Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

САД

putin-2

Трамп за Путин: Тој е светски лидер, Макрон никому не му е потребен

Американскиот претседател Доналд Трамп објасни зошто го поканил рускиот претседател Владимир Путин да се приклучи на Советот за мир.„Тој е еден од луѓето, еден од светските лидери. Да“, изјави Трамп пред новинарите, одговарајќи на прашање дали може да го потврди повикот упатен до неговиот руски колега.Трамп се осврна и на информациите дека францускиот претседател Емануел Макрон размислува да го одбие повикот за приклучување кон Советот за мир. Американскиот лидер изјави дека Макрон „никому не му е потребен“ во таа структура и дека наскоро ќе ја напушти претседателската функција.„Емануел? Го сакам, но нема уште долго да биде таму“, рече Трамп.Тој и претходно говореше за формирањето на Советот за мир и упати покани до лидерите на повеќе држави да се приклучат кон иницијативата.Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, потврди дека Владимир Путин официјално го примил повикот.

Свет | пред 1 месец

netanjahu

Нетанјаху го прифати повикот на Трамп за Одборот за мир за Газа

Израел и Азербејџан потврдија дека го добиле и го прифатиле повикот на американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучат на Одборот за мир за Газа, соопштија денеска официјални претставници на двете земји.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го прифати повикот на Трамп да се приклучи на оваа иницијатива, која, според најавите, би можела да биде проширена и за решавање на други меѓународни конфликти, објави кабинетот на Нетанјаху на социјалната мрежа Икс.И Министерството за надворешни работи на Азербејџан соопшти дека земјата го прифатила повикот на Трамп за приклучување кон Одборот за мир.„Азербејџан, како и секогаш, е подготвен активно да придонесе за меѓународната соработка, мирот и стабилноста“, се наведува во соопштението.Азербејџан и Ерменија речиси четири децении беа во конфликт околу планинскиот регион Нагорно-Карабах, а минатиот август постигнаа мировен договор со посредство на Соединетите Американски Држави, по средба со Трамп во Белата куќа.Вчера, кон Одборот за мир на Трамп се приклучи и ерменскиот премиер Никол Пашињан.

Свет | пред 1 месец

media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

Авинот на Трамп тргна за Давос, па се врати поради дефект

Претседателскиот авион кој летал кон Давос, Швајцарија, со американскиот претседател Доналд Трамп, се вратил изминатата ноќ во Мериленд, помалку од еден час по полетувањето, поради „помал проблем со електричната инсталација“, соопшти денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.Како што пренесува телевизијата Си-Би-Ес, Трамп отпатувал за Давос со друг авион околу еден час подоцна.Ливит им изјави на новинарите во претседателскиот авион дека по полетувањето од заедничката база „Ендрјус“, екипажот идентификувал „помал електричен проблем“ и, од претпазливост, одлучил авионот да се врати во базата.Авионот слетал назад во базата во 23:07 часот по локално време, по што Трамп се префрлил во друг авион, кој полетал кон Давос околу полноќ.Новинарите што се наоѓале во авионот изјавиле дека светлата во кабината за медиуми накратко се изгаснале веднаш по полетувањето.Трамп во Давос треба да учествува на Светскиот економски форум, каде што се очекува да се обрати денеска, кратко по слетувањето.

Свет | пред 1 месец

makron-tramp

Трамп: Го сакам Макрон, но нема да остане тука уште долго

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го одби повикот на францускиот претседател Емануел Макрон да присуствува на состанокот на Г7 во Франција.На брифингот во Белата куќа, по повод годишнината од почетокот на неговиот втор претседателски мандат, Трамп беше прашан дали ќе отпатува на самитот, на што одговори негативно, пренесува француската телевизија БФМ.„Не, не би го направил тоа. Затоа што, знаете, Емануел нема да остане тука уште долго. Тој е еден од моите пријатели. Многу е симпатичен. Го сакам Макрон, но нема долго да се задржи, како што и вие знаете“, изјави Трамп.Претходно, Макрон јавно го обвини Вашингтон дека „се обидува да ја ослаби Европа“, по најавите за воведување нови царински давачки кон земјите што го поддржуваат Гренланд, како дел од политиките поврзани со администрацијата на Трамп.Во меѓувреме, Трамп објави снимки од екран на наводни приватни пораки што му ги испратил Макрон преку апликацијата „Сигнал“. Во пораките, францускиот претседател изразува недоразбирање околу потезите на Трамп поврзани со Гренланд и предлага одржување состанок во Париз, во формат на Г7, по завршувањето на форумот во Давос, со можност на маргините да бидат вклучени и претставници од Украина, Данска, Сирија и Русија.Според објавените снимки, Макрон го поканил Трамп и на вечера во Париз, но одговорот на американскиот претседател не е прикажан.

Свет | пред 1 месец

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп со жестока закана до Иран: „Ако ми се случи нешто, од вас нема да остане ништо“

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека на континуираните закани за атентат врз него, кои доаѓаат од Техеран, ќе биде одговорено со целосно уништување на таа земја.„Не би требало да го прават тоа, но јас јасно им ставив до знаење. Што и да се случи, ќе ја дигнеме во воздух целата земја, целата држава ќе биде уништена. Имам многу цврсти инструкции – што и да се случи, ќе бидат збришани од лицето на земјата“, изјави Трамп за „Њуз нејшн“, пренесува „Хил“.Трамп претходно изјави дека оставил јасни инструкции САД да го уништат Иран доколку таа земја изврши атентат врз него.„Тие не го направија тоа и би било катастрофално за нив ако се осмелат. Не поради мене – ако го направат тоа, ќе бидат збришани. Тоа би бил крај. Оставив инструкции: ако го сторат тоа, ништо нема да остане“, нагласи Трамп.Тој предупреди и дека можноста за напад врз Иран е на маса поради антивладините протести во земјата, во кои, според него, биле убиени повеќе од 3.300 луѓе во судири со иранските безбедносни сили.Во меѓувреме, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ги обвини САД дека коваат заговор против иранската влада и дека стојат зад протестите, тврдејќи дека Вашингтон се обидува да го „проголта Иран“.„Немаме намера да ја туркаме земјата во војна. Но, нема да им дозволиме на криминалците внатре во државата да дејствуваат неказнето. Уште полоши од внатрешните криминалци се меѓународните криминалци – и нив нема да ги пуштиме“, напиша Хамнеи во една од своите објави на социјалната мрежа Икс.Американските разузнавачки служби, како што беше објавено претходно, го информирале Трамп за наводни закани по неговиот живот за време на претседателската кампања во 2024 година. Поранешниот државен обвинител Мерик Гарланд изјави дека заговорот бил одмазда за убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше ликвидиран од САД во 2020 година, за време на првиот мандат на Трамп.

Свет | пред 1 месец

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Поранешниот висок функционер на НАТО бара европска „црвена линија“ поради изјавите на Трамп

Европа мора да заземе значително поцврст став кон, како што ги оцени, „непријателските испади“ на американскиот претседател Доналд Трамп поврзани со Гренланд, истовремено нудејќи рамка за соработка што ќе вклучува економски и безбедносни договори. Ова го порача поранешниот дански премиер и поранешен генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, во авторски текст објавен во „Економист“.Расмусен потсети на долгогодишната воена поддршка што Данска ѝ ја давала на Америка, нагласувајќи дека данските војници со години учествувале во американските воени операции во Авганистан и Ирак. Тој наведе дека во периодот од 2002 до 2021 година, во 52 наврати, ковчези со посмртните останки на дански војници се враќале дома, откако тие ги загубиле животите борејќи се рамо до рамо со американските сили. Според него, Данска, гледано по глава на жител, претрпела поголеми загуби од речиси сите други членки на коалицијата предводена од САД, па дури и поголеми од самата Америка.Поранешниот дански премиер истакнува дека долго време ја сметал Америка за природен лидер на слободниот свет, како во периодот кога бил премиер, така и додека ја извршувал функцијата генерален секретар на НАТО. Сепак, според него, по изјавите и однесувањето на Трамп кон Данска, која ја нарече еден од најлојалните американски сојузници, „време е да се каже дека е доста“.Расмусен потенцира дека Гренланд не претставува закана за Соединетите Американски Држави и дека островот е заштитен од НАТО. Тој наведува дека секој обид на Русија или Кина да распоредат сили на Гренланд би наишол на заеднички одговор од Алијансата, а не само од данските вооружени сили. Потсети и на безбедносниот договор меѓу САД и Данска од 1951 година, со кој на американските сили веќе им е овозможено зголемување на присуството на островот, додавајќи дека на Вашингтон може да му се понудат и дополнителни економски можности, вклучително и инвестиции на американски компании во природните ресурси на Гренланд.Во текстот, Расмусен предупредува дека класичната дипломатија можеби нема да биде доволна во односот со Трамп. Според него, американскиот претседател верува дека може да го анектира Гренланд затоа што ја гледа Европа како поделена и немоќна, убеден дека на крајот ќе се остане само на зборови, додека САД ќе го добијат она што го сакаат.Тој ја повика Европската унија јасно да ги постави границите и најави дека, доколку се направи обид за промена на суверените европски граници, САД мора да се соочат со целосната сила на европската економска „базука“, преку сериозни ограничувања на увозот и извозот и исклучување на американските компании од европските јавни набавки.На крајот, Расмусен заклучува дека Европа има избор: или ќе одговори со сила и решителност на ваквите притисоци, или ќе биде принудена да прифати сè што ќе ѝ биде наметнато, предупредувајќи дека токму сега е моментот да се повлече јасна и непоместлива линија во „снегот на Гренланд“.

Свет | пред 1 месец

media-libraryhav0ad7pkr688VBUIWv

Трамп за европските лидери: Кога сум тука се однесуваат многу коректно

Американскиот претседател Доналд Трамп со ироничен тон го опиша својот однос со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Киер Стармер, одговарајќи на новинарско прашање за актуелните релации со двајцата европски лидери.На прашањето дали разговарал со Макрон и Стармер по денешната објава на социјалните мрежи, која се однесуваше на неговата критика за британскиот договор околу архипелагот Чагос, Трамп одговори дека не остварил директен контакт, но истакна дека односите ги смета за добри.„Не, не разговарав со нив, но мислам дека многу добро се сложуваме. Секогаш се коректни кон мене. Малку стануваат поостри кога не сум во нивна близина, но кога сум тука, се однесуваат навистина убаво. И, знаете, ми се допаѓаат и двајцата“, изјави Трамп.Изјавата доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Вашингтон и дел од европските сојузници, особено околу прашања поврзани со Гренланд, Чагос и трговските односи, при што Трамп во повеќе наврати јавно ги критикуваше европските влади, но истовремено нагласува дека личните односи со клучните лидери остануваат стабилни.

Свет | пред 1 месец

media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Трамп признава: Можеби имам лош ПР

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа исклучително долга и содржински агресивна прес-конференција, точно една година по неговото враќање на власт, на која ги истакна, како што ги нарече, големите успеси на неговата администрација, но воедно призна дека економската порака не допира до мнозинството Американци.Обраќањето започна во преполната сала за новинари во Белата куќа, каде Трамп демонстративно покажа фотографии од лица што ги опиша како „пореметени убијци“, за кои тврдеше дека биле уапсени од Имиграциската и царинска служба и депортирани од САД. Посебен акцент стави на сојузната држава Минесота, каде изминатиот период се одржуваа протести против владините имиграциски политики.Трамп зборуваше за својот економски програм, тврдејќи дека успеал да ја „исчисти“ федералната администрација и остро го критикуваше својот демократски претходник Џо Бајден. Според него, актуелната власт наследила „хаос“, но бројките, особено во однос на инфлацијата, сега биле драстично намалени. Тој инсистираше дека економските показатели се значително подобрени, но изрази незадоволство што јавноста тоа не го препознава.„Навистина ги намаливме бројките. Искрено, не разбирам зошто тоа не се чувствува. Можеби имам лоши луѓе за односи со јавноста. Не успеваме да ја пренесеме пораката“, рече Трамп, во редок момент на отворена самокритика.Осврнувајќи се на Венецуела, тој ја пофали опозициската лидерка и добитничка на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо, опишувајќи ја како „исклучително љубезна жена“, додавајќи дека постои можност повторно да биде вклучена во американската стратегија кон таа земја.Настапот на Трамп следуваше непосредно пред неговото заминување за Давос, каде треба да учествува на Светскиот економски форум. Според најавите, форумот би можел да биде обележан од неговите контроверзни ставови и закани поврзани со Гренланд, тема што во последно време предизвикува силни реакции и на меѓународната сцена.

Свет | пред 1 месец

media-library5hcfs60jsruodlaE65U

Францускиот претседател смирено по „протекувањето“ на пораката: Моите ставови се исти, без разлика каде се изречени

Францускиот претседател Емануел Макрон реагираше откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно објави приватна порака што, како што тврди, му ја испратил Макрон, истакнувајќи дека останува целосно доследен во своите ставови, без разлика дали тие се изнесени јавно или во приватна комуникација.Трамп претходно на социјалните мрежи објави порака во која францускиот претседател изразува збунетост околу американските потези поврзани со Гренланд и предлага одржување состанок на земјите од Г7 во Париз на 22 јануари, со учество и на Украина, Русија, Данска и Сирија, како и заедничка вечера.Запрашан за „протекувањето“ на пораката на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Макрон изјави дека ја презема одговорноста за своите зборови и постапки, нагласувајќи дека неговиот пристап е секогаш ист. Тој посочи дека е навикнат да биде доследен во она што го говори во јавноста и во она што го комуницира приватно, додавајќи дека проценката дали објавувањето на пораката е непристојно им ја остава на другите.Францускиот претседател потврди и дека нема да се сретне со Трамп во Давос, појаснувајќи дека американскиот претседател ќе пристигне на форумот по неговото заминување. Сепак, не ја исклучи можноста за средба на самитот на Г7, оценувајќи дека тоа би можела да биде соодветна прилика за разговор.Макрон нагласи дека Европа мора да остане смирена и доследна на својот курс, особено на економски план, со цел да обезбеди посилен раст, да ги брани сопствените интереси кога правилата не се почитуваат и да ги поддржи партнерите кога се под притисок.Во својот говор на Светскиот економски форум, Макрон претходно ги обвини Соединетите Американски Држави дека се обидуваат да ја ослабат Европа и упати предупредување за можен одговор на Европската унија доколку бидат воведени американски царини, додека Трамп ја повика Европа фокусот да го стави на војната меѓу Русија и Украина, а не на прашањето за Гренланд.

Свет | пред 1 месец

media-library77614r3so4gffLZss0S

Длабока недоверба и чувство на хаос: ново истражување открива сериозна криза на доверба во САД

Најновото истражување на јавното мислење, спроведено од YouGov за неделникот The Economist во периодот од 16 до 19 јануари 2026 година, укажува на драматичен пад на довербата во стабилноста и институционалниот поредок на Соединетите Американски Држави. Податоците, добиени од примерок од 1.722 испитаници, отсликуваат општество опфатено со длабока вознемиреност, песимизам и незадоволство од политичката и демократската состојба во земјата.Според резултатите, дури 71 процент од Американците сметаат дека работите во државата денес се „надвор од контрола“, додека само 18 проценти веруваат дека состојбата е под контрола. Перцепцијата за насоката во која се движи земјата е исто така изразено негативна – 61 процент од испитаниците оценуваат дека САД одат во погрешен правец, а само 31 процент го поддржуваат актуелниот курс.Истражувањето открива и сериозна криза на доверба во демократскиот систем. Повеќе од половина испитаници, односно 58 проценти, изјавиле дека се незадоволни од начинот на кој функционира демократијата во земјата, при што 33 проценти се изјасниле како целосно незадоволни. Овие бројки упатуваат на продлабочување на јазот меѓу граѓаните и институциите, како и на ерозија на вербата во политичкиот процес.На конкретното прашање за евентуално испраќање федерални трупи во Минеаполис, јавното мислење е поделено, но со јасна наклонетост кон противење. Повеќе од половина, односно 52 проценти од испитаниците, се изјасниле против таква мерка, додека 37 проценти ја поддржуваат.Истражувањето ја опфатило и оценката за работата на актуелниот претседател Доналд Трамп, при што резултатите ја нагласуваат длабоката поларизација во американското општество. Работата на Трамп ја одобруваат 37 проценти од испитаниците, додека 57 проценти не ја одобруваат. Речиси половина од анкетираните, 48 проценти, изјавиле дека „силно не одобруваат“ како тој ја извршува функцијата, наспроти 22 проценти кои изразиле силна поддршка.Најниските оценки претседателот ги добива во областа на инфлацијата и цените, каде што 61 процент од граѓаните не ги одобруваат неговите политики. Слично незадоволство е забележано и во однос на прашањата поврзани со расата и имиграцијата, каде што 53 проценти од испитаниците изразиле негативен став.Истражувањето е спроведено меѓу полнолетни граѓани на САД, при што примерокот е пондериран според пол, возраст, раса, образование и претходно гласачко однесување, со цел да се обезбеди репрезентативност. Маргината на грешка изнесува плус-минус 3,2 процентни поени. Резултатите јасно сигнализираат дека американското општество влегува во период на засилена институционална и политичка несигурност, со сериозни последици по довербата во демократскиот систем.

Свет | пред 1 месец

media-library11b3gk4h51qq1Vws45J

Гренланд остро кон Трамп: „Ова е непочитување“

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, изјави дека не може целосно да се исклучи можноста за употреба на воени сили на арктичката територија, иако оцени дека таквото сценарио е малку веројатно. Изјавата доаѓа во услови на зголемени тензии околу статусот и безбедноста на Гренланд, пренесува Ројтерс.Нилсен истакна дека Гренланд тежнее кон поблиска и посистематска соработка со Европската унија, нагласувајќи дека стабилноста и безбедноста во Арктикот бараат заеднички пристап и почитување на меѓународните принципи.Осврнувајќи се на фотомонтажата објавена од американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social, на која се прикажани Трамп, потпретседателот на САД Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио како забодуваат американско знаме на тлото на Гренланд, Нилсен изјави дека станува збор за чин на непочитување.Во меѓувреме, данската премиерка Мете Фредериксен порача дека Данска не може и нема да преговара за сопствениот суверенитет, идентитет и демократија. Таа предупреди дека прашањето за Гренланд е дел од поширокиот светски поредок и дека ситуацијата може дополнително да се влоши.Фредериксен нагласи дека Данска ги смета САД за свој најблизок сојузник, додавајќи дека Копенхаген никогаш не барал конфликт, туку соработка. Поради зголемените тензии со Вашингтон околу најавите за можно американско преземање контрола над Гренланд, таа не присуствуваше на Светскиот економски форум во Давос.

Свет | пред 1 месец

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп разговарал со Руте за Гренланд, најавена средба во Давос

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал многу добар телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во врска со прашањето за Гренланд.Трамп соопшти дека е постигнат договор за одржување состанок на повеќе страни во Давос, Швајцарија, на маргините на Светскиот економски форум, но не прецизираше кои учесници ќе бидат присутни на разговорите, пренесува Ројтерс.„Како што на сите им е многу јасно кажано, Гренланд е од клучно значење за националната и светската безбедност, околу тоа сите се согласуваат“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Трут соушал.Американскиот претседател и претходно изјави дека САД за време на овонеделниот Светски економски форум ќе разговараат за преземање на Гренланд, оценувајќи дека Данска, според него, не е во состојба соодветно да ја заштити таа територија.

Свет | пред 1 месец

fon-der-lajen

Фон дер Лајен од Давос: ЕУ e целосно посветена на безбедноста на Арктикот

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската унија е целосно посветена на безбедноста на арктичкиот регион и дека во тој контекст дели заеднички цели со Соединетите Американски Држави.Во специјалното обраќање на Светскиот економски форум во Давос, Фон дер Лајен посочи дека безбедноста на Арктикот може да се гарантира само преку заедничка соработка меѓу сојузниците.Фон дер Лајен истакна дека Европската унија ја унапредува својата Арктичка стратегија, чиј централен принцип ќе биде почитувањето на правото на суверените народи самите да одлучуваат за својата иднина. Таа нагласи дека безбедносните прашања на далечниот север сè повеќе се вклопуваат во пошироката потреба Европа да го забрза патот кон поголема стратешка независност – од безбедноста и одбраната, до економијата и демократијата.Претседателката на Европската комисија најави дека Унијата подготвува сопствена безбедносна стратегија, која треба да биде објавена подоцна оваа година, потенцирајќи дека односите со САД се повеќе од сојузништво и дека нивното нарушување би им одело во прилог на противниците.Во таа насока, таа најави пакет мерки за поддршка на арктичката безбедност, кој ќе се темели на целосна солидарност со Гренланд и Кралството Данска, зголемени европски инвестиции на Гренланд, продлабочена соработка со САД и зајакнување на безбедносните партнерства со регионалните партнери како Велика Британија, Канада, Норвешка и Исланд.

Свет | пред 1 месец

media-libraryoe9de4hu73jj3SwHyfG

(ВИДЕО) Хаос на автопат во Мичиген: Најмалку 100 возила се судрија поради намалена видливост

Најмалку 100 возила учествувале во масовен верижен судир на меѓудржавниот автопат I-196, југоисточно од градот Гранд Рапидс, во американската сојузна држава Мичиген, за време на силна снежна бура што ја зафати областа во понеделникот наутро, пренесуваат американските медиуми.Полицијата го добила првиот повик за несреќата околу 10:30 часот по локално време. Снимки направени со дрон покажуваат хаотична сцена, при што во еден дел од судирот можеле да се забележат најмалку шест товарни возила со приколки, заглавени меѓу патнички автомобили.Според надлежните служби, видливоста била намалена на само околу четвртина милја, а силните ветрови достигнувале брзина до 40 милји на час, што значително ја отежнало контролата врз возилата.И покрај големиот број учесници во судирот, од канцеларијата на шерифот соопштија дека нема загинати лица. Сепак, пријавени се повеќе повредени, кои биле пренесени во болници, додека спасувачките и полициските екипи со часови работеле на расчистување на автопатот и извлекување на возилата.

Свет | пред 1 месец

media-libraryocgo6bg9mv5d5XR0VAL

Чешкиот премиер предупреди: „Руските ракети би стигнале до Белата куќа за 26 минути“

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека ги разбира аргументите на претседателот на САД, Доналд Трамп, поврзани со Гренланд, нагласувајќи дека тој простор има значајна улога во глобалната безбедносна архитектура. Според неговите зборови, проценките покажуваат дека руските суперракети познати како „орешник“ би можеле од Русија, преку Гренланд, да стигнат до Белата куќа за само 26 минути.„Купив еден голем и убав глобус за 15 илјади чешки круни, односно околу 620 евра, за точно да видам каде се наоѓа Гренланд. Според проценките, руските суперракети „орешник“ би стигнале од Русија до Белата куќа за 26 минути и би прелетале токму преку Гренланд“, изјави Бабиш, пренесува чешката телевизија Прима.Чешкиот премиер оцени дека безбедносните предизвици кои ги претставуваат Русија и Кина не треба да се потценуваат и додаде дека отворените конфликти се контрапродуктивни, нагласувајќи ја потребата од дијалог и договор.На прашањето дали Чешка стои зад Гренланд и дали ќе се приклучи на заедничката изјава на европските земји кои предупредија на воведување американски царини, Бабиш изјави дека во овој момент не може да го потврди тоа.Тој потсети дека во рамките на НАТО, водечка улога имаат Соединетите Американски Држави и заклучи дека ваквите несогласувања мора да се решаваат преку договор, а не преку заострување на односите.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања