Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

МВР

media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Турски државјанин приведен во Штип поради дрога, кај него најдена и туѓа патна исправа

Полициски службеници од СВР Штип лишија од слобода 23-годишен државјанин на Турција, по претрес во кој била пронајдена марихуана.Како што информираат од МВР, на 07.04.2026 година во 14:50 часот во Штип бил приведен М.С.(23), кој престојувал привремено во градот.Претходно, со судска наредба, бил извршен претрес во дом во кој привремено престојувал Н.К.(21), исто така државјанин на Турција, каде бил затекнат и приведениот. При претресот биле пронајдени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана

Македонија | пред 3 месеци

media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Со гасен пиштол и нож нападнале работници во Бутел на гробно место, бидејќи се обиделе да ги спречат во кражба

Полицијата лиши од слобода три лица кои вчера физички нападнале и повредиле двајца вработени во АД „Бутел“ на гробиштата во Бутел.Како што информираат од МВР, на 07.04.2026 година во 13:40 и 19:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле А.М.(48) и неговите синови Ј.М.(26) и Б.М.(27), сите од Скопје, поради сомнение дека околу 12:40 часот извршиле напад врз Е.Д.(51) и М.Д.(54).Според информациите, инцидентот се случил во близина на едно гробно место, каде вработените ги забележале ос

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryeushob7k5cee7oO4NQA

Измама за работна виза: Тетовец оштетен за над 24.000 денари

Триесет и тригодишен жител на Тетово пријавил дека бил измамен при обид да обезбеди работна виза за Германија, информираат од СВР Тетово.Според пријавата, кон крајот на 2024 година стапил во контакт со лице од Охрид, вработено во приватна консултантска фирма, кое му понудило посредување за добивање германска работна виза.На 1 ноември 2024 година, оштетениот уплатил 24.520 денари на сметката на фирмата, откако му било ветено дека постапката ќе биде завршена во рок од три месеци.До моментот на при

Македонија | пред 3 месеци

pari

Измама во Тетово: Маж останал без над 2.000 евра за „царинење“ мотор

Триесет и деветгодишен жител на Тетово пријавил дека бил измамен за сума од 2.230 евра, информираат од СВР Тетово.Според пријавата, во текот на февруари годинава, преку посредник стапил во контакт со лице од Гостивар, кое се претставило дека ќе посредува при царинење на мотоцикл од Швајцарија.По средба во Тетово, оштетениот му ги предал парите, но договорената услуга не била реализирана, ниту пак средствата биле вратени, по што се посомневал дека станува збор за измама.Од полицијата велат дека п

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryr7ustgvht52acQBplbO

Млада жена донесена во болница со влошена состојба – починала набргу потоа

Дваесет и деветгодишна жена од Битола починала откако била донесена во Општата болница во Гостивар со влошена здравствена состојба.Од СВР Тетово информираат дека случајот бил пријавен на 6 април околу 7 часот, кога од болницата известиле дека кај нив била примена Р.М. (29), која набргу по приемот починала.Смртта ја констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција во Судска медицина.Се очекуваат дополнителни информации по завршување на обдукцијата,

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-01-11-at-19.28.46

Пукање во Битола: Задното стакло на „Опел“ погодено со огнено оружје

На 06.04.2026 во 18:58 часот во СВР Битола, М.В.(46) од Битола пријавил дека на ул.„Пожаревачка” во Битола, задното стакло од неговото патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки било оштетено од огнено оружје.Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryf9t4pmg7msr854l6NKp

Битолчанец и се заканувал на сопругата од која се разведува, полицијата го уапси

На 06.04.2026 во 22.30 часот на ул.„Смилевски конгрес“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 40-годишен маж од Битола затоа што упатувал закани кон неговата сопруга со која се во бракоразводна постапка.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryldtg3q5cfvbs2nicno6

27-годишен маж се лизнал и паднал од скеле во Житоше

На 06.04.2026 во Полициско одделение Ропотово било пријавено дека во с.Житоше, општина Долнени, Е.Ф.(27) од с.Лисичани, општина Пласница, при изведување на градежни активности се лизнал и паднал од скеле и се здобил со повреди констатирани од лекар од Здравствен дом Кичево.Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryd5q2rddlf8ehaQT4lkL

22-годишник приведен на „Јадранска магистрала“: пронајдена голема количина стока без документи

Полицијата приведе 22-годишен скопјанец осомничен за криумчарење, откако кај него била пронајдена поголема количина производи без соодветна документација.Како што информира МВР, приведувањето се случило околу 01:10 часот на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје, при контрола на товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од А.И.По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „криумчарење“.

Скопје | пред 3 месеци

media-library0d4pj3dij6ei8ZZAebw

(Фото) Специјалци на терен: масовна акција против нарко-мрежа во неколку градови, врие од полиција и во Грчец

Силно полициско присуство и координирана акција против нарко-криминал утринава беше спроведена на повеќе локации низ државата.Неофицијално, МВР преку Бирото за јавна безбедност и Одделот за организиран криминал, во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, спроведува акција во Скопје, Штип, Струмица и во скопското село Грчец.Цел на акцијата е криминална мрежа поврзана со трговија со кокаин, при што се вршат претреси на околу 15 локации и се опфатени повеќе лица.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Осум лица приведени поради семејно насилство во претходното деноноќие, пријавени вкупно 14 случаи

На 05.04.2026 во 13:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода О.С. (47) од Тетово. Претходно, во 12:40 часот во ПС Тетово, неговиот 76-годишен татко, пријавил дека подолг временски период тој и неговата сопруга се жртви на семејно насилство од страна на нивниот син. Според пријавата, О.С. во алкохолизирана состојба секојдневно кршел предмети во домот и упатувал сериозни закани по нивниот живот. По лишувањето од слобода, кај О.С. биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта и т

Македонија | пред 3 месеци

media-library27j9tnfkqglb3UimxLd

Ексградоначалникот на Кичево Дехари осомничен е за злоупотреба на 1,6 милиони евра преку тендер

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од Кичево заради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ (по чл. 353 став 5 во врска со став 1, во врска со чл. 45 од КЗ на РСМ), како и против лицето Б.К.(46) од Кичево а заради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ (по чл. 353 в, став 1 во врска со чл. 45 од КЗ на РСМ).

Македонија | пред 3 месеци

media-library8bcqe85dfp6j2maoUSO

Уапсени 12 возачи: Седуммина возеле без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седуммина возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје и по еден во Кичево, Росоман, ГП Табановце, Чашка и Ранковце, а возачот во Ранковце возел и со поголема брзина од дозволената. За пречекорување на максимално дозволената брзина санкционирани се возачи во тетовско, кумановско и Свети Николе, а еден возач во скопско управувал возил

Македонија | пред 3 месеци

media-librarya8sbkaj7e437bd7OZUK

Дивеење на патиштата: 212 км/ч на автопат, три лица уапсени

Три лица се лишени од слобода, а четири возила се одземени во засилена акциска контрола што ја спроведе Министерството за внатрешни работи, со фокус на санкционирање на возачи кои ја надминуваат дозволената брзина.Контролата, спроведена на 5 април во периодот од 13 до 19 часот, опфати повеќе патни правци, при што биле регистрирани сериозни прекршоци.На автопатот Скопје–Штип, со специјално возило „пресретнувач“, измерена е брзина од 212 километри на час кај патничко возило „ауди“, што значи надми

Македонија | пред 3 месеци

pretepal-do-smrt

Тројца мажи претепале беровчанец пред казино

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Т.С. (43), Д.Р. (34) и В.Р. (37), сите од Берово поради постоење основи на сомнение  за сторено  кривично дело „тешка телесна повреда“.На 14.02.2026 пред казино во Берово, пријавените физички го нападнале С.В. од Берово, нанесувајќи му повреди.

Македонија | пред 3 месеци

bertrand-bouchez-409305-unsplash-37oja9s32pd8j8p2vazym8

Холанѓани снимале со дрон кај касарната Илинден, полицијата ги уапси

На 05.04.2026 во 23:05 часот во Скопје, поточно во близина на касарна Илинден, од страната на Аквадуктот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.В.Д.Б.(50) и Ј.Л.(63), двајцата од Холандија, по претходна пријава дека неовластено извршиле снимање со дрон, кој им бил одземен заедно со други предмети.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryi1u3ojj2417q7pRe5zm

Мигрант сакал да се качи на воз во движење, па возот му ја прегазил ногата - пренесен во болница во Гевгелија

На 05.04.2026 во 18:33 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Гевгелија, на место викано „Подвозник“, 30- годишен мигрант од Алжир додека се обидувал да се качи во возот кој се движел, паднал и возот поминал преку неговата десна нога. Лицето било пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му се констатирано тешки телесни повреди.Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.

Македонија | пред 3 месеци

woman-using-smartphone-technology

Маж праќал експлицитни слики и вознемирувачки пораки на жена од Скопје

На 05.04.2026 во 13:20 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.Н.(63) од Скопје, по претходна пријава дека на 03.04.2026 преку социјална мрежа ѝ испраќал вознемирувачки пораки и експлицитни фотографии на 36-годишна жена од Скопје.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок

Скопје | пред 3 месеци

media-librarypns8fr8liclt2afyiGo

Уапсен скопјанец во Слепче: осомничен e дека допирал малолетничка по телото

Педесет и шестгодишен жител на Скопје е лишен од слобода во прилепското село Слепче, општина Долнени, поради сомнение дека допирал по телото малолетничка од Прилеп, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според информациите, приведувањето било извршено на 5 април 2026 година во 22:10 часот од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп.Од МВР наведуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Инцидент во обложувалница: 34-годишник нападнал полициски службеник

Триесет и четиригодишен жител на селото Воѓани, општина Кривогаштани, е лишен од слобода откако под дејство на алкохол предизвикал инцидент во спортска обложувалница и физички нападнал полициски службеник.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека настанот се случил на 5 април 2026 година во 17:30 часот, а лицето било приведено во Полициското одделение Кривогаштани.Според информациите, тој го нарушувал јавниот ред и мир, по што дошло и до физички напад врз полициски службеник.По цело

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjimerv9r0tsg7YCYuYB

Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 10.04.2026 започнува со целосната имплементација на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој а се од држави кои не се членки на ЕУ.Со воведувањето на ЕЕС, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryson3j741kl6g4HIeujs

Акциски контроли во Скопје и Охрид: Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект

Според информациите од МВР, при акциска контрола спроведена на 4 април во угостителски објекти во Охрид, полициски службеници затекнале малолетници во локал на улицата „Партизанска“, при што било утврдено дека тројца од нив консумирале алкохол.При преземањето на мерките, полициските службеници биле вербално нападнати од А.Н. и М.Н., двајцата од Охрид. Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Во меѓувреме, во ноќта меѓу 4 и 5 април, полициски с

Македонија | пред 3 месеци

media-library8bcqe85dfp6j2maoUSO

Приведени 13 возачи за безобѕирно возење, шестмина управувале без возачка дозвола

Според информациите од МВР, во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата биле лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со возило.Од нив, шестмина управувале возило без возачка дозвола – по двајца биле затекнати во Скопје и Прилеп, а по еден во Битола и Свети Николе.Четири лица, по едно во Кичево, Маврови Анови, Скопје и Кочани, биле фатени како управуваат возило иако имале активна забрана за управување.Во Скопје, едно лице било лишено од слобода затоа што управува

Македонија | пред 3 месеци

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје, во Штип синот го нападнал својот татко

Според информациите од МВР, во текот на изминатото деноноќие во Скопје биле пријавени три случаи на семејно насилство врз жени.На 5 април 2026 година во 06:30 часот, 50-годишна жена од скопско пријавила во СВР Скопје дека околу 01:00 часот во нивниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Б. (52). Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.Претходно, на 4 април во 02:40 часот, на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Г. (26

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Кривична пријава против 26-годишник од Житоше за овозможување употреба на дрога

Според информациите од МВР, ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.Н. (26) од селото Житоше, општина Долнени, поради сомнение дека сторил кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.Настанот се случил на 19 октомври 2025 година, на патниот правец меѓу селата Кривогаштани и Житоше, каде што полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Фолксваген Голф“, во кое се наоѓале пријавениот и уште едно лице.При контролата, кај другото

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања