Промени тема
Контакт

САД

media-libraryaf34qbtgoaopcKfb0uG

Зеленски замина задоволен од Вашингтон: Сенатот го поддржа новиот пакет санкции против Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го напушти Вашингтон задоволен, откако по неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп американскиот Сенат со големо мнозинство го поддржа продолжувањето на постапката за усвојување нов пакет санкции против земјите што со купување руска нафта го финансираат руското воено дејствување во Украина.Според „Политико“, Зеленски го следел гласањето од галеријата на Сенатот, што претставува целосен пресврт во однос на неговата посета на Белата куќа

Свет | пред 2 месеци

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Трамп по иранските ракетни напади: „Ќе ги претепаме“

Американскиот претседател Доналд Трамп упати нови остри закани кон Иран по последните ракетни напади врз американските сили на Блискиот Исток.„Ќе ги претепаме… Ќе ги удриме силно, ќе добијат добар ќотек“, изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“.Ова не е првпат Трамп да испрати заканувачки пораки кон Техеран во текот на повеќемесечните тензии меѓу двете земји, иако дел од неговите претходни изјави не беа проследени со воена акција.Изјавата на Трамп доаѓа откако Централната команда на САД (CENTCOM)

Македонија | пред 2 месеци

koronavirus-korona-kovid-test

Белата куќа со нови тврдења: COVID-19 потекнува од лабораторија во Кина

Белата куќа објави официјална интернет-страница насловена „Lab Leak: The True Origins of COVID-19“, на која администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја претставува својата позиција дека пандемијата најверојатно започнала со истекување на вирусот од лабораторијата во Вухан, Кина.На страницата се наведуваат аргументи во прилог на оваа теорија, меѓу кои се тврдења за истражувањата во Институтот за вирусологија во Вухан, карактеристиките на вирусот SARS-CoV-2 и критики кон начинот

Свет | пред 2 месеци

media-librarysmnmrhnlilti7uJK1gF

Европа не сака да ја поддржи американската поморска мисија во Ормускиот теснец

Европските сојузници засега не се подготвени да ја поддржат американската иницијатива за формирање заедничка поморска мисија во Ормускиот теснец, сè додека не биде воспоставен траен прекин на огнот во конфликтот со Иран, објави „Политико“, повикувајќи се на неименувани официјални претставници.Според извештајот, ваквиот став укажува на растечка резервираност на европските држави кон американската политика во регионот.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет побарал од Велика Британија и Франц

Свет | пред 2 месеци

media-library4tjm0ndjt3un3JLPuME

Иран ги следи објавите на американските војници? Се разгледува забрана за користење мобилни телефони

Американската војска разгледува можност да ја ограничи употребата на мобилни телефони на војниците распоредени на Блискиот Исток, поради стравувања дека објавите на социјалните мрежи можат да му помогнат на Иран при планирањето нови напади.Според „Ројтерс“, врховниот командант на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), адмирал Бред Купер, во интерно писмо ги предупредил американските војници дека фотографии и видеа објавени на интернет можат да му овозможат на Иран речиси во реално време да ја про

Свет | пред 2 месеци

media-library31el0feq2ml654HsYWH

(Видео) Осум загинати во американско-саудиски воздушни напади во Ирак

Осум припадници Ирачките Народни мобилизациски сили (ПМФ) загинале, а четворица се ранети во заеднички воздушни напади извршени од САД и Саудиска Арабија врз нивни позиции во Ирак, соопшти Ирачките Народни мобилизациски сили (ПМФ)Според „Ал Џезира“, Саудиска Арабија и Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) соопштиле дека нападите биле насочени кон проирански милиции кои, според нив, стојат зад неодамнешните напади врз американски војници и саудиска енергетска инфраструктура.Од сау

Свет | пред 2 месеци

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Трамп најавува можен договор со Иран, Оман предлага нов модел за Ормускиот теснец

Оман доби поддршка од земјите од Персискиот Залив за предлогот Иран да наплатува доброволни надоместоци за пловидба низ Ормускиот Теснец, со цел да се нормализира транспортот на нафта нарушен по конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.Предлогот предвидува Иран да не ја има единствената контрола врз теснецот, а надоместоците да бидат доброволни, по примерот на Малаканскиот Теснец во Азија, каде средствата се користат за безбедност на пловидбата, заштита на животната средина и спасувачки операции.Амери

Свет | пред 2 месеци

media-library1j2gdtm4kr09feazw0p

САД ја преиспитуваат воената присутност во Европа: Трамп бара Европа сама да се грижи за својата одбрана

Соединетите Американски Држави започнаа ревизија на своето воено присуство во Европа, потег што следува по повеќекратните критики на американскиот претседател Доналд Трамп кон европските сојузници во НАТО.Одлуката беше објавена еден месец откако американскиот министер за одбрана Пит Хегсет најави ваков чекор, оценувајќи дека европските партнери не презеле доволно одговорност, особено во контекст на воените случувања поврзани со Иран.Заменик-министерот за одбрана Елбриџ Колби соопшти дека целта н

Свет | пред 2 месеци

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп со порака до Иран: Ако не успеат преговорите, ќе продолжиме со воените операции

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите меѓу Вашингтон и Техеран се одвиваат во позитивна насока и дека постојат реални шанси за напредок, но предупреди дека САД ќе продолжат со воени активности доколку преговорите пропаднат.„Водиме добри разговори и ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека постојат добри шанси да се постигне нешто. Ако успееме, тоа ќе биде одлично. Ако не, ќе се вратиме на она што го правевме пред два дена“, изјави Трамп пред новинарите во претседателскиот

Свет | пред 2 месеци

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп со нов ултиматум: Или договор, или нови напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД привремено ги прекинале нападите врз Иран за да им дадат уште една можност на дипломатските преговори.Во интервју за „Аксиос“, Трамп рече дека актуелните разговори се насочени кон постигнување нов договор со кој повторно би се отворил Ормускиот теснец и би продолжиле преговорите за иранската нуклеарна програма.Според него, разговорите главно се водат меѓу Иран и Оман, а во нив активно учествуваат и Катар, Пакистан и Египет, како и неговите п

Свет | пред 2 месеци

SeKXr-

Цената на нафтата нагло падна по прекинот на нападите меѓу САД и Иран

Цените на нафтата забележаа значителен пад откако Соединетите Американски Држави и Иран ги прекинаа меѓусебните напади, што ги зголеми надежите за смирување на тензиите на Блискиот Исток.Цената на суровата нафта од типот „брент“, која претставува светски репер, во еден момент падна за повеќе од девет проценти и се спушти под 88 долари за барел. Тоа претставува остар пресврт во однос на минатата седмица, кога цената надмина 100 долари за барел.До падот дојде откако американската амбасадорка во Об

Свет | пред 2 месеци

media-librarybsattomtnk671tEAmvW

ТикТок инфлуенсерка убиена од сопругот откако јавно го обвини дека е педофил

Американската ТикТок инфлуенсерка Сара Гилсон (43) е убиена во својот дом во Овасо, сојузната држава Оклахома, откако нејзиниот сопруг Џеремаја „Шон“ Дафи (48) насилно влегол во куќата и пукал во неа, соопшти полицијата. По нападот, тој си го одзел животот.Трагедијата се случила неколку недели откако Гилсон објавила видео на ТикТок, во кое, следејќи популарен тренд, го нарекла својот сопруг „иден поранешен сопруг“ и навела дека дознала оти е педофил. Во описот на видеото, кое собра повеќе од шес

Свет | пред 2 месеци

media-library9dki4fa9c18e6BpR8J8

Ирачки командант: Можно е Иран да се подготвува за копнена војна со САД

Присуството на припадници на ирачките Народни мобилизациски сили (Хашд ел Шаби) во Иран би можело да претставува подготовка за можен копнен конфликт меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, изјави неименуван ирачки командант.Тој ги потврди информациите дека дел од ирачките борци поврзани со оваа организација се наоѓаат во Иран, но нагласи дека тие не се распоредени како дел од официјалната структура на Хашд ел Шаби.Според неговите тврдења, борците се стационирани во јужниот дел на Иран од вер

Свет | пред 2 месеци

media-librarygi3bpf48gh6k8dCAVV1

САД формираат глобален сојуз за 6Г: Целта е да се намали влијанието на Кина

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна глобално партнерство со повеќе од 20 сојузнички држави со цел да го забрза развојот на безбедни 6Г безжични мрежи и да го ограничи влијанието на Кина врз следната генерација телекомуникациски технологии.Во иницијативата учествуваат земји како Велика Британија, Германија, Јапонија, Франција, Италија, Австралија, Канада, Финска, Шведска, Норвешка, Република Кореја и други сојузници, кои ќе ги координираат своите стратегии за развој

Свет | пред 2 месеци

media-librarye748rg39tmkcbBPvYGY

Иран: Ги прекинуваме воените операции откако САД ги запреа нападите

Иран ги прекина своите воени операции откако Соединетите Американски Држави ги запреле нападите во текот на изминатите две ноќи, изјави портпаролот на иранската војска, Мохамед Акраминија.Според него, одлуката е донесена затоа што иранската воена стратегија се заснова на принципот на реципрочен одговор.„Американците ги прекинаа своите напади во текот на изминатите две ноќи. Бидејќи нашата стратегија во суштина се темели на взаемен одговор, и ние ги прекинавме воените операции“, изјави Акраминија

Свет | пред 2 месеци

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Пресврт во политиката на САД: Трамп ги одложи нападите врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ наредил на американската војска да се воздржи од нови напади врз Иран, со цел да им се даде простор на дипломатските напори за решавање на кризата, објави „Аксиос“, повикувајќи се на извори запознаени со случајот.Според информациите, во изминатите 13 дена Трамп секојдневно ги одобрувал плановите за напади предложени од Пентагон. Меѓутоа, во петокот, откако добил нов предлог за воена операција, решил да не го одобри и наредил да не се изведуваат нови удари

Свет | пред 2 месеци

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Вашингтон останува на ставот: Турција не може да добие борбени авиони Ф-35

Соединетите Американски Држави повторно потврдија дека Турција сè уште не ги исполнува законските услови за повторно приклучување кон програмата за борбените авиони Ф-35.Во официјален допис на Стејт департментот до американскиот Конгрес се наведува дека политиката на Вашингтон кон учеството на Турција во програмата останува непроменета и е во согласност со американските закони, вклучувајќи го и Законот за санкции против американските противници (CAATSA).Според документот, на Турција не може да ѝ

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ: Укинувањето на американските царини е добра вест за Србија, државата ги исполни критериумите

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека укинувањето на американските царини за Србија е добра вест за секој граѓанин и оцени дека земјата ги исполнила критериумите на САД за донесување на таквата одлука.Тој повтори дека Србија ги исполнила четирите критериуми што ги поставиле САД – односно прашањата поврзани со принудната работа, неповолните трговски практики, фармацевтската индустрија и цените на лековите, како и дигиталните такси и даноци.„Тоа не се случи случајно. За тоа е засл

Свет | пред 2 месеци

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Трамп ѝ се закани на Европската унија: „САД не се европска каса-прасе“

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Европската унија со „значајни“ царини, откако Брисел изрече високи казни за американски технолошки компании.Во објава на својата платформа „Truth Social“, Трамп порача дека САД нема да дозволат да бидат третирани како „европска каса-прасе“.„Соединетите Американски Држави не се европска каса-прасе и нема да дозволиме да станат тоа“, напиша Трамп.Неговата реакција следува неколку дена откако компанијата „Гугл“ беше казнета со 890 милиони евра,

Свет | пред 2 месеци

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп ѝ се закани на ЕУ со нови царини по казната за „Гугл“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави покренување трговска истрага против Европската Унија и се закани со воведување нови царини, откако Европската комисија го казни „Гугл“ со вкупно 890 милиони евра поради прекршување на европските правила за дигиталните пазари.Трамп реагираше на одлуката на Европската комисија, според која „Гугл“ им давал предност на сопствените услуги во резултатите од пребарувањето и ги ограничувал развивачите на апликации да ги насочуваат корисниците на „Гугл плеј“

Свет | пред 2 месеци

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Кина и Русија не го снабдуваат Иран со оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Кина или Русија го снабдуваат Иран со оружје, наведувајќи дека добил уверувања од лидерите на двете земји.Во објава на социјалната мрежа „Трут соушал“, Трамп напиша дека кинескиот претседател Си Џинпинг, за време на нивната неодамнешна средба во Пекинг, му рекол дека Кина „под никакви околности“ нема да испорачува или продава оружје на Исламската Република Иран, ниту тоа ќе го прават кинеските компании.„Со оглед на нашиот однос, му

Свет | пред 2 месеци

media-library5kqgunhjbrta7KCe9Gd

Нетанјаху следната недела ќе се сретне со Трамп во Белата куќа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху следната недела ќе отпатува во Вашингтон, каде што во вторник е планирано да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, објавија израелските медиуми, повикувајќи се на кабинетот на Нетанјаху.Според најавите, Нетанјаху ќе отпатува во понеделник, а за време на посетата на САД ќе присуствува и на погребот на американскиот сенатор Линдси Греам, долгогодишен републикански сојузник на Израел.Средбата меѓу Трамп и Нетанјаху доаѓа во период

Свет | пред 2 месеци

media-libraryafufp70g9t2p9sVwhVk

ЕУ по новите царини на Трамп: САД треба да се придржуваат до трговскиот договор

Европската Унија очекува Соединетите Американски Држави да продолжат да се придржуваат до трговскиот договор што стапи во сила на 1 јули минатата година, и покрај новите царини што ги воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.Соединетите Американски Држави од денеска воведуваат дополнителни царини од 10 и 12,5 проценти за увоз на стоки од 60 трговски партнери, меѓу кои се Европската Унија и Кина. Според американската администрација, мерките се поврзани со наводи за недово

Свет | пред 2 месеци

media-libraryn9121ekm564o1aMfj0J

Иран ја одбил понудата на Трамп за прекин на огнот, се заканува нова ескалација

Иран го одбил предлогот за прекин на огнот што, според „Њујорк тајмс“, американскиот претседател Доналд Трамп го испратил до Техеран преку ирачкиот премиер Али ал-Заиди.Повикувајќи се на неименувани ирански и американски претставници, весникот наведува дека посетата на Ал-Заиди на Иран следувала по неговата неодамнешна средба со Трамп во Белата куќа. Деталите од предложениот договор не се објавени.Според истите извори, иранските власти не биле заинтересирани за привремено примирје, бидејќи, како

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.25

САД воведоа нови царини за 60 трговски партнери

Соединетите Американски Држави денеска воведоа нови царини за увоз од 60 свои трговски партнери, образложувајќи дека тие земји не преземаат доволно мерки за спречување на принудната работа. Новите давачки се движат од 10 до 12,5 проценти и ги опфаќаат клучните економски партнери на Вашингтон, меѓу кои се Велика Британија, Кина, Европската Унија, Канада, Бразил, Јапонија, Индија, Русија и Турција.Мерките стапија во сила веднаш по истекот на привремената царина од 10 проценти за странска стока. Пр

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања