Промени тема
Контакт

САД

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.25

САД воведоа нови царини за 60 трговски партнери

Соединетите Американски Држави денеска воведоа нови царини за увоз од 60 свои трговски партнери, образложувајќи дека тие земји не преземаат доволно мерки за спречување на принудната работа. Новите давачки се движат од 10 до 12,5 проценти и ги опфаќаат клучните економски партнери на Вашингтон, меѓу кои се Велика Британија, Кина, Европската Унија, Канада, Бразил, Јапонија, Индија, Русија и Турција.Мерките стапија во сила веднаш по истекот на привремената царина од 10 проценти за странска стока. Пр

Свет | пред 2 месеци

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Дали Путин му помага на Иран да ја напаѓа Америка? Лавров се огласи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска присуствуваше на Форумот на министрите за надворешни работи на АСЕАН во Манила, каде што се сретна и со американскиот државен секретар Марко Рубио.По средбата, Лавров накратко застана пред новинарите, но одби да одговори на прашањата поврзани со војната во Украина, можниот прекин на огнот и наводите дека Русија му помага на Иран во нападите врз американски цели.Наместо одговор, тој погледна кон еден од новинарите и рече: „Убава фризура“

Свет | пред 2 месеци

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп под притисок од Конгресот да ги запре воените дејствија против Иран

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, каде што републиканците имаат тесно мнозинство, изгласа резолуција со која од претседателот Доналд Трамп се бара да ги запре воените операции против Иран, пренесува „Ројтерс“.Резолуцијата беше усвоена со 214 гласа „за“ и 208 „против“, а покрај демократите, ја поддржаа и четворица републикански конгресмени.Со документот, предложен од демократската конгресменка Прамила Џајапал, се бара Трамп да ги повлече американските вооружени сили од конфликтот со И

Свет | пред 2 месеци

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Трамп: Размислувам за многу поголем напад врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сериозно размислува за повторно започнување големи воени операции против Иран, вклучително и напади кои би биле поголеми од оние изведени за време на операцијата „Епски бес“.Во изјава за „Аксиос“, Трамп рече дека е блиску до донесување одлука, но нагласи дека конечната одлука сè уште не е донесена. Двајца американски претставници, исто така, потврдија дека засега нема нови наредби до војската.„Размислувам за огромен напад, поголем од кога било д

Свет | пред 2 месеци

media-library5qe5l1766pp575sFezj

Саудиска Арабија со нуклеарен договор со САД оствари една од своите клучни цели

Потпишувањето на нуклеарниот договор со Соединетите Американски Држави претставува значаен дипломатски и стратешки успех за Саудиска Арабија, која со години настојуваше да обезбеди американска поддршка за развојот на својата цивилна нуклеарна програма.Иако посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Ријад минатата година беше оценета како успешна поради најавените милијардни инвестиции и продлабочувањето на економската соработка, тогаш не беа исполнети две клучни барања на Саудиска Ара

Свет | пред 2 месеци

media-libraryaatt7aqv94j5dOdrSUk

САД првпат го употребија бомбардерот Б-1 во нападите врз Иран

Соединетите Американски Држави првпат го употребиле стратегискиот бомбардер Б-1 во нападите врз цели на Иран од обновувањето на судирите пред 12 дена, објави американскиот портал „Аксиос“, повикувајќи се на американски претставници.Според информациите, бомбардерот бил ангажиран во напад врз цели поврзани со Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), што, според изворите, претставува значително проширување на американската воена кампања.Б-1 може да носи десетици крстосувачки ракети или д

Свет | пред 2 месеци

media-library4tjm0ndjt3un3JLPuME

Вашингтон ги предупреди своите државјани поради растечките тензии на Блискиот Исток

Стејт департментот издаде итно предупредување до американските државјани ширум светот поради зголемените безбедносни ризици поврзани со растечките тензии на Блискиот Исток, оценувајќи дека ситуацијата останува неизвесна и дека постои можност за нова ескалација.На Американците кои престојуваат во регионот им се препорачува да бидат особено внимателни и подготвени за можни нарушувања во воздушниот сообраќај, вклучително и откажување на летови и привремено затворање на воздушниот простор.Во објава

Свет | пред 2 месеци

media-libraryhtonn167579gcJgLDVX

САД тврдат дека кинески стартап украл технологија од Anthropic за развој на свој AI-модел

Белата куќа ја обвини кинеската компанија Moonshot AI дека наводно ја искористила технологијата на американската компанија Anthropic за развој на својот модел за вештачка интелигенција K3, како и дека набавила напредни AI-чипови на „Енвидија“, пренесува „Ројтерс“.Високиот претставник на Белата куќа за технологија, Мајкл Крациос, на социјалната мрежа „Икс“ објави дека американските власти располагаат со информации оти Moonshot AI ја применила методата на дестилација врз јазичниот модел Fable на A

Свет | пред 2 месеци

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп им оддаде почит на американските војници загинати во војната со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет присуствуваа на церемонијата за пренос на посмртните останки на четворица американски војници во воздухопловната база Довер во сојузната држава Делавер, оддавајќи им почит на припадниците на армијата, кои загинаа во последните денови за време на војната меѓу САД и Иран.Трамп им оддаде воен поздрав додека припадниците на американската армија ги изнесуваа ковчезите покриени со американското знаме. Белата куќа соопшти дека пр

Свет | пред 2 месеци

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Нови тензии меѓу САД и Канада: Откажано заедничкото отворање на мостот „Горди Хау“

Планираната заедничка церемонија на САД и Канада по повод отворањето на Меѓународниот мост „Горди Хау“, што требаше да се одржи во петок, е откажана откако американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царини од 50 отсто за поголемиот дел од канадските производи.Со најавата за новите царини, Трамп ја обвини Канада дека неправедно ја дискриминира американската автомобилска индустрија, алкохолните пијалаци и млечните производи, што дополнително ги заостри односите меѓу двете соседни држ

Свет | пред 2 месеци

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Трамп одобри 30-годишен нуклеарен договор со Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп одобрил 30-годишен нуклеарен договор со Саудиска Арабија, со кој на кралството би можело да му се овозможи самостојно да збогатува гориво за цивилни нуклеарни реактори, пренесуваат американски медиуми, повикувајќи се на висок американски функционер.Според информациите, американски компании ќе обезбедат технологија и експертиза за развој на саудиската цивилна нуклеарна програма, а администрацијата на Трамп планира договорот наскоро да го достави на разгледув

Свет | пред 2 месеци

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп најави нови напади врз Иран доколку повторно бидат нападнати бродови во Ормускиот Теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати остро предупредување до Иран, најавувајќи дека САД ќе извршат нови напади врз иранската инфраструктура доколку Техеран повторно напаѓа бродови во Ормускиот Теснец.Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп порача дека секој иден напад врз пловни објекти во теснецот ќе биде проследен со американски воздушен удар врз цивилна инфраструктура во Иран.„Од овој момент, секој пат кога Исламската Република Иран ќе пука врз брод во Ормускиот Те

Свет | пред 2 месеци

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

(Видео) Трамп повторно се закани со напад врз тајниот ирански нуклеарен комплекс „Пикекс“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани со можен напад врз иранскиот подземен нуклеарен комплекс „Пикекс“, тврдејќи дека САД би можеле наскоро да ја нападнат локацијата за која Израел смета дека се користи за складирање на дел од резервите збогатен ураниум и напредни центрифуги.„Многу е веројатно дека наскоро ќе го нападнеме тоа подрачје. Тие не можат да направат речиси ништо за да го спречат тоа“, изјави Трамп.Техеран возврати дека секој американски напад врз иранските нуклеар

Свет | пред 2 месеци

media-library0tufam702kgueNKE2lP

Војната со Иран веќе ја чинеше Америка 37,5 милијарди долари, Хегсет бара уште пари

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет побара од Конгресот итно да одобри дополнителни средства за војската, предупредувајќи дека без нив вооружените сили би можеле да се соочат со сериозен недостиг. Тој предлогот на претседателот Доналд Трамп за одбранбен буџет од 1,5 билиони долари го оцени како историска инвестиција во американската одбрана.Хегсет се соочи со остри критики за време на сослушувањето пред Комитетот за буџетски средства во Сенатот, каде што изјави дека досегашните трошоци

Свет | пред 2 месеци

bombradirnje

Иран тврди дека со крстосувачки ракети погодил објекти на „Амазон“ и американски цели во Бахреин

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека нејзините воздухопловно-вселенски сили извеле ракетен напад врз, како што тврди, централна инфраструктура за податоци на американската компанија „Амазон“ во Бахреин, како и врз американски системи за противвоздушна одбрана и радарски инсталации.Според соопштението на ИРГЦ, во нападот биле употребени повеќе крстосувачки ракети, а цел биле објекти во областите Мухарак и Рифа, пренесува „Еуроњуз“.Засега нема официјална потврда за нападот.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryfk2kgr3l702hdYyUMrV

САД извршија нови напади врз Иран, Техеран возврати со удари во Ормускиот теснец

Соединетите Американски Држави извршија нов бран воздушни напади врз ирански воени цели, со цел дополнително да ја ослабат способноста на Техеран да изведува напади врз бродови во Ормускиот теснец, соопшти Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ).Според американската војска, нападите биле насочени кон воени командни центри, поморски капацитети, позиции за лансирање ракети и беспилотни летала, како и системи за противвоздушна одбрана. Од ЦЕНТКОМ наведуваат дека и покрај конфликтот, комерцијалниот бро

Свет | пред 2 месеци

media-library4avbl0s6hqi8a7OEq6r

(Видео) Бизон фрли турист два и пол метри во воздух во Јелоустоун

Маж во САД закрепнува од повеќекратни скршеници откако минатата недела беше нападнат од бизон во Националниот парк Јелоустоун, при што животното го фрлило околу два и пол метри во воздух.Инцидентот се случил додека Карл Исом-Мекдениел шетал со својот внук. Според неговото сведоштво, бизонот првично мирно лежел, па застанал да го фотографира, по што продолжил да оди. Само неколку секунди подоцна, животното тргнало кон него.„Го видовме бизонот како лежи и не покажуваше никаква агресивност“, изјави

Свет | пред 2 месеци

media-libraryi7l2buin9kl12RVx8cD

САД воведуваат царини од 50 отсто за канадски производи, Карни бара разговори со Трамп

Трговските тензии меѓу САД и Канада дополнително се заоструваат откако Белата куќа објави воведување царини од 50 отсто за широк спектар канадски производи, кои опфаќаат увоз вреден околу 20 милијарди американски долари.Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир соопшти дека новите царини ќе стапат во сила на 19 август, односно 30 дена по потпишувањето на указот од претседателот Доналд Трамп.Од Вашингтон наведуваат дека мерката е одговор на, како што ја оценуваат, дискриминаторската и неоп

Свет | пред 2 месеци

media-library3u6620i3vspoauMEofG

Трамп со закана до Иран: Ќе платите за секој загинат американски војник

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран „ќе плати“ за смртта на секој американски војник, откако во текот на викендот во ирански напади загинаа неколку припадници на американските вооружени сили.Според американските власти, во изминатата недела е забележан најголем број загинати американски војници во последните неколку месеци.Американската војска во саботата соопшти дека двајца нејзини припадници загинале во ирански напади. Ден подоцна, Централната команда на вооружените сили на

Свет | пред 2 месеци

media-library4io2aiba17ncbG9qraD

Новиот британски премиер го покани Трамп во Манчестер

Новиот британски премиер Енди Брнхам, кој ја презеде функцијата во понеделникот, во својот прв телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп ја потврди посветеноста на Велика Британија на одбраната и безбедноста, соопшти Даунинг стрит.Според кабинетот на британскиот премиер, Брнхам нагласил дека безбедноста на Обединетото Кралство и на неговите сојузници ќе биде негов врвен приоритет.Во разговорот станало збор и за состојбата на Блискиот Исток, при што Брнхам му рекол на Трамп де

Свет | пред 2 месеци

media-library66h95ii86ar5aDVpbdj

Си-Ен-Ен: Американската администрација крие информации за војната со Иран

Американската телевизија Си-Ен-Ен објави анализа во која оценува дека јавноста не добива доволно информации за американската воена кампања против Иран, наведувајќи дека Пентагон веќе два и пол месеци нема одржано прес-конференција, а министерот за одбрана Пит Хегсет не ја објаснил воената стратегија зад последните воздушни напади.Според анализата, за разлика од претходните воени конфликти, кога претставници на американската војска редовно одговарале на прашања од новинарите, денес пристапот до и

Свет | пред 2 месеци

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп: Нетанјаху нема да биде уапсен за време на посетата на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен за време на неговата посета на Соединетите Американски Држави, реагирајќи на неодамнешните изјави на градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани.Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушал“, Трамп порача дека Нетанјаху „нема да биде уапсен, на никаков начин и во ниту една форма“, додека престојува во САД. Тој додаде дека израелскиот премиер се бори против Иран, изнесувајќи и обвинува

Свет | пред 2 месеци

media-librarysl4dfk8ri8716HAFtFf

Американските авиони повеќе нема да бидат на аеродромот во Софија, се селат во Безмер

Бугарската влада ќе побара одобрение од парламентот за распоредување до осум американски авиони-цистерни во воената база Безмер, откако претходниот план тие да бидат сместени на цивилниот аеродром во Софија предизвика политички реакции.Премиерот Румен Радев денеска, на годишната конференција на бугарските амбасадори во Софија, изјави дека владата ќе побара поддршка од пратениците за новата локација. Тој посочи дека проблемот настанал затоа што воените авиони биле сместени на цивилен аеродром во

Свет | пред 2 месеци

media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Пад на цените на нафтата по сигналите од Иран за можни преговори со САД

Цените на нафтата во понеделникот забележаа пад, откако Иран сигнализираше дека е подготвен да ги продолжи разговорите со Соединетите Американски Држави доколку тие бидат засновани врз националните интереси на земјата. Инвеститорите ова го протолкуваа како можност за обновување на дипломатските напори и намалување на тензиите.Фјучерсите на суровата нафта од типот „брент“ се намалија за 0,18 проценти и се тргуваа по цена од 87,94 долари за барел, откако претходно достигнаа 91,42 долари, највисоко

Свет | пред 2 месеци

media-libraryd0a3npq5no6h5dyoeAJ

(Видео) САД деветта ноќ по ред извршија напади врз Иран, Техеран возврати кон Јордан, Бахреин и Кувајт

Соединетите Американски Држави во текот на ноќта извршија нов бран воздушни напади врз воени цели во Иран, додека Техеран возврати со ракетни напади и напади со беспилотни летала кон Јордан, Бахреин и Кувајт, што дополнително ги засили стравувањата од проширување на конфликтот на Блискиот Исток.Според соопштението на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), ова е деветта последователна ноќ на американски операции. Наведено е дека биле погодени воени командни центри, системи за воздушна одбрана и кр

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања