Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

охрид

media-libraryfh1m46aq1utv1cM3bzJ

Свеченост по повод 11 Октомври

Во пресрет на 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ во втората светска војна, денеска во Општина Охрид се одржа пригодна свеченост во чест на големиот празник. Пред присутните свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.‎‎– Народоносолободителната борба претставува симбол на непокорот, достоинството и вековната борба за мир и правдина. Преку пожртвуваноста на нашите херои се изгради темелот на македонската државност и идентитет.‎Револуционерната борба на Македонскиот народ е доказ дека слободата не се подарува, таа се заслужува преку единство, визија и храброст.‎11-ти октомври е жива меморија, тој ја претставува свесноста и сплотеноста на една  генерација која избрала да не молчи, со решителност, поголема од стравот и со силна идеја, посветла од темнината на ропството.‎Охрид и Дебрца дале многу храбри луѓе за оваа слобода која ја живееме денес. Тоа не се само имиња на споменици, тоа се нашите предци, нашите роднини, соседи и пријатели, чии животи се вткаeни во слободна Македонија. Нивната жртва е темелот врз кој е изградена нашата држава.‎Денес ја имаме честа да им оддадеме достојна почит, но не само со зборови, туку и со ветување дека нивната борба нема да биде заборавена и дека ќе го чуваме нивното големо дело како аманет за идните поколенија.‎Почитувани, Слободата која ја имаме денес не е само привилегија, таа е наша одговорност, па затоа треба да ја вредуваме со знаење, љубов и решителност. Да продолжиме да бидеме свои на своето и горди на се што е македонско! Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на народното востание! Нека живее нашиот Охрид, нека живее Македонија, слободна, достоинствена и сплотена!, истакна Пецаков во своето обраќање.‎‎Во името на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, пред присутните се обрати претседателот на организацијата Гоце Георгиески.‎‎Програмата беше збогатена со културно уметничка програма во која учествуваа Андријана Билаловиќ – Тодороска со изведба на делови од „Пиреј“ на Петре М. Андреески, академските музичари Мила Тренеска и Билјана Буџакоска и членовите на КУД  “Гердан од бисери“.

ОО | пред 2 месеци

media-library4j1aann6vpdb8JWRtLF

Одржана 63-та, последна седница на Советот на Општина Охрид во овој мандат

Денеска се одржа 63-тата свечена седница на Советот на Општина Охрид, со што официјално беше заокружен мандатот на актуелниот советнички состав.‎‎Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков изрази задоволство од соработката со Советот, нагласувајќи дека заеднички биле донесени многу значајни одлуки во интерес на општината и нејзините граѓани. Тој им се заблагодари на сите советници за нивниот ангажман и посветеност.‎‎Зборувајќи пред присутните, благодарност за досегашната соработка искажаа и претседателот на Советот, Перчо Божиновски, како и координаторот на советничката група на опозицијата, Живка Ангелеска.

ОО | пред 2 месеци

media-libraryrt4i2s6brcib99d1oFa

Апел до граѓаните за почитување на законските обврски за чистење на оџаците

Денеска во просториите на Општина Охрид се одржа состанок посветен на спроведувањето на законските обврски за редовно чистење на оџаците во индивидуални и колективни станбени објекти.На состанокот присуствуваа претставници од Одделението за животна средина, Одделението за заштита и спасување и  управување со кризи,  Инспекторатот при Општина Охрид, како и претставници на Територијалната противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи од Охрид. Поканети беа претставници на агенциите кои управуваат со станбени згради и претставници на месните и урбаните заедници.Присутните разговараа за значењето на редовното чистење на оџаците како законска обврска, но и како клучна мерка за заштита на животната средина преку спречување на дополнително загадување на воздухот. Беше истакната и важноста на оваа активност како превентивна мерка за заштита од пожари, особено во зимскиот период кога ризикот од настанување на пожари поради неисчистени оџаци е значително зголемен.Општина Охрид ги повикува сите граѓани и управувачи на станбени објекти да постапат согласно законските обврски и навремено да преземат мерки за чистење на оџаците, со цел зголемување на безбедноста и заштита на животната средина.

ОО | пред 2 месеци

markica

Свикана 63-та свечена седница на Советот на Општина Охрид

Ве известуваме дека на ден  09.10.2025 година  (четврток) со почеток во  09.00 часот ќе се одржи 63-та свечена седница на Советот на општина Охрид.СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИДПретседателПерчо БожиновскиБр. 08-13782/106.10.2025 година

ОО | пред 2 месеци

media-library7q5t479lk51scbtA6nt

Словачката амбасадорка Хрицова во посета на Општина Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска во својот кабинет  ја прими новоименуваната амбасадорка на Република Словачка во државава,  Ивета Хрицова.Соговорниците ги разгледуваа можностите за  потпишување Меморандум за соработка  помеѓу  Охрид и Нитра,градовите од Македонија и Словачка  кои  ги обединува наследството на Светите браќа Кирил и Методиј, а имаат и приближно ист број на жители и изобилие од културни знаменитости. Се разговараше и за учество на словачки уметници и словачка ноќ на најпрестижната културна манифестација кај нас, фестивалот Охридско Лето. Беа разменети мислења и за актуелните политиччки случувања во земјава и регионов.Словачка е силен и искрен поддржувач на евроинтеграцискиот пат на  Македонија. Македонската амбасада во  словачкиот град Братислава  е отворена во  2021 година и е  важен придонес за унапредување на билатералното партнерство помеѓу двете држави.

ОО | пред 2 месеци

media-library1unblo68fd5m4dD2qoL

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз  на Македонија, д-р Венко Филипче на граѓанската трибина во Охрид, порача дека оваа општина заслужува посветена, чесна и одговорна локална власт, со Охрид повторно ќе биде бисер на Македонија.„Сега имаме можност заедно да го направиме Охрид повторно бисер на Македонија. За нас и за нашите поколенија. Сега е време за промени во Охрид, време е општината да добие градоначалник како д-р Шајн”, порача д-р Филипче.Лидерот на СДСМ го претстави кандидатот за градоначалник, д-р Асен Шајн, како човек со визија, искуство и посветеност кој ќе ги заврши проектите, ќе го врати редот и ќе се грижи за охриѓани со чесност и посветеност.„Тој е тука за да го врати редот, да ги заврши проектите и да го врати Охрид на граѓаните. Асен е вреден човек, чесен човек. Човек кој ќе работи во интерес на Охриѓани и ќе се грижи за нив исто како што се грижи за нивното здравје. Кај него нема ароганција, нема непристапност, тој ќе биде човек на народот”, посочи д-р Филипче.Тој се осврна на моменталната состојба во општина Охрид, посочувајќи дека реалноста покажува сериозни проблеми: непланско ширење на градот, зголемени цени на јавни услуги, недовршени капитални проекти и сообраќаен хаос, што го намалува квалитетот на животот на охриѓани.„Охрид стана симбол на урбанистички хаос, со рекорден број дозволи за градба и недовршени проекти како плоштадот „Крушевска Република“, велосипедската патека до Св. Стефан и катната гаража. Локалната власт е фокусирана на фамилијарни вработувања и тендери, додека граѓаните се соочуваат со секојдневни проблеми“, нагласи Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”.На крајот од своето обраќање лидерот на СДСМ повика граѓаните на 19-ти октомври да излезат и да гласаат за бројот 5 и за кандидатската листа на СДСМ, за да се овозможи враќање на довербата, редот и развојот во Охрид.

Македонија | пред 2 месеци

markica-1

„Културата расте со децата – за сите деца“ се сели во Ohrid Mall

Проектот на Општина Охрид „Културата расте со децата – За сите деца“ од месец Октомври до месец мај ќе се реализира во Ohrid mall.Почетокот на театарските претстави и останати културни содржини за деца е најавен за 19:00 часот.Станува збор за настан кој се реализира втора година по ред и е дел од програмата за култура на Општина Охрид.

ОО | пред 2 месеци

information

Утре затворен за сообраќај дел од ул. „Димитар Влахов“

Поради неодложни активности кои се однесуваат  на фекалната канализација,  утре – 27. 09 2025г.  дел од улицата „Димитар Влахов“ од пред зградата на Општина Охрид до пресекот со улица „Македонски Просветители“ ќе биде затворена за сообраќај.Се замолуваат охриѓани да ги почитуваат времените сообраќајни правила и мерки. Градежните активности ќе ги реализираат надлежните служби на ЈП „Нискоградба“.

ОО | пред 2 месеци

B9C0CB28-3AE1-4302-8A4F-CE2D67BC22E5_1_105_c

Ученик на пракса паднал од 7 метри на градилиште во Охрид, кривична за сопственикот на фирмата

Ученик на пракса во охридска фирма заврши во болница откако паднал од седум метри височина на градилиште во населбата Бејбунар – сопственикот на фирмата се соочува со кривична пријава за повреда на работничките права и непреземање мерки за заштита при работа, соопшти МВР.-СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и сопственикот П.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „непреземање мерки за заштита при работа“. П.С. како сопственик на правното лице, не се придржувал кон Законот за засновање и престанок на работниот однос кон малолетник-ученик од Охрид, кој изведувал пракса во правното лице, не се придржувал кон Законот и колективниот договор за мерките за заштита при работа, односно не му обезбедил заштита при извршување на работните ангажмани на практикантот, поради што малолетникот паднал од околу седум метри висина на објект во изградба во охридската населба Бејбунар, вела од МВР.

Охрид | пред 2 месеци

media-library3islrm5r51m6dNWc749

Нов асфалт на „Дејан Војвода“, „Сатеска“ и „Петар Поп Арсов“

Со финансиска поддршка на Општина Охрид , денеска се асфалтираа околу 1 700 м2 од улица „Дејан Војвода“.Во текот на утрешниот ден нов асфалт ќе биде поставен и на делови од улиците „Сатеска“ и „Петар поп Арсов“.Овие активности се дел од годишната програма за уредување на градежно земјиште на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид.

ОО | пред 2 месеци

media-libraryi3j76dbstu712eMyYLs

Нов асфалт на неколку улици во градов

Согласно годишната програма за уредување на градежно земјиште на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, деновиве  се работи на неколку локации во градов .Нов асфалт е поставен на  крак  од улицата „Гоце Делчев“ со површина од околу  1 600м2.Надлежните служби на општината работат и во населба Воска, се асфалтираат три краци од улицата „Васил Стевоски“.

ОО | пред 2 месеци

brza-pomos-nokje-3

Обид за убиство во Охрид: 19-годишен охриѓанец со нож нападнал врсник во центарот на градот

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 19-годишниот И.А. од Охрид поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“.Според МВР, настанот се случил на 14 септември 2025 година, околу 05:10 часот, во продажен објект на улицата „Партизанска“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот. Пријавениот со нож го нападнал 20-годишниот Х.С. од Охрид.Напаѓачот веднаш бил лишен од слобода, а повредениот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му била укажана лекарска помош.

Охрид | пред 2 месеци

markica

Свикана шеесет и втората седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ шеесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 29.09.2025 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н   Р Е ДУсвојување на Записникот од 61-та седницаПредлог-oдлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на СОСУ„Св.Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на СОСУ„Св.Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на OЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.Предлог-одлука за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Министерство за економија и труд – Државен инспекторат за труд.Предлог-одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр.4266/1 КО Охрид 4 и Кп.бр.4265/1 КО Охрид 4.Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025 – 2027.Предлог-одлука за определување на крајбрежен појас на водотек река Сушица опфатена во Деталниот урбанистички план за УЗ 11, УБ 11.5 општина Охрид.Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација во ЛУПД за ГП бр.1 со основна класа на намена А4 – градби за времено сместување на КП.бр.2751/4 и КП.бр.2751/5 и други во КО Коњско, Општина Охрид.Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 1.5 и ГП 1.6 од ДУП Урбана Заедница 9, Урбан Блок 9.2 – Охрид, Општина Охрид.Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 1.7 во УПВНМ на дел од Туристички локалитет Горица – Св.Стефан – Метропол, опфат 3, плански период 2010 – 2020, општина Охрид.ОПШТИНА ОХРИДЛОКАЛНА САМОУПРАВАБрој 08-22.09.2025 год.О х р и д

ОО | пред 2 месеци

media-libraryliotdg3sl70289yPNKS

Известување!

Започнаа градежните активности за партерно уредување на ул. „Цар Самоил“. Се преуредуваат камењата од клдрмата по целата должина. Се замолуваат пешаците и останатите учесници во сообраќајот да бидат внимателни при движење и да ги почитуваат пропишаните сообраќајни правила.

ОО | пред 2 месеци

media-libraryhccfeejfpgff8VETTzY

Дводневен симпозиум за медитеранска и теоретска археологија

Синоќа во куќата на Робевци, беше отворен првиот „Меѓународен симпозиум за Медитеранска  и теоретска аррхеологија – ЛИХНИДА“. Дводневниот научен собир е во организација на повеќе институции од Македонија и универзитетот Хамболд од Соединетите Американски Држави. На свеченото отворање се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.– Исклучителна е честа денес да се биде во ваква академска средина, во градот кој е вечна инспирација, посебно за археологијата. Искрени честитки за организаторите, кои по повод Европските деноови на наследство 2025, упеаја да го организираат првиот „Меѓународен симпозиум за Медитеранска и теоретска археолигија –Лихнида“.Годинава се навршуваат 45 години кога меѓународната стручна јавност ги препознала уникатните вредности на Охрид и го ставила на листата на УНЕСКО како светско природно и културно наследство. Тоа е голема чест, но и голема одговорност во пристапот и заштитата на вековното природно и културно богатство.Почитувани, верувам дека во наредните два дена со вашите презентации, научни согледувања и идеи, ќе ни помогнете да изградиме уште посилен институционален механизам и пристап во археолошката наука, а со тоа и во значителна мера во заштитата на богатото културно наследство со кое изобилува Охрид и Македонија – истакна Пецаков.Директорот на симпозиумот проф. д-р Љубен Тевдовски потсетувајќи дека Охрид е симбол за материјалното и духовното наследство на македонскиот народ, но и значајна точка, вруток на европската, медитеранската и светска цивилизација, истакна:– Денес се инспирираме и ја пресоздаваме нашата милениумска Охридска и македонска традиција. Нашиот македонски, европски, медитерански и светски  бисер на археолошко и културно наследство Охрид, денес се трансформира пред нашите очи во модерен центар за фундаметални анализи и методолошка строгост. Нова значајна точка на постојани средби на медитеранските археолози посветени на обновувањето и постојано преосмислување на археологијата како научна дисциплина, развојот на нова свест за недореченостите и заблудите во науката и општеството, обезбедувањето нови пристапи во проучувањето и разбирањето на нашето заедничко минато и соочувањето со медитеранските и глобалните предизвици до денешноста и иднината.Дозволете ми да ви честитам за основањето на новата меѓународна институција која го продолжува милениумскиот дух на Градот на светлината и повеќедецениската благородна мисија на УНЕСКО. Во таа смисла, „Меѓународниот симпозиум за теретска и медитеранска архологија Лихнида“, е израз нашата заедничка посветеност на долгорочна промоција на мирот, културното разбирање и заштитата на заедничкото наследство на човештвото.Во продолжение на вечерта, се одржа пред промоција на книгата “Етиката во археолошката практика“ од проф. д-р Пол Белфорд и проф. д-р Гери Вејт, која својата светска промоција ќе ја има на Келог колеџот на универзитетот во Оксфорд.На дводневниот симпозиум учествуваат повеќе од 40 еминенти научници и археолози и од земјава и странство.

ОО | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања