Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

нова година

media-librarysdsu98m23hf380uVp1o

За новогодишно китење, општините платиле 785.000 евра, најголем „трошаџија” Општина Штип

За новогодишно разубавување, општините платиле 785 илјади евра. 78 отсто од вредноста отишле во рацете на една фирма.Ова се резултатите на истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за трошоците на единиците на локална самоуправа за новогодишно украсување.„Истражувањето покажува дека: тендери за новогодишно украсување имале 36 општини; најмногу пари потрошила Општина Штип, 81 илјада евра; Градот Скопје и пет други скопски општини заедно потрошиле 185 илјади евра, сите работеле со една иста фирма; Штип потрошил за украсување 111 денари по жител, а Скопје 8 денари; На 81 % од тендерите за украсување немало конкуренција, односно учествувала само по една фирма; Една иста фирма, Линк Медиа Плус, добила 78 % од вредноста на сите тендери за украсување во земјава; 94 % од договорите за јавна набавка за украсување се склучени во декември, на нецели две недели од новата година“, стои во соопштението.Вкупната вредност на веќе склучените и објавени договори за украсување изнесува 48.297.986 денари, односно 785.333 евра. Сепак, наведуваат од Центарот за граѓански комуникации, се очекува вредноста на трошоците за новогодишно украсување да расте со доставување на информациите од сите преостанати општини, како што се Гостивар, Струга, Пробиштип, Пехчево и Крива Паланка), како и Општина Новаци која има набавка на услугата за новогодишен огномет.Општина Штип склучила договор со фирмата Линк Медиа Плус од Скопје во вредност од 4.998.480 денари, односно 81.276 евра.Градот Скопје е на второ место со договор склучен со истата фирма во вредност од 4.271.600 денари, односно 69.457 евра.Доколку кон трошоците за украсување на Градот Скопје се додадат и трошоците од другите скопски општини (Центар, Чаир, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и Карпош) произлегува дека во Скопје за украсувањето за дочек на новата година се потрошени 17.521.584 денари, односно 284.904 евра. Ова е повеќе од една третина од сите пари потрошени за украсување во земјата.Покрај Град Скопје и сите други 6 општини од градот склучиле договор со фирмата Линк Медиа Плус од Скопје.Гледано според бројот на жители произлегува дека Штип потрошил по 111 денари по жител за оваа намена, а Град Скопје 8 денари по жител.Тендерите се спроведувани главно без конкуренција.„Просечниот број понуди по еден тендер изнесува само 1,15 што е далеку под препорачаниот минимум за обезбедување пазарна конкуренција. Притоа, во дури 27 од вкупно спроведените 32 тендерски постапки била доставена по само една понуда. Вредноста на договорите во кои била доставена по само една понуда изнесува дури 91 %. Отсуството на конкуренција ја доведува во прашање реалноста на трошоците на украсувањето. Од вкупно склучените 32 договори за украсување на единиците на локалната самоуправа, дури 15 се со Линк Медиа Плус, во вкупна вредност од 37.825.726 денари, односно 615.052 евра. Произлегува дека Линк Медиа Плус добила 78 % од вредноста на сите вакви договори“, се наведува во соопштението.Повеќе од еден договор успеале да добијат уште две фирми, ДИМЕНЗИЈА 360 од Скопје за трите општини од југот Валандово, Гевгелија и Дојран, како и фирмата ГРИН ВЕЈ од Битола, која освен со Општина Битола склучила договор за украсување и со Општина Ресен.Останатите 12 фирми кои имаат склучено договор за новогодишно украсување се носители на по само еден договор.Центарот за граѓански комуникации наведува дека тендерите за новогодишно украсување традиционално се склучуваат доцна во годината што сериозно ја ограничува можноста за учество на повеќе фирми, бидејќи кратките рокови ги фаворизираат фирмите кои и претходно биле ангажирани и веќе располагаат со соодветна опрема.„Дури 30 од 32 договори се склучени во декември, со тоа што на дел од нив потписот е ставен нецели 2 недели пред новата година. Ваквото постапување е проследено и со непочитување на законската обврска до Електронскиот систем за јавни набавки да се достави известување за склучениот договор, најдоцна 10 дена од денот на склучувањето. Голем дел од општините не го почитувале овој законски рок. Доцното објавување на огласите за јавна набавка, и оттука склучување на договорите во декември, сериозно ја ограничува можноста за учество на повеќе фирми, бидејќи кратките рокови ги фаворизираат фирмите кои и претходно биле ангажирани и веќе располагаат со соодветна опрема“, стои во соопштението.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryhi8jc9bg7ruua7n5C3R

Ѓорѓиевски: „Вечерва покажавме како се сака Скопје“

Орце Ѓорѓиевски со емотивна порака им ја честиташе Новата година на скопјани, упатувајќи благодарност за, како што наведе, сплотеноста и љубовта кон градот.„Ти се поклонувам, Скопје! Среќна Нова година, мој народе. Да сте здрави, живи и секогаш да останеме вака сплотени“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава.Тој истакна дека прославата е доказ за заедништвото и грижата кон градот, потенцирајќи дека токму ваквите моменти ја покажуваат вистинската љубов кон Скопје.„Вечерва покажавме како се сака градот убав. Ви благодарам од срце“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryteaipaj5jh296zoIrYK

Мицкоски заедно со граѓаните на плоштад „Македонија“, на дочек на Новата година

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, синоќа заедно со граѓаните, ја дочека Новата 2026 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје.Премиерот на социјалните мрежи објави порака со која им посака здравје, разбирање и успеси на сите граѓани, нагласувајќи ја важноста од заедништво и позитивна енергија во Новата година.„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата година. Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија. Среќна Нова година!“, напиша Мицкоски.На дочекот на плоштадот, премиерот беше заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски.

Македонија | пред 2 седмици

media-library4qm8clatrgv23aZ2hQ2

2026 нека биде година во која ќе бидеме подобри отколку што бевме

Нека Новата 2026 година не дојде само како нов број во календарот, туку како можност да оставиме зад себе сè што нè изморило, нè поделило или нè направило помалку луѓе. Нека биде година во која ќе научиме повторно да слушаме, да разбираме и да се поддржуваме – и како поединци, и како заедница.Посакуваме 2026 да донесе повеќе мир во секој дом, повеќе сигурност во секој чекор и повеќе надеж во секоја одлука. Да имаме здравје што не се зема здраво за готово, храброст да се соочиме со предизвиците и мудрост да препознаеме што навистина вреди.Нека новата година биде помалку бучна со ветувања, а погласна со дела. Помалку тешка со разочарувања, а побогата со мали, човечки радости. Да ни биде година на достоинство, чесност и напредок – личен и заеднички.Среќна и мирна Нова 2026 година.Со надеж дека ќе биде подобра од сите претходни – затоа што ние ќе ја направиме таква.

Македонија | пред 2 седмици

media-library695l9qmg2kg08skNv5l

Зошто одбројуваме до Нова година: современ ритуал што создава чувство на заедништво

Одбројувањето од десет до нула во пресрет на доаѓањето на Новата година, иако често се доживува како древна традиција, всушност е релативно нов обичај, вели професорот по културно наследство на Универзитетот во Антверпен, Марк Јакобс.Во изјава за белгиското државно Радио 1, Јакобс објаснува дека со векови луѓето одбројувале денови, но одбројувањето секунди до полноќ е појава која се развила дури во 50-тите или 60-тите години на минатиот век, паралелно со подемот на масовните медиуми.Според него, токму радиото и телевизијата овозможиле луѓето истовремено да одбројуваат, создавајќи заеднички, колективен момент. Значајна улога во ширењето на овој ритуал имале и преносите од „Тајмс Сквер“ во Њујорк, каде што традиционално на полноќ се спушта голема топка – симбол кој прераснал во меѓународен знак за дочекот на Новата година.Јакобс посочува дека одбројувањето претставува класичен обред на премин – симболично збогување со старата и влегување во новата година. Во тие неколку секунди, нагласува тој, границите привремено исчезнуваат, луѓето се чувствуваат рамноправни, улогите се менуваат, а бучавата и спонтаноста стануваат дозволени.Професорот потсетува дека во минатото колективното одбројување било речиси невозможно, бидејќи часовниците често не биле точни, а секундите немале големо значење. Дури со синхронизацијата на времето и развојот на медиумите станало можно милиони луѓе да бројат заедно до истиот момент.Тој исто така нагласува дека 1 јануари не отсекогаш бил почеток на новата година. Во различни историски периоди, годината започнувала на различни датуми – од март, преку Велигден, па сè до Велики петок. Обид за воспоставување ред направил Јулиј Цезар во 46 година п.н.е., со воведувањето на Јулијанскиот календар и 1 јануари како официјален почеток на годината.И покрај тоа, желбата за прослава, според Јакобс, постоела отсекогаш. Уште од 19 век се бележат собири со храна, бучава и славење околу полноќ, слично како и кај другите големи празници. Таа потреба за заедништво и денес е силно присутна, особено за време на Божиќните и новогодишните празници, кога прославите често траат со недели.Целта на сите овие ритуали, заклучува професорот, е чувството на поврзаност меѓу луѓето – чувство кое, барем накратко, ги надминува времето и границите.

Магазин | пред 2 седмици

media-library0l4m5l65fkof9agvlfX

(Видео) Сиднеј ја дочека 2026 година со спектакуларен огномет и засилени безбедносни мерки

Сиднеј денеска влезе во новата 2026 година со традиционален, величествен огномет, но под строги безбедносни мерки, само две недели по трагичниот вооружен напад на еврејска прослава на плажата Бонди, во кој загинаа 15 лица.Во 23 часот по локално време, организаторите одржаа минута молк во чест на жртвите. Мостот Харбор беше осветлен во бела боја, а на неговите пилони беше проектирана менора – симбол на јудаизмот. Градоначалничката на Сиднеј, Кловер Мур, изјави дека по трагичниот крај на годината за градот, новогодишниот дочек треба да биде можност граѓаните да се обединат и со надеж да ја дочекаат мирната и среќна 2026 година.Нападот се случи на 14 декември за време на прославата на Ханука, кога вооружени напаѓачи – татко и син – убија 15 луѓе. Станува збор за најтешкото масовно убиство во Австралија во речиси три децении, кое ја шокираше јавноста и ги засили стравувањата од пораст на антисемитизмот во земјата.Поради безбедносни причини, традиционалните празнични прослави на плажата Бонди годинава беа значително поскромни, а неколку новогодишни настани беа откажани. За време на главниот дочек, на кој обично присуствуваат повеќе од еден милион луѓе, во градот беа распоредени околу 3.000 полицајци, дел од нив и со автоматско оружје.Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, порача дека општеството мора да покаже пркос пред ваквите злосторства и да испрати јасна порака дека тероризмот нема да ги заплаши граѓаните, ниту ќе го промени начинот на живот во градот.

Свет | пред 2 седмици

media-librarynbkmigeivr319BZnKOH

(Видео) Првите огномети за 2026 година го осветлија Пацификот

Пацифичката држава Кирибати прва ја пречека Новата 2026 година, ставајќи го симболичниот почеток на глобалното новогодишно одбројување. Најголемиот остров во земјата, Киритимати, официјално влезе во новата година во 11 часот по средноевропско време.По Кирибати, од 2025 година се прости и Нов Зеланд. Во Окленд, илјадници граѓани и посетители ја дочекаа Новата година со спектакуларен огномет над Скај Тауер, највисоката зграда во земјата, кој традиционално претставува централна точка на новогодишната прослава.Набргу потоа, Новата 2026 година ја пречекаа и пацифичките островски држави Самоа и Тонга, како и Токелау – територија под управа на Нов Зеланд, лоцирана околу 3.500 километри северно од Окленд. И во овие земји Новата година беше одбележана со јавни прослави и свечена атмосфера, продолжувајќи го глобалниот синџир на новогодишни дочекувања.

Свет | пред 2 седмици

media-library695l9qmg2kg08skNv5l

Каде ќе се слави Новата година: Објавени програмите од градовите, еве кој и каде настапува

Организиран дочек на Новата 2026 година на градските плоштади во Македонија е најавен во Скопје, Кавадарци, Охрид и Кичево, додека во дел од другите градови ќе се одржат алтернативни или дневни празнични програми без централен ноќен дочек.Скопје годинава ќе ја дочека Новата година без традиционален огномет. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека главниот град се насочува кон поинаков, модерен и семеен концепт на прослава. За музичката програма ќе се погрижат Каролина Гочева, Тамара, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Лара и Пајак, Два Бона, Куку Леле и Лина Пејовска, кои ќе настапат во рамки на целовечерната програма на плоштадот „Македонија“.И Охрид традиционално ќе организира јавен дочек на Новата година на плоштадот „Свети Климент Охридски“. Забавата ќе започне во 20 часот, а на сцената ќе настапат Влатко Лозановски, Ефто Пупиноски, Ѓоко Танески, како и диџеите Yuxell и Bagzi. На 1 јануари, на истата локација, со почеток во 20 часот, охриѓани ќе имаат можност да уживаат во настапите на групата „Меморија“ и музичкиот состав „Фузија“.Кавадарци, пак, Новата година ќе ја дочека на Градскиот плоштад со настап на Марјан Коцев и неговиот бенд. Програмата ќе започне во 22 часот.Богата предновогодишна програма најави и Општина Крива Паланка, со повеќедневни настани и пладневна журка на 31 декември. Општината, сепак, нема да организира централен јавен дочек во новогодишната ноќ.Општина Кичево најави голем дочек на Новата година на 31 декември пред Домот на културата. Програмата ќе започне со богата детска новогодишна забава, со настапи на „Академија Кристина“, детските ликови Биби и Боби, пристигнување на Дедо Мраз и доделување новогодишни пакетчиња. Вечерната музичка програма, која започнува во 20 часот, ќе вклучи настапи на Ани Малинкова, Елвис Зенкоски, Јасмин Хусоски, Сузана Спасовска, Rozafa Etemi & Black Jack, како и групите „Љубојна“, „Фолтин“, Addicted Band, Phoenix Band, Future Band и други изведувачи.

Македонија | пред 2 седмици

media-library9hourqbsgd376YRjIF1

Пацифиикот прв во светот ќе ја пречека 2026 година, Сиднеј ќе испрати порака за мир по нападот на Бонди

Посебно осветлување е подготвено за обележјата во Окленд, најголемиот град на Нов Зеланд и првиот поголем град кој ќе ја дочека новата година. Фотографии од „специјални моменти“ што граѓаните ги испраќаа во текот на 2025 година ќе бидат проектирани на Скај Тауер, највисоката кула на јужната хемисфера. На мостот Окленд Харбор Бриџ ќе започне одбројувањето пред огнометот од кулата на полноќ, односно денес напладне според хрватско време.Главниот град Велингтон исто така организира огномет и музичка програма во центарот.Сиднеј во фокусотДва часа по Нов Зеланд, Сиднеј ќе биде во центарот на вниманието со прославите во прочуеното пристаниште. Повеќе од еден милион луѓе ќе го следат лансирањето на над девет тони огномети.Порака на мир по нападот на БондиНастанот ќе испрати порака на единство и сеќавање по терористичкиот напад на плажата Бонди, во кој беа убиени 15 лица, а десетици повредени кога вооружени напаѓачи отворија оган врз толпа што го славеше почетокот на Ханука на 14 декември.Пилоните на мостот во Сиднеј ќе бидат осветлени со бели гулаби и зборот „Мир“, а ќе биде одржана и минута молк. Градоначалничката на Сиднеј, Кловер Мур, рече дека овој настан е можност за заедничко собирање, пауза и размисла, како и надеж за побезбедна и помирна 2026 година.„Дочекот на Новата година во Сиднеј е многу повеќе од огномет. Тоа е одраз на она што сме – жив, разнолик и отворен град. Тие вредности никогаш не биле поважни“, истакна таа.Огномети низ АвстралијаОгномети ќе го осветлат небото и над другите големи австралиски градови, меѓу кои Мелбурн, Брисбејн и Аделаида.Киритимати, најголемиот остров на Кирибати со околу 5.000 жители, е првата населена точка на Земјата што влегува во новата година, но таму не се планирани поголеми настани.Американска Самоа ќе биде последна што ќе влезе во 2026 година.

Свет | пред 2 седмици

media-librarye8ldj80ee7seb7ADA3A

Скопје во празничен ритам, се е подготвено за Новата 2026: Кирибати први ќе се збогуваат со 2025!

Главниот град денес пулсира во духот на „Новогодишната зимска бајка“. Програмата трае цел ден и ќе кулминира вечерва на плоштадот „Македонија“, каде што илјадници граѓани ќе ја дочекаат 2026 година со настапи на популарни домашни изведувачи.Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги повика скопјани заедно да ја прослават новогодишната ноќ, истакнувајќи дека програмата е осмислена да ги обедини сите генерации.Настапите започнуваат во 19:45 часот со Миле Кузмановски, по кој ќе следуваат Огнен Здравковски, Дина Јашари, култните Куку Леле и Тамара Тодевска. Крајот на вечерта ќе им припадне на милениците на младата публика – Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на влегувањето во Новата година ќе го одбележи Каролина Гочева.Милиони луѓе ширум светот исто така ќе ја одбележат смената на календарот – на плоштадите, во туристичките центри, ресторани, пабови и во домовите.Новата 2026 година први ќе ја поздрават жителите на пацифичката држава Кирибати – во 11 часот по македонско време, а дури утре Американска Самоа и ненаселените острови Бејкер и Хауленд ќе кажат збогум на 2025. Тие на 1. јануари во 13 часот по наше време ќе го прослават почетокот на новата година.

Скопје | пред 3 седмици

media-librarycuvlesr84gdaaZUmOr4

Позната целата програма за новогодишната ноќ во Скопје, почнува од 20 часот!

Скопје ќе ја пречека Новата 2026 година со голем, незаборавен дочек на плоштад „Македонија“. Поканата до граѓаните ја упати Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека вечерта ќе биде исполнета со музика, радост и заедништво.Програмата започнува во 19:45 часот со настап на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски, Дина Јашари, легендарните Куку Леле и Тамара Тодевска. Кулминацијата ја носат омилените изведувачи на младата публика – Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе биде одбележан со настапот на Каролина Гочева.„Доста беше мрак. Време е за заедништво и за радост. Со домашни изведувачи, омилени на публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации. Ова е наш подарок за градот убав – за повторно да живее, да пулсира и да сонува“, истакна Ѓорѓиевски, повикувајќи ги сите граѓани да учествуваат во прославата.Сите заинтересирани се добредојдени да бидат дел од новогодишната приказна, исполнета со позитивна енергија, музика и незаборавни мигови.

Скопје | пред 3 седмици

sneg-partizanska-koli-skopje-2022

Новата 2026 година започнува со силен студ и температури под нулата: ќе има ли снег?

Новогодишната ноќ ќе помине во знакот на многу ладно и суво време, под влијание на изразено студена и сува воздушна маса која ќе продре од север. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а времето ќе биде ведро, без облачност и без врнежи од снег, што значи дека ќе преовладува т.н. сув студ.Температурите на воздухот за време на новогодишната ноќ насекаде во Македонија ќе бидат под нулата, и ќе се движат во интервал од -10 до -3 степени, додека на повисоките населени места и на планините постојат услови тие да се спуштат и под -10 степени.Во Скопје и околината, за време на новогодишната ноќ, минималната температура се очекува да се спушти околу -5 до -6 степени.Суво и многу ладно време ќе продолжи и на 1 јануари 2026 година (четврток), што значи дека новата година ќе започне со стабилни временски услови, без врнежи од снег, но со изразено ниски температури и присутен сув студ.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryif7db4q0r2irfW1q9zp

(Видео) Делумно саниран вандализмот на плоштадот, но уништувањето продолжува

Дел од последиците од вандализмот на плоштадот се санирани и на местото е донесена нова новогодишна елка. Со тоа, барем делумно е обновен празничниот изглед на јавниот простор кој претходно беше мета на уништување.Но, паралелно со ова, забележани се нови оштетувања. Искршени и испокрадени се лампионите, а уништени се и вратичките од адвент-календарите, кои беа поставени како дел од празничната декорација. Дел од елементите целосно недостасуваат, што повторно го нарушува изгледот и функцијата на плоштадот.Настаните уште еднаш го отвораат прашањето за заштитата на јавниот простор и одговорноста кон заедничкиот имот, особено во период кога плоштадот треба да биде место на празнична атмосфера, а не сцена на повторлив вандализам.

Скопје | пред 4 седмици

media-librarye11gusdvcd0b2cwRVQy

(Фото) Вандализам по украсувањето: Не помина ни една недела, а веќе има уништени макети и украдена елка

Само една недела откако беше украсен плоштадот Македонија во Скопје, дел од новогодишната декорација веќе е оштетена и украдена.Од просторот на плоштадот е украдена една елка, додека целосно се уништени четири макета – адвент-календар, поставени како дел од празничното уредување на центарот на градот.Случајот предизвика реакции кај граѓаните, кои на социјалните мрежи реагираат на неодговорното однесување и уништувањето на јавниот простор, особено во период кога градот е украсен за новогодишните и божиќните празници.Засега нема официјална информација дали случајот е пријавен и дали ќе има истрага за утврдување на одговорност.

Скопје | пред 4 седмици

media-librarysdsu98m23hf380uVp1o

(Фото) Елката со прозорчиња во Скопје: ја имало во Вилнус, па Крајова, и сега на Плоштад Македонија

Новогодишната елка со прозорчиња, која годинава го украси Плоштадот Македонија во Скопје, предизвика бројни реакции во јавноста – од воодушевување до шеги и споредби на социјалните мрежи. Но, зад визуелниот концепт стои приказна која не започнува ниту во Скопје, ниту во Романија, туку во срцето на Балтикот.На социјалните мрежи веќе споредби со слична елка од романскиот град Крајова, која во 2023 година привлече големо внимание во европските медиуми. Крајова, сместена на околу шест часа возење од Скопје, последниве години се етаблира како една од најатрактивните божиќни дестинации во Европа и го освои второто место на листата „European Best Destinations“ за најубави божиќни пазари во 2025 година.Градот е познат по раскошните празнични декорации, огромните елки, тематските паркови, лизгалишта, панорамски тркала и бајковити куќички осветлени со илјадници светилки. Токму таму, во 2023 година, беше поставена елка со прозорчиња која денес најчесто се споредува со скопската.Сепак, и Крајова не е оригиналниот извор на оваа идеја. Концептот води потекло од Вилнус, главниот град на Литванија, каде уште во 2015 година на Катедралниот плоштад беше поставена импресивна и денес веќе легендарна новогодишна елка со сличен дизајн. Таа елка важи за една од најкреативните празнични инсталации во Европа и често се наведува како инспирација за подоцнежни проекти низ континентот.Пред два дена елка со ист концепт беше поставена и на скопскиот плоштад. Во текот на вчерашниот ден беше и надградувана.На социјалните мрежи има и шеги.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања