ВО ЖИВО

ВО ЖИВО: Предновогодишна од фирма

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

охрид

ohridsko-ezero

УНЕСКО даде дополнителна една година за спроведување корективни мерки за Охридскиот Регион

Македонија доби дополнителна една година од УНЕСКО за да ги спроведе неопходните корективни мерки за заштита на Охридскиот Регион и да го зачува неговиот статус на светско природно и културно наследство.Како што посочуваат од Минстерството за култура, одлуката предвидува дополнителна временска рамка од една година за реализација на активностите за заштита на вредностите на регионот, врз основа на препораките од реактивните мисии на УНЕСКО од 2020 и 2024 година и Стратегискиот план за рехабилитација.„Оваа одлука е резултат на заедничките заложби на Владата на Република Македонија и на Владата на Република Албанија, кои беа препознаени од членките на Комитетот и другите надлежни инстанци“, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков на денешната прес-конференција, додавајќи дека станува збор за силна мотивација институциите најсериозно да пристапат кон итна имплементација на мерките.Министерот Љутков потенцираше дека Владата, преку максимален ангажман и координација на сите надлежни институции – Министерството за култура и туризам, Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за заштита на културното наследство, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и домашните експерти – ќе работи на зачувување на статусот на Охридскиот Регион.„Не смееме да дозволиме однос кон светското наследство како во минатото. Последните седум години речиси ништо не беше реализирано од препораките на УНЕСКО. Наместо заштита, бевме сведоци на игнорирање на експертските извештаи и системско разнебитување. Граѓаните имаат право да знаат дека токму претходната власт го доведе Охрид на работ на губење на својот статус“, рече Љутков.Од Министерството за култура изразија голема благодарност до тимот од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и до членовите на делегацијата на Министерството за култура и туризам за успешно спроведената дипломатска мисија на сесијата во Париз.фото:Unsplash

Македонија | пред 5 месеци

nesrekja

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа кај Охрид – едно лице загинато

Ужасна сообраќајна несреќа се случи вечерва на влезот во Охрид, близу Аеродромот односно селото Оровник.Според првичните неофицијални информации, има едно загинато лице. Интервенираше противпожарна екипа и Брза помош.Повеќе детали се очекуваат од МВР во текот на утрешниот ден.

Македонија | пред 5 месеци

ohridsko-ezero

Македонскиот бисер во голем ризик – УНЕСКО предлага Охридскиот регион да биде впишан на листата на светско наследство во опасност

Охридскиот регион се соочува со нов сериозен притисок од УНЕСКО – во нацрт-документ усвоен на 47. сесија на Комитетот за светско наследство, која се одржува во Париз, се предлага мешовитото природно и културно наследство на Охридскиот регион да биде впишано на Листата на светско наследство во опасност.Причината, како што се наведува, е продолжената деградација на заштитените вредности, вклучително и урбанистичкиот хаос, неконтролираната изградба и несоодветното институционално управување со регионот. Во документот се констатира дека државата не презела доволни мерки за спроведување на претходните препораки од УНЕСКО и не обезбедила ефективна заштита на објектите, просторот и екосистемите што се дел од светското наследство.Комитетот повторно укажува на потребата од подготвување Стратешка еколошка проценка која ќе ги опфати сите кумулативни влијанија врз заштитеното подрачје – нешто што се очекува од македонските институции веќе подолго време. Во меѓувреме, се бара целосна суспензија на измените на деталните урбанистички планови, како и одобрувањето на нови развојни проекти, особено надвор од населените места, сѐ додека не се завршат сите неопходни проценки.Во документот се нотира и стагнацијата во подготовката на новите генерални урбанистички планови за Охрид и Струга, како и отсуството на соодветни инструменти за просторно планирање на неизградените зони. Од властите се бара итна систематска проценка на негативното влијание од постојните нелегални градби, со можност за нивно отстранување или ублажување на последиците.Посебно внимание е посветено на Студенчишкото Блато, за кое УНЕСКО бара итна забрана на сите градежни активности во неговата околина, вклучително и кај комплексот „Горица 3“, сѐ додека не се направат сите релевантни проценки.Во делот на трансграничната соработка, УНЕСКО ги повикува Северна Македонија и Албанија да го зајакнат дијалогот на институционално и оперативно ниво, со цел да се обезбеди координирано и одржливо управување со целиот регион.Комитетот бара и изработка на нова студија за крајбрежната зона на македонскиот дел од езерото, како и префизибилити студија за алтернативна траса на железницата од Коридорот 8, со сите потребни еколошки и инфраструктурни анализи. Се препорачува прекин на сите активности поврзани со изградба на делниците, додека не се достават и разгледаат студиите.Во заклучокот на нацрт-одлуката се потсетува дека постојните и кумулативни влијанија – меѓу кои се еутрофикацијата на езерото, лошото просторно планирање, несоодветните интервенции и големите инфраструктурни зафати – довеле до сериозно нарушување на клучните вредности на регионот, што претставува реална закана за неговиот статус.Доколку нацрт-одлуката биде усвоена, тоа нема да значи дека Охридскиот регион се брише од листата на заштитени подрачја, туку ќе биде класифициран како регион во опасност. За дел од експертите, ваквиот чекор е можност да се добијат дополнителна поддршка, експертиза и ресурси од УНЕСКО за справување со децениските проблеми.фото: Unsplash

Македонија | пред 5 месеци

SLIKA-1-OHRID-IGRALISHTE

Фудбалот е повеќе од игра: Првиот мини-пич терен од компанијата Mozzart блесна во Охрид

Од срцето на македонскиот бисер Охрид, започна инспиративниот проект „Фудбалот е повеќе од игра“, чија цел е да изгради мрежа од фудбалски мини-терени низ државата.Првиот терен, гордо го носи името на охриѓанецот и поранешен македонски репрезентативец Гоце Толески — симболично признание за неговиот придонес кон спортот.„Непроценлива е честа и радоста што токму јас сум дел од овој исклучителен проект, а особено што овој прекрасен фудбалски терен го носи моето име. Искажувам искрена благодарност до компанијата Mozzart, која преку своите ангажмани постојано го поддржува развојот на спортот и го негува спортскиот дух кај младите генерации. Сѐ додека постојат вакви општествено одговорни компании што вложуваат во спортската инфраструктура, ќе постои и надежта за нови фудбалски ѕвезди. Делото на Mozzart треба да биде пример и инспирација за сите останати.” изјави македонската фудбалска звезда, Гоце ТолескиМладите фудбалски надежи на Охрид имаа чест први да го испробаат теренот, играјќи рамо до рамо со својот идол Толески. Атмосферата беше навистина спектакуларна – полна со емоции, насмевки и аплаузи од публиката.Натпреварот имаше хуманитарен карактер – секој добар потег на теренот, било да е мајсторска асистенција, одлична одбрана или погодок, ја зголемуваше донацијата што Mozzart ја упати кон здружението „Тајните на моето срце“, кое се грижи за деца со посебни потреби од Охрид.„Преку овој проект, од Охрид започнуваме приказна со срце. Задоволството е огромно кога ќе ги видиш младите спортисти со сјај во очите и желба за игра. Тие ни ја потврдуваат исправноста на нашиот избор. Првиот чекор е направен – и не застануваме тука“, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.Следни на ред за ваква спортска благодет се Велес и Свети Николе. А приказната само што започна…Фудбалот е повеќе од игра! Првиот мини-пич терен од проектот на Mozzart е веќе реалност – токму во Охрид! Теренот го носи името на фудбалската легенда Гоце Толески, а младите охридски фудбалери заедно со својот идол приредија вистински спектакл. Натпреварот имаше хуманитарен карактер – секој добар потег значеше поддршка за децата од „Тајните на моето срце“. Следни: Велес и Свети Николе! (ПР текст)

Охрид | пред 5 месеци

514615591_1209431644317990_2712395302426611115_n

„Охридски Комуналец“ со неделни активности за уредување и чистење на јавните површини

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ информира дека нивните екипи биле ангажирани на повеќе локации низ Охрид и околината во рамки на редовните активности за одржување на јавната хигиена и зеленилото.Во текот на трите фестивалски денови, службите активно учествувале во одржувањето на хигиената и зелените површини околу хотелот „Палас“ и „Кеј Македонија“, како дел од логистичката поддршка на Охридскиот вински фестивал 2025.Дополнително, хортикултурно бил уреден просторот околу новоотвореното спортско игралиште на булевар „Туристичка“, а биле реализирани и активности за косење и уредување на јавните површини на неколку улици: АСНОМ, Прва македонска ударна бригада, Лазо Трповски и 7-ми Ноември, како и на потегот кај плажите Лагадин и Пештани, во селата Лескоец и Орман, детското игралиште кај „Стобекс“, патниот правец Охрид–Свети Стефан и дрворедот на улицата „7-ми Ноември“.Паралелно, продолжуваат и акциите за цветно уредување, при што биле засадени нови цвеќиња долж пешачката патека од каналот Студенчишта до Горица, во градскиот парк, како и во село Пештани.Од претпријатието најавуваат континуирана ангажираност со цел обезбедување на почиста и поуредена животна средина за охриѓани и посетителите.

Охрид | пред 5 месеци

5E80E0E9-E96E-4E05-AE30-4C84E6D44F60

Детали за запалениот глисер: Пожарот избувнал при спуштање, оштетени се и други два-три пловни објекти

Глисерот кој утрово гореше во каналот Студенчишта се запалил при спуштање, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, за „Скопје1“. Тој посочува дека веднаш било реагирано, повреднеи дена, а пожарот оштетил и други пловни објекти.„Пожарот е настанат во момент на спуштање на глисерот во каналот. Пријавено е во 10:30 часот. Настанал пожар во пловило-глисер. Веднаш имаат интервенирано припадниците од езерската и сообраќајната полиција, како и припадниците од Армискиот центар за обука на вода. Потоа се придружуваат и пожарникарите. Повредени лица нема, предизвикана е материјална штета на глисерот на кој настанал пожарот и два-три други пловни објекти. Увидот е завршен. Јавен обвинител има добиено информација, повратно се добиени насоки за постапување“, велат од МВР.

Охрид | пред 5 месеци

5E80E0E9-E96E-4E05-AE30-4C84E6D44F60

(Видео) Изгаснат пожарот кој избувна во глисерот паркиран во Студенчишкиот канал во Охрид

Пожарот што денеска попладне избувна во глисер на Студенчишкиот канал во Охрид е изгаснат.Со брза реакција е локализиран огнот. Во инцидентот, според првичните информации, нема повредени лица.Причините за пожарот сѐ уште се утврдуваат.

Охрид | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-30-at-11.29.07

(Видео) Гори глисер во каналот Студенчишта во Охрид, околу него паркирани десетина други

Попладнево избувна пожар на глисер во каналот Студенчишта, во близина на Охридското Езеро. Пожарот предизвика вознемиреност кај присутните туристи и граѓани, а густ црн чад се издигаше над езерото. Околу глисерот имаше и други паркирани пловни објекти.На местото интервенираа граѓани, а има присутна и полиција. Засега нема информации за повредени лица, ниту за причината за пожарот. Очевидци велат дека глисерот бил закотвен кога почнал да гори.Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Охрид | пред 5 месеци

kaneo-1

Јапонска туристка се повредила при пад кај Канео во Охрид

Попладнево околу 14 часот, туристка од Јапонија се повредила при пад на скалите кај црквата „Свети Јован Канео“ во охридската населба Канео. Се работи за повозрасна жена која, при движење покрај карпите над јужниот брег на Охридското Езеро, изгубила рамнотежа и паднала, при што се здобила со полесни повреди.Според информациите од СВР Охрид, веднаш по пријавата на терен реагирале полициска патрола и екипа на Итна медицинска помош. Жената, која била во бесознание, била пренесена во Специјалната болница „Свети Еразмо“, каде што ѝ била укажана лекарска помош и ја стабилизирале состојбата.Увидот на полицијата покажал дека нема индиции за насилство, па случајот се води како несреќен пад.

Охрид | пред 5 месеци

pecakov-4

Охрид воведе забрана за градежни работи во централното градско подрачје

Од први јули (вторник) стапува на сила одлуката за забрана за изведување градежни работи во централното градско подрачје. Забраната се однесува на просторот јужно од булевар „Туристичка“ на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, на просторот над булевар „Туристичка“  во длабочина од 50 метри, туристичките локалитети од каналот Студенчишта до „Свети Наум“.Забраната ќе биде на сила до 31 август 2025 година.

Охрид | пред 5 месеци

IGRALISTE-DRON-1-scaled-1

Пуштено во употреба реконструираното спортско игралиште „Гоце Толески“

Со пригодна свеченост што се одржа вчеравечер беше пуштено во употреба реконструираното спортско игралиште на булевар „Туристичка“, во станбениот комплекс на влезот во Охрид.Игралиштето кое е реконструирано со поддршка на општествено одговорната компанија „Моцарт“  ќе го носи името на познатиот охридски фудбалер Гоце Толески.Пред присутните гости на настанот, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.-Навистина ми претставува посебно задоволство и чест да бидам дел од овој пригоден настан за свечено пуштање во употреба на уште едносовремено и целосно реконструирано спортско игралиште во нашиот град.Спортската инфраструктура е основаза градење на здрава заедница. Без соодветни спортски терени, нема услови за развој на спортскиот потенцијал кај младите.Секој нов квадратен метар од спортска површина, не носи чекор поблиску до здрави генерации. Колку повеќе вложуваме во спортските капацитети, толку повеќе вложуваме во спортската иднина на нашите деца.Ова игралиште под отворено небо, ќе биде место каде што децата ќе учат на победа и пораз, дисциплина и пријателство. Ова ќе биде простор каде што ќе се градат нови спортски соништа.Оваа можност ја користам да упатам, голема благодарност до општествено одговорната компанија „Моцарт“, чија инвестиција е позитивен пример како бизнис секторот може да даде свој придонес во локалниот развој.Општина Охрид ќе продолжи и понатаму да дава голема поддршка на спортот, спортските клубови и новите спортски надежи, со една единствена цел, Охрид да биде град кој ќе слави големи спортски успеси и ќе се гордее со врвни спортски имиња.Посакувам ова игралиште да биде место на многу насмевки, позитивна енергија и место каде што ќе се изградат нераскинливи спортски другарства, истакна Пецаков.Игралиштето беше официјално отворено со натпревар во мал фудбал помеѓу екипите на „Некст левел“ и „Еуро фудбал“.

Охрид | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-56-6010PM

Македонија бележи туристички бум - ова се топ пет земји од каде доаѓаат најмногу туристи

Македонија бележи значаен пораст на странски туристи – дури 21,6% во првата половина од 2025 година во однос на истиот период минатата година, покажуваат најновите податоци од Министерството за култура и туризам. Според проценките, ако ваквиот тренд продолжи, до крајот на годината се очекуваат околу 1,5 милиони странски посетители, што би можело да генерира приходи до 500 милиони евра.Зголемениот интерес за земјава, велат од Министерството, е резултат на засилената меѓународна промоција, развојот на туристичката инфраструктура и понудата што нуди автентично доживување на македонската култура, природа и гастрономија. Туризмот расте и надвор од пик-сезоната, што укажува на успешна диверзификација.Најмногу туристи пристигнуваат од Турција, Србија, Германија, Грција и Хрватска, со стабилен интерес и од САД, Холандија и Италија.За да се одговори на зголемениот интерес и да се подобри ефикасноста на туризмот, Владата започна институционални реформи. Со законски измени испратени до Собранието, се предвидува укинување на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, основана во 2013 година, а нејзините надлежности преминуваат на Министерството за култура и туризам.Министерството ќе го координира системот на субвенции за организиран странски туризам, ќе формира советодавен Совет за промоција и ќе го преземе целиот капацитет, архиви и вработени од Агенцијата. Целта е централизирана и поефикасна промоција, како и подобро управување со средствата, откако ревизорски извештаи утврдија сериозни слабости во досегашното работење.Надлежните порачуваат дека земјава е на добар пат да се позиционира како водечка туристичка дестинација во регионот.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-41-7350PM

Пешак загина во сообраќајка во Охрид – двајца млади пријавени, возачот бил без дозвола

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С. (22) од Прилеп, со престој во Охрид, и К.М. (19) од селото Лескоец, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.Несреќата се случила на 19 јуни 2025 година, кога К.М., иако знаел дека И.С. нема возачка дозвола, му дозволил да управува со неговото возило марка „Голф“. При движење по охридските улици, И.С. удрил двајца пешаци. Едно од лицата им подлегнало на повредите, додека второто е хоспитализирано.По преземените мерки, на двајцата осомничени им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Истражните органи продолжуваат со постапката за целосно расветлување на случајот.

Македонија | пред 6 месеци

slika-za-najava-igralishte

Фудбалот оживува во Охрид! Mozzart ја започнува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – токму од бисерот на Македонија!

Со голема гордост ви најавуваме дека Охрид е првиот град во кој започнува оваа голема акција, преку која ќе се изградат бројни фудбалски терени низ целата држава – места каде ќе се раѓаат нови спортски соништа.Новоизградениот терен ќе го носи името на легендарниот охриѓанец и македонски фудбалер Гоце Толески, како симбол на посветеност, успех и локална гордост.📅 Четврток 🕗 20:00 часот 📍 ОхридСо оваа иницијатива, Mozzart го претвора спортот во сила на заедништво, мотивација и надеж. Вложувањето во спортот е повеќе од цел – тоа е визија што оживува преку оваа акција.Ајде заедно да покажеме дека фудбалот не е само игра. Тој е љубов, страст, желба и инспирација. Затоа – бидете дел од оваа нова ера. Фудбалот е повеќе од игра!(ПР текст)

Охрид | пред 6 месеци

ohrid

Земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија – потреси и минатата недела во Охридско-Струшкиот регион

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала утринава во 5:04 часот ја вознемири југозападна Македонија, откако потресот со епицентар во Албанија се почувствува во повеќе погранични делови на земјава. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот бил лоциран на околу 158 километри југозападно од Скопје.Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) прецизира дека земјотресот се случил 16 километри северозападно од Тирана, на длабочина од само 5 километри – што го прави потресот повлијателен и на површината.Во Македонија, земјотресот е почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, особено во југозападниот регион – Охрид, Струга, Ресен и околината.Инаку, слични сеизмички активности беа забележани и минатата недела. На 16 јуни беше регистриран земјотрес со јачина од 3,8 степени, со епицентар во подрачјето Пештани-Охрид-Струга, кој во Охридската котлина се почувствува со интензитет од V степени.Според податоците на ЕМСЦ, утрово се регистрирани и неколку послаби потреси во Албанија, што укажува на засилена сеизмичка активност во регионот. Македонските институции ги следат состојбите и апелираат на смиреност.

Охрид | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања