„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Општина Ѓорче Петров

prvacinja

Општина Ѓорче Петров со ранци и учебници за сите првачиња

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денес присуствуваше на свечената приредба во ООУ „Ѓорче Петров“ во Дексион, по повод почетокот на новата учебна година и запишувањето на најмладите ученици.„Радост, насмевки и желба за другарување ги исполнија училишните клупи – местото каде што се создаваат најубавите спомени, првите петки и најискрените пријателства. На првачињата им посакувам многу среќа и успех во учењето. Верувам дека токму тие ќе бидат двигателите на нашето општество во иднина,“ порача Стојкоски.Тој истакна дека општината обезбедила анатомски ранци и прибор за сите првачиња, а комплетите со учебници биле навреме доставени. „Како градоначалник, но и како родител, моја должност е да создадам најдобри услови за образование, спорт и здрав живот за најмладите жители на нашата општина,“ додаде Стојкоски.„Драги првачиња, бидете храбри и вредни – вие сте нашата радост и иднина. Среќно!“, заврши тој.

Скопје | пред 4 месеци

rascistuvanje-na-sneg-1

Eкипите на општина Ѓорче Петров на терен од рано утро

Екипите на Општина Ѓорче Петров од раните утрински часови се активно ангажирани за расчистување на патиштата кон Кучково и Грачани. Со брза и навремена реакција, надлежните служби се грижат за безбедноста и непреченото движење на граѓаните, извести општината.Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека безбедноста и удобноста на жителите се врвен приоритет за општината и дека службите остануваат на терен сè додека целосно не се обезбеди нормално функционирање на сообраќајот.„Будно ги следиме условите на терен и навремено реагираме на секоја состојба. Благодарност до сите граѓани за трпеливоста и разбирањето“, порача градоначалникот Стојкоски.Општина Ѓорче Петров останува посветена на континуирано унапредување на условите за живот и создавање сигурна инфраструктура за своите граѓани, додаваат од општината.

Скопје | пред 1 година

GP

(Видео) Стојкоски: Затекнавме општина во долгови и населени места без инфраструктура, денес Ѓорче Петров расте и се модернизира

„Зад нас се три години посветена работа, работа со која создававме дела, работа на проекти кои ја обликуваат иднината на нашата општина и проекти кои ќе останат запаметени за идните генерации. Вашата поддршка беше најголемиот мотив за нашата работа, особено во миговите кога пред нас стоеја најголемите предизвици“, рече Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров.„Ѓорче Петров од општина заглавени во финансиски проблеми, во проекти со затекната нерешена инфраструктура. Денеска е општина која расте и се модернизира, благодарение на заедничкиот труд и домаќинското управување со финансиите.Во Ѓорче Петров, започнати се и реализирани капитални дела кои остануваат за идните генерации:Во Стопански Двор започнавме изградбата на новата детска градинка, со сместувачки капацитет од приближно 120 дечиња и најсовремени услови за истите. Успеавме да ги прошириме капацитетите на градинката Детелинка за 100 нови дечиња. Ја отворивме новата градинка Сонце со капацитет од 200 дечиња, што го ставивме во фокус силно предучилишното образование и развојот и потребата за нови капацитети за сместување во градинките.Во градинката Пампурче го отворивме и првиот сензорен центар за деца во Република Македонија.Создаваме подобри услови за сите ученици во сите училишта на територијата на општина Ѓорче Петров.За прв пат се гради спортска сала во подрачното училиште во населбата ХромА направивме и доградба на две училишта едното во Ново Село и во Хром со којшто овозможивме подобри услови за следење на наставата и максимално останавме посветени на нашиот фокус за едносменско работење во сите училишта во Ѓорче Петров.Во Ѓорче Петров се гради и првиот социјален клуб во земјата наменет за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар.Пред една година ја отворивме и новата општинска зграда што значи конечно централизирани услуги и подостапен систем за граѓаните на едно место.Решаваме комунални проблеми на цела територија на општината Ѓорче Петров, го решивме и деценискиот проблем со водоснабдувањето на село Кучково и изградивме целосно нов систем на водоснабдување.Кучково доби и партерно уредување и нов рекреативен центар кој претставува убавина не само за Ѓорче, туку и за жителите на градот Скопје.Населените места во Ѓорче Петров интензивно добиваат нови фекални канализациони мрежи и амтосферски канализациони мрежи.Големиот проект за реконструкција на улицата Радушка опфати поставување на 2400 метри нова канализациона, фекална и атмосферска мрежа, а во завршна фаза изведба на последната трета фаза од реконструкција на коловозот со што Ѓорче Петров ќе добие нова улица како главна артерија во срцето на општината.Поставена е и нова атмосферска канализација на улиците Манчу Матак и Волковска.А со проектот „Ѓорче Петров без кал“, само засега опфативме над 80 улици во Ѓорче Петров, што означува и најголем инвестициски циклус во историјата на општината“, изјави Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров.

Скопје | пред 1 година

postavuvanje-stolbcnja

Општина Ѓорче Петров ги засилува безбедносните мерки во сообраќајот: поставени нови столбчиња и пешачки премини, следуваат успорувачи на брзина пред училиштата и градинките

Општина Ѓорче Петров продолжува со сериозни напори за зголемување на безбедноста во сообраќајот, особено на критични точки во населените места. Во изминатите денови, општината постави безбедносни столбчиња на најризичните локации во населбата, со цел да се намали опасноста од несреќи, како и да се подобри протокот на возила и пешаци.Овие столбчиња имаат за цел да го спречат нелегалното паркирање на возила и да создадат безбедна зона за пешаците, посебно на оние места каде што има интензивен сообраќај.Во исто време, се изврши и бележење на пешачките премини на повеќе локации низ општината, што е од особена важност за безбедноста на пешаците, особено на местата каде што децата, учениците и родителите се најчесто присутни. Одбележувањето на овие премини ја зголемува видливоста и ја намалува можноста за несреќи со возила, велат од општина Ѓорче Петров.Во наредните денови, општината ќе продолжи со уште една значајна мерка – поставување на т.н. „легнати полицајци“ или успорувачи на брзина на локации со голема фреквенција на луѓе. Овие т.н.„легнати полицајци“ ќе бидат поставени пред училиштата, градинките и на други фреквентни локации во општината.Оваа мерка има за цел да го намали брзото возење и да обезбеди поголема безбедност за најмладите и сите граѓани кои се движат низ овие делови од населбата.Општина Ѓорче Петров во континуитет работи на подобрување на инфраструктурата и безбедноста на своите жители, вложувајќи во мерки кои ќе ја зголемат сигурноста на сите учесници во сообраќајот. Овие нови мерки се само дел од пошироките напори за создавање на побезбедни и поудобни услови за живеење.Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат новите сообраќајни правила и да се грижат за својата безбедност и безбедноста на другите, се додава во соопштението на општина Ѓорче Петров.

Скопје | пред 1 година

senzoren-centar-3

Практична настава за студенти во првиот сензорен центар во Македонија – реализиран во Ѓорче Петров

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, заедно со стручни лица од повеќе области, денеска во градинката „Росица“ – објект Пампурче го посетија првиот сензорен центар во Македонија, кој беше отворен пред само неколку месеци и веќе бележи значајни успеси во своето работење.Овој сензорен центар, кој е прв од ваков вид во земјата, служи како практична база за студентите од 3 и 4 година на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет. Под менторство на проф. д-р Оливера Рашиќ Цаневска, студентите секој вторник работат директно со дечињата со пречки во развојот, помагајќи во нивната рехабилитација и интеграција во образовниот процес.Преку оваа програма, децата добиваат континуирана поддршка, а резултатите се веќе видливи – подобрувања во состојбата и напредок кај децата кои ја користат услугата на центарот, велат од Општината.Градоначалникот Стојкоски изрази задоволство од успешната реализација на овој проект, истакнувајќи ја важноста на ваквите иницијативи за унапредување на образованието и грижата за најмладите.„Сензорниот центар претставува пример за нашата посветеност кон создавање подобри услови за развој на децата со специфични потреби. Продолжуваме со планови за отворање на вакви капацитети и во други објекти во иднина,“ изјави Стојкоски.Општина Ѓорче Петров е лидер во создавање иновативни решенија за најмладите, вложувајќи во подобрување на условите во градинките и поддршка за родителите и наставниот кадар. Сензорниот центар е доказ за оваа посветеност и претставува голем чекор напред кон обезбедување квалитетна грижа и едукација за сите деца.Овој проект е симбол на грижата за иднината на најмладите жители и пример како заедницата може да се обедини за доброто на сите, се додава во соопштението на општината.

Скопје | пред 1 година

posumuvanje-Kuckovo

𝟦𝟢.𝟢𝟢𝟢 нови садници засадени за зелено Ѓорче

Општина Ѓорче Петров денеска спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години. Во акцијата учествуваа екипи на ЈП „Македонски шуми“, општинската администрација, раководството на компанијата Адинг и градоначалникот на општината Александар Стојкоски.На површина од 20 хектари беа засадени 40.000 садници од црн бор, чемпрес и јасен, со што се поставува основа за враќање на природната вегетација и заштита на биодиверзитетот, извести општината.Градоначалникот Александар Стојкоски изјави дека оваа акција е дел од поголемите заложби на општината за одржлив развој и грижа за животната средина:„Пошумувањето не е само обврска, туку инвестиција во иднината на нашата заедница. Благодарност до сите кои се вклучија и покажаа дека заедно можеме да постигнеме големи резултати.“„Опожарените површини во атарот на Кучково, кои со години беа еколошки проблем, сега добиваат нов живот благодарение на заедничкиот ангажман на локалните власти, институциите и приватниот сектор.Оваа акција е доказ за тоа како преку соработка може да се постигне значителна промена во насока на зачувување и обновување на природата. Општина Ѓорче Петров ќе продолжи со вакви иницијативи, кои имаат за цел да го направат регионот позелено и поздраво место за живеење“, додаваат од општината.

Скопје | пред 1 година

gjorce-oprema-3

Спортска опрема за секое училиште – нова ера за младите во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров е една од двете скопски општини вклучени во пилот проект на Македонскиот олимписки комитет (МОК) за поддршка на училишниот спорт. Во рамки на оваа иницијатива, МОК донирше спортска опрема на училиштата со цел да ги поттикне младите кон физичка активност и здрав живот.Со новата опрема, учениците ќе можат да учествуваат и да уживаат во различни спортски активности, како фудбал, кошарка, ракомет и одбојка, во значително подобрени услови. Оваа иницијатива е насочена кон поттикнување на младите да ги развиваат своите спортски таленти и да создаваат здрави навики.На настанот, кој се одржа во соработка со МОК, беше организирана и обука за наставниците по физичко образование со цел унапредување на наставните спортски активности. Дополнително, планирано е одржување централен спортски настан за наставниците и учениците, што ќе ја зацврсти оваа плодна соработка.„Оваа донација е само почеток на серија активности со кои сакаме да го подигнеме нивото на спортот и физичката активност во општината. Младите се нашата иднина, а нивниот развој и здравје се наш врвен приоритет. Можеби следниот олимпиец ќе потекнува токму од Ѓорче Петров!“, изјави градоначалникот Александар Стојкоски.Покрај донациите, проектот опфаќа и едукативни активности за наставниците, со цел унапредување на спортските програми и организација на заеднички спортски настани.

Скопје | пред 1 година

IMG_8388

Четвртооделенците од ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во посета на општина Ѓорче Петров – Практично запознавање со работата на локалната самоуправа и градоначалникот

Во рамки на наставниот предмет Историја и општество, учениците од четврто одделение при ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ денес ја посетија Општина Ѓорче Петров. Заедно со градоначалникот Александар Стојкоски, учениците како „општински советници“ на интерактивен начин, преку симулација на општинска седница, научија како се дискутираат и усвојуваат предлози за различни проекти.Малите „советници“ учествуваа во дебата, поставувајќи интересни прашања како: „Кој одлучува за изградба на нови паркови и игралишта?“ и „Како се избира што е најважно за граѓаните?“. Градоначалникот ги охрабри да размислуваат како вистински советници, објаснувајќи им ги чекорите од идеја до реализација, со посебен акцент на тимската работа и важноста на мислењето на граѓаните.„Вработените од различни одделенија во Општината ги запознаа децата со нивната работа. Учениците беа поделени во помали групи и посетија одделенија како урбанизам, финансии и служби за јавни услуги. Таму добија можност да видат како се водат проекти, како се комуницира со граѓаните и како се обезбедуваат важни услуги за општината.Покрај учењето, атмосферата беше исполнета со искрени насмевки, ведрина и енергија. Децата внесоа посебна топлина во општинската зграда, а нивната љубопитност и ентузијазам беа инспирација за сите.На крајот, учениците добија задача да предложат сопствена идеја за подобрување на нивната населба. Оваа активност не само што им овозможи да ја разберат улогата на локалната власт, туку и ги поттикна да размислуваат креативно и критички за својата заедница.Општина Ѓорче Петров со радост ќе продолжи да поддржува вакви иницијативи, кои ја инспирираат идната генерација да биде активен и одговорен дел од општеството“, соопшти општината Ѓорче Петров.

Скопје | пред 1 година

igralista-gorce

Општина Ѓорче Петров продолжува со инвестиции во спортот, Стојкоски порача: Младите се нашиот приоритет

Општина Ѓорче Петров, продолжува со инвестиции во спортот и младите генерации. По долг период, општината повторно се развива, инвестира и обновува, со јасна стратегија за создавање современи спортски објекти кои ќе го поттикнат здравиот и активен живот на најмладите. Во рамките на оваа визија, неодамна беше завршена реконструкцијата на спортскиот терен во ООУ „Димитар Поп Георгиев - Беровски“, каде што е поставена нова тартан подлога на површина од 650 м², известуваат од општината.Во таа насока, градоначалникот Александар Стојкоски порача:„Младите се нашиот приоритет! Општината не ги заборава – вложуваме во нивната иднина со модерни, безбедни и инспиративни простори каде ќе растат, ќе учат и ќе се забавуваат. Ѓорче Петров ја гради иднината на спортот, а со тоа ја гради и иднината на нашите деца“.Дополнително, општината реализираше и други значајни проекти од ваков карактер, вклучувајќи: Реконструкција на спортските терени во населбата Даме Груев со нова тартан подлога; Реновирање на спортскиот комплекс „Бранители“ во Волково со 1.500 м² нова подлога; Поставување вештачка тревна подлога во ООУ „Димитар Поп Георгиев - Беровски“; Изградба на нов фудбалски терен кај стадионот во Ѓорче Петров.Во претстојниот период, општината ќе започне со поставување на вештачка тревна подлога во училиштата „Страшо Пинџур“ и „Мирче Ацев“, дополнително подобрувајќи ги спортските услови, додаваат од општина Ѓорче Петров.

Скопје | пред 1 година

MCR2030

Општината Ѓорче Петров се приклучи кон глобалната иницијатива за отпорност

Општина Ѓорче Петров и Република Македонија оваа година го прават првиот чекор кон приклучување кон глобалната иницијатива „Да ги направиме градовите отпорни 2030“ (MCR2030). Овој потег претставува значаен чекор кон развој на локалниот капацитет за управување со ризици и подобрување на отпорноста на заедниците пред природни катастрофи, со цел осигурување на безбедноста и благосостојбата на сите граѓани.Локалната самоуправа на Ѓорче Петров, во соработка со UNDRR и Центарот за Управување со Кризи, има уникатна можност да работи на зајакнување на инфраструктурата и подобрување на свеста за ризиците кои ги носат природните катастрофи. Преку техничка поддршка и пополнување на Картата за резултати за отпорност на катастрофи, Ѓорче Петров прави чекори кон создавање на подобро координирана и поодржлива заедница.„Процесот на проценка на отпорноста е само почеток,“ истакна градоначалникот Стојкоски, нагласувајќи дека целта е градење политики и стратегии кои не само што ќе бидат локално адаптирани, туку и усогласени со глобалната Рамка за намалување на ризикот од катастрофи. Со своите партнери, општина Ѓорче Петров останува посветена на вложувањето во капацитетите на своите заедници, правејќи ги поотпорни и способни да се адаптираат и опоравуваат по секоја катастрофа.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Ѓорче Петров добива нов модерен спортски терен во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“

Општина Ѓорче Петров ја стартуваше следната серија реконструкција на спортски терени, овојпат на фудбалското игралиште во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, кое сега ќе добие нова тартан подлога, која ќе овозможи уште подобри услови за спорт и рекреација на учениците.„Во дворот на ова училиште изградивме и целосно ново школско фудбалско игралиште со нова подлога од вештачка трева, по сите современи стандарди за училишен и рекреативен спорт. Истото, партерно го уредивме со што го заокруживме процесот на негова изградба.Продолжуваме со интензивна реконструкција на игралиштата и веќе во наредниот период ќе започнеме со обновување на игралиштата во ООУ „Мирче Ацев“ и ООУ „Страшо Пинџур“.Во рекордно време успеавме да обновиме неколку игралишта, а ова е само почеток. Наша цел е да ги подобриме условите за сите ученици и да обезбедиме простор за спорт, активен живот и здравје“, соопшти општината.

Скопје | пред 1 година

gradinka-gjorce-2

Поставен камен-темелник на нова детска градинка во општина Ѓорче Петров

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и заменик-министерот Ѓоко Велковски денеска присуствуваа на поставување камен-темелник на објектот кој е предвиден да биде нова детска градинка по најсовремени стандарди на локација во Стопански Двор.Обезбедена е нова локација на која предвидена е изградба на објект со капацитет од над 100 деца на површина од 415 м2 на приземје и 483 м2 на прв кат.-Ова ќе биде уште еден реализиран проект од мојата предизборна програма. Ветив пред граѓаните решавање на проблемот со недостиг на капацитети за упис на деца во градинките и токму тоа го остваруваме. Насочени сме кон целосна елиминација на списоците на деца кои чекаат за упси во детските градинки во Ѓорче Петров – изјави градоначалникот Стојкоски.Дечињата на возраст од 0 до 2 години ќе бидат сместени во две групи на приземјето на градинката. Првиот кат е предвиден за поголемите дечиња кои дневните програми ќе ги поминуваат во 4 занимални, односно вкупно 6 занимални заедно со јаслите, поделени на два ката. Објектот кој ќе биде граден по најмодерни стандарди ќе опфаќа заедничка занимална, повеќенаменски простор, просторија за изолација и просторија за индивидуална работа, гардеробер, кујна, санитарни простории и отворена занимална.Општина Ѓорче Петров е место кое е се повеќе од интерес на младите кои решаваат семејниот живот да го започнат токму тука. Поради таа причина, особено внимание обрнавме новата градинка да има места за најмладите наши жители.Изградбата на новата детска градинка во Стопански Двор е инвестиција на Владата во вредност од 60 милиони денари.Во меѓувреме, инвестиравме и во други нови капацитети за предучилишна возраст. Новоотворената градинка „Сонце“ во Волково е доказ дека работиме во насока на згрижување на сите дечиња по светски стандарди и на внимателно одбрани локации, предвидени за објеки за најмладите.Ја проширивме и градинката „Детелинка“ со две нови простории во кои згриживме 150 деца.Во план е изградба на нова детска градинка и во Дексион, како и проширување на постоечките капацитети на градинките во Ѓорче Петров.

Скопје | пред 1 година

Kuckovo-opsto

OCR SKOPJE 2024: Предизвик на сила, издржливост и волја во Кучково, општина Ѓорче Петров

Вчера на 27.10.2024 год. во Кучково, Општина Ѓорче Петров, се одржа OCR SKOPJE 2024 – натпревар што ги собра најхрабрите спортисти и ентузијасти, подготвени да го тестираат својот дух и издржливост на една од најпредизвикувачките патеки во регионот.Трката, долга 13.5км, беше исполнета со разновидни природни препреки – од стрмнини и ридови до технички секции со вода, кал и високи препреки, кои претставуваа вистински тест на сила и издржливост за секој учесник.Со време од 1 час, 9 минути и 38 секунди, првиот натпреварувач ги совлада сите препреки, додека најдобрата натпреварувачка во женската категорија заврши за 1 час, 18 минути и 40 секунди, што предизвика воодушевување кај присутните.Резултати: Мажи 1 место - Борче Христов 2 место - Сашо Јовевски 3 место - Иван РадевЖени 1 место - Елисавета Димовска 2 место - Вера Радева 3 место - Душица ЈанковиќТимови 1 место - „Фит Макс“ 2 место - „Тигри“ 3 место - „Спарта“OCR SKOPJE 2024 беше повеќе од обична трка – тоа беше вистински тест на издржливост, сила и волја, кој инспирираше и покажа дека со посветеност и силен дух може да се надмине секоја препрека. Атмосферата беше дополнително збогатена со музика и поддршка од навивачите, што донесе посебна енергија и ги мотивираше сите натпреварувачи.Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна дека со гордост ја поддржуваат оваа спортска иницијатива, посочувајќи ја важноста на ваквите настани за развојот на спортската култура и за зајакнување на заедничкиот дух. Стојкоски додаде дека Општина Ѓорче Петров со нетрпение го очекува OCR SKOPJE и следната година, со уште повеќе учесници и нови спортски победи.

Спорт | пред 1 година

ulici-gorce-petrov-2

Инфраструктурна револуција: Ѓорче без кал се остварува, велат од општината

Општина Ѓорче Петров успешно реализира уште една започната реконструкција со вкупно нови 5,322 квадратни метри коловоз.Во рамки на проектот, завршени се следните инфраструктурни чекори:- Улицата „Исаија Мажовски“ (Хром): 3,122 квадратни метри нов коловоз,- Улици во Стопански Двор и Волково: 2,300 квадратни метри нови улици, вклучувајќи:- Улица 51 (Стопански Двор)- Улица 31 (Волково)- Улица 49 (Волково)„Со завршувањето на овие проекти, значително го подобруваме квалитетот на животот на нашите граѓани и ја зголемуваме безбедноста во сообраќајот“, изјави градоначалникот Александар Стојкоски.Започнати се работите и на пешачката улица во населба Александрија, а во Волково се поставува нова канализациона мрежа на улица „35“, што ќе обезбеди подобри услови за живот.„Со секој нов асфалтиран метар, работиме за побезбедна и подобра иднина за сите нас“, додаде Стојкоски.Овие проекти не само што ја подобруваат инфраструктурата, туку и квалитетот на животот во нашата заедница. Заедно, создаваме современо и урбано Ѓорче Петров, додаваат од општината.

Скопје | пред 1 година

256662647_2961428070792314_3001050174639670223_n

Граѓаните на општина Ѓорче Петров вклучени во креирањето на буџетот на нивната општина

Општина Ѓорче Петров повторно ги вклучува граѓаните во изготвување на буџетот. Како и минатите две години, жителите на оваа општина повторно ќе имаат можност да учествуваат во креирање на буџетската каса за 2025 година.-Целта е сите заедно да ги испланираме и реализираме приоритетите кои ќе ја направат нашата општина подобро место за живеење. Мислењето на граѓаните е особено важно – соопштуваат од Општината.Во периодот што следува, граѓаните ќе имаат можност преку прашалник на следниот линк да го споделат своето мислење.Оваа активност е веќе воспоставена пракса во Општина Ѓорче Петров. И изминатите две години, односно од почетокот на мандатот на градоначалникот Александар Стојкоски, граѓаните на повеќе начини активно учествуваат со свои идеи, предлози и сугестии во изготвување на буџетот за следната година.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања