ВО ЖИВО

ВО ЖИВО: Предновогодишна од фирма

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

охрид

Ceski-ambasador07152015002

Амбасадорот на Чешка во посета на Општина Охрид

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков  денеска оствари протоколарна срдба со амбасадорот на  Чешката Република во земјава,  Н. Е. Јарослав Лудва.Високиот гостин, го изрази своето воодушевување од убавините на Охрид кој плени со своите културно историски знаменитости и е привлечна туристичка дестинација во регионов.Двете страни разменија мислења околу идните чествувања посветени на Светите браќа Кирил и Методи со можност чешки уметници да настапуваат во културниот дел на празнувањата во Охрид.На средбата стана   збор и за истражувачки  проект кој  заедно го реализираат  македонски и чешки  студенти по археологија, а се разгледаа и можностите   тие да добијат логистичка  поддршка од Општината за истражувањата кои ќе бидат наредната година во Охрид.Амбасадорот Лудва деновиве престојува во Охрид, а по повод „Вечерта на Чешка музика“ што денеска се организира во црквата Св. Софија.

ОО | пред 5 месеци

information

Откажување на детска театарска претстава

Општина Охрид ги известува граѓаните и посетителите дека поради преземање на засилени безбедносни мерки на јавни локации во општината, планираната тетарска претстава за деца „Во царството на другарството“ која требаше да се прикаже денес на 11.07.2025 (петок) на сцената ТЦ „Амам“  се откажува.Во интерес на јавната безбедност и согласно препораките од надлежните институции, претставата ќе биде одложена за друг термин. Новиот термин за одржување на претставата ќе биде навремено споделен со јавноста.

ОО | пред 5 месеци

DSC_8426

Еу амбасадорот Михаилис Рокас оствари средба со членовите на Советот на Општина Охрид

Во рамки на својата прва официјална посета на Општина Охрид, амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас, денеска оствари средба со претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски и со членовите на Советот.На состанокот се разговараше за низа значајни прашања поврзани со европската интеграција на Македонија, соработката помеѓу Општина Охрид и институциите на ЕУ, како и за актуелни и идни инфраструктурни проекти кои се реализираат во општината.Советниците поставуваа низа прашања, на кои амбасадорот Рокас со внимание одговараше, споделувајќи ги ставовите на ЕУ за интеграциите, локалниот развој и реформските процеси.Средбата помина во конструктивна атмосфера, при што беше истакната подготвеност за продлабочување на соработката и понатамошна заедничка работа во насока на европската перспектива на Охрид и Македонија.

ОО | пред 5 месеци

IMG-67a7fca5c42fbe0c73c458f108da48b4-V

Започна 64-то издание на балканскиот фестивал на народни песни и игри

Со концерт на Македонскиот ансамбл „Танец“ и КУД „Гердан од Бисери“ вчеравечер на сцената на Долни Сарај започна 64-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.На свеченото отворање на фестивалот свое обраќање пред присутните имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.-Во мое лично име и во името на охриѓани ви посакувам срдечно добредојде во вечниот град, кој во прегратката со сината езерска шир ги чува тајните на македонската култура и историја.Голема е гордоста што имаме можност да ја продолжиме шест-децениската традиција и преку народните песни и танци, од оваа автентична сцена, повторно да испратиме јасна порака за сплотеност и заедништво.Балканскиот фестивал во Охрид не е само фолклорен настан, тој е прослава на сето она што не поврзува со историјата. Тој е верен доказ за македонскиот идентитет и нашето опстојување низ вековите. Тој ни покажува кои сме и што сме обврзани да зачуваме за идните генерации.Народната традиција е единствената нишка што никогаш не се кине, само се предава од колено на колено. Во секоја носија е исткаена приказна, за земјата, за времето и за народот. Во секоја песна, во секој чекор, во секоја игра и мелодија се раскажува радоста, болката и постоењето на еден народ.Почитувани,Традицијата е патоказот што не води низ современиот свет без да се изгубиме себеси, а фолклорот е единствениот јазик што е разбран од секое срце, без превод и без граници. Народното творештво живее се додека има луѓе кои го почитуваат и го вреднуваат.Затоа, да продолжиме да бидеме верни поддржувачи на ваквите настани и да не дозволиме заборавот да ги уништи нашите корени.Оваа можност ја користам да упатам благодарност до организаторите, до сите учесници и секако до верната фестивалска публика, која секоја година ги дарува фолклористите со безброј аплаузи.Посакувам ова 64-то издание на Балканскиот фестивал да биде уште еден бисер во низата на нашето културно наследство и да донесе незаборавни спомени за сите учесници и посетители. Верувам дека овој фестивал ќе продолжи да живее и да прославува уште многу значајни јубилеи од своето постоење, истакна Божиновски во своето обраќање.Љубителите на фолклорот годинава ќе ги проследат настапите на ансамбли и културно-уметнички друштва од Македонија, Србија, Бугарија и Австралија.Фестивалот е во организација на Националната  установа Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид, а покровител на фестивалот е Собранието на Република Македонија. Организирањето на фестивалот е овозможено со материјална помош на Министерството за култура и туризам, Општина Охрид и пријателите на фестивалот.

ОО | пред 5 месеци

markica

Список на граѓани кои аплицираа на јавниот повик и добија субвенции за набавка на модерен систем за затоплување-инвертер клими за 2025 година

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ’’ број 05/02) ,член 34 од Статутот на општина Охрид, како и Програмата за заштита на животната средина и природата за 2025 година, а со цел цел стимулирање на  жителите на општина Охрид  (домаќинствата) за примена на економични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, уреди  за затоплување на своите домови,  Градоначалникот на Општина Охрид  донесе Одлука за субвенционирање на следните граѓани кои аплицираа на јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем  за затоплување- инвертер клима уред за 2025 година :Листа на граѓани согласно условите и критериумите на јавниот повик за домаќинства кои имаат лице со попреченост, самохрани родители, згрижувачки семејства и семејства кај кои вкупниот месечен приход не надминува 2 минимални платиРед.бр Име и презимеАдреса на живеење по лична карта1.Никола НаумоскиУл.„Абас Емин“ бр.182 Охрид2.Пере КлимоскиУл.„Наум Охридски “  бб, Охрид,3.Јован ДимоскиУл.„Лазо Трпоски“ бр.58 Охрид,4.Бобан СтевановскиУл.„Крали Марко“ бр.61 Охрид,5.Драган БујароскиУл.„Абас Емин“, Охрид  бр.3956.Вера КантароскаБул.„Тоде Лупески“ бр.60,с.Лескоец, Охрид7.Марија БакраческаУл.„Миќо Гилиќ“ бр.15, Охрид8.Славица СтојаноскаУл.„Абас Емин“ бр.265, Охрид9.Павлинка ЈанескаУл.„Кирил и Методиј“ бр.39, Охрид10.Мирјана НаумоскаУл.„Галичица“ бр.8Охрид,11.Виолета ПашовскаУл.„Илинденска“ бб, С.Велгошти, Охрид12.Стефчо ЉаткоскиУл.„Партизанска“ бр.8-2, Охрид13.Билјана СтавреваБул.„Туристичка“ бр.3/1-7, Охрид14.Петре НоческиУл.„Александар Турунџев“ бр.20 Охрид15.Валентина МојсоскаУл.„Дејан Војвода“ бр.222, Охрид16.Ристо ЦаноскиУл.„Наум Охридски“ бб, С.Пештани, Охрид17.Марија СимевскаУл.„Даме Груев“ бр.232,  Охрид18.Димитри ПавлоскиУл.„Питу Гули“ бр.332, Охрид19.Бранко ДукоскиУл.„Абас Емин“ бр.158 Охрид ,20.Сузана ТалевскаУл.“Момчило Јорданоски“, бр.165 Охрид21.Федат АрслановскиУл.„Живко Чинго“ бр.122 Охрид,22.Нада НаневскаУл.“Кирил и Методиј“ бр.83, Охрид Листа на граѓани согласно јавниот повик и правилникот за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување – инвертер клима уред за 2025 год за останатите домаќинстваР.б.     Име и презимеАдреса на живеење по лична карта1.Маргарита ЈовеваУл.„Нада Филева “  бр.28 Охрид,2.Мартин БибовскиУл.„Карпош Војвода“ бр.10 А – 5 Охрид,3.Цветко ПрензоскиУл.„Сирма Војвода“, Охрид  бр.17 А4.Џијат КаќелБул.„7-ми Ноември“ бр.137 Охрид ,5.Стефан ШибакоскиУл.„Вис бб“ С.Велгошти, Охрид6.Ивана ЦелескаУл.„Васил Главинов“ бр.27, Охрид7.Илија ДојчиноскиС.Коњско, Охрид8.Бранко РечкоскиУл.„Манастирска“ бр.8, С.Велгошти, Охрид9.Билјана КотескаУл.„Будва “ бр.53Охрид,10.Ленче ТасескаУл.„Питу Гули“ бр.19011.Миле СпироскиУл.„15-ти Корпус“ бр.7, Охрид12.Томи ТомевскиУл.„130“ бр.10, Охрид13.Лета ФилиповаУл.„Богомилска“ бр.1/1-27 Охрид ,14.Јулиана МустракинскиУл.„Бул.Туристичка“ бр.12-I-7, Охрид15.Владо СтефановскиУл.„Марко Нестороски“ бр.140, Охрид16.Томчо ДовлевУл.„Климентов Универзитет“ бр.83,  Охрид17.Христијан КароскиУл.„Ирина Гирова Мирка“ бр.18, Охрид18.Игор ЕленчевскиУл.„Богомилска“ бр.130/3-16 Охрид,19.Чедомир МиленковиќБул. Туристичка бр.2/1-19 Охрид ,20.Јованчо БадалоскиС.Косел, Охрид21.Ана ТунтеваБул.Туристичка бр.105/1-35 Охрид,22.Климе ПетрескиУл.„Воденичарска“  бб с.Велгошти, Охрид тел.23.Билјана БандулиеваУл.„Асном“ бр.2/6-18 Охрид ,24.Владимир Ангеличи-ЖураУл.“Кузман Капидан“ бр.27, Охрид25.Ристо СтеваноскиУл.“Абас емин“ бр.415 Охрид ,26.Елеонора ЃорѓиескаУл.„Нада филева“ бр.5 Охрид 27.Ќире МладеноскиС.Орман, Охрид,28.Маријан ВасилескиБул.Туристичка бр.4-2-33 Охрид 29.Ново ПавлескиУл.„Крали Марко“ бр.1 Охрид 30.Дејан ДријовскиУл.„Дејан Војвода“ бр.286, Охрид31.Димче СпироскиУл.„Наум Охридски“ бр.92 Охрид32.Живка КировскаУл.„Васил Главинов“ бр.29 А Охрид33.Слободан ПупиноскиУл.„Александар Гушо“ бр.25 Охрид34.Драгица СтепаноскаУл.„Момчило Јорданоски“ бр.8935.Крсте ЏинџескиУл.„Наум Охридски“ бб, Охрид36.Ристо НајдескиУл.„АРМ“ бр.100 Охрид37.Христо ГолабоскиУл.„Васил Стефоски“ бр.2 А Охрид,38.Миле СтојановскиУл.„Ирина Гинова Мирка“ бр.24 Охрид39.Елена БиркнерУл.“Марко Нестороски“ бр.262, Охрид40.Елена НаумоскаУл. „Кленоец“ бр.170, Охрид41.Александар НаумоскиУл.„Јане Сандански“ бр.26 В – 3/5, Охрид42.Јорданка МилошескаУл.„8-ми Март“ бр.57, Охрид43.Благоја СпасескиУл.“Карпош Војвода“ бр.44/1-17, Охрид 44.Лујза Канвечеваул.„Спас Банџов“ бр.17, Охрид45.Лупчо Локоскиул. „Петрино“ бр.5 Охрид46.Љубица ТренескаБул.Туристичка бр.23 Охрид47.Сузана ВренцовксаУл.“Парисна Комуна“ бр.33, Охрид48.Менка ЦрвенковскаКеј Маршал Тито бр.86 Охрид, 49.Спаса ЈованоскаУл.„Радојца Новичиќ“ бр.384, Охрид 50.Благуна МилевскаС. Долно Лакочереј, Охрид 51.Коста ЦветкоскиУл.„Крали Марко“ бр.27, Охрид52.Нада АлчеваУл.„Јане Сандански“ бр.89/1-5, Охрид 53.Ѓоко МаркоскиУл.„Петар Поп Арсов“  бр.17, Охрид 54.Блаже АнгелескиУл.„Винковачка“ бр.53, Охрид55.Зорка ИваноскаУл.„15-ти Корпус“ бр.79, Охрид56.Димитар ШикоскиУл.„Илинденска“ бр.54, С.Велгошти, Охрид57.Божин ПетрескиУл.“Момчило Јорданоски“ бр.73  Охрид58.Мите ЗдравескиУл.„1-ва Македонска ударна Бригада“ бр.24 Охрид 59.Зихни ДеарУл.„Аџи Мустафа“ бп. 34, Охрид 60.Благој ПиневУл.„Партизански Одреди“ бр.21, Охрид61.Марјанчо МаркоскиУл.„Радојца Новичиќ“ бр.69, Охрид62.Ќирил СлатинецУл. „Јане Сандански“ бр.50 Охрид

ОО | пред 5 месеци

Evroambasador07102025001

Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас во посета на Општина Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес оствари средбра со Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија, кој за првпат од неговото именување е во посета на Општина Охрид.На средбата се разговараше за повејќе значајни теми и области за Охрид. Фокус на разговорот беше реализацијата на проектот „Ohrid Go“ кој е финансиран од Европската Унија, а се однесува на проекти кои се реализраат во склоп на поранешната касарна. Амбасадорот изрази поддршка за работата во таа насока и честитки за тоа што Општина Охрид е една од ретките општини кои просторот од поранешните касарни го оплемени со содржина.Градоначалникот го запозна Амабасадорот со идните планови кои треба да се реализираат исто така во склоп на поранешната Касарна. Се разговараше и за евентуална поддршка на некои од тие проекти кои дополнително би го оплемениле овој простор како би добил еден урбан лик.Амбасадорот позитивно го оцени спроведувањето на овој голем и значаен проект во чиј склоп е намалување на отпечатокот на CO2 со воведување на алтернативни средства на урбана мобилност, односно зелен урбан систем, за чија цел се набавени електрични велосипеди и електрични возила, со што населението и посетителите ќе може да ги користат за транспорт во стариот дел на градот. Диверзификација на локалната туристичка понуда преку воведување зелени рекреативни содржини адреналински парк и Pump Up патека, како и развој на локалната економија базирана на знаење преку формирање на Smart Ideas Hub како старт-ап центар.Дополнително Амбасадорот изрази честитки за успешното финансико менаџирање на Општина Охрид во изминативе години и нагласи дека тоа ќе биде додадена вредност при аплицирањето на проекти за финанисирање од страна на ЕУ.Исто така се разговараше и за развојот на туризмот, реализацијата на инфраструктурните проекти како локални така и државни. Стана збор и за актуелната тема поврзана со статусот на Охрид во УНЕСКО, за што беше изразена поддршка во напорите на Охрид во реализација на препораките.

ОО | пред 5 месеци

Zivko_Cingo_2025

Конкурс за најдобар расказ

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот:КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗУслови за учество на Конкурсот:Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија;Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса:ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;Авторското право се докажува со четвртиот примерок;Краен рок за доставување на трудовите е 29.07.2025 г.;Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 05.08.2025 г.Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти.Доставените трудови не се враќаат.

ОО | пред 5 месеци

vila-biljana-ohrid

Пронајдено безживотно тело на маж во близина на хотелот „Инекс“ во Охрид

Доцна попладнево, на пешачката патека меѓу хотелот „Инекс“ и излезот кон плажата во Охрид, е пронајдено безживотно тело на маж. Според првичните и неофицијални информации, лицето е идентификувано и се работи за маж кој, наводно, имал здравствени проблеми. Се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар.Локацијата на која е пронајдено телото се наоѓа во непосредна близина на претседателската вила. Местото е обезбедено, а полициски екипи вршат увид.Случајот за „Скопје1“ го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој најави дека повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.

Македонија | пред 5 месеци

pecak

Пецаков: Една година големи инфраструктурни проекти за Охрид и охриѓани, работиме и на зголемување на туризмот

„Една година од поставување на темелите кога ја градиме Македонија. Една година од инфраструктурни проекти за Охридско-Струшкиот регион. Инфраструктурата поврзана со автопатското решение Охрид-Кичево и начинот на експресно на којшто се гради веќе го гледаме уште во првата година и пуштените дваесеттина километри. Пуштен е во употреба реконструираниот пат од Охрид до Св.Наум, реконструирано е најпосетуваниот Музеј на вода, на охридската ривиера, а тоа е Музејот на коските, којшто има најголем број на туристи“, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и додава:Секако дека е тука за нас битно и договорот со туристичкиот оператор за носење на 40 илјади германски туристи, во периодот кога не е сезона, односно во периодот од февруари до јуни. Тоа е она коешто е поврзано со инфраструктурата и туризмот, секако дека од аспект на животната средина битно е дека сме при крај со враќањето на реката Сатеска и враќањето во старото корито за вливање во реката Црн Дрим.Од инфраструктурните проекти секако дека е прочистителната станица во Трпејца, многу други работи направени и во индустријата и во земјоделието. Пензионерите ги добија петте илјади денари и останати работи коишто покажуваат дека навистина се грижиме за иднината на граѓаните на Македонија.

Охрид | пред 5 месеци

Screenshot-2025-07-17-150442

Момчето кое загина со мопед во Охрид било млад фудбалер, клубот се збогуваше: Почивај во мир ангелу

Oд редовите на Охрид потврдија дека момчето кое загинало утрово со мопед откако се удрил во столб е млад фудбалер на нивниот клуб.Станувало збор за Анастас Каровски кој имаше само 16 години. Несреќата се случила на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, а случајот во полиција бил пријавен околу 1.40 по полноќ.Каровски се здобил со тешки телесни повреди, а им подлегнал на повредите откако бил однесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охирд.Неговиот другар кој бил со него на мопедот се здобил со тешки телесни повреди.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_5168

Загина 16-годишен мопедист на патот Охрид-Свети Наум, излетал од патот

Во текот на ноќта во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб.Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите.Сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_5168

Жена тешко повредена во сообраќајка во Охрид – петмина се тепале сред Кичево

Во изминатите два дена, полицијата регистрираше низа инциденти на подрачјето на СВР Охрид и Кичево, вклучувајќи сообраќајна несреќа со тешко повредено лице, пожари во возила и случаи на семејно и јавно насилство.На 12 јули, во 06:40 часот, на кружниот тек кај улиците „15-ти Корпус“, „Железничка“, „7 Ноември“ и „Ристо Чадо“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно патничко возило „Рено“, управувано од 53-годишниот О.Ф. од с. Лескоец, и велосипед управуван од 56-годишната В.Л. од Охрид. Жената се здобила со тешки телесни повреди и била хоспитализирана во Општата болница во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.Истиот ден, во 17 часот, во СВР Охрид било пријавено семејно насилство – А.А. од Охрид физички ја нападнал својата сопруга во семејниот дом. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Во текот на денот биле регистрирани и два одделни пожари во возила. Првиот се случил во 13:45 часот на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, кога запалено било возило „Форд“, управувано од 65-годишниот Н.П. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица.Вториот пожар бил пријавен во ОВР Струга на 11 јули во 14 часот. Возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.М. од Охрид, се запалило на магистралниот пат Охрид–Струга. И во овој случај нема повредени.Во Кичево, регистрирани се две тепачки и нарушувања на јавниот ред и мир. На 11 јули во 22:20 часот, на булеварот „Ослободување“, три лица – А.Ќ. (24), Н.В. (47) и едно малолетно лице – се степале меѓу себе. Претходно, на 12 јули во 00:30 часот, на улицата „Партизански одреди“, уште пет лица, сите од Кичево, учествувале во меѓусебна пресметка. Во двата случаи, полицијата најави соодветни пријави по целосно документирање на настаните.Од СВР Охрид информираат дека се преземаат дополнителни мерки за расчистување на сите случаи.

Македонија | пред 5 месеци

1L3A3247

(Видео) Пијаното на Хуангчи и духот на Пајдушкото ја отворија фестивалската магија на Охридското лето

Со гала-концерт на светски познатата пијанистка Клер Хуангчи и извонредните уметници од Националната Филхармонија на Република Северна Македонија, а под диригентката палка на маестро Едвин Оутвотер, во магичниот амбиент на Античкиот театар вчеравечер беше отворено 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Во духот на годинешното мото „Трансформација на сетилата“, виртуозноста на уметниците беше оплеменета со 3Д мапинг на португалскиот сценарист Рафаел Карико. Охрид имаше вечер кога класиката ја запозна традицијата. На сцената на Охридско лето, светски познатата пијанистка Клер Хуангчи го изведе Пајдушко оро заедно со Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестро Едвин Аутвотер од САД. Пајдушкото – македонски ритам со душа, доби ново пијано руво.Прогласувајќи го за отворен, покровителот на фестивалот, Претседателката на Р.С. Македонија, Гордана Силјановска-Давкова потсети дека токму кога се отвора фестивалот и додека трае програмата, Охрид се отвора како волшебна школка и како што рече, од него излегува највредниот бисер-уметноста.-Шеесет и пет години „Охридско лето" е нашето скапоцено уметничко огледало, престижен уметнички центар! Шеесет и пет години уметноста влегува низ охридските порти и кружи низ градот! Секоја нота, секој стих и мисла, секој глас и чекор се слеваат во охридската летна симфонија! Како што древниот Охрид е вечен со своите напластени културни, духовни и цивилизациски слоеви, така и фестивалот „Охридско лето" прераснува во препознатлива традиција, никната врз цврсти темели и доградувана преку уметнички мостови на обединување, будејќи го убавото, хуманото и културното! Охрид е еден, Охрид е Охрид! Не постои уметничко лето како охридското! Не постои фестивал како охридскиот, рече Претседателката Силјановска-Давкова.Обраќајќи се пред преполното гледалиште на Античкиот театар, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, нагласи дека „Охридско лето“ не е само фестивалска програма, туку е хроника на незаборавни уметнички средби, духовен календар на едно народно живеење што, како што додаде, секое лето блеска во својата најчиста форма.-Оваа фестивалска година не ја одбележуваме само со бројки и големина, туку со созреаност на духот и визија за иднината. Не сме овде само за да се восхитуваме, тука сме за да ја потврдиме нашата верба дека културата е темел, а не додаток. Таа не е украс, туку јадро на нашето постоење. Уметноста е нашата најмоќна потврда дека сме народ што памети, што чувствува, што се стреми кон повисоки вредности, рече министерот Љутков.Директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски изради огромна благодарност за покровителството на најзначајната музичко-сценска манифестација која според него, во наредните денови ќе биде исполнета со настани што имаат врвна естетика и уметничка совршеност.-Под мотото „Уметноста трансформира“, годинава создадовме една нова, модерна и креативна културна вредност како дел од вековната традиција на Фестивалот.Посакувам незаборавни вечери на уметничка трансформација како и безброј емотивни сензации затоа што впрочем токму тоа е и мисијата на фестивалот „Охридско лето“, да сплотува, да инспирира, да трансформира, кажа првиот човек на фестивалот „Охридско лето“.Уметничката порака годинава ја пренесе актерот и режисер Ѓорѓи Јолевски кој низ годините како селектор ја градеше и успешната театарска приказна на фестивалот.-Бертол Брехт вели: „Уметноста не е огледало што ја рефлектира реалноста, туку чекан што ја обликува.“ Во тој контекст, секој концерт, секоја претстава, секој збор на сцената — не е одраз на светот таков каков што е, туку обид да стане подобар. Живееме во време на војни, каде што човечкиот живот е девалвиран, а политичката реторика е театар без катарза. Во таков свет, уметноста не е луксуз — таа е нужност. Нужност и апел да се потсетиме што значи да се биде човек, истакна Јолевски.Гала-концертот на свеченото отворање го проследија дел од државниот врв на Македонија предводен од премиерот Христијан Мицковски, министри, амбасадори и дипломатски претставници во земјава, градоначалникот на Општина Охрид, како и претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај.Фестивалот „Охридско лето“ се одржува под покровителство на Претседателот на државата, финансиски поддржан од Владата, Министерството за култура и туризам и Општина Охрид, а огромна заслуга за успесите имаат и верните пријатели, генералниот спонзор А1 Македонија, бројни спонзори и помагатели, љубители на уметноста и поддржувачи на културните вредности.

Магазин | пред 5 месеци

guzva-ohrid

(Видео) Гужви и застои на влезот во Охрид, револт и негодување кај возачите

Долги колони возила, чекање од над еден час и половина и револт кај возачите – така изгледа утрово влезот во Охрид, откако беше воведен посебен сообраќаен режим поради работната посета на албанскиот претседател Бајрам Бегај.Според информации од терен, сообраќајот е значително успорен на влезната точка на Охрид, каде се врши контролирано пропуштање на возила, а во одредени интервали и целосно стопирање на сообраќајот заради безбедносни процедури.„Веќе 70 минути стоиме во место. Никој не објаснува ништо. Луѓето се нервозни, има и деца и стари лица во колите. Надвор е 40 степени“, вели за „Скопје1“ еден возач заглавен на влезот.Полицијата е присутна со засилени патроли.Албанскиот претседател Бегај ќе престојува во Охрид како дел од неговата работна посета на Северна Македонија, при што се предвидени средби со државниот врв, како и посета на културно-историски објекти.

Охрид | пред 5 месеци

485150325_1076043764550888_2255758733319942525_n

„Ој љубов, љубов“ повторно ќе заплови по Охридското Езеро – вечерва шесто издание на староградската пловидба

Еден од најавтентичните културни настани во Охрид последниве години – староградската пловидба „Ој љубов, љубов“ – ќе се одржи вечерва по шести пат, во рамки на Алтернативното културно лето, во организација на Културолошката иницијатива „5 до 12“.Традиционално, собирот на сите пловни објекти, исклучиво со веслање, е закажан за 17:30 часот на плажата Канео, од каде што ќе се заплови до Старото пристаниште – Островче. Настанот ќе биде достапен и за посетители од копно од 18:30 часот.„Дојдете и оваа година, во еден глас да ги испееме охридските и македонските песни и да останеме доследни на нашето, од традицијата подарено“, велат организаторите.За безбедноста на присутните ќе се грижат Езерската полиција, Капетанијата на пристаништата и Црвениот крст – Охрид.Важно известување до учесниците и посетителите:Строго е забранета употреба на пиротехнички средства за време на пловидбата.Сите пловни објекти со мотор мора да се држат на безбедно растојание од веслачите и чамецот со ансамблот.Апел за коректно и одговорно однесување, за настанот да помине во духот на традицијата и со максимална безбедност.Оваа уникатна пловидба, која низ годините прерасна во симбол на културното лето во Охрид, привлекува сè поголемо внимание и се смета за едно од највредните културни освежувања во градот.

Охрид | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања