Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

САД

media-librarydo5c20ksrsq7au6kQcr

(Видео) Венс во Минесота ја брани Службата за имиграција по апсењето на петгодишно дете

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс вчера (четврток) престојуваше во Минесота, сојузна држава управувана од демократите и жариште на протести против акциите на Службата за имиграција и царина на САД. Посетата доаѓа во период на засилени федерални интервенции, кои предизвикаа силни реакции во јавноста, особено по приведувањето на петгодишно дете заедно со неговиот татко.Федералната влада распореди илјадници агенти, а тензиите се зголемија по смртта на 37-годишната Рене Гуд, која пред две недели беше застрелана од агент на Службата за имиграција, по што следуваа масовни протести и судири со жителите.Венс изјави дека немирите се резултат на отпор кон спроведувањето на имиграциските закони и ги обвини, како што рече, „крајно левичарските кругови“ и дел од локалните власти за ситуацијата во Минеаполис. Тој се сретна со агенти на Службата за имиграција и застана во нивна одбрана.Гувернерот на Минесота, Тим Волц, возврати дека федералната влада е таа што ја поттикнува нестабилноста и побара повлекување на силите од улиците и соработка со државата за насочени акции.Случајот со петгодишното момче предизвика особена огорченост, откако беше објавено дека детето било приведено додека се враќало од училиште. Училишните власти и адвокатот на семејството тврдат дека тие имаат активна постапка за азил и немаат налог за депортација, додека Венс изјави дека агентите постапиле за да ја обезбедат безбедноста на детето при апсењето на таткото.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-03-02-at-09.52.47

Имаме огромна флота што се движи кон Иран, вели Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „огромна флота“ се упатува кон Иран, откако постојано му се закануваше на Техеран со интервенција на САД во услови на насилно задушување на протестите таму.„Имаме огромна флота што се движи во таа насока“, им рече Трамп на новинарите додека се враќаше во Вашингтон од Светскиот економски форум во швајцарскиот алпски град Давос. И можеби нема да мора да ја користиме… имаме многу бродови што одат во таа насока, за секој случај, имаме голема флотила што оди во таа насока и ќе видиме што ќе се случи. Имаме голема сила што оди кон Иран. Подобро би сакал да не видам ништо да се случи, но ги следиме многу внимателно, рече Трамп за Иран.Според извештаите на американските медиуми, Вашингтон во моментов го зајакнува своето воено присуство на Блискиот Исток, вклучително и со распоредување на носачот на авиони УСС Абрахам Линколн и неколку придружни бродови.Носачот на авиони на нуклеарен погон вообичаено транспортира неколку илјади војници и десетици борбени авиони, а е придружуван од разорувачи на морнарицата. Досега нема официјална потврда за распоредувањето од Пентагон.Демонстрациите започнаа во Техеран кон крајот на декември како протести на трговците поради остриот пад на вредноста на иранскиот риал и влошувањето на економските услови, пред да се развијат во национално востание против авторитарниот систем на Исламската Република.Безбедносните сили одговорија насилно, а активистите изјавија дека повеќе од 4.500 демонстранти се потврдени како мртви, а илјадници други случаи сè уште се под истрага. Точни бројки не се достапни и таквите изјави е тешко да се потврдат. Иранските власти во средата го објавија официјалниот број на жртви на 3.117 лица, вклучувајќи ги и безбедносните сили.

Свет | пред 1 месец

kanada

Трамп ја повлече поканата до Канада за „Одборот за мир“

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече поканата што претходно ѝ ја упати на Канада за приклучување кон новоформираниот Одбор за мир, откако канадскиот премиер Марк Карни во својот говор на Светскиот економски форум во Давос јавно ги критикуваше големите сили и економската хегемонија на САД, со што дополнително се заострија односите меѓу Вашингтон и Отава.Одлуката на Трамп следуваше по настапот на Карни, кој ги обвини моќните држави дека економските интеграции ги користат како средство за притисок, а царините како инструмент на моќ. Американскиот претседател преку објава на социјалната мрежа „Трут соушл“ соопшти дека Одборот за мир ја повлекува поканата упатена до Канада, наведувајќи дека станува збор за иницијатива која, според него, ќе прерасне во „најпрестижниот собир на светски лидери досега“.Ниту кабинетот на канадскиот премиер, ниту Белата куќа не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар. Само една недела претходно, од кабинетот на Карни беше соопштено дека Канада добила покана за учество во работата на одборот и дека премиерот планирал да ја прифати.

Свет | пред 1 месец

media-library44nlq6oal1ra8cdMUQz

Службата за имиграција на САД приведе 5-годишно дете

Американската служба за имиграција и царина (ICE) привела петгодишно момче од Минесота додека се враќало дома од училиште и заедно со неговиот татко го однела во притворен центар во Тексас, соопштија локалните училишни власти, пренесува „Гардијан“.Детето било приведено пред семејниот дом во предградието Колумбија Хајтс, во близина на Минеаполис. Надзорничката на училишниот округ изјави дека агентите го искористиле момчето за да проверат дали има уште лица во куќата, што таа го оцени како недозволиво постапување.Адвокатот на семејството соопшти дека таткото и детето влегле легално во САД и чекале одлука за азил, без активен налог за депортација. Од Министерството за внатрешна безбедност тврдат дека целта на операцијата бил таткото, а не детето.Училишните власти предупредија дека во последните две недели уште три малолетници од истиот округ биле приведени од имиграциски агенти, нагласувајќи дека ваквите акции предизвикуваат страв и трауми кај децата и целата заедница.

Свет | пред 1 месец

media-librarymqtne351sij58KaqtQa

САД се повлекува од Светската здравствена организација

САД денес се повлекуваат од Светската здравствена организација (СЗО), една година откако претседателот Доналд Трамп нареди таа да се повлече од агенцијата на ОН со седиште во Женева, што нејзиниот генерален директор ја нарекува „загуба и за САД и за остатокот од светот“.Според договорот меѓу САД и СЗО, повлекувањето стапува на сила денес откако ќе истече задолжителниот едногодишен рок за известување. Теоретски, еден од условите за повлекување утврдени во договорот не е исполнет бидејќи САД не ги платиле своите претходни придонеси во целост како што е договорено.Сепак, СЗО нема начин да побара пари или да одбие да се повлече, истакнува агенцијата ДПА.„Се надевам дека САД ќе ја преиспитаат својата одлука и ќе се вратат во СЗО“, рече генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус во Женева, додавајќи дека овој потег е загуба за сите.

Свет | пред 1 месец

media-libraryacebk18bn4k39S38Cxb

Администрацијата на Трамп бара начин за соборување на комунистичкиот режим во Куба

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп бара луѓе внатре во кубанската влада кои би можеле да помогнат во постигнување договор за соборување на комунистичкиот режим во таа земја до крајот на годинава, пренесува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори запознаени со состојбите.Според истите извори, Трамповата администрација е охрабрена од соборувањето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и смета дека постои можност слично сценарио да се примени и во Куба.На почетокот на јануари, Стејт департментот ја прогласи западната хемисфера за зона од посебен интерес за Вашингтон, а претходно претседателот Трамп се повика и на почитување на Монроовата доктрина, со која американскиот континент се дефинира како област затворена за мешање на други светски сили.Изворите наведуваат дека американската администрација проценила оти кубанската економија е блиску до колапс и дека владата во Хавана никогаш не била поранлива, особено по губењето на својот клучен сојузник – Венецуела.Иако, засега, не постои конкретен план за завршување на владеењето на комунистичката власт која управува со островот речиси седум децении, високи американски претставници за „Волстрит џурнал“ изјавиле дека апсењето на Мадуро во рамки на воената интервенција на САД и последователните отстапки од неговите сојузници се гледаат како јасен сигнал и предупредување за Куба.

Свет | пред 1 месец

media-libraryiidv9unupvuneSMdZRF

Кина гледа можност на Гренланд, но не на начин на кој Трамп мисли

Американските планови на Доналд Трамп за потенцијално приближување или контрола на Гренланд предизвикуваат сериозни реакции во меѓународната заедница и можат да ја разеднат НАТО алијансата. Шефицата на европската дипломатија, Кaja Калас, предупредува дека Кина и Русија „сигурно имаат причини за задоволство“ поради овие потези, додека самиот Трамп истакнува дека неговите акции се мотивирани од потребата да се спротивстави на „китаиската закана“.Од Пекинг, пак, се гледа дека нестабилноста во американската политика отвора нови можности за Кина. Професорот Ванг Вен од Универзитетот Ренмин вели дека голем дел од Кинезите ова го сметаат за уште една демонстрација на агресивно и хегемонистичко однесување на САД, а „окупацијата на Гренланд би значела пропаст на НАТО, што би ги радувало Кинезите“.Во последните години, американските власти со загриженост ја следат растечката присутност на Кина и Русија во Арктикот. Претходниот државен секретар Мајк Помпео предупредуваше дека влијанието на Пекинг може да создаде „ново Јужно кинеско море“ на Северниот пол и ветуваше засилување на американското присуство.Кинеските компании, сепак, тешко успеваа да се утврдат на Гренланд поради отпорот од САД и Данска. Во 2018 година, Данска, под американски притисок, блокираше кинеска понуда за проширување на мрежата на аеродроми, а претходно беше оневозможена и куповина на напуштена морска база.Кина, во својот официјален документ од 2018 година, се прогласува за „држава блиску до Арктикот“ и најавува изградба на „Поларен пат на свилата“, со цел развој на арктичките поморски рути како дел од иницијативата Пojaс и пат. Првиот чекор во таа насока се случи во октомври со патување на кинески контејнерски брод преку Северниот морски пат, што го скрати времето за транспорт до Европа за половина.Сепак, сојузот со Русија е клучен за овој проект, а воената и политичка криза во Украина го зголеми европското сомневање кон Кина. Инвестициите на кинески компании во рударските проекти на Гренланд се ограничени, особено по забраната за експлоатација на ураниум во 2021 година.И покрај тоа, Пекинг внимателно ги следи потезите на Трамп, кој со нарушувањето на глобалните сојузи создава ризици за сопствените интереси на Кина, но истовремено нуди можности за преиспитување на арктичката стратегија.

Свет | пред 1 месец

media-library99m7hee7s5e17Vc578F

ЕУ го запира трговскиот договор со САД поради заканите на Трамп

Европската унија го запре процесот на формално одобрување на трговскиот договор постигнат со американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој упати закани за воведување царини поврзани со прашањето за Гренланд, објави NBC News. Одлуката следува по реакцијата на Европскиот парламент, каде што претседателот на Комитетот за меѓународна трговија, Бернд Ланге, оцени дека поради заканите насочени кон Гренланд, Данска и нивните европски сојузници, Унијата немала друга можност освен да ја суспендира работата на договорот.Ланге изјави дека, со оглед на континуираните и ескалирачки притисоци, вклучително и заканите со царини, не може да се продолжи со вообичаено деловно функционирање. Тој нагласи дека нема да се преземат никакви чекори за напредување на договорот сè додека Соединетите Американски Држави не се определат повторно за соработка наместо за конфронтација, посочувајќи дека суверенитетот и територијалниот интегритет на европските држави се доведени во прашање.Одлуката доаѓа откако Трамп во саботата изјави дека седум земји-членки на Европската унија, заедно со Обединетото Кралство, би биле погодени од царини доколку не ѝ дозволат на Америка контрола врз Гренланд. Со тоа, политичката атмосфера околу веќе договорената спогодба драстично се заостри.Трговскиот договор беше постигнат во јули, за време на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на голф-клубот на Трамп во Тарнбери, Шкотска. Суштината на договорот предвидуваше ограничување на американските царини за поголемиот дел од увозот од Европската унија на 15 проценти, што важеше за една од најниските стапки што Вашингтон ги одобри на трговски партнери минатата година. Дел од европскиот извоз, како генеричките лекови, требаше целосно да биде ослободен од царини.За возврат, Европската унија, како најголем трговски партнер на САД, ќе ги намалеше царините за одредени американски производи, со што ќе се олеснеше пласманот на земјоделските и индустриските производи од Соединетите Американски Држави на европскиот пазар. Кога договорот првпат беше објавен, Европската комисија соопшти дека тој носи стабилност во трансатлантските економски односи.Сепак, тонот се промени по најновите закани од Вашингтон. Говорејќи на Светскиот економски форум, Урсула фон дер Лајен порача дека и во политиката, како и во бизнисот, договорите мора да се почитуваат, додавајќи дека кога пријателите си подаваат рака, тоа треба да има значење.

Свет | пред 1 месец

media-library6p21p0pmug1rckUQz1R

Трамп конечно откри: Ќе има ли напад врз Гренланд?

Претседателот на САД, Доналд Трамп, обраќајќи се на Светскиот економски форум во Давос, изјави дека „ниедна држава или група држави, освен Соединетите Американски Држави, не е во позиција да го обезбеди Гренланд“, но нагласи дека нема да употреби сила.„Секој сојузник во НАТО има обврска да биде способен да ја брани сопствената територија. Факт е дека ниту една држава, ниту група држави, освен САД, не е во позиција да го заштити Гренланд. Ние сме голема сила, многу поголема отколку што луѓето сфаќаат“, рече Трамп.Тој ја критикуваше Данска, оценувајќи ја како „незахвална“ поради тоа што одбива да се откаже од контролата врз Гренланд, тврдејќи дека таа ѝ должи благодарност на Америка за одбраната во Втората светска војна.„Данска падна во рацете на Германија по само шест часа борба и беше целосно неспособна да се брани, ниту себеси, ниту Гренланд. САД беа приморани да интервенираат и тоа го направивме. Да не бевме ние, денес ќе зборувавте германски и јапонски. По војната им го вративме Гренланд – колку глупаво од наша страна. А денес гледаме колку се неблагодарни“, изјави Трамп.Сепак, тој јасно порача дека нема да се послужи со сила.„Веројатно ништо нема да добиеме, освен ако не одлучам да употребам огромна моќ, со која, искрено, би биле незапирливи. Но, тоа нема да го направам. Не морам и не сакам да користам сила. Нема да употребам сила“, нагласи американскиот претседател.Трамп додаде дека целта на САД е стекнување сопственост врз Гренланд, бидејќи, како што рече, „без сопственост не можете да го браните – не можете да го браните со закуп“.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Трамп: Ја сакам Европа, но таа не оди во добар правец

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска во Давос изјави дека САД се светскиот економски мотор и дека пред само една година, под водство на „радикалната левица“, земјата била „мртва“.„Нашата економија цвета, инвестициите растат, инфлацијата е поразена, границите се затворени и непробојни, а САД се во средината на најбрзиот економски пресврт во историјата“, рече Трамп во своето обраќање.На почетокот на говорот тој потсети дека вчера се одбележала една година од неговиот втор мандат во Белата куќа и дека за тоа време се случиле големи промени. Според него, САД бележат неверојатен економски раст, каков што земјата досега немала.„Верувам дека наскоро ќе видите раст каков што ниту една земја досега не го видела“, истакна Трамп.Тој додаде дека граѓаните се задоволни од неговото владеење, дека се обезбедени бројни нови инвестиции и дека за четири години биле обезбедени 18 билиони долари инвестиции. „Бевме мртва земја, а сега сме најдобрата земја во светот. САД ќе растат трипати побрзо од прогнозите на ММФ“, рече американскиот претседател.„Го подигнуваме животниот стандард на граѓаните на многу повисоко ниво. Луѓето што доаѓаат кај нас можат многу да научат. Европа во одредени делови изгледа непрепознатливо, и тоа не во добар контекст. Ја сакам Европа и сакам да се развива“, изјави Трамп.Тој нагласи дека кога Америка паѓа, паѓаат сите, но и дека сега промените се случуваат многу брзо. „Денеска сакав да зборувам за тоа како ќе ги подигнеме економските стандарди и како, ако нè следите, во иднина нема да се препознаете“, додаде тој.„Ја сакам Европа и сакам да напредува, но таа не оди во добар правец. Во последната деценија и нашата и вашата економија потрошија премногу на непотребни инвестиции и мигранти“, рече Трамп, додавајќи дека се увезува население од далечни земји, што според него создава сериозни проблеми и големи трговски дефицити.Трамп истакна дека САД го намалиле дефицитот за 28 отсто за една година и дека инфлацијата е намалена во однос на периодот на администрацијата на Бајден.Според Трамп, трговскиот дефицит е намален за 77 отсто, домашното производство на челик пораснало за 300 отсто и низ земјата се градат нови челичарници. Тој додаде дека производството на нафта значително се зголемило и дека САД произведуваат повеќе енергија од Кина.Говорејќи за Венецуела, Трамп изјави дека земјата во наредните шест месеци ќе заработи повеќе отколку за цела година. „Тие беа одлична земја, сега имаат проблеми и ние им помагаме. Ќе заработуваат повеќе пари од кога било“, рече американскиот претседател.

Свет | пред 1 месец

Нема фотографија

По доцнење од три часа, Трамп пристигна во Давос

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, слета во Швајцарија, каде што ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос.Трамп пристигна со задоцнување од околу три часа, а до Давос го очекуваат уште околу два часа патување. Причина за доцнењето бил помал проблем со електричниот систем на претседателскиот авион.Како што соопшти портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, авионот „Ер Форс Уан“ бил принуден да се врати во Мериленд помалку од еден час по полетувањето, поради „помал електричен дефект“, по што летот бил продолжен со друго летало.И покрај доцнењето, од Светскиот економски форум информираа дека агендата на американскиот претседател нема да се промени. Првата активност е средба со деловни лидери, по што Трамп ќе одржи говор на форумот.Говорот е закажан за 14:30 часот и, според организаторите, ќе се одржи во предвидениот термин.

Свет | пред 1 месец

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин побара средба со специјалниот пратеник на Трамп

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, најави дека ќе оствари разговор со рускиот лидер Владимир Путин, но не откри детали за средбите одржани во Давос.„Треба да се сретнеме со него (Путин) во четврток. Русија побара одржување на состанок“, изјави Виткоф.Тој истакна дека е постигнат значителен напредок во разговорите меѓу САД и Русија за Украина, но во интервју за Си-Ен-Би-Си призна дека територијалното прашање и понатаму останува главната пречка.Специјалниот пратеник на Трамп додаде дека САД им предложиле и на Русија и на Украина да се приклучат на Советот за мир и дека очекуваат согласност од двете страни.Се очекува Виткоф во Москва да пристигне заедно со зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер.Да потсетиме, вчера специјалниот претставник на рускиот претседател, Кирил Дмитриев, разговараше со Виткоф во Давос, но за таа средба беа објавени многу малку информации. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да открие детали, објаснувајќи дека разговорите биле приватни и доверливи и дека сите прашања поврзани со украинското решение се разгледуваат зад затворени врати.И руските и американските претставници ги оценија средбите како позитивни. Дмитриев изјави дека руско-американските разговори се одвиваат конструктивно, додека Виткоф ги опиша како „многу позитивни“.

Свет | пред 1 месец

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Трамп тврди дека САД имаат тајно оружје, Москва бара објаснување

Соединетите Американски Држави поседуваат тајно оружје кое е непознато за остатокот од светот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, по што Русија веднаш се огласи со јасно барање за појаснување.Трамп за телевизијата „Њуз нејшн“ изјави дека тоа тајно оружје и понатаму треба да остане во тајност.„Имаме оружје за кое никој не знае и сметам дека веројатно е добро да не се зборува за тоа. Но, имаме некои неверојатни видови оружје“, рече Трамп.Прашањето од новинарите, по кое Трамп се пофали со постоењето на тајно оружје, било поврзано со американската операција во Венецуела.Набргу по оваа изјава се огласи и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој порача дека очекува објаснување за тоа што точно мислел американскиот претседател кога зборувал за тајно оружје.„Во овој случај, веројатно ќе треба да слушнеме појаснување за тоа што точно имал предвид американскиот претседател“, изјави Песков за новинарите, пренесува агенцијата РИА Новости.

Свет | пред 1 месец

mark-rute-1

Руте: Нема да ги коментирам тензиите меѓу САД и Европа околу Гренланд

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека нема јавно да ги коментира тензиите меѓу Соединетите Американски Држави и нивните европски сојузници, кои произлегоа од барањето на американскиот претседател Доналд Трамп САД да го преземат Гренланд.„Можете да бидете сигурни дека работам на ова прашање зад сцената, но не можам тоа да го правам јавно“, изјави Руте за време на панел-дискусија на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос, пренесува Ројтерс.Руте истакна дека Трамп е во право кога зборува за потребата Арктикот да биде заштитен од руско и кинеско влијание.„Претседателот Трамп и другите лидери се во право. Мораме да направиме повеќе таму. Мораме да го заштитиме Арктикот од руско и кинеско влијание. Работиме на тоа да обезбедиме колективна одбрана на арктичкиот регион“, нагласи Руте.

Свет | пред 1 месец

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Иран ѝ се закани на Америка: „Ќе возвратиме со сè што имаме“

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи упати отворена закана кон Соединетите Американски Држави, по крвавата пресметка на властите во Техеран со демонстрантите.Арагчи предупреди дека Иран „ќе возврати со сè што има доколку повторно биде нападнат“, во момент кога американска ударна група со носач на авиони се движи од Азија кон Запад, односно кон Блискиот Исток.Шефот на иранската дипломатија оваа порака ја упати преку авторски текст објавен во весникот „Волстрит џурнал“. Во него тој повтори дека „насилната фаза на немирите траела помалку од 72 часа“ и ги обвини демонстрантите за ескалацијата на насилството.„За разлика од воздржаноста што Иран ја покажа во јуни 2025 година, нашите моќни вооружени сили немаат проблем да возвратат со сè што располагаат доколку повторно се најдеме под напад“, напиша Арагчи, алудирајќи на дванаесетдневната војна што Израел ја започна против Иран.Тој нагласи дека неговите зборови „не се закана, туку реалност“, додавајќи дека, иако како дипломат и ветеран го презира војувањето, чувствува обврска тоа јасно да го каже.Според него, евентуален конфликт би бил жесток, би го зафатил поширокиот регион и би имал последици врз обичните луѓе низ целиот свет.Поради состојбата во земјата, учеството на Арагчи на Светскиот економски форум во Давос е откажано. Од Форумот соопштија дека, иако бил поканет уште минатата есен, трагичната загуба на цивилни животи во Иран во изминатите недели прави оваа година иранската влада да не биде соодветно претставена во Давос.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања