СДСМ

media-librarydnme9tl8p13110P3YWy

Филипче до Мицкоски: Прочитан си како буквар, не направи ниту една реформа во судството, не те интересира правда

Јавно ги прашувам ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, до кога Венко Филипче и СДСМ ќе им бидат криви што не можат да спроведат ништо, ниту една реформа, ВМРО-ДПМНЕ веќе е очајно кога зборува за судството“, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче.„Година и пол наназад поставуваат свои судии, свои обвинители и само го партизираат судството. Нема ништо суштински од спроведувањето на реформите. Јас бев тој којшто понудив рака бев состанок кај примерот да направиме заеднички работни групи да се спроведе реформската агенда досега не е донесен ниту еден реформски закон од сферата на правосудството“, рече Филипче.Во изјавата тој додаде дека од вкупно 12 закони кои што требаше да се донесат оваа година, седум  од нив до јуни 2025 година и  уште пет до крај на годинава - ниту еден, не само што не е донесен, не е ниту поднесен од страна на министерството за правда во Собранието.Очигледно е како што кажа Филипче дека ВМРО-ДПМНЕ сака да го контролира судството.„Не  може партиски портпароли да кажуваат кој треба да биде зад решетки, тоа треба да го каже независно и целосно функционално судство. Тоа го бараат граѓаните.Сакам да им порачам дека се прочитани како буквар. Еднаш граѓаните тој филм го гледа со партизирано судство кога го користеа да се закануваат да користат политички, да го користат како инструмент за политички прогон. Репризата во филмот ниту некој сака да ја гледа, ниту пак поминува и сметам дека граѓаните треба да ги казнат на изборите за ова однесување“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

puls-38

(Видео) Се потврди дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја штителе дискотеката Пулс, вели Филипче

„ВМРО-ДПМНЕ не само што ја покажа својата неспособност туку го покажа најгрдото лице за секој еден граѓанин кој живее во државата“, порача вечерва од Крушево, претседателот на СДСМ Венко Филипче кој заедно со коалицијата оттаму го започнаа караванот за локалните избори.„Ветија правда, а донесоа неправда. Видовме како ги штителе функционерите пожарот во дискотеката „Пулс“ да не бевме ние со нашите прес-конференции сите ќе останеа заштитени. Со тоа се откри најгрдото лице на оваа власт“, рече Филипче.Тој обвини дека додека СДСМ ја барала правдата за жртвите во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ правеле ситни зделки меѓу институциите кои однесоа 63 животи.„Македонија е далеку од горда, се што ветија се излажаа“, истакна Филипче во Крушево.

Настани | пред 3 месеци

media-library00bukvg9ct52cTgBM9m

Кузмановски: Ветувам чесна и одговорна работа, младите ќе бидат во фокусот на СДСМ во Демир Хисар

Време е за промени, доста беше уништувањето од ВМРО-ДПМНЕ 4 години. Време е Демир Хисар да добие чесно, отчетно и одговорно раководење“, истакна на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата, кандидатот за градоначалник на општина Демир Хисар Златко Кузмановски.Порача дека актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните, ветуваше многу, а реализираше нула.Граѓаните од секое населено место знаат и гледаат за неговото неработење, а разочараноста е и повеќе од видлива. Но, најтрагично е што младите во 4-годишното владеење воопшто не беа приоритет. Младите не смееме да ги гледаме само како бројка. Младите не смееме да ги гледаме само како иднина. Тие се нашата сегашност. Без млади, нема општина, нема иднина, нема ниту развој. Затоа нашата визија е јасна: младите да ја гледаат својата иднина тука, дома, а не во други држави, порача Кузмановски.Најави конкретни мерки за младите: изградба на младински центар, поддршка за младинското претприемништво, субвенции за млади бизниси, можности за практиканство и работа.Секој запишан ученик во СОУ ‘Крсте Петков Мисирков’ ќе добива по 3.000 денари месечно, а секој најдобар ученик од основните училишта и средното училиште ќе биде награден. Ќе обезбедиме ослободување од партиципација за градинка за децата кои доаѓаат од семејства од социјален ризик, истакна Златко Кузмановски, додавајќи дека ќе биде обезбедена поддршка и за жените, кои мора да знаат дека општината е нивен сојузник и поддршка.Кузмановски порача дека Демир Хисар мора да стане општина по мерка на граѓаните – општина која слуша, која е отворена и транспарентна. „Секој граѓанин ќе знае каде одат јавните пари“, подвлече тој.Посебен акцент стави и на културата и историјата: ќе биде уреден спомен-паркот на Даме Груев во Смилево, како и сите локални патишта кои водат до него, за да се зачува историската меморија и да се поттикне локалниот туризам.Ветувам работа. Ветувам напредок. Ветувам безбедност, стабилност, иднина. Ветувам дека вашиот глас ќе биде дел од секоја моја, наша одлука. Изборите што доаѓаат не се само избор на градоначалник. Тоа е избор каков Демир Хисар сакаме. Ќе избереме дали остануваме заробени во минатото со нула реализација на проекти од страна на актуелниот градоначалник или ќе чекориме заедно кон иднината, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Демир Хисар, Златко Кузмановски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarya9neo79a2ek1e8wSB9L

Шукова најави нов систем за собирање отпад и двојно повеќе контејнери во Скопје

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска најави целосна реформа на системот за собирање отпад во главниот град.Ќе воведеме паметен систем по теркот на европските градови – со нова механизација и GPS рутирање на возилата, за точно да се знае каде е полно и каде треба да се собира отпадот. Ова ќе биде систем без импровизации и без доцнења“, порача Шукова.Дополнително, најави двојно зголемување на бројот на контејнери во сите скопски населби, со цел подобра покриеност и хигиена.Според неа, хаосот во Скопје е резултат на четиригодишната блокада и саботажа од ВМРО-ДПМНЕ, кои го контролирале ЈП Комунална хигиена и го оставиле градот да „скапува во смет и депонии“.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryklhq3uuflu331ike2Ie

Филипче: Општина Центар и Герасимовски се справија со ѓубрето кое го натрупаа Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, при денешната посета на новото депо на ПОЦ во општина Центар, изјави дека изминатиот период градоначалникот Горан Герасимовски преземал активности со кои не дозволил општината да се угуши во смет, поради, како што рече, „нефункционалноста на градот Скопје предизвикана од инаетот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска“.Поради тоа што градот е блокиран, градоначалникот во изминатиот период, за време на неговиот мандат, презема работни ингеренции – набавува нови возила, инструменти, сè што е потребно за да се празнат контејнерите. Едноставно, Центар да биде чиста општина, со што покажува дека граѓаните се на прво место, а не партиските интереси и несогласувањата кои ги блокираат процесите и граѓаните трпат поради тоа, изјави Филипче.Тој нагласи дека тоа се активности кои се под целосна ингеренција на Град Скопје и на ЈП Комунална хигиена – Скопје и додаде дека „ниту една општина не треба да има возила за собирање отпад, ниту луѓе за таа намена, ниту за чистење и прскање на улиците“.Филипче изрази задоволство од досегашната работа на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, со верување дека граѓаните ќе ги препознаат неговите постапки, искрената работа и сè што направил за доброто на општината, па повторно ќе му ја дадат довербата.Тој додаде дека кандидатката за градоначалничка на град Скопје, Каја Шукова, има план и визија за надградување на овој систем.Во развиениот свет луѓето зборуваат за дезинфекција на контејнерите, за често миење на улиците за да се сузбијат ПМ честичките кои паѓаат долу. За жал, ние во 2025 година зборуваме, а контејнерите ни се преполни со ѓубре, посочи Филипче.

Скопје | пред 3 месеци

media-library2nq2km9qnucbbDqOHx3

(Фото) Изборниот караван на СДСМ и коалицијата

СДСМ и коалицијата денеска го претставјиа изборниот караван за локалните избори, со распоред, саатници и места за секој ден за време на целата кампања.-Централните настани ќе бидат во 18:30 часот и во 20:00 часот. На овие два настани караванот го предводи претседателот на СДСМ и лидер на Коалицијата , д-р Венко Филипче кој ќе има обраќање, заедно со кандидатите за градоначалници од општините.Од двата настани ќе има пренос во живо на официјалните канали на СДСМ и на претседателот Венко Филипче.Пред овие два настани претставници на СДСМ и коалицијата ќе бидат помеѓу граѓаните на други општини тие се содржани во овој распоред, наведуваат во соопштението

Македонија | пред 4 месеци

operacija-1

(Видео) Нема операции на Кардиохирургија, дали министерот за здравство работи за приватните клиники?, прашува СДСМ

На денешната прес-конференција, претставничката на Комисијата за здравство на СДСМ, Елена Радеска, остро ја критикуваше состојбата во јавното здравство, оценувајќи ја како „катастрофална“.„Неспособноста на власта создаде хаос во кој болниците остануваат без лекари, а пациентите сами се борат со својата мака. Недостигот на специјалисти е огромен проблем кој секојдневно се продлабочува“, изјави Радеска.Според неа, Клиниката за кардиохирургија е во толку тешка состојба што поради недостиг на стручен кадар во моментов нема кој да извршува операции.„Нема нови интервенции, нема надеж. Тоа го признава и актуелниот министер, но владата на ВМРО-ДПМНЕ нема решение“, рече Радеска, додавајќи дека пациентите се принудени да бараат спас во приватните болници или да чекаат привремено да пристигнат лекари од странство.Како дополнителен пример за негрижа таа ја посочи и ситуацијата со факторите на коагулација.„Наместо да се обезбеди рекомбинантен фактор VIII, тендерот пропадна. Сега се користат плазматски препарати од четврта генерација, што носи енормни трошоци, а пациентите живеат во страв дали воопшто ќе има терапија“, истакна Радеска.Таа порача дека секое одложување, погрешна одлука или пропуштена шанса во здравството значи човечки животи и побара одговорност од надлежните.„Граѓаните заслужуваат здравствен систем кој навистина се грижи за нив и за нивните семејства“, заврши Радеска.

Македонија | пред 4 месеци

media-library9q3up2aig90u4os8Ma1

СДСМ ја претстави платформата „За нашиот дом“ – сите кандидати и програми на едно место

СДСМ ја претстави новата платформа „За нашиот дом“ – единствена веб-страница на која граѓаните можат да најдат информации за сите кандидати, програми и решенија што партијата ги нуди на локалните избори.На страницата www.zanashiotdom.mk се достапни комплетните програмски документи за секоја општина, биографиите на кандидатите за градоначалници и носителите на советнички листи, како и нивните приоритети.Преку едноставен избор, посетителите имаат можност да:ја преземат изборната програма за својата општина,се информираат за кандидатските листи,ги прочитаат приоритетите и визијата на кандидатите.Дополнително, платформата овозможува и интеракција со граѓаните. Тие можат да испраќаат свои идеи, размислувања и предлози, со што – како што велат од СДСМ – се покажува дека „секој глас е слушнат“.„Се бориме за нашиот дом“ е мотото со кое СДСМ ја започнува кампањата, нагласувајќи дека сите информации се ставени на едно место заради поголема достапност и транспарентност кон јавноста.

Македонија | пред 4 месеци

media-library0461dunk4ashbjr7qgM

Филипче: Се бориме и ќе се избориме за нашиот заеднички дом

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на конвенцијата на партијата ги презентираше кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори 2025 година. Во своето обраќање, тој порача дека СДСМ и коалициските партнери повторно ја преземаат обврската да бидат двигатели на слободата, правдата и еднаквоста, но и гаранти за европската иднина на државата.„Нашиот заеднички дом ни ја дава таа задача и таа обврска и ние ја прифаќаме. Ќе се бориме и ќе се избориме во име на нашиот заеднички дом. Затоа денеска нашите граѓани и нашата држава се пред историски одлуки. Пред нас е нова битка за стабилна, интегрирана и просперитетна Македонија. “, изјави Филипче.Филипче ги охрабри граѓаните да ја поддржат програмата и кандидатите на СДСМ на претстојните локални избори:„Ако веруваме дека Македонија има шанса и иднина, тогаш треба да веруваме во изборот на чесни луѓе кои се грижат и се борат за нашиот дом, а не само за себе. Нашите чесни кандидати за градоначалници и советници во општините таа поддршка нема да ја изневерат“, рече Филипче.Филипче, својот говор пред присутното членство и избраните кандидати за градоначалници и советници го заврши со порака за единство.„Денес застануваме пред сите граѓани на Македонија со јасна порака. Пред нас имаме момент на нов почеток. Вреди оваа борба за подобра македонска сегашност и иднина. Да живее СДСМ, да живее Македонија, да живеат македонските граѓани!“, рече Филипче на Конвенцијата.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryqi4ubs1655997c4CWZx

Филипче: ЗНАМ ги изневери луѓето кои сакаа промена, ве изневери вас, ве повикувам да се вратите дома

На денешната конвенција за презентација на кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори 2025 година, претседателот на СДСМ Венко Филипче истрапи порака со сопартијците кои на минатите избори гласаа за ЗНАМ.„Сакам да им порачам нешто што повеќето од нив го знаат и чувствуваат. ЗНАМ длабоко ве изневери. Наместо борба и коректори на власта, станаа декор во Владата за лични интереси. Молчат и одработуваат. Наместо отпор, покажаа целосна сервилност кон ВМРО-ДПМНЕ. Затоа сакам јасно да ви кажам, вие не сте го изневериле СДСМ, ЗНАМ ве изневери вас. Вашиот протестен глас го разбирам, но ве повикувам да се вратите дома“, рече Филипче.Тој потенцираше дека лагите на Максим Димитриевски и неколкумина, заради лични интереси, го искористија и злоупотребија гласот на оние кои сакаат искрени промени во СДСМ, но наместо коректори на политиките гласовите го вратија стариот познат режим на ВМРО-ДПМНЕ.„Вашиот протестен глас, без ваша намера, помогна токму ВМРО да се врати на власт. Сите го чувствуваме тоа денес. Се вратија партизацијата, стравот, неспособноста. Сега веќе е јасно дека нема трети патишта. Или има силна опозиција, или ВМРО ќе владее без контрола, со поделени луѓе кои веруваат во социјалдемократската идеја“, потенцираше Филипче на конвенцијата.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarys4h1genlnsvb4IrF1pd

Филипче до членовите на СДСМ: Вие сте темелот на ова движење, заедно ќе се бориме за нашиот дом

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната Конвенција за промоција на кандидатите за градоначалници и советници рече дека во време кога е лесно да се каже „сите се исти“, откажувањето од одговорност значи препуштање на домот на самоволието, повикувајќи граѓаните да ги држат кандидатите и своите претставници одговорни, да ги проверуваат и да ги мерат според тоа кому служат, на партијата или на човекот.„До верните гласачи на СДСМ, вие сте темелот на ова движење, нашата меморија и наша совест. Кога било најтешко, вие ја држевте линијата на демократијата и знаевте дека СДСМ е секогаш правилната опција која е на страна на граѓаните и јавниот интерес“, рече лидерот, додавајќи дека токму нивната енергија, борба и верба се клучни за успехот на кампањата, за пренесување на искрената порака од маало до маало и од семејство до семејство, како и за враќање на гордоста што произлегува од работа, пристојност и чесност, за да се покаже дека левицата значи солидарност, патриотизмот е грижа за човекот покрај нас, а државноста е дисциплина и ред.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче се обрати и до оние кои се разочарале, но сè уште веруваат дека социјалдемократијата е правилниот избор и единствена опција државата да оди напред. „Да се биде социјалдемократ не значи да се биде совршен, туку да се има храброст да се исправат сопствените грешки. Признаваме дека не секогаш бевме она што граѓаните очекуваа, но без силен СДСМ единствената надеж Македонија да биде правична, човечна и демократска држава со јасна перспектива напред, пропаѓа. Борбата е за вредности, за нашите идеали и за тоа партијата да им служи на граѓаните“, заклучи Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryv569csl0tk2g6be9MOb

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче во своето излагање на денешната Конвенција за промоција на кандидатите за градоначалници и советници истакна дека партијата е обединета околу воспоставување на вредносен систем во кој патриотизмот и достоинството не се злоупотребуваат за партиски рејтинг, туку значат обезбедување безбедни, чисти и здрави средини за македонските граѓани, како и секојдневна грижа за тоа како животот на сите ќе биде подобар.„Патриотизам е да обезбедиш неповратни европски грантови за развој на државата, а не сомнителни кредити со камати кои ќе ги враќаме со децении, а од кои досега не гледаме ништо суштинско”, посочи Филипче.Лидерот на СДСМ нагласи дека граѓаните се најважното политичко семејство во Македонија, дека тие гласно и јасно сведочат за застранувањето на власта која очигледно прерано го изгуби тлото под нозете и која се води исклучиво од партиски интереси, и дека токму од оваа состојба произлегува потребата за побрза консолидација, зајакнување на меѓусебната солидарност и здружување на силите во борбата за заштита на заедничкиот дом на граѓаните.„Зад мене стојат нашите кандидати за градоначалници и советници, луѓе што живеат чесно, работат чесно и ќе служат чесно, професионалци, активисти, наставници, лекари, инженери, претприемачи, лица со интегритет, и токму од нив барам на овие избори својот збор да го дадат пред граѓаните, а не пред партијата, да работат со отворени врати, да се однесуваат скромно, да одговараат на секое прашање и да носат одлуки во јавен интерес“, укажа д-р Филипче, нагласувајќи дека токму ова е суштинската предност на СДСМ во однос на власта на ВМРО-ДПМНЕ и најважната разлика што ќе се одрази на квалитетот на локалната самоуправа.

Македонија | пред 4 месеци

filipce-ck-sdsm

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС беа тие што ја приватизираа државата, судството и институциите, беа предвесници на криминалот и корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ сега ги гради вистинските темели на промените

Скопје, 28 септември 2025 – ВМРО-ДПМНЕ денеска со остра реакција на изјавите на поранешниот министер за здравство Венко Филипче, обвинувајќи го него и СДСМ за, како што велат, „целосна амнезија и лицемерие“. Од партијата посочуваат дека СДСМ се обидува да се претстави како нов политички фактор, иако владеел цели седум години и, според нив, оставил зад себе „економска и институционална пустош“.„Филипче и СДС продолжуваат да се однесуваат како паднати од Марс. Како тие да не беа власт цели 7 години. Лажно се претставуваат пред македонскиот народ, како да првпат се појавуваат на политичката сцена“, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.Во својата изјава, ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Филипче дека токму за време на неговиот мандат се случиле некои од најтрагичните и најконтроверзни настани во поновата македонска историја, вклучително и пожарот во модуларната болница во Тетово, за кој јавноста сè уште бара одговорност.„Во времето на Владата на Филипче и СДС, народот живееше со 150 денари на ден, пензионерите беа на барикадите пред Влада, земјоделците протестираа, младите учеа од скрипти, а луѓе гореа живи во болници дизајнирани од Филипче. Корупцијата достигна рекордно ниво, а криминалците добиваа пасоши и слободно се движеа низ земјава“, велат од партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека, во последните 15 месеци откако ја преземаа власта, земјата започнала да се движи во позитивна насока – со зголемување на плати и пензии, намалување на корупцијата, и инвестирање во земјоделството, младите, спортот и социјалната заштита.„Промените се чувствуваат по само 15 месеци. Изборот е повеќе од јасен – мрачното минато на Филипче и СДС или светлата иднина на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во реакцијата.Со порака „Вистинскиот избор е ВМРО-ДПМНЕ – за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, партијата повторно апелира до граѓаните да не дозволат, како што велат, „враќање на оние кои веќе еднаш ја втурнаа државата во безнадежност“.

Македонија | пред 4 месеци

media-library70vafoupafmu1wz7FCQ

Филипче: Без силен СДСМ, пропаѓа надежта дека Македонија ќе биде правична, демократска и европска држава

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на Конвенцијата за промоција на кандидатите за градоначалници и советници, претседателот порача дека целта на СДСМ е да се обеди со цел да се спречи рушењето на заеднички дом и на сето постигнато во изминатите 34 години независна држава.„Да се биде социјалдемократ не значи да се биде совршен, туку да се има храброст да се носат исправни одлуки. Без силен СДСМ, единствената надеж дека Македонија може да биде правична, човечна, демократска држава со јасна перспектива напред, пропаѓа. Затоа научивме дека борбата е за вредности, борбата е за нашите идеали, борбата е да ја исправиме партијата на нозе за да им служи на граѓаните“, рече тој.Притоа тој истакна дека СДСМ е секогаш правилната опција која е на страна на граѓаните и јавниот интерес. Посочувајќи дека оваа кампања е за да се врати гордоста на граѓаните.„Ако ви е важна иднината на вашите деца, ако ви е важно државата да не стане сопственост на Мицкоски и луѓето околу него, ако верувате дека Македонија има шанса, дека Македонија има иднина, ако верувате дека мора да изберете луѓе кои се чесни, приземни, тогаш дајте ни ја поддршката. Нашите кандидати таа поддршка нема да ја изневерат“, рече Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

media-library0461dunk4ashbjr7qgM

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ вети економски развој, а рeaлноста е сурова- граѓаните живеат сè потешко

После сите големи зборови на ВМРО ДПМНЕ, по година и пол од нивната власта, реалноста је сурова - цените дивеат, платите тапкаат, институциите се претвораат во партиски канцеларии, а секојдневието е потешко од вчера, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р  Венко Филипче, на денешната Конвенција за промоција на кандидатите за градоначалници и советници.„Знам дека повеќето од граѓаните не гласаа од љубов кон нив, туку од надеж дека ќе дојде ред, достоинство и подобар живот. Баравте власт што ќе работи без изговори, што ќе ја средува државата. Тоа е чесна, нормална и очекувана потреба. Но денес, наместо план за иднината, гледаме тешка импровизација“, рече Филипче.Во обраќањето, Филипче посочи дека ВМРО ДПМНЕ вети поинаква држава, а ја вратија старата матрица.„Блиските добиваат, останатите се неважни. Ветија економија и развој, а денес се живее сè потешко и потешко. Платите не ги качуваат, цените не ги контролираат, земјоделците не добиваат поддршка, се задолжуваат за 8 милијарди евра. Фирмите молат за поврат на ДДВ кој им следува затоа што државата нема пари. Ова не е промената за која граѓаните излегоа на гласање“, рече Филипче и додаде дека ВМРО ДПМНЕ го злоупотреби гласот и волјата на граѓаните за промени.Како што кажа Филипче, мора да продолжи борбата против дивеењето на цените, против запрениот раст на платите и против претворањето на институциите во партиски канцеларии.„Да го свртиме вниманието и сите активности да ги насочиме кон луѓето, кон работниците, кон младите и пензионерите и сите заедници без исклучок. Да подадеме рака секому, водени од грижата, солидарноста, правдата, слободата и еднаквоста, порача претседателот наСДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања