Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОХРИД

ohrid-divogradba

(ФОТО) Дивоградба во заштитената охридска чаршија доби фасада и покрај забраната!

Објект изграден без дозвола во заштитеното градско јадро на Старата охридска чаршија, кој претходно беше предмет на вонредна контрола од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, во меѓувреме добил нова фасада, реагираат од граѓанската иницијатива СОС Охрид.Инспекцискиот надзор утврдил дека објектот се наоѓа во заштитена зона и дека инвеститорот изведувал градежни активности без одобрение, со што се прекршени одредби од Законот за градење. Министерството за транспорт тогаш информираше дека ќе бидат поднесени пријави согласно законските прописи.Од институцијата потсетија дека заштитата на старото градско јадро е со цел да се спречат оштетувања, неповратни измени, уништување или деградација на споменичната целина.Сепак, и покрај поставените жолти ленти на локацијата – како и кај старата градска куќа на улицата „Димитар Влахов“ – градежните работи продолжиле. „Постојат субјекти кои очигледно се над законот, а институциите не реагираат. Зошто тогаш постојат, ако не преземаат ништо за да запрат вакви постапки? Како граѓаните да имаат доверба во системот кога секојдневно гледаат вакви примери?“, прашуваат од СОС Охрид.

Охрид | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-10-at-12.01.05

Глисер изгоре и потона кај Елешец – оштетени уште два пловни објекти

Денеска (10 август 2025) во 11:22 часот, во СВР Охрид и Езерската полиција било пријавено дека на околу 30 метри од брегот, меѓу населбата и автокампот Елешец, настанал пожар во укотвен глисер.Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица Охрид и Езерската полиција.Според МВР, глисерот бил регистриран и во сопственост на 64-годишен жител на Тетово (З.Д.). Поради големите оштетувања на коритото, пловилото потонало на длабочина од околу три метри. Од пожарот биле оштетени и уште два соседни глисери.Причините за пожарот се утврдуваат.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_4187

Бугарски турист исчезна при нуркање во Охридското Езеро

Денеска околу 13:15 часот во СВР Охрид и езерската полција е пријавено дека бугарски турист додека нуркал исчезнал во водите на Охридското езеро.“На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското езеро, над селото Трпејца. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање кои ги спроведуваа тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот клуб „Амфора“”, велат од МВР.

Македонија | пред 7 месеци

plaosnik

(Видео) Плаошник – центар на верскиот празник во чест на Св. Климент

На 9 август (н.с.) се празнува споменот на св. Климент Охридски кој е упокоен на овој ден 916 година, а овој ден Светата православна црква го празнува и споменот на големиот исцелител свети Пантелејмон. Во очи на денот верници и годинава запазувајќи се упатија на поклон во црквата на Плаошник.И годинава верниците имаа можност да се поклонат пред моштите на Св. Климент, по што и им се делеше памукче кое се чува за здравје и среќа.Големиот македонски и сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец починал на денешен ден 916 година. Но бидејќи тој и за време на својот живот именденот го празнувал на 8 декември (25 ноември с.с.) на празникот на Св. свештеномаченик Климент епископ Римски, подоцна неговиот главен празник бил поместен на овој датум, а на денешен ден се празнувал заедничкиот спомен на седумтемина рамноапостолни словенски светители познати како свети Седмочисленици (св. Кирил, Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј).Св. Климент Охридски Чудотворец е најпознатиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј, последен од нив починал и поради тоа денот на неговото упокојување бил земен за нивни заеднички празник.

Магазин | пред 7 месеци

DSC_4384

Оперски рецитал во чест на „Свети Климент Охридски“ – летен

Во чест на празникот „Свети Климент Охридски“ –летен, вчеравечер во дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“ се одржа оперскиот рецитал „Од младите глас за Свети Климент и за спас”.Љубителите на музиката имаа можност да уживаат во прекрасните оперски изведби на младите охридски музичари: Билјана Буџакоска- сопран, Стефани Дудуќ -сопран, Изабела Димовска –мецосопран и Дамјан Милески- пијано.Во името на Општина Охрид, присутните ги поздрави претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.Концертот беше организиран во рамки на Годишната програма за култура на Општина Охрид. 

ОО | пред 7 месеци

markica

Дијана Петрова е годинешен добитник на наградата „Живко Чинго“

Дијана Петрова е автор на расказот „Мизенабим” под шифра: „Кибела” кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.Дијана Петрова е родена во 1992 година во Делчево и е професорка по македонски јазик и литература. Дипломирала на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности, при филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје, каде и го продолжува своето студирање на втор циклус студии.Авторка е на три објавени книги: „Бдеењето над себе“ (роман; Битола: Нов Вавилон, 2018), „Не правете им сенка на гробвите“ (збирка раскази; Скопје: Антолог, прво издание 2020, второ издание 2021), „Излегувањето од сенка – Тајното женско училиште (роман; Скопје: Антолог, 2023).Авторка е на многу есеи и раскази кои се објавувани во неколку книжевни списанија (Современост, Литературен збор, Репер, Блесок, Окно, Медуза, Млади македонисти, Премин).Во 2023 година за нејзинот расказ „Рош хашана“ ја добива првата награда на конкурсот распишан од Фондот на холокаустот во Македонија. Петрова беше добитник на престижната награда за најдобар расказ „Живко Чинго“ и минатата 2024 година за нејзиниот расказ „Јоанес Даубманус“.Комисијата во состав: Димитар Пандев, претседател, Бранко Цветкоски, член и Зоран Јаќимоски, член, во изготвениот извештај за избор на најдобрар расказ за 2025 година истакна:„Наградениот расказ „Мизанабим” се одликува со извонредна техника на раскажување што се засновува врз едно очигледно длабоко и темелно познавање на високите врвови на светската проза и на теоријата на прозата и притоа не изостанува авторската умешност лесно да ги хармонизира пристапите на некои великани со неговото лично авторско проседе.“На Конкурсот кој традиционално го објавува Општина Охрид, пристигнаа вкупно 69 раскази.Наградата на авторката Дијана Петрова ќе и биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ на 13 август во село Велгошти.

ОО | пред 7 месеци

Zivko_Cingo_2025

Избран е најдобриот расказ на годинешниот конкурс „Живко Чинго“

Расказот „Мизенабим” под шифра: „Кибела”е најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.Комисијата во состав: Димитар Пандев, претседател, Бранко Цветкоски, член и Зоран Јаќимоски, член, во изготвениот извештај истакна:„Наградениот расказ „Мизанабим” се одликува со извонредна техника на раскажување што се засновува врз едно очигледно длабоко и темелно познавање на високите врвови на светската проза и на теоријата на прозата и притоа не изостанува авторската умешност лесно да ги хармонизира пристапите на некои великани со неговото лично авторско проседе.“На Конкурсот пристигнаа вкупно 69 раскази. Авторот на наградениот расказ, треба најдоцна до 11.08.2025 година (понеделник) да се јави во Одделението за култура при Општина Охрид, за докажување на авторството со четвртиот примерок од литературното дело.Наградата на авторот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ на 13 август во село Велгошти.

ОО | пред 7 месеци

markica

Избрани апликанти по јавен повик за граѓански организации за 2025 година

Во рамките на Јавниот повик за поднесување на предлог проекти од граѓански организации, објавен на 26.03.2025 година, Општина Охрид ги објавува избраните апликанти чии проекти се целосно усогласени со развојните приоритети на општината за 2025 година: ИЗБРАНИ ПРОЕКТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ: НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: ПУЛСОТ НА ЕЗЕРОТООРГАНИЗАЦИЈА:  НУРКАЧКИ ЦЕНТАР   “АМФОРА“ПРИОРИТЕТНА ОБЛАСТ: ТУРИЗАМ И КУЛТУРА НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: ОД ДОМАШНА КУЈНА ДО ЛОКАЛЕН БРЕНД ОХРИДОРГАНИЗАЦИЈА:  ЦОР “ИМПАКТ“ПРИОРИТЕТНА ОБЛАСТ:  РОДОВА ЕДНАКВОСТ И СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ОПШТИ ИНФОРМАЦИИВкупен буџет на повикот: 2.500.000,00 МКДИзноси по проект:    од 100.000,00 до 700.000,00 МКДПериод на реализација : од април 2025 до март 2026 година Избраните проекти беа селектирани врз основа на административна усогласеност, јасно дефинирани цели, влијание во заедницата и соодветност со утврдените приоритети на Општина Охрид:младински активизам и партиципацијародова еднаквост, економска и социјална инклузијазаштита на животната срединатуризам и култура Општина Охрид им упатува честитки на избраните организации и изразува благодарност до сите подносители на проекти за нивниот ангажман и посветеност кон развојот на локалната заедница.

ОО | пред 7 месеци

Italianski-ambasador07252015003

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари желба со италијанскиот амбасадор Н.Е Паоло Палминтери

Протоколарна средба остварија, денес, градоначалникот Кирил Пецаков и Амбасадорот на Италија Н.Е. Паоло Палминтери.Соговорниците на средбата разговараа за унапредување на меѓусебната соработка со можност за остварување директна соработка помеѓу општина Охрид и градови од Италија со кои Охрид има слични карактеристики.Исто така се разговараше и за соработки во други области како образование, туризам , култура. Градоначалникот го запозна Амбасадорот со тековните проекти кои се реализираат во Охрид, како и за планираните активности кои ќе се реализираат во иднина.Амбасадорот Палминтери упати покана до градоначалникот за претстојната „Италијанска вечер“ која ќе се одржи во рамки на фестивалот „Охридско Лето“.

ОО | пред 7 месеци

markica

Се одржа педесет и деветтата седница на советот на Општина Охрид

Градските советници, денес ја одржаа педесет и деветтата седница. На дневен ред имаше 16 точки, од кои повеќето беа од урбанистичката сфера, а се донесоа одлуки за формирање на паралелки со помалку од 20 ученици во основните училишта и во ОСУ „Св.Климент Охридски“.Со одлука на советниците, спортската сала беше предадена на трајно користење на ЈП „Билјанини извори“.

ОО | пред 7 месеци

pozar-3

Приведен охриѓанец – осомничен дека намерно запалил нива

Полицијата во Охрид привела 41-годишен жител на градот, осомничен дека предизвикал пожар во атарот на селото Горно Лакочереј.Според МВР, на 7 август 2025 година, околу 15 часот, З.Н. запалил нискостеблеста вегетација и ожнеана нива, со што предизвикал пожар кој можел да се прошири на поголема површина.При преглед, полициските службеници пронашле и одзеле запалка за која се верува дека била користена при палењето.„По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.

Охрид | пред 7 месеци

hugel

(Видео) „Dame un grrr“: Хугел ја запали охридската ноќ – финале на летната еуфорија

Францускиот диџеј и продуцент Хугел синоќа приреди вистински спектакл во Охрид, со сет полн со енергија, хитовски ритми и експлозивна атмосфера. Илјадници фанови танцуваа под отворено небо, создавајќи заедно со Hugel ноќ за паметење на стадионот „Билјанини извори“.Познат по своите ремикси и енергични перформанси, Hugel докажа зошто е едно од најбараните имиња на светската хаус-сцена. Сцената беше преплавена со светлосни ефекти, фанови и беспрекорна продукција, додека басовите вибрираа низ цел град.Настапот на Хугел дојде веднаш по спектаклот на Jason Derulo, и беше логично продолжение на врвната продукција што Прагма продукција ја обезбеди ова лето. Охрид, се позиционира како сериозна музичка дестинација на мапата на европските фестивали.

Магазин | пред 7 месеци

rasta

Уапсен српскиот рапер Раста во Охрид – кај него пронајдена марихуана

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ – Раста е уапсен синоќа (2 август) во Охрид, во присуство на минувачи. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, приведувањето се случило нешто по полноќ, на 3 август во 00:10 часот, на стадионот во Охрид.„Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода С.Ѓ. (36) од Белград, Република Србија, кај кого при извршен преглед беше пронајдена и одземена марихуана“, соопштија од МВР.Раста е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Инаку тој требаше да настапи на стадионот.Настанот предизвика бурни реакции кај фановите на раперот, кој беше присутен во Охрид по повод летни музички настани.

Македонија | пред 7 месеци

ohrid-mladi

(Видео) Патриотски дух на охридскиот кеј: Млади пеат „Македонијо, ти си бисер балкански“!

Навечер, на охридскиот кеј, група млади се собраа и на сиот глас ја пеат познатата патриотска песна „Македонијо, ти си бисер балкански“.„Ова е Охрид, навечер, среде кеј… македонска младина“!

Охрид | пред 7 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-1800PM

Две тепачки во раните утрински часови во Охрид: меѓу тепачите и малолетници

Секторот за внатрешни работи Охрид информира за две физички пресметки кои се случиле вчера во раните утрински часови, при што се нарушен јавниот ред и мир, а едно лице се здобило со повреди.Првиот инцидент бил пријавен во 03:50 часот на улицата „Наум Охридски“, каде според полицијата, дошло до тепачка во која учествувале повеќе лица. Со телесни повреди се здобил 21-годишниот А.Ч. од Скопје. По преземени мерки, биле приведени двајца скопјани – К.К. (20) и П.М. (19), а се работи на целосно расветлување на случајот. СВР Охрид најавува соодветни пријави.Вториот случај се случил во 05:15 часот пред казино на улицата „Партизанска“ во Охрид, каде бил приведен Е.И. (20) од Охрид, кој, според полицијата, се степал со две малолетни лица од Скопје. И овој настан е документиран и ќе биде проследен со соодветна кривична пријава.Полицијата апелира до граѓаните да се воздржат од насилно однесување, особено во туристичката сезона кога градот е под засилено полициско присуство.

Охрид | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања