МИЦКОСКИ

vlada-2024-mickoski

Платите на премиерот и министрите: Мицкоски и Тошковски на врвот

Најголеми плати во Владата имаат премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тие месечно земаат по 140 илјади 450 денари, или, 2 илјади 280 евра. Сите други министри земаат по 115 илјади 540 денари, односно илјада 870 евра.Платата на Тошковски е повисока од платите на другите министри по Одлуката на Владата од јуни 2017-та, со која министерот за внатрешни добива посебен додаток од 20 отсто, што ги изедначува неговите примања со оние на премиерот.Владата ги објави овие податоци на својата официјална страница во делот „отчетност“, со образложение дека тоа е дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност и дека висината на платите е јавен податок.

Македонија | пред 1 година

20072024_MICKOSKI-4

Мицкоски за СДСМ: Оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и 3,7 милијарди денари за земјоделците

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на нова детска градинка во населено место Трубарево, во Општина Гази Баба каде одговарајќи на новинарско прашање за критиките на опозицијата дека ребалансот на буџетот не е развоен, истакна дека сегашната опозиција мисли дека што повеќе измислува и критикува ќе остави поголем впечаток кај граѓаните, но вистината е дека оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и 3,7 милијарди денари за земјоделците.„Тие се будат сабајле, го започнуваат денот и мислат што да измислат. Наша задача е да работиме за граѓаните и за државата како Влада. Имаме различни цели. Нивната цел е да измислуваат и да критикуваат, по можност колку повеќе критикуваат и измислуваат, толку мислат дека оставаат поголем впечаток кај граѓаните, а наша цел е колку повеќе вакви проекти да сработиме. Ние ќе си ја тераме нашата работа, а тие нека си ја тераат нивната. До година има локални избори и граѓаните ќе кажат на избори која за што е. Дали ова тие што го кажуваат или ова ние што го работиме“, потенцираше Мицкоски.Тој исто така додаде дека тие што сега критикуваат оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и 3,7 милијарди денари за земјоделците.„Што се однесува до критиката што вие ја споменавте, само ќе напоменам дека оставија буџет без 5 милијарди денари редовни за пензионерите. Пет милијарди денари им немаше. Зошто? Затоа што шверцерски исплатиле една пензија во фискална година за претходната фискална година. Јануари за декември. Еве тоа е реалноста, само тоа ќе ви кажам. Пет милијарди денари заборавиле некако, не знам како. Бидејќи велат дека има пари, еве нека дојдат да им покажам и емпириски да видат како заборавиле 5 милијарди денари за пензионерите. Постоеше можност да нема за пензионерите пензии, потенцираше Мицкоски и додаде:„Понатаму заборавиле 3,7 милијарди денари за земјоделците, не знам како, еве прашајте ги нив нека ви кажат. Ги нема, па моравме ние да ги наоѓаме. Сега милијарда и 700, па до година уште две милијарди итн. Заборавиле, да речеме некаде околу половина милијарда за плати за национални шуми, а нели и конкурси објавуваа ако се сеќавате пред избори. Конкурси објавуваа, а заборавиле пола милијарда евра да им помогнат бидејќи луѓето 4 месеци плата не земале и сега нема кој да помага во гасењето на пожарите“.

Македонија | пред 1 година

IMG_5110

Премиерот Мицкоски се сретна со кралот Чарлс

,,Во Лондон остварив средба со НВ Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III.Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што дискутиравме за повеќе важни прашања, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу двете земји и можностите за натамошна соработка во различни области.Оваа средба претставува значајно признание за Македонија и е потврда за зајакнатата соработка и пријателство со Обединетото Кралство.”, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski18072024

Мицкоски од Велика Британија: Остварив повеќе средби со државници од регионот и соседството, главен приоритет на Владата е воспоставување на добрососедски односи

„Денеска се одржува Самитот на Европската политичка заедница.На самиот Самит имав можност да остварам многу билатерални средби, меѓу кои би ја издвоил билатералната средба со новиот министер за надворешни работи на Велика Британија. Потоа средбите со државниците од регионот и соседството како што е средбата со Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, потоа Јаков Милатовиќ, Претседателот на Црна Гора. Потоа, Радев, Претседател на Бугарија.На сите овие средби имав можност да разговарам за тоа што претставува предизвици за регионот и она кое што претставува приоритети на идната македонска Влада.Главен приоритет на Македонија и на новата македонската Влада претставуваат добрососедските односи и конечно наоѓање трајно и одржливо решение за проблемот којшто го имаме со нашиот источен сосед.Понатаму би ги потенцирал средбите коишто ги имав со претседателот Зеленски, но и претседателот на Европскиот Совет, Мишел, каде што јасно ги презентирав и ги претставив позициите на новата македонска влада.Би го издвоил и моето обраќање на тркалезната маса на еден од панелите каде што можев да зборувам за предизвиците во енергетиката, регионалното поврзување, но и она што претставува интерес на нашата земја. А тоа претставува практично и регионално поврзување, тоа претставува и предизвик за навремено и одржливо снабдување на сите потрошувачи на енергенси, меѓу кои би го издвоил гасот и електричната енергија. Главен интерес на Македонија како држава е да биде земја низ која ќе транзитираат главните енергенси со којашто ќе се снабдува Централна Европа.Се враќаме назад со добри впечатоци и со она кое што претставува достоинствено претставување на македонските интереси овде во Оксфорд, Велика Британија“.

Македонија | пред 1 година

IMG_5097

Мицкоски на средба со Зеленски на Самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон

,,Денеска во рамки на Самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон остварив кратка средба и разговор со Претседателот на Украина, Володимир Зеленски.На средбата ја потенцирав недвосмислената поддршка на Македонија кон Украина и украинскиот народ и посочив дека и во иднина можат да сметаат на нашето пријателство.Македонија и македонскиот народ се хумана нација и сочувствуваат во овие тешки историски предизвици и несогледливи последици.Нашите односи се базира на вистинско пријателство од каде произлегуваат принципи, вредности и разбирање.”, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5092

Мицкоски: Соработката на земјите од регионот е неопходна за просперитетот на државите и благосостојбата на нашите граѓани

,,Во рамки на самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон имавме пријателски разговор со премиерот на Хрватска, Андреј Пленкович, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатович и членот на претседателството на БиХ, Др. Денис Бечирович.Соработката на земјите од регионот е неопходна за просперитетот на државите и благосостојбата на нашите граѓани. Нашите народи имаат потреба од економска, енергетска и инфраструктурна поврзаност а клучен предуслов за тоа е градењето на силна регионална соработка.Делиме слични вредности и предизвици како регион и тие нé обврзуваат на заедничка кооперативност и комуникација меѓу земјите од Балканот.”, напиша премиерот, Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-vlada-2

Познати имињата на сите заменици министри

Владата на Република Северна Македонија до Собранието ги предложи следните имиња за заменици министри, при што целосно се комплетира владиниот тим.За заменик министер во Министерството за одбрана се предлага Елфет Исмаили. Исмаили е дипломиран економист. Своето работно искуство го започнува во Фонд за магистрални и регионални патишта. Од 2006 до 2008 била директорка на ГЦПЦ Пошта Скопје 2, а од 2008 до 2019 била вработена во АД Македонска Пошта како соработник за маркетинг. Во 2019 до 2024 година била Придружничка на лице упатено во Делегацијата на РС Македонија при НАТО, Брисел, Кралство Белгија.За заменик министер во Министерството за внатрешни работи се предлага Астрит Исеини. Исеини завршил на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а се стекнал и со титулата доктор на Науки по Кинезиологија, вонреден професор. Во моментот е вонреден професор на Тетовски универзитет и на Факултет за Биотехнички науки во Битола.За заменик министер во Министерството за правда се предлага Ален Деребан. Деребан е магистер по право од областа на меѓународно право и меѓународни односи, со завршен правосуден испит. Од 2014-тата година има сопствена адвокатска канцеларија, а во два мандата е и советник во Советот на Општина Струга.За заменик министер во Министерството за односи со заедници се предлага Неждeт Мустафа. Мустафа е дипломиран професор по филозофија. Од 1996 до 2002 година бил градоначалник на Општина Шуто Оризари. Потоа бил дел од македонското собрание како пратеник, а од 2006 до 2017 година е назначен за Министер без ресор – Национален координатор на Декадата и Стратегија за Ромите.За заменик на министерот во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се предлага Зоран Димитровски. Димитровски е магистер на политички науки, а има долгогодишно работно искуство во медиумите, како главен и одговорен уредник. Димитриевски од 2020 до 2023 година бил избран за заменик министер за локална самоуправа.За заменик министер во Министерството за европски прашања се предлага Викторија Трајков. Трајков завршила на Универзитет Св. Климент Охридски Битола, и се здобила со титулата доктор на економски науки. Од 2010 година е вработена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. А од 2019 година е избрана за доцент на Универзитет Скопје.За заменик на министерот во Министерството за финансии се предлага Николче Јанкуловски. Јанкуловски е доктор на економски науки, а во моментот е редовен професор на Катедрата за агроекономија на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. Има издадено повеќе домашни и меѓународни публикации.За заменик на министерот во Министерството за економија и труд се предлага Марјан Ристески. Ристески е дипломиран економист, од 2005 до 2017 година бил Градоначалник на Општина Прилеп. Добитник е на неколку меѓународни и домашни признанија.За заменик на министерот во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се предлага Мирослав Лабудовиќ. Лабудовиќ е магистер по електротехника и информациски технологии. Од 2022 година е менаџер на инженеринг во Корпорацијата Теламон.За заменик на министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се предлага Флакрон Беџети. Беџети е професор по политички науки на Универзитет Мајка Тереза Скопје. Тој има долгогодишно работно искуство во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Република Северна Македонија. Бил државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, а во моментот е раководител на одделение за претставки и предлози, Правен сектор.За заменик на министерот во Министерството за здравство се предлага Јовица Андовски. Андовски е дипломиран економист, од 2011 до 2017тата година бил заменик министер за здравство. Тој бил В.Д. Директор на Секретаријатот на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, како и национален координатор на SEEHN на Република Северна Македонија.За заменик на министер за образование и наука се предлага Лулзим Алиу. Алиу е доктор на филолошки науки. Тој е редовен професор по предметот Методика на наставата по албански јазик, Литература за деца на Педагошки факултет „Свети Климент Охридски” Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј – Скопје”. Од 2023 до 2024 година бил Продекан.За заменик на министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади се предлага Ѓоко Велковски. Велковски е дипломиран економист. Има долгогодишно работно искуство во Министерството за труд и социјална политика, бил Секретар на Град Скопје, а во последната техничка Влада беше технички министер за труд и социјална политика. Од 2013 до 2024 година бил советник во Советот на Општина Чаир.За заменик министер во Министерството за локална самоуправа се предлага Ерџан Селими. Селими е магистер по политички науки. Од 2009 до 2014 година бил советник во кабинетот на министерот без ресор. Од 2014 до 2024 година бил државен службеник во Генералниот секретаријат на Владата, а од 2017 до 2024 година бил советник во Советот на Град Скопје.За заменик министер во Министерството за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани. Сулејмани има завршено Педагошка Теологија на Универзитет Улудаг – Бурса во Турција. Бил заменик министер за култура, а од 2023 година е вработен во Општина Тетово како советник за стручно административна поддршка на општинскиот инспекторат.За заменик министер за дигитална трансформација е предложен Радослав Настасијевиќ Варџиски. Настасијевиќ Варџиски е магистер на економски науки – отсек маркетинг менаџмент, а од 2019 до денес работи во Општина Куманово.За заменик на министерот кој ќе раководи со Министерството за јавна администрација се предлага Лазе Јаќимоски. Јаќимоски е вонреден професор на Правен факултет – Кичево, Универзитет Св. ,,Климент Охридски” Битола. Има издадено повеќе домашни публикации.За заменик на министерот во Министерството за транспорт се предлага Калтрина Зеколи Шаќири. Зеколи Шаќири е доктор на науки. Од 2016 до 2023 година е професор на Универзитетот Мајка Тереза, Факултет за социјални науки, а од 2023 до 2024 година била избрана за в.д декан.За заменик на министерот во Министерството за животна средина и просторно планирање се предлага Ане Лашкоска. Лашкоска дипломирала на Природно математичкиот факултет во Скопје и се здобива со титулата инженер по хемија. Лашковска беше долги години пратеник во македонското Собрание.За заменик на министерот во Министерството за спорт се предлага Сафије Садики Шаини. Садики Шаини е инженер по Информатика на Природно – математичкиот факултет при Државниот универзитет во Тетово, каде што од 2012-2019 била вонреден асистент по информатика. Таа била пратеничка во парламентарниот состав 2020 до 2024 година. Од 2020 година е асистентка по информатика на Универзитетот Мајка Тереза.

Македонија | пред 1 година

Dzaferi_Forina_8

Владата на Џафери донела заклучок кој правел штета на буџетот, а на неколку дена пред избор на нов состав

На седницата на Владата се донесе одлука за укинување на заклучокот на претходната техничка Влада со кој се предизвикува фискални импликации за реализација на Проектот за изведба на автопатот Коридор 8, Делница 2: Гостивар-Букојчани од дополнителни 252.699.474 евра, кои не се планирани и обезбедени во Буџетот, ниту се економски исплатливи.Овој заклучок бил усвоен на 13-ти јуни оваа година, повеќе од еден месец после изборите и на неколку дена пред донесување на Одлуката за избор на нова Влада на Република Северна Македонија како и економската неисплатливост за реализација на истиот.Најавено е дека за истиот заклучок ќе биде известено и Основното јавно обвинителство.

Македонија | пред 1 година

16072024_MICKOSKI

Мицкоски: Состојбите кои се наследени со Буџетот се алармантни, недостасуваат пари, ќе има истрага како е трошено, но ќе усвоиме ребаланс кој ќе ја стабилизира состојбата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Централниот дневник на ТВ Сител вели дека владината седница за ребаланс на Буџетот се уште не е завршена, укажувајќи дека состојбите кои се наследени се алармантни и катастрофални, но потенцираше дека ќе има истрага како и што е трошено.„Има една катастрофална алармантна состојба која што ја оставиле, направиле Буџет за 6 месеци, како да кога го правеле Буџетот знаеле дека нема да бидат повеќе Влада, па се труделе што повеќе проблеми да и остават на новата Влада. Така што милијарда, милијарда денари останале непокриени, законски обврски кои што морале да ги направат не ги предвидувале во Буџетот итн. Но, мислам дека период кој што следи истражните органи ќе имаат многу работа“, дециден е тој.На прашањето што значи тоа, премиерот Мицкоски рече:„Па да ги истражуваат сите овие работи кои што се оставени како недостатоци и зошто се тие недостатоци. Еве на пример да ви кажам дека Национални шуми 4 месеци немаат земено плата вработените и се потребни околу 250 до 280 милиони денари. Водостопанство исто така нема земено плати, акутно се потребни од 60 до 100 милиони денари.“Според премиерот Мицкоски ваквата состојба е поради лошото менаџирање од страна на претходната влада.„И тоа е резултат од лошото менаџирање, а недостасуваат и 3 милијарди и 700 илјади денари за земјоделците. Милијарда и 200 илјади се пари кои што треба да се платат по основ на казни поради тоа што некои од министрите дивееле и ги прераспределувале вработените во институциите надвор од законот, вработените тужеле и сега Буџетот треба да ги сервисира тие обврски затоа што некој дивеел“, додаде премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

16072024_MICKOSKI

Мицкоски: Состојбите кои се наследени со Буџетот се алармантни, недостасуваат пари, ќе има истрага како е трошено, но ќе усвоиме ребаланс кој ќе ја стабилизира состојбата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Централниот дневник на ТВ Сител вели дека владината седница за ребаланс на Буџетот се уште не е завршена, укажувајќи дека состојбите кои се наследени се алармантни и катастрофални, но потенцираше дека ќе има истрага како и што е трошено.„Има една катастрофална алармантна состојба која што ја оставиле, направиле Буџет за 6 месеци, како да кога го правеле Буџетот знаеле дека нема да бидат повеќе Влада, па се труделе што повеќе проблеми да и остават на новата Влада. Така што милијарда, милијарда денари останале непокриени, законски обврски кои што морале да ги направат не ги предвидувале во Буџетот итн. Но, мислам дека период кој што следи истражните органи ќе имаат многу работа“, дециден е тој.На прашањето што значи тоа, премиерот Мицкоски рече:„Па да ги истражуваат сите овие работи кои што се оставени како недостатоци и зошто се тие недостатоци. Еве на пример да ви кажам дека Национални шуми 4 месеци немаат земено плата вработените и се потребни околу 250 до 280 милиони денари. Водостопанство исто така нема земено плати, акутно се потребни од 60 до 100 милиони денари.“Според премиерот Мицкоски ваквата состојба е поради лошото менаџирање од страна на претходната влада.„И тоа е резултат од лошото менаџирање, а недостасуваат и 3 милијарди и 700 илјади денари за земјоделците. Милијарда и 200 илјади се пари кои што треба да се платат по основ на казни поради тоа што некои од министрите дивееле и ги прераспределувале вработените во институциите надвор од законот, вработените тужеле и сега Буџетот треба да ги сервисира тие обврски затоа што некој дивеел“, додаде премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-06-at-12.39.17

Мицкоски: 500-те милиони евра се потребни за општините и бизнисот и додека сум јас премиер државата нема да биде ставена во подредена положба

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски за време на денешната посета одговараше на новинарски прашања околу заемот од 500 милиони евра и за критиките на претседателот на СДСМ, Венко Филипче дека со ова Македонија станува зависна од Унгарија, за што рече дека тие средства се потребни за финансирање на проекти на општините и поддршка на бизнисот и додаде дека додека тој е премиер никогаш нема да ја доведе Македонија во подредена положба и никогаш нема да зависи од друг суверен освен од нејзините граѓани.„Гледам дека таму се натпреваруваат кој да биде пожесток во плукањето кон мене и кон Владата, од претендентите и од новоизбраниот претседател на СДСМ. Тоа е фолклор внатрешен нивен и јас не би го коментирал. Оваа држава како што вели тој може да биде зависна само од своите граѓани. Додека јас сум претседател на Владата, никогаш нема да дозволам да зависиме од некој друг. Можеме да зависиме само од граѓаните. Тие не плаќаат и за нив работиме. Плата земаме од буџетот којшто го полнат граѓаните и тие имаат полно право да ни кажуваат што да работиме и ние ќе им кажеме што можеме и што не можеме“, потенцираше Мицкоски и додаде:„Додека сум јас, ќе повторам премиер, никогаш нема да ја доведам Македонија во подредена положба и никогаш нема да зависи од ниту еден друг суверен освен од граѓанинот“.Мицкоски исто така потенцираше дека 500-те милиони евра се потребни за општините и за бизнисот, односно 250 милиони евра за финансирање на проекти на општините што е многу важно за граѓаните и 250 милиони евра под истите услови ќе им бидат дадени на бизнисот.„250 милиони евра се за бизнисот и за фирмите и велиме еве 250 милиони евра за бизнисот и за фирмите, бидејќи условите кои што тие ги имаат на пазарот се најмалку двапати полоши. Шест, 6,5 - 7% камата без грејс период, пократок период на отплата. Практично денеска е доведен така системот во бизнисот да добива кредит само оној на којшто не му треба. Тој што не му треба кредит, тој добива, а тој што му треба не може да добие, бидејќи од сертификат за раѓање па до последно му бараат за жал кога ќе поднесе барање за кредит. Еве ние велиме, еве поддршка од нас е ова како држава, како Влада веднаш на почеток. Обврската која е ваша? Обврската ваша како бизнис е барем уште толку да имате средства коишто на овие 250 милиони вие ќе ги инвестирате, а тоа се половина милијарда инвестиции, да обезбедите годишно најмалку пет илјади нововработени и да обезбедите раст на вашето производство 5% над стапката на инфлација. Под истите услови, таа е обврската којашто ќе ја бараме од бизнисот“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-03-at-13.03.13

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, во текот на утрешниот ден и задутре ситуацијата со пожарите ќе се стави под контрола

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Општина Охрид, во врска со пожарите во земјава, изјави дека следните два дена ситуацијата ќе биде целосно под контрола и во моментов помош е пристигната од Турција, а се чека и од Србија, Црна Гора и Словенија.„За разлика од „како до сега“ кога користеле алтернативни методи на повикување дожд и слично за да се справат со пожарите, претходната влада, сега оваа влада веднаш по доаѓањето видовте двајцата министри се упатија одма на лице место заедно со директорот на ЦУК, Ангелов да работат на смирување на огнената стихија. Веднаш побаравме и дел од таа поддршка е пристигната, од Турција се пристигнати воздухоплови, два авиони и еден хеликоптер“, истакна премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски посочи дека авионите веќе работат на смирување на огнената стихија во атарот на Општина Ново Село, а хеликоптерот сега се упатува во неготинскиот крај на планината Серта.„Бидејќи станува збор за непристапни региони во моментов друга поддршка освен воздухоплови не е потребна. Очекуваме помош и поддршка од Србија, Црна Гора, Словенија и цениме дека следните два дена ова ќе биде ставено под контрола. Да бидат спокојни граѓаните, ја контролираме целосно ситуацијата, денеска имаме засилување со воздухоплови кои ќе можат посебно во Ново Село да црпат ресурси, вода од Дојранско езеро. Имаме план во текот на утрешниот ден и задутре работата ќе биде целосно под контрола“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5036

Мицкоски: Посетата на Вашингтон беше исклучително успешна, соговорниците имаа можност да видат поинакви политичари кои се дојдени со јасен план и ги бранат државните интереси

„Посетата на Вашингтон имаше интензивна агенда и би ја оценил како исклучително успешна“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Охрид.Премиерот Мицкоски нагласи дека во Вашингтон соговорниците имаа можност да видат поинакви политичари кои доаѓаат оттука, а не политичари коишто на сè велат „да“ и се подведени, туку политичари кои имаат јасен план.„Го претставивме нашиот план, кажавме што се нашите приоритети, и како граѓани и како држава и мислам дека од другата страна добија информација за што досега не го слушале. Ние нема да бидеме политичари кои надвор за сè викаат „да“ и ја држат раката на срцето со подведена кичма, напротив достоинствено ќе ги браниме нашите интереси. За нешто ќе се сложиме, за нешто нема да се сложиме“, изјави Мицкоски.Премиерот Мицкоски потенцираше дека актуелната влада нема намера да ги ограбува граѓаните и државата како што тоа претходно го правеа политичари кои надвор за сè викаа „да“ со подведена кичма, во едната рака мавтаа со знамето на НАТО и ЕУ, а од друга страна ги ограбуваат народот и државата.„Мора да владее правото, мора институциите да се функционални, мора политичарите да бидат слуги на граѓаните во рамките на можностите, се разбира колку се може. Заврши времето кога имавме неколку среќни политичари и стотици илјади несреќни граѓани. Принципот „како до сега“ заврши, сега треба да имаме изморени владини официјални лица и градоначалници и носители на јавни функции и среќни граѓани. Тоа е политиката која ќе ја гледате, тоа е патриотскиот чин и начинот како се сака државата, како се работи за граѓаните. Добро да работите кога ќе ја добиете шансата, чесно, искрено, тоа што може – може, тоа што не може – не може, искрено да се каже, не да се ставаат проблемите под тепих, па друг да ни ги решава, треба да влеземе во костец со решавање на проблемите“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5035

Мицкоски: Во Охрид се случува инвестициски бум, продолжуваме да ги реализираме проектите кои што ги ветивме пред граѓаните

,,Чест и задоволство е да се биде дел од тоа да се направи нешто ново, да се започне нешто ново, посебно кога знаете дека тоа што го почнувате ќе значи подобри услови за работа, подобри услови за растење на тие дечиња кои што овде во ова основно училиште го поминуваат оној прв образовен дел од својот живот.Заедно со градоначалникот, заедно со Општината, со надлежните во Владата, заедно со пратениците од овој регион, заедно со охриѓани го започнуваме овој проект којшто многу значи.Јас сум навистина горд и среќен што сум дел од почетокот на оваа спортска сала. Градоначалникот има прилично амбициозна агенда, самиот кажа дел од проектите кои се веќе во процес. Инаку вредноста на овој проект е некаде околу 30 милиони денари, плус булеварот кој подоцна ќе го посетиме над 40 милиони денари, плус повеќенаменско игралиште итн. Заедно со училиштето кое што се работи, еден навистина импозантен инвестициски циклус и дополнително сега со ребалансот ќе бидат предвидени средства за општините и за нови проекти за до крајот на оваа година. Подготвени се од општината проекти за следната година, така што тоа што со децении не било работено овде во Охрид и низ Македонија, ќе биде сработено сега. И навистина сум горд што можам како претседател на Владата да бидам дел од сите овие почетоци, а се надевам дека наскоро од сега ќе бидам дел и од завршувањето и пуштањето во употреба, бидејќи на крајот од денот тоа е и важно.Не ни останува ништо друго освен тоа што го ветивме пред граѓаните тоа и да го исполнуваме. Ќе продолжиме и понатаму. Поминаа три недели од како е избрана новата Влада, работиме навистина многу, даваме сè од себе, состојбата којашто ја наследивме да не биде како изговор е алармантна, е многу лоша. Но, не треба да се жалиме, тоа е што е, проблемите се тука и за проблемите треба да се нудат решенија и проблемите треба да се решаваат.Подготвени сме, мотивиран е целиот владин тим, така што продолжуваме и понатаму да ги решаваме проблемите и да работиме на нови проекти, како што е овој овде во Охрид. Му благодарам на градоначалникот што посветено работи, благодарам на општинската администрација, благодарам и до советниците, многу ни значи поддршката. Наше е да продолжиме да испорачуваме заедно со нив.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-51325123

Мицкоски во Охрид, почнуваат три проекти

,,Денес сум во Охрид каде започнуваат значајни проекти ветени на граѓаните.- Ветивме и остваруваме камен темелник на спортска сала во Лескоец. Спортската сала е во рамки на ОУ Ванчо Николески. Ветувана е повеќе од 30 години. Објектот ќе биде 592 м2, во себе ќе вклучува покрај повеќенаменско спортско игралиште, тоалети и соблекувални. Димензиите на игралиштето ќе бидат 37х16 метри, што во целост ги задоволива потребите на учениците од ова ОУ. Инвестицијата е вредна 30 милиони денари.-Целосна реконструкција на ул. 7ми ноември, (влез на Охрид од кај Битола). Целосна реконструкција на коловозните и тротоарски површини, изградба на нова велосипедска патека, изградба на атмосферска канализација во должина од 700м. Вкупната вредност на проектот е над 43 милиони денари.-Изградба на деттско повеќенаменко спортско игралиште во населба Видобишта. Овде е опфатена изградба на целосно ново детско игралиште со специјализирана гумена подлога од 230м2. Игралиште (фудбалско и ракометно) на површина од 1320м2 исто со специјализирана гумирана подлога.Работиме за граѓаните.Државата создава за луѓето.ОстварувамеЗа тебе!”, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања