ЉУПЧО КОЦЕВСКИ

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го чува во фиока „Рекет 2“ и ги штити функционерите на СДС и ДУИ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека судско-обвинителскиот систем продолжува да го прикрива криминалот на СДС и ДУИ, а Основното јавно обвинителство намерно го чува предметот „Рекет 2“ во фиока.„Судството со доверба на ниво на статистичка грешка од два отсто продолжува да тоне, а Љупчо Коцевски на чело на ОЈО верно им служи на оние кои го изгласаа – СДС и ДУИ,“ се наведува во партиското соопштение.Според информациите, постои предмет „Рекет 2“ за кој обвинителството отворило предистражна постапка, но целиот процес бил стопиран. Во него биле опфатени поранешната претседателка на СЈО Катица Јанева и уште тројца обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен.„Македонската јавност заслужува да знае дали овој случај се држи во фиока затоа што се кријат и се штитат лица од СДС и ДУИ. Заслужува да знае дали Коцевски е на чело на ЈО за да го гони криминалот или за да ги штити своите наредбодавци,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението се додава дека изминатата година не е поведена ниту една постапка за поранешни функционери на СДС и ДУИ, а ЈО мора да ги оправда платите кои ги добива од граѓаните и да почне да истражува криминални дејствија, наместо да ги чува предметите во фиока.

Македонија | пред 4 месеци

brane

Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски бил обвинител одговорен да го следи издавањето на ПИ мерките

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, соопшти дека СДС, Зоран Заев и Венко Филипче ги злоупотребувале Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) и дека биле прислушкувани претседателот Христијан Мицкоски, новинари и бизнисмени. Според него, во периодот 2019–2024 службите наместо за државата работеле за СДС со цел политички прогон и хајка против ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски, замолчување на новинари и уцена на бизнисмени.„Ова е скандал од невидени размери... 7 години потоа вистината е поинаква, грда, но и болна,“ рече Петрушевски, додавајќи дека „СДС како тогашна власт ја следела опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ,“ со „белешки, инструирани и фабрикувани случаи“ и „употреба на државен апарат за политичка елиминација“.Тој наведе дека, според сознанијата, Мицкоски бил ставен на оперативна обработка „неосновано и со една единствена цел – политичка елиминација“ од службите „кои ги воделе кадри на СДС“. Петрушевски посочи: „АНБ на Виктор Димовски и Заре Милошески, како и АР на Еролд Муслиу го следеле претседателот Христијан Мицкоски, неговото движење, неговата комуникација и неговото делување.“„Следењето на политички противник, заради негова политичка елиминација со помош на државни ресурси е крајно тоталитаристички чин и метод...“ изјави тој, додавајќи дека со тоа биле загрозени слободата на движење, говор и политичко организирање на Мицкоски. Според Петрушевски, ваквите сознанија „во многу подетална форма, поткрепена со факти“ ги има и Јавното обвинителство.Прашања што, според Петрушевски, мора да добијат одговор„Кој бил одговорен да го следи издавањето на ПИМ мерките од 2019-та до 2024-та година? Дали е всушност сегашниот јавен обвинител Љупчо Коцевски? Ако тоа е така, станува сосема јасно зошто СДС и ДУИ не гласаа за негово разрешување. Дополнително, денес Венко Филипче е опкружен со истите луѓе кои прислушкувале и злоупотребувале државен систем. Истите тие се дел од понудата на СДС.“„Кому и зошто му служеле прислушкуваните материјали? Во која европска држава се следи лидер на најсилна партија и новинари и медиуми? Дали со добиените информации се тргувало со влијание и се уценувале бизнисмени?“Петрушевски порача: „Бараме ЈО итно, и недвосмислено да отвори случај и да бара одговорност од Виктор Димовски, Заре Милошески и Еролд Муслиу и нивните политички наредбодавци во врвот на СДС. Тоа што во Македонија било пракса 5 години... мора да биде казнето и никогаш да не се повтори.“

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-11.16.03

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Коцевски: „Обвинителот е дискредитиран и без легитимитет“

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика државниот јавен обвинител Љубомир Коцевски да поднесе оставка, оценувајќи дека е целосно делегитимиран и дискредитиран како личност што треба да ја брани правдата.Во партиското соопштение се наведува дека Коцевски ја изгубил довербата од јавноста, бидејќи, како што се посочува, не отвора предмети, не гони криминал и држи истраги „во фиока“. Оттаму додаваат дека довербата на граѓаните во правосудството е падната под 2 проценти, токму поради неговото однесување.„Коцевски е делегитимиран и од Собранието. Со негласањето на интерпелацијата од страна на СДС се докажа меѓусебната заштита помеѓу тие што го поставија – од Струмица и Мала Речица – и потребата од негово останување на функцијата за да ги заштити од одговорност функционерите на СДС и ДУИ“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата прашуваат „со што се задолжил Коцевски кај СДС и ДУИ“ за да останува на функцијата и покрај делегитимирањето, како и „дали му значат повеќе личните интереси од правдата и владеењето на правото“.„Импресивно е како Коцевски балансира помеѓу улогата обвинител и верен потрчко на Заев и Филипче. Очигледно правдата е на одмор, а срамот кај Коцевски е отсутен“, се наведува во соопштението.Според ВМРО-ДПМНЕ, државниот јавен обвинител не постапува ниту по предмети со јавни докази за криминал и корупција, поради што, велат, треба да ја прими пораката од народот и од парламентот и да се повлече.„На Македонија ѝ се потребни реформи и целосна трансформација на правосудниот систем“, порачуваат од партијата.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-02-18-at-11.26.03

По интерпелацијата – пркос од Коцевски: „Не поднесувам оставка, имаме цврсти докази за најголемите случаи „Онкологија“, „Пулс“ и „Крмзов“

Случаите „Онкологија“, „Пулс“ и „Крмзов“ се меѓу приоритетите на обвинителството и, според државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, за нив веќе има силни и конкретни докази. Иако Собранието вчера му изгласа недоверба преку интерпелација, Коцевски останува на ставот дека нема да се занимава со политика и дека неговиот фокус е насочен исклучиво кон правдата.„Политиката ја оставам на политичарите и ќе употребам еден тежок збор, а тоа е пркос, пркос кон предметите за кои во моментов ве уверувам дека имаме многу цврсти докази да ги добиеме на суд: „Онкологија“ – случај за кој и лично чувствувам обврска да го докажеме, потоа случајот со струмичкиот бизнисмен Крмзов – докажуваме криминал тежок 90 милиони евра, потоа убиствата причинети од криминалните пресметки и секако случајот за кој се обврзав пред семејствата дека ќе има правна завршница, а тоа е пожарот во дискотеката „Пулс“. Ние како обвинителство обезбедивме илјада докази за два ипол месеци срочени во обвинение за сторено кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, сега зависи од судот за колку време случајот ќе има судска разрешница“, изјави Коцевски во интервју за весникот Вечер.Тој додава дека во овој момент не размислува за оставка.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-11.16.03

Обвинител без доверба: Дали по „последната будала“, Коцевски ќе биде првиот што не разбира кога е време да се оди?

Откако Собранието со мнозинство гласови изгласа интерпелација за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, тишината што следеше од неговиот кабинет одекнува погласно од било каква одбрана. Без јавен став, без најави дали ќе си замине или ќе се држи за функцијата како последен бастион на самобендисаност, Коцевски продолжува да молчи.Интерпелацијата е јасен политички и институционален сигнал – на човекот што го избраа преку ноќ, сега не му веруваат. Но дали и самиот ќе разбере што значи тоа?Од Јавното обвинителство – молк. „Скопје1“ побара официјален одговор: дали државниот обвинител ќе си замине по поразот во институцијата која му ја даде функцијата? Одговор нема.На социјалните мрежи, реакциите беа брзи. Адвокати, универзитетски професори и граѓани го критикуваа Коцевски и целокупниот систем што дозволува партиска и нетранспарентна распределба на клучни правосудни функции.Професорот Гордан Калајџиев кратко илустрираше: „Последната будала“ – цитирајќи ја изјавата на покојниот државен обвинител Александар Прчевски, кој уште во 2006 година предвиде што ќе значи оваа функција во држава каде власта го користи обвинителството како продолжена рака.А токму тоа се потврди. Собранието донесе и заклучок дека наводите во интерпелацијата се основани. Истиот ќе биде доставен до Владата и до самиот Коцевски – за кого оставката би била морален, но и логичен чин.Но дали е тоа доволно? И што доколку одлучи да остане, игнорирајќи ја пораката од оние што го донесоа – дека ја загубил довербата?Тогаш Владата може да ја продолжи постапката за разрешување, која ја запре во моментот кога се случи трагедијата во Кочани. До нив, Советот на јавни обвинители достави мислење со кое сметаат дека Коцевски треба да остане на фукцијата, а тие со нивни став можат да го достават до Собранието, каде пратениците можат да гласаат одново за јавниот обвинител да си замине.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-02-18-at-11.26.03

Собранието изгласа недоверба на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, сега тој е на потег!

Собранието денес изгласа недоверба на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, откако беше разгледана интерпелацијата поднесена од партијата Левица, која доби поддршка и од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.Со оваа одлука, одлуката за следните чекори останува на самиот обвинител – дали ќе поднесе оставка или ќе продолжи да ја извршува функцијата.Од СДСМ порачаа дека судската власт мора да остане независна и дека јавноста заслужува професионално и непристрасно обвинителство.Со оглед на тоа што најголемата владејачка партија ја поддржа интерпелацијата, се очекува Владата да поднесе и официјален предлог за разрешување на Коцевски – иницијатива што првично беше најавена уште пред трагичниот настан во Кочани.Според член 87 од Законот за јавно обвинителство, функцијата на јавниот обвинител може да престане по сопствено барање, поради губење државјанство, трајна неспособност за вршење на функцијата, пензионирање, избор на друга јавна функција или правосилна судска пресуда со најмалку шест месеци затвор.Дополнително, член 88 од истиот закон предвидува можност Владата, со претходно мислење од Советот на јавни обвинители, да поднесе предлог за разрешување, а Советот може и самостојно да иницира постапка. Во истиот член се наведува дека мандатот на јавниот обвинител може предвремено да заврши и во случај на тешка дисциплинска повреда или членување во политичка партија.

Македонија | пред 6 месеци

bojan1

„Шансата е потрошена“ - пратеникот Стојаноски за интерпелацијата на Коцевски

Веќе стигнуваат првите реакции на социјалните мрежи во однос на пишувањата за интерпелацијата за првиот човек на обвинителството. Пратеникот во македонскиот парламент од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, објавувајќи пост на ФБ, цени дека јавниот обввинител, Љупчо Коцевски си ја потрошил шансата.Време е за правдата да ги стигне тие кои што се огрешиле пред законот.Последниот бедем на одбраната на криминалот на СДСМ и ДУИ заминува во историјата.Правда ќе има !

Коментари | пред 6 месеци

kocevski

„Свилен гајтан“ за Коцевски, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата за разрешување на јавниот обвинител

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, ја расчисти дилемата и објави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Ова е и покрај тоа што иницијативата е од партијата Левица и во неа стои дека ги поштедил кадрите на оваа партија од истрагата за Кочани.„На државата и треба независен, функционален и храбар обвинител кој нема да молчи пред очигледен криминал, нема да трепери пред политички притисок и нема да се претвори во соучесник на тие што ја поткопаа државата”, Мицевски.Според него поддршката што ја добил Коцевски не ја оправдал и место реформа покажал сервилност кон власта што била поразена од народот.СДСМ веќе објавија дека нема да гласаат за неа, а Коцевски со јавно писмо пред една недела им порача дека е интерпелацијата е неуставна и е упад во правосудниот систем и неговата независност.

Македонија | пред 6 месеци

kocevski-5135

Државниот обвинител Коцевски,, на тапет” пред пратениците

Собранието денеска во рамки на 64. седница се очекува да ја констатира оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, а на дневен ред на седницата е и интерпелацијата за работата на Републичкиот Јавен обвинител, Љупчо Коцевски, поднесена од опозициската Левица.За разрешување на Коцевски се потребни 61 пратенички глас. Освен 6 пратеници од Левица, извесно е и дека за разрешување на Коцевски ќе гласа и ЗНАМ.Интерпелацијата ја поднесе Левица поради, како што наведуваат селективност во истрагата за пожарот во Кочани, политичко влијание во работата на Обвинителството, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство Скопје и непостапување по службена должност за дивоградбите во Скопје.ДУИ нема се уште соопштено како ќе гласа, а и ВРЕДИ. Според СДСМ, нема да гласаат за интерпелацијата.Христијан Мицкоски претходно изјави дека не го менува ставот ниту тој како човек ниту, пак, го менува ставот партијата ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски уште во март, по пожарот во Кочани, рече дека ќе им даде шанса и на Коцевски и на другите обвинители да работат и да сработат имајќи ја предвид чувствителноста на ситуацијата.„Јавноста ќе види утре.Ние како политичка партија и јас како човек не ги менувам ставовите преку ноќ”, рече вчера Мицкоски.Коцевски негира дека има постигнат договор со премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговото евентуално разрешување.

Македонија | пред 6 месеци

kocevski

Љупчо Коцевски: Интерпелацијата е политички атак врз независноста на Обвинителството

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски писмено одговори на интерпелацијата поднесена од шестмина пратеници на партијата Левица, обвинувајќи ги за политичка злоупотреба и неразбирање на функцијата што ја извршува.„Интерпелацијата е правно неоснована, политички мотивирана и претставува опасен преседан на мешање во самостојноста на обвинителската власт“, оценува Јавниот обвинител Љупчо Коцевски во својот официјален одговор доставен до Собранието.Интерпелацијата, поднесена од пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ и Сашко Јанчев, содржи четири клучни точки на обвинување: селективна истрага за трагедијата во Кочани, политички договор со премиерот Христијан Мицкоски, хаос во Вишото обвинителство Скопје и непостапување за урбаната мафија во Скопје.Во однос на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 62 млади лица, Коцевски нагласува дека Јавното обвинителство не работи селективно и дека истрагите ги опфаќаат сопствениците, обезбедувањето, одговорни лица во повеќе институции, па дури и високи полициски службеници.„Не постои ‘чопоративно’ обвинение – секој осомничен одговара за свои дејствија“, вели Коцевски, додавајќи дека се чувствува горд на обвинителскиот тим кој за кратко време прибрал голем број докази. Тој тврди дека родителите на жртвите биле детално информирани и дека довербата во обвинителството се зацврстува.На наводите дека е постигнат политички договор со премиерот Мицкоски за негово останување на функција во замена за селективност, Коцевски одговара со категорично негирање.„Никогаш немало обид за политичко влијание врз мене. Иницијативата за мое разрешување беше исто толку неоснована како и оваа интерпелација“, наведува тој, истакнувајќи дека и Советот на јавни обвинители дал негативно мислење за негово разрешување, а Европската комисија во последниот извештај посочила на недостатоци во иницијативата.За состојбите во Вишото обвинителство Скопје, Коцевски признава дека имало сериозни проблеми, но дека токму тој презел одговорност.„Поведов дисциплински постапки против шефот и уште еден обвинител. Дисциплинската комисија едногласно утврди тешки повреди. Ќе молчев ли додека се повлекуваат жалби и се нанесува штета на буџетот?“ – прашува обвинителот.Во последната точка, која се однесува на наводно непостапување за бесправната градба во Скопје, Коцевски одговара дека веќе се оформени предмети и во ОЈО Скопје и во Обвинителството за организиран криминал. Дел од постапките се во фаза на предистрага, а на надлежните институции им се дадени конкретни наредби за прибирање докази.„Обвинителството не работи по наративи, туку по факти и пријави. Секој што знае за кривично дело има обврска да го пријави, а не да очекува обвинителството да отвора случаи само врз основа на јавни изјави“, вели Коцевски.На крајот од писмото, Коцевски ја отфрла тезата дека во обвинителството владее „токсична и нефункционална атмосфера“ и се повикува на Извештајот на Европската комисија, кој нотира напредок во борбата против корупцијата, зајакната институционална соработка и функционални истражни центри.„Оваа интерпелација нема правен основ, ја дискредитира институцијата и нанесува штета на угледот на јавните обвинители. Апелирам до пратениците да ја отфрлат, а со тоа и да ја заштитат самостојноста на обвинителската функција“, завршува Коцевски.

Македонија | пред 6 месеци

kocevski

ЈОРСМ: Коцевски е раководител на одделението за мета податоци и следење на комуникациите од 2023 година

Скопје1 побара одговори од ЈОРСМ дали по барање на државниот обвинител Љупчо Коцевски, кој претходно беше обвинител во тоа обвинителство бил следен Христијан Мицкоски, дали е запознаен со конкретниот случај како засегнат обвинител и дали со предметот кој го обелодени премиерот дека како опозиционер бил следен, ќе биде опфатен и обвинителот кој предложил вакви мерки до Врховен суд, од Службата за односи со јавност на ЈОРСМ го добивме следниот одговор:„Во периодот за кој се однесуваат наводите на Претседателот на Владата на РСМ, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија се уште не бил избран за јавен обвинител во републичкото обвинителство ниту раководел со Одделението во ЈОРСМ за мета-податоци и следење на комуникациите. Од неговото назначување за раководител на ова одделение кон средината на 2023 година, обвинителот Коцевски оваа одговорна задача ја извршува во согласност со Уставот, законите и со максимално почитување на човековите слободи и права“, велат од Обвинителство.

Македонија | пред 1 година

8626399b-cd40-42c7-bca3-88b20bb4deef

Дали токму Коцевски е обвинителот кој барал следење на Мицкоски?

Несекојдневно е однесувањето на државниот обвинител Љупчо Коцевски изминатиот период, додека Владата упатува жестоки критики на сметка на Обвинителството. Последен пример за тоа е вчерашното негово однесување, кога тој застана зад Христијан Мицкоски, додека премиерот даваше изјава за медиумите.На социјалните мрежи, Коцевски беше наречен и „учениче“, а однесувањето „обид да му се допадне на премиерот“. Сепак, ставот на Мицкоски за правосудниот систем останува ист. Дотолку повеќе што вчера, премиерот одново повтори дека бил тајно следен додека бил во опозиција, а Обвинителството го нема расчистено овој случај.„Тајните служби ме следеле во пресрет на парламентарните и локалните избори сомневајќи се дека организирам и финансирам парпаолициски структури и терористички групи”, рече Мицкоски и очекува Обвинителството да го расчисти постапувањето на разузнавачите за време на власта на СДСМ и ДУИ.Ова внимателно го слушаше Коцевски, кој му „чуваше“ грб на Мицкоски, односно стоеше зад него. Не му кажа в лице што планира да направи, но подоцна прес-службата на веб-страната на Обвинителството соопшти дека е оформен предмет токму по насоки на Коцевски.Мицкоски објасни дека таен соработник на службите дал информации дека тој е финансиер на параполициска формација. Според Законот за АНБ, физички лица може да даваат информации што се од значење за националната безбедност, при што се составува записник достапен на надзорни и контролни органи.Во случаи на сомневања за кривични дела против државата, вклучително финансирање на параполициски формации, судот може да нареди тајни мерки за собирање информации, но само на барање на јавен обвинител и со одобрение од судија на Врховниот суд.Интересно е што токму Коцевски, пред да биде избран за државен обвинител, беше обвинител кој разгледуваше и одлучуваше дали ќе се поднесуваат барања за физичко следење. Ова би значело дека доколку информациите на Мицкоски се точни, а барањето доаѓало од Обвинителството, за тоа одлучувал и Коцевски.„Скопје1“ испрати прашања до Обвинителството и прашавме дали по барање на Коцевски бил следен Мицкоски, дали тој е запознаен со конкретниот случај како засегнат обвинител, дали со предметот кој го оформил ќе биде опфатен и обвинителот кој предложил вакви мерки до Врховен суд. Оттаму очекуваме одговор.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања