Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

охрид

markica

Се одржа педесет и деветтата седница на советот на Општина Охрид

Градските советници, денес ја одржаа педесет и деветтата седница. На дневен ред имаше 16 точки, од кои повеќето беа од урбанистичката сфера, а се донесоа одлуки за формирање на паралелки со помалку од 20 ученици во основните училишта и во ОСУ „Св.Климент Охридски“.Со одлука на советниците, спортската сала беше предадена на трајно користење на ЈП „Билјанини извори“.

ОО | пред 4 месеци

pozar-3

Приведен охриѓанец – осомничен дека намерно запалил нива

Полицијата во Охрид привела 41-годишен жител на градот, осомничен дека предизвикал пожар во атарот на селото Горно Лакочереј.Според МВР, на 7 август 2025 година, околу 15 часот, З.Н. запалил нискостеблеста вегетација и ожнеана нива, со што предизвикал пожар кој можел да се прошири на поголема површина.При преглед, полициските службеници пронашле и одзеле запалка за која се верува дека била користена при палењето.„По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.

Охрид | пред 4 месеци

hugel

(Видео) „Dame un grrr“: Хугел ја запали охридската ноќ – финале на летната еуфорија

Францускиот диџеј и продуцент Хугел синоќа приреди вистински спектакл во Охрид, со сет полн со енергија, хитовски ритми и експлозивна атмосфера. Илјадници фанови танцуваа под отворено небо, создавајќи заедно со Hugel ноќ за паметење на стадионот „Билјанини извори“.Познат по своите ремикси и енергични перформанси, Hugel докажа зошто е едно од најбараните имиња на светската хаус-сцена. Сцената беше преплавена со светлосни ефекти, фанови и беспрекорна продукција, додека басовите вибрираа низ цел град.Настапот на Хугел дојде веднаш по спектаклот на Jason Derulo, и беше логично продолжение на врвната продукција што Прагма продукција ја обезбеди ова лето. Охрид, се позиционира како сериозна музичка дестинација на мапата на европските фестивали.

Магазин | пред 4 месеци

rasta

Уапсен српскиот рапер Раста во Охрид – кај него пронајдена марихуана

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ – Раста е уапсен синоќа (2 август) во Охрид, во присуство на минувачи. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, приведувањето се случило нешто по полноќ, на 3 август во 00:10 часот, на стадионот во Охрид.„Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода С.Ѓ. (36) од Белград, Република Србија, кај кого при извршен преглед беше пронајдена и одземена марихуана“, соопштија од МВР.Раста е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Инаку тој требаше да настапи на стадионот.Настанот предизвика бурни реакции кај фановите на раперот, кој беше присутен во Охрид по повод летни музички настани.

Македонија | пред 4 месеци

ohrid-mladi

(Видео) Патриотски дух на охридскиот кеј: Млади пеат „Македонијо, ти си бисер балкански“!

Навечер, на охридскиот кеј, група млади се собраа и на сиот глас ја пеат познатата патриотска песна „Македонијо, ти си бисер балкански“.„Ова е Охрид, навечер, среде кеј… македонска младина“!

Охрид | пред 4 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-1800PM

Две тепачки во раните утрински часови во Охрид: меѓу тепачите и малолетници

Секторот за внатрешни работи Охрид информира за две физички пресметки кои се случиле вчера во раните утрински часови, при што се нарушен јавниот ред и мир, а едно лице се здобило со повреди.Првиот инцидент бил пријавен во 03:50 часот на улицата „Наум Охридски“, каде според полицијата, дошло до тепачка во која учествувале повеќе лица. Со телесни повреди се здобил 21-годишниот А.Ч. од Скопје. По преземени мерки, биле приведени двајца скопјани – К.К. (20) и П.М. (19), а се работи на целосно расветлување на случајот. СВР Охрид најавува соодветни пријави.Вториот случај се случил во 05:15 часот пред казино на улицата „Партизанска“ во Охрид, каде бил приведен Е.И. (20) од Охрид, кој, според полицијата, се степал со две малолетни лица од Скопје. И овој настан е документиран и ќе биде проследен со соодветна кривична пријава.Полицијата апелира до граѓаните да се воздржат од насилно однесување, особено во туристичката сезона кога градот е под засилено полициско присуство.

Охрид | пред 4 месеци

ohrid-carsija-policija

Жена од Србија со нож нападнала маж во угостителски локал во Охрид

На 30 јули 2025 година, во угостителски објект на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, дошло до физичка пресметка помеѓу две лица – Т.С. (25) од Србија и Г.М. (49) од Охрид. Според информациите од СВР Охрид, во инцидентот Т.С. со нож го нападнала Г.М..Двајцата се приведени, а од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 4 месеци

toskovski

Тошковски: Поголема контрола на водниот појас, зголемена е безбедноста на туристите, патролите на велосипед се веќе препознатлив белег на СВР Охрид

Денеска (28.07.2025) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Охрид, Регионалниот центар за гранични работи Запад и Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. При тоа ги посети на терен и полициските службеници од СВР Охрид кои патролираат со велосипеди низ градот, како и српските полициски службеници кои и оваа година учествуваат во заеднички патроли во текот на туристичката сезона.„Во пикот на летната сезона, кога бројот на туристи и возила е драстично зголемен, МВР презема координирани мерки и динамички го адаптира полициското присуство. Во СВР Охрид веќе функционира засилен состав, преку распоредување на полициски службеници и од други сектори, што придонесува за ефикасна покриеност на целиот регион и зачувување на стабилната безбедносна состојба.Во делот на граничното управување, РЦ за ГР Запад бележи континуирано подобрување на оперативната ефикасност. Податоците покажуваат позитивен тренд во откривање кривични дела, подобра организација на протокот на патници и одржување на стабилен ритам на граничниот сообраќај дури и во најоптоварените часови“, истакна министерот Тошковски, додавајќи дека Охридското Езеро годинава е покриено со значително повисок степен на полициско присуство.„Обезбедена е поголема контрола на водниот појас, зголемена е безбедноста на туристите, а резултатите од контролните активности покажуваат подобри ефекти од претходните сезони. Видливоста на полицијата во градското подрачје е исто така засилена. Патролите на велосипед, веќе препознатлив белег на СВР Охрид, придонесуваат за побрзо реагирање, директна комуникација со граѓаните и чувство на поголема сигурност во јавниот простор. Присуството на српските полициски службеници, како дел од мешовитите патроли и годинава се потврдува како успешна пракса што позитивно влијае врз перцепцијата на безбедност кај туристите. Иако е зголемено присуството и делувањето на сообраќајната полиција, сепак бројот на жртви во сообраќајни незгоди покажува дека безбедноста во сообраќајот бара посистемски пристап, со силен акцент на превентивни, едукативни и инфраструктурни мерки“, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заклучувајќи дека МВР функционира со зголемена ефикасност, подобра координација и подготвеност да одговори на зголемените предизвици, резултатите се видливи, напредокот е реален, обврска што продолжуваме да ја исполнуваме професионално, посветено и со јасна цел за создавање побезбедна држава.

Македонија | пред 4 месеци

IMG_5168

Вооружен инцидент на охридското крајбрежје – маж од Скопје со нож нападнал двајца вработени во хотел

Полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 43-годишниот А.Д. од Скопје, кој вечерта на 25 јули 2025 година околу 21:55 часот, предизвикал сериозен инцидент во хотелски комплекс лоциран на охридското крајбрежје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, А.Д. со нож физички нападнал две лица вработени во хотелот, при што им нанел повреди, по што продолжил да оштетува дел од хотелскиот инвентар.Благодарение на навремената интервенција на полицијата, напаѓачот бил приведен на лице место.„Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од МВР, без да прецизираат какви биле мотивите за нападот и каква е здравствената состојба на повредените лица.Случајот е пријавен кај јавен обвинител и се преземаат понатамошни истражни дејства за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 4 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-53-0220PM

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на 56-годишна возраст од Пожаревац, Република Србија, информираа од СВР Охрид.Случајот бил пријавен во 19:41 часот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.Полицијата продолжува со истражување на случајот за целосно утврдување на сите околности.

Охрид | пред 4 месеци

Ceski-ambasador07152015002-1

Вредна швајцарска донација за Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ доби вредна донација во медицинска опрема и апарати која е обезбедена од Швајцарија, со посредство на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и неговите лични контакти со македонски иселеници.Градоначаникот Пецаков, директорот на специјалната болница д-р Харалампие Шокаровски и дел од медицинскиот персонал денеска направија увид на целокупната опрема, чија вредност се проценува на околу 100.000 евра.– Оваа болница е институција со долга традиција, стручен кадар, современи медицински третмани и ужива голема доверба кај домашните но и кај странските пациенти. Бидејќи се работи за врвен медицински бренд кој претставува гордост не само за нас, туку и за целиот здравствен систем во Македонија, секогаш треба да ја има нашата безрезервна поддршка и внимание.Во таа насока, јас како градоначаник и Општина Охрид како одговорна локална самоуправа, иако немаме директна ингеренција врз здравствените установи, во интерес на целокупната заедницата, секогаш се трудиме да бидеме партнер и поддржувач на институциите што директно се грижат за животот и здравјето на граѓаните. Се радувам што оваа донација, која содржи современа медицинска опрема и помагала, претставува плод на една успешна соработка која е беше иницирана лично од мене и преку моите контакти.Упатувам искрена благодарност до донаторите од Швајцарија за нивната хуманост и подготвеност да придонесат во унапредување на медицинските услови во нашиот град. Нивната поддршка е од исклучително значење, не само од практичен аспект, туку и како мотив за натамошно развивање на меѓународни соработки во областа на здравството.Посебна благодарност упатувам до менаџерскиот тим на болницата „Св. Еразмо“, кој ја препозна важноста на овој проект и со својот професионален пристап и соработка, придонесе оваа донација успешно да се реализира во целост.Би сакал да нагласам дека Општина Охрид и понатаму останува отворена и активно вклучена во сите иницијативи и проекти кои носат бенефити за граѓаните, верувајќи дека само преку партнерство и посветеност можеме да изградиме посилна, поздрава и посолидарна заедница и да обезбедиме подобри услови за нашите граѓани во сите сегменти на општественото живеење, истакна градоначалникот Пецаков во своето обраќање пред медиумите.Менаџерскиот тим на болницата изрази голема благодарност до градоначалникот Пецаков за неговиот ангажман и иницијативата за реализација на оваа донација. Оттаму истакнаа дека опремата е од исклучително значење за оваа здравствена установа и истата значително ќе ги подобри условите и за пациентите и за здравствените работници.Во донацијата има болнички кревети, душеци за болнички кревети, наткасни, апарати за анаестезија, машини за механичко чистење на инструменти, апарати за електрокардиографија, негативоскопи, апарати за стерилизирање на опрема, фрижидери за лабораторија, светла за операциона сала, манометри, колички за касети, колички за терапија, барабани, ларингоскоп, сталаци за инфузии, инструменти и многу други видови опрема и помошни средства наменети за болнички третмани и за пациентите.  

ОО | пред 4 месеци

markica

Свикана педесет и деветтата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И ДЕВЕТАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ педесет и деветата седница на Советот на општина Охрид на ден  21.07.2025 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н   Р Е ДУсвојување на Записникот од 58-та седницаПредлог-одлука за давање на трајно користење недвижен имот, сопственост на Општина Охрид на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид.Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид за 2026 година.Предлог-одлука за отстапување на користење недвижен имот на ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид.Предлог-одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид.Предлог-oдлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во основните училишта во општина Охрид.Предлог-одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во ОСУ„Св.Климент Охридски“- Охрид.Предлог-одлука за избор на член во Управниот одбор на Државното средно училиште Регионален центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ – Охрид.Предлог-програма за измени и дополнување на Развојната Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Охрид 2025-2027.Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за промена на границите на Градежните парцели на ГП 1, ГП 2 и ГП 3 во ДУП за 10-та Урбана Единица – Охрид, Општина Охрид.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр.146/2 КО Вапила, објект 1 и објект 1 (помошен објект).Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр.165 КО Охрид 4, објект 2.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр.557/1, КП.бр.557/2, КП.бр.557/3 и КП.бр.558 КО Рамне, објект 1.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр.770, КП.бр.775 и КП.бр.776 КО Рамне, објект 1.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр.1173/4 КО Долно Лакочереј, објект 1.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр.2177 КО Лескоец, објект 1.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр.940 КО Косел, објект 1 и објект 2. ОПШТИНА ОХРИДЛОКАЛНА САМОУПРАВАБрој 08-10340/114.07.2025 год.О х р и д

ОО | пред 4 месеци

Ceski-ambasador07152015002

Амбасадорот на Чешка во посета на Општина Охрид

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков  денеска оствари протоколарна срдба со амбасадорот на  Чешката Република во земјава,  Н. Е. Јарослав Лудва.Високиот гостин, го изрази своето воодушевување од убавините на Охрид кој плени со своите културно историски знаменитости и е привлечна туристичка дестинација во регионов.Двете страни разменија мислења околу идните чествувања посветени на Светите браќа Кирил и Методи со можност чешки уметници да настапуваат во културниот дел на празнувањата во Охрид.На средбата стана   збор и за истражувачки  проект кој  заедно го реализираат  македонски и чешки  студенти по археологија, а се разгледаа и можностите   тие да добијат логистичка  поддршка од Општината за истражувањата кои ќе бидат наредната година во Охрид.Амбасадорот Лудва деновиве престојува во Охрид, а по повод „Вечерта на Чешка музика“ што денеска се организира во црквата Св. Софија.

ОО | пред 4 месеци

information

Откажување на детска театарска претстава

Општина Охрид ги известува граѓаните и посетителите дека поради преземање на засилени безбедносни мерки на јавни локации во општината, планираната тетарска претстава за деца „Во царството на другарството“ која требаше да се прикаже денес на 11.07.2025 (петок) на сцената ТЦ „Амам“  се откажува.Во интерес на јавната безбедност и согласно препораките од надлежните институции, претставата ќе биде одложена за друг термин. Новиот термин за одржување на претставата ќе биде навремено споделен со јавноста.

ОО | пред 4 месеци

DSC_8426

Еу амбасадорот Михаилис Рокас оствари средба со членовите на Советот на Општина Охрид

Во рамки на својата прва официјална посета на Општина Охрид, амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас, денеска оствари средба со претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски и со членовите на Советот.На состанокот се разговараше за низа значајни прашања поврзани со европската интеграција на Македонија, соработката помеѓу Општина Охрид и институциите на ЕУ, како и за актуелни и идни инфраструктурни проекти кои се реализираат во општината.Советниците поставуваа низа прашања, на кои амбасадорот Рокас со внимание одговараше, споделувајќи ги ставовите на ЕУ за интеграциите, локалниот развој и реформските процеси.Средбата помина во конструктивна атмосфера, при што беше истакната подготвеност за продлабочување на соработката и понатамошна заедничка работа во насока на европската перспектива на Охрид и Македонија.

ОО | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања