Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

охрид

ZivkoCingo08132025016

„Вечер на Живко Чинго“ 2025

Синоќа во с. Велгошти се одржа  културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.  По традиција беше врачена истоимената награда  на авторката   Дијана Петрова  чиј расказ „Мизанабим”  беше избран за најдобар  по претходно распишан Конкурс на Општина Охрид.За значаењето на манифестацијата „Живко Чинго“ обраќање имаше  Ана Крстеска, заменик градоначалник на Охрид .– Во затишјето на ноќва во атарот  на нашево убаво  Велгошти се  собравме да оддадеме почит на делото на најголемиот раскажувач на сите времиња,  Живко Чинго кој по Климент Охридски и Григор Прличев веројатно е третата по значај културна личност од  Охрид и Македонија. Има ли Македонец кој не знае за  чудесната „Пасквелија“, која одново и одново не собира секоја година тука во родното село на великиот Чинго за да му оддадеме должна почит  за секој напишан збор, расказ или роман од неговата рака. Преку манифестацијата “Вечер на Живко Чинго“, ја покажуваме  нашата вековна  определба  делото на големиот раскажувач и  книжевник, засекогаш да биде запаметено во колективната меморија на Охрид и Македонија. Со вечерашново чествување, исполнуваме само мал дел од обврската кон сите великани кои оставиле културен и цивилизациски белег во милениумската историја на Охрид и Македонија, а Живко Чинго е во самиот врв.  На конкурсот за најдобар расказ што  во чест  на Живко Чинго секоја година го распишува Општина Охрид расте конкуренцијата и во бројот на пристигнати раскази и во литературниот израз, што покажува дека  неговиот лик и дело се слават  на најсоодветен начин. Секоја година се раѓа некоја “нова  Пасквелија“ напишана од перото на некој млад Чинго што е доволна потврда за почитта што ние како народ ја одааваме кон него.Годинава расказот „Мизенабим” по квалитет и раскажувачка моќ веројатно е „годинешната  Пасквелија“, а  авторката Дијана Петрова според книжевните вештини е младиот Чинго. Токму нејзе од срце и честитам за добиената награда  посакувајќи и идни книжевни успеси и достоигнувања, а вас почитувани ве замоолувам и во иднина да го почитувате, читате  и негувате делото на Живко Чинго најголемиот раскажувач на сите времиња- подвлече КрстескаНаградениот расказ се одликува со извонредна техника на раскажување што се засновува врз едно очигледно длабоко и темелно познавање на високите врвови на светската проза и на теоријата на прозата и притоа не изостанува авторската умешност лесно да ги хармонизира пристапите на некои великани со неговото лично авторско проседе.Дијана Петрова е добитник на бројни награди и признанија.На манифестацијата беше промовирана и книгата „Наградата Живко Чинго од востановувањето  до денес“ од м-р Милчо Јованоски.Беседа за Живко Чинго одржа проф. д-р Кристина Николовска. 

ОО | пред 3 месеци

PressOWF08142015002

Во сабота започнува третото издание на Ohrid Water Festival.

Денес на прес конференција беше најавено третото издание на Ohrid Water Festival, манифестација која ги обединува спортот и езерото. Градоначалникот Кирил Пецаков, претставувајќи ја програмата, истакна дека фестивалот со претходните две изданија   ги оправда очекувањата во однос на промоција на потенцијалите на Охридското Езеро и водените спортови во комбинација  со  културната програма.– Годинава фестивалот започнува на 16-ти август на пладне со  Ревијалниот ватреполо турнир што ќе се одржи пред хотел Александрија, а попладнето на Старото пристаниште ќе се одржи Red Вull Педалинка. Наредниот ден на базенот „Атина Бојаџи“ ќе биде пливачкиот митинг. Од 18-ти до 21-ви август на плажата К’ј Дивоно ќе се организира Меѓународниот едриличарски тренинг камп, а на 22-ри и 23 ти август ќе се одржи Меѓународната едриличараска регата. За 24-ти  август се предвидени Спортскиот риболеовен Куп – Хранилка и АКВАЛОН. Наредниот ден  кај плажата Куба Либре ќе се одржи Меѓународната охридска веслачка регата , меѓународното штафетно нуркање за мир  и СУП јога на вода. На 26-ти август ќе се одржат СУП  33 километарскиот маратон со старт кај селата Радожда и Љубаништа, а кај градското пристаниште ќе биде настанот „Запознај го едрењето, заштити го езерото“ по што ќе има и промоција на рекреативно нуркање за деца. На 27-ми август ќе биде  „Меч рејс Европскиот куп“ по што е предвидено Балканското Јуниорско првенство на отворени води. За наредниот ден се закажани СУП трките на малото пристаниште пред хотел „Палас“. На 29-ти август во Струга ќе се одржи Кајак регата. Годинешното издание завршува со Охридскиот пливачки маратон на 30-ти август кога познати пливачки имиња ќе ја препливаат патеката Св. Наум- Охрид – истакна Пецаков.Претседателот на Организациониот одбор на фестивалот, Никола Вретоски,истакна дека годинава фестивалот нуди рекордна програма со над 20 спортски настани, кои ќе понудат натпреварувачки дух со многу адреналин и незборавни моменти. Вретоски посебно ја апострофира социјално-едукативната компонента на фестивалот со изложби, ,предавања и работилници, се во насока на подигнување на свеста за заштита на природата, водата и заедницата што ја споделуваме. 

ОО | пред 3 месеци

IMG_3364-1

Амбасадорот на Шпанија Сориано Ортиз во посета на Општина Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска  во својот кабинет го прими  амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз.На работната средба двете страни  разменија мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија при што се разгледуваа можностите за воведување на авио линија Скопје –Мадрит  со три летови неделно, по веќе воспоставената Скопје – Барселона. Тоа би значело поголем  број на шпански гости на охридската ривиера.Високиот гостин од Шпанија го информира градоначалникот Пецаков дека шпанската Влада има обезбедено Грант од милион евра кој што  е предвиден за реконструкција на прочистителниот систем на Охридското Езеро како природна реткост заштитена од УНЕСКО. Стана збор и за физибилити студијата  за прочистителни станици  наменети за нашето езеро, а  изработена од етаблирана шпанска компанија.Амбасадорот Сориано Ортиз го изрази своето задоволство од убавините на Охрид, неговите традиции и култура и посочи дека ќе биде дел од вечерашната публика на фестивалот Охридско лето на чиј репертопар е предвиден настап на уметници од Шпанија.

ОО | пред 3 месеци

DSC_7160-scaled-1440x958-1

Светлана Мојсов добитник на светската награда на хуманизмот за 2025 година

На големиот празник посветен на Свети Климент Охридски кој бил основач на средновековната школа по хуманизам , денеска напладне во куќата на Уранија беше врачена наградата за хуманизам за 2025г на Светлана Мојсов, а ја доделува Охридската академија на хуманизмот.Светлана Мојсов е 19-та по ред добитничка на ова престижно признание, а втора од Македонија по академик Георги Старделов. Мојсов е професор на универзитетот Рокфелер во САД. Таа има огромен придонес во современата македонска медицина, особено за нејзините структурални биохемиски откритија и ендокринолошки достигнувања во развивањето на ефективни лекарства за справување со дијабетесот и дебелината како и за ублажување на асоцијативни форми на патологии.На настанот се обрати градоначалникот Кирил Пецаков:– Почитуван Јордан Плевнеш, Претседател на Охридската академија на хуманизмот, ценети почитувачи на ренесансното и филозофско научно движење за воздигнување на личноста, драги охриѓани и пријатели на Охрид.Нашиов град кој денеска се поклонува во чест и спомен на најголемиот светител и просветител Св. Климент Охридски, денеска е и центар на Хуманизмот што векови и векови пред нас го основал тoкму тој, големиот Климент кој верувал дека со Просвештение се доаѓа до сапсение. Во овој празничен ден кога славиме за нашата вера и описменување се собра целата домашна и меѓународна асемблеја, a по повод долелувањето на светската награда за хуманизам. Уште поголемо е задоволството што и покрај сите големи дискурси што се одвивале во светски познати центри на културата сепак на крај Светските елити се враќаат на самите извори на хуманизмот во нашиов убав град Охрид.   Денес највозвишено се чувствуваат сите оние кои припаѓаат на нашиот род македонски затоа што годинешен добитник на Светската награда за хуманизам е Светлана Мојсов, родум од Скопје професор на Универзитетот Рокфелер во САД. Наградата и се доделува за нејзиниот придонес во современата медицинска наука, особено за нејзините структурални биохемиски откритија и ендокринолошки достигнувања во развивањето на ефективни лекарства за справивање со дијабетесот и дебелината како и за ублажување на социјативни форми на патологии. По Георги Старделов таа е втор по ред добитник на ова престижно светско признание од Македонија што не прави особено горди и среќни. Пред нејзиното официјално овенчување со ова престижно признание сакам да упатам јавна благодарност до амбасадорот Јордан Плевнеш и до Охридската Академија на хуманизмот што ја организираат оваа величествена манифестација со која се активира генетскиот код и колективната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот основана токму од Климент Охридски пред кого денес се поклонуваме. Во време на планетарни потреси, климатски промени, природни катастофи, поплави, бури и пожари со невидени размери, со воени жаришта и конфликти во кои се вовлекува цел Свет школата на хуманизмот доаѓа како мелем, дрво од рајот кој испушта длабоки кореник, а неговите кислородни капки не спасуваат од нашето битисување. Како хранилка на нашата духовност, на нашата здраворазумност поткрепена со хуманистички заклучоци од научни светски умови, школата на хуманизмот стана наша неопходност. Токму затоа Општина Охрид секогаш ќе го подржува овој величествен и исклучително значаен културен настан. Пред крајот на моето обраќање уште eднаш и честитам на годинешната добитничка Светлана Мојсов за големата награда и и посакувам успеси и во иднина– подвлече Пецаков кој на добитничката на наградата и врачи резбана статуетка на Св. Климент Охридски.Денеска беше посетена и локацијата каде ќе биде поставено спомен обележјето на хуманизмот, дело на уметниците, Жарко Башески од Македонија и Светлин Русев од Бугарија.

ОО | пред 3 месеци

deponija

Депонии за опасен отпад ќе се прават само со потпис на градоначалник и министер - СОС Охрид алармира за проекти без јавна контрола

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ реагира на најавените измени на Правилникот за урбанистичко планирање, предупредувајќи дека тие овозможуваат реализација на одредени проекти само со урбанистички проект, без да се помине низ постапката за урбанистички план.Според иницијативата, ваквата промена ја отстранува јавната контрола и го потиснува јавниот интерес и заштитата на животната средина.Предложеното решение предвидува урбанистички проект вон опфат на урбанистички план да може да се користи за изградба на објекти од државно и локално значење – како фотоволтаични централи, мали хидроелектрани или депонии за опасен отпад. Овие проекти би се носеле врз основа на просторни планови, без задолжителна јавна анкета, без партиципативно тело и без одлука од Советот на општината.-Фотоволтаични фарми, мали хидроцентрали и депонии за опасен отпад се предвидуваат со урбанистички проект, а не со урбанистички план! Урбанистичкиот проект вон опфат, како урбанистичко – планска категорија, го сметаме за тежок упад во урбанистичкото планирање и за бришење на јавниот интерес со потпис од градоначалник и министер, а предлог-измените не се во насока на корекција, туку на уште поголеми отстапки.Да појасниме, зад овој концепт се крие легализирана експлоатација на земјоделско, шумско и крајбрежно земјиште. Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план ова земјиште го претвора во градежно без да се помине целата процедура на урбанистички план што опфаќа вклучување на јавноста на неколку начина: преку јавна анкета, преку партиципативното тело и преку Советот како претставничко тело на граѓаните. Урбанистички проект вон опфат поминува само со потпис од градоначалникот или министерот, зависно дали е од локално или државно значење. Со кое право?!Правилникот е таков уште откако првпат е донесен во оваа верзија во 2020 година. Со најновите измени на член 58 став (3), се додава точка 15 со што со урбанистички проект вон опфат на урбанистички план меѓу другото се уредуваат и „други градби од државно и локално значење од групите на класи на намени В, Г, Д и Е што ги задоволуваат условите за поединечни градби, односно групи на градби и инфраструктурни градби вон населени места“.Она што фрапира е што точка 15 постоела во член 58 на правилникот од неговото донесување во 2020 година сè до 17.7.2025 година кога била отстранета. Единствена разлика е што во претходната верзија беа опфатени и градбите од класите А и Б. Дали се работи за несмасно отстранета точка пред еден месец, па сега треба да се врати назад или за нешто друго?Ако Министерството за транспорт имало намера со измените да ги елиминира штетните последици од оваа можност во правилникот, тогаш мора комплетно да ги преработи измените и целосно да ја елиминира опасноста, меѓу другото, фотоволтаични фарми, мали хидроцентрали, гасоводи, нафтоводи, депонии за неопасен и ОПАСЕН отпад да може да се прават со урбанистички проект.Од „Охрид СОС“ велат дека станува збор за директен удар врз урбанистичкото планирање, бидејќи одлуките ќе се носат само со потпис на градоначалник и министер, без можност граѓаните да имаат увид или да влијаат врз процесот. Според нив, тоа ќе доведе до претворање на земјоделско, шумско и крајбрежно земјиште во градежно, без соодветна процедура и без контрола.Иницијативата бара од Министерството за транспорт да ги повлече предложените измени, нагласувајќи дека урбанистичкото планирање мора да биде транспарентно, инклузивно и партиципативно, а не да се заснова само на економски интерес на инвеститори.„Охрид СОС“ повикува јавноста да биде вклучена во процесот на донесување одлуки и институциите да ја преземат одговорноста пред граѓаните, историјата и идните генерации.фото: ФБ

Охрид | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-10.46.45

Десет дена го нема бугарскиот турист кој исчезна во Охридското Езеро

Речиси десет дена го нема 52-годишниот Илија Танчев од Пловдив, кој исчезна при нуркање во Охридското Езеро. Туристот од Бугарија, кој објавил и фотографии пред нуркањето, влегол во водите на езерото кај Трпејца, и оттогаш му се губи секој траг.Информациите кои проциркулираа во јавноста се дека исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри. Референците за рекреативно нуркање, поради безбедносни причини се до 40 метри. Над 40 метри, потребно е да се направат декомпресиски подготовки, па дури и да се користат различни мешавини на гас, во зависност од длабочината што се достигнува. Ако се следат објавите на Танчев на „Фејсбук“, може да се забележи дека ова не е негово прво искуство со нуркање.Во подвигот да нурка, бил придружуван од пријател и локален жител. За исчезнат, пријава во полицијата дошла од пријателот кој приметил дека Танчев го нема подолго време да излезе на површина.Од СВР Охрид за „Скопје1“ велат дека штом имаат нови информации, ќе ги споделат со јавноста.

Охрид | пред 3 месеци

ohrid-divogradba

(ФОТО) Дивоградба во заштитената охридска чаршија доби фасада и покрај забраната!

Објект изграден без дозвола во заштитеното градско јадро на Старата охридска чаршија, кој претходно беше предмет на вонредна контрола од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, во меѓувреме добил нова фасада, реагираат од граѓанската иницијатива СОС Охрид.Инспекцискиот надзор утврдил дека објектот се наоѓа во заштитена зона и дека инвеститорот изведувал градежни активности без одобрение, со што се прекршени одредби од Законот за градење. Министерството за транспорт тогаш информираше дека ќе бидат поднесени пријави согласно законските прописи.Од институцијата потсетија дека заштитата на старото градско јадро е со цел да се спречат оштетувања, неповратни измени, уништување или деградација на споменичната целина.Сепак, и покрај поставените жолти ленти на локацијата – како и кај старата градска куќа на улицата „Димитар Влахов“ – градежните работи продолжиле. „Постојат субјекти кои очигледно се над законот, а институциите не реагираат. Зошто тогаш постојат, ако не преземаат ништо за да запрат вакви постапки? Како граѓаните да имаат доверба во системот кога секојдневно гледаат вакви примери?“, прашуваат од СОС Охрид.

Охрид | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-10-at-12.01.05

Глисер изгоре и потона кај Елешец – оштетени уште два пловни објекти

Денеска (10 август 2025) во 11:22 часот, во СВР Охрид и Езерската полиција било пријавено дека на околу 30 метри од брегот, меѓу населбата и автокампот Елешец, настанал пожар во укотвен глисер.Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица Охрид и Езерската полиција.Според МВР, глисерот бил регистриран и во сопственост на 64-годишен жител на Тетово (З.Д.). Поради големите оштетувања на коритото, пловилото потонало на длабочина од околу три метри. Од пожарот биле оштетени и уште два соседни глисери.Причините за пожарот се утврдуваат.

Македонија | пред 4 месеци

IMG_4187

Бугарски турист исчезна при нуркање во Охридското Езеро

Денеска околу 13:15 часот во СВР Охрид и езерската полција е пријавено дека бугарски турист додека нуркал исчезнал во водите на Охридското езеро.“На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското езеро, над селото Трпејца. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање кои ги спроведуваа тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот клуб „Амфора“”, велат од МВР.

Македонија | пред 4 месеци

plaosnik

(Видео) Плаошник – центар на верскиот празник во чест на Св. Климент

На 9 август (н.с.) се празнува споменот на св. Климент Охридски кој е упокоен на овој ден 916 година, а овој ден Светата православна црква го празнува и споменот на големиот исцелител свети Пантелејмон. Во очи на денот верници и годинава запазувајќи се упатија на поклон во црквата на Плаошник.И годинава верниците имаа можност да се поклонат пред моштите на Св. Климент, по што и им се делеше памукче кое се чува за здравје и среќа.Големиот македонски и сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец починал на денешен ден 916 година. Но бидејќи тој и за време на својот живот именденот го празнувал на 8 декември (25 ноември с.с.) на празникот на Св. свештеномаченик Климент епископ Римски, подоцна неговиот главен празник бил поместен на овој датум, а на денешен ден се празнувал заедничкиот спомен на седумтемина рамноапостолни словенски светители познати како свети Седмочисленици (св. Кирил, Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј).Св. Климент Охридски Чудотворец е најпознатиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј, последен од нив починал и поради тоа денот на неговото упокојување бил земен за нивни заеднички празник.

Магазин | пред 4 месеци

DSC_4384

Оперски рецитал во чест на „Свети Климент Охридски“ – летен

Во чест на празникот „Свети Климент Охридски“ –летен, вчеравечер во дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“ се одржа оперскиот рецитал „Од младите глас за Свети Климент и за спас”.Љубителите на музиката имаа можност да уживаат во прекрасните оперски изведби на младите охридски музичари: Билјана Буџакоска- сопран, Стефани Дудуќ -сопран, Изабела Димовска –мецосопран и Дамјан Милески- пијано.Во името на Општина Охрид, присутните ги поздрави претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.Концертот беше организиран во рамки на Годишната програма за култура на Општина Охрид. 

ОО | пред 4 месеци

markica

Дијана Петрова е годинешен добитник на наградата „Живко Чинго“

Дијана Петрова е автор на расказот „Мизенабим” под шифра: „Кибела” кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.Дијана Петрова е родена во 1992 година во Делчево и е професорка по македонски јазик и литература. Дипломирала на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности, при филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје, каде и го продолжува своето студирање на втор циклус студии.Авторка е на три објавени книги: „Бдеењето над себе“ (роман; Битола: Нов Вавилон, 2018), „Не правете им сенка на гробвите“ (збирка раскази; Скопје: Антолог, прво издание 2020, второ издание 2021), „Излегувањето од сенка – Тајното женско училиште (роман; Скопје: Антолог, 2023).Авторка е на многу есеи и раскази кои се објавувани во неколку книжевни списанија (Современост, Литературен збор, Репер, Блесок, Окно, Медуза, Млади македонисти, Премин).Во 2023 година за нејзинот расказ „Рош хашана“ ја добива првата награда на конкурсот распишан од Фондот на холокаустот во Македонија. Петрова беше добитник на престижната награда за најдобар расказ „Живко Чинго“ и минатата 2024 година за нејзиниот расказ „Јоанес Даубманус“.Комисијата во состав: Димитар Пандев, претседател, Бранко Цветкоски, член и Зоран Јаќимоски, член, во изготвениот извештај за избор на најдобрар расказ за 2025 година истакна:„Наградениот расказ „Мизанабим” се одликува со извонредна техника на раскажување што се засновува врз едно очигледно длабоко и темелно познавање на високите врвови на светската проза и на теоријата на прозата и притоа не изостанува авторската умешност лесно да ги хармонизира пристапите на некои великани со неговото лично авторско проседе.“На Конкурсот кој традиционално го објавува Општина Охрид, пристигнаа вкупно 69 раскази.Наградата на авторката Дијана Петрова ќе и биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ на 13 август во село Велгошти.

ОО | пред 4 месеци

Zivko_Cingo_2025

Избран е најдобриот расказ на годинешниот конкурс „Живко Чинго“

Расказот „Мизенабим” под шифра: „Кибела”е најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.Комисијата во состав: Димитар Пандев, претседател, Бранко Цветкоски, член и Зоран Јаќимоски, член, во изготвениот извештај истакна:„Наградениот расказ „Мизанабим” се одликува со извонредна техника на раскажување што се засновува врз едно очигледно длабоко и темелно познавање на високите врвови на светската проза и на теоријата на прозата и притоа не изостанува авторската умешност лесно да ги хармонизира пристапите на некои великани со неговото лично авторско проседе.“На Конкурсот пристигнаа вкупно 69 раскази. Авторот на наградениот расказ, треба најдоцна до 11.08.2025 година (понеделник) да се јави во Одделението за култура при Општина Охрид, за докажување на авторството со четвртиот примерок од литературното дело.Наградата на авторот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ на 13 август во село Велгошти.

ОО | пред 4 месеци

markica

Избрани апликанти по јавен повик за граѓански организации за 2025 година

Во рамките на Јавниот повик за поднесување на предлог проекти од граѓански организации, објавен на 26.03.2025 година, Општина Охрид ги објавува избраните апликанти чии проекти се целосно усогласени со развојните приоритети на општината за 2025 година: ИЗБРАНИ ПРОЕКТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ: НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: ПУЛСОТ НА ЕЗЕРОТООРГАНИЗАЦИЈА:  НУРКАЧКИ ЦЕНТАР   “АМФОРА“ПРИОРИТЕТНА ОБЛАСТ: ТУРИЗАМ И КУЛТУРА НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: ОД ДОМАШНА КУЈНА ДО ЛОКАЛЕН БРЕНД ОХРИДОРГАНИЗАЦИЈА:  ЦОР “ИМПАКТ“ПРИОРИТЕТНА ОБЛАСТ:  РОДОВА ЕДНАКВОСТ И СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ОПШТИ ИНФОРМАЦИИВкупен буџет на повикот: 2.500.000,00 МКДИзноси по проект:    од 100.000,00 до 700.000,00 МКДПериод на реализација : од април 2025 до март 2026 година Избраните проекти беа селектирани врз основа на административна усогласеност, јасно дефинирани цели, влијание во заедницата и соодветност со утврдените приоритети на Општина Охрид:младински активизам и партиципацијародова еднаквост, економска и социјална инклузијазаштита на животната срединатуризам и култура Општина Охрид им упатува честитки на избраните организации и изразува благодарност до сите подносители на проекти за нивниот ангажман и посветеност кон развојот на локалната заедница.

ОО | пред 4 месеци

Italianski-ambasador07252015003

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари желба со италијанскиот амбасадор Н.Е Паоло Палминтери

Протоколарна средба остварија, денес, градоначалникот Кирил Пецаков и Амбасадорот на Италија Н.Е. Паоло Палминтери.Соговорниците на средбата разговараа за унапредување на меѓусебната соработка со можност за остварување директна соработка помеѓу општина Охрид и градови од Италија со кои Охрид има слични карактеристики.Исто така се разговараше и за соработки во други области како образование, туризам , култура. Градоначалникот го запозна Амбасадорот со тековните проекти кои се реализираат во Охрид, како и за планираните активности кои ќе се реализираат во иднина.Амбасадорот Палминтери упати покана до градоначалникот за претстојната „Италијанска вечер“ која ќе се одржи во рамки на фестивалот „Охридско Лето“.

ОО | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања