Министерството за економија од ДУИ, Крешник Бектеши. Според податоците, 80% од ваучерите за летување се доделени во регион каде сите гласови им припаднале на ДУИ и ВЛЕН.Потребни документи за апликација биле: Барање во кое се пишува приходот на семејството; членовите на тоа семејство; изјава дека услугата ќе ја користи лично барателот и членовите на неговото семејство и изјава пред нотар дека наведените податоци се точни. Не постоеле никакви други критериуми, ниту ранг-листа, ниту можност за жалба! Единствен критериум бил ,,прв дојден, прв услужен", а надзор над програмата повторно, сама на себе, вршела комисија формирана од Министерот.Друг симптоматичен момент е што често може да се забележи дека на членови од исто семејство, посебно им се исплаќани вакви ваучери. Сите овие показатели укажуваат на тоа дека преку државни средства и оваа навидум - социјална мерка, спроведена во периодот на предизборието, е искористена за на легален начин, преку народни пари од државниот буџет, да се злоупотребат граѓани од социјално-загрозени семејства и преку прилив на средства на нивните сметки, да бидат убедени, својот глас да го дадат за партијата (во случајов ДУИ), која ја спроведува оваа мерка.Иако апликациите се поднесувале пред изборите за добивање на овие средства, сепак, исплатата била оставена да се врши после избори, што го потврдува сомневањето дека се остава простор да се провери каде гласачите ќе го дадат својот глас, пред да биде реализирана исплатата. Исплатата, на овие срдства, денес ја реализира новата влада предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, што само ги вклучува во овој процес.Левица смета дека ваквите индиции и показатели само потврдуваат дека државниот буџет, како и луѓето со ниски примања, се злоупотребуваат за реализација на партиските агенди и цели. Ваквите пракси го нарушуваат изборниот процес и директно ја поткопуваат демократијата.Оттука, бараме од надлежните институции да извршат целосна ревизија на процесот, да утврдат кои се точките на коруптивност и да утврдат дали е вршена етничка дискриминација или политичка дискриминација при реализирањето на ваучерите.Ваквите скандали, не смеат да бидат занемарени и оставени без политичка, но и законска одговорност!”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

IMG_6219

Левица: Иако со закон укинати - партиски назначени економски директори незаконски продолжуваат да владеат со клиниките

,,Пред околу два месеца, со закон официјално беа укинати функциите „економски/организационен“ директор во јавните здравствени установи, но, најверојатно, и овој закон се изигрува, а Владата, изгледа, продолжува со назначување на лица кои незаконски управуваат со болниците, иако немаат високо медицинско образование!Пример е Алајдин Мемед (братучед на формално назначениот нов медицински директор, д-р Реџеп Мемеди), кој со консултантски договор, е ,,нелегално" ангажиран да управува со Клиниката за детски болести. Тој на јавноста ù е познат по исплаќањето плата повисока од коефициентот на самиот себе, а по утврдувањето на криминалот од Фондот за здравствено осигурување и ДЗР во 2022 година, тој бил разрешен!Инаку, Алајдин Мемеди е поранешен пратеник на Алтернатива, кој стапи во коалицијата ВРЕДИ, како член на Демократско движење и беше назначен од Владата на Мицкоски како економски директор на Клиниката за детски болести, која веќе била раководена од неговиот братучед.Според информациите кои ги добиваме од Клиниката, братучедите од Студеничани имаат заемно владеење на институцијата, па Алајдин, иако не е вработен во Клиниката, користи скениран потпис од својот братучед, медицинскиот директор Реџеп, за печатење на одлуки кои самиот ги донел.Информациите од нивните колеги кои доспеаја на наша адреса, според нив како наши информатори се однесуваат груба злоупотреба на службената положба и кривично дело според Законот за кривична постапка, преку кое тој фалсификува документи и вработува и отпушта персонал во Клиниката, која веќе кубури со медицински кадар!Ова е фрапантен пример за тоа како коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ го злоупотребува државниот апарат за прибирање на лична корист!Мицковски и Таравари иако формално ги укинаа економските директори и најавија рационализирање на трошоците, сепак, гледаме како преку „договор на дело“ истите функционираат.Сето ова и понатаму се наплаќа од џебот на граѓаните, додека на клиниките продолжува тортурата врз вработените и етнотрибалистичкото владеење со јавните здравствени установи!Според гореизнесеното, а добиено како информација до нас од внатрешни извори од Клиниката, Левица бара итно разрешување на братучедите и назначување на медицински директор на Клиниката за детски болести преку оглас со соодветни критериуми предвидени со Законот за здравствена заштита!Дополнително, бараме од ДЗР и ДКСК итно да ја проверат работата на клиниките и да ги утврдат овие злоупотреби за кои предочуваат вработените, а, очигледно, се манипулира јавноста за укинувањето на економските директори и се изнаоѓа начин за заобиколување на законот!”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

IMG_6503

Левица: Мицкоски го продолжува историскиот ревизионизам започнат од СДС и Заев

,,Од најавеното репреговарање на „Договорот за добрососедство“ со Бугарија нема ништо. Отфралењето на т.н. „Францускиот предлог“ не се ни споменува. Но затоа, наместо укинување, Христијан Мицкоски најави „нови лица“ во историската комисија, која во ролја на полиција на мислата, спроведува бугаризација на Македонија!Откако „Преспанскиот договор“ стана реалност за новата Влада, најавено е ново изневерување за македонскиот народ, што со денови протестираше против Договорот со Бугарија и „Францускиот предлог“!Врховистичката политика на ВМРО-ДПМНЕ излегува на површина. Ваков чекор е сосема очекуван од политички лидер којшто се повикува на Ванчо Михајлов. Под маневарот на некакво репреговарање, ДПМНЕ продолжува да функционира како продолжена рака на СДС по однос на националните прашања и ги остава во живот преговорите за историска ревизија.Како единствена анти-фашистичка опција, Левица е децидна – историската комисија не треба да биде предмет на „реформи“ и „нови лица“, туку итно и целосно укината! Менувањето на македонската историја од страна на трета земја е грубо вмешување во внатрешните работи и нарушување на суверенитетот на државата. Едноставно, Македонија не може и не смее да биде потчинета на бугарските националистички барања!Прифаќањето на „Францускиот предлог“ и подготвеноста на ДПМНЕ за продолжување на преговори со Бугарија е уште еден чекор кон разнебитување на македонскиот идентитет! Козметичките, промени во историската комисија, најавени од врхушката на власт, нема да ги заштитат државните и национални интереси!Оттука, наместо продолжување на политиката на СДС, ја повикуваме Владата храбро да се спротивстави на секоја форма на предавство и ги раскине штетните договори со кои и сама не се согласува, во спротивно, станува соучесник во деградацијата на Македонија!”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

limani

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

,,Наместо насмеани лица на воспитачките во градинките, во Струга дечињата ги пречекаа затворени врати - министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар.Причината зошто овие дечиња не се згрижени во градинка е недоволен број на стручен кадар - најголемиот проблем кој никако да се реши.Иако Министерот Фатмир Лимани најави дека посветено ќе работат за намалување на листите за чекање за упис во градинките, бидејќи секое дете е важно, реалноста кажува сосем друго.За жал, бројот на вработените воспитувачки и негователки се намалува, а нивното место не се пополнува ниту по заминување во пензија, а поради тоа на повеќе дечиња им е ускратено правото да можат да бидат згрижени во градинка.Сите политички партии ветуваат дека ќе нема повеќе листи за чекање на прием во градинките и дека ќе се вработат доволен број на воспитувачки и негователки, но тоа останува само нереализирано предизборно ветување.Ваквиот нечовечки однос кон најмалите и најмилите жители на нашата држава е уште еден доказ дека оваа власт е исто толку ненародна колку што беше и Владата на СДС и ДУИ.Левица апелира за итно решавање на проблемот со обезбедување компетентен и стручен кадар и изнаоѓање решенија за згрижување на сите дечиња од т.н. ,,листи на чекање" - сè во интерес на најмалите, нивните родители и потесни семејства!”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-10-08-084800

Левица: Училишните клупи празни - наставничките канцеларии преполни

,,Ниту со весела математика не можат да се сокријат фрапантните бројќи достапни на ДЗС, за намалувањето на бројот на учениците и зголемувањето на бројот на образовни (најчесто партиски) кадри во државните институции Аналитичкиот тим на Левица направи компаративна анализа, за соодносот на наставен кадар, споредено со бројот на учиници во периодот помеѓу 2000 и 2023 година.Па така:Од 2000 година до сега во Македонија има 67. 251 ученик помалку во основните училишта, показател на празнење на државата! Од друга страна, наставниот кадар расте, па така за истиот овој период, имаме 5516 вработени повеќе само во основното образование.Во оваа временска рамка, бројот на вработени е зголемен за 41%, а бројот на ученици се намалил за 27% во основните училишта! Само во последните 5 години, имаме речиси 6000 ученици помалку, од кои 2300 се првачиња.Слично е и со средните училишта, односно, таму се запишале 25.883 ученици помалку, споредено за периодот од 2000 до 2023 година. За истиот тој период вработени се дури 1550 повеќе професори!Како партија цениме дека белата чума која што ја дивее во Македонија е донесена директно од штетните политики водени од ДПМНЕ, СДС и ДУИ, од независноста на државата до денес.Иселувањето на младите и загубата на огромен број ученици, во главно се мотивирани од социо-економските услови, но не помалку важно е да се напомене, дека важен мотив за намалувањето на бројот на ученици е самиот образовен систем.Држава, во која учебниците по историја се пишуваат во Бугарија, а по јазици на Косово, додека целосно каска зад образовните стандарди на ЕУ, на први септември е без учебници за сите ученици, не може да очекува поинакви резултати!#Левица бара неодложна реформа во македонското образование, направена преку широка дебата и целосно вклучување на експертската јавност, наставниците и учениците, затоа што демографските карактеристики и (не)квалитетниот образовен систем бараат прилагодување на реалната состојба и длабоки промени.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

IMG_6424

Левица: Заробен систем - Гаши над Уставот благодарение на ДПМНЕ и ЗНАМ

,,Политичарите од елитата се над законите, а оние од партиите на албанското малцинство и над Уставот! Ова е заробен систем без трага на владеење на правото. Покрај прекршувањето на највисокиот правен акт, Деловникот на Собранието и низата други настани со политички и кривични импликации - мнозинството ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ со ДУИ го издигнаа спикерот Гаши над правниот поредок.Овој бесрамен чин на антидржавно и антидемократско однесување мнозинството го надополни со примитивни, фашизоидни и манипулативни напади полни со омраза и етикетирање наместо да се осврнат на интерпелацијата. Фашизоидноста на ВРЕДИ, со поддршката која ја добиваат од 64 пратеници на ДПМНЕ и ЗНАМ ја загрозува хармонијата и сигурноста во општеството.Изразениот антимакедонизам и шовинизам кон сите различни етнички групи во Република Македонија, како и елитизмот заедно со неказнивоста преку Гаши и ВРЕДИ ни покажаа дека оваа Влада нема ниту една одлука да донесе за зајакнување на националните позиции и во корист на националните интереси.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

IMG_6416

Мециновиќ: Одбраната на Гаши е еклатантен пример за снобизам и отуѓена елита

,,Од одбраната на Африм Гаши до сите ваши излагања, сè што видовме е еден еклантантен пример на снобизам на отуѓена елита", истакна пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на собраниската седница.- Ова придонесува Левица да има успех! Не нешто друго. Затоа што вие со вашите постапки ни отворате врата за успех. Овој снобизам гласачите го казнуваат, така што овој феномен на популистички партии се вели дека е бунт на гласачите против естаблишментот, кои за да ја оправдаат својата перпетуална владејачка позиција, сметаат дека нивните редефинцијали, нивната моќ и нивните пари се добиени по заслуга. И тука лежи проблемот - образложи Мециновиќ.Според излагањето на Мециновиќ, власта смета дека повредата на Уставот, повредата на политичката волја на граѓаните не е толку проблем.- Вие, вашата партија, Африм Гаши, јас, ти, сме заслужиле да бидеме тука. Вие, навистина, верувате дека сте најспособните! И затоа работничката класа се чувствува маргинализирано во овој момент и затоа дава сè повеќе поддршка на популистички движења - додаде Мециновиќ.Во своето обраќање на собраниската говорница, Амар Мециновиќ направи едно сиже, со кое, всушност, ги разгледа неоснованите аргументи на власта што се против интерпелацијата.- На оваа седница најмногу се фативме за етикетите кои вие ги расфрлавте: расисти, нацисти, неонацисти, национал-социјалисти, фашисти итн. Тоа не е само од оваа седница, тоа е ваш наратив со години кој не ви функционира со години. Тоа што на вам ви пречи е тоа за што немате одговор! Прво, затоа што сте анахрони политичари. Второ, затоа што сте некомпетентни да одговорите на модерен популизам! Тогаш во бунило пробувате да се снајдете со други етикети, кои ќе ја донесат дебатата во ваша полза - заокружи Мециновиќ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања